build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен ред

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2339
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 17-Apr-2010 at 12:21
Веројатно дека овој период се подготвува или е подготвен меѓународниот возен ред за 2011 година, па би сакал да продискутираме за евентуално воведување на нови линии од Скопје.

Мислам дека би требало да размислат МЖ во насока на воведување на линијата Скопје-Истанбул-Скопје преку Солун.

Прочитав на интернет дека постои ноќен воз Истанбул-Солун-Истанбул чие што патување трае 11 саати, така што патувањето со воз Скопје-Истанбул би траело околу 15-16 часа што не е многу.

Го разгледав возниот ред на автобуси Скопје-Истанбул и се изненадив дека се патува од 15 до 17 и пол саати, така што возот може да биде апсолутно конкурентен.

Што се однесува до цената на картите со автобус е помеѓу 60 и 70 евра, така што мислам дека железница би можела да излезе со конкурентни цени.

Дополнително, визите се укинати, така што транзитот преку Грција би се одвивал без проблем.

Исто така, би можело да се размислува и за спален или кушет вагон на релација Скопје-Атина-Скопје, всушност, мислам дека на релациите кон Солун, Истанбул и Атина МЖ може да оствари поголем број на патници, отколку кон линиите кон Белград.

Линиите со воз за Грција и Турција се конкурентни, за разлика од оние кон Србија, така што сметам дека треба да се насочиме кон југ се додека србите не си го средат Коридор 10.

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 17-Apr-2010 at 18:50
Одлична размисла Бојан, Скопје-Солун-Истанбул. Ја би бил во првиот воз

Нo тајмигот е лош. А да се менува е страшно тешка меѓународна процедура, едино полесна процедура е воведување на нов-трт воз што не верувам дека сега сме во состојба.

Скопје 07:40 Солун 12:54
Скопје 17:30 Солун 22:37

- Еден воз поага од Солун во 19:48 во Истанбул Haydarpasa (Sirkeci) пристига во 09:32 (8:07) време на патување 13:44 (12:19) часа.

- Вториот воз поага од Солун во 00:30 во Истанбул Haydarpasa (Sirkeci) пристига во 09:15 (7:50) време на патување 32:45 (31:20) часа (овој на секоја крушка застанува)

Истанбул Sirkeci -> Haydarpasa има трансвер

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4058
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 17-Apr-2010 at 19:00
Јас на сајтот на ΟΣΕ пронајдов само еден воз за Истанбул!? А тој што патува 30 часа ми е некако несфатливо воопшто да сообраќа.


Бр.   Трга   Стига    Времетраење               Постојки
444 19:38 08:04   12 часа и 26 минути    8


Edited by гитардемон - 17-Apr-2010 at 19:13
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4058
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 17-Apr-2010 at 19:07
ОД СОЛУН ЗА АТИНА, ПОГОДНИ ЗА НАДОВРЗУВАЊЕ ОД СКОПЈЕ


Бр.      Трга   Стига     Времетраење              Постојки       Стига од Скопје во Солун

IC 55   14:54 19:50    4 часа и 56 минути     9                     12:54
605     22:59 05:46    6 часа и 47 минути     14                   22:37


IC кошта ~50€ во еден правец, а ~80€ повратна.

605-ката е обичен и застанува во секое можно село, и чини околу 55€ повратна (со поскапувањата од Нова година), а порано беше само 30€.

Најскапиот ICE (inter city express) е ~90€ повратна, трга во 18:50 и стига во 23:17, и застанува само 3 пати. Сепак авион без 120€ повратна многу тешко се наоѓа, па ова е единствено чаре освен автобусот кој кошта 55€ во еден правец.

Инаку од Солун за Атина има возови 10 пати денот, и авион 8 пати денот. Полноќниот има и кушет, летото беше 33€ во еден правец со кушет, меѓутоа после Нова година сè е поскапено.

Edited by гитардемон - 17-Apr-2010 at 19:16
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 19-Apr-2010 at 14:41
Момци едно прашање.

Ме интересира дали вечерниот воз за Белград сообраќа? (тој што трга во 20:45).

Претпоставувам, но сепак да прашам дали има спални вагони и/или кушети?

Дали случајно знае некој дали има 1-2 класа и сл?

Дали знаете цена на карта?

Со оглед дека не сум во МК а ми треба информацијава доколку е некој љубезен и да сврти до железничка и да праша дали има место на возот вечерва (со оглед на ситуацијава со аеродромите) би ви бил многу благодарен.

Cheers
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 19-Apr-2010 at 15:05

pbanks, само втора класа има (но на нашите-србските скоро е исто 1 и 2 класа ако начекаш некој вагони.

Имаш, доплата за легло е ~ 370.- ден, а карта во еден правец мислам ~1400.-

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2339
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 19-Apr-2010 at 15:19
Pbanks, пошо баш скоро прашував, а и сум патувал неколку пати, повратна карта е 2005 денари, а во еден правец околу 1400 денари.

Има и спални и кушет вагони, и тоа има и директно од и до Скопје што ги додаваат, е сеа за цената зависи, кога прашував јас во кушет вагон со 6 легла беше 600 денари, а легло во спален вагон околу 1100 денари.

Со оглед на мешаницава можно е и да се распродадени, пошо во Утрински денес пишуваше дека интересот бил неколкукратно зголемен.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 19-Apr-2010 at 15:33
Утрински, прави „вест“ .

П.С. Два дена во Хрватска чекаат да усликат долга композиција од север, но само останаа покиснати

@BOJAN, мислам дека таа цена е за повратни карти за леглата.
--------------------
- Биро за резервации за легла и седишта 02 2449-212 (никој нејќе да дигне слушалка )
- Железничка станица Скопје 02 3164-255, 2449-391

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 19-Apr-2010 at 15:35
Фала на информациите... јас некако во меѓувреме се јавив и до железничка и типот ми кажа дека дека има место, а картата е 850ден Crazy не ми спомна ни за доплата за легла, иако 2-3 пати ги повторив прашањата.

НЗС никако
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 19-Apr-2010 at 15:36
Originally posted by Vladimir P


- Биро за резервации за легла и седишта 02 2449-212 (никој нејќе да дигне слушалка )


Точно така, на овој број никој не ми дигна телефон. Срамота


- Железничка станица Скопје 02 3164-255


На овој број ги добив информациите кои ги добив.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 19-Apr-2010 at 15:40

Купуваш карта за седиште и доплата за легло кое е посебно.

Значи ќе имаме свежи иформации од патот и од БГ , па СРЕЌЕН ПАТ

Edited by Vladimir P - 19-Apr-2010 at 15:44

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 291
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 19-Apr-2010 at 22:44
Originally posted by Vladimir P

- Биро за резервации за легла и седишта 02 2449-212 (никој нејќе да дигне слушалка )


Најверојатно си звонел кога е паузата...LOLLOLLOL
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 19-Apr-2010 at 22:52
Originally posted by Vladimir P


Купуваш карта за седиште и доплата за легло кое е посебно.

Значи ќе имаме свежи иформации од патот и од БГ , па СРЕЌЕН ПАТ


За жал не Информациите ми требаа за пријател од странство кој бара алтернативен превоз на авионскиот за да стигне дома

Но генерално, воопшто не е лоша варијанта човек вака да патува до БГД. И онака ми е преку глава возењето на таа траса со автомобил


Edited by pbanks - 19-Apr-2010 at 22:53
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2339
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 20-Apr-2010 at 12:17

Во овој контекст, возовите кон Белград се преполни, барем според тврдењата на одговорните.



Летовите од Скопје се редуцирани

„Македонски железници“ го зголеми приходот за 100 отсто

Билјана Ангеловска

Облакот со вулканска прашина и вчера го блокираше авиосообраќајот во поголемиот дел од западноевропските држави. Македонското небо и натаму останува отворено, но со ограничени летови, кои зависат токму од отвореноста на авиопристаништата низ Европа. И додека воздушниот сообраќај во Македонија колку-толку се одвива без поголеми тешкотии, иако е стеснет само на одредени дестинации, дел од европските аеродроми останаа затворени, а дел, пак, само за кратко ги ослободија своите полетно-слетни писти. Затоа во текот на вчерашниот ден беа реализирани едвај околу 30 проценти од планираните летови. Според информациите од Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај, „Евроконтрол“, вчера требаше да бидат извршени од осум до девет илјади лета, наместо вообичаените 28.000 лета. Драстично намалениот број летови е поради фактот што голем број од државите во Европа само делумно го отворија своето небо.

И додека најголем дел од европските авиопристаништа беа отворени само по неколку часа, македонските аеродроми од завчера утрото се отворени. Но, тоа автоматски не значи и решавање на проблемите на патниците кои чекаат да полетаат од Скопје за Европа или, пак, од некој од европските аеродроми треба да пристигнат во Македонија. И покрај отвореното небо над Македонија, домашните аеродроми вчера работеа со минимален капацитет. Така, вчера наутро полета еден авион кон Загреб, на авиокомпанијата „Кроација ерлајнс“, а се реализираа и летовите кон Виена, Љубљана, Загреб, Истанбул и обратно.

Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ велат дека состојбата се менува од час во час, поради што не може ништо да се каже со сигурност. Во последен момент се откажуваат и полетувања и слетувања, што зависи исклучиво од тоа дали се отворени или не аеродромите низ Европа.

Од затворените авиопристаништа низ Европа, се чини, ќе има корист железничкиот сообраќај во Македонија. Поради тројно зголемениот број на патници, кои од Грција транзитираат низ нашата земја кон Белград, од каде што се упатуваат кон Европа, приходите на благајните на „Македонски железници“ само во изминативе два дена се зголемени за над 100 проценти.

Според податоците од МЖ, ако во двата воза што влегуваат во Македонија од Белград кон Солун, вообичаено има вкупно 90-ина патници, сега таа бројка е над 300. Конкретно, вчера во возот од Солун за Белград имало 136 патници, додека во други денови едвај по 50-ина.

„Ние немаме наши директни возови, туку само транзитни во кои нашава држава, исто како и Србија и Грција учествува со свои вагони од типот на седечки, кушет и спални. Ја следиме состојбата и доколку се јави потреба, подготвени сме веднаш да додадеме уште еден вагон, и тоа онаков каков што ќе треба“, вели Трајче Тошевски, раководител за Организација во патнички сообраќај при „МЖ - Транспорт“ АД - Скопје и додава дека досега се продавале релативно малку карти за директна линија кон Германија, но оти сега и за нив има голем интерес, па се продаваат се' повеќе билети за конкретни дестинации.

И од Меѓународната автобуска станица велат дека е зголемен бројот на патниците што одат за Белград, и тоа за околу 20-ина проценти, а за околу 10 отсто е поголем интересот за останатите градови низ Европа.


Извор: Утрински весник, http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B095E478004C6F4B8C5119FFF42E242A

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2339
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 05-May-2010 at 01:17
По мала истрага, пронајдов неколку возни редови од изминатите години на Македонските железници.

Може јасно да се види дека бројот на линиите се намалува од година во година, иако бројот на патници растеDunno. Морам да признаам дека возните линии во 1997 и 2000 година навистина се квалитетно поставени и побројни.

Инаку, еве дел од возните редови што ги пронајдов:
Возен ред:1.6.1997-23.5.1998 година
Скопје-Белград: 8:30(п), 9:20(б), 14:00(д), 20:45(б), 23:03(б);
Скопје-Косово Поле: 11:22(п), 20:02(п);
Скопје-Куманово: 3:42(п), 6:12(п), 8:30(п), 9:20(б), 14:00(д), 15:30(п), 17:50(п), 20:45(б), 23:03(б);
Скопје-Гевгелија: 4:45(п), 6:42(п), 15:32(п), 16:30(б);
Скопје-Битола: 6:09(п), 14:42(п), 17:56(б), 19:10(п);
Скопје-Кочани: 6:27(п);
Скопје-Кичево: 5:30(п), 9:43(п), 13:33(п), 18:00(п);

Возен ред: 28.5.2000-9.6.2001 година
Скопје-Белград: 7:20(д), 12:10(е), 15:46(е), 21:59(е);
Скопје-Загреб-Љубљана: 12:10(е);
Скопје-Солун: 7:15(е);
Скопје-Ниш-Бар: 15:46(е);
Скопје-Гевгелија: 6:00(п), 7:15(е), 15:30(п), 19:00(п);
Скопје-Кочани: 2:08(п), 15:00(п);
Скопје-Битола: 2:16(п), 6:16(п), 11:08(п), 14:30(п), 16:40(е), 19:26(п);
Скопје-Кичево: 5:40(п), 9:30(п), 13:35(п), 18:10(п);
Скопје-Тетово: 20:40(п);
Скопје-Куманово: 6:26(п), 7:20(д), 10:59(п), 12:10(е), 15:31(п), 15:46(е), 18:05(п), 21:59(е), 22:23(п);

Возен ред: 10.12.2006-8.12.2007 година
Скопје-Белград: 6:15(б), 12:08(е), 22:30(е);
Скопје-Солун: 6:05(е), 15:50(е),
Скопје-Приштина: 9:38(б), 16:13(б);
Скопје-Загреб-Љубљана: 12:08(б);
Скопје-Ниш: 15:40(б);
Скопје-Гевгелија: 6:05(е), 11:50(п), 15:50(е), 18:20(п);
Скопје-Битола: 3:12(п), 6:25(п), 14:30(п), 19:20(п);
Скопје-Кичево: 6:20(п), 13:40(п);
Скопје-Куманово: 4:50(п), 6:15(б), 10:55(п), 12:08(е), 15:40(б), 18:10(п), 22:30(п);

Најголемо намалување на бројот на возовите има дефинитивно кон Битола, а на второ место е Кичево. Забележливо е и значително намалување на возовите кон Белград.

Воедно, би сакал да поставам прашање(молбаBig%20smile) до Владимир, дали може да објави барем еден возен ред од ЖТП-Скопје од 80-тите години па наназад. Не можам да пронајдам ниту еден, а би сакал да знам како сме стоеле во тој период со возните редови на возовите.

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 05-May-2010 at 14:23
Македонски железници - Возен ред од 1995 - 1996







Edited by Vladimir P - 09-Jun-2010 at 21:24

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2339
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 06-May-2010 at 11:39
WOWEeek! Ова е веќе нормален возен ред, и тоа не така одамна.

Можам само да си се самопотврдам дека железницата ни оди надолу, а не нагоре. 
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 20-May-2010 at 22:48
Originally posted by BOJAN

Pbanks, пошо баш скоро прашував, а и сум патувал неколку пати, повратна карта е 2005 денари, а во еден правец околу 1400 денари.

Има и спални и кушет вагони, и тоа има и директно од и до Скопје што ги додаваат, е сеа за цената зависи, кога прашував јас во кушет вагон со 6 легла беше 600 денари, а легло во спален вагон околу 1100 денари.

Со оглед на мешаницава можно е и да се распродадени, пошо во Утрински денес пишуваше дека интересот бил неколкукратно зголемен.


Kuset mu doagja 350 den,a spalen vagon okolu 700 den.Spored mene,podobro e da se doplatat tie 350 den radi pogolem konfor.Inaku,da se napomene deka EUR ne primaat.Nasite baraat isklucivo denari,a Srbite isklucivo dinari.

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2339
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 09-Jun-2010 at 15:43
Во последно време се отвораат доста нови стојалишта, што значи и подолго патување кон посакуваната релација. На сајтот на Железница има објава за ново стојалиште помеѓу Скопје и Велес:

Започнувајки од 1.6.2010 година  помеѓу железничките службени места Зелениково и Кадина Река започнува со работа службеното место „Смесница“ стојалиште.

За потребите на патувачкиот свет :
- во правец од Велес, Битола, Кочани и Гевгелија кон Скопје во стојалиштетот „Смесница“ ќе застануваат следните возови:
Број 1910 во 5.35 часот; број 3900 во 8.05 ч.; број 8930 во 12.12 ч.; број 8932 во 15.05 ч.; број 4902 во 16.38 ч.; 1902 во 18.14 ч. И број 5902 во 21.08 ч.
- Во правец од Скопје кон Битола, Кочани, Велес и Гевгелија во стојалиштето „Смесница“ ќе застануваат следните возови:
Број 1901 во 6.32 ч.; број 1911 во 09.40 ч.; број 8931 во 13.50 ч.; број 4903 во 14.59 ч.; број 5903 во 16.09 ч.; број 3901 во 17.26 ч.; број 4905 во 19.05 ч. и број 8933 во 23.10 ч.
За подетални информации може да се обратите до најблиските железнички станици.


ОТСЕК ЗА ВОЗЕН РЕД


Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 09-Jun-2010 at 19:38
На кратко, системот за да се отвори стојалиште-станица е барање од локалната општина со образложение и оправданост кое се разгледува и се прифаќа или одбива.

Иначе мора да е грешка со возот бр. 3900 по возен ред во К.Река е во 6:58 а во Зелениково 7:06 - неможе да е 8:05 највероватно ~7:05

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.