build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Online
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 16-Aug-2008 at 14:09
Како што трегнала работава ќе си останите со старите автобуси Ohno
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 17-Aug-2008 at 00:19
Originally posted by ovaj_stariov

Како што трегнала работава ќе си останите со старите автобуси Ohno
ама битно имаме електронска наплата LOL
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 17-Aug-2008 at 00:23
Да не ги мешаме работите! Старите автобуси се дел од јсп, а електронската наплата е дел од приватниот сектор.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-Aug-2008 at 11:34
Или во превод ќе чекаме локални избори и повторно ќе се купат двокатни автобуси Wallbash (ова се однесува на болдираниот зголемен дел)

ДИРЕКТОРОТ НА ЈСП ИСПЛАШЕН ОД НЕКУЛТУРАТА
Бошковиќ: За скопјани не се за двокатни автобуси
ЈСП смета дека нема услови 52 двокатни автобуси да се возат низ Скопје, бидејќи улиците се со дупки и вдлабнатини, а надвозниците и подвозниците се премногу ниски

Новиот в.д. директор на ЈСП"Скопје" Александар Бошковиќ не сака да купи двокатни автобуси, бидејќи се плаши од некултурата на скопјани. Тој вели дека има резерва кон одлуката на Владата со донацијата од 4,4 милиони евра за ЈСП да се купат 52 двокатни автобуси, бидејќи се плаши за безбедноста на патниците. Според Бошковиќ, патниците во двокатните автобуси ќе мора да бидат многу дисциплирани, особено оние што ќе бидат на вториот кат од автобусот, бидејќи тој лесно може да се преврти.
"Најмногу се плашам од некултурата на граѓаните, дека со непристојното однесување може да го превртат автобусот, особено треба да бидат внимателни оние што ќе бидат на вториот кат, бидејќи таму може да се пуштат само онолку патници колку што има столчиња. Да има двајца повеќе коишто ќе стојат веќе е ризично, а да не зборувам ако се шетаат или скокаат по автобусот. Таква одговорност не би можеле да преземеме, бидејќи најважна ни е безбедноста на патниците", вели Бошковиќ.
Според него, постојат и други безбедносни аспекти, поради кои ЈСП и Градот имаат резерва кон двокатните автобуси. Тој објаснува дека за да се возат вакви автобуси во Скопје улиците треба да бидат рамни без дупки и вдлабнатини, а возачите треба да минат низ посебна обука.
"Ако сите 50 нови автобуси бидат двокатни треба да се има на ум дека нема да можат да поминат по оние улици каде има надвозници и подвозници, бидејќи тие се димензионирани за возила високи до четири метри, а двокатните автобуси ќе бидат многу повисоки. Возачите ќе мора да ги пратиме во Лондон на обука за да можат да ги возат овие автобуси", вели Бошковиќ.
Тој објаснува дека неделава со претставници од Градот и од Владата треба да се договорат какви автобуси да се набават, а потоа веднаш ќе распишат нов тендер.
"Одлуката на Владата да се купат 52 автобуси ќе ја почитуваме, бидејќи не сум малоумен да ја одбијам донацијата од 4,4 милиони евра. Но додека не се договориме какви точно автобуси да се купат, нов тендер нема да има. Ќе предложиме резервна варијанта, односно да се купат четириесетина еднокатни автобуси, а останатите да бидат двокатни", вели Бошковиќ.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155770&idg=8&idb=2452&rubrika=Skopje

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 18-Aug-2008 at 14:39


Џуро, можда сепак ќе се свестат оние у влада... Редно е еднаш да признаат грешка соочени со толкав куп аргументи. Очигледно „одлуката“ за двоспратни автобуси паднала тотално избрзано и необмислено, во којзнае какви кругови. Ваљда не се толкави идиоти да продолжат да го туркаат ова по секоја цена, само како би одбиле да ја признаат грешката...

Dunno
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 18-Aug-2008 at 14:47

мислам дека понудата на САНОС пред година две беше најповолна.
ама тогаш трипко се реши на трамвај
браво за него! ќе не враќа во 20-ти век!

инаку, за да ова не испадне пак СПАМ или OFF TOPIC од моја страна,
ќе кажам дека во право е директорот на ЈСП за двокатните автобуси. Подобро нови, чисти, еднокатни и подолги, отколку двокатни и небезбедни автобуси!
Не сакам да седам во двокатен автобус и да мислам цело време дали ќе се преврти ако има гужва или не!
Ама, најјаки се оние гужвине во Јапонски метроа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 18-Aug-2008 at 18:26


Не гледам како трамвај, т.е. модерен ЛРТ концепт би не вратил во 20-ти век. Немам замерка во Скопје да се воведе ЛРТ (напротив, тоа е многу пожелно), туку имам замерка на начинот накој тоа се планира...
Подетално за „трамвајот“ имаш во оваа нишка:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=50


Исто така не гледам како трамвајот исклучува набавка на нови автобуси. Тој ниту ќе го добиеме баш утре, ниту треба да ги замени сите автобуски линии.
Нови автобуси ни се потребни под итно, без разлика дали и со колкава брзина ќе се реализира замислата за трамвај во догледна иднина.


Edited by Cloverstack - 18-Aug-2008 at 18:27
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 18-Aug-2008 at 19:15

ок, ама уште еднаш повторувам - да не се брза со набавка на нови автобуси, убаво да се размисли дали ќе бидат еднокатни или двокатни, пошто директорот на јсп не збори за џабе - ај што ќе има проблем со над/подвозници, туку и јас сигурно нема да сакам да седам во автобус и да мислам дали горе седи некоја будала што сака одозгора да прави џумбус
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 18-Aug-2008 at 22:51

НЕДЕЛАВА УШТЕ ЕДНА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА НАБАВКА НА НОВИ ВОЗИЛА


Владата за двокатни, Градот за единечни автобуси


Новиот в.д. директор на ЈСП "Скопје", Александар Бошковиќ, смета дека 40 нископодни автобуси и 12 двокатни би биле реална потреба на Градот во однос на постоечките услови. Веќе во јануари, согласно со процедурата, може да се очекувааат и првите автобуси


Градските власти неделава ќе побараат повторна средба со Владата за да се допрецизира какви автобуси ќе се набават. Иако пред две недели Владата објави дека со новиот тендер ќе се бараат 50 исклучиво двокатни даблдекер автобуси, од Градот и ЈСП велат дека во Скопје засега не постојат услови за движење на ваков вид возила во толкав број. Новиот в.д. директор на ЈСП "Скопје", Александар Бошковиќ, смета дека 40 нископодни автобуси и 12 двокатни би биле реална потреба на Градот.
- Градоначалникот Костовски деновиве треба да се сретне со претставниците на Владата и да се изнесат сите аргументи. За воведување на двокатни автобуси се потребни одредени предуслови, кои засега ги немаме. Тука се работи за нивно сервисирање, односно немаме такви можности во постоечките станици, а од друга страна, неопходна е и обука на вработените. Исто така и самото однесување на патниците на горната платформа, ако е несоодветно, може да предизвика превртување. Поради висината на автобусите проблем ќе биде и нивно поминување под подвозниците во градот, вели Бошковиќ.
Сепак, тој вчера напомена дека набавка на овие автобуси ќе биде голема добивка за градот, со оглед дека од 1998 година не е купен ниту еден нов автобус во Скопје. Што се однесува до тендерот, тој би бил распишан веќе наредниот ден откако ќе се одржи средбата со претставниците на Владата.
- Главен финансиер е Владата и затоа очекувам неделава, кога ќе биде назначен и заменик-директор на ЈСП, да се одржи средбата и конечно да се знаат условите за распишување на тендерот. Веќе во јануари, согласно процедурата, би можеле да ги очекуваме и првите автобуси, додаваат од ЈСП "Скопје". Оттаму додаваат дека немаат жалби од страна на фирмите кои се пријавиле на првиот меѓународен тендер кој беше поништен, како и дека тие ги чекаат новите услови.


http://vecer.com.mk/?ItemID=F19C64C26A471546813B14CA82E80F91
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 20-Aug-2008 at 14:30
Двокатните автобуси се уште се во игра
Иако Александар Бошковиќ, в.д. директорот на ЈСП „Скопје“, го поништи тендерот за набавка на 52 нови двокатни автобуса, сè уште постои можност тие да се купат. Бошковиќ вели дека Владата, како финансиер на набавката, го има последниот збор, па ќе се обидат да издејствуваат да се купат само мал број двокатни возила, а другите да бидат нископодни.
До крајот на неделава се очекува да се одржи средба меѓу претставници на градот, Владата и на претпријатието, за да се донесе конечна одлука за тоа какви нови автобуси ќе добие Скопје. Со тоа се очекува да заврши сагата за обновата на возниот парк на ЈСП, која почна кога поранешниот директор Орце Георгиевски го поништи веќе распишаниот тендер за набавка на 48 стандардни возила и два за панорамско разгледување и распиша јавен повик за купување 52 двокатни. Состојбата кулминира кога градоначалникот Трифун Костовски го разреши Георгиевски од функцијата поради таа одлука и го постави Бошковиќ за вршител на должноста директор, а се случи пресврт со поништувањето на новиот тендер. Сообраќајни експерти предупредија дека т.н. „даблдекери“ се несоодветни за Скопје, пред сè затоа што би ги урнале семафорите.
 
НОВИ ВОЗИЛА ВО ЈАНУАРИ
 
Во јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ сметаат дека би било подобро да се набават повеќе нископодни автобуси со кои би се решиле сегашните недостатоци во превозот на патниците. Според нив, за да се возат двокатните автобуси улиците низ градот треба да бидат без дупки и вдлабнатини, возачите треба да минат низ посебна обука, а проблем би било и нивното сервисирање, бидејќи најблискиот сервис се наоѓа во Лондон.
- Во изминатиов период се потрудивме да укажеме на сите недостатоци што би се појавиле ако низ градот се возат двокатни автобуси. Сепак, Владата како финансиер на проектот ќе го има последниот збор. Затоа ќе се обидеме на претстојната средба да се прифати нашиот предлог за комбинирана набавка, односно мал број двокатни и поголем број стандардни возила. Откако ќе се реши ова прашање, ќе се распише меѓународен тендер, кој ќе трае два месеца, па, по десет години, веќе во јануари би можеле да ги видиме првите нови автобуси на градските улици - вели в.д. директорот Бошковиќ.
 
ТЕХНИЧКИТЕ ПРАШАЊА БРЗО ЌЕ СЕ РЕШАТ
 
Владата сè уште стои на одлуката за набавка на 50 двокатни автобуси, која ја образложила со потребата да се направи нов концепт на јавниот градски превоз, со кој ќе се вратат стариот дух и традицијата во градот. Таа ќе донира 4,4 милиони евра за да се обнови возниот парк, кој од 1998 година не добил нов автобус. Според Ивица Боцевски, поранешниот портпарол и сегашен министер за евроинтеграции, неприспособеноста на улиците и на семафорите, необученоста на возачите, далечината на сервисот и другите можни проблеми се само технички прашања.
- Не би сакал да коментирам за набавката на новите автобуси, бидејќи се очекува повторна средба со ЈСП „Скопје“. Владата, сепак, останува на ставот да се купат двокатните автобуси, а сите други технички проблеми можат брзо да се решат - категоричен е Боцевски.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=163&ArticleID=5833
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 20-Aug-2008 at 15:26
Според Ивица Боцевски, поранешниот портпарол и сегашен министер за евроинтеграции, неприспособеноста на улиците и на семафорите, необученоста на возачите, далечината на сервисот и другите можни проблеми се само технички прашања.
- Не би сакал да коментирам за набавката на новите автобуси, бидејќи се очекува повторна средба со ЈСП „Скопје“. Владата, сепак, останува на ставот да се купат двокатните автобуси, а сите други технички проблеми можат брзо да се решат - категоричен е Боцевски.


Да де, што се битни некакви „ситни“ технички прашања, кога сезнајните убермозоци у владата решиле да ни ја вратат „тредицијата“. Наводната традиција, која всушност траела неколку години, а од тогаш до сега се поминати пет пати повеќе... Е за таа „традиција“ ќе го порушиме пола град, а и во иднина кога ќе градиме нешто ново, иннфраструктурата и сигнализацијата ќе не чини значително повеќе... Ќе си изградиме и нови гаражи во ЈСП... Ќе си ги праќаме возачите на дополнителна обука... Ништо не е скапо кога некој пуноглавец е нели категоричен...  и кога покрај се ќе реши да си остане на ставот дека двоспратни автобуси ќе не напраат т.н. „европска метропола“

И пазете ја само неверојатната леснотија во превземањето на вакви значајни обврски - сите технички проблеми брзо ќе се решеле. Добар виц! Ама веќе не е интересен пошто го имаме видено на дело многу пати. Оваа влада пати од неверојатен несериозен оптимизам.

А таман се понадевав дека барем еднаш ќе се предомислат за некоја дебилна замисла, бидејќи овде немаат што да докажуваат, а има цел куп јаки аргументи против...

Не е битно... Ќе продолжиме со практиката и тоа малку што го имаме да го инвестираме непромислено, неодговорно и непродуктивно. Кога конечно и Молдавија ќе не претрка, пак некој друг ќе ни е крив.

Wallbash


Edited by Cloverstack - 20-Aug-2008 at 16:17
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 20-Aug-2008 at 15:54
Ова со автобусиве како дете кога ќе запне: САКАМ ..........., и на крај добива шамар!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 20-Aug-2008 at 16:11
И уште нешто. Сакам малце подетално да се осврнам на инфраструктурата што е физичка пречка за овие автобуси.

Моменталната инфраструктура, не дозволува овие автобуси да поминуваат скоро никаде низ градов. Еве да речеме дека ќе ги искорнат сите метални конструкции за семафори и табли (што ги има во голем број и се поставени на скоро сите клучни сообраќајници и крстосници), ама што ќе прават со неколкуте надвозници и пешачки мостови кои се изградени за максимална висина на возило од 4m и не дозволуваат поминување на такви високи возила како класични двоспратни автобуси? И нив ли ќе ги рушат???


Никако не смее да се заборава и долгорочниот ефект од прилагодувањето на инфраструктурата. Тоа би значело дека во иднина надвозниците треба да ги градиме повисоки, подвозниците подлабоки, тунелите со поголем напречен пресек, влезовите/излезите од денивелирани сообраќајници подолги...
Ова не само што е многу поскапо, туку во одредени случаи принудува и на полоши технички решенија од сообраќаен аспект. Поготово кај нас, ако ги земеме примерите со зградата Тифани или со скратениот излезен крак на Јужен Булевар кај Рамстор (кои поради неодговорно планирање веќе значат непоправлива штета за стандардите според кои би се граделе овие сообраќајници), веднаш се наметнува прашањето колку дополнително ќе се нарушат стандардите, само за да можат да поминуваат двоспратни автобуси. Зборувам конкретно за фактот дека нагибот на овие две места ќе треба да биде дополнително зголемен, што не би значело само полоши карактеристики, туку дури можеби е и надвор од прифатливото.
Сличен проблем и за тунелот на Илинденска (Влада-Фонтана Лотос). Тука просторно веќе е кнап работата, ама уште ако двоспратниве влезат во математиката, ќе може да се направи само лошо и крајно субстандардно решение...
Овие примери се само оние кои на прв поглед ми упаѓаат во очи. Сигурно има уште еден куп вакви.

Сите пешачки мостови преку сообраќајници исто така ќе треба да се повисоки. Значи повеќе скали за искачување и директна дестимулација на нивното користење, а стимулација на правење на диви премини.

Исто така, рамките за сообраќајна сигнализација треба да бидат повисоко, па на крстосница на пример ќе треба да застанеш малку поназад, за да можеш да го гледаш семафорот... Единствено решение за ова би било да се преместат рамките од другата страна на крстосницата, што исто така не е добро ако не е применето како правило на сите крстосници, затоа што внесува забуни и сигурно ќе предизвика сообраќајни несреќи (ми се има случено и мене лично во Америка, ненавикнат на вака поставени семафори, за малку избегнав да направам голема сообраќајка).


Ботом лајн, ова би значело дека ќе треба да дадеме многу повеќе пари, а да добиеме многу полоши решениа. Сето тоа затоа што по секоја цена треба да сме врателе некаква наводна наша традиција...

Bash Bash Bash Bash Bash

Bash Bash Bash Bash Bash


Edited by Cloverstack - 03-Dec-2008 at 21:13
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 20-Aug-2008 at 19:59
Само ко дополнување

Висина на двојните аутобуси се од 3.96 до 4.42 m во зависност од моделот
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 20-Aug-2008 at 20:30
Од каде овој податок?

Ако е точен, тогаш нема да имаат баш толкаво големо влијание врз идната инфраструктура, но сепак ефектот нема да е ни за потценување, а сите други аргументи против си остануваат...
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Online
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 20-Aug-2008 at 23:52
Јас навистина не знам што е ова запнување од владава да бидат двоспратни!Question

Зошто да прават излишно прилагодување на целиот град,обука на шоферите,смена на гаражите на ЈСП,смена на свеста на граѓаните да седат мирни и уште многу други работи кои значат влегување во нови проблеми и што е најлошо трошење на пари со кои пример би можело да се купат уште два-три автобуси.

Ако навистина на некој толку му е кеф за двоспратен автобус,тогаш првата идеја беше најдобра кога се планираше да се купат 4 двоспратни(за традиција или атракција) и еден отворен за туристи.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 20-Aug-2008 at 23:54
Originally posted by ovaj_stariov

Јас навистина не знам што е ова запнување од владава да бидат двоспратни!Question

Зошто да прават излишно прилагодување на целиот град,обука на шоферите,смена на гаражите на ЈСП,смена на свеста на граѓаните да седат мирни и уште многу други работи кои значат влегување во нови проблеми и што е најлошо трошење на пари со кои пример би можело да се купат уште два-три автобуси.

Ако навистина на некој толку му е кеф за двоспратен автобус,тогаш првата идеја беше најдобра кога се планираше да се купат 4 двоспратни(за традиција или атракција) и еден отворен за туристи.


Токму така... првата идеја си беше сосема на место... Непотребно се забега.

Инаку сигурен сум дека разликата помеѓу двоспратни и стандардни автобуси е повеќе од 2-3 автобуса екстра.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Online
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 21-Aug-2008 at 00:48
За тие два-три автобуса мислев на парите што ќе ги потрошат за прилагодување на семафори,обуки и слично.

Инаку сосема се сложувам дека двоспратните се далеку поскапи.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 21-Aug-2008 at 02:43
Originally posted by ovaj_stariov


Инаку сосема се сложувам дека двоспратните се далеку поскапи.


Во овој дел мора да бидеме реални, за поголемата цена обезбедуваат поголем капацитет. Но (ова е големо но) прашање е како на ова и на други полиња се носат компаративно со артикулираните автобуси на пример. Мислам дека не е случајно што низ светот артикулираните автобуси преовладуваат неспоредливо повеќе отколку двоспратните... Едноставно двоспратните имаат многу повеќе слабости (од кои голем дел беа спомнати и во оваа нишка)
Во одредени специфични услови сигурно дека и двоспратните можат да бидат попрактични, како на пример Лондон, кој е хаотичен град со кратки и криви улични сегменти, па обезбедување на поголем капацитет со одење во висина е логична варијанта.
Но тоа во Скопје не е случај. Скопје е град на булевари (и уште повеќе ќе биде со дореализација на ГУП-от). Ако има потреба од автобуси со поголем капацитет, тогаш артикулираните автобуси за Скопје се далеку поприкладни. А ако упорно сакаат традиција, факт е дека артикулираните автобуси во Скопје се многу поголема традиција отколку двоспратните...

Во секој случај, ваков тип на одлуки се со многу далекусежни последици... Во нормални држави се носат одговорно и врз база на објективни критериуми како што се функционалност, економичност, практичност... Се прават студии, пресметки, анализи... Сето тоа од стручни луѓе на сите тие полиња.
Кај нас критериумот е некаква наводна традиција, а за него одлучила за нас непозната мала група на нестручни и неодговорни лица... Ама кој рече дека ние сме нормална држава?

Wallbash
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 21-Aug-2008 at 10:32


Па доволно е да го земеме во предвид менталитетот кај нас за тезата со капацитетот падне во воде. Двоспратните имаат поголем капацитет само доколку тој се користи. Кој кај нас ќе го користи? Како прво луѓето реално ќе ги мрзи. Како второ многу е веројатно дека тоа ќе биде делот кај што ќе се собираат они кои прават глупости по автобуси а сите други патници ќе го избегнуваат.

Друго се двоспратните автобуси кои одат на долги релации (да речеме туристички автобуси) таму начинот на експлоатација е сосема различен. За градски кратки релации навиките се сосема различни.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.