Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#461 Posted: 22-Sep-2009 at 12:50 |
Напразно се понадевавме дека може да добиеме некој нормален сооднос со новиот тендер. Текстов е малку збркан, но изгледа математиката е оваа: 202 двокатни 80 „еднокатни“ единечни 4 „еднокатни“ зглобни 16 минибуси
НАСКОРО НОВ ТЕНДЕР СО ПРОМЕНЕТИ УСЛОВИ
Ќе купуваме и двокатни и едноподни автобуси
Елена Мачевска
Министерството
за транспорт и врски, наместо најавената набавка на 302 двокатни
автобуси, со тендерот кој ќе биде распишан во текот на неделава
најавува набавка на 202 двокатни, а останатите 100 автобуси ќе бидат
едноподни. Министерството со четвртиот тендер по ред кој има намера да
го објави и со кој ќе се обнови возниот парк на ЈСП „Скопје“, покрај
автобусите, ќе купи и 16 минибуси кои ќе се користат на линиите на
јавниот градски превоз каде што има помалку патници. - Прво ќе биде
објавен јавен оглас за набавка на автобусите во меѓународните и
домашните медиуми. Огласот за јавна набавка на автобуси, со кој ќе се
обнови возниот парк во јавниот градски превоз во Скопје, ќе биде јавен
и критериумите за набавката дополнително ќе бидат утврдени и“вели
Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.
Според него, во новиот тендер за набавка на 100 едноподни автобуси ќе
се бара 80 од нив да бидат единечни, а четири да бидат зглобни
автобуси. Најавата на Министерството за транспорт и врски за објавување
нов јавен оглас за заинтересираните фирми што сакаат да ги произведат
бараните возила за градски превоз, следува по три пропаднати тендери и
по најавата на Владата дека од буџетот за годинава нема да бидат
издвоени средства за оваа намена. Првиот јавен оглас пропадна затоа што
ниту една фирма не понуди изглед на автобусите како тие што се
користеле во минатото во Скопје. Вториот тендер, пак, се поништи со
образложение дека ниту една од компаниите не доставила банкарска
гаранција, освен словенечката компанија која излезе од игра поради
превисоката понуда од 111 милион евра за производство и испорака на 302
двокатни автобуси. На третиот тендер, пак, пристигнаа понуди од
заинтересираните фирми, турската компанија „Гулерјуз“, бугарската „Кинг
Лонг“, кинеската групација „Џенгџоу јутонг“ и од домашната „Санос“. На
тендерот победи кинеската групација „Џенгџоу јутонг“. По ваквата одлука
на Министерството останатите три фирми ја обжалија одлуката. По
разгледувањето на поднесените жалби од бугарската и од македонската
компанија, беше донесена одлука за поништување и на овој тендер и за
распишување на нов, кој е најавено да се случи во текот на оваа недела,
но со делумно променети критериуми и намален број двокатни автобуси. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1819&ArticleID=122245
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#462 Posted: 22-Sep-2009 at 16:59 |
80 единечни и 4 зглобни, каква комбинација еј за двокатните не знам дали вреди веќе да се прави муабет
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#463 Posted: 23-Sep-2009 at 23:23 |
Единствена работа што повторно дава надеж е дека тендерот за двокатните и еднокатните е поделен. Да се надеваме на најдобар исход.
Нова владина одлука за автобуси за Скопје
Наместо 302 автобуса, ќе се купуваат 202 двокатни и 100 едноподни
Деспина Трајковска
Наместо 302 двокатни автобуси Владата сега планира да купи 202
даблдекери и 100 едноподни автобуси. Ова е најновата владина одлука по
неодамнешното поништување на тендерот за набавка на 302 двокатни
автобуса. За даблдекерите Министерството за транспорт и врски веќе
распишало нов тендер, во кој бара 200 двокатни автобуси од затворен тип
и два отворени автобуса. Наскоро ќе се распише тендер и за набавка на
100 едноподни автобуси и тоа 80 од нив соло, четири зглобни и 16
минибуси. Од ресорното Министерство вчера накусо објаснија дека
промената во набавката во однос на претходните три се должи на
согледаните искажани потреби на Јавното сообраќајно претпријатие
„Скопје“ и согласно владината одлука.
Од Министерството вчера
не беа достапни да дообјаснат дали условите во тендерот ќе бидат исти
како и во досегашните три неуспешни тендери, ниту, пак, да прецизираат
на кој начин ќе се изврши финансирањето на набавката со оглед на
неодамнешните најави за намалување на Буџетот за овој владин проект.
Овој
тендер следува по три неуспешни јавни набавки. Првиот обид официјално
пропадна, бидејќи ниту една фирма не го понудила бараниот ретро изглед
на автобусите. Вториот тендер се поништи оти ниту една компанија не
достави банкарска гаранција, освен словенечката компанија, која не
влезе во игра поради превисоката понуда од 111 милиони евра за
производство на 302 даблдекери. Третиот, всушност, и последен тендер
пропадна речиси по острите реакции во јавноста од страна на партијата
на Љубе Бошкоски дека избраната понуда на кинеската компанија „Џенгџоу
јутонг“ е превисока, а истовремено и по обвинувањата дека тендерот е
наместен, со цел да се офајди некој од владините функционери и луѓето
блиски до нив. Официјалното образложение од Министерството за
поништување на тендерот беше, всушност, одлуката на државната Комисија
по жалби за јавни набавки, според која, избраната понуда не го
гарантирала бараниот термин за испорака на автобусите. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=101807FB5894DD4BAB8576D78B8912F9
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#464 Posted: 29-Sep-2009 at 20:50 |
РАСПИШАН НОВ ТЕНДЕР ЗА ВОЗИЛА ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ
Ќе има ли за скопјани нови автобуси?
Елена Мачевска
Министерството
за транспорт и врски, по три неуспешни тендери, деновиве распиша нов,
во кој ги послуша препораките на ЈСП „Скопје“, па покрај двокатните
автобуси ќе набави и обични. Уште од самата најава на Владата дека ќе
бидат купени двокатни автобуси, доброупатените ги предупредија
надлежните институции дека улиците како што се направени во моментот во
Скопје не се соодветни за по нив да сообраќаат толку високи возила. Од
Министерството за транспорт и врски објаснуваат дека условите во новиот
меѓународен тендер се направени врз основа на искажаните потреби на ЈСП
„Скопје“. Со тендерот треба да се купат 202 двокатни и 100 обични
автобуси, од кои 80 единечни, четири зглобни и 16 минибуси. -
Целта е целосно да се обнови возниот парк на ЈСП „Скопје“, а со тоа и
да им се овозможат подобри услуги на корисниците на јавниот превоз,
како и намалување на сообраќајниот застој – тврди Драган Симоновски,
портпарол на Министерството. На три линии, кои во моментов ги
опслужува ЈСП „Скопје“, не би можеле да се користат вакви автобуси.
Поради висината на возилата, пречка се надвозниците во општините Кисела
Вода и Бутел, како и подвозникот во Градскиот трговски центар.
Дополнителен проблем е и светлосната сигнализација по скопските улици,
која треба да се приспособи за превоз на патници на две нивоа, но, исто
така, и недоволната обученост на возачите да возат двокатни автобуси. Според
надлежните од ЈСП „Скопје“, ќе треба да се издвојат дополнително пари
за нивна обука, која најверојатно ќе мора да се изведува во странство. Од
директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Александар Бошковиќ, и
покрај многубројните инсистирања од наша страна, божем поради
презафатеност, не добивме одговор што се било побарано од надлежното
Министерството, ниту што ги натерало да ги сменат условите во конкурсот
дури по три неуспешни тендери. Првиот јавен оглас пропадна затоа
што ниту една фирма не понуди изглед на автобусите како тие што се
користеле во минатото во Скопје. Вториот тендер се поништи со
образложение дека ниту една од компаниите не доставила банкарска
гаранција, освен словенечката компанија која излезе од игра поради
превисоката понуда од 111 милион евра за производство и испорака на 302
двокатни автобуси. На третиот тендер, пак, пристигнаа понуди од
четири заинтересирани фирми, турската „Гулерјуз“, бугарската „Кинг
Лонг“, кинеската „Џенгџоу јутонг“ и од домашната „Санос“. На тендерот
победи кинеската групација, но одлуката ја обжалија останатите три. По
разгледувањето на поднесените жалби од бугарската и од македонската
компанија, беше донесена одлука за поништување и на овој тендер и за
распишување нов, но со делумно променети критериуми и намален број
двокатни автобуси.
|
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1825&ArticleID=122728
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#465 Posted: 02-Oct-2009 at 08:14 |
Распишана набавката на двокатни и едноподни автобуси
Министерството за транспорт и врски го распиша четвртиот конкурс за набавка на автобуси за скопскиот јавен превоз. Возниот парк на ЈСП ќе се подновува со двокатни, со едноподни автобуси и со минибуси. На 18 септември е распишан меѓународниот тендер за набавка на 202 затворени двокатни автобуса и два двокатни автобуса од отворен тип, а на 24 септември е распишан тендерот за набавка на 16 минибуси и на 100 едноподни автобуси, од кои 80 се соло, а четири зглобни.
Во јавниот оглас за набавка на 202 новопроизведени двокатни автобуса стои дека понудувачот е должен да достави технички цртежи и 3Д-анимација на понудениот модел. Времетраење на договорот е 48 месеци, а неговата реализација се планира да почне од 1 јануари следната година. Понудувачот мора да има најмалку еден реализиран купопродажбен договор за исти или за слични автобуси во последните три години и да поседува важечки сертификат за квалитет ИСО. За најниската цена понудувачот добива 70 поени, а за технички, функционални карактеристики и за дизајнот - 30 поени. Понудите треба да се достават најдоцна до 16 ноември кога ќе се одржи и јавното отворање во Министерство за транспорт и врски.
Слични се условите и на конкурсот за едноподните автобуси. Овие понуди се очекуваат најдоцна до 23 ноември.
Набавката на нови автобуси за ЈСП се влече две години, а по улиците и натаму возат автобуси постари и од 30 години. Досега се поништени три тендери од различни причини. Последниот, на кој беше одбрана кинеската компанија „Џенџоу јутонг групација“, која понуди цена од 51 милион евра, пропадна откако партијата Обединети за Македонија обвини за можна корупција при избор на најдобриот понудувач. (А.П.)
|
Edited by vardar - 02-Oct-2009 at 08:15
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#466 Posted: 02-Oct-2009 at 08:20 |
|
|
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#467 Posted: 02-Oct-2009 at 09:08 |
Дали ви е познато дали може за ова прашање да се распише референдум на ниво на град Скопје?
Немам против 5, еве 10 двокатни автобуси да се купат заради „носталгијата„ на некои наши со„граѓани“, ама 200!!! Толку време поминува, само тендери се менуваат, а двоспратноста си останува. Барем овде гледам дека за многу од нас двоспратниот концепт е тотална утка или може грешам?
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#468 Posted: 02-Oct-2009 at 09:17 |
Искрено веќе незнам дали да се надевам да се купат тие автобуси или повторно тендерот да пропадне. Ова од причини што веќе 2 години се натегаме со власта дека е апсурдно, нерационално, поскапо и сосем непотребно да се оди на двоктниавтобуси а од друга страна 2 години севозат канти низ градот. Да не заборавиме и колку лоша слика за нас како држава се испраќа надвор со сите овие пропаднати тендери. Па и самите тендери чинат доста пари: организација, изготвување спецификација, оласување, дневници за комисијата....Навистина незнам до кога вака неодговорно да не речам детски ќе се однесуваме со државата, како да ја водиме од и за некаков инает а не за нас самите.
Edited by UrbanFreak - 02-Oct-2009 at 09:18
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#469 Posted: 02-Oct-2009 at 21:09 |
Потполно те разбирам, бидејќи доведени сме во ситуација да бираме кое е помалото зло.
Во случајов бидејќи тендерите се поделени, јас дефинитивно навивам тој за двокатните повторно да пропадне. Стотина нови нормални автобуси, значително ќе ја залечат ситуацијата во меѓувреме.
Па дури и да беше еден тендер, повторно ќе навивав да пропадне. Точно е дека штетата од одлагањето на подновувањето и од пропаднатите тендери е голема, но мислам дека набавка на 202 двокатни автобуси ќе направи уште поголема штета. Исто така, одолговлекување од 1-2 години ми звучи како помало зло од долгорочно заглавување со лоши решенија за јавниот превоз.
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#470 Posted: 03-Oct-2009 at 00:43 |
ја примети некој математиката 80 единечни + 4 зглобни = 100 едноподни автобуси најверојатно новинарска грешка, бидејќи сите заедно со минибусите се 100 што се однесува до тендерите, се согласувам со кловер, поарно пропаднати тендери, одколку доживотни крпеници
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#471 Posted: 03-Oct-2009 at 12:36 |
Originally posted by zabegan
ја примети некој математиката 80 единечни + 4 зглобни = 100 едноподни автобуси најверојатно новинарска грешка, бидејќи сите заедно со минибусите се 100
што се однесува до тендерите, се согласувам со кловер, поарно пропаднати тендери, одколку доживотни крпеници
|
ги забораваш 16-те минибуси
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#472 Posted: 03-Oct-2009 at 12:55 |
Originally posted by La Linea
Originally posted by zabegan
ја примети некој математиката 80 единечни + 4 зглобни = 100 едноподни автобуси најверојатно новинарска грешка, бидејќи сите заедно со минибусите се 100
што се однесува до тендерите, се согласувам со кловер, поарно пропаднати тендери, одколку доживотни крпеници
|
ги забораваш 16-те минибуси
|
па да де, реков дека заедно со минибусите се сто, само реченицата е испревртена, пишува 16 минибуси и 100 едноподни автобуси
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#473 Posted: 03-Oct-2009 at 12:58 |
леле стварно ок, моја грешка
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#474 Posted: 11-Nov-2009 at 01:54 |
За набавка на автобусите за в година планирани 7 милиони евра
Ако успее четвртиот тендер, скопјани ќе се возат во 202 двокатни и 100 едноподни автобуси
Околу седум милиони евра од државниот буџет за 2010 година ќе се
наменат за купување на дел од автобусите за јавниот превоз во Скопје.
Во планираните средства за следната година, во буџетот на
Министерството за транспорт и врски за овој проект се предвидени 420
милиони денари.
Приближно толку имаше и во годинашниот буџет, но
по неуспехот на третиот тендер за набавка на автобусите, со ребалансот
тие пари беа пренаменети. Со еден милион денари што останаа се распиша
последниот четврти тендер, кој се' уште е во тек.
Со седум
милиони евра во 2010 година ќе се купи првата третина од планираните
302 автобуса за Скопје. Од нив, според последниот четврти тендер, 202
се двокатни од кои, пак, два се панорамски. Останатите 100 се едноподни
автобуси, од кои 80 се соло-автобуси, 4 зглобни и 16 минибуси. За 2011
година, за набавка на автобуси се планира да се потрошат над една
милијарда денари.
Доколку успее последниот тендер доставата на
првата тура од автобусите треба да почне уште следната година и да
продолжи во наредните две години. Пристигнувањето на првите автобуси се
одложува за една година. При распишувањето на првиот тендер
Министерството најавуваше дека годинава ќе бидат испорачани првите
двокатни автобуси за главниот град, но по промената на условите на
тендерот не се знае ниту дали први ќе пристигнат двокатните или
едноподните автобуси. Сепак, доколку и последниот тендер се покаже
неуспешен, многу е веројатно дека скопјани ниту в година нема да видат
ниту еден нов автобус на улиците.
Првиот обид официјално
пропадна, бидејќи ниту една фирма не го понуди бараниот ретро изглед на
автобусите. Вториот тендер се поништи зашто ниту една компанија не
достави банкарска гаранција, освен словенечката компанија која, пак, не
влезе во игра поради превисоката понуда од 111 милиони евра за
производство на 302 даблдекера. Третиот тендер пропадна, бидејќи
избраната понуда не го гарантирала бараниот термин за испорака на
автобусите.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=FCAAE3B985B37C4DAEB2A4116EB5FDD3 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#475 Posted: 16-Nov-2009 at 15:51 |
Три компании заинтересирани да ги направат двокатните автобуси
Три
компании доставиле понуди на тендерот за набавка на 202 двокатни
автобус, информираат од Министерството за транспорт и врски. На
тендерот се јавиле бугарската Кинг Лонг, која учествуваше и на
претходните тендери, фирмата Александар Денис од Велика Британија и
компанијата од Кина Џенгџоу Јоутонг Групација.
“Во следниот период Комисијата за спроведување на јавната набавка ќе изврши преглед на комплетноста и валидноста на доставената документација, како и евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе биде одбран најповолниот понудувач.Согласно условите во Тендерската документација“, информираат од Транспорт.
Компанијата што ќе биде избрана ќе има обврска да даде две години
гаранција за автобусите, најмалку пет години гаранција на шасијата на
втобусите и да обезбеди резервни делови за најмалку 15 години по
испораката.
Најповолниот понудувач, според условите одредени од Транспорт, ќе има рок до 2011 година да испорача 75 автобус
“Целта на оваа набавка, заедно со набавката на едноподни автобуси е целосно
обновување на возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие во
Скопје, а со тоа овозможување и подобри услуги на корисниците на
јавниот превоз и намалување на сообраќајниот застој“ велат од
Министерството.
Досега беа распишани два тендери за набавка на 302 двокатни автобус за потребите на ЈСП. http://netpress.com.mk/vest.asp?id=64264&kategorija=2 |
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#476 Posted: 16-Nov-2009 at 16:49 |
http://www.alexander-dennis.com Еве го сајтот на британскиот понудувач. Да не се повторуваме со истите работи, колку се лоши и страшни двокатните автобуси... Мислам дека се е доволно кажано и аргументирано поназад во нишката... Но... Сепак присуството на британскиот понудувач дава надеж дека целава работа (доколку се реализира) нема да биде потполно фијаско. Сепак се работи за сериозен прозводител на автобуси и тоа го гарантира барем квалитетот. Доколку се откажат од "античкиот" дизајн, ако добиеме нешто вакво, сепак нема да биде крај на светот (десниот изгледа симпатично, и дополнително а трите оски сепак ја зголемуваат безбедноста и подобруваат перформансите).
|
|
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#477 Posted: 16-Nov-2009 at 18:54 |
Според нешто што малце фатив од понудите по вестиве имам некакво претчуство дека распишувачот на тендерот инсистира на „античкиот“ дизајн, инаку како двокатни мислам дека би ги прогутале сите да се во некој ваков фазон...
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#478 Posted: 16-Nov-2009 at 18:59 |
Сега се бара модел да се испегла работата со нормални автобуси, ама да не падне срам со двокатните, па така сега прво 100 еднокатни, па после наводно ќе се покажат како подобро решение па ќе бројката од 200 двокатни ќе се намали. Барем ова е моја претпоставка.
|
|
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#479 Posted: 16-Nov-2009 at 20:57 |
Мене дизајнот на Лондонските двокатни автобуси (односно 2-осовински) многу повеќе ми се допаѓа за Скопје. Овие 3-осковите ми се многу гломазни (иако постабилни, се сложувам), но зафаќаат повеќе простор при вртење. И секогаш ми е во глава раскрсницата кај Палома Бјанка, завртувањето од Чуповски кон Васил Главинов (а тука вртат сите автобуси од центар кон Партизанска и навистина со овие ќе стане чудо. Вакви со 3 осовини има во Љубљана (се разбира еднокатни) кои се користат за регионален промет и се движат само по главните влзено-излезни булевари.
Инаку ова ЕДНОПОДНИ ми е многу смешно и незнам каде го научија. Еднокатен автобус си е просто автобус (дали нископоден или обичен), а при двокатните се додава само атрибутот. Исто како при поимот Метро. Никој не вика Подземно метро, затоа што тоа како такво се подразбира. Кога тоа излага над земјата и прави исклучок, се додава наставката Надземно.
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#480 Posted: 16-Nov-2009 at 21:21 |
Проблемот со раскрсницата кај Палома бјанка е радиусот меѓу улиците (што не смее да е таков меѓу станбени улички, а не меѓу 2 такви улици), а не е во автобусите...
...само што имаш право, тој радиус нема да се опраи уште едно 5-6 века, па попаметно е сега да гледаат што праат со автобусиве. Во тој контекст, не знам и дали секаде ќе можат да поминуваат овие автобуси во поглед на висината (подвозници, надвозници исл.)?! Стаам глава, дека во министерството не ги заболе за тоа прашање, а после може да биде сериозен проблем...
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|