build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 42>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 04-Dec-2008 at 13:24

кога ќе почнеш да лечиш болен човек во  домашни услови, никогаш нема тоа да го сториш докрај! или немаш време да му се посветиш целосно или немаш доволно авторитет па со еден збор да го стокмиш, посебно ако низ животот бил разгалуван! со еден збор право в болница, тоа е приватниот капитал, не е премногу хуман, нема  да го тимари со паштети, но прво ќе го вакцинира, сетне ќе го стави на режим на здрава исхрана(диета), во меѓувреме нешто инфузии, а на крај нормално заради доброто однесување од дома ќе добие нов џемпер се разбира на кредит! е сега кога ќе треба да се растрчува пример на планина а немал друштво или не му се оди, домашните мораат да го бодрат со сникерс(субвенции) да му ги подврзуваат кондурите од време на време(заборавиле ддв) и да му дозволат да крева џева(реклама) и ете го “спорт били“ пак во акција!

но доколку цел живот го влечкаш човекот за рака или го тегнеш за уши, и доколку не оставиш простор да се осамостои или мускулите ќе му атрофираат или ќе клапне штом го пуштиш! во нашиот случај човекот е во години а освен државен бастун, нема  ништо друго при себе за да им парира на младите планинари или планинарски друштва!

државата треба да мисли на сите изнемоштени а потребни членови, посебно ако истите ветуваат! но неможеш да го туркаш некого постојано а од околу млади раскокани и растрчани, башка што не сме баш богато семејство а сме преокупирана и изврзани со разни политики, па единствено чаре е специјалист да се бара, кој ќе го врати во живот пациентот и од него ќе направи супер чичо! на крајот доколку таа операција од специјалистички третман не успее, секогаш е поисплатливо и полесно за државата да направи ново дете кое уште од мало ќе почне да се расти на здрави нозе со постојано и редовно челичење со витамини и постојан тренинг... денес со чичово ни требаат стероиди, но незнам дали знаете дека стероидите штом престанеш да вежбаш или намалиш со редовност, набилданите мускули спласнуваат и за многу брзо време пак си на старото само сега по тромав и раскашен!

значи pbanks до нас е кое чаре ќе го бараме и што ќе тргаме но треба човек да биде еален и добро да размисли дали е единствено чаре домашната нега, која неспорно треба да постои за секој член или милениче на  семејството но не по сена од нив да направиме неспособни и мрзливи штитоносци.          

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 04-Dec-2008 at 13:59
Неоконзервативните погледи на дел од вас по се изгледа важат и за железницата. Мојот е став е континентално европски проткаен со државен интервенционизам. Не може туку така да кажете ако транспортот не биде профитабилен, тогаш нека пропадне. Почитувани, патувањето со воз е неисплатлива во сите европски земји, но не гледам една земја која го укинала патничкиот железнички сообраќај, замислете Франција да го затвори TGV системот!
Македонија допрво треба да вложува во својата железница за да постане исплатлива и пак ќе повторам таа треба да остане во државна сопственост, како и во секоја друга земја членка на ЕУ.
Кај нас нормално е железницата да биде неисплатлива кога не пресметуваме дека локомотива до Битола троши преку 3 тона нафта во еден правец. Луѓе, па 2000 луѓе да се качат во тој воз, пак ќе ни биде неисплатлива линијата!
Никој во земјава не сфаќа дека вложувањето во нови локомотиви и возови е инвестиција која ќе се врати во идно време од неколку години.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 04-Dec-2008 at 14:14
ИЗВЕШТАЈ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2008
во прилог на
СООПШТЕНИЕТО НА КОМИСИЈАТА ДО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И ДО СОВЕТОТ
Стратегија запроширување и главни предизвици 2008 –2009.

4.14. Поглавје 14: Транспортна политика

Може да се извести за напредок во областа на железничкиот сообраќај. Во декември 2007 год., владата го потпиша Додатокот кон Меморандумот за разбирање/ за развој на основната регионална траснпортна мрежа на Југоисточна Европа , насочен кон постапно отворање на пазарот на железнички транспорт. Имплементирачкото законодавство кон законите за железници, за безбедност на железниците и за превоз во железничкиот сообраќај, беше усвоено.

Законот за основање на независна регулаторна агенција за договори за железнички сообраќај беше донесен, но сеуште не влегол во сила. Имплементирачкото законодавство кон Законот за железници беше усвоено, во врска со интероперабилноста, безбедноста на железничката мрежа и дозволите за транспорт на патници и стоки. Беше усвоено имплементирачко законодавство за дозволи и сертификати за безбедност за управување со железничката инфраструктура, регулирање на железничкиот сообраќај, обука на железничките техничари и усогласеност на возовите со регулативите за бучава и заштита на животната средина. Беше усвоено имплементирачко законодавство за безбедност на железничкиот сообраќај во врска со станиците, возовите, вагоните, шините и безбедносната опрема за работниците и патниците. Освен тоа, беа издадени правилници за итни ситуации и за прекин на железничкиот сообраќај, како и за класификација и категоризација на железничките линии. Сеуште не е воспоставен орган за безбедност. Обврските за јавни услуги сеуште не се компензираат. Сеуште не е воведен системот за надомест за пристап кон шините. Владата усвои инвестициска програма за 2008 год. за железничкиот сектор, којашто распределува 3 милиони € за реконструкција и одржување на железницата во првите шест месеци од годината, во споредба со 2,5 милиони € за цела 2007 год. Овој износ не е доволен да ги задоволи сите потреби, иако можеби е онолку колку што претпријатието за железничка инфраструктураможе да ракува.

Државата презеде 77% од неплатените обврски на поранешното железничко претпријатие со купување акции во двете нови компании за инфраструктура и транспорт, коишто ги задржаа останатите неплатени обврски. Подготовкитево областа на железничкиот сообраќај се напреднати.
...
http://www.sep.gov.mk/content/Dokumenti/MK/izvestaj%202008_za%20vlada.pdf


Edited by Vladimir P - 04-Dec-2008 at 14:16
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 04-Dec-2008 at 14:43
БОЈАН не видов да приложи некој аргумент зашто е потребно локомотивата што троши 3 тона нафта да вози без ниеден патник или без ниедно кило товар. И незнам од кај ти е инфромацијата дека во европа железницата работи неисплатливо.


Edited by lslcrew - 04-Dec-2008 at 14:44
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 04-Dec-2008 at 14:49
lslcrew a sto treba spored tebe da se ukinat vozovite ili sto ne te razbiram bas sto sakas da kazes so "3 tona ako trosi bez patnici ili tovar koj ja tera da vozi" ,pa moze na slednata stanica ke se kaci nekoj.pa daj ako ne da gi ukineme dnevnite linii odnapret lugeto neka rezerviraat  i koga ke se napuni vozot togas neka vozi a do togas neka ne trga.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 04-Dec-2008 at 15:05
Iscrew, веќе напоменав дека возовите се полни, качи се со возот за Битола ќе видиш дека никогаш не оди со помалку од 150 патници, понекогаш ниту 8 вагони не се доволни за да ги соберат сите патници. Јас велам дека и 20 вагони да ставиме во возот, тој ќе носи загуби затоа што локомотивите се стари преку 40 години и трошат неколку пати повеќе нафта од модерните европски локомотиви. Е токму тие европски локомотиви прават и многу помалку загуби или прават добивки. Затоа велам дека треба државата да инвестира во нови локомотиви. Со овој чекор, како и со приватизирање на несуштинските делови: хигиеничарки, кондуктери или воведување на електронски билети во возовите, уште некој деловен или трговски објект под транспортниот центар ќе биде доволен за да не се фрлаат милиони денари во воздух. Е тогаш и нашата железница ќе биде профитабилна и ќе носи средства, а не сега ние да се чудиме зошто носи загуби железницата во која ништо не е допрено преку 20 години. Со вакви трансформации на железницата таа би носела профит исто онолку доколку би била во приватна сопственост, НО ТИЕ СРЕДСТВА БИ СЕ СЛЕВАЛЕ ВО БУЏЕТОТ, А НЕ ВО НЕКОЈА СТРАНСКА КОМПАНИЈА.
Треба да размислиме и дали ќе ни се повтори сегашната состјоба во енергетиката меѓу МЕПСО и ЕВН во железницата помеѓу приватниот ТРАНСПОРТ и државната ИНФРАСТРУКТУРА. 
Ај размислите како би изгледале тие карања и препукувања.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 04-Dec-2008 at 15:38
Скоро никаде во светот патничкиот сообраќај не нешто рентабилен, но затоа е стратешки за секоја земја, кога може да се жали и еден DB (германска железница), но и таа се покриват од другите делови.

А за патници во МК има и ќе има се повеќе, но со подобрување, модернизирање, тајминг  ќе стекне нашиот човек навика за користење на железница како секаде во светот, како наефтино најкомотно и најбрзо средство.


Edited by Vladimir P - 04-Dec-2008 at 19:38
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 04-Dec-2008 at 18:22
Б.Ѓ.Т:  Една држава може да избере да биде во различен економски систем. Во оној трулиот систем државата го држеше капиталот, а народот бешѓе сиромав. Е тука логично е држава на јавниот превоз даго гледа социолошкиот аспект односно поребата да се пренесат масите од една точка до друга. Соодветно на тоа, треба државата и да го плаќа превозот. Во овој белосветскиот систем капиталот е меѓу масите, а со самото тоа секој си го плаќа превозот. Периодот измеќу се вика транзиција. На вакво нерентабилно работење може да му прогледам низ прсти во периодот додека трае трансформацијата, односно додека не ја приватизираме.

Значи што сакам да кажам. Скоро треба да дојде времето кога секој граќанин ќе може да си плати карта за превоз, доволно скапа да превозното претпријатие работи профитабилно. Како што кажа Владимир, државните железници може би работат на прагот на профитабилноста, но никогаш европски железници не работат под тој праг бидете сигурни.

Никакде не навлегов која линија треба евентуално да се укине. Крај крајева и тоа не е само мој став, него тоа го имавме на терен до скоро со пругата кон Кочани.

Друга работа, кога ќе се либерализира пазарот, ќе се најде некој што нема да му троши локомотивата 3 тона, него 1 тон. Тој ќе опстане.

Може би на некому му изгледа сето ова нелогично и безвезно што го зборам, но тоа е сепак пошто овој народ е ограничен во размислувањето од целата оваа безработица што не опкружува и секојдневниот страв од губење на работното место. Но пример да речеме приватизација на МЖ транспорт би значела значително редуцирање на работниот кадар. Но тоа не смее да биде причина да не го приватизираме транспортот. Од друга страна либерализација би значела неколку нови оператори кои пак ќе примат голем број вработени за само година две после отпуштање на вработени од транспорт. Мора да се размуслува на малку подолг рок. Колку и да ме изрогате сега ќе видите дека ова што го зборам ќе се спроведе кај и да е. И тогаш ќе ви изгледа лошо, се додека не го видите како ќе функционира и ќе сватите дека сепак е добар модел.

п.с. Пак ќе кажам ова не е само мој став, него ова и ќе се спроведе.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 04-Dec-2008 at 18:27
Originally posted by BOJAN

Почитувани, патувањето со воз е неисплатлива во сите европски земји, но не гледам една земја која го укинала патничкиот железнички сообраќај, замислете Франција да го затвори TGV системот!

Патничкиот дел на DB на пример е и те како профитабилен, а истото важи и за TGV во франција (иако тука државата индиректно субвенционирала со тоа што стратешки застанала зад целиот тој проект, од R&D, до изградба на LGV трасите).

Но се слагам, ако за наши услови мора субвенции за патничкиот да опстане и да се издигне, тогаш треба да има. Сепак сме далеку и од TGV и од ICE. Но тие субвенции да се дел од една јасна стратегија која во крајна линија ќе го донесе патничкиот железнички сообраќај во позиција каде што ќе биде профитабилен сам од себе без бескрајни субвенции.


Edited by Cloverstack - 04-Dec-2008 at 18:30
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 04-Dec-2008 at 19:55
Previous
Previous  Previous
Потполно логично размислување,

Само да молиме бога да продолжат вака, и за едно 5-7 години нивото на МЖ би можело-морало да биде на ниво на ЕУ


Edited by Cloverstack - 09-Dec-2008 at 05:27
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 05-Dec-2008 at 00:02
Originally posted by lslcrew

Во овој белосветскиот систем капиталот е меѓу масите, а со самото тоа секој си го плаќа превозот. Периодот измеќу се вика транзиција. На вакво нерентабилно работење може да му прогледам низ прсти во периодот додека трае трансформацијата, односно додека не ја приватизираме.

Значи што сакам да кажам. Скоро треба да дојде времето кога секој граќанин ќе може да си плати карта за превоз, доволно скапа да превозното претпријатие работи профитабилно.


sekoj si gleda razlicno na rabotite,zeleznica ne mora da se privatizira za da opstane,neznam zasto si zapnal tolku so toa privatiziranje.zasto nesto da se dade sto moze da ti nosi profit,znaci treba da se ulozi za da se ima zasto nekoj drug da go ima toj profit koga moze da ide vo drzavna kasa,sigurno ako ne se isplati toa nema da go kupi nkoj stranec.za kartite,kaj nas bas i ne e skapa kartata za voz,poskapo e da patuvas so avtobus odkolku so voz a kade kade i poudobno,i mislam deka skoro sekoj moze da si dozvoli da plati karta ama kaj nas se gleda da mozes da se prosvercuvas i da go podmitis kontrolorot. 

Крај крајева и тоа не е само мој став, него тоа го имавме на терен до скоро со пругата кон Кочани.


za linijata kocani pokraj toa sto bese neprofitabilna,mislam deka i se ukina zasto i prugata ne bese dobra,nesigurna da se vozi po nea.

п.с. Пак ќе кажам ова не е само мој став, него ова и ќе се спроведе.


toa ke se sprovede ama zatoa sto nashava drzava ne razmisluva sto da zadrzi tuku sto i kolku da sitne za da toj sto e na vlast da stai vo dzeb.a ne za toa deka pokasno moze koga ke pocne da funkcionira ke ima povise,toa ti e isto ko so ESM sto napravija pa sea im e krivo i ke se karaat.i see dodeka ne go cenime toa sto go imame ke propagame dodeka toj sto si go kupuva toa sto go nudime za bez pari ke se puni so pari.

Edited by Б.Ѓ.Т - 05-Dec-2008 at 00:05
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 05-Dec-2008 at 00:39
Видовме како се тресна од земја пунењето на државната каса со државни компании. Пак ќе кажам! Кој тоа ќе внимава на државна фирма. Се знае колку е повисока свеста во приватните компании, башка државата многу повеќе ќе млати од даноци и надоместоци за користење инфраструктура одколку да чека на на му созрее свеста на менаџерот на државната фирма. Со државните компании расчистивме уште оддамна и не гледам причина на основање компании и држење на капиталот од страна на државата. Тој капитал е мртов, едноставно не е во оптег, а главната намена на капиталот е што повеќе да се врти од рака у рака.


Со ЕСМ е сосема друг проблемот. Тамо се уште не е расчистено што всушност се продаде, има нерешена работа околу загуби, вишоци и триста други работа. Башка малце и политичка димензија му се даде на проблемот. Но тоа може да се разглаба во друга нишка.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 05-Dec-2008 at 00:50

види државни компании има во цел свет во разно разни области, но поентата е како да одржуваш и да инвестираш во нешто кое кога ќе се средат пругите и ќе влетаат приватни компании кои ќе го крстосуваат балканот, начисто ќе дехидрира...

во светот голем дел од средствата се прибираат и од изнајмување простор за рекламирање, од групни карти кои ги финансираат голем број компании за вработените, нормално со каргото и реално со брзината и зачестеноста на возовите. ние за ваков начин на менаџирање немаме ниту капацитет ниту пак ќе го имаме, затоа најдобро е евентуално каргото да остане под државна капа а патничкиот целосно да се приватизира и либерализира. исто добра комбинација е место државата да вложи една милијарда на брзи и нови возови тие пари да ги сврти на земјоделие, а со средување на К10 и К8 нормално е дека IC-a ќе врват низ МКД, нормално нема да застануваат на секоја станица, но ќе се најде компанија која и ова ќе го турка... 

Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 05-Dec-2008 at 02:29
muabetov ne vodi nigde imame razlicni mislenja,a i dzabe e da se kazuva dali da bide drzavno ili privatno i da se razglobuva,koga ke se sitne sto si tuka u pravo lslcrew ama otkako ke se sluci toa ke vidime kako ke funkcionira.sto ke bide sea za sea dodeka toa da se sluci neka se vlozuva ko sto najavuvaat za kolku tolku da se podobri i patnata mreza i lokomotivite i vagonite,a vo najskoro vreme da obratat malce poveke vnimanie na k8 i k10,sto i so godini se vleckaat. 
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 05-Dec-2008 at 11:39
Баш е добра полемикава, ама се работи за два различни ставови. Едниот е државен интервенционизам познат како европски систем, а другиот е либерална економија познат како американски систем. Е сега ај да видиме што се случи со ЕСМ кога се приватизираше, дали има нови инвестиции, дали сте позадоволни од услугите или единствено ново што се случи е ПОСКАПУВАЊЕТО. Истото ќе биде и со железницата. Пак ќе кажам, железницата треба да биде јавно добро, јавен сервис, исто како што е и во Европската унија(а треба да биде и кај нас) јавниот радиодифузен сервис.  Според мене , МРТ и МЖ треба да се третираат со ист аршин-добро менаџерство, со план за санација и обилни средства од државата во инфраструктурата и транспортот, а тоа ќе вроди со плод по извесен период.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 05-Dec-2008 at 22:02
Дизел маневарската локомотива МЖ 642-178 која беше пратена на ремонт во Шиновоз - Зрењанин на 22-08-2005, тек денеска на 05-12-2008 год. напокон се врати назад во Македонија.

Добро е, една дизелка повеќе!  Thumbs%20Up
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 06-Dec-2008 at 02:17
Wallbash WallbashWallbash Е ова веќе ги поминува границите на нормалноста. За три години од маневарката можеле да направат електромоторен воз, ако сакале.
Владимир, да те прашам, дали нашите локомотиви од Кончар ќе пристигнат пред 2012 годинаBig%20smile? Ако вака се работи и во Велес патничките вагони и Шпанецот ќе бидат готови наредната деценија.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 06-Dec-2008 at 04:09
Stern%20Smile

Стварно шо праела маневарката толку долго таму?!?
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 06-Dec-2008 at 04:18
otkako ja napraile morala da ima i test period,malce da ja provozatBig%20smile
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 06-Dec-2008 at 11:43
Originally posted by BOJAN

WallbashWallbashWallbash Е ова веќе ги поминува границите на нормалноста. За три години од маневарката можеле да направат електромоторен воз, ако сакале.
Владимир, да те прашам, дали нашите локомотиви од Кончар ќе пристигнат пред 2012 година Big%20smile? Ако вака се работи и во Велес патничките вагони и Шпанецот ќе бидат готови наредната деценија.

Не, едната локомотива е готова и после тестирањето, би требало да тргне на 10 овој месец од Кончар дома за МК.





Originally posted by Cloverstack

Stern%20Smile
Стварно шо праела маневарката толку долго таму?!?

Шиновоз е во незавидна положба, просто речено се рапаѓа еден таков гигант, впрочем како некогаш нашата Колска која беше на граница да се затвори.
Така, да добро е што ја добиме локомотивата, после многуте перипетии.

Еве ја лок во Шиновоз пред завршното склапање.


Слика добиена благодарение на Драгослав
Originally posted by Б.Ѓ.Т

otkako ja napraile morala da ima i test period,malce da ja provozatBigBig%20smile

Колку знам неколку пати имале хаварии, така да до возење сигурно не и било Ohno LOL
Иначе Шиновоз е едина фабрика која во овие простори репарираше и парни локомотиви, кој за нас беше доста интересантно, бидејки МК и Ал (Хрватска е во тек) се едини земји во Европа кои немаат некоја парна лок - ИСТОРИСКИ ВОЗ, кој е бум тренд во светот и една туристичка доходовна атракција
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 42>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.