build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 868788
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1741 Posted: 19-Dec-2014 at 20:05
Еден doubledecker од Лондон,предниот дел ужас.Од страна кога го гледаш ми е посимпатичен од нашиве.Овој ако не се лажам им е најнов и пуштен пред година дена во сообраќај.



Edited by jyvation - 19-Dec-2014 at 20:12
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1742 Posted: 19-Dec-2014 at 21:02
Originally posted by martind

Баш прееска зборев со еден возач во ЈСП и меѓу другото ми кажа дека двокатните автобуси имале многу дефекти, 10тина веќе биле гаражирани подолго време, а и постоечките имаат одредени механички проблеми..


Јас пред некој ден видов една 3ка двокатна кај Капитол... беше расипана, смрдеше ко на нешто прегорено... многу лошо мирисаше... и тоа во радиус од некои 10 метри сигурно...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1743 Posted: 06-Jan-2015 at 13:12

како ги возат ова двокатниве добро е ако издржат и една година вака, и настрана зицерите сепак како и кај секоја кинеска направија што под тезга односно на тендер се пазари - како концепт двокатниве автобуси ме изненадија целосно, прво што воочив е колку лесно маневрираат сред шпицови и кај тесни грла, а воедно како лесно а брзо фаќаат кривини па и се поткачуваат на тротоари - случај со 9ка кај зоил пред Јасен

ко минус уште еднаш би ги посочил ситните прозори но кои се фора зошто се отвораат, идеално и за високи стрит-левел кадри, добро за горен ракурс и на спомениите што се попатно... друга негативна работа што ја воочив деновиве е никаквото одржување на каросеријата после првиот снег односно кал, ко да не чуле во јсп за компресор



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1744 Posted: 22-Jan-2015 at 22:41

дали и како се осигурани патниците во автобусиве, односно дали во цената од пола евро и вакво нешто влегува!?

друго што ме интересира е дали приватноста сардисана од камерите може и судски да се искористи во случај на несреќи и сл. или и овие мора да бидат судски баждарени за да имаат правна вредност!?

    
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #1745 Posted: 23-Jan-2015 at 01:41
23ka.wordpress.com
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1746 Posted: 23-Jan-2015 at 01:57
Previous
LOL "I forgot how to bus"
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #1747 Posted: 07-Jul-2015 at 01:53
У Охрид изгледа само за декор и реклама служат.



23ka.wordpress.com
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #1748 Posted: 13-Jul-2015 at 12:12


ова двокатниве излегоа далеку подобра инвестиција него тоа украинските нископодни, бар ова неколку шофери ми го посочија, дека украинските имале екстра проблеми со електрониката, та макар што делуваат поергономично и естетски се во тек со европските трендови, сепак тендерскиот пристап за најефтина понуда ко најдобра ето ни ја искилавил градската ергела

може ли некој да наброи некој озбилен проблем кај кинескиве машини, иако кому иде е муабетов, можеби бидејки прва ваква серија па кинезите и да се надминаа себе си како би оставиле добар впечаток кај евентуално заинтересирани клиенти во европа

навистина треба чоек да има среќа денеска - да со македонска инфраструктура и буџет ем тендерски табиет - да го стрефи долгорочно добра вожња!



Edited by Max - 13-Jul-2015 at 12:16
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1749 Posted: 15-Jul-2015 at 15:50
Дали ќе дочекаме за неколку години вакви и во Скопје

Електрични double-decker автобуси во Лондон



Градоначалникот на Лондон Boris Johnson најави дека од октомври низ улиците на Лондон ќе се појават првите електрични double-decker автобуси. Тој истакна дека ова ќе бидат првите електрични double-decker автобуси во светот. Според неговите зборови, производител е кинеската компанија BYD која соработува со јавниот сервис „Transport for London“. Кинеската компанија развила доволно моќни батерии така што во иднина сите постоечки класични автобуси од овој тип ќе добијат електрични батерии.



Инаку, во Лондон уште во 2012-та се воведени хибридни double-decker автобуси, а во 2013-та електрични еднокатни автобуси. Лондончаните и понатаму верни на традицијата, но и на енергетската ефикасност и новите технологии. Извонреден спој.

http://www.porta3.mk/elektrichni-double-decker-avtobusi-vo-london/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11028
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1750 Posted: 25-Nov-2015 at 10:38
Автобус на ЈСП се заби во приватен автобус, повредени десетина лица



http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/324333-soobrakajka-avtobus-na-jsp-se-zabi-vo-privaten-avtobus-povredeni-desetina-lica-foto
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1751 Posted: 26-Nov-2015 at 04:26

со колку голема брзина требало да се движи автобусот на ЈСП за да предизвика волкава штета?
баш ме интересира која била причината за сообраќајкава... инаку имам приметено дека често премногу брзо се возат двокатните автобуси
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1752 Posted: 26-Nov-2015 at 12:51
Nemora da znaci deka brzinata e golema. Novite vozila ednostavno taka se gradat pri sudar da ima pogolema deformacija na karoserijata za da ja prifati energijata od udarot. No kako i da e. Toa preteknuvanje i trkanje na avtobusi na nisto ne lici.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1753 Posted: 26-Nov-2015 at 14:49
Сигурно не станува за тркање бидејќи сударот е на коловозот во насока кон Аеродром, кога 3-ката, а и општо сите автобуси што возат натаму се празнат а не полнат.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1754 Posted: 27-Nov-2015 at 04:57
Originally posted by kultuzin

Nemora da znaci deka brzinata e golema. Novite vozila ednostavno taka se gradat pri sudar da ima pogolema deformacija na karoserijata za da ja prifati energijata od udarot. No kako i da e. Toa preteknuvanje i trkanje na avtobusi na nisto ne lici.
од деформација до деформација има разлика... овде очигледно се гледа брзината, за ваква деформација е потребна прилично голема доза на инерција... ок, тежината на автобусот надокнадува, ама сепак...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1755 Posted: 26-Dec-2015 at 18:02
Кога Мишко импровизира со користење на делови од постари автобуси како резервни делови за сегашните автобуси, ни Дизниленд не му е рамен.
 



Edited by Dexter26 - 26-Dec-2015 at 18:03
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #1756 Posted: 28-Dec-2015 at 09:56
Не знам дали знаеш, ама ЈСП има нов директор - Игор Јанушев. Еве веќе година ќе прави на позицијата. Батали го Мишко.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11028
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1757 Posted: 28-Nov-2017 at 12:17
ВАДАТ ДЕЛОВИ ОД ПАНОРАМСКИТЕ АВТОБУСИ ЗА ДА ГИ ПОПРАВАТ ДВОКАТНИТЕ ВО СКОПЈЕ



Од едни автобуси се вадат делови за да се стават на други на двокатните кинески автобуси и нископодните украински, кои ги набави Владата на експремиерот Никола Груевски пред 6 години.

Секој ден се расипуваат по неколку автобуси, а ЈСП„Скопје“ нема на лагер резервни делови. Додека се распише тендер да се набавaт нови, потребно е најмалку еден месец, па за да има доволно автобуси на улиците се вадат делови од други.

Во ваква состојба го наследи ЈСП„Скопје“ новиот директор Кристијан Чушков, кого во петокот градоначалникот Петре Шилегов го назначи на оваа функција на местото на Игор Јанушев.

Панорамските двокатни атвобуси не се пуштаат во сообраќај. Тие се размонтирани и се користат да се поправат други автобуси. Од нив се извадени речиси сите делови и тргнати се настрана во гаражата на ЈСП„Скопје“ во Автокоманда. Извадени се мотори, менувачи, прозорци, шофершајбни, делови од командната табла, кочници, па дури и електрика и столчиња. За повторно да се вратат во функција панорамските автобуси, потребно е да се набават сите извадени и заменети делови.

„За волку скапи возила, квалитетот им е многу слаб. Секој ден ни се расипуваат по неколку автобуси, се одлепуваат стакла на украинските, а нашите мајстори мака мачат да најдат што е проблемот. Кај нас во базата во Автокоманда имаме 7 панорамски автобуси од кои 5 целосно не е се во функција, извадивме сè да оспособиме двокатни автобуси. Мораме да ги пуштаме старите автобуси оти немаме доволно исправни кинески и украински“, велат вработените во базата во Автокоманда.

Од вкупно 200 автобуси, 148 секое утро излегуваат на улиците. Во базата остануваат 52 автобуси како замена ако некој се расипе во текот на денот, од кои 40 се веќе расипани и се чекаат да се поправат.

„Не можеме да имаме резервни делови на легер оти се скапи. Луѓето се чудат зошто ги пуштаме во сообраќај старите автобуси, но мораме оти двокатните се расипани. Старите помалку се расипуваат од новите. Поправката оди тешко бидејќи немаме софтвер за да го откриеме дефектот“, раскажуваат вработените во сервисот на ЈСП„Скопје“.

Во 2011 година беа купени 202 кинески двокатни и 80 украинските нископодни автобуси кои чинеа 57 милиони евра. Беа набавени во времето на премирот Никола Груевски преку Министерството за транспорт и врски кога министер беше Миле Јанакиевски. Груевски тогаш ги рекламираше како подарок за граѓаните на Скопје од Владата. Првите двокатни автобуси од кинеската Компанија „Јутонг“ стигнаа во Скопје во 2011 година, втората тура во 2012 година а набавката беше комплетирана во 2013 година.

https://sdk.mk/index.php/magazin/vadat-delovi-od-panoramskite-avtobusi-za-da-gi-popravat-dvokatnite-vo-skopje/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 868788

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.296 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.