build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)
    Posted: 15-Jun-2008 at 19:43
Конечно е распишан тендерот. Запазете ја точка два CrazyCrazy. Според објавата во утрешен Вест ќе се користат за централни линии каде имало многу гужва бидејќи не зафаќале многу простор а собирале многу патници. Добро што се само 4 автобуси во прашање иако е сосема непотребна екскурзија.

Точка еден звучи супер Crazy. И точка три ми е ОК за таа намена (ќе се користел за туристички тури низ градов).

Дел број за целиот предмет на набавка Опис на делот за набавка



1 Автобуси за јавен градски превоз - Набавка на 45 (четирисетипет) нископодни новопроизведени соло автобуси за јавен градски превоз на патници, класа мотори минимум ЕУРО 4 - по техничка спецификација Б1



2 Автобуси за јавен градски превоз -Набавка на 4 (четири) двоспратни употребувани соло автобуси за јавен градски превоз на патници, со класа на мотор минимум ЕУРО 3,со погон на дизел гориво- по техничка спецификација Б2



3 Автобуси за јавен градски превоз -Набавка на 1 (еден) употребуван соло автобус за превоз на патници - двоспратен - панорамски (без кров на горниот спрат)со класа на мотор минимум ЕУРО 3, со погон на дизел гориво - по техничка спецификација Б3


http://www.jsp.com.mk/sodrzina.php?id=270&idJazik=1


Edited by pbanks - 15-Jun-2008 at 19:43
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 15-Jun-2008 at 22:02
Хах, двоспратните се враќаат во Скопје Crazy
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Jun-2008 at 12:59
СО ПАРИТЕ ОД ВЛАДА
ЈСП купува двокатни автобуси
Двокатните автобуси ќе се возат на линиите низ центарот на Скопје бидејќи собираат многу патници, а не фаќаат многу простор на улиците

ЈСП "Скопје" ќе купи пет половни двокатни автобуси со дел од 4,4 милиони евра кои Владата лани во декември му ги даде на претпријатието за да го обнови возниот парк. Двокатните автобуси се дел од набавката со меѓународен тендер кој ЈСП го распиша во четвртокот. На тендерот ЈСП, освен петте двокатни автобуси кои ги задоволуваат ЕУРО 3 стандардите, бара и 45 нископодни и единечни автобуси кои, пак, треба да ги задоволат ЕУРО 4 стандардите. И едните и другите треба на скопските улици да стигнат најдоцна до март следната година. Перо Спасовски, претседател на УО на ЈСП "Скопје", вели дека заедно со претставници од Владата и од Градот одлучиле петте двокатни автобуси да бидат половни, односно веќе користени, а 45-те ниски автобуси да бидат нови.
"Линиите кои минуваат низ центарот на градот се најфреквентни има многу патници и затоа решивме да набавиме двокатни автобуси за да може да собере повеќе патници, а да не зафаќа многу простор на улиците. Ваквите двокатни автобуси, ако се купат на ново, се многу скапи, и сметавме дека нема ништо да пречи ако набавиме автобуси кои се користени само неколку години", вели Спасовски.
Четири од двокатните автобуси, како што вели Спасовски, најверојатно, ќе се движат на линиите 5-ка и 2-ка каде што има и најмногу патници. Петтиот автобус , кој ќе биде двокатен-панорамски, односно на горниот кат нема покрив, ќе се користи за туристичко разгледување на градот, бидејќи на горниот кат нема да има покрив.
Управниот одбор на ЈСП минатата недела на вонредна седница донесе одлука итно да се распише тендерот за набавка на автобуси, откако од Владата доби ветување дека ќе им доделат дополнителни средства бидејќи со веќе префрлените 4,4 милиони евра може да се купат само 20 нови автобуси. (Е.А.)



http://www.vest.com.mk/default.asp?id=152843&idg=8&idb=2399&rubrika=Skopje
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Jun-2008 at 23:00
Иронија, некогаш гледаа како да се отарасат од тие аутобуси (биле непрактични) и им ги „подметнаа“ на босанците и дел ги касираа, а сега поново ќе купуваме.
(како и секогаш, прво ќе срушиме се, па после некогаш ќе градиме)

П.С. Во тоа време чак и студентската организација имаше еден двоспратен аутобус кој остана како последен мохиканец
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Jun-2008 at 09:41
Ова со двокатните е лудило особено за секојдневна употреба, во шпицот ќе ти треба 3 станици само да се симнеш на "приземје" а камоли да излезеш LOL
 
Иначе еве сликичка од старите 
 

Објавен тендерот за 45 единечни нови и пет половни двокатни автобуси

Новите автобуси мора да имаат класа на мотор минимум ЕУРО 4, а половните ЕУРО 3 со погон на дизел-гориво

Четириесет и пет единечни нови и пет двокатни, но половни автобуси ќе се набавуваат за потребите на јавниот превоз во Скопје. Во јавниот оглас, објавен во најновиот број на „Службен весник“, Владата бара новите автобуси да имаат класа на мотор минимум ЕУРО 4, а половните минимум ЕУРО 3, со погон на дизел-гориво. Тоа значи дека новите превозни средства ќе бидат еколошки, но сепак, проблематична ќе биде набавката на гориво, бидејќи дискутабилно е дали кај нас постои вакво квалитетно гориво. Тендерот ќе трае до 4 август кога ќе се отворат понудите.

Одлуката да се набават 45 нови и 5 половни автобуси, според директорот на Јавното сообраќајно претпријатие, Орце Георгиевски, е економска и практична. Новите автобуси ќе бидат единечни и еколошки и ќе задоволат поголем дел од дневните потреби на возила за јавен превоз во Скопје. Двокатните автобуси, пак, според Георгиевски, штедат простор на улиците и не создаваат метеж на автобуските станици, а практично превезуваат исто патници колку и двоен автобус. Одлуката за набавка на половни, а не на нови двокатни автобуси е финансиски оправдана, бидејќи новите се премногу скапи. „Но, сепак, вели Георгиевски, условите во тендерот се дека овие автобуси треба да имаат класа на мотор ЕУРО 3, што значи дека нема да бидат постари од три години“.

Еден од нив ќе биде двокатен - панорамски, без покрив со посебна туристичка намена. Овој автобус, според Георгиевски, ќе има посебна траса надвор од секојдневната шема, која ќе поминува покрај туристички локации, музеи, споменици, а ќе има и посебни технички можности за приклучување на слушалки за превод на туристичката тура. (С.Н.)

 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 31-Jul-2008 at 14:23
О БО ЖЕ!!!!!

И од ова успејаа да направат глупост. Неверојатно!

Владата најави враќање на традицијата со двоспратни автобуси

Владата по обемна консултација со културните и туристичките работници одлучи да биде поништен тендерот за автобуси и да биде распишан нов, соопшти Ивица Боцевски.

Според Боцевски бројот на автобуси коишто треба да бидат набавени останува ист односно ќе се набават 50 нови автобуси.

“Се одлучивме на овој потег кој ќе ја врати старата скопска традиција, со кој ќе се врати стариот тренд и дух на градот. Ќе бидат набавени 50 “Дабл декери“, најмодерни, двоспратни автобуси, онакви какви што ги паметиме од фотографиите“, најави Боцевски.

Тој потенцира дека автобусите ќе бидат по исти стандарди како по првиот тендер односно ќе имаат рампи за хендикипирани и  ќе бидат климатизирани и со нив  ќе се овозможи Скопје да влезе во една нова димензија со кој се врати традицијата и  ќе се обнови туристичкиот потенцијал.

Боцевски додаде дека кога ќе заврши редовната тендерска постапка  ќе започне испораката на овие автобуси кои ќе сообраќаат на сите редовни линии.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=36341&kategorija=1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 31-Jul-2008 at 14:26
WTF ?!?


Suicide
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 31-Jul-2008 at 14:31
 Wallbash Bash BonkSuicide Mad Doh Puke
 

Владата по обемна консултација со културните и туристичките работници одлучи да биде поништен тендерот за автобуси и да биде распишан нов, соопшти Ивица Боцевски.

 
Па да кај нас веќе сосема нормално, кога се донесува ваква одлука не се консултираат вистинските експерти него стојко од стојко турс кој се сеќава кога бил мал како се возел на втори спрат па сега ај да ги вратиме спомените од детството.......
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 31-Jul-2008 at 14:34
ja mislam deka e perenje pari ) ,kolku da se prodolzi rokot za nabavka, koj znae kakvi finti se ovie, kaj nas nikogas nieden tender ne e sproveden na vreme i da zavrsi na vreme ,nitu pak nesto da se pocne da se gradi i da se zavrsi vo svoj daden rok toa ti e makedonija.......
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 31-Jul-2008 at 14:37
ама нека ги исперат парите тоа е помал проблем во сите овие скаламуции. Циркус станавме цел нормален свет ќе ни се смее. Оваа криза на идентитет ги надмина сите граници. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 31-Jul-2008 at 14:43
Поништување на постапката за тендер бр. 11/ 2008

Се поништува постапката по Огласот за доделување договор за јавна набавка бр. 11/2008 - за набавка на 50 автобуси за јавен градски превоз на патници.

 

Потребата од поништување на постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка бр. 11/2008, објавен во: Службен весник на РМ бр.73/2008, Службеното гласило на ЕУ (OJS) br. 2008/119-158811, е поради потребата од воведување на нов концепт во јавниот превоз на патници во градот Скопје кој изискува воведување на нов вид на превозни средства во неговата реализација, како и потребата од зголемување на бројот на автобуси.



http://www.jsp.com.mk/sodrzina.php?id=277&idJazik=1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 31-Jul-2008 at 14:49
Сега од кога се созедов од најновото изненадување од владата, која ете во консултации со културни и туристички работници излезе и стручна да одредува какви автобуси му требаат на Скопје за функционален јавен превоз, да спомнам некои работи што уште одма ми бодат очи...

1. Колку наопаку се поставени работите, кога за јавен превоз се консултираат културни и туристички работници, а не експерти од областа...

2. За каква традиција зборат??? Двоспратни автобуси низ Скопје се возеле десетина години, а од тогаш до денеска се поминати педесетина години. Артикулираните автобуси на пример се многу поголема традиција од двоспратните...
Ама еве дури и да замижеме пред ова и да прифатиме дека тоа е наша традиција, зарем традицијата е таа што треба да се вмеша во функционалноста на јавниот превоз???

3. Што станува со семафорите, надземните пешачки премини и надвозниците што се изведени за стандардните максимални 4m дозволена висина на возило... И не само постоечките, туку ова ги менува правилата и за во иднина, а „кревањето“ на овие објекти (без разлика дали постоечки или идни) не само што бара многу средства, туку има и многу негативни последици по нивната функционалност.

4. Во услови кои владеат во градов (див запад), што ли се ќе може да се случува на тој втор спрат каде што ќе го нема ни каквиот-таквиот превентивен ефект кога те посматра возачот и поголема група патници.

5. Дали двоспратниве се до толку подобри, што заради ова изненадно предомислување треба уште да се одлага оваа набавка. На крајот на краиштата не се работи за прва и последна набавка, туку за нешто што треба да е тековно подновување на флотата. Нека се набават нормални автобуси што побргу, а за двоспратни нека остават простор да се обмисли подобро и нека го остават тоа евентуално за некоја наредна набавка... Што би бил проблем вака да се пристапи на работите???


Edited by Cloverstack - 31-Jul-2008 at 15:17
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 31-Jul-2008 at 15:09

Кловер што постираш вакви глупости, па нели знаеш дека владата ОБЕМНО СЕ КОНСУЛТИРАЛА со културните и туристичките работници пред да ја донесе револуционернава одлука....кој си па сега ти со вакви аргументи да кажуваш што реално може а што не......Ја имам предлог на секој автобус да има и по еден од овие ‘културни‘ работници (се разбира горе на спрат) и на патниците да им раскажува  за нашата славна и богата култура и за историјата на двоспратните автобуси во скопје.....замисли каква атракција ќе биде и плус ќе се намали невработеноста.....дали е ова вистинскиот момент човек да се фрли у вардар или можеби треба да се почека да дојдат двоспратните автобуси па после од горни.... 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 31-Jul-2008 at 15:11
Originally posted by vardar

Кловер што постираш вакви глупости, па нели знаеш дека владата ОБЕМНО СЕ КОНСУЛТИРАЛА со културните и туристичките работници пред да ја донесе револуционернава одлука....кој си па сега ти со вакви аргументи да кажуваш што реално може а што не......Ја имам предлог на секој автобус да има и по еден од овие ‘културни‘ работници (се разбира горе на спрат) и на патниците да им раскажува  за нашата славна и богата култура и за историјата на двоспратните автобуси во скопје.....замисли каква атракција ќе биде и плус ќе се намали невработеноста.....дали е ова вистинскиот момент човек да се фрли у вардар или можеби треба да се почека да дојдат двоспратните автобуси па после од горни.... 




LOL
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 31-Jul-2008 at 15:11
@ vardar

За жал во право си, аргументи ионака веќе никој не слуша, нашиов народ повеќе сака да слуша приказни Roll%20eyes

Edited by Cloverstack - 31-Jul-2008 at 15:12
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 31-Jul-2008 at 22:08
И повторно Трифун има апсолутно право. Како си дозволуваат вака да се мешаат па ова е скопско а не државно прашање Wallbash

Скопјани ќе се возат во двокатни автобуси

Владата нема право да се меша во концептот на јавниот превоз, иако даде пари за набавка на автобусите, вели скопскиот градоначалник Трифун Костовски


По педесет години двокатните автобуси ќе се вратат на
скопските улици

Скопјани од идната година ќе се возат во градски автобуси исти какви што користат и жителите на Лондон. Владата реши со 4,4 милиони евра, што ги даде за подобрување на јавниот превоз во главниот град, да се купат 50 двокатни автобуси. Одлуката се образложува со потребата од нов концепт на градскиот превоз, со кој ќе се врати стариот дух и традиција на Скопје. Градски автобус на два ката возеше по скопските улици кон средината на 50-тите години на минатиот век.За да се реализира таа идеја, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, по препорака од Владата, го поништи меѓународниот тендер за набавка на 50 автобуси, пет дена пред отворањето на понудите. Скопскиот градоначалник Трифун Костовски вчера остро реагираше на ваквото мешање на Владата во ингеренциите на Градот и на јавното претпријатие.Вицепремиерот Ивица Боцевски вели дека Владата ја донела одлуката по опсежни консултации со културни и со туристички експерти.

- Се одлучивме на потег со кој се враќа стариот дух и традиција на Скопје. Се работи за модерни автобуси наречени „дабал декери“, кои ќе ги имаат истите стандарди што беа пропишани за автобусите со претходниот тендер. Автобусите ќе бидат со специјализирани рампи за хендикепирани лица, климатизирани. Јавниот превоз да биде ставен во една нова современа димензија - вели Боцевски.

Според заменик-директорот на ЈСП, Стојче Јовановски, тендерот не е поништен, туку само обновен по барање на Владата.Новиот тендер ќе биде за двокатни автобуси како оние што сообраќаат во Лондон. Ќе се набават и два двокатни автобуси со отворен покрив, кои ќе се користат за панорамско разгледување на градот. Еден од нив ќе остане во Скопје, додека другиот ќе биде даден во Охрид - вели Јовановски.Образложението за поништување на тендерот вчера беше објавено и на веб-страницата на ЈСП. Во неа се вели дека е потребно да се воведе нов концепт во јавниот превоз, со нов вид превозни средства и со зголемен број на автобуси. Скопскиот градоначалник Трифун Костовски вели дека за ваквата одлука не добил никаков писмен документ, туку дека ЈСП го повлекла тендерот самостојно, без консултации. Градоначалникот најави санкции кон јавното претпријатие поради ваквиот потег.

-Тој гест не можам да го сфатам. Концептот за јавниот превоз е ингеренција на Градот и на јавното претпријатие. Не значи дека тоа што Владата даде пари за набавка на автобусите и' дава право да се меша во сите работи, па и во оние што се надвор од доменот на нејзините ингеренции - вели Костовски.Тендерот за набавка на 50 автобуси беше распишан на 12 јуни годинава, а требаше да биде отворен на 4 август. На тендерот досега биле пријавени 27 светски фирми.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=14F4ABA9FFB49942A5C696A339C843FF


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 31-Jul-2008 at 22:51
зашто толку комплицираат бе, се разбира дека порано рутмастерите биле едни од бисерите на скопје, но било што да набавеа ќе беше подобро од денешниве крнтии
за еден двоспратен ќе купеа два обични и ќе имаа голема квалитетна флота
плус почнаа и мене да ме нервираат со тоа „враќање на духот“, духот на скопје од секогаш постоел бре, а рутмастерите биле којзнае како набавени во пеесетите и служеле само некои десет години, не се нешто типично за скопје
и замисли автобус висок околу 6 метра се лупне во еден од висечките семафори на скопските раскрсници (ај под надвозниците ќе ги собере некако) LOLLOLLOL
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Aug-2008 at 00:24
Лелеееее Скопје Лондон стана еј. Место да идеа со еколошки аутобуси и никако да престанеме да се труеме. Овие автобуси сега одеднаш да ги донесеш во Скопје ќе биде комедии. Ај еве да има една линија пример од Влае преку центар до Ново Лисиче колку за традиција од порано и да сообраќаат до 20 автобуси океј, али сега 50 автобуси мислам премногу е и само се комплицира, бидејќи самите автобуси се каде каде поскапи него обичните.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Aug-2008 at 08:16


Па добар си беше првиот тендер, нарачаа 4 двокатни колку за "филмот на старо Скопје". Дури и тоа ми беше на граница на нормала но ова сега е комплетно вон здрав разум.

И забеган има поента, за парите што ќе ги фрлат за двокатни можеше да се земе поголема флота на нормални автобуси кои очајно ни требаат.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 01-Aug-2008 at 13:59
а и заборавив да кажам дека пет саати се смеев на зборот „дабал декери“ у превод на англиски double deckers LOL
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.