build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 33>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 11-May-2008 at 22:27
Да сега го најдов податокот
Илинден - Расапница во должина од 4,5 километри
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 12-May-2008 at 12:40
Маџари - Илинден
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 12-May-2008 at 12:59
Thumbs%20Up
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 13-May-2008 at 19:19
ШЕСТИ ДЕН НА ГРЧКАТА БЛОКАДА

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 14-May-2008 at 11:53

ЗАПРЕН ТРАНСПОРТОТ КОН ПРИСТАНИШТЕТО ВО СОЛУН

Грци блокираат македонски, а пуштаат српски вагони

Дури510товарни вагони на „Македонски железници“ веќе шест дена се заглавени во земјава поради штрајкот на грчките железничари

Грците ги блокираат македонските товарни вагони, а пуштаат српски. Раководството на грчката железница вчера дозволи влез за три српски вагони со шеќер, чие крајно одредиште е градот Лариса, додека 510 товарни вагони на „Македонски железници“ веќе шест дена се заглавени во земјава поради штрајкот на грчките железничари.  Грците ни најавија дека ќе ги примат овие вагони на своја територија и поради тоа треба да им овозможиме транзит низ Македонија - изјави Благоја Крстевски, директор на „Македонски железници-транспорт“.Ова не е првпат годинава железничкиот транспорт кон Грција да биде блокиран. Според Крстевски, од 132 работни дена годинава, 74 дена имало застој во товарниот сообраќај на железницата поради блокада од грчка страна. Финансиската штета може да се мери со стотина илјади евра. Во просек дневно превезуваме по два милиона нето-тонски километри, а последниве денови паднавме на само 300.000. Со Грците никогаш не се знае. Некогаш штрајкуваат железничарите, пристанишните работници или камионџиите. Постојано имаат оправдување, а штетите паѓаат на наш товар - вели тој.Во следните денови се очекува да заглави и камионскиот транспорт поради најавените штрајкови на работниците од пристаништата во Солун и во Пиреја.

ШТЕТАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

На македонска територија се заглавени и стотина вагони на австриската и на српската железница, а трошоците ги плаќа нашата железница. Минатонеделниот состанок во „Македонски железници“ со грчките и со српските колеги резултира само со најава дека возовите ќе почнат да сообраќаат кон грчките пристаништа. МЖ ја извести Европската асоцијација на железници за прекинот на сообраќајот.Во македонските фирми ги пресметуваат загубите од неколкудневниот застој во транспортот. Челичарницата „Макстил“ е еден од најголемите корисници на железничкиот транспорт, со годишен превоз на 600.000 тони. Поради блокадата, во складиштата им стојат околу 25.000 тони лимови, кои треба да се превезат до солунското пристаниште. Уште 170 вагони со 5.300 тони лимови стојат натоварени на македонските пруги. Во солунското пристаниште за товарање чекаат 10.000 тони челични слапови. Во пат-позиција сме. Наместо да се намалуваат количините, постојано се трупаат нови. Вообичаено, четири дена се потребни за товарање еден вагон, превоз и за истовар во Солун. Сега вагоните стојат по 10 дена на македонска територија - изјави Јане Адамчевски, раководител за транспорт во „Макстил“.

АЛТЕРНАТИВЕН ПАТ

Тој вели дека мора долгорочно да се најдат алтернативни пристаништа за македонските фирми.Сега не можеме да извезуваме преку други пристаништа. Тие веќе си имаат договорени зделки, па бараат повисока цена или треба да чекаме предолго - истакнува Адамчевски.Според Илија Гечев, сопственик на „ИГМ Трејд“, пристаништето во Солун е тесно грло за Македонија. Мора да се има алтернативни патишта кон Бургас и кон Драч. Ние најчесто користиме камионски превоз, но поради честите блокади на грчките пристаништата секој транспорт е поскап. Сега чекаме нова технолошка опрема од САД, а има најава за нов штрајк во Солун и во Пиреја поради приватизацијата на грчките пристаништа. Тоа е голема пречка - вели Гечев.

 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9039
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 14-May-2008 at 15:22


Коридор 8 или инфраструктурен мрак
Македонија


Македонија мора да најде начин да ја продолжи пругата кон Бугарија и Албанија бидејќи се покажа дека домашната економија со слепите улички во железничката инфраструктура во овие два правца вечно може да остане зависна од политичките или од економските проблеми што се случуваат во соседна Грција, односно по правецот север-југ. Доказ за тоа е што од почетокот на годинава досега повеќе од 73 дена, вагони натоварени со стока од македонски компании не можеле да минат на грчка територија до солунското пристаниште, а од таму до потрошувачите во светот. Проблемот е идентичен и за увозните компании, чии контејнери по неколку месеци се заглавени по европските пристаништа. Образложението од грчка страна е дека причина за застојот се штрајкови.
Познавачите велат дека Македонија, како најзасегната, треба да биде двигател во барањето пари и во обезбедувањето поддршка од Италија, Албанија, Бугарија и од Турција, земји што покрај нашата ќе имаат огромна економска корист од доизградбата на инфраструктурата по Коридорот 8, со кој треба да се поврзат Јадранско и Црното Море. Во изминативе петнаесетина години на средбите меѓу високи функционери од овие земји, освен ветувања, декларации за забрзување и студии по прашањето како да се финансира изградбата на Коридорот 8, не се најде точна формула, ниту пак се дефинира временска рамка за целосна реализација на овој проект.

Македонија мора да има железнички излез на три мориња

Развојот на бизнисот на големите компании од челичната индустрија што ги рестартираа капацитетите во некогашна железарница и кои се најголеми извозници на стока од земјава многу зависи и од развојот на инфраструктурата. „Макстил“, „Митал“, „Фени“, компании што го полнат македонскиот буџет поради блокадите од Грција, сега се принудени да бараат алтернативни и брзи решенија, кои ги зголемуваат нивните трошоци за работа. Во „Макстил“ велат дека сега возовите со нивната стока преку Ниш ги испраќаат до Бургас и дека како можност се разгледува и препраќање до Бари.
- Принудени сме да кружиме и по 300 километри, што се разбира ги зголемува трошоците за работа. Се јавува и проблем со протокот на стоката, бидејќи железничката инфраструктура во Ниш не ќе може да го издржи напливот што се случува поради блокадите во Грција - вели Александар Панов, генерален директор на „Макстил“.
Тој додава дека Македонија мора да најде алтернативни инфраструктурни решенија за транспорт на стоките надвор од земјава, бидејќи во спротивно последиците по бизнисот во земјава ќе бидат големи.
- Не треба да се бега од сериозните задачи. Изградбата на железничката пруга по Коридорот 8 мора да се сфати како најитна работа. Не држат образложенијата дека проблемот е да се обезбедат пари за реализација, бидејќи тоа е најисплатлива инвестиција за државите во регионот како од економски, така и од еколошки аспект. Во Македонија треба приоритет да биде изградбата на Коридорот 8, бидејќи нашата земја мора да има железнички излез на три мориња - вели Панов.
Тој вели дека компаниите од челичната индустрија мораат да имаат пристап до квалитетна и постојана инфраструктура, бидејќи во спротивно тешко можат да го планираат развојот на долг рок. Според него, тоа важи за целата македонска економија.

Увозниците принудно истоваруваат во Италија, Турција и во Египет

Македонски компании што преку солунското пристаниште увезуваат суровини и стока во земјава и по неколку месеци се принудени да чекаат на испорака. Поради блокадите на јужниот сосед, нивните контејнери што со бродови од Кина, Индија и други локации во светот досега се истоваруваа во Солун, сега принудно завршуваат на пристаништата во Европа, па дури и во Египет. Аритон Марковски од фирмата „Калцоне“ вели дека повеќе од два месеца не можат да ги подигнат суровините, бидејќи поради блокадите во Солун нивната стока била истоварена во пристаниште во Италија.
- Процедурите за да ги донесеме суровините од Италија се пресложени. За македонски камион да ја подигне стоката потребно е таа најпрво да биде транспортирана до Бари од италијански компании. Тоа се огромни трошоци, а штетата по нашиот бизнис е непроценлива - вели Марковски.
Тој додава дека не верува во приказните дека блокадите се поради штрајкови на работниците во пресрет на приватизирањето на солунското пристаниште.
- Тие се должни да плаќаат лежарина кога стоката поради нивна вина ќе биде истоварена на друго место. Тоа се огромни трошоци. Од друга страна, јавна тајна е дека на пристаништето се пропушта стоката на грчките компании -вели Марковски.
Тој вели дека во иднина мора и треба да се размислува за користење на пристаништата во Албанија и во Бугарија, без разлика дали тоа ќе ја зголеми цената на производите.

Ако можело да се даваат концесии во 1873-та, може и денес

Пругата од Солун до Скопје почнала да функционира во 1873 година, а била изградена со издавање под концесија на банкар од Белгија, кој ја зел на 99 години. Според познавачите, ваквиот тип инвестирање во железницата е сосема оправдан и во денешно време. Процените се дека околу половина милијарда евра се потребни да се поврзе македонската железничка инфраструктура со Албанија и со Бугарија. Неофицијалните податоци покажуваат дека околу 234 милиони евра се потребни за доизградба на почнатата пруга кон Бугарија, која во должина од околу 23 километри треба од Куманово, преку Крива Паланка да се поврзе со бугарската железница. Досега во овој проект биле инвестирани околу 200 милиони евра. Повеќе од 250 милиони евра ќе бидат потребни за Македонија, преку Кичево, да се поврзе со албанската железница.


Фактографија на македонскиот железнички транспорт

924 километри пруги
21 дизел-локомотиви „Кенеди“, просечна старост 35-40 години (модернизирани)
12 гарнитури дизел-возови „Шпанци“, од кои само три се активни
8 маневарски дизел-локомотиви
16 електролокомотиви
4 електромоторни воза „Горбачов“, од кои два се исправни
1.552 товарни вагони
75 патнички вагони, од кои 50 исполнуваат услови за меѓународен транспорт


Конечно профункционира сообраќајот кон Грција

Грција по шест дена блокада конечно почна да пропушта товарни возови од Македонија, јави „Нетпрес“. Засега ќе бидат пропуштени некои од возовите што беа блокирани, а во текот на денешниот ден се очекува целосно да се нормализира сообраќајот. Блокадата од Грција периодично трае од почетокот на годинава, а како главна причина се наведуваат штрајковите на работниците во грчката железница и во солунското пристаниште.


Лани 26 отсто пораст во товарниот транспорт

За околу 26 отсто повеќе тонски километри остварила железницата во 2007 година во споредба со годината пред тоа. Во „МЖ АД Транспорт“ информираа дека тоа се должи на зголемениот товарен транспорт од големите компании-корисници на железницата. Оттаму додаваат дека околу 57 отсто од товарниот транспорт железницата го остварила превезувајќи стоки на големите компании како „Макстил“, „Митал“ и „Фени“, а околу 32 отсто од транзит.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=0&EditionID=1009&ArticleID=54278
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 15-May-2008 at 00:02
Инфо од Нова Македонија
Конечно профункционира сообраќајот кон Грција



Нема везе, тек можда утре по нивиот допис, во што неверувам

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 15-May-2008 at 00:08


Значи утре пак нема да е добар ден да се отиде да се сликаат и снимаат возови... Јас па баш мислев да одам утре на некоја „стратешка“ локација и дека ќе имам можност да регистрирам голема фреквенција разноразни возови поради тоа што закрчените станици конечно ќе почнат да се празнат со забрзано темпо. Ајде те молам ако можеш извести ме кога навистина ќе почнат да се движат возовите максимално.


Edited by Cloverstack - 15-May-2008 at 00:08
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 15-May-2008 at 20:45
На полноќ би требало да престане блокадата ???!!!
(за фотканје лошо Ohno ако се деси)

Иначе работата била (непотврдено) приватизација на пристанистето во Солун и бунт на вработените.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 15-May-2008 at 20:55
Originally posted by Vladimir P

На полноќ би требало да престане блокадата ???!!!
(за фотканје лошо Ohno ако се деси)


Па ваљда нема да се испразни одма све?!?
Од тоа што читав ваму-таму, дури и станиците во Србија биле пренатрупани со композиции што чекале за Солун, па престанале да ги примаат возовите што иделе од Маџарска у тој правец.


Иначе работата била (непотврдено) приватизација на пристанистето во Солун и бунт на вработените.


Веќе ни е јасно на сите дека кај Грците континуирано има некаков проблем кој што највеќе се одразува на Македонската економија и одбивам да верувам дека сето тоа е некаква коинциденција. Знаеме со кого си имаме работа и крајно време е да ни дојде умот и да почнеме да се однесуваме одговорно кон самите себе и својата сопствена иднина. Ни требаат решенија за ваквата ситуација и државава конечно мора да направи жртви и вложувања за тие решенија да се реализираат! Колку повеќе одлагаме, толку повеќе им правиме услуга на Грците а штета на самите себе си!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 15-May-2008 at 21:08
Абе мене пругара о албнаија ми изглеа како поголем приоритет со бугарија.
Пошо одовамо е поотворена према море. Бугарија ни треба за руската нафта. Како и да мора коридорите да ги изградиме.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 15-May-2008 at 21:27
Originally posted by lslcrew

Абе мене пругара о албнаија ми изглеа како поголем приоритет со бугарија.
Пошо одовамо е поотворена према море. Бугарија ни треба за руската нафта. Како и да мора коридорите да ги изградиме.


Абе јас сум за двете, ама пошто капацитетот не ни е толкав двете одеднаш да ги истуркаме, мора да се реши која да ни биде приоритетна. Според мене, сега треба апсолутно да се сконцентрираме на пругата спрема Бугарија од повеќе причини.

- Прво таа е почната и лошо е кога работите се оставаат недовршени.
- Второ, а делумно како последица и на претходното, изградбата према Бугарија би не коштала помалку и во време и во пари.
- Трето, заедно со Бугарија како членка на ЕУ, полесно би се избориле евентуално за одредени средства од надвор, во било која форма.
- Четврто, како што веќе имам кажано, поврзување со Бугарија значи поврзување со солидна железничка мрежа и солидно пристаниште. Албанија ќе треба да ја чекаме да направи огромни инвестиции и во железницата и во пристаништето, за да можеме вистински да се орјентираме натака.
- Петто, во моментов не можеме да си дозволиме да бидеме пребирливи и да му наоѓаме маани на Бургаскиот излез на море. Каков-таков, сигурно е сто пати подобар отколку да се потпираме исклучиво на Солун. Исто така веќе спомнав дека кога грците ќе го изгубат оружјето за притисок и уцена (а железничко поврзување без разлика дали со Бугарија или Албанија значи токму тоа), одма ќе ја сменат политиката и ќе почнат да гледаат низ призма на бизнис интересот, па автоматски Солун ќе стане многу поевтино, посигурно и воопшто поатрактивно пристаниште за Македонската економија. Сакам да кажам дека поврзување со Бугарија, меѓудругото значи вистинско отварање на Солун кон Македонија.


Edited by Cloverstack - 15-May-2008 at 21:37
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 15-May-2008 at 23:37
Originally posted by Cloverstack

... Од тоа што читав ваму-таму, дури и станиците во Србија биле пренатрупани со композиции што чекале за Солун, па престанале да ги примаат возовите што иделе од Маџарска у тој правец.

Еве оргинален пост од Србија:

... juče smo primili voz iz Kelebije od MAV, i po dolasku u Suboticu nakon intervencije iz BGD taj isti voz smo ekspresno vratili nazad u Kelebiju, pošto transportno ograničenje traje ka Grčkoj.
Stanica Kelebija u Mađarskoj je krcata vozovima, rade sa 2 koloseka za putničke vozove ...

За секој стран вагон што ни стои во МК плаќаме, па помислите колку ова ќе не чини
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 15-May-2008 at 23:39
Originally posted by Vladimir P


За секој стран вагон што ни стои во МК плаќаме, па помислите колку ова ќе не чини


Е тоа се значи сосема погрешно поставени работи во меѓународните железнички односи. Се знае кој треба да плаќа - тој што го предизвикува застојот. Ова не е само од причина да се задоволи правдата, туку и од чисто практични причини на превземање одговорност.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 15-May-2008 at 23:46
Земјата вели кај тебе е вагонот ти плати, а после ти тужисе со тој понатаму ако успееш!
Затоа е тоа да се вратат назат вагоните чим почне некоја блокада, да не те затече оваква ситуација, е тоа е ствар на процена, дали е ден два или како сега во бескрај
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 15-May-2008 at 23:55
Originally posted by Vladimir P

Земјата вели кај тебе е вагонот ти плати, а после ти тужисе со тој понатаму ако успееш!


Епа чим е така, ваљда и ние имаме сигурни начини како по легален пат да го наплатиме ова од Грција, без разлика кое е нивното оправдување. Проблемот е кај нив - они го предизвикуваат застојот, па дури и некој да им поверува дека се работи за штрајк, тие се тие што на крај треба да ги надоместат штетите. Ова призлегува по чиста логика од ригидноста на таа пракса што ја спомнуваш. На крај по редот на нештата треба да се стигне до корент. Ова ми е слично како оние договори за реадмисија што се потпишуваат помеѓу државите.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 15-May-2008 at 23:59
Јасно многу просто
Само ние ни од првата блокада не сме зеле ни денар, кој е крив тоа е веке друга работа
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 16-May-2008 at 00:03
Се видиме утре по пруги, па ќе видиме што ке се случи Smile
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 16-May-2008 at 20:40
Ништо од слободен проток

Грчките железници испратиа уште едно транспортно ограничување 36-то по ред, дека нема да примаат товарни вагони на грчка територија.

Ова решение важи до 18 мај 2008 до 24 часот.

Се, се сомневам дека многу брзо ќе добиеме ново
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 16-May-2008 at 20:42
Mad
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.