build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Возен ред
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен ред

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 34>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3220
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Возен ред
    Posted: 08-Dec-2017 at 17:09
Ако случајно се одлучите деновиве да патувате со воз низ земјава, подобро немојте да го правите тоа. Новиот возен ред стапува на сила од недела, а се уште не е објавен. На сајтот на МЖ-Инфраструктура стои возен ред од 2013/2014 година!!! На сајтот на МЖ-Транспорт стои возен ред од 2016 година, како и од 2017 година и ревидираниот од август 2017 година. Ко воли нек изволи!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3220
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Oct-2017 at 16:43
Конечно добра вест од Грчките железници:

Врз основ на допис бр. 5406/17/Т9 од страна на TRAINOSE (Грчки железници), започнувајќи од 19.10.2017 година возот бр. 334 ќе сообраќа од почетната станица Солун, а возот 335 ќе сообраќа до крајната станица Солун.

До 19.10.2017 година за возовите 334/335 сеуште ќе има автобуски превоз на релацијата Гевгелија-Солун-Гевгелија.

Објавено од Македонски железници-Транспорт.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 28-Aug-2017 at 23:27
Сите нека ги укинат.Толку им е капацитетот очигледно.Ментално мислам.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3220
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Aug-2017 at 08:23
Повторно има некои измени во возниот ред на МЖ. Еден воз на релација Скопје-Битола е укинат. Повеќе на: http://mzt.mk/izmeni-vo-vozniot-red/
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Apr-2017 at 17:13
http://mzt.mk/povtorno-ke-soobrakaat-vremeno-ukinatite-vozovi/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3220
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-Apr-2017 at 17:34
Пристигнаа сите кинески возови. Ветувањето беше дека ќе се препороди патничкиот сообраќај. Ќе има ли воведување на нови возови? Ситуацијата кон Кичево е очајна, кон Велес може да се подобри, а кон Приштина е дефинитивно неискористена. Имам можност периодов да патувам низ Полска со воз и во земјава инфраструктурата нема никакво значење врз тоа дали ќе има воз кон одредена релација. Ако пругата овозможува големи брзини (Краков-Варшава), возот е најбрзо превозно средство и е четири пати поскапо од авион и до осум пати поскап од автобус. Кога пругата е во лоша состојба (од Краков кон било кој град во Шлезија), возот е убедливо најевтино превозно средство бидејќи најдолго се патува со него.

Edited by BOJAN - 19-Apr-2017 at 17:35
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3220
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Dec-2016 at 10:10
Многу добро ја скоцкале реченицава. За сите што патуваат надвор од Битола. Бидејќи постојат десетици возови што се движат во различни правци, па да не се збуни некој
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Dec-2016 at 09:08
Можеби е фотомонтажа, но сепак да се насмееме...

За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Dec-2016 at 18:08
Возен ред...па и нов... жално!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3220
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Dec-2016 at 17:02
Новиот возен ред на Македонски железници може да се пронајде на следниов линк: http://mzt.mk/nov-vozen-red/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3220
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Nov-2016 at 17:39
Подготвен ли е возниот ред за 2017 година? Како вели директорот на МЖ, историскиот развој на железницата во моментов, ќе биде ли крунисан со нови укинувања на возови?

Веќе се наслушнува дека дневниот воз Скопје-Белград-Скопје и дефинитивно се укинува од декември. Возовите и во моментов не сообраќаат, ама барем е вметнат во возен ред. Само да потсетам, само до пред 4-5 години имавме три воза дневно кон Белград, два воза кон Солун, два воза кон Приштина, еден воз кон Ниш и Црна Гора (сезонски). Каде отиде сето ова?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 16-Sep-2016 at 20:24
Originally posted by zookisk

Originally posted by Тркало

Укинати се меѓународните (сите?) и миднајт експресите за Кочани и Кичево во 1:54 и 2:50, respectively.

http://mktransport.mk/news/post/ukinati-vozovi-od-vnatresniot-zeleznicki-soobrakaj


Миднајт експресите за Кочани,Кичево и Битола и онака џабе сообраќаат...Не е поентата само машиновозачот и кондуктерот да патуваат со нив...треба да има и патници а во тие возови ги немаше ни за лек...


Истото го мислам и јас и го коментирав веќе претходно некој пост поназад, доста пред укинувањето...

Edited by Тркало - 16-Sep-2016 at 20:25
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 16-Sep-2016 at 09:44
Originally posted by zookisk

Originally posted by Тркало

Укинати се меѓународните (сите?) и миднајт експресите за Кочани и Кичево во 1:54 и 2:50, respectively.

http://mktransport.mk/news/post/ukinati-vozovi-od-vnatresniot-zeleznicki-soobrakaj


Миднајт експресите за Кочани,Кичево и Битола и онака џабе сообраќаат...Не е поентата само машиновозачот и кондуктерот да патуваат со нив...треба да има и патници а во тие возови ги немаше ни за лек...


Секако дека џабе сообраќаат кога сте ВИЕ (МЖ) во прашање.

Зошто не пуштивте некоја реклама на телевизија за тие возови? И не само што немате реклама, туку и тој еден дисплеј на главната железничка станица што ги покажува времињата на поаѓање и доаѓање на возовите сте го качиле на кат, а на приземје немате ниту еден.

И сте ставиле воз за Кочани во 2 часот, а воз за Кичево во 3 часот по полноќ.

Што не ги ставите тие ноќни возови помеѓу 0 и 1 часот по полноќ?

ЈСП нема ноќни 67, 56 и 66 па така тој воз за Кочани или Битола ќе го користат и луѓето од Студеничани, Морани, Орешани и Зелениково. Возот за Кичево ќе го користат жителите на Кондово. А во истиот период ако пуштите и воз за Куманово, истиот тој ќе го користат и жителите на Илинден, Марино и Миладиновци.


Но ова е исто како да пишувам на ѕид. Затоа и само машиновозачот и кондуктерот патуваат во тие ваши миднајт возови кои имаат катастрофално време на тргнување.



開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3220
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 15-Sep-2016 at 18:05
Работава излезе го нуклеарна централа да ќе треба да се направи со 7-8 гарнитури за патување. Немале патници возовите во 2 часот сабајле, па тоа се знаеше уште во јуни. Прашањето што се поставува овде не е зошто се укинати тие возови, туку зошто не е вратен на пример возот од Скопје до Кичево во 8 часот наутро, зошто не е воведен вечерен воз од Скопје до Кичево во 19 часот. Зошто не е воведен утрински воз од Скопје до Кочани итн. Како може „Атом“ од Кочани да направи ефикасен возен ред на автобуси, а Македонски железници не може?
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 613
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Sep-2016 at 17:55
Значи, објавава е врска до страницата на Македонски железници - Транспорт со копирана објава на страницава Дури, не се ни осудиле да напишат сопствена објава.

Инаку, да, се сложувам дека не треба да сообраќаат возови што немаат никаква корисност, но веројатно и МЖ не треба да се подесува гарнитурите како што нејзе и одговора, туку и според потребите на патниците и да се обиде да ги направи попривлечни.
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Sep-2016 at 16:10
Originally posted by Тркало

Укинати се меѓународните (сите?) и миднајт експресите за Кочани и Кичево во 1:54 и 2:50, respectively.

http://mktransport.mk/news/post/ukinati-vozovi-od-vnatresniot-zeleznicki-soobrakaj


Миднајт експресите за Кочани,Кичево и Битола и онака џабе сообраќаат...Не е поентата само машиновозачот и кондуктерот да патуваат со нив...треба да има и патници а во тие возови ги немаше ни за лек...
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Sep-2016 at 17:46
Укинати се меѓународните (сите?) и миднајт експресите за Кочани и Кичево во 1:54 и 2:50, respectively.

http://mktransport.mk/news/post/ukinati-vozovi-od-vnatresniot-zeleznicki-soobrakaj
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 466
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 29-Jul-2016 at 20:17
„Патување кон независноста“ е насловена патувачката изложба која по повод 25 години независност на Република Македонија ја организира Државниот архив во соработка со Македонски железници – транспорт а.д.

Значајни документи и фотографии што се чуваат во депото на Архивот ќе бидат изложени во патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје – Битола – Скопје. Промотивното патување е денеска од Железничката станица во Скопје во 14 часот, а брендираната гарнитура ќе сообраќа на оваа релација до 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

– Материјалите кои ќе бидат прикажани го опфаќаат периодот од 1903 до 1991 година, со што покрај Референдумот од 8 септември се одбележуваат и јубилеите на Илинденското востание, Крушевската Република и АСНОМ, соопшти Државниот архив на РМ.

link
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3220
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 06-Jul-2016 at 14:16
„Хелас експрес“ е предвидена да сообраќа цела година. Ја укинаа во април, заедно со возот Скопје-Белград-Скопје, поради ремонт на пругата од Ниш до Прешево.

Според последните информации на српските железници, возот Белград-Солун-Белград ќе сообраќа до почеток на септември. Потоа, пругата повторно се затвора, а возот нема да сообраќа до декември.

Возот Скопје-Белград-Скопје со поаѓање од 8:20 часот од Скопје би требало да сообраќа на релација Скопје-Прешево-Скопје до крајот на декември.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 16-Jun-2016 at 12:31


„Хелас експрес“ ќе сообраќа и ова лето


„Србија воз“, МЖ Транспорт и „ТРАИНОСЕ“ – Грчките железници се усогласија и ова лето да сообраќа популарниот воз „Хелас експрес“, информира МЖ Транспорт АД Скопје.

- Согласно протоколот „Хелас експрес“ повторно ќе почне да сообраќа на 17 јуни кон Белград, односно 19 јуни годинава кон Солун. Последниот воз што ќе вози е на 3 и 4 септември 2016 година. По овој датум „Хелас експрес“ нема да сообраќа се до крајот на возниот ред 2015 – 2016 година, велат од МЖ Транспорт.

„Хелас експрес“ и ова лето ќе сообраќа по вообичаената шема од Белград до Гевгелија и обратно со класични патнички вагони, а на релацијата Гевгелија – Солун – Гевгелија патниците ќе бидат превезувани со автобуси на Грчките железници
http://sitel.com.mk/helas-ekspres-kje-soobrakja-i-ova-leto

Edited by kultuzin - 16-Jun-2016 at 12:32
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.