build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 89>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9119
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 05-Sep-2008 at 14:37
@dejan другите балкански градови немаат двокатни автобуси и тоа со добра причина. Впрочем и другите европски градови освен оние во Велика Британија немаат двокатни автобуси. Да ќе бидеме уникатни блазесе ни. 


Edited by pbanks - 04-Dec-2008 at 10:48
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12428
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 05-Sep-2008 at 15:35
GM, сум ти го кажал ова повеќе пати, јас мислам дека и без спомнување е очигледно, ама изгледа не е за сите...
„Убавината“ на автобусите е субјективен критериум, а и како таков е многу понебитен од нивната функционалност, економска исплатливост, приспособливост и ред други објективни критериуми. Но кога веќе ја земаш убавината како главен критериум, зошто расудуваш по I/O логика? Убавината е многу релативна работа... Дали фактот што двоспратните биле убави, значи дека единечните или артикулираните се грди побогу ?!?

Но барем за едно си во право, тој втор спрат освен што ќе предизвика многу проблеми, нема да служи за ништо друго освен „за украс“, затоа што дури и малку поголемиот капацитет што го нуди, кај нас тешко дека ќе биде искористен од причини кои беа веќе нагласени. Е сега ако ти мислиш дека за таков украс вреди да фрламе толку многу пари и да предизвикаме толку нови проблеми, тогаш навистина немам што повеќе да ти кажам по ова прашање.





@ GM & dejan, во врска со „уникатноста“
„Уникатноста“ е уште еден релативен, а тотално небитен критериум кога се одлучува за концепт на јавен превоз. Всушност уникатност не е ни пожелна во случајов, затоа што за вакви работи е добра што поголема униформност и стандардизација, наместо да мораме да зависиме од специфични производители и сервисери, да правиме дополнителни обуки, да ја прилагодуваме инфратруктурата и сигнализацијата низ градот и ред број други „уникатни“ дополнителни товари што произлегуваат од двокатни автобуси.
Зарем уникатност сама по себе е добра работа? Ако целта е уникатност без концепт, а по секоја цена, можеме да бидеме уникатни и по многу други глупости. Всушност како тргнале работите, мислам дека за жал сме на добар пат да забегаме далеку во тој правец. Наместо да бидеме уникатни во позитивна смисла, ние се движиме кон тоа да сме уникатни по нашите глупости. Таква уникатност ама баш воопшто не ми се допаѓа. За таква уникатност ќе платиме висока цена и ќе си го успоруваме развојот како држава и општество.
А вие поставете си едно едноставно прашање - ако двоспратните автобуси се навистина толку добри, зошто се толку ретки и „уникатни“???





@ GM, во врска со правилата на форумот
Правилата на форумот не се случајни, тие се тука со добра причина и тие се тука за да се почитуваат (а не за украс, во контекст тоа што го кажуваше за автобусите). Ако немаш време да го прочиташ правилникот кој е само една страничка, или немаш намера барем да се потрудиш во разумна мерка да се придржуваш до него, тогаш тоа е сериозен проблем во рамки на форумов.


И не знам колку пати веќе треба да кажам дека офтопикот ќе престане на овој или оној начин. Кој има нешто да им соопшти на модераторите, тоа нека го направи по Private Message, а не со испади во нишките!


Edited by Cloverstack - 05-Sep-2008 at 15:40
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 05-Sep-2008 at 16:17
Originally posted by dejan

Скопје ке се разликува од другите главни градови на балканот...само ако ги нема кај нив?


Зашто Скопје не би се разликувало од другите главни градови на пример по тоа што би имало тунели под централното градско подрачје?! Не гледам потреба да изиграваме фраери на балканов, а најмалку па тоа да го правиме со двокатни автобуси.


Edited by lslcrew - 05-Sep-2008 at 16:18
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 05-Sep-2008 at 23:07

Двокатните автобуси ќе им ги сменат навиките на граѓаните

Експертите сметаат дека новите возила нема да бидат решение за капацитетот и брзината на превозот


Снежана Калабакова


Скопје ќе добие 100 двокатни автобуси, а граѓаните ќе мора да променат одредени навики и да се адаптираат на нивната употреба. Најавеното воведување двокатни автобуси во јавниот градски превоз предизвика поделени мислења во јавноста. Додека едни ја критикуваат идејата, други воодушевено веруваат дека со нив ќе му се врати духот на Скопје.

Сепак, некои сообраќајни експерти тврдат дека овие возила нема да му дадат нов импулс на јавниот превоз. Нема да се реши ниту прашањето со капацитетот во возилата, бидејќи тој е еднаков на сегашниот во единечните автобуси на ЈСП. Експертското мислење е дека дури ќе се зголеми и времето на задржување на постојките. Од друга страна, ќе бидат потребни и дополнителни вложувања, бидејќи ќе бидат неопходни нови решенија за вертикалните семафори, интервенции на градските дрвореди, а можеби проблем ќе се јави и кај подвозниците, доколку кај некои не се запазени градежните прописи да имаат висина од 4,5 метри.

Во зависност од производителите, двокатните автобуси имаат различни димензии. Оние со две врати се долги 11 метри, а со една 10,3 метри. Висината на возилата е од 3,8 до 4,3 метри. Ги произведуваат фирми во Шведска и Америка. Еден таков нов американски двокатен автобус чини 400 илјади евра, додека еден нов обичен автобус чини од 130 до 250 илјади евра. Возилото е климатизирано, има автоматски менувач, дизел-мотор и рампа за хендикепирани лица. Американските двокатни автобуси во споредба со единечните на ЈСП имаат многу поголема потрошувачка на гориво. Ваквиот автобус има висина од 4,3 метри и должина од 12 метри. Неговиот капацитет е 82 седишта и 28 места за стоење, што значи може да превезе максимум 110 патници, исто како еден соло автобус на ЈСП „Скопје“, кој има иста должина и ист капацитет.

Денес во светот постои тенденција да се произведуваат автобуси-возови, долги 28 до 32 метри, што е колку два зглобни автобуса на ЈСП. Ваквите возила, што ги произведува „Волво“, се пуштаат на долги линии, а излегувањето на патниците е на четири или минимум три врати, што значи брзо тргнување на постојките.

Според анализите на домашните сообраќајни експерти, најголемата оддалеченост на која секојдневно патуваат жителите на главниот град е 3 до 4 километри и пристигнуваат за петнаесетина до дваесет минути. Светските искуства зборуваат дека двокатните автобуси се користат најчесто на подолги релации, заради потребното време за симнување од горниот кат. Поради косината на скалилата за искачување, многу потешко до него ќе стасуваат постарите лица. Домашните експерти велат дека безбедноста во автобусите кај нас ќе биде најголемиот проблем, бидејќи возачот ќе нема можност да контролира што се случува на горниот кат.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=DAF38CBB9869D4439A83FE56B5BAE4B5
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 06-Sep-2008 at 05:57
Сите разумни аргументи се против двокатните автобуси. Убавина и уникатност не се објективни аргументи туку сосема субјективна работа, така да не користат многу во целава дискусија. Владата, која иако ја сметам за најдобрата до сега, почнува да се служи со агресивен популизам кој ми иде на нерви и навистина треба да олади малку.

     И ние треба малце да оладиме, вакви караници не смее да се повторат. Gunz

П.С. Дали висината на автобусите може да ја искомплицира целата работа со LRT? Што ако автобусите се превисоки така што не можат да поминат под каблите за LRT?  Пробав да најдам која е висината на еден обичен лондонски routemaster, ама не успеав. Претпоставувам дека не би требало да биде голем проблем, ама сепак го вметнав тука.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12428
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 06-Sep-2008 at 20:23
Originally posted by La Linea


П.С. Дали висината на автобусите може да ја искомплицира целата работа со LRT? Што ако автобусите се превисоки така што не можат да поминат под каблите за LRT?


Столбовите и каблите дефинитивно ќе треба да бидат повисоки (најдов податок на интернет за ова). Исто така и пантографите на трамваите ќе треба да се погломазни...

Али којзнае, можда планираат да уведат и двоспратни трамваи, па ќе се исплати Stern%20Smile
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 08-Sep-2008 at 09:09
dobro izbrisetegi niskite kade sto se raspravavne. Nesum ljubitel na kavgite pa aj naredniot pat ke vi dadam podetalni odgovori.

Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 08-Sep-2008 at 09:41
Ете... Се распиша тендер за двокатни автобуси, а никој не не праша НАС, граѓаните што се возиме во тие автобуси.

Мислам, знам, ќе речете, тоа е одговорност на одговорните во државата, ама, сепак оваа идеја ама ИЧ не ми се допаѓа!
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 08-Sep-2008 at 14:21
mene najmnogu od se ne mi se sviga faktot sto trifun znae da lae ama koga SANOS mu nudese makedonski avtobusi toj kutese ko pi.....
Zosto? Na kogo i zosto mu preci na politicarite makedonskiot proizvoditel da profitira?
zamislete kolku pare ke ostanat vo MK, kolku lujge ke dobijat rabota, ako se raspise tender SANOS da proizvede 100-200 avtobusi.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 08-Sep-2008 at 14:29
GM не ми скоривај стари рани, те молам. Незнаеш колку ме изнервирале комплет сите и влада и трифка и сите релевантни!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12428
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 08-Sep-2008 at 14:59
Originally posted by GreatMakedon

dobro izbrisetegi niskite kade sto se raspravavne. Nesum ljubitel na kavgite pa aj naredniot pat ke vi dadam podetalni odgovori.
„Кавгите“ веќе се испомешани со дискусијата, така да нема што да ги бришеме. Нека читаат луѓе и нека ги одмеруваат аргументите (во врска со јавниот превоз)...
А ако не си љубител на кавги, тогаш не ги почнувај. Ако вон тема имаш нешто да му соопштиш на пбанкс или мене, искористи приватна порака.



Originally posted by GreatMakedon

mene najmnogu od se ne mi se sviga faktot sto trifun znae da lae ama koga SANOS mu nudese makedonski avtobusi toj kutese ko pi.....
Zosto? Na kogo i zosto mu preci na politicarite makedonskiot proizvoditel da profitira?
zamislete kolku pare ke ostanat vo MK, kolku lujge ke dobijat rabota, ako se raspise tender SANOS da proizvede 100-200 avtobusi.
Колку и да сакам Санос да ја добие работата, не може да се игнорира фактот дека нудеа спогодба во четири очи, што не е баш најдобар метод...(во деталите на понудата нема ни да навлегувам, затоа што имаше доста разногласие).

Но суштината што ти како за инает не сакаш да ја увидиш е дека Санос на првичниот тендер имаше право да се бори за нарачката и да даде добра понуда. Онака како што е нормално на секој слободен пазар... Ако беа сериозни во пристапот, веројатно имаа добри шанси да го добијат тендерот.
Со нарачка за двоспратни автобуси, Санос не може ни да даде понуда, затоа што такви автобуси воопшто не произведува и со тоа автоматски на единствениот македонски произведувач не му е дадена ниту шанса.

Ама кога наместо според очигледни аргументи се водиш по политичко-партиска логика, ни такви ставови како твоите не се за изненадување...


Edited by Cloverstack - 08-Sep-2008 at 15:10
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 08-Sep-2008 at 21:42
Previous

abe moze mu ponudile na grujo nekoj dobar dil....za sekoj 5ti kupen doubledecker edno englesko taksi gratis....CrazyNuts
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 09-Sep-2008 at 13:07
cloverstack... nikogas ne se vodam po "politicko partiska logika".. ti imam kazano i porano deka dali prifakam ili ne nekoj proekt ne zavisi dali e od vladata ili ne. Crkvata na plostad na primer e eden proekt na vladata koj apsolutno ne go prifakam.
A za kavgite koj smetas jas gi pocnuvam.. prasajgo pbanks dali e vo red da izreagira covek na nacinot na koj sto toj izreagira samo poradi sto istaknav deka sum za dvokatni avtobusi bez pritoa da nadopolnam zosto.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12428
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 09-Sep-2008 at 18:03


Имаш кажано, ама искрено во пракса сум добил друг впечаток. Еве токму твоите двојни аршини за Санос се добар пример. По Трифун дрва и камења затоа што не прифаќал спогодба во четири очи, а за владата ловорики иако елегантно го исфрли Санос од игра дури и за тендер.



А за „кавгите“, веќе објаснив што е проблемот - ако имаш забелешки кон модераторите, напиши им private message, а не прави испади по нишките.

Веќе почнувам да губам трпение... Не знам колку предупредувања треба да дадам за да не се оди упорно надвор од тема. Овде се збори за јавен превоз и крајно време е нишкава да се врати во колосек.

Edited by Cloverstack - 09-Sep-2008 at 18:03
Back to Top
dhany View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Apr-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dhany Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 12-Sep-2008 at 21:43
Е стварно неможам да поверувам дека во Скопје ке има двокатни автобуси!
Добро бе луѓе па неможе тука така ако некој бил во Лондон и ако видел двокатен автобус и тука да во Скопје да купува двокатни автобуси. Па Лондон и Скопје се различни градови во секој поглед. Пред да се размислува за купување на двокатни автобуси треба да се изработи физибилити студија и да се види дали е оправдано во Скопје, патниците да се возат во двокатни автобуси. Па добро бе луѓе неможе некој правник или економист да одлучува дека во Скопје треба да има двокатни автобуси.
Современ зглобен автобус е мој фаворит.
Но ајде да ги видиме слабостите и предностите на двокатните автобуси.
Слабости на двокатен автобус:
1. Поголема потрошувачка на гориво (причина: голема челна површина)
2. Помало забрзување и забавување
3. Помала брзина на движење
4. Намалена безбедност (причина: беснеење на вториот кат, каде што во никој случај не смееат да стојат патници).
5. Големи дополнителни трошоци за адаптирање на автобусите (зголемување на висината на вратите од гаражите на ЈСП, сечење на гранките од дрвата кои висат над улиците, санација на улиците, посебно на местата каде што има т.н надолжни грпки кои се настанати како резултат на често поминување на возила со поголема тежина, итн.)
6. ЗГОЛЕМЕНО ВРЕМЕ НА ПАТУВАЊЕ (најголем недостаток).

Предности на двокатен автобус:
1./
2./
3./
4./
5./
6./
Ако знае некој некоја предност нека каже.
Мене не ми текна ни една.Wallbash
Dhany
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 12-Sep-2008 at 21:48
dhany , welcome to the club )) site nie sme so tebe, ali tie ne se so nas svakas?
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 13-Sep-2008 at 00:57
dhany nemam da dopolnim za prednosti,ako moze za slabostiteOhno
Mislim deka ce bide mnogu pokomplicirano odrzuvanjeto na ovie dvokatni avtobusi otkolku za obicnite.A so praksava sto ja imame da se vozat po 40 godine isti autobusi toa e mn bitno.
Ustvari daj boze da se podnovue vozen park na 10 pa i na 5 godine ama ne sum bas optimist okolu toa.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9119
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 13-Sep-2008 at 10:00
Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од Дневник

АВТОБУСИ ВО ДУХОТ НА
ШЕЕСЕТТИТЕ
ГОДИНИ


* Владата преку Министерството ќе купи 102 двокатни автобуса за потребите на јавниот превоз во Скопје. Која е причината да се замешате во работи што се под ингеренции на градските власти?

- Владата, определена да обезбеди подобрување на јавниот превоз во главниот град, првично му додели средства на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ кои беа наменети за набавка на нови автобуси. Поради ставот на Град Скопје дека не е во можност да ја изврши оваа набавка и дека ќе ги врати средствата, Владата донесе одлука за обновување на возниот парк на јавниот градски превоз во Скопје. Согласно со одлуката, Министерството за транспорт и врски ќе набави вкупно 102 двокатни автобуса кои ќе може да превезуваат поголем број патници од автобусите што се користат во моментов. Два од овие автобуси ќе бидат отворени и ќе бидат наменети за панорамско разгледување на Скопје и на Охрид. Во тендерската документација строго се пропишува дека надворешниот дизајн на двокатните автобуси треба да биде во стилот на шеесеттите годино од минатиот век. Во тендерската документација има слика како треба да изгледаат автобусите. Производителите на автобуси што ќе конкурираат ќе мора да се придржуваат до тој дизајн. Значи, двокатните автобуси однадвор ќе го одразуваат духот на старо Скопје, а однатре ќе бидат модерни и удобни со најнова технологија, климатизирани, со удобни седишта, со екомотори и со електронски дисплеи.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EDFC10E50231564A92308E46B17E9ACF
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9119
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 13-Sep-2008 at 10:07


Originally posted by Mile Janakieski

Поради ставот на Град Скопје дека не е во можност да ја изврши оваа набавка и дека ќе ги врати средствата, Владата донесе одлука за обновување на возниот парк на јавниот градски превоз во Скопје.


WallbashWallbashWallbash ни срам ни перде Bash

Originally posted by Mile Janakieski

Во тендерската документација строго се пропишува дека надворешниот дизајн на двокатните автобуси треба да биде во стилот на шеесеттите годино од минатиот век. Во тендерската документација има слика како треба да изгледаат автобусите.


Ова дополнително ја влошува ситуацијата. Јас мислев дека клучен момент биле само двата ката а тоа ти бил и дизајнот. Значи сите слики на модерни двокатни автобуси што ги постиравте погоре немаат врска со тоа што го намислиле.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 13-Sep-2008 at 13:04
Тц тц тц тц....... Па добро бе! Дали духот на Скопје, е духот од пред 100 години. Скопје денеска не ли има дух?! Зашто мене некој ме вреѓа. Зашто некој упорно тврди дека мојата генерација нема ништо придонесено кон духот на Скопје, некој ме вреќа со ова. Зашто е привилно она што некогаш било? Па еднинечните автобуси се 100 пати подолго на скопските улици него двокатните. Е сега што е духот на Скопје?!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 89>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.422 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.