build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен ред

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4665
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 04-Feb-2011 at 00:10
Не реков да смениш воз, туку да ја искористиш 20-минутната пасошка контрола - се симнуваш, одиш си купуваш карта, и си се качуваш повторно, и верувал или не поевтино е за цели седум евра! Јас така правам веќе две години, а тоа го прави и секој втор патник во возот, така што немаш гајле ни ти, верувај

Ако ти е страв да не те зафркнам, оди овој пат како секогаш па види дека имаш доволно време, па после види дека бев во право и нека ти е криво за 400-те денари разлика

Edited by гитардемон - 04-Feb-2011 at 00:13
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 04-Feb-2011 at 23:20
Originally posted by гитардемон

Не реков да смениш воз, туку да ја искористиш 20-минутната пасошка контрола - се симнуваш, одиш си купуваш карта, и си се качуваш повторно, и верувал или не поевтино е за цели седум евра! Јас така правам веќе две години, а тоа го прави и секој втор патник во возот, така што немаш гајле ни ти, верувај

Ако ти е страв да не те зафркнам, оди овој пат како секогаш па види дека имаш доволно време, па после види дека бев во право и нека ти е криво за 400-те денари разлика


Ах, сега се разбравме. Big%20smile
Денес бев до ЖСС за да прашам за билетот и ќе мора во Грција да го набавам, на шалтер 1 од 8 според љубезната тетка, така да најверојатно ќе те послушам. Повторно се покажа незаменлив, благодарам за советите. Cheers
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 11-Feb-2011 at 17:00
Започнувајќи од 13-02-2011 година, меѓународните патнички возови на релација Белград-Солун-Белград нема да сообраќаат по важечкиот возен ред за 2010/2011 година, односно експресните возови бр. 335 и 337 на релација Белград-Скопје-Солун и возовите бр. 334 и 336 на релација Солун-Скопје-Белград ќе сообраќаат до и од станица Скопје.

Edited by zookisk - 11-Feb-2011 at 17:02
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 11-Feb-2011 at 18:34
Зоки, мала корекција

Веќе на 12-02-2011 сабајлето ќе пристигне со возот 336 само нашиот и српскиот вагон кој вечерта се враќа за Србија, со тоа се прекинува еднострано коридор X од страна на Грција.

Грција ги укинува возовите кон Македонија



Грција го укинува железничкиот патнички сообраќај кон Македонија. Одлуката на грчките власти ќе важи за сите соседни земји до кои има железнички сообраќај.

Според образложението, причината не е политичка туку економска, како дел од антикризните мерки на владата за намалување на трошоците.

Возовите, најверојатно ќе престанат да сообраќаат од понеделник. До сега низ Македонија минуваше редовната железничка линија од Солун кон Белград.
11.02.2011, 09:49

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=71229

И повторно не соодветна слика
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 11-Feb-2011 at 21:17
За оваа можност се говореше и спореше уште од средината на декември, а нашето раководство на железници дури сега се сети да се активира. Со укинувањето на овие меѓународни возови, најмногу ќе настрадаат граѓаните на Гевгелија, Неготино и Демир Капија, кои сега остануваат со само два патнички возови дневно. Мислам дека возовите треба да продолжат да сообраќаат до Гевгелија или барем попладневниот воз да оди до Гевгелија, а утринскиот од Белград да може да се продолжи до Битола, како утрински експресен воз, којшто може да го наречеме „Охрид експрес“ како во добрите времиња.

Инаку грчките железници треба да ги тужиме за ова, тоа е дефинитивно и да си бараме отштета.

Edited by BOJAN - 11-Feb-2011 at 21:19
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 11-Feb-2011 at 21:42
Originally posted by BOJAN

За оваа можност се говореше и спореше уште од средината на декември, а нашето раководство на железници дури сега се сети да се активира. ...

Не ми е јасна реченицава, кога грциве не се појавива и на собирот на железниците, ЕУ не веруваше дека и тоа ќе го направат, но се надевам дека и санкции ке ги стигнат, инаку ова чудно ЕУ мезимче ќе зајде.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 11-Feb-2011 at 22:49
Отменя се движението на международните влакове между България и Гърция
11.02.2011 16:32

Поради решение от страна на гръцката железопътна администрация във връзка с провеждането на оздравителна програма за финансово стабилизиране на гръцката железница, ще бъде отменено движението на международните влакове между България и Гърция.

По тази причина от днес (11-ти февруари) до 17-ти февруари двата международни влака Румъния, които се движат между Букурещ и Солун (през София), ще пътуват само между Букурещ и Кулата. След 17-ти февруари тези два международни влака ще се движат само по маршрута си между Букурещ и София.

През утрешния ден (12-ти февруари) няма да се движи следобедният международен влак от Солун за София. От 13-ти февруари няма да се движат двата сутрешни международни влака, както и двата следобедни международни влака, които пътуват между София и Солун.

Холдинг Български държавни железници ЕАД ще възстановяват сумите на всички пътници, закупили предварително билети за пътуване с отменените влакове за Гърция.

http://bdz.bg/novina.php?id=1930
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 12-Feb-2011 at 11:35
Инаку во прилогот на телевизија Тера, директорот на МЖ најави локални возови меѓу Прилеп и Битола со дизелмоторна гарнитура, која би се обезбедила во брзо време. Мене ме интересира кој е тој Шпанец што би одел на релација Прилеп-Битола, кога во моментов активни имаме само два, освен ако не се одлучи на „генијална“ идеја да се укине возот кон Кочани или кон Кичево?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4665
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 12-Feb-2011 at 12:56
Сиве овие линии требаше да се укинат уште на 31 декември, но останаа до денес поради бројните протести и штрајкови на вработените, и нехраброста на главните да ги укинат линиите поради страв од вистински големи штрајкови.

Ама ете собраа храброст, па ќе видиме.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 15-Feb-2011 at 19:07

Нема веќе на шопинг со воз во Солун

Укинувањето на железничката линија Скопје - Солун најмногу ги погоди македонските студенти што учат на тамошните колеџи

Сања Наумовска
Миркица Поповиќ


Одлуката на грчките железници да ја укине железничката линија меѓу Скопје и Солун, освен шопинг-туристите, најмногу ги погоди македонските студенти што учат на тамошните колеџи. Брзиот меѓународен воз нудеше можност за секојдневна и евтина врска со јужниот сосед. Опциите што сега им остануваат на располагање на македонските граѓани се патувањето со автомобил или со автобусите на туристичките агенции, кои од Скопје за Солун имаат тури само три пати неделно, а и билетите се поскапи. Ново превозно средство ќе треба да бараат и голем број сезонски работници од пограничниот дел што работат во северниот дел од Грција и патуваат секојдневно. Без воз извисија и љубителите на шопинг-турите до Солун. Повратниот билет Скопје - Солун чинеше 1.500 денари, додека, пак, билетите за студентите и за младите до 26 години беа поевтини и изнесуваа само 1.200 денари, со можност тој да биде искористен во рок од два месеца од датумот на издавање.

Дали одлуката за укинување на железничката линија е конечна, ќе се знае до почетокот на март, велат во „Македонски железници-транспорт“. Закажани се неколку средби со грчките и со српските колеги на кои треба да им се најде решение, возот, сепак, да продолжи да сообраќа кон Солун. Ниту една линија во патничкиот железнички превоз не е профитабилна, освен можеби кај супер брзите возови“, велат во МЖ. Затоа ќе треба да се утврди дали висината на загубите ќе ја надмине неопходноста линијата да остане функционална.

„Кога ќе се соберат сите елементи потребни за една линија да функционира, ангажирање вработени, плати, одржување и други давачки. Трошоците секогаш се поголеми од приходите. Сепак, линиите се одржуваат од економски и од социјални причини, со помош на државата и на локалните власти“, објаснуваат од МЖ. Една од опциите со кои би се намалиле трошоците на грчките железници е кон јужниот сосед да сообраќаат само македонски и српски вагони. На маса ќе бидат ставени и други предлози, но одлуката, сепак, ќе зависи од грчките колеги.

Решението да ги запрат сите меѓународни и голем број локални линии наиде на големи реакции и кај јужниот сосед. Од прес-канцеларијата на грчките железници „Трен ОСЕ“ за „Утрински“ образложија дека причината зошто се укинати сите меѓународни линии и дел од домашните е непрофитабилноста. Оттаму велат дека се' уште е рано да се знае што ќе се случува со линијата и не би можеле да предвидат дали би се воспоставила повторно доколку некоја друга компанија изрази интерес да ја преземе оваа линија под своја капа. Земајќи го предвид финансискиот колапс со кој се соочуваат грчките железници, по предлогот од ММФ да бидат продадени 49 отсто од акциите на ОСЕ на приватна компанија и големите отпуштања во компанија со што се преполови персоналот, очигледно е дека укинувањето на овие линии до неодредено време е единствениот начин да се закрпат дупките во компанијата. Сепак, одлуката беше големо разочарување и за Грците што ја користеа оваа линија да стигнат до Скопје и до Белград, но најмногу за македонските граѓани и студенти на кои ова им беше единствена евтина опција за патување до Солун. Со укинувањето на визниот режим кај некои од нашите граѓани се постави прашањето дали се размислува за воспоставување брзи возови што би стигале до Солун за два часа, кои покрај студентите, ќе им бидат од голема корист и на бизнисмените, со оглед на тоа дека би можеле изутрината да стигнат во Солун, да ги завршат работите и повторно да се вратат вечерта за само два часа. Поради добро организираниот јавен превоз и такси-линиите, граѓаните можеа многу лесно да избегнат плаќање за паркинг и дополнителни трошоци за бензин. Меѓутоа, наместо брзи возови, сега линијата гасне комплетно.

„Тажно е што се прекинува оваа линија. Можеби не беше ова најбрзиот или најсредениот воз, но, сепак, беше пристоен и услужуваше и студенти, и млади, и постари што немаат сопствено возило или сакаа поекономично да патуваат до Солун за викенд. Цената на билетот беше минимална во споредба со трошоците за зелен картон, бензин, патарини и паркинг што треба да ги платите за тоа патување. Од друга страна, возот има и еден романтичен и социјален момент на запознавање нови луѓе, склопување нови пријателства, што им даваше можност и на странските туристи да запознаат дел од македонскиот менталитет. На крајот на краиштата, жално е што се става крај на оваа линија во време кога низ целиот свет се работи на насочување на граѓаните кон користење на возот како поеколошко и поевтино сообраќајно средство и изработка на супер брзи возови за долги дестинации“, вели една поранешна студентка во Солун, која пет години двапати месечно ја користела линијата Солун - Скопје.

Возот Солун - Скопје - Солун возеше на оваа релација двапати во денот, наутро и попладне во 17 часот. Овој брз воз беше „спасител“ и за голем број граѓаните што патуваа кон Велес, Неготино, Гевгелија и Демир Капија, бидејќи како меѓународен, беше значително побрз од обичните домашни линии.

Izvor: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=848D2D2DEFDC4745A348A9EFF132E6A9


Edited by BOJAN - 15-Feb-2011 at 19:08
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 190
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 16-Feb-2011 at 11:19
Дечки можи некој ако знај да ми ги напиши сите поагања и пристигнувања од Битола до Скопје и обратно.Вклучувајки го и Експресниот воз.Фала однапред
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4665
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 16-Feb-2011 at 13:13
Originally posted by Danielbtmk

Возен ред од станица Битола до Скопје, и од Скопје до Битола...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 19-Feb-2011 at 11:18
Имам една идеја околу измена во возниот ред на железница. Со укинувањето на експресните возови кон Гевгелија, сметам дека возот од 16:40 часот кој сообраќа на релација Скопје-Велес-Скопје треба да се продолжи до Гевгелија и да се укине патничкиот воз во 19:43 часот.

Втората идеја ми е поради фактот што има само двата пара возови на оваа релација, да се продолжи возот од 16:40 часот кон Гевгелија и да продолжи да сообраќа возот во 19:43 часот кон Гевгелија со 2-3 вагони. На тој начин и од Гевгелија, покрај возот што поаѓа пред 5 часот наутро, би сообраќал и вториот утрински воз од околу 6 и пол часот, со истото поаѓање како и возот од Солун. Со ова, сметам дека многу би им се помогнало на патниците од градовите Гевгелија, Демир Капија и Неготино, кои со укинувањето на експресните возови мораат прерано да стануваат за да стигнат во Скопје и предоцна да поаѓаат од Скопје кон своите живеалишта.
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 20-Feb-2011 at 01:15
Originally posted by BOJAN

Имам една идеја околу измена во возниот ред на железница. Со укинувањето на експресните возови кон Гевгелија, сметам дека возот од 16:40 часот кој сообраќа на релација Скопје-Велес-Скопје треба да се продолжи до Гевгелија и да се укине патничкиот воз во 19:43 часот.


Патничкиот воз 3901 кој поаѓа во 19:43 нема да биде укинат туку ќе биде поместен и ќе поаѓа од Скопје негде околу 18:00 часот...Барем таква информација добив денес...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 20-Feb-2011 at 11:30
Originally posted by zookisk

Originally posted by BOJAN

Имам една идеја околу измена во возниот ред на железница. Со укинувањето на експресните возови кон Гевгелија, сметам дека возот од 16:40 часот кој сообраќа на релација Скопје-Велес-Скопје треба да се продолжи до Гевгелија и да се укине патничкиот воз во 19:43 часот.


Патничкиот воз 3901 кој поаѓа во 19:43 нема да биде укинат туку ќе биде поместен и ќе поаѓа од Скопје негде околу 18:00 часот...Барем таква информација добив денес...


Zookisk, интересна информација ни носиш, особено што патничкиот воз за Гевгелија во минатото често поаѓаше околу 18 часот. Сакам да те прашам, со ова поместување ќе останат и понатаму два патнички воза кон Гевгелија или ќе се додаде и возот за Велес од 16:40 часот, кој би продолжил кон Гевгелија. Ќе има ли измени кај утринскиот воз?
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 20-Feb-2011 at 12:07
Не ми се верува дека утринскиот воз ќе биде поместен...реално би било возот наместо во 16:40 да биде поместен и да поаѓа негде околу 15 часот...а негде на почетокот на Март ќе се знае што ќе биде со експресните возови кои што беа укинати пред една недела...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 20-Feb-2011 at 21:34
Originally posted by zookisk

Не ми се верува дека утринскиот воз ќе биде поместен...реално би било возот наместо во 16:40 да биде поместен и да поаѓа негде околу 15 часот...а негде на почетокот на Март ќе се знае што ќе биде со експресните возови кои што беа укинати пред една недела...


Можно е ова да се направи, но како тогаш би се вратиле кон Велес оние луѓе што работат до 16 часот во Скопје. Тоа би значело и два возови кои би поаѓале околу 15 часот, кочанскиот воз и возот за Велес.

Инаку, дали е возможно барем експресниот воз кој поаѓаше од 17:30 часот да се продолжи до Гевгелија или мора да се гаражираат вагоните во соодветно депо?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 03-Mar-2011 at 14:37

Повторно грчки возови кон Македонија


Железничкиот патнички сообраќај меѓу Македонија и Грција наскоро повторно ќе се воспостави, откако пред три недели нашиот јужен сосед го прекина поради нерентабилност и економски загуби

 

 
%20  
Грчкиот министер за транспорт Димитрис Репас вчера образложувајќи ги плановите за развој на железничката инфраструктура се заложил за повторно поврзување меѓу Скопје и Солун, дознаваме од дипломатски извори.

Прекинот на сообраќај, освен кон Македонија, се однесуваше и за другите земји, како и за некои домашни железнички линии. Од „Македонски железници“ велат дека линијата кон Солун е повеќе искористена во летниот период поради годишните одмори, додека во зимските месеци нема многу патници. Сепак, нашата позиција уште од поодамна е да има директна железничка врска Скопје - Солун, тврдат од „МЖ транспорт“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3311924445&id=10&prilog=0&setIzdanie=22221
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 04-Mar-2011 at 11:24
Originally posted by axel

Повторно грчки возови кон Македонија


Железничкиот патнички сообраќај меѓу Македонија и Грција наскоро повторно ќе се воспостави, откако пред три недели нашиот јужен сосед го прекина поради нерентабилност и економски загуби  

 
%20  
Грчкиот министер за транспорт Димитрис Репас вчера образложувајќи ги плановите за развој на железничката инфраструктура се заложил за повторно поврзување меѓу Скопје и Солун, дознаваме од дипломатски извори.

Прекинот на сообраќај, освен кон Македонија, се однесуваше и за другите земји, како и за некои домашни железнички линии. Од „Македонски железници“ велат дека линијата кон Солун е повеќе искористена во летниот период поради годишните одмори, додека во зимските месеци нема многу патници. Сепак, нашата позиција уште од поодамна е да има директна железничка врска Скопје - Солун, тврдат од „МЖ транспорт“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3311924445&id=10&prilog=0&setIzdanie=22221



Ми се допаѓа оваа идеја на Грчките железници, се надевам дека ја разбрале од МЖ-Транспорт. Возови на релација Скопје-Солун, тоа е прекрасна идеја, ако се реализира. Мислам дека дури е и попаметно да се вратат возовите само на релацијата помеѓу Скопје и Солун, бидејќи доцнењата во поаѓање и пристигнување во градовите ќе се сведат на минимум. Исто така, многу подобар тајминг на тргнување на возовите би имало во ваков случај, а се надевам и дека грците ќе се сложат едно свое Дезиро да пратат на релација кон Скопје, па со малку промоција, оваа линија би била успешна приказна.
Back to Top
Goce View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 20-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Goce Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 19-Mar-2011 at 19:44
Prospekt za vozen red na Mz
[/IMG]
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.