build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 33>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 22-Mar-2009 at 13:22
Malku oftopik: Ваков воз нема шанси да пројде низ балкан пошто има веројатност да се најде у исто време низ три држави!

Edited by lslcrew - 22-Mar-2009 at 13:24
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 22-Mar-2009 at 13:30
Да се надоврзам, во Македонија најдолги што сум видел е со по триесет и некој вагон (а да не се минијатурни вагони, бидејќи нормално зависи и од должината на самите вагони).
Претпоставувам дека долж коридор 10 можеме да работиме со композиции од околу 700-800 метри или грешам? За европски услови мислам дека тоа е таман.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 22-Mar-2009 at 13:35
Еве сега барав нешто по нет. Најголмата должина што е репортирана е на америчкиот континет и тоа 3 км и нешто кусур. Нашата географија ваквио нешто не дозволува, ама па и да можеме мислам дека немам потреба од нешто подолго од неколку стотици метри. 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 22-Mar-2009 at 13:44
Должината на товарните вагони се отприлике од 11 м до 20 м некој платформи.

Баш ме заитересира овааја тема која е кај нас најдолга композиција која може да пројде низ кор. X
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 22-Mar-2009 at 13:48
Originally posted by lslcrew

Еве сега барав нешто по нет. Најголмата должина што е репортирана е на америчкиот континет и тоа 3 км и нешто кусур. Нашата географија ваквио нешто не дозволува, ама па и да можеме мислам дека немам потреба од нешто подолго од неколку стотици метри. 

Не е до географијата во потесна смисла на зборот, туку до логиката што ја наметнува густината на инфраструктурата и други фактори од човекот кои битно се разликуваат во Европа, за разлика од Северна Америка, Австралија, Африка...

Edited by Cloverstack - 22-Mar-2009 at 13:49
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 22-Mar-2009 at 14:04
Мерејќи ја станицата Лисиче (Google Earth) испаѓа дека колосек за разминување кај неа е  ~ 450 м

Edited by Vladimir P - 22-Mar-2009 at 14:05
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 22-Mar-2009 at 14:07
Originally posted by Vladimir P

Мерејќи ја станицата Лисиче (Google Earth) испаѓа дека колосек за разминување кај неа е  ~ 450 м

Ама најкраткиот
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 22-Mar-2009 at 14:24
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Vladimir P

Мерејќи ја станицата Лисиче (Google Earth) испаѓа дека колосек за разминување кај неа е  ~ 450 м

Ама најкраткиот

Една од најголемите Велес ~ 650 м
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 22-Mar-2009 at 14:28
Не се разбравме, зборот ми е дека си го измерил најкраткиот колосек на станицата во Лисиче (веројатно исто и во Велес), а најдолгата композиција што може да застане на некоја станица не ја диктира најкраткиот, туку најдолгиот колосек. Или пропуштам нешто?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 22-Mar-2009 at 14:33
Ако овие две големи станици имаат таа должина, што останува за сите оние пролазни мали станици, каде сите тие колосеци се далеее...ку помали, уште сигурно не можеш до самиот крај да ја поставиш комозицијата само на правиот дел од споредениот колосек.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 22-Mar-2009 at 15:31

Ама пак не се разбираме. Зборот ми е дека за ова прашање не е релевантно колкава должина има на пример најзафрлениот и најкраткиот колосек на некоја станица, туку најдолгиот што може да се користи за разминување. Основно е да има барем еден колосек на кој може да застане композиција од 700-800 метри. Се над тоа (во број и должина на колосеци) го зголемува капацитетот на станицата, но не ја менува суштината. Па дури би рекол дека и не мора баш на секоја станица (мада е пожелно на што повеќе) да има можност за разминување со најдолга предвидена композиција за одреден коридор. Општо земено, работата се сведува на тоа колкави и колку композиции можат да се разминат на разумен број места по должината на коридорот, за сето тоа да може да функционира задоволително ефикасно.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 22-Mar-2009 at 16:21
Cloverstac, ме натера да прелистувам по папири, иако ова до сега не бил мој интерес Smile
Еве што ископав во два збора, мада има милион одредби

Низ коридор X максималната должина е 550 метра и 1160 тона
А за покренување на меѓународни товарни возови потребно е најмалку 400 м
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 22-Mar-2009 at 16:42
Originally posted by Vladimir P

за покренување на меѓународни товарни возови потребно е најмалку 400 м

Ова е некој европски „минимален“ стандард?

Воопшто која организација ги координира и наметнува ваквите работи?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 22-Mar-2009 at 18:52
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Vladimir P

за покренување на меѓународни товарни возови потребно е најмалку 400 м

Ова е некој европски „минимален“ стандард?

Воопшто која организација ги координира и наметнува ваквите работи?

Това е Сообраќајно-транспортно упатство (СТУ) на МЖ-Транспорт

Делува потполно логично, затоа постојат ранжирни станици да се селектираат и распоредат вегоните и да се превлечат до дестинацијата со економични услови,
но има и клаузула за договор со шпедитерите за некоја друга минимална маса на бруто (значи плати и 5 вагона идат експрес Smile)

Иначе како што постои патнички возен ред така постои и товарен со тачна сатница, тонажа, метража, типови, денови, брзини ....
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 11-Apr-2009 at 13:33
Originally posted by MAPJAH

ЗОШТО НЕ СЕ ПРОДОЛЖИ СО ИЗГРАДБАТА НА ОВАА ТРАСА ПРЕКУ ДЕЛЧЕВО
КОЈА ПО МИСЛЕЊЕ НА МНОГУ ЕКСПЕРТИ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦИ Е ОПТИМАЛНА ЗА МАКЕДОНИЈА?
Па ако е закочена изградбата која година и да беше, во тоа време мислам дека се работело со помали радиуси, така да сега теренот би бил премногу незгоден за овие денешни радиуси, а и тие тунели што ако веќе има некој ископат ваљда се премали за денешниве локомотиви и вагони. Ај да не трескам претпоставки, ако може некој изворно да не информира што е работава зашто не се иде преку Кочани?! Јес да не би дошло лошо уште една линија со Бугарија од овдека за во идни времиња затоа што има голем број македонци што живеат во областа Благоевград (старо име: Горна Џумаја, Пиринска Македонија), на кои верувам многу би им била од корист линијава бидејќи  посебно со овие интегративниве процеси очекувам поголемо раздвижување на железницава. Исто така и на голем број наши граѓани ќе им биде од корист линијава, зашто историски народот од тие краишта во голем број гравитирал и комуницирал со големите градови од исток како Софија и други градови. Мислам дека од страна на Бугарија не би било некој поголем проблем да се изведе поврзување.
Back to Top
MAPJAH View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 246
  Quote MAPJAH Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 11-Apr-2009 at 15:26

ДА И ПОГЛЕДНЕМЕ НА ВИСТИНАТА ВО ОЧИ

Сметам дека не случајно е донесена одлука поврзувањето да се направи преку КРИВА ПАЛАНКА, варијанта која Бугарија ја форсирала за време на војната.
Поврзувањето преку ДЕЛЧЕВО иако поповолно за Македонија сигурно не е прифатено од Бугарија, поради поврзување на Пиринска Македонија со својата матица, Република Македонија.
Во иднина можеби ќе се створат услови и таа варијанта да се реализира.

НИ ОСТАНУВА САМО ДА СЕ НАДЕВАМЕ
ПОЗДРАВ ОД ЖЕЛЕЗНИЧАРОТ
ПО ПРОФЕСИЈА И ПО ДУША
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 11-Apr-2009 at 15:42
Да да Марјан може би си и во право. Јас па иницијално се обидувам од некоја техничка гледна точка да видам и затоа и прво погледнав во техничките предуслови. Ако е така како што викаш, а нема причина да не е, тогаш етно-центричните балкански селендри направиле повеќе штета на макро-регионалниот развој одколку што имало корист. Но да се вратиме на темата.

Марјан, Валдимир или кој и да знае. Во тоа време кога е проектирана пругава дали се користени истите стандарди како и сега за тунели, ширина, висина и слично. И дали се истите радоиуси. Колку што знам тоа време е на почетоците на 1435 gauge. Дали пвичните стандарди за оваа ширина и оваа железница што денеска ја знаеме се истите тие кога е почнато да се работи од Кочани према Делчево.

И друга работа, незнам зашто ние за наши внатрешни потреби не би си го поврзале Делчево со пруга, без разлика дали после тоа ќе иде накај бугарија или не. Колку што знам Македонија долгорочно треба да иде на тоа да комплетира некаков источен прстен па делница до Делчевои би била дел од таа мрежа.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 11-Apr-2009 at 16:42
Originally posted by lslcrew

... Јас па иницијално се обидувам од некоја техничка гледна точка да видам и затоа и прво погледнав во техничките предуслови. ...

Точно го лоцира проблебот за врзување на МК со БГ низ Делчево, моментално пругата од Велес до Кочани е за максимални брзини (не и на свртници каде е помала) од:

- 50 км/ч во делот на Велес - Штип
- 60 км/ч во делот Штип - Соколарци
- 20 км/ч во делот Соколарци - Кочани

Ова само по себе значи и комплетна обнова и на оваја делница која е градена 1924 година за денешна брза експлатација.

А потполно се слагам да во догледно време се корегира и продолжи до Делчево,
иако потајно би сакал и веднаш бидејќи кој еднаш патувал нис тие предели од првиот момент се вљубува во отсаите од водените повшини на оризовите полиња и чудните планини кој го обиколуваат тој предел.

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 02-May-2009 at 01:03
Основна карта на мрежата и станиците/стојалиштата во Македонија

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 21-May-2009 at 06:33
Вардар постираше една мапа во една друга нишка, и на мапата се гледа крајот на пругата. Е сега тука на мапата се раздвојува на два дела пругата. Едното е за пругата за Охрид, но за што е другото, дали за некоја евентуална идна пруга накај Прилеп?!

Edited by lslcrew - 21-May-2009 at 06:34
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.