build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен ред

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3083
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #621 Posted: 08-Apr-2016 at 19:28
Originally posted by Џоле

Наскоро 7 дневни железнички линии на релација Скопје-Битола

Новите возови кои по после историски долг период го обновија возниот парк на Македонски Железници, ја зголемуваат и дневната понуда на железнички превоз помеѓу поврзаните со пруга градови.

Од Македонски Железници информираат дека од 1-ви јуни на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје ќе сообраќаат 7 линии, или на секои 2 до 3 часа по еден воз.

Ќе сообраќаат 3 патнички и 4 експресни гарнитури.

Ова е од огромно значење за жителите на Пелагонискиот регион, кои ќе имаат плус поврзаност со главниот град.

http://markukule.mk/%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BE-7-%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%B6%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5/

Има една сообраќајна студија изработена од Техничкиот факултет во Битола за развој на железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола-Скопје. Во овие амбициозни планови е наведено дека на овој регион му се потребни од шест до осум возови дневно, како оптимална бројка со која би се насочиле граѓаните кон користење на возот.

Искрено, покрај меѓу Скопје и Битола, се надевам дека во претстојните месеци ќе проработи линија Скопје-Кичево-Скопје. Пругата на овој потег е во одлична кондиција, а воедно има и големи градови крај неа. Во бивша Југославија сообраќале и по 10 воза дневно на оваа релација. Се надевам дека со новите гарнитури ќе може барем да се достигне бројката од 3-4 возови дневно.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 605
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #622 Posted: 08-Apr-2016 at 20:53
Originally posted by BOJAN

Можеби ако стават блиндирани прозорци. Реално, оштетувањата се присутни сегде, но овој реон е далеку пред другите, за жал.
Back to Top
Antonov View Drop Down
Groupie
Groupie

Joined: 10-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 73
  Quote Antonov Quote  Post ReplyReply #623 Posted: 17-Apr-2016 at 17:21
Едно прашање...
Дали имате некоја информација за тоа дали во Европа во железничкиот превоз се издаваат неделни/месечни билети за млади/студенти со соодветен попуст?
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 605
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #624 Posted: 17-Apr-2016 at 18:09
Да, ама има услови, кои секоја железничка компанија си ги уредува. Имаш и Inter Rail, ама никогаш не сум користел, веројатно има некои кои ги користеле овие картички, па ќе ти објаснат.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 605
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #625 Posted: 17-Apr-2016 at 21:38
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 231
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #626 Posted: 21-Apr-2016 at 16:49
Zeleznicari: tocno e deka denes e blago izmenet vozniot red? (nosat izvesni lugje na ednodnevna ekskurzija vo glavniot grad)

Edited by gorazd - 21-Apr-2016 at 16:49
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 353
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #627 Posted: 22-Apr-2016 at 22:39
Сакам да прашам дали некој од новите возови кој што се донесени или што ќе се донесат , се обраќаат до Белград или Солун , или се само за во Македонија настрана не излегуваат од државата ?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #628 Posted: 23-Apr-2016 at 18:40
Originally posted by WolfLeader

Сакам да прашам дали некој од новите возови кој што се донесени или што ќе се донесат , се обраќаат до Белград или Солун , или се само за во Македонија настрана не излегуваат од државата ?

Eдино со меѓудржавен договор (обично реципроцитетно)
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 353
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #629 Posted: 23-Apr-2016 at 20:03
Originally posted by Vladimir P

Originally posted by WolfLeader

Сакам да прашам дали некој од новите возови кој што се донесени или што ќе се донесат , се обраќаат до Белград или Солун , или се само за во Македонија настрана не излегуваат од државата ?

Eдино со меѓудржавен договор (обично реципроцитетно)

https://www.youtube.com/watch?v=jeXIlfCsIXg Со истите овие вагони се имам возено македонски се гарнитурите , на истата релација се возев , па за тоа си мислев дали овие постарите ќе се тргнат од оваа релација а на нив да се стават од новите тоа ми беше мислењето ... а и овие новите што пристигаат како што знам немаат кабини за спиење , туку се само со столчиња ?
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4185
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #630 Posted: 26-May-2016 at 16:21
Од Битола до Скопје ќе се стигнува со 7 воза и 45 минути побрзо – Брзина 120км на час!

Од 1 јуни Скопје ќе биде „поблиску“ до Битола за 45 минути, дневно ќе се слуша свирката на седум воза, кои ќе доаѓаат од метрополата до Битола и ќе се враќаат назад. Најголемиот дел од нив ќе бидат нови гарнитури, кои ќе го скратат патувањето од три часа и 15 минути на два и пол часа. Директорт за маркетинг и продажба на „Македонски железници“, Kире Диманоски, најави дека од 1 јуни ќе стартува новиот возен ред на релација Скопје – Битола и обратно.

– Од 1 јуни планот на „Македонски железници“ е да се воведе нов возен ред, во кој ќе има седум воза од Битола за Скопје и обратно. Покрај таа постојана линија, која не сообраќаше одреден период поради недостиг од возни гарнитури, воведени се уште три линии со нов воз – изјави Диманоски.

– „Македонски железници“ со заменувањето на старите гарнитури ќе воведе и нови деловни линии на релација Скопје –Битола, која е една од најрентабилните, односно најголем број патници патуваат на оваа линија. Овие нови линии сите ќе бидат деловни. Сегашните постојни возови, кои сега патуваат во ранг на патнички возови ќе останат такви, а сите нови дополнителни линии ќе бидат деловни, односно брзи, кои стигнуваат за два и пол часа до Скопје, што е брзо во споредба со другите модалитети на транспорт и безбедно – додава Диманоски. Освен во брзината, патниците ќе имаат можност да уживаат во комфорот на новите железнички композиции.

– Максималната брзина на новите возови е 120 километри на час, а планираме деловните возови да застануваат само на станиците Битола, Прилеп, Велес и Скопје, што значи дека многу побрзо ќе се патува од Битола до Скопје. Освен што возот е брз, комфорен е и со повеќе удобности за патниците како што се телевизори, клима-уреди, слободен интернет-пристап – изјави Никола Kостов, генерален директор на „Македонски железници-Транспорт“ .

pelagonija.mk
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3083
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #631 Posted: 26-May-2016 at 17:24
Ајде сега да не се лажеме, јас ги пофалив новите возови, ама дека ќе возат со 120 километри на час, во најмала рака, е утопистички. Мислам, секој може да се качи во еден воз наутро и да провери дали навистина одат со 120 км. на час.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 605
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #632 Posted: 27-May-2016 at 00:11
А и на кој дел од пругата би возеле со таа брзина, исто така, не ми е јасно.

Воедно, дали ова значи и дека ниеден деловен воз повеќе нема да застанува во Богомила?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6967
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #633 Posted: 27-May-2016 at 01:56
технички гледано, колку што сум јас информиран, на рамна делница и дизелките електричните локомотиви што ги имавме досега можеа да ја постигнат таа брзина, проблемот не беше во брзината на возовите, туку во самата траса и фактот дека еден воз поминува нис еден куп населени места
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3083
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #634 Posted: 27-May-2016 at 09:00
Реално земено, со новите деловни возови меѓу Скопје и Велес, меѓу Скопје и Прилеп, како и меѓу Скопје и Битола ќе се стигнува побрзо од автобусите. Возовите се нови, чисти и со сите потреби што може да ги има денешниот човек (со исклучок на велосипедистите). И повторно, превозот ќе биде 30%, а можеби и повеќе проценти поевтин од автобускиот. Тоа се значајните предности.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1004
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #635 Posted: 27-May-2016 at 10:04
Originally posted by zabegan

технички гледано, колку што сум јас информиран, на рамна делница и дизелките електричните локомотиви што ги имавме досега можеа да ја постигнат таа брзина, проблемот не беше во брзината на возовите, туку во самата траса и фактот дека еден воз поминува нис еден куп населени места

Ako досега Пелагонија поминуваше 34 мин. од Прилеп до Битола, сигурно било околу 100-105 км/ч со оглед дека пругата е доста подолга од патот и е нешто под 60 км.
На тој низ само две села пругата е низ самите куќи (Галичани и Тројкрсти), другите се сите доста настрана од постојките.Ова е предност, ама со забелешка да се изградат огради на делот каде пругата е линија низ самите села.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1004
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #636 Posted: 30-May-2016 at 10:48
1-ви Јуни е задутре, а ништо не објавија за наводните 7 пара кон Битола.Тешко некако им одат комбинациите?!
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 67
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #637 Posted: 30-May-2016 at 14:51
Баш денес бев да прашам на ЖС Битола за новиот возен ред и добив одговор дека немаат информација. Јас не знам како се очекува на први јуни некој да патува со новите линии, а сè уште нема никаква информација.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1004
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #638 Posted: 31-May-2016 at 17:35
Прво изработи, па фали се...како шо и повеќето мислевме, како и небројани пати наназад.Станавме скептици од пракса.

А раководството на МЖ неспособни по навика.Барем еднаш да не изненадеа...

http://tera.mk/dvete-novi-vozni-linii-ne-od-juni-tuku-od-septemvri/

Двете нови возни линии не од јуни, туку од септември

Мај 31, 2016

„ Од први јуни ќе стартуваат уште две нови линии на релација Скопје-Битола и обратно. Со овие две, бројот на возови кои ќе сообраќаат помеѓу двата најголеми македонски градови ќе изнесува 14, од двата града по 7“.

Вака известуваа медиумите. А денеска информацијата ја проверивме во Македонски железници, дали од утре ќе тргнат нови два воза.

Од таму за Тера рекоа дека новите два пара воза сепак нема да тргнат од утре иако така првично се планирало. Објаснувањето е дека уште некои работи треба да бидат дозавршени на оваа железничка линија, а потоа да се стават и новите два воза. Така ќе биде летово со постојните пет воза. Од септември со стартот на школската година и бројот на возови ќе го зголемеле, ни рекоа од Македонски железници.

Засега остануават четирите како и досега и тој дополнителниот што одеше пробно доцна навечер од Битола околу 21:00 часот. И тој сега станува редовен во сообралајот на релцијата Битола-Скопје.

Како деловен е тој и утринскиот нешто после 5 часот, останатите се старите композиции патнички со кои за три и пол часа се стигнува до Скопје.

Ако одите со двата деловни патувањето е покусо за 45 минути.

...''Некои работи да бидат дозавршени на оваа лиинија''...

Дали мислеле на недоволно број места за разминување на така замислениот распоред со 7 пара дневно, слаба/недоволна сигнализација, недоволно персонал и возни капацитети, немање капацитет на пругите за таков план од 2:30, а да би бил сепак точен до одредени граници?
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 605
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #639 Posted: 31-May-2016 at 20:09
Дали мислеле на недоволно број места за разминување на така замислениот распоред со 7 пара дневно, слаба/недоволна сигнализација, недоволно персонал и возни капацитети, немање капацитет на пругите за таков план од 2:30, а да би бил сепак точен до одредени граници?

Еве вака сега нешто од малку поголемото искуство со железница:

1. Да, распоредот со седум воза дневно, особено на пругата Скопје-Велес би бил предизвик со оглед на бројот на сообраќај на таа делница (пред се на товарните возови, кои конечно тргнаа по неколкумесечната блокада)
2. Сигнализацијата им е добра, дури постои и централен команден систем во ЖС „Трубарево“, од каде што автоматски се менуваат свртници и светлата, и се следат сите возови.
3. Персонал нема доволно, особено работници, а да не зборам дека малите станици ги затворија и сега разминување се прави одвај на десет станици во цела Македонија, така што јас се прашувам како ова ќе го изведат.
4. Пругите и брзината на возовите се горе-долу ок, јас повеќе го гледам проблемот во персоналот и бројот на станици за разминување.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1004
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #640 Posted: 31-May-2016 at 20:33
Originally posted by ehrlich

[B]Дали мислеле на недоволно број места за разминување на така замислениот распоред со 7 пара дневно, слаба/недоволна сигнализација, недоволно персонал и возни капацитети, немање капацитет на пругите за таков план од 2:30, а да би бил сепак точен до одредени граници?[/B]

Еве вака сега нешто од малку поголемото искуство со железница:

1. Да, распоредот со седум воза дневно, особено на пругата Скопје-Велес би бил предизвик со оглед на бројот на сообраќај на таа делница (пред се на товарните возови, кои конечно тргнаа по неколкумесечната блокада)
2. Сигнализацијата им е добра, дури постои и централен команден систем во ЖС „Трубарево“, од каде што автоматски се менуваат свртници и светлата, и се следат сите возови.
3. Персонал нема доволно, особено работници, а да не зборам дека малите станици ги затворија и сега разминување се прави одвај на десет станици во цела Македонија, така што јас се прашувам како ова ќе го изведат.
4. Пругите и брзината на возовите се горе-долу ок, јас повеќе го гледам проблемот во персоналот и бројот на станици за разминување.

Прво, фала за одговорот :okay:

Сега уште некое (пот)прашање ако имаш инсајдерски информации...претпоставував за ова под број 3, ама - во врска со тие станици, за кои знам дека беа дел специјално за разминување, надвор од населени места посебно на Велес - Скопје; дали се преземени нивните активности за разминување композиции од контролата во Трубарево, т.е. дали воопшто се вршат такви маневри во станиците без персонал или само тие десетина станици, а овие фактички се водат како отворена пруга?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.202 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.