build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 85868788>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1721 Posted: 15-Apr-2013 at 01:00
Originally posted by gjoko







Во град со само 10-тина надвозници, уште не утврдија под кој може, а под кој не може да пројдат?!? Браво, навистина ми ги надминуваат очекувањата!




Туку што бидна со ова:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=477&PID=130901#130901

Некој понесе оговорност?
(реторичко прашање)


Edited by Cloverstack - 15-Apr-2013 at 01:01
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1722 Posted: 15-Apr-2013 at 01:44
Previous
 
Реторичкото прашање си заслужува реторички одговор:
 
Да, некој поднесе одговорност, а тоа беше самата настрешница која наредниот ден беше урната.
 
Никако да разберете бре луѓе, не е проблемот во автобусите бидејќи се високи, проблемот е во надвозниците бидејќи се ниски и бидејќи се на погрешно место поставени. Doh
 

 
Rollin


Edited by Dexter26 - 15-Apr-2013 at 01:52
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #1723 Posted: 15-Apr-2013 at 16:49
Добро, остана еден барем double-decker како што треба? Аман!
Traveling.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1724 Posted: 15-Apr-2013 at 19:28
само да не се преврти на некоја раскрсница,друго све е бинго
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1725 Posted: 18-Apr-2013 at 19:50
значи не знам чија бомбастична идеја било да стават панорамски автобуси на редовна линија (конкретно 15-ка)Wallbash
го најавија ова, ама јас мислев дека се зафркаваат...

што? им пропадна брилијантната идеја за панорамско разгледување на градот, па сега по секоја цена ќе ги убутуваат автобусите насекаде за да не им фаќаат прашина, а луѓето да се прашуваат кај се... на времето мислев дека Влајко е главен пример за такво нешто, ама ова е врвот...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1726 Posted: 11-May-2013 at 11:24
Моминска вечер во двокатен автобус
11/05/2013 | Занимливости | 0 Коментари

Тура низ Скопје, панорамско разгледување, фотосесии, моминска вечер, роденден за деца, снимање реклами е новиот тренд што го развива ЈСП во последниов период. „Ве очекувам во двокатниот автобус, во 20 часот, да го прославиме мојот роденден“. Вака изгледаат новите и модерни покани за роденден или, пак, некој друг вид прослава, пишува Нова Македонија.

Од ЈСП велат дека во последно време се зголеми интересот кај граѓаните за изнајмување автобуси за приватни прослави, но тие најмногу ги одобруваат за туристички цели, односно за разгледување на Скопје.

Изнајмувањето на автобусите за свечености како што се родендени, фотосесии за свадби и слично стана особено актуелно со пристигнувањето на двокатните. Превозот за тие намени го вршат возачи на ЈСП.

Од ЈСП велат дека цената за изнајмување на автобусите е од 3.500 до 6.500 денари, во зависност од видот и дестинацијата.

- Цената за изнајмување на панорамскиот автобус е 6.500 денари, двокатниот автобус е 4.500 денари, а за ниските е 3.500 денари. Се изнајмуваат за најмногу четири-четири и пол часа, без разлика за каков вид прослава се работи – објаснува Мишо Николов, директор на ЈСП.

Тој додава дека автобусите најмногу се изнајмуваат од институции, фирми, училишта.

- Основните училишта ги изнајмуваат автобусите најчесто за настава во природа. Добивме барање и за детски роденден во автобусите, минатата година имавме три родендени – вели Николов за весникот.

Граѓаните велат дека неколкупати на автобус забележувале сигнализација со „среќен роденден“.

- Пред неколку месеци во еден автобус видов како се забавуваат дечиња, прославуваа роденден, а на дисплејот во автобусот, наместо бројка, беше испишано „среќен роденден“ – вели жителка на Карпош 4.

Сега е период на матурски прослави, и од ЈСП велат дека речиси секој ден им стигнуваат барања за изнајмување автобус за матурска забава.

Желбата на идните студенти да ја прослават матурата во двокатниот или панорамскиот автобус останува неостварена.

- Многу барања ни стигнуваат за матурски прослави во двокатните автобуси, но не сме одобриле досега, бидејќи се ризична категорија. Се внесува алкохол, сепак се тинејџери, па не би сакале да има некој инцидент или, пак, да не се уништи автобусот – објаснува Мишо Николов.

Во двокатен автобус имало и моминска вечер. Од ЈСП велат дека неколку пати досега се случило да го побараат автобусот за моминска забава.

- Пробуваме и овој вид прослави да ги избегнуваме, бидејќи и тука има судир со алкохол – вели директорот на ЈСП.

Девојки ѝ организирале несекојдневна моминска вечер на својата другарка во автобус и ѝ приредиле големо изненадување.

- Сакавме нешто невообичаено, бидејќи секоја вечер може да одиме во кафуле или во кафеана. Од ЈСП ни дозволија да го изнајмиме автобусот и таму да ја прославиме моминската вечер. Тоа беше одлична несекојдневна забава – вели Ана Секуловска, жителка на Чаир за Нова Македонија.

http://ekonomski.mk/?p=38940
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1727 Posted: 24-Jun-2013 at 18:26
Свадба во двокатен автобус

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=GG3LCdLtSTA
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1728 Posted: 13-Jun-2014 at 15:57
Двокатните служат и за славење родендени

Double decker bus, Skopje by bradbox, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1729 Posted: 13-Jun-2014 at 16:03
За сѐ служат, само не служат за својата намена. Што бидна со панормаскиот автобус што требаше да отиде во Охрид?
А да се дадат и на други места каде постојат услови за нивно возење за да се ужива во убавините на Македонија.
Или за таму се предодредени праисториските саноси кои ЈСП великодушно им ги поклони.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1730 Posted: 13-Jun-2014 at 18:07
Originally posted by phenomenon

Што бидна со панормаскиот автобус што требаше да отиде во Охрид?


Возеше.Промотивно.Еднаш.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1731 Posted: 17-Jul-2014 at 19:30
Овие кабриолетиве не беа за туристи планирани? Пошо ги глеам на редовни линии стално, кој знае, мож Ново Лисиче и Дексион одат туристине.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1732 Posted: 22-Jul-2014 at 13:11




Edited by jyvation - 22-Jul-2014 at 13:11
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 602
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #1733 Posted: 22-Jul-2014 at 20:12
можам само едно да потврдам. Автобусов одпозади е на МВР. и ТИпот секое сабајле буквално го брка максимално и ептен брзо го вози. Очекував дека еден ден ова ке се деси за жал
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #1734 Posted: 23-Jul-2014 at 09:55
Колку двокатни автобуси останаа? 3?
Traveling.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #1735 Posted: 16-Dec-2014 at 00:00

Skopjani airlija dvokatnite, denes prv pat se vozev vo eden, i toa 3ka do drzavna, ona prilika da go vidam od tro povisoko vo dvizenje i centarot a eto i podnozjeto na Vodno ustvari malku me iznenadi shto kinezite shtedele na staklo bar malku od malku da potpushtele bar prednite stakla na gorniot sprat ili da staele iscelo edna shajbna, no i vaka se jade, plus so ova novogodishnoto kitenje panoramata beshe i polichna ko za prvpat, interesno mislev kapijata kje im izvadi ochi ama ne e do tolku bosh vpechatokot ko shto toa e po sliki, bar ko pojava vo prelet presretnata od vtor sprat, vo sekoj sluchaj dvokatnive definitivno go promenile likot na gradov, eto ko autsajder toa i mozam da go potvrdam, samo shto ova e vecheren vpechatok, no kje videme utre denski vo shpicot kako stojat rabotite
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1736 Posted: 16-Dec-2014 at 09:56
Ако ја исклучиме климата во автобусите и тоа што се атрактивни за фотографирање, двокатните автобуси не донесоа ништо ново во јавниот превоз во Скопје. Од моето возење со нив, само знам дека секогаш има гужви и стоење во автобусите, поради помалиот капацитет на патници од зглобните автобусите. Во шпицовите се пуштаати зглобни стари автобуси, за да се одговори на потребите на патниците. Апсолутна лага е дека целосно е обновен возниот парк. На крајот на краиштата, на ЈСП му треба многу повеќе гориво и возачи за да го одржат возниот ред со новите автобуси, па се случува платите таму да доцнат или од Град Скопје да се бараат огромни средства за субвенционирање на превозот.

Сето ова се случува само поради сеќавањето на она „старо“ Скопје од пред некоја деценија и многу големата емотивност на оној што нив се одлучи да ги купи.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1737 Posted: 16-Dec-2014 at 16:40
Previous
а нема ни којзнае каква удобност во нив и со климата... нормално висок човек си има проблеми и на двата спрата, за да влезеш низ врата се наведнуваш, за да платиш треба да се разминеш со луѓе во многу тесен простор, а ако седиш и возачот малце пожестоко кочи, ќе си имаш проблем со колената
низ прозорите нема никаква прегледност затоа што се минијатурни и освен ако не седиш, го гледаш асфалтот на улицата само, а ни тоа не го гледаш ако автобусот не е редовно перен
ќе речеш дека и бучавата треба да биде драстично намалена, ама кај голем дел од свтобусите има многу силни вибрации кога автобусот стои

всушност, клима-уредот е единствената добра страна на автобусиве што може да ја најдам
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1738 Posted: 17-Dec-2014 at 16:51
Бојан, една исправка:
Originally posted by BOJAN

Од моето возење со нив, само знам дека секогаш има гужви и стоење во автобусите, поради помалиот капацитет на патници од зглобните автобуси обичните единечни автобуси.


Ама важно е дека поради двокатните навалија милиони туристи во Скопје, баш како што со цел памет очекуваа некои, а исто така се отворија нови можности за outdoor рекламирање, што исто така беше наведено како сериозен аргумент поназад во нишкава. Зарем можеш да посакаш нешто повеќе од тоа?
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #1739 Posted: 17-Dec-2014 at 18:32
Баш прееска зборев со еден возач во ЈСП и меѓу другото ми кажа дека двокатните автобуси имале многу дефекти, 10тина веќе биле гаражирани подолго време, а и постоечките имаат одредени механички проблеми..
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1740 Posted: 17-Dec-2014 at 23:21
Originally posted by Cloverstack

Бојан, една исправка:
Originally posted by BOJAN

Од моето возење со нив, само знам дека секогаш има гужви и стоење во автобусите, поради помалиот капацитет на патници од зглобните автобуси обичните единечни автобуси.


Ама важно е дека поради двокатните навалија милиони туристи во Скопје, баш како што со цел памет очекуваа некои, а исто така се отворија нови можности за outdoor рекламирање, што исто така беше наведено како сериозен аргумент поназад во нишкава. Зарем можеш да посакаш нешто повеќе од тоа?
и духот, не го заборавај духот жити све, најбитен елемент е во трагичнава приказна
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 85868788>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.