build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5960616263 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #1201 Posted: 24-Jul-2011 at 17:40
Има посебна тема за П+1 автобусиве -

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=477
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1202 Posted: 24-Jul-2011 at 17:51
нема проблем,администраторот на темава слободно нека ја премести темава
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #1203 Posted: 28-Jul-2011 at 13:11
Како изгледа кога се возите во двокатен а пред вас стои дотраен Санос - глетка која ќе биде почеста откако ќе стигнат 60-тината двокатни кои патуваат навака ...

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1204 Posted: 01-Aug-2011 at 11:19
ШОФЕРИТЕ НА ЈСП НА КУРС ЗА ВОЗЕЊЕ

Учат да кочат со двокатните

Акцентот на подготовките пред да пристигне првата тура кинески возила е ставен повеќе на теорија, односно возачите учат како да го управуваат воланот, како да стискаат копчиња, гас, кочница

Шоферите на градските автобуси деновиве учат како да ги возат новите двокатни автобуси. Акцентот на подготовките пред да пристигне првата тура кинески возила е ставен повеќе на теорија, односно запознавање со деловите на автобусот. Во таа насока возачите се подготвуваат како да го управуваат воланот, како да стискаат копчиња, гас, кочница. Откако ќе го поминат теоретскиот дел, ЈСП "Скопје" планира шоферите да поминат и практични вежби со двокатните автобуси.
"Двокатните автобуси се автоматизирани и нивното возење многу се разликува од возењето на досегашниве автобуси. Возачите мора да научат беспрекорно
да ги управуваат пред тие да бидат пуштени на улиците. Овој курс е многу важен за безбедноста како на возачите така и на патниците", велат од ЈСП "Скопје".
Двокатни автобуси од Кина тргнаа кон Скопје пред две недели. 68 автобуси, од кои еден со отворен покрив за туристичко разгледување веќе патуваат со бродот "Гранде Сиера Леоне ФН 119" и според пресметките на производителот треба да пристигнат во Атина до средина на август. Согласно договорот за испорака на двокатните, производителот ангажира транспортна компанија од Грција, која во три фази ќе ги транспортира автобусите до границата со Република Македонија.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=6AAFCBAA9D39B043AEAD46EC14D038D6
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1205 Posted: 06-Aug-2011 at 15:19



СКОПСКИТЕ АВТОБУСИ АТРАКЦИЈА ВО ЖЕНГЖОУ

Кинески свадби во двокатните

Инспирирани од нашите парови, кои веќе го користат двокатниот автобус за свадбени фотосесии, и младенците во Кина посакале да се венчаат во новите скопски автобуси. Церемонијата се случила во дворот на фабриката "Јутонг"

Скопските двокатните автобуси станаа атракција за венчавки и во Кина. Инспирирани од нашите парови, кои од неодамна автобусот на два ката го користат за свадбени фотосесии, и Кинезите одлучиле да прават свадби во скопските автобуси.
Но не во двокатниот кој веќе вози низ Скопје туку во автобусите кои сè уште се во фабриката "Јутонг", во кинескиот град Женгжоу.
Се започна со свадбата на Верче и Никола Димитревски од Скопје, кои први ја заменија свадбената лимузина со автобус. Откако пред два месеци во Матично го кожаа судбоносното "да" овој пар одлучи своите роднини и пријатели да ги изненади со свадбена прошетка со двокатниот автобус.
"Се возевме само една станица, но беше многу интересно", ни изјави тогаш Никола.
Младенците се провозија само еден круг пред да продложат со семејната прослава, но нивната приказна се слушна дури до Кина.
Идејата веднаш ја ископираа кинеските младоженци.
Пред роднини и пријатели, како и пред голем број гледачи што се собрале да ја гледаат атрактивната групна свадба, дваесет и осум парови неодамна го кажале судбоносното "да" во еден од скопските двокатни автобуси.
По дадената заклетва, младоженците се качиле во автобусот, декориран со цвеќиња во разни бои, и се возеле во кругот на фабриката производител.
"Црвената боја е специјална боја која асоцира на среќа и задоволство. Кинезите ја обожаваат бојата, го сакаат бракот, раѓањето деца и свечености, па скопските двокатни автобуси им беа знак дека групната венчавка треба да ја направат во нив", изјавија од фабриката "Јутонг", организатор на венчавката.
Радоста за црвените автобусите била толку голема што овие парови одлучиле сами да го осмислат дизајнот на дворот во кој биле паркирани два од нашите двокатни.
Меѓу нив поставиле бина, на која требале да застанат во моментот на венчавката, а пред неа бил постелан црвен тепих.
На денот на венчавката, во 7,45 часот наутро, тие се собрале пред фабриката и ја започнале церемонијата, која на крај завршила со возење во двокатниот автобус.
И нивните застапници во Скопје се среќни за големата популарност на скопските двокатни автобуси со ретро дизајн.
"Кога видов колку воодушевено скопјани го прифатија новиот двокатен автобус, морав за тоа да го информирам и нивниот производител. Им испратив фотографии од свадбените фотосесии на младите парови во него и тие беа изненадени од креативноста и искористеноста на автобусот. Ветија дека ќе ни ја ископираат идејата и уште веднаш организирале групна венчавка во нив. Додека да ни ги испратат автобусите, најавија дека ќе организираат уште свадби, оти интересот кај нивните млади бил огромен", вели Живанчо Пановски, застапник на "Јутонг" во Скопје, нагласувајќи дека посебно им се допаѓа ретро дизајнот кој го имаат само автобусите кои се прават за Македонија.
Од пред пет месеци, по градските улици вози првиот двокатен автобус. Тој ги шокира скопјани со необичниот ретро изглед, па освен што има редици кој прв да се качи во него, тој од скоро важи и за најатрактивна локација за откачени фотосесии.
Двокатниот автобус се најде и во списокот на најубави места за свадбена фотографија во Македонија, која ја објави "Вест" пред еден месец.
Заедно со кањонот Матка, пештерата Шаркова Дупка во Маврово, мегалитската опсерваторија Кокино, Канео, Трпејца и Куќата на Робевци во Охрид, битолскиот Широк сокак и двокатниот автобус "15" во Скопје високо котира на листата на мекодонски автентични локации за свадби и фотосесии.
Сите 202 автобуса треба да бидат во Скопје до крајот на 2013 година.

68 двокатни патуваат кон Скопје

Двокатните автобуси од Кина тргнаа кон Скопје пред три недели. 68 автобуси, од кои еден со отворен покрив за туристичко разгледување, веќе патуваат со бродот "Гранде Сиера Леоне ФН 119" и според пресметките на производителот треба да пристигнат во Атина до средината на август. Согласно договорот за испорака на двокатните автобуси, производителот ангажира транспортна компанија од Грција, која во три фази ќе ги транспортира автобусите до границата со Република Македонија.
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=7E9BEE9FEA9AB441B8529954FF916F91
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1206 Posted: 07-Aug-2011 at 01:34
сега превозот со автобусиве ќе да е подобар, чим кинези се венчале пред нив, тогаш феноменални се автобусиве LOL Crazy
ах бре будалаштини...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1207 Posted: 07-Aug-2011 at 01:48
требаше да се земат неколку двокатни како сеќавање на некои стари времиња,но акцентот да се стави на нископодни единачни или зглобни,ако неможиме барем тролејбуси да обезбедиме.вака се премногу овие двокатниве.Би сакал иднината да ме демантира,но кога на сите ќе им помине меракот за возење на кат,никој нема да се качува горе
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1208 Posted: 07-Aug-2011 at 02:34
Originally posted by gjoko

требаше да се земат неколку двокатни како сеќавање на некои стари времиња,но акцентот да се стави на нископодни единачни или зглобни,ако неможиме барем тролејбуси да обезбедиме.вака се премногу овие двокатниве.Би сакал иднината да ме демантира,но кога на сите ќе им помине меракот за возење на кат,никој нема да се качува горе
ма воопшто не требаше ни да се земаат двокатни автобуси како нова линија на производи, ако целта на проектот беше да се доловат минати времиња, можеше барем да се пронајдат два три оригинални автобуси и да се реставрираат со тоа што ќе се користат како функционални возила, како што има во многу нормални градови... во никој случај не требаше да ни се потпира градскиот превоз на вакво нешто


Edited by zabegan - 07-Aug-2011 at 02:36
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #1209 Posted: 10-Aug-2011 at 21:45
11 кинески автобуси стигнаа во Скопје

Скопје со новите автобуси веќе го доби изгледот на метропола со модерен возен сообраќај низ градот. Пристигнаа уште 11 двокатни автобуси. Во наредните денови бројката се повеќе ќе се зголемува.

Производителот Јутонг од Кина во континуитет секојдневно ќе ги испорачува во 6 фази 67-те автобуса, кои се очекува да пристигнат до 25 август. Еден од нив е со отворен покрив за туристичко разгледување.

Свечено ќе бидат пуштени во употреба на 8-ми септември. Според договорената зделка, целосната испорака на 202 автобуса треба да заврши до 2013 година. Целосно ќе се обнови возниот парк на ЈСП, со 15 отворени двокатни автобуси, 80 нископодни и 16 минибуси.

Автобусите патуваа со брод од пристаништето во Хонг Конг до Грција, од каде што 11 возачи ги испорачаа во Скопје. Возачите што ќе сообраќаат со овие автобуси од понеделник ќе почнат да посетуваат обука со теоретски и практичен дел, по препорака на производителите, ќе добијат сертификат за завршен курс, а потоа ќе бидат тестирани.

Иако Јутонг е најголемиот производител на автобуси во Азија и меѓу првите пет во светот, за прв пат направи двокатни автобуси со ретро дизајн.

Бонус



http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/22466/11_kineski_avtobusi_stignaa_vo_skopje.aspx
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 822
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #1210 Posted: 11-Aug-2011 at 01:27
Некако во последно време „забораваат“ да ги споменат четирите зглобни од ЛАЗ, што укажува на тоа дека можеби и гласините дека нема да бидат доставени 4те зглобни можно да се точни.......но сепака ја знаеме репутацијата на македонските новнари кога станува збор за пренесување на точна и прецизна информација.
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #1211 Posted: 11-Aug-2011 at 03:15
Па еве Скопје нека им нуди на кинезите Скопје Опен Бас Вединг Тур.
Ќе ни стигнат некои овде. ЛоЛ
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #1212 Posted: 12-Aug-2011 at 05:02
НА ЦАРИНСКИ ТЕРМИНАЛ

Пристигнаа 11 двокатни автобуси


Завчера вечерта околу 19 часот во државава пристигнале 11 двокатни автобуси од Кина. Тие во моментот се наоѓаат на царинскиот терминал „Макошпед“.

- Во тек е процедурата за плаќање на царината и останатите царински формалности. Владата, односно Министерството за транспорт и врски ќе изврши прием на автобусите, а потоа ќе следи постапка на префрлање на сопственоста на автобусите на Градот, по што на седница на Советот Градот ќе ги предаде во сопственост на ЈСП - вели Стојановски.

Деновиве треба да пристигнат вкупно 68 автобуси, од кои еден отворен за панорамско разгледување. Тие се наоѓаат на пристаништето во Солун, и ќе доаѓаат по 11 на секои два дена.

Веќе се подготвуваат сообраќајниците за двокатните автобуси, односно се кастрат дрвјата кои би им пречеле при движењето. Стојановски истакна дека ќе се подигаат на висина од 4,5 метри и рекламните паноа кои се пониско поставени, а пред да бидат пуштени во сообраќај ќе се направи уште една проверка.

Сите 68 автобуси официјално ќе бидат пуштени во сообраќај на 8 септември, на градските линии: 2, 2а, 3, 4, 5, 9, 15, 41, 65в, 16, 17, 19, 57, 21, 24 и 35.

До 2013 година треба да пристигнат уште 130 вакви автобуси од кои два се отворени и наменети за панорамско разгледување. Автобусите се произведени во кинеската фабрика „Јутонг“. Засега низ скопските улици сообраќа само еден двокатен автобус, а ќе има вкупно 202 и уште 80 нови нископодни автобуси од Украина.

Двокатниот автобус вторпат во дефект

Моментално единствениот двокатен автобус вчера рано изутрината се расипа на автобуската станица кај „Три Бисери“ во Аеродром. Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираа дека станува збор за мал дефект.

- Пукнало цревото за воздух. На лице место ќе го видат екипи на овластениот сервисер за двокатните автобуси „Авто Македонија“ - вели Ацо Стојановски, технички директор во ЈСП.

Досега на двокатниот автобус, кој е во сообраќај три месеци, имало три интервенции. Првиот пат кај Нерези, пред мостот Влае, исто така пукнало цревото за воздух. Втората интервенција била во Ново Лисиче, но тогаш, според директорот, се работело за проверка на нивото на масло.

Освен кај двокатниот автобус, дефекти се случија и кај украинските автобуси. Пред четири дена на Бит-пазар еден од нив му пукна црево на вентилатор.

- Од топлината потоа се запали маслото. Ваквите дефекти се незначителни и мали и не треба да загрижуваат. Засега имаме 48 нови украински автобуси. Три-четири дефекти за овие шест месеци колку што сообраќаат не е ништо. Јас лично многу сум задоволен од тоа какви се новите возила. За првпат се чувствува благодатот од новиот возен парк. Нема да се случи да откаже автобус уште од гаражата. Секогаш пристигнуваат точно на време. За корисниците на услугите е битно да им се обезбеди редовен и сигурен превоз, односно да знаат дека ќе дојде автобусот, и тоа во пропишаното време, а тоа сега го имаат - тврди Стојановски.

Еден автобус прокиснува

Граѓанин што се возел со украинските автобуси, конкретно во автобус на линијата број 5 се пожали дека при последните дождови тој прокиснувал.

- Кога заврна, од покривор на автобусот почна да тече вода. Го слушнав коментарот на човек од ЈСП кој беше во автобусот, дека сите украински автобуси прокиснувале - ни изјави скопјанецот Р.С.

Од ЈСП велат дека досега имале интервенција на еден автобус, но дека е можно тоа да се случило и кај останатите автобуси.

- Најверојатно попуштил лепакот на делот кај што се составува лимот од покривот поради постојаните вибрации на автобусот. Претходно имаше еден таков случај и тоа лесно го саниравме. Не знам за други такви случаи - вели Ацо Стојановски, технички директор во ЈСП.

Тој вели дека во украинската компанија ЛАЗ, автобусите претходно ги проверувале во воден базен за да утврдат дали се отпорни на вода.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1A47630475504C4EBFE0BF08E7493014

Edited by leonid23 - 12-Aug-2011 at 05:04
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1213 Posted: 19-Aug-2011 at 22:11

ОД ЈСП ДО МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - ПРВА РЕЛАЦИЈА НА ПАНОРАМСКИОТ АВТОБУС


Двокатниот кабриолет е резервиран за дама


Пред официјалното дефиле на 68 возила кинескиот кабриолет на два ката позираше пред објективот на фоторепортерот на ВЕЧЕР


Скопје го доби и првиот двокатен панорамски автобус. Тој пристигна во последната пратка од вкупно 67 обични даблдекери кои во редовна линија ќе почнат да возат од 6 септември.

Пред официјалното дефиле кинескиот кабриолет на два ката позираше пред објективот на фоторепортерот на ВЕЧЕР. За жал, немавме можност да ја извозиме турата панорамско разгледување на метрополата, што ќе биде негова релација, туку ја овековечивме неговата прва средба со скопските улици од гаражите во ЈСП до Машинскиот факултет, каде што треба да ја помине хомологацијата.

Како и обичниот двокатен автобус и панорамскиот не помина незабележан од случајните минувачи. Тој беше покриен со жолта церада која ќе се става само доколку времето е врнежливо, а во убавите денови патниците на вториот кат ќе можат комплетно да уживаат во глетката. Како што дознаваме, првиот двокатен панорамски автобус ќе го вози една од возачките на ЈСП, која заедно со уште неколку нејзини колешки и колеги во моментов има обука од стручњаци од Кина.

Од Министерството за тарнспорт и врски информираат дека привршуваат со административните процедури и регистрирање на автобусите и се надеваат дека официјалното примопредавање на оваа пратка на Град Скопје, а потоа и на ЈСП ќе се изврши до средината на следната недела. Двокатните автобуси ќе возат на линиите: 3, 3б, 4, 4а, 5, 7, 7б, 9, 15, 16, 17а, 19, 21, 21а, 22, 24, 35, 41, 50, 57, 59, 65в.

202 двокатни автобуси се произведуваат во кинеската фабрика Јутонг" со која Владата има договорена зделка од речиси 40 милиони евра, а кои ќе пристигаат на неколку пати. Истата фабрика ќе произведува и уште 15 панорамски двокатни автобуси кои ќе чинат 2,5 милиони евра, а ќе треба да пристигнат до јули идната година.

Во текот на идната недела треба да се комплетира и пратката од 32 нископодни автобуси од Украина од вкупно 80 единечни и 4 зглобни автобуси, во вредност од 11 милиони евра. За разлика од кинески Јутонг", која досега автобусите ги испорачува и пред истекување на крајниот рок, украински ЛАЗЗ доцни по дваесетина дена, па Министерството за транспорт и врски му пресметува казнени пенали од 0,1 отсто дневно од вкупната вредност на неиспорачаните автобуси.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=008CBD3078053E43A271FCF18C40B934
Back to Top
elMakedoner View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Oslo,Norway
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote elMakedoner Quote  Post ReplyReply #1214 Posted: 23-Aug-2011 at 16:21
Вака, ја отворив темата за што ме интересира ова веќе подолго време.
Во одредени весници ги пишува линиите на кој ќе возат двокатните но сегде не се исти. Дале ќе ми помогнете да ми кажете на кој линии ќе возат двокатните. Поздрав

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1215 Posted: 23-Aug-2011 at 22:46
Originally posted by elMakedoner

Вака, ја отворив темата за што ме интересира ова веќе подолго време.
Во одредени весници ги пишува линиите на кој ќе возат двокатните но сегде не се исти. Дале ќе ми помогнете да ми кажете на кој линии ќе возат двокатните. Поздрав




Најпрвин добредојде на форумов колега ! Со оглед на тоа што ќе дојдат поголем број автобуси и досегашната пракса на ЈСП, нема фиксно да возат одредени автобуси на одредени линии, туку истите ќе ротираат. Според тоа каде возат, мислам дека на линиите 50 и 57 нема да сообраќаат, затоа што на овие линии возат под ГТЦ и се превисоки.

Сметај дека ќе ги заменат сите стари едноделни автобуси заедно со новите автобуси од ЛАЗ на сите градски линии, така што без исклучок ќе сообраќаат низ целиот град.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1636
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1216 Posted: 24-Aug-2011 at 00:38

Жена ќе го вози двокатниот кабриолет до Матка и Водно

На 6 септември се очекува да бидат пуштени во сообраќај 107 нови автобуси, 68 двокатни и останатите едноподни од Украина



Деспина Трајковска



Двокатниот панорамски автобус, кој е дел од пратката со 68 кинески автобуси ќе вози до туристичките места низ Скопје, а честа да седи зад воланот ќе и' припадне на Весна Најдоска, возач од ЈСП, која неодамна го освои вицешампионското место на меѓународниот натпревар во вешто возење автобуси. Автобусот ќе биде даден на користење на „ЈСП турс“ и допрва треба да се одлучи колкава ќе биде цената на билетот за туристичките тури или можеби промотивно без пари ќе вози извесен период. 

Ова се последните најави од сообраќајното претпријатие кое денеска се очекува и официјално да ги добие на користење 68-те двокатни автобуси од „Јутонг“. Освен нив, градскиот Совет и официјално ќе му ги пренесе на ЈСП и правата на користење 39 украински едноподни автобуси, кои иако со задоцнување од нецел месец, сепак, стасаа во Скопје. 

Подновениот возен парк се очекува да биде предаден во употреба на 6 септември. Новите автобуси, вкупно 107, ќе бидат избрендирани симболично со порака во чест на државниот празник 8 Септември и такви ќе возат низ Скопје цел месец. 

„Денеска на Совет, всушност, треба да заврши постапката за пренос на возилата на наше име, а во меѓувреме и ние привршуваме со процедурата за пуштање во сообраќај на автобусите истовремено и утврдување на возниот ред. Практично, на користење ќе добиеме 107 автобуси, што е од непроценливо значење за подновата на нашиот возен парк“, изјави вчера Мишо Николов, директор на ЈСП. 

Тој информираше дека промоцијата на автобусите ќе се случи два дена пред државниот јубилеј. Планирано е сефте со нив да направи државниот врв и гостите на свеченоста кои ќе се повозат до скопскиот аеродром каде што истиот ден ќе се предава во употреба новата терминална зграда на „Александар Велики“.

Нема пушење во првиот панорамски автобус

Во панорамскиот автобус нема да биде дозволено пушење, иако е со отворен покрив, а во планираните речиси идентични 15 возила дури се инсистираше да има пепелници. Од ЈСП објаснуваат дека „овој е за нијанса поразличен“ и во него нема да има пепелници, ниту, пак, опрема каква што се бара за 15-те, кои исто така се нарачани од „Јутонг“. Двокатниот кабриолет, кој наскоро ќе почне да вози низ Скопје, по потреба ќе се покрива со жолта церада, а патниците ќе можат да уживаат во панорамската глетка на градот и излетничките места во убавите сончеви денови. 

Двокатните автобуси ќе возат на линиите: „3“, „3-б“, „4“, „4-а“, „5“, „7“, „7-б“, „9“, „15“, „16“, „17-а“, „19“, „21“, „21-а“, „22“, „24“, „35“, „41“, „50“, „57“, „59“, „65-в“.



http://www.time.mk/read/e5f0bde0e5/1226ed1b87/index.html

Edited by Cloverstack - 24-Aug-2011 at 16:11
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1217 Posted: 25-Aug-2011 at 19:12
Скопје го доби првиот панорамски автобус
 
http://www.makedonija24.mk/?ContentId=6985&CatId=10
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1218 Posted: 25-Aug-2011 at 22:10
Мое мислење е дека на Скопје му требаат панорамски автобуси и добро е што конечно ќе ги добие, и тоа не само за туристите туку и за граѓаните на Скопје. Мене ќе ми биде интересно да се возам до Матка со нив.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1219 Posted: 25-Aug-2011 at 22:15
Во право си Бојан , за Матка треба да има дури и редовна линија исто така линија треба да се воведе и до Св.Наум во Охрид, со оглед на тоа дека ќе има 15 панорамски.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1220 Posted: 26-Aug-2011 at 14:19
ама луѓе, што ќе ви се панорамски автобуси за до матка? стварно ли не разбирате за што се наменети таквите автобуси?
не можам доволно facepalm да дадам за вакви глупости
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5960616263 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.516 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.