build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 04-Sep-2008 at 10:59
Колку за споредба, дали знаете со колку автобуси моментално оперише ЈСП?!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 04-Sep-2008 at 11:01
Originally posted by lslcrew

Колку за споредба, дали знаете со колку автобуси моментално оперише ЈСП?!


пишува некаде во нишкава разгледај... некои 400-500 беа
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 04-Sep-2008 at 11:03
На www.jsp.com.mk пишува 450, ама мислев да не е стара бројката.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 04-Sep-2008 at 11:40
Хммм 450 а дневно сообраќаат.....
 
 
Originally posted by Cloverstack

Повторно на оваа тема... Има некои нови моменти и корисни нови информации, па си викам да го регистрираме овој текст.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9586E357FE9E854FBF0205930AFEF83C

Возењето во јавниот превоз ќе се плаќа со „паметни картички“

Картичките ќе се надополнуваат со кредит и ќе се отчукуваат во „валидатори“

Сања Наумовска

Возењето во автобусите на ЈСП и на приватните превозници во иднина ќе се плаќа со картички (смарт-тикетс) кои, како и кредитните картички ќе се надополнуваат со кредит и ќе се отчукуваат во „валидатори“ поставени во автобусите. Картичките за ЈСП ќе ги набави Градот Скопје, за што деновиве ќе биде распишан тендер, а приватниците ќе ги набават сами.

Во рамките на истиот тендер ќе биде набавена и опрема за автоматско следење на движењето на автобусите (АЛВ-систем), што ќе се реализира од еден центар под Транспортниот центар. Приватните превозници веќе имаат набавено 70 „валидатори“ кои ќе се монтираат во следните десетина дена, но нема да се користат се' додека не се опремат сите 160 автобуси кои дневно циркулираат по скопските улици. Следењето на автобусите ќе дава податоци за почитувањето на возниот ред, но и за безбедноста на возилата и патниците. Во автобусите ќе има и копче за паника, со кое до центарот ќе се алармира доколку во возилото е загрозена безбедноста на патниците.

Имплементирањето на двата система е неопходно пред реализацијата на третиот дел од проектот - плаќање по изминат километар- според кој би требало да се финансираат и ЈСП и приватниците. Практично, секој ќе добива толку пари колку што извозел километри, но за тоа неопходен услов е обезбедување дополнителни субвенции од владата, покрај два милиона денари што ги дава Градот Скопје.

По воведувањето на безготовинското плаќање со смарт-тикетс, исти картички нема да важат и кај ЈСП и кај приватниците се' додека не се изедначат цените и не се воведе плаќањето по километар. Сепак, велат во Градот, системите се компатибилни, па соединувањето во иднина нема да биде проблем. Оттаму се надеваат дека во интерес на граѓаните и за поедноставување на користењето на јавниот превоз во градот, третиот дел од проектот ќе се реализира што е можно побрзо.

„Со тендерот ќе се набават 250 ’валидатори‘ и толку системи за следење на автобусите. Во Скопје дневно циркулираат приближно толкав број автобуси, а ако има потреба, овие уреди лесно можат да се демонтираат и префрлат во друго возило“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот Скопје.

Тој објаснува дека покрај картичките, кои во прво време ќе се продаваат во билетарниците на ЈСП, а подоцна и во сите маркети, картички ќе се купуваат и во автобус за оние кои не се возат редовно, или за странци. Сепак, тој билет ќе биде многу поскап од цената на едно возење со смарт-тикетот, бидејќи една од важните цели на овој проект е и форсирање на безготовинското плаќање на јавниот превоз. Картичките ќе можат да се дополнат со различна сума кредит во секое време, во билетарниците, а подоцна и во пошироката трговска мрежа.

„Картичките за приватниците ќе се купуваат во киосците на автобуските станици, а во иднина и на одредени локации на кои ќе има поставено пунктови специјално за оваа намена“, информира Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Во автобусите ќе се инсталира и опремата за автоматско лоцирање, а податоците, заради контрола на возниот ред, ќе ги добива и Градот. Јовановски потенцира дека воведувањето на плаќање по километар, всушност, е најважниот дел од проектот, бидејќи е во интерес на граѓаните, кои ќе добијат поквалитетен превоз, без конкурентни цени и без преклопување на линии.

 
и ова
 
 
"Нормално, на почетокот градот бил многу помал и имало многу помалку патници, па на многу линии крајната станица им бил Плоштадот Македонија или Градски парк. Со текот на годините, како што се развивал градот се зголемувал и бројот на автобуси и бројот на линии. Па така, во 1989 година ЈСП ја достигна својата кулминација во развојот, кога низ улиците во Скопје се движеа 350 автобуси.
Сега имаме линии кои се долги и по 45 километри и автобуси кои минуваат по 500 километри дневно. Со започнувањето на транзицијата почнува и назадувањето на претпријатието, и тоа сега е во лоша финансиска состојба, и во Скопје сообраќаат 235 автобуси. Возниот парк е застарен со просечна старост на возилата од 17 години", објаснува Чакаров.

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 04-Sep-2008 at 11:49
ЈСП викаше негде по 200.000 евра за 'обичните'  дали знае некој колку чини еден асален двоспратен? 
 
 
Originally posted by vardar

 Bash Bash Bash
 

КОНКУРСОТ ЗА НАБАВКА НА ВОЗИЛА ставен ВО МИРУВАЊЕ

ЈСП бара уште пари за нови автобуси

Ако еден нов современ автобус чини до 200.000 евра, за купување 50 возила на ЈСП, покрај 4,4-те милиони евра од Владата, ќе му недостигаат уште шест милиони евра

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ по изборите ќе бара од Владата уште пари за набавка на 50 нови автобуси. Владата лани во декември на претпријатието му даде 4,4 милиони евра за обнова на возниот парк, но од ЈСП велат дека тие пари не се доволни за да се набават толку висококвалитетни современи возила со сета опрема, кои го исполнуваат еколошкиот стандард Еуро 4. Се' уште не е распишан ниту меѓународниот конкурс за набавка на автобуси со патите што ЈСП веќе ги има на својата сметка, иако според најавите, тоа требаше да биде направено одамна. Сега конкурсот ќе мора да чека да завршат изборите, бидејќи во предизборен период законски не смеат да се вршат вонредни исплати.За неговата подготовка и распишување беше формирана Комисија составена од членови на Владата, од Градот, од Управниот одбор на ЈСП, како и од вработени во претпријатието.

КВАЛИТЕТОТ Е СКАП

- Парите за набавка на автобусите што ни ги даде Владата нема да стасаат ако сакаме да купиме висококвалитетни автобуси со соодветни технички карактеристики и опрема, како што се клима-уреди и екомотори со минимум Еуро 4-стандард. Огласот што го подготвувавме ќе биде ставен во мирување, бидејќи е предизборен период - вели Орце Ѓорѓиевски, директор на ЈСП.Според грубите процени на ЈСП, еден висококвалитетен автобус би чинел од 150.000 до 200.000 евра. Во тој случај, за набавка на 50 автобуси, освен 4,4-те милиони што веќе ги има, на претпријатието му недостигаат уште шест милиони евра. Ѓорѓиевски вели дека кај Владата има расположение комплетно да ја финансира набавката на 50 автобуси. Ако претпријатието не добие уште пари, ќе купи помалку возила, односно, ако едно чини 200.000 евра, ќе може да се купат 22.Инаку, според инвестициската програма на претпријатието за годинава првите 20 автобуси требаше да се вклучат во сообраќај до мај, а другите 30 во јуни и во јули.Поради предизборието, ќе мируваат и преговорите меѓу ЈСП, Градот и Владата за субвенционирање на јавниот превоз од страна на државата.

ИНВЕСТИЦИИ ОД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ДЕНАРИ

Освен помошта од Владата, ЈСП годинава прв пат доби субвенција од Градот од 1,4 милион евра. Според инвестициската програма, дел од тие пари, а дел пари од претпријатието, ќе се потрошат за набавка на 10 нови минибуси и за преадаптација на 20 автобуси за користење природен гас.Претпријатието годинава планира и да ги обнови каросериите на 50 автобуси, за да ја подобри техничката исправност на возниот парк. За обнова на каросеријата на едно возило се потребни од 15.000 до 20.000 евра. Предвидено е и во 250 до 280 автобуси да се постави нова опрема за наплата на возењето со таканаречени интелигентни билети, кои ќе бидат слични на тие за мобилните телефони. Се планира и воведување систем за автоматско следење на возилата, кој ќе овозможи точно да се знае кој автобус во која минута каде се наоѓа и дали возилата го почитуваат возниот ред. За сите предвидени инвестиции годинава ЈСП планира да потроши 543 милиони денари, односно 8,9 милиони евра.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C6CE3E2FCBB5EE41A18931450EFC7DF5

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 04-Sep-2008 at 11:53
 
 

Денеска ќе има тендер за двокатни автобуси

Тендерот за набавка на 102 двокатни автобуса ќе биде објавен денеска, дознава „Утрински весник“. Средствата за купување на автобусите ќе бидат обезбедени од буџетите за 2008 и 2009 година, а доколку има потреба, тогаш ќе се предвиди таква ставка и од буџетот на државата за 2010 година. Владиниот портпарол и вицепремиер Ивица Боцевски вчера потврди дека два од автобусите ќе бидат отворени, бидејќи ќе се наменат за панорамско разгледување на Скопје и на Охрид.

„Скопје ќе добие 100 нови климатизирани автобуси, конструирани според најнови стандарди со низок под и со рампи за лицата со посебни потреби. Оној што ќе го добие тендерот за набавка, ќе има обврска и да ги сервисира автобусите во текот на нивниот гарантен рок“, рече вчера Боцевски, не прецизирајќи колку средства ќе бидат одвоени за купување на автобусите.

Според Боцевски, набавката на автобусите ќе ја спроведе Владата заради, како што рече, опструкциите од градските власти врз претходниот тендер. Портпаролот истакна дека градоначалникот Костовски ветил дека ќе ги врати парите што Владата веќе му ги додели на Градот за да набави нови автобуси. Владата смета дека освен две, сите други линии на кои сообраќа ЈСП се безбедни за двокатните автобуси. (Б.А.)

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 04-Sep-2008 at 14:25


А добро што планира владата? Да отвори свое претпријатие за јавен превоз? Ова стварно не ми е јасно...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 04-Sep-2008 at 14:28
Originally posted by Cloverstack



А добро што планира владата? Да отвори свое претпријатие за јавен превоз? Ова стварно не ми е јасно...


За ова реално заслужуваме тотален прекин на било каков напредок кон ЕУ. Вакво вулгарно упаѓање во работата на локалните власти Ohno Децентрализација my ass
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 04-Sep-2008 at 16:40
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 04-Sep-2008 at 17:49


Не знам за кои туристи толку напињаш... Зарем навистина очекуваш Скопје да стане светски позната туристичка дестинација како Барселона? И кој е рецептот за да го постигнеме тоа? Двоспратни автобуси, неартикулирани цркви и ред други такви објекти, бисти на секој чекор а вон секаков контекст... и многу други глупости што веќе беа спомнати... Ако тоа е рецептот, можам да претпоставам дека не очекува навистина „блескава“ туристичка иднина (и не само туристичка).
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 04-Sep-2008 at 19:40
Originally posted by Cloverstack



Не знам за кои туристи толку напињаш... Зарем навистина очекуваш Скопје да стане светски позната туристичка дестинација како Барселона? И кој е рецептот за да го постигнеме тоа? Двоспратни автобуси, неартикулирани цркви и ред други такви објекти, бисти на секој чекор а вон секаков контекст... и многу други глупости што веќе беа спомнати... Ако тоа е рецептот, можам да претпоставам дека не очекува навистина „блескава“ туристичка иднина (и не само туристичка).

кловер ако го следеше линкот на цитатот ќе разбереше дека се работи за студија изработена на универзитет од Барселона но за Салвадор главниот град на Бахиа федерална држава во Бразил и да рецептот е тој државата да притекне да инвестира во градот и за градот во работи со кои нормално е да се индетификуваме како Цркви, Историски музеи, споменици за истакнати Имиња од Македонската историја... според тебе што е рецептот инвестирање во секс, дрога и рокенрол или можеби стоковни куќи како лумикс и типо ќе не направат метропола а да не почнувам дека истите се доволни само за во кисела вода како прилог авантуристичките обележја кои ќе се инсталираат таму...

инаку блескавата иднина ќе ја имаме оној момент кога ќе застанеме како свои на своето и ќе ги вратиме прво обележјата кои или беа продадени ефтино или не видоа светол ден заради одродените политичари, обележја како ѕвездата од кутлеш и средновековниот лав кој и ден денес го немаме истакнато на грбот! но некуму изгледа приказните за европа со обезличени македонци му е помила, сакајќи да избега кукавички од товарот на славата, вистината и наследството кои треба да ги носиме како Македонци, работа што скоро и да е невозможна со оглед дека досега наназад неколку века по ред се се фалсификува во негаторски контекст кон Македонија како од соседите така и од нивните колонијалистички протежеа од европа кои и ја поделија Македонија...

незнам дали си наивен или претпазлив па волку скепса што имаш кон се што почнува оваа влада, почекај нека заврши некој проект па сетне суди, ти уште на нероден петко му ја кроиш капата и одма ги етикетираш сите проекти и сите што стојат зад нив како изгубени во космосот, дај малку луфта на нештата и предложи комбинации поиздржани од истите, сепак на крајот на сето ова не работи само еден човек туку цели тимови експерти за кои ти радо ќе кажеш дека се аутсајдери иако луѓето имаат километража и дома и надвор... туку да не ја тегнеме, нека ги пуштат автобусите во оптек и ќе видиме колку и како естетско-туристичката слика за скопје ќе се смени па  наредната година ова време повели со полн здив коментирај негативно или позитивно за овој момент!



Edited by beTon - 04-Sep-2008 at 19:44
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 04-Sep-2008 at 21:17
Originally posted by beTon

кловер ако го следеше линкот на цитатот ќе разбереше дека се работи за студија изработена на универзитет од Барселона но за Салвадор главниот град на Бахиа

федерална држава во Бразил и да рецептот е тој државата да притекне да инвестира во градот и за градот во работи со кои нормално е да се индетификуваме како Цркви, Историски музеи, споменици за истакнати Имиња од Македонската историја... според тебе што е рецептот инвестирање во секс, дрога и рокенрол или можеби стоковни куќи како лумикс и типо ќе не направат метропола а да не почнувам дека истите се доволни само за во кисела вода како прилог авантуристичките обележја кои ќе се инсталираат таму...

инаку блескавата иднина ќе ја имаме оној момент кога ќе застанеме како свои на своето и ќе ги вратиме прво обележјата кои или беа продадени ефтино или не видоа светол ден заради одродените политичари, обележја како ѕвездата од кутлеш и средновековниот лав кој и ден денес го немаме истакнато на грбот! но некуму изгледа приказните за европа со обезличени македонци му е помила, сакајќи да избега кукавички од товарот на славата, вистината и наследството кои треба да ги носиме како Македонци, работа што скоро и да е невозможна со оглед дека досега наназад неколку века по ред се се фалсификува во негаторски контекст кон Македонија како од соседите така и од нивните колонијалистички протежеа од европа кои и ја поделија Македонија...

незнам дали си наивен или претпазлив па волку скепса што имаш кон се што почнува оваа влада, почекај нека заврши некој проект па сетне суди, ти уште на нероден петко му ја кроиш капата и одма ги етикетираш сите проекти и сите што стојат зад нив како изгубени во космосот, дај малку луфта на нештата и предложи комбинации поиздржани од истите, сепак на крајот на сето ова не работи само еден човек туку цели тимови експерти за кои ти радо ќе кажеш дека се аутсајдери иако луѓето имаат километража и дома и надвор... туку да не ја тегнеме, нека ги пуштат автобусите во оптек и ќе видиме колку и како естетско-туристичката слика за скопје ќе се смени па  наредната година ова време повели со полн здив коментирај негативно или позитивно за овој момент!




Да, моја грешка е што не го следев линкот, но тоа веројатно му доаѓа како рефлекс на бројните офтопик линкови со кои ти го преплави форумов.

Во секој случај, не гледам каква врска има тоа што се збори во линкот ниту со Скопје, ниту со јавен превоз, ниту некоја друга навистина реална поврзаност...
Текстот (конкретниот дел што го посочуваш) е толку краток и генрален, што поврзаност може да најде само човек што однапред решил да најде врска и да ја стави во некаков контекст што му одговара.

Исто така, во нишкава нема место за ѕвездата од Кутлеш, тези за „кукавичко бегање од товарот на славата“, историски лекции, психоанализа на форумаши и слични акробации. На ваквата пракса ќе и дојде крај на овој или оној начин.

Инаку што се однесува до твојата констатација дека треба да чекам да се реализираат сите овие проблематични иницијативи, па дури после да сум коментирал - немам намера да молчам додека врз градот се атакува на најразлични можни начини, а под закрила на смешни објаснувања кои паѓаат во вода и при најмал критички осврт.
Доколку се спроведат иницијативите, за многу работи ќе биде доцна. Едноумието и онака е поминато, не знам по кој основ од мене бараш да молчам (макар наводно само привремено)... Барем од тебе како нескриен жесток анти-комунист не треба да доаѓаат такви размислувања.
Јас за разлика од тебе барем се држам до темата, освен во вакви случаи кога сум принуден да одговарам на офтопик постови.



Офтопикот тука завршува. Назад на тема: Јавен автобуски превоз


Edited by Cloverstack - 04-Sep-2008 at 21:19
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 04-Sep-2008 at 21:27


ApplauseApplauseApplause

Originally posted by Cloverstack

Исто така, во нишкава нема место за ѕвездата од Кутлеш, тези за „кукавичко бегање од товарот на славата“, историски лекции, психоанализа на форумаши и слични акробации. На ваквата пракса ќе и дојде крај на овој или оној начин.


Навистина не знам на кој јазик треба да се објаснат овие работи за да станат јасни и да се практикуваат. Можеби на португалски во контекст на претходните неколку поста?

Никој не е амнестиран на правилата независно од стажот и ангажманот.



Applause

Edited by pbanks - 04-Sep-2008 at 21:27
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 05-Sep-2008 at 14:15
jas sakam dvokatni avtobusi... izvini pbanks sto nese soglasuvam so tebe. pbanks bara od mene obrazlozenie zosto sum sakal dvokatni avtobusi- evego; 1) ubavi se 2) 'toa e nesto razlicno nesto nevoobicaeno, koe moze da stane simbol na gradot'.
Dali sum jasen pbanks? posto mi go izbrisa komentarot so moeto odobruvanje, ako mi go izbrisis i ovoj- go napustam forumov.
Mnogu od vas stvarate ednoumie na forumov, poveketo proekti gi napagate, nisto ne vi se sviga- i gledam deka na nekoj od vas ve nervira ako ima lujge sto odobruvaat proekti predlozeni od vladata. (Za volja na vistinata ni na kraj pamet ne mi teknalo da podrzam dvokatni avtobusi oti toa bilo predlog na vladata).. ne mi e gajle koj gi predlozil mene mi se svigat idejata za dvokatni avtobusi vo Skopje.

P.S: nemame site vreme da citame "zakoni na forumov" i nemam sekogas vreme da obrazlozam zosto odobruvam nekoj proekt ili ne.


Edited by GreatMakedon - 05-Sep-2008 at 14:21
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 05-Sep-2008 at 14:22
GM ne pravi problemi kade gi nema. Normalno e da baram da ima obrazlozenie, na drugi clenovi takvi kratki postovi im se brisat i bez objasnuvanje i namesto da cenis sto si zimam od vremeto i ti objasnuvam kade e problemot uste pravis tuka drama.

Ako praime forum da praime forum, ako ne da staime kljuc tuka i da prodolzime da bideme ignorantni kako nacija.
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 05-Sep-2008 at 14:24
..uste nesto, mnogu retko komentiram na forumov, zatoa mislam deka ne e fer da mi se brise komentar posto pisam komentar samo koga navistina dlaboko se soglasuvam ili ne so nekoj proekt.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 05-Sep-2008 at 14:24
Originally posted by GreatMakedon


P.S: nemame site vreme da citame "zakoni na forumov" i nemam sekogas vreme da obrazlozam zosto odobruvam nekoj proekt ili ne.


zakonite ne se za ukras. Jas trosam mnogu povekje vreme i pari za da go napravam ovoj forum. Zakonite se ednostavni i jasni. Kako sto se obvrska za mene taka se i za site.
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 05-Sep-2008 at 14:27
velis ignoranti??  jas ednostavno napisam    "102 avtobusi Thumbs%20Up" <--nemozam da svatam kako moze vakvo nesto da pretstavuva problem, ova nema vrska so politika.. sakav na brzina da istaknam deka mene mi se svigat planot za da se nabavat 102 avtobusi. Ti ne morase toa da go brises i da me predupreduvas demek propagiram nekoj strasni iedologii... mozese da prasas zosto taka mislam i ljubezno ke ti objasnev.
Ne sakam da se karam... podobro da ne pisam nisto.


Edited by GreatMakedon - 05-Sep-2008 at 14:29
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 05-Sep-2008 at 14:28
И јас сум за двокатни автобуси Скопје ке се разликува од другите главни градови на балканот...само ако ги нема кај нив?


Edited by pbanks - 04-Dec-2008 at 10:48
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 05-Sep-2008 at 14:33
Originally posted by GreatMakedon

velis ognoranti??  jas ednostavno napisam    "102 avtobusi Thumbs%20Up" <--nemozam da svatam kako moze vakvo nesto da pretstavuva problem, ova nema vrska so politika.. sakav na brzina da istaknam deka mene mi se svigat planot za da se nabavat 102 avtobusi. Ti ne morase toa da go brises i da me predupreduvas demek propagiram nekoj strasni iedologii... mozese da prasas zosto taka mislam i ljubezno ke ti objasnev.
Ne sakam da se karam... podobro da ne pisam nisto.


i nema potreba da se karas/karame. Ti rekov vekje vo PM batali ja politikata na strana. Uste ednas kje go napisam toa sto go pisav vo inicijalniot PM.

Na 3-4 strani prethodni ima argumenti pro i contra. Nikoj ne ti go spori pravoto da ti se dopagja idejata. Od pocit kon forumot i forumasite koi navistina se trudat da go napravat sodrzaen forumot mozes da dades barem elementarno objasnuvanje. Vaka navistina moze da se interpretira takva kratka izjava na sekakov nacin.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.499 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.