build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен ред

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 333435
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #681 Posted: 04-Nov-2018 at 21:17
Македонски железници добива секоја година субвенции, а за сметка на тоа има катастрофален возен ред, кој не продуцира патници, а за возврат ги зголемува загубите. Новите кинески гарнитури се недоволно искористени, што би се рекло, сообраќаат по еднаш дневно како еден пар возови. Ова одамна го имам правено, но еве еден пример како би можело да изгледа возниот ред 2018/2019 со идентичниот број гарнитури што ги имаме, стари и нови заедно со патнички вагони:

Скопје-Битола
7:20-11:00 (711-001/002)
11:00-14:40 (711-003/004)
14:30-18:00 (711-005/006)
18:30-22:05 (711-001/002)                                                 

Битола-Скопје
3:20-6:50 (711-001/002)
12:00-15:30 (711-001/002)
16:20-19:50 (711-003/004)
19:00-22:30 (711-005/006)

Скопје-Кочани       
17:20-20:10 (711-007/008)                                                 

Кочани-Скопје
5:00-7:50 (711-007/008)

Скопје-Кичево   
6:20-8:35 (711-005/006)                                                        
9:20-11:25 (711-007/008)                                                     
16:50-18:55 (712-101/102)   

Кичево-Скопје
5:30-7:35 (712-101/102)
9:30-11:35 (711-005/006)
14:20-16:25 (711-007/008)

Скопје-Гевгелија
6:20-9:10 (411-101/102)                                                     
9:00-11:50 (411-103/104)                                               
16:40-19:30 (411-101/102)                                             

Гевгелија-Скопје
4:40-7:30 (411-103/104)
9:30-12:20 (411-101/102)
16:50-19:40 (411-103/104)

Скопје-Куманово
6:00-6:50 (класична гарнитура)                                   
8:15-9:05 (класична гарнитура)                                   
11:00-11:50 (класична гарнитура)                            
16:30-17:20 (класична гарнитура)                          
19:00-19:50 (класична гарнитура)                          
21:20-22:10 (411-103/104)                                         

Куманово-Скопје
5:00-5:50 (411-103/104)
7:00-7:50 (класична гарнитура)
9:15-10:05 (класична гарнитура)
12:05-12:55 (класична гарнитура)
17:30-18:20 (класична гарнитура)
20:10-21:00 (класична гарнитура)

Скопје-Велес 4:20, 6:20, 7:20, 9:00, 11:00, 13:20, 14:30, 16:40, 17:20, 18:30, 20:00, 22:40

Скопје-Солун 5:40
Скопје-Белград 22:50
Скопје-Приштина 16:40
                                                                                                                                                                                                  
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 467
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #682 Posted: 22-Jan-2019 at 17:00
nov vozen red: https://mzt.mk/wp-content/uploads/DZEPEN-VR-2018-2019-pdf-vrzija.pdf

Dali toa vozot Belgrad - Solun se vrakja kako sezonska linija?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #683 Posted: 23-Jan-2019 at 09:50
Возот Белград-Солун постои како сезонска линија веќе неколку години наназад. Се знаеше дека ќе сообраќа во летните месеци, но тоа е само поради фактот што има зголемен број на туристи налето. Македонците одамна не користат возови, они се преориентираа кон иднината - дизел автомобили со старост од мин.10 години од Германија.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 605
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #684 Posted: 23-Jan-2019 at 12:33
Ами факт е дека голем број од луѓето се мрзи и скептици во врска со железничкиот транспорт. Арно ама, ете и јас како голем фан на возот како траснпортно средство одамна го имам баталено неговото користење во Македонија. Освен експресниот Сопје-Битола ништо друго не заслужува да биде користено поради распоредот, времетраењето, па и нестабилноста на горната граница на времетраењето на патувањето. Експресниот е укинат одамна, па така останува само опцијата 4 сати да се тркалаш од Скопје до Битола со 50% веројаност дека патувањето може да трае и до плус 2 часа од планираното.
Студентски се исплаќаше можеби, но денес стварно треба финансиски нож до коска да ми дојди за да се решам на таа несигурна експедиција (поготово назима ).

Патем, некаде пред некое време исчитав муабет дека се појавуваат апетити за купување на железницата. А начинот на кој е управувана железницата во последно, ми мириса ко некој стварно да сака сосема на колена да ја донесе па после да биди “ете државно не ја бива, мора да се продај“.

Edited by hcitrS - 23-Jan-2019 at 12:34
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 596
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #685 Posted: 02-Jun-2019 at 09:24

Од 15 јуни се враќаат возовите за Солун и Белград

Железници на РСМ-Транспорт од 15 јуни повторно ја воведуваат железничката линија од Скопје до Белград и до Солун.

Од Железницата информираат дека до Солун се воведува групната понуда „City Star“ за повратно патување на релација Скопје-Солун-Скопје, со која цената на чинење на возниот билет зависи од бројот на патници кои патуваат заедно, но најмногу 5 возрасни лица и едно дете.

Според понудата, цената на билетите се намалува со зголемување на групата патници, па така ако групата ја сочинуваат 5 возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836 денари. Ако групата ја сочинуваат 5 возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756 денари.

Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.

Во периодот од 15 јуни до 16 септември, железничка врска од Скопје ќе има и за Белград, со возот што поаѓа секојдневно во 22:19 часот. Повратниот билет за воз меѓу Скопје и Белград изнесува 1.709 денари.

Важна напомена за патниците е дека експресниот воз сообраќа до белградската железничка станица Топчидер, додека кон Солун со воз се патува до Гевгелија, а на релацијата меѓу Гевгелија и Солун е обезбеден автобуски превоз од „Грчки железници“.
Радио МОФ

Што е проблемот со Гевгелија - Солун?
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 467
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #686 Posted: 03-Jun-2019 at 12:18
"Од Железници на РСМ – Транспорт нагласуваат дека грчкиот оператор TrainOse засега е заинтересиран единствено за целогодишно одржување на железничката линија од Скопје до Солун преку Гевгелија. Во втората половина на јуни, делегација на овдешната железница ќе отпатува во работна посета на Солун, каде би се постигнал конечен договор околу можното воведување на експресен воз меѓу Скопје и Солун што би сообраќал во текот на целата година." tera.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #687 Posted: 03-Apr-2020 at 15:28
Од понеделник нови промени во возниот ред на патничките возови

Железници на РСМ – Транспорт информира дека од понеделник, 6 април стапуваат на сила новите измени на возниот ред на патничките возови. Со измените останува укинат патничкиот железнички сообраќај на релацијата Скопје-Табановце-Скопје, а возовите Скопје-Кочани-Скопје ќе изостануваат меѓу станиците Велес и Кочани. Од понеделник повторно ќе сообраќаат возовите меѓу Скопје и Битола, но со изменет возен ред.

Меѓу Скопје и Битола од понеделник ќе сообраќаат возовите во 6:57 и 14:30 часот, додека од Битола кон Скопје ќе има возови во 5:45 и 12:51 часот. Од Скопје до Гевгелија ќе сообраќа воз во 6:23 часот, додека од Гевгелија за Скопје ќе има поаѓање во 16:55 часот. Возовите меѓу Скопје и Кичево ќе сообраќаат со вообичаените поаѓања планирани во возниот ред за 2020 година.

Меѓу Скопје и Велес ќе има поаѓања на возовите во 5:45 (привремено ново поаѓање), 6:23, 6:57, 9:15, 13:20, 14:30, 15:24, 16:55 и 19:15 часот. Од Велес за Скопје ќе се реализираат поаѓања на следниве возови: 5:45, 6:45, 8:16 (привремена измена на поаѓање), 12:10, 14:24, 15:24, 16:50 (привремено ново поаѓање), 18:40 часот.

За време на викенд, ќе сообраќаат единствено три воза во сабота, и тоа возот од Кичево за Скопје со поаѓање во 5:30 часот, возот од Битола за Скопје што поаѓа во 5:45 часот и возот од Велес за Скопје што поаѓа во 6:45 часот. Во недела патничките возови нема воопшто да сообраќаат, додека в понеделник наутро нема да поаѓаат возовите од Кичево за Скопје во 5:30 часот и од Битола за Скопје во 5:45 часот.

https://meta.mk/od-ponedelnik-novi-promeni-vo-vozniot-red-na-patnichkite-vozovi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #688 Posted: 07-Apr-2020 at 17:23
ОД УТРЕ ЌЕ СООБРАЌААТ САМО ДЕВЕТ ПАТНИЧКИ ВОЗОВИ ПОРАДИ ПОДОЛГИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Осетно е редуциран железничкиот патнички сообраќај, кој ќе се применува од утре, среда. Причината е зголемено времетраење на полициски час, кој ќе трае од 16 до 5 часот, а стапува на сила од утре, објаснуваат од МЖ АД Транспорт.

Кон Битола од Скопје ќе има патнички воз наутро во 6,57 а од Битола кон Скопје во 10,50, кон Гевгелија со поаѓање од Скопје во 6,23 а од Гевгелија кон Скопје во 11,30 ч. На релацијата Скопје – Велес ќе поаѓаат во 9,15, 12,40 а од Велес кон Скопје во 6,45, 11,30 и 13,44. Од утре попладне нема да сообраќа патничкиот воз кон Кичево, од пред две седмици не сообраќаат ниту возовите кон Кочани и кон Куманово.

Во викенд, сабота и недела нема да сообраќа ниту еден патнички воз.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-utre-ke-soobrakaat-samo-devet-patnichki-voza-poradi-podolgiot-politsiskiot-chas/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #689 Posted: 26-Apr-2020 at 14:33
ОД УТРЕ ВОЗОВИТЕ ЌЕ СООБРАЌААТ И ПОПЛАДНЕ

Скратениот полициски час заради заштита од корнавирусот предизвика ново поместување на возниот ред на Македонски Железници АД Транспорт. Останува истиот број на патнички возови, но со тоа што дел се враќаат во сообраќај во попладневните термини. Овој железнички возен ред стапува на сила од утре.

Од Скопје за Битола има два патнички воза кои поаѓаат во 6,57 и 14,30, додека од Битола тргнуваат во 6 и во 12,51 часот. За Гевгелија од железничка станица Скопје тргнуваат во 6,23 и 15,24. додека од Гевгелија поаѓаат во 5,40 и 15,10 часот. Во сабота кон Битола и Гевгелија и обратно сообраќаат само утринските возови, кои нема да сообраќаат во понеделник наутро.

Од Скопје кон Велес патнички возови има во 9,15 и 13,20 додека од Велес кон Скопје во 6,40, 12,10 и 14,24 како и патничките возови кои сообраќаат од и кон Битола и Гевгелија.

И натаму не сообраќаат патнички возови на релациите кон Кичево, Кочани и Куманово.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-utre-vozovite-ke-soobrakaat-i-popladne/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 333435

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.