build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 02-Mar-2010 at 21:40

Еј Коце ! Види ! Rollin

 
 
Welcome to Skopje! Rock
 
 
 
Мене не ми смета толку што се двокатни (ако некој направил истражување, па утврдил дека со тоа ќе се олесни сообраќајот, ќе се намали загадувањето итн..), ако се попрактични. Ми смета што се со старовремски изглед. А во однос на квалитет - преферирам 100 квалитетни отколку 200 фуш за 30-те милиони. За жал, ако не се лажам цената опфаќаше најголем дел од бодирањето (околу 60-70%), па.. толку од квалитетот. Сиромавиот плаќа дупло! Да не си ги бараме само сегашниве, по некое време..
Ова "гледањево" назад (во минатото) станува annoying.
 
 
Додека нашите власти безуспешно се обидуваат во Скопје да донесат двокатни автобуси, лондончани го решија проблемот

Како дел од планот за обновување на јавниот превоз, градските власти на Лондон на компанијата Wrightbus од Северна Ирска им ја доверија задачата за конструирање и производство на новите двојни автобуси. На повикот беа поканети 6 компании кои имаа задача да ги дадат своите предлози за новиот двокатен автобус со изглед базиран на заштитниот знак на англиската метропола, легендарниот Routemaster. Моделот предложен од Wrightbus ќе има капацитет за 87 патници и хибриден погон, кој е за 40% помала потрошувачка од автобусите со дизел мотор и за 15% од хибридните автобуси кои сега се во експлоатација. Wrightbus првите возила ќе ги испорача во 2011 година, во престер на олимписките игри.

Лондонскиот автобуски превоз е еден од најразгранетите во светот. Располага со 8.000 автобуси со кои оперираат 18 приватни компании кои имаат договор со градот, чии квартови ги поврзуваат преку 700 линии со 19.000 постојки. Секој работен ден автобусите во Лондон превезуваат околу 6 милиони патници. Лондонските автобуси годишно поминуваат 450 милиони километри.



Edited by SkyBoy - 02-Mar-2010 at 22:16
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 02-Mar-2010 at 23:10

БУГАРСКАТА КОМПАНИЈА КИНГ ЛОНГ ПОДГОТВУВА ЖАЛБА


Ќе пропадне ли и петтиот обид за набавка на 202 двокатни автобуси?!

Само еден ден по објавата на Комисијата за спроведување на јавната набавка дека за најповолен понудувач е избрана кинеската компанија "Јутонг групација", бидејќи имала најдобар дизајн на возилата, од менаџерскиот тим на "Кинг лонг" најавуваат дека ќе поднесат жалба


Ќе пропадне ли и петтиот обид за набавка на 200 двокатни и 2 панорамски автобуси за обнова на возниот парк на ЈСП Скопје?! Само еден ден по објавата на Комисијата за спроведување на јавната набавка дека за најповолен понудувач е избрана кинеската компанија Јутонг групација", бидејќи имала најдобар дизајн на возилата, од менаџерскиот тим на бугарската фирма Кинг лонг" најавуваат дека ќе поднесат жалба.
- Многу сме разочарани и воопшто не очекувавме таков исход. Се консултиравме со нашите правници и тие веќе ја подготвуваат жалбата поради тоа што сметаме дека е избрана понеповолната понуда. Во старт понудивме цена која е пониска за пет милиони евра наспроти многу подобрите карактеристики на возилата. Нашите автобуси имаат појак мотор од 320 коњски сили, а јачината на избраниот е 280, понудивме препознатлив дизајн наспроти избраниот кој е копија на понудата на Санос од првата јавна набавка. Го имаме изработено прототипот на возилото, а избраната фирма понуди само слика. Ние сме сигурни дека ќе се уважи нашата жалба, бидејќи во спротивно тоа би значело прекршување на законот, ни рече во телефонскиот разговор Венета Мирчева, генерална менаџерка на "Кинг лонг".

Овластените застапници за спроведување на тендерската постапка на "Јутонг групација" не сакаат да ги коментираат обвинувањата, но најавуваат дека "Групацијата, по принципот на големите, сериозни компании, својот став и програма ќе ги соопшти во наредните недели, на официјална прес-конференција".

Пресудно за изборот на автобусите на "Јутонг групација", според Комисијата, било тоа што тие најмногу наликуваат на оние што се движеле во Скопје во педесеттите години од минатиот век, што беше еден од бараните критериуми на конкурсот. Оваа фирма беше избрана за најповолен понудувач и лани, но второстепената комисија го поништи тендерот поради некои прекршувања на тендерската постапка.

"Јутонг" понуди цена од речиси 32 милиони евра за 200 двокатни автобуси и 282 илјади евра за панорамските автобуси. За разлика од нив, бугарската фирма Кинг лонг", чијашто фабрика се наоѓа, исто така, во Кина понуди цена од 27,6 милиони евра за 200 двокатни автобуси и 275 илјади евра за панорамските автобуси.

Обновата на возниот парк на ЈСП Скопје ќе почне во јуни годинава, кога треба да пристигне првата пратка од вкупно 84 едноподни автобуси што ќе ги набави Министерството за транспорт и врски од украинската фабрика "ЛАЗ".

Елизабета АРСОСКА

http://vecer.com.mk/?ItemID=FAD519A01A16874E818AD2484F7C2711
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 02-Mar-2010 at 23:16
нејќам да звучам конспиративно но ако ова помине, не е далеку од памет да станува збор за истемпиран избор заради кој ќе пропадне тендеров! навистина ќе се изненадам позитивно доколку санос се јави на евентуалниот следен тендер! мислам што е до ретро дизајнот санос беше без конкуренција, додека за цената и гаранцијата потфрли, сепак можно е да се вратат во игра!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 03-Mar-2010 at 00:05
вака сега, ги гледав семафориве во Аеродром, па и на партизанска и во голем дел од Скопје, а и ова новите профили, носачи или што и да се кај железничка и некако не ми иде дека тука ќе се протнат овие автобуси, можеби грешам, или пак на неколку сантиметри ќе проаѓаат или ќе се гребат, ај некој нека ме расветли
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5062
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 03-Mar-2010 at 00:10
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2501
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 03-Mar-2010 at 00:18
^ Чекај, па овој е троспратен. Па на овие и лифт треба да им се стави.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 03-Mar-2010 at 01:13
Со овие со три ката можр првиот спрат да излезе деловен простор, а само гормите два за патници! LOL
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 03-Mar-2010 at 01:41

ето ти го мезанинот што го бараше лсл, штета што е монтажа http://fxb.worth1000.com/entries/557647/triple-decker-bus идејата претпоставувам од хари потер ја зеле...

~

но има и покреативни визии пример како оваа http://www.busaustralia.com/forum/viewtopic.php?p=415938#p415938


Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 03-Mar-2010 at 01:55

 
Ко што реков, да се барем вакви .. а во позадина фасадава - иста Скопје 2014 Big%20smile 
Back to Top
Korsis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 09-Feb-2010
Location: Бугарија
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote Korsis Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 03-Mar-2010 at 07:11
Originally posted by Max

дајте бе некоја слика од авотбусиве ископајте, цело време бркаме ретро дизајн а од истиот нема никаков глас! ме интересира и каков модел миале кинг лонг чисто за споредба со јутонг! 



И jас би сакал да видам слики и линкови до страниците на компаниите. Благодарам однапред!
Back to Top
Pepi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Pepi Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 03-Mar-2010 at 18:31
јутонг  немат двокатни. Кинг Лонг имат: 
Back to Top
Korsis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 09-Feb-2010
Location: Бугарија
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote Korsis Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 03-Mar-2010 at 20:58
Originally posted by Pepi

јутонг  немат двокатни. Кинг Лонг имат: 


Горниот XMQ6125 е за патен и туристички транспорт, а XMQ6110 е за градски:



XMQ6110: http://www.king-long-bg.com/view.php?id=40&lang=bg

XMQ6125: http://www.king-long-bg.com/view.php?id=41&lang=bg
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 09-Mar-2010 at 00:42

Жалба од „Кинг лонг“ за набавката на автобуси

Бугарската фирма „Кинг лонг“ најдоцна до утре ќе ја достави жалбата против одлуката на Комисијата за јавни набавки во Министерството за транспорт и врски, со која за најповолна понуда за двокатни автобуси ја прогласи онаа на кинеската фирма „Џенгџоу јутонг“, иако Бугарите имаа пониска цена. Генералниот менаџер на „Кинг лонг“, Венета Мирчева, вели дека се изненадени од одлуката на Комисијата и дека најверојатно ќе бараат и дополнителна експертиза.

- Комисијата за јавни набавки практично не' дисквалификува и на прво место го стави дизајнот на возилата, наспроти цената, иако таа носи 70 бода. Ние понудивме пониска цена од кинеската фирма „Џенгџоу јутонг“, а тоа воопшто не ни е бодувано. Имаме само 5,5 бода за дизајнот, односно за функционалните и уште 5 за техничките карактеристики. Немаат право да не' дисквалификуваат на ваков начин, сепак, цената има предност пред се' друго. Тоа е срамота - разочарано вели Мирчева, која при отворањето на понудите беше речиси сигурна дека тие ќе го добијат тендерот.

Таа тврди дека нивниот автобус има повеќе седишта, подобра и поквалитетна автоматска рампа и мотор-евро 5 со 320 коњски сили, кој е појак од оној што е понуден од кинеската фирма, а згора на тоа понудена е и пониска цена.

Правните застапници на „Џенгџоу јутонг“ не сакаа многу да коментираат околу најавата за жалба од нивниот конкурент од Бугарија.

- Кога ќе заврши постапката, тогаш одговорните во кинеската фабрика јавно ќе излезат со свој став - вели Живанчо Пановски, еден од правните застапници на „Јутонг“.

Од Комисијата за јавни набавки при Министерството за транспорт велат дека жалбата не се доставува до нив, туку до Државната комисија за жалби по јавни набавки при Собранието. Тие појаснуваат дека бугарската фирма не ги исполнила уловите за ретро-дизајн на двокатните автобуси, односно не добила најмалку 21 бод од вкупно 30 за техничко-функционалните карактеристики на возилото за да влезе во игра. Комисијата негира дека бугарската фирма не била бодувана за поповолната цената, туку дека ги добила сите 70 бода.

- Нивната понуда во делот на ретро-дизајнот беше неприфатлива. Тоа не беше ретро-дизајн, туку стануваше збор за сериско производство на обични двокатни автобуси. Тие извеле мали измени на маската на возилата, но тоа не е доволно за ретро-изгледот. Ако стануваше збор за сериско производство на двокатни автобуси, тогаш ќе се јавеа повеќе фирми што произведуваат обични двокатни автобуси. И во самата набавка беше наведено дека предмет на набавката се 202 автобуса со изглед на оние од педесетите години, а дека целта е да се врати духот на старо Скопје - нагласуваат од Комисијата за јавни набавки.

Бугарската фирма „Кинг лонг“ за набавка на 200 двокатни автобуси понуди цена од 27.590.000 евра, односно 137.950 евра за автобус. „Џенгџоу јутонг“ од Кина за автобусите побара 31.922.400, односно околу 159.000 евра за едно двокатно возило.

Ова е петти конкурс за набавка на двокатни автобуси. Набавката се одолжува од крајот на 2007 година.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5704B5D64A1F7D45AE7B9C83DD2067D3
Back to Top
Slavi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 10-Mar-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Slavi Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 10-Mar-2010 at 23:27
Верните слики од жалбата са тука :  http://www.kinglong.mk
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 11-Mar-2010 at 00:43
Мене по фоткиве и на јутонг и на кинг лонг ми се Puke
 
Уште да можеше некој да направи анимација да видиме како би изгледале "новиве" автобуси, по скопските улици, а може и СК 2014 да се искористи, што да не, тоа не ни бега. Naughty


Edited by SkyBoy - 11-Mar-2010 at 03:07
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 11-Mar-2010 at 01:16
Вакви сапуници само кај нас можат да се случуваат...ако се земе предвид дека времето е пари, плус сите трошоци за овие тендери, не знам навистина која им е математикава...сепак се пари кои што треба рационално да се потрошат, а не да се во служба на нечии лични каприци.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 11-Mar-2010 at 02:27

Originally posted by micko_v

Вакви сапуници само кај нас можат да се случуваат...ако се земе предвид дека времето е пари, плус сите трошоци за овие тендери, не знам навистина која им е математикава...сепак се пари кои што треба рационално да се потрошат, а не да се во служба на нечии лични каприци.

нема никаков зијан доколку целиот муабет се тера ко спин во меѓувреме, а всушност е истемпиран муабет за домашен бренд! еве од поназад неколку постови кои го заговараат тоа...

- http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=477&PID=20028#20028 

- http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=477&PID=22377#22377 

- http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=477&PID=24452#24452 

- http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=477&PID=52263#52263 

~

незнам со цена колку санос би можеле да бидат конкуретни, но доколку помине тендеров комбинацијата јутонг мене ми е таман, иако имам доста резерва за постојниот дизајн!  

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 11-Mar-2010 at 14:36

речиси истиот од еден од прототипите на санос, само постилизиран, бар графички, да го стокмат како санос со 3д презентација дефинитивно ќе биде ист! има разлики во застаклувањето и воопшто во цел концепт, но сепак исто пакување! досега реално од сите понуди оваа е најприземна апропо условите!

Почитувани,

Министерството за транспорт и врски најостро реагира на денешната прес-конференција на компанијата „King Long Bulgaria“, чија понуда по огласот за набавка на 202 двокатни автобуси беше отфрлена од страна на Комисијата за спроведување на јавната набавка. 

Ја информираме јавноста дека Министерството за транспорт и врски спроведе јавен оглас за набавка на 202 новопроизведени двокатни автобуси, со цел да се врати духот на старото Скопје, но со возило кое ќе ги исполни техничките и функционални карактеристики на современите и модерни превозни средства. Согласно тендерската документација, економскиот оператор треба да понуди дизајн (изглед) на возило кое во најголем дел ќе го задржи изгледот и ќе наликува на автобусите за градски сообраќај кои се движеле по градските улици во педесеттите и шеесетите години од дваесеттиот век.

Оттука, целта на оваа набавка е да се набават автобуси кои ќе бидат препознатливи исклучиво за Скопје и нема да се возат на друга локација, што значи дека тие автобуси не се во сериско производство на потенцијалниот понудувач.

Комисијата за спроведување на јавната набавка изборот на најповолен понудувач го направи врз база на два критериуми:

1. Цена која носи 70 бодови,

2.Технички и функционални карактеристики со дизајн која носи 30 бодови.

Врз основа на првиот критериум, најповолна цена имаше компанијата King Long која освои вкупно 70 бодови, додека компанијата Yutong врз основа на овој критериум освои 65 бодови.

Најповолна цена во својата понуда имаше компанијата King Long, но сакаме да нагласиме дека понудената цена не беше единствениот критериум за избор на најповолен понудувач.

Имено, врз основа на вториот критериум, според кој се оценуваше ретро дизајнот и техничките и функционалните карактеристики на понудените автобуси, беше утврдено дека за прифатлива ќе се смета понудата која ќе има најмалку 21 бод според овој критериум. Нагласуваме дека овие критериуми им беа однапред познати на сите заинтересирани понудувачи и истите им беа дадени на увид.

Во овој дел, компанијата King Long освои вкупно 15.5 бодови, што значи дека не ги освои ниту минималните бодови кои беа потребни за да понудата се смета за прифатлива и оттука истата Комисијата ја оцени за неприфатлива и истата не беше предмет на понатамошна евалуација.
Нагласуваме дека секој член на Комисијата за спорведување на постапката по јавната набавка одлучуваше независно и во согласност исклучиво со условите од тендерската документација и Законот за јавни набавки.

Комисијата оцени дека компанијата King Long не понудила специјална производствена линија со ретро дизајн на автобуси наменети за јавен превоз во Скопје, туку понудените автобуси се со модерен дизајн и дел од нивната редовна сериска понуда и истите можат да се видат на нивната интернет-страница како дел од редовната понуда: http://www.king-long-bg.com/view.php?id=40&lang=en.

Компанијата Yutong по овој критериум освои 26,2 бодови, со што нивната понуда се смета за прифатлива. Во прилог (атачмент) Ви доставуваме копија од дизајнот кој е понуден од страна на најповолниот понудувач од каде е евидентно дека е дизајнирана специјална линија на автобусите кои наликуваат на автобусите кои биле користени во старо Скопје. 

Сметаме дека одржувањето на вакви прес-конференции во период кога е во тек постапката за жалби до Државната комисија за жалби по јавни набавки е само обид да се влијае на крајната одлука на оваа Комисија и оттука апелираме до учесниците во јавната постапка да се воздржат од вакви слични јавни настапи се до целосно завршување на истата.

Со почит, 

Министерство за транспорт и врски

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2368

Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 11-Mar-2010 at 15:00
Мислиш дека овие од Јутонг ќе ги купуваат автобусите од Санос, дека се работи за смислена комбинација?
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 11-Mar-2010 at 15:17

не не, која е таа логика, иако има и такви нешта по свет мое мислење беше дека се форсира домашен бренд, но реално домашниве почнуваат од нула така речи, освен евентуалното искуство што го имаат, треба да обезбедат и трака но и гаранција, заради што и потфрлија претходно! а ова кинг лонг конкретно си напраиле само "стилизирана" копија на првиот прототип од санос и ништо повеќе, но со цена се далеку поконкуретни од претходните понудувачи, само какви се не бројки се свртеа на почеток за цената а сега на крај ја спуштивме до гола коска!

според ситуацијата освен ако навистина и помине жалбата на кинг лонг за што има простор донекаде, бидејќи според соопштението од мтв наводно тие не доставиле ретро дизајн, а според приложената документација на кинглонг на нивниот сајт погоре очиглед е дека тоа не е случај, сепак не би можел од старт да пресечам дали и навистина има некој двоен аршин па затоа ваква комбинација која би се искористила како сопка или се е чисто само што мене нешто друго ми се сонило

сепак би се изненадил позитивно доколку пропадне и овој обид, а на следниот тендер да излезе санос со својот модел и јасно банкарска ганција но и конкуретна цена! дефинитивно треба владата да го потпомогне да застане на нозе, а после бар опремата што ќе му остане е доволна за ефтино сервисирање на автобусите овде, а посекако ќе има можност и да извади по некој модел на пазар! 

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.