build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2930313233>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3403
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #601 Posted: 13-Mar-2012 at 11:19
Тркало, целокупната носечка конструкција на мостот се наоѓа под горниот строј од пругата, т.е. шините и дрвените прагови, така што нема никаква опасност за самиот железнички сообраќај, дури ваквите мостови се пракса на сите помали реки, канали и сл. Не сум никаков експерт, но од фотографиите може да видам дека оваа пруга е во солидна состојба, а нема и никаков знак крај неа кој би укажувал на ограничување на брзината. Единствено овие стапки од човек ме загрижуваат, ако наиде неочекувано воз, на него би му немало спас или скокање во река или прегазување.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3403
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #602 Posted: 20-Mar-2012 at 23:02
Делегацијата од канцеларијата на Светска банка во посета на ЈП МЖ Инфраструктура

На 09.03.2012 година Делегација од канцелеријата на Светска банка во Скопје беше во посета на ЈП МЖ инфраструктура .
Представниците од Светска банка се интересираа за реализацијата на проектите каде што беа користени кредити од Светската банка, при што го посетија диспечерскиот центар за далечинска регулација на сообраќајот – Телекоманда кој се наоѓа во Трубарево.
Тие можеа лично да се уверат во функционирање на системот и регулирањето на сообраќајот вдолж целиот Коридор 10 од Табановци до Гевгелија.
Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Ирфан Асани ги запозна гостите со реализацијата на сите досегашни проекти за кои финансиски средства беа обезбедени преку кредити од Светската банка.
Последниве години Светска банка финансираше во две области за железница и тоа:

Реформи во железницата ( Railway reform) кој се состоеше од компонентите:

Техничка помош за преструктуирање на железницата
Социјална компонента
Механизација за одржување на пруги и модернизација на инфраструктурата

Олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа
      ( ТТФС ) кој се состоеше од следниве компонентите за железница :
                     
Подобрување на граничните премини за железничкиот сообраќај
Креирање на комуникациски систем на Коридорот 10 на железничкиот сообраќај

При тоа беа реализирани следниве проекти:

·        Изработка на Студија за намалување на трошоците и вработените
·        Изработка на студија за трансформација на железницата
·        Изработка на студија за пристап кон инфраструктурата
·        Набавка на механизација како дрезини , двонаменски возила и сервисни возила за ефикасност во одржувањето на инфраструктурата
·        Набавка на шини и прагови
·        Набавка на оптички кабел за Коридорот 10, со опрема за поставување спојување и мерење
·        Набавка на мултиплексни уреди за интегрирана ТК мрежа
·        Набавка на систем за далечинско управување со сообраќајот – Телекоманда
·        Набавка на информатичка опрема
·        Информатички систем за управување со инфраструктурата

Посебно беше истакнато дека сите проекти се навреме имплементирани и успешно завршени и ЈП МЖ Инфраструктура веќе ги користи бенефитите од нив.
Со инсталирање на најсовремена опрема за Интегрираната комуникациска мрежа и системот за далечинско управување со сообраќајот, ЈП МЖ Инфраструктура може да се вброи во најмодерните железници на Балканот па и пошироко.
На крајот Директорот Асани истакна дека трендот на модернизација мора да продолжи во делот на рехабилитација на системите во железничките станици кои се застарени заради што е потребна нивна замена, како и зголемување на ефикасноста и мобилноста на екипите за отклонување на дефектите со набавка на поголем број на дрезини, сервисни и двонаменски возила, за што очекува подршка и продолжување на успешната соработка со Светска банка.

Izvor: MZI, http://www.mzi.mk/news-info.php?id=85&&cat=7

Edited by BOJAN - 20-Mar-2012 at 23:02
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #603 Posted: 14-Apr-2012 at 20:55
Како се вика станицава или што и да е ова?
(помеѓу Транспортен Центар и Станица Маџари)
На една мапа на скопскиот железнички јазол гледам во овој реон има ознака „Локо Маџари“. Што значи тоа?

1


2


3



Edited by Cloverstack - 14-Apr-2012 at 21:07
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #604 Posted: 14-Apr-2012 at 21:32
ова е од фершпед, мислам, ама не сум сигурен
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3403
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #605 Posted: 15-Apr-2012 at 10:12
Originally posted by Cloverstack


Како се вика станицава или што и да е ова?(помеѓу Транспортен Центар и Станица Маџари)На една мапа на скопскиот железнички јазол гледам во овој реон има ознака „Локо Маџари“. Што значи тоа?123




Мене особено ме интересираат жолтите локомотиви во позадината на фотографииве. Наредени се како да вршеле/ќе вршат некоја реконструкција на пругите. Имаш некоја фотка од поблиску од нив?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #606 Posted: 15-Apr-2012 at 14:13
Originally posted by BOJAN

Мене особено ме интересираат жолтите локомотиви во позадината на фотографииве. Наредени се како да вршеле/ќе вршат некоја реконструкција на пругите. Имаш некоја фотка од поблиску од нив?

Ова е најдобро што можев да извадам:


Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #607 Posted: 17-Apr-2012 at 22:10
станицава се вика Скопје Товарна...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #608 Posted: 17-Apr-2012 at 23:14
Неколку дополнителни прашања:

1. Какви типови стока се товарат овде?
2. Со што е опремена станицава?
3. Отприлика колку „промет“ има моментално? (според оваа статистикава што ја постирам, станицава била втора по големина кога станува збор за товарење стока во скопскиот регион)
4. Зошто нема растовар на станицава?
5. Скопје ЈУГ е железара?
6. Какви типови стока се товарат и растовараат во Маџари, Волково и Лисиче?


Back to Top
tomo441 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 21-Feb-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote tomo441 Quote  Post ReplyReply #609 Posted: 18-Apr-2012 at 10:13
Pozdrav colverstack!

Ona sto jas go znam e :

1.Sekoja firma koja se zanimava so izvoz,a za svoite proizvodi gi koristi uslugite na zeleznickiot transport. Iprivatni lica moze da izvrsat isprakanje na roba.(mesovita roba)

2.So kontejnerski terminal (kranski utovar-istovar), so pokrien terminal (hali so utovarno istovarni rampi) i otvoren terminal so isto utovarno istovarni rampi.

3.nemam podatoci

4.Po mene e napravena greska... ili podatokot koj stoi treba da bide na istovar ili od nekoj pricini ne e napisana kolicinata na istovar. Bas me cudi zatoa sto voglavnom tuka se vrsi istovar na stoki.

5.SK jug = zelezara

6.Za tipovi na roba neznam, no vo okolinata na ovie stanici postojat magacini do koi ima pruga i denes vo niv se smesteni pomali privatni proizvodstveni pogoni, koi go koristat zel. transport za dotur na repro materijali ili gotova roba, ako stanuva zbor za magacin na trgovsko pretprijatie.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #610 Posted: 20-Apr-2012 at 00:15
tomo441,
Благодарам на исцрпните информации   Cheers

Инаку дали некој знае, дали станицава „Скопје товарна“ е изградена кога се градел скопскиот железнички јазол, или постоела и пред тоа?
Back to Top
Falcon View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2012
Location: Canada
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Falcon Quote  Post ReplyReply #611 Posted: 19-Jun-2012 at 19:46
Тековни проекти во Македонски железници - инфраструктура

ПРОЕКТИ ПРЕДВИДЕНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА ВО 2012 г.

 

А)  КОРИДОР 10 и 10д

 

.  Ремонт на пруга на Коридор 10..............................................17.600.000 Е

За реализација на овој проект обезбедени се средства како кредит од ЕБРД.Планиран е ремонт на 53 километри од Коридорот 10 на делниците Табановци – Куманово , Ногаевци – Неготино и Миравци – Смоквица.Направен е и објавен тендер за ремонт на две делници и тоа : Табановци – Куманово во должина од 13,3 км. и Миравци – Смоквица во должина од 13,1 км . Во тек е еволуација на понудите и избор на најповолен понудувач. Почетокот на работите се предвидени за март 2012 година.Со реализација на овој проект би се елиминирале сегашните бавни возења на тие делници и би се овозможило покачување на брзината до проектираната односно 120 км/час.

2.  Изработка на техничка документација за Коридор 10 и 10д.........1.700.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект се обезбедени преку ИПА оперативната програма ОПРД 2007/2009. Потребно е да се изработи Идеен проект , Физибилити студија , Студија за влијание на животната средина и Основен проект за делницата Куманово – Дељадровци во должина од 3,4 километри, Физибилити студија и Студија за влијание на животната средина за делницата Драчево – Велес во должина од 35 километри и Физибилити студија , Студија за влијание на животната средина и Основен проект за делницата Битола – Кременица во должина од 16 километри како дел од Коридорот 10д. Во тек е избор на компанија за изработка на техничката документација. 

3. Санација на железничка станица Скопје.............................2.900.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект се обезбедени преку ИПА оперативната програма ОПРД 2007/2009 .За негова реализација има изготвено идеен проект.

Избрана е консултантска фирма која до крајот на 2011 година има задача да изработи основен проект и тендерска документација со спецификација за објавување на тендер за изведувач на работите.

Со реализација на овој проект ке се подобрат условите за  користење на станицата од страна на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби со поставување на лифтови и подвижни скали приспособени за таквите лица.

Исто така ке се постави нов информациски систем за патниците, систем за разглас и друго со што станицата би добила европски лик.

  1. Рехабилитација , надградба и реконструкција на станици......3.000.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување. Во подготовка е тендерска документација за ангажирање на консултант.Овој проект би се реализирал на 5-8 железнички станици по должина на Коридорот 10 и кракот 10д и би се состоело во архитектонско , техничко и информативно подобрување на станиците за поудобно и порационално користење на истите.

  1. Систем Радио диспечер – GSMR .................................................3.000.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување .Во подготовка е тендерската документација за ангажирање на консултант за изработка на техничката документација за избор на изведувач . Овој проект би се реализирал по должината на Коридор 10 од Табановци до Гевгелија.Придобивката од овој проект е во зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај.

  1. Систем за контрола на брзината на возот- ETCS……………3.000.000 E

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување .Во подготовка е тендерската документација за ангажирање на консултант за изработка на техничка документација за избор на изведувач . Овој проект би се реализирал по должината на Коридор 10 од Табановци до Гевгелија.Придобивката од овој проект е во автоматска регулација на брзината на возот , што во краен случај значи оптимизација на процесот на возењето и можност за примена на автоматско кочење при поминување на возот на  црвен сигнал.

  1. Реконструкција на пруга Битола – Кременица ....................9.000.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување.

Тендерската документација за ангажирање на консултант ќе се направи во текот на  2012 година , по изработка на Физибилити студијата , Студијата за животна средина и Основниот проект.

Бенефит од овој проект би било железничко поврзување со Р. Грција и поголем и побрз економски развој на Пелагонискиот регион.

Б)  КОРИДОР  8            

  1. Изработка на основни проекти за рехабилитација на пругата Куманово – Бељаковци  и изработка на тендерска документација за избор на градежна фирма која ќе ја врши рехабилитацијата……………………............1.500.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект се обезбедени од Инвестициската рамка за  Западен Балкан . Во тек е избор на консултант за изработка на основни проекти за рехабилитација на пругата Куманово – Бељаковци со должина од 30 км. и изработка на тендерска документација за избор на градежна фирма која ќе ја врши рехабилитацијата

  1. Изработка на техничка документација за Коридор 8 на делот

Куманово – Бугарска граница ................................................500.000 Е

За реализација на овој проект обезбедени се финансиски средства како донација од ЕБРД. Потребно е да се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијанието врз животната средина и социо-економскиот живот  за делот Куманово – Бугарска граница.  Консултантската куќа Ептиса треба да го изработи финалениот нацрт на Физибилити студијата до 31.11.2011 година , додека Студијата за оценака на влијанието врз животната средина и социо-економскиот живот треба да се изработи до 15.12.2011 година , за да потоа се објави на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање каде по 120 дена се добие Извештајот за адекватноста на Студијата.

  1. Изработка на Основен и изведбен проект и тендерска документација за изградба на нова железничка делница Кичево-граница со Република Албанија како дел од железничкиот Коридор 8 ..............................................3.000.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување. Во подготовка е тендерска документација за ангажирање на консултант кој би изработил Основен и изведбен проект и тендерска документација.Првичната наша проценка беше  дека финансиските средства се доволни , но по изработка на идејниот проект и физибилити студијата се дојде до констатација дека  за реализација на овој проект средствата се недоволни за целосно завршување. Мислиме дека е потребно од следните средства на ИПА оперативната програма за регионален развој на железничката инфраструктура да се аплицира за  додатни 5.000.000 Е за целосно и успешно завршување на овој проект.

  1. Осигурување со сигнално-сигурносни уреди на два патни премини

на релацијата Ѓ.Петров – Гостивар...................................200.000  Е

      Финансиските средства за реализирање на овој проект се предвидува да бидат од сопствени извори. Се појави потребата да покрај 14 осигурани патни премини со сигнално-сигурносни уреди , се осигураат со такви уреди уште два за кои по мислење на Општините се многу фрекфентни и неопходно потребни за комуникација на месното население. Едниот патен премин е во близина на село Радуша , додека другиот е во близина на Тетово. Реализацијата на овој проект целосно ќе биде реализиран од вработените на ЈП МЖ Инфраструктура.Бенефит од овој проект е заштитата и безбедноста на населението при преоѓање со патничко возило преку пруга која е во ниво со патот, при што со светлосни сигнали и звучен аларм се сигнализира наидувањето на возот.

http://www.mzi.mk/news-info.php?id=45&&cat=3
Back to Top
Goce View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 20-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Goce Quote  Post ReplyReply #612 Posted: 20-Jun-2012 at 17:54
Мe заинтересира преоктот за радио диспечер до каде се работите со овој проект и ме интересира како до сега се регулираше сообраќајот со стари аналогни радиостаници или ?
Back to Top
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 176
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #613 Posted: 21-Jun-2012 at 09:24
Железницата порано имаше сопствен телефонски систем т.н. ЖАТ. Не знам дали сеуште функционира. На одредени линии имаше и директна радиоврска помеѓу диспечер и машиновоѓа, најверојатно аналогна меѓутоа не сум сигурен за ова.



Edited by polval - 21-Jun-2012 at 09:31
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #614 Posted: 21-Jun-2012 at 09:47
Originally posted by polval


Железницата порано имаше сопствен телефонски систем т.н. ЖАТ. Не знам дали сеуште функционира. На одредени линии имаше и директна радиоврска помеѓу диспечер и машиновоѓа, најверојатно аналогна меѓутоа не сум сигурен за ова.

Сеуште има сопствен телефонски систем т.н ЖАТ со 4 бројки...
Back to Top
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 176
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #615 Posted: 21-Jun-2012 at 10:36
Фала за инфо Зоки. Штом е со 4 бројки тоа се теоретски 9999 места , сосема доволно за Македонија.
Back to Top
Goce View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 20-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Goce Quote  Post ReplyReply #616 Posted: 22-Jun-2012 at 09:04
Е така можи бидејќи ова со радио врска ме зачуди незнам дали сите локомотиви се опремени со радиостаници од мж ?
Back to Top
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 176
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #617 Posted: 22-Jun-2012 at 09:19
Некои од локомотивите сер. 441 знам сигурно дека беа опремени со радио станици а повеќе детаљи може да кажат машиновозачите на форумов.
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #618 Posted: 22-Jun-2012 at 11:16
Originally posted by polval

Некои од локомотивите сер. 441 знам сигурно дека беа опремени со радио станици а повеќе детаљи може да кажат машиновозачите на форумов.


Беа опремени....
Back to Top
tomo441 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 21-Feb-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote tomo441 Quote  Post ReplyReply #619 Posted: 25-Jun-2012 at 23:47
Mislite li na RDV (radio dispecerska vrska)?
Back to Top
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 176
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #620 Posted: 26-Jun-2012 at 00:08
Да, мислам на РДВ.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2930313233>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.217 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.