build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 39404142>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #801 Posted: 23-Jul-2012 at 11:22
Добри фотографии од нашиот возен парк направил човекот, уште еден доказ за тоа што сообраќа по нашите пруги. Очекував дека ќе наидам на подетален коментар за состојбата кај нас, но тоа изостанува. Единствено што недостига е пругата кон Кочани во патешествиево.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #802 Posted: 30-Jul-2012 at 15:14
Реконструирани шест патнички вагони во Колска, а допрва треба да го очекуваме новиот ресторан вагон што ќе сообраќа по македонските пруги. Тука е и обновата на новата дизел моторна гарнитура што наскоро треба да излезе од депо Лисиче. Впрочем, во прилог е соопштението од МЖ Транспорт:

http://www.mztransportad.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=373%3A2012-07-30-11-04-00&catid=30%3A2011-11-25-14-34-52&Itemid=94&lang=mk

Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #803 Posted: 02-Sep-2012 at 22:53
Постапката за купување нови патнички гарнитури и товарни вагони ќе почне кон крајот на 2012 година

Дизел%20моторна%20патничка%20гарнитура%20од%20хрватско%20производство


Македонски железници – Транспорт планира да го осовремени сопствениот возен парк со 4 дизел моторни гарнитури, 2 електро моторни гарнитури, 150 товарни вагони, но и да осовремени дел од постоечките електрични локомотиви. Постапката за набавка на новите превозни средства веќе е започната, но точни и прецизни рокови сеуште не се утврдени. Од државната компанија очекуваат дека процесот за објавување на меѓународен тендер и постапката за избор на производител ќе започне во последниот квартал од 2012 година, а рокот на испорака на возовите и товарните вагони ќе зависи од многу фактори, меѓу кои и подготвеноста на компаниите тие да се изработат во најбрз можен рок. Во соработка со меѓународен консултант, во претстојниот период ќе се определат критериумите за избор на најповолен понудувач и техничките карактеристики на идниот возен парк.

Целокупниот проект е предвидено да се реализира во соработка помеѓу МЖ – Транспорт, македонската влада и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), која ќе обезбеди поволен кредит за модернизација на капацитетите на државното железничко претпријатие. Во меѓувреме, од железница потенцираат дека паралелно работат на неколку проекти кои би го подобриле железничкиот сообраќај во земјава. „Со сопствени средства се модернизирани две неисправни патнички дизел моторни гарнитури, од кои едната е веќе во сообраќај под име „Хераклеа“, а другата се очекува најдоцна за 1 месец да биде пуштена во сообраќај. Овие гарнитури се со нови мотори и преносници, систем за видео надзор, систем за детекција на пожар, кражби, информативен систем за најава на станици и систем за аудио – визуелно анимирање на патниците. Гарнитурата која ќе биде пуштена во сообраќај ќе има и нов вграден уред за ладење и греење“, истакнува за „Билд“ Кире Диманоски, директор за маркетинг и продажба во МЖ – Транспорт.

Со стапувањето на новиот возен ред во декември 2012 година, македонските граѓани ќе ја имаат можноста по електронски пат да резервираат места во патничките возови низ цела Европа со договорот кој е склучен со Германските железници. Воведен е интегриран информатички систем за железници со кој на корисниците на товарниот сообраќај им се овозможува низа погодности, како што е: електронскиот товарен лист, електронското следење на вагони и електронската товарница. Во изминатиот период активно се работело на реновирање на патнички вагони и на воведување видео надзор во депото Лисиче.


#
Објавено на 02.09.2012 во категорија Вести.

Тагови: Железница, Кредити


http://www.build.mk/?p=18166


Edited by build.mk - 02-Sep-2012 at 22:55
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #804 Posted: 03-Sep-2012 at 13:11
N23, имаш ли нешто да дополниш во оваа вест за новите возови, да додадеш или да одземеш?
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #805 Posted: 03-Sep-2012 at 16:31
Originally posted by BOJAN

N23, имаш ли нешто да дополниш во оваа вест за новите возови, да додадеш или да одземеш?


Зависи на што алудираш?


23ka.wordpress.com
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #806 Posted: 03-Sep-2012 at 19:00
ОК наскоро значи ќе добиеме 2 ел. и 4 дизел гарнитури со по три члена, што е супер вест! Колку останати возила имаме во моментов и колку би можеле да имаме максимално доколку се реконструираат возовите кои реално може и се исплати да се обноват? Мислам на сите гарнитури (Шпанци, Горбачови...) и со сеот тој возен парк колку би можел да се згусни возниот ред? Пред се требаат двојно повеќе возови за Куманово, Велес и Тетово-Гостивар!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #807 Posted: 04-Sep-2012 at 00:53
Originally posted by Andrej_LJ

ОК наскоро значи ќе добиеме 2 ел. и 4 дизел гарнитури со по три члена, што е супер вест! Колку останати возила имаме во моментов и колку би можеле да имаме максимално доколку се реконструираат возовите кои реално може и се исплати да се обноват? Мислам на сите гарнитури (Шпанци, Горбачови...) и со сеот тој возен парк колку би можел да се згусни возниот ред? Пред се требаат двојно повеќе возови за Куманово, Велес и Тетово-Гостивар!


Ние до 2015/2016 година ќе треба некако да се скрпиме, тоа е најважната работа. Да бидам искрен, двете електромоторни гарнитури Горбачов кои во моментов сообраќаат речиси сум сигурен дека нема да можат да го дочекаат овој датум како возни средства во сообраќај. Исклучок би било ако им се направи темелна реконструкција. Би било најиделно најпрвин да се реконструира една од електромоторните гарнитури што се расипани, а потоа сукцесивно да се праќааат постоечките гарнитури на обнова. Би било супет ако возат три електромоторни гарнитури во моментот кога ќе стигнат новите.

Кај Шпанците мислам дека е реално да очекуваме пет дизел моторни гарнитури да бидаат постојано во сообраќај, т.е. тоа би било оптимистичката страна, песимистичката би била да одржуваат три во сообраќај. Како и да е, МЖ не смее да си дозволи постоечките гарнитури само да ги замени со нови, туку новите предвидени возови да дојдат како дополнување на возниот парк.

Мислам дека може да се удвои сегашниот возен ред со предвидените нови возови. Тука не лежи проблемот, поентата е дали ќе има патници што ќе се возат со воз до тогаш.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #808 Posted: 04-Sep-2012 at 03:15
Originally posted by BOJAN

Originally posted by Andrej_LJ

ОК наскоро значи ќе добиеме 2 ел. и 4 дизел гарнитури со по три члена, што е супер вест! Колку останати возила имаме во моментов и колку би можеле да имаме максимално доколку се реконструираат возовите кои реално може и се исплати да се обноват? Мислам на сите гарнитури (Шпанци, Горбачови...) и со сеот тој возен парк колку би можел да се згусни возниот ред? Пред се требаат двојно повеќе возови за Куманово, Велес и Тетово-Гостивар!


Ние до 2015/2016 година ќе треба некако да се скрпиме, тоа е најважната работа. Да бидам искрен, двете електромоторни гарнитури Горбачов кои во моментов сообраќаат речиси сум сигурен дека нема да можат да го дочекаат овој датум како возни средства во сообраќај. Исклучок би било ако им се направи темелна реконструкција. Би било најиделно најпрвин да се реконструира една од електромоторните гарнитури што се расипани, а потоа сукцесивно да се праќааат постоечките гарнитури на обнова. Би било супет ако возат три електромоторни гарнитури во моментот кога ќе стигнат новите.

Кај Шпанците мислам дека е реално да очекуваме пет дизел моторни гарнитури да бидаат постојано во сообраќај, т.е. тоа би било оптимистичката страна, песимистичката би била да одржуваат три во сообраќај. Како и да е, МЖ не смее да си дозволи постоечките гарнитури само да ги замени со нови, туку новите предвидени возови да дојдат како дополнување на возниот парк.

Мислам дека може да се удвои сегашниот возен ред со предвидените нови возови. Тука не лежи проблемот, поентата е дали ќе има патници што ќе се возат со воз до тогаш.



Се на се сме имале пет шпанци?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #809 Posted: 04-Sep-2012 at 09:50
Сме имале многу повеќе, но плановите на МЖ-Транспорт се фиксирани да се дојде до бројката од пет исправни дизел моторни гарнитури Шпанци.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1605
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #810 Posted: 19-Sep-2012 at 18:01

Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој синоќа ги одобри 50 –те милиони евра кредит за набавка на нови железнички вагони, дознава Економски.мк.

vagoni

Се работи за кредит под поволни услови за кој се преговараше подолг период, а за кој гарантира државата.

Со парите ќе бидат набавени 150 нови товарни вагони, четири нови дизел моторни гарнитури и 2 нови електромоторни гарнитури, од кои секоја со 200 до 300 седишта за патниците. Со парите треба да се изврши и реконструкција на најмалку 5 електролокомотиви.

Владата очекува дека со преземањето на овие активности квалитетот на услугата за превоз на патници дополнително да се подобри.

Новите патнички вагони и гарнитури е предвидено да бидат произведени согласно сите европски стандарди и да овозможат удобен и комфорен превоз за корисниците на услугите. Истите ќе бидат климатизирани и со овозможен пристап за лица со инвалидитет.

Во тек е постапката за избор на консултант кој во соработка со АД „МЖ Транспорт“ ќе ја изработи тендерската документација за набавка вагоните. Предвидено е во првиот квартал на следната година да биде распишан повикот на кој ќе се избира компанијата која ќе ги произведе, а најдоцна до 2016 се очекува истите да бидат испорачани и пуштени во употреба.

извор: ekonomski.mk

 
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/85141-Makedonija-ke-nabavuva-vagoni-po-evropski-standardi
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #811 Posted: 03-Oct-2012 at 16:20

Статија од Дневник во врска со набавката на возови, во која е спомната времетраењето на постапката и која брзина би ја развиле, иако не верувам баш во долуспоменатата брзина на движење, или пак таа ќе важи само за коридорот 10.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=50BD30A2F778FB4F939AC68B4D1D557D

Датум: 02.10.2012, 21:31

сосема нови возови, со што македонскиот железнички превоз ќе заличи на европскиот. Со заемот од 50 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе се набават патнички возови кои нема да бидат со класични купеа, туку вагоните ќе бидат од отворен тип со удобни седишта како во возовите „интер сити“, кои сообраќаат помеѓу европските метрополи. Тие ќе бидат климатизирани, со лесен пристап за инвадилизирани лица и со интернет-врска во нив. Со парите од заемот ќе се набават и 150 транспортни вагони и ќе се обноват старите електрични локомотиви.

- Според европските и светските трендови, наместо вагон-композиции, возовите се 2,3 или 4-делни гарнитури зависно од потребите и од капацитетите на железничкиот сообраќај. Ние се одлучивме да купиме 3-4-делни возови, а секој од нив да има капацитет од 200 до 300 седишта. Ќе се набават четири гарнитури со дизел-моторни локомотиви и две електромоторни локомотиви. Дизел-композициите ќе се користат за превоз на патници по пругите кон Битола, Штип, Kочани и Kичево, а електромоторните ќе се движат по електрифицираната пруга по Kоридорот 10, од границата со Србија кон Грција - вели Оливер Деркоски, генерален директор на „МЖ транспорт“.

До крајот на годинава или почетокот на следната ќе заврши подготовката на тендерската документација, која, според барањата на ЕБОР, треба да ја одобри и консултант. Потоа ќе се распише јавниот повик и се очекува до средината на идната година да се знае името на доставувачот кога ќе се договори динамиката за испорака.

- За патнички гарнитури вообичаен рок на испорака е 1 до 1,5 година бидејќи нив производителите не ги чуваат на лагер, туку ги прават по нарачка. Товарните вагони очекуваме да ги добиеме поскоро, односно веќе до крајот на 2013 година. Со реализација на овој проект ќе бидеме мирни во следните 10-15 години во поглед на модерни и соодветни капацитети за превоз на патници и стока. Новите возови ќе го зголемат бројот на патници, а со тоа и нашиот приход. Планираме и да ги засилиме сите линии - вели Деркоски.

При набавката ќе се инсистира новите возови да може да развиваат брзини и до 140 километри на час. Директорот Дерковски вели дека гарнитурите ќе се движат со максимална брзина од 100 до 120 километри на час, што, според него, е доволно со оглед на големината на нашата земја. Засега на нашите пруги е ризично да се развие поголема брзина од 60 километри на час. Но со рехабилитација на железничката пруга по Kоридорот 10, која е најавена дека ќе почне в година, возовите ќе може да ја постигнат оваа брзина.

„МЖ транспорт“ ќе набави и 150 товарни вагони во согласност со барањата и потребите на македонските компании. Со тендерската документација ќе се бараат 60 рамни вагони, кои се погодни за превоз на контејнери или макари со лимови, и 90 отворени вагони, корита, кои служат за превоз на растресита стока, како руда, јаглен и слично.

Со планот за модернизација на железничкиот транспорт се предвидува да се модернизираат и 5-6 од сегашните 16 електрични локомотиви, што ќе зависи од понудената цена на јавниот повик. По обновата на неколку постојни дизел-моторни локомотиви, кои досега влечеа патнички вагони, тие ќе се вклучат во товарниот сообраќај, со што ќе се зголеми капацитетот за превоз на стока.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #812 Posted: 18-Feb-2013 at 11:01

Тендерот за набавка на вагони одложен за шест месеци

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) извести дека тендерот за набавка на вагони и обнова на постоечките локомотиви, вреден 59 милиони евра, е одложен за шест месеци. Според известувањето од банката, тендерот ќе биде објавен во вториот квартал годинава, наместо во последниот квартал лани.

„Македонски железници транспорт“ треба кредит од 59 милиони евра, доделен од страна на ЕБОР, да го искористи за набавка на 150 товарни вагони, три дизел и три електрични возови, како и обнова на три електрични локомотиви, објави Плусинфо.

http://faktor.mk/archives/30334#.USH7xfJ0mSI

Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #813 Posted: 18-Feb-2013 at 21:11
Аман бре со овие одложувања веќе, нема нешто а да не се одложи а ова е стварно неопходно што побрзо да се избере понудувач и да стигнат гарнитурите зошто возниот парк ни е очаен и со ова одложување само ни се продолжува мизеријата во која сме...Ohno
Иначе не ми е јасно од каде им е ова на фактор три дизел и три електрични возови кога кажаа дека треба да се набават 4 дизел и 2 електрични, се работи за нивно незнаење или има промена во набавката?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #814 Posted: 13-May-2013 at 15:21

МЖ 911-326

Ова возило колку што знам е за одржување на контактната мрежа

1


2

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #815 Posted: 24-May-2013 at 16:47
на овој линк ќе најдете разни локомотиви, меѓу кои и наши

http://www.flickr.com/photos/kevt302
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #816 Posted: 05-Jun-2013 at 09:26
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #817 Posted: 25-Oct-2017 at 16:27

да ги пофалат кинезите, поточно 711-003, дизелката работи како џиновска правосмукалка, веројатно в Кина не очекувале озоиве да ги мрцварат тргни застани ... прашање е дали и ова влегува во гаранџијата, нели колку и да е комфорно возењето, бучавата е неподнослива ... ако не бар МЖТ нека го пригушат или редуцираат звукот на моторот некако, можеби со гласна или техно музика во вагоните, таман уз ритам да се надоврзи на моторната хармонија ... нејсе, дали ова е проблем со сите композиции или само оваа ...

друга работа што боде очи е хигиената, вецето изгледа пукнала цевка, а надворешно возоите ко да ги штедат д купка да не им се распадне каросеријата ... внатре чисто но пр. боде очи едно пукнато стакло во првиот вагон ...

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #818 Posted: 25-Oct-2017 at 18:14
Друже, бучавата во кинеските гарнитури е НЕСПОРЕДЛИВА со Шпанците. Не знам дали си се возел со Шпанец кон Кичево или Битола, но овој воз буквално секогаш со последна сила ги искачува угорнините.

Телевизорите во новите возови треба да служат за прикажување на филмови. Едно време тоа и го правеа, но сега запреа. Нека склучат договор со „Вардар филм“, па нека ги прикажуваат барем македонските филмови додека трае патувањето.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #819 Posted: 25-Oct-2017 at 20:01

види, ова 711-003 наместо да зуе ко саат ко што беше на почеток, бревта ко кирби, незнам зошто за ова никој не говори, поентата е дека после три години ваков куршлус не треба да е нормална појава, иако релативно е што мислам јас туку експертите да си го кажат своето ... просто се до Прилеп бучавата беше болна, додека потем кога му ја летна кон Битола нешто поднамали ...

а за шпанците нормално, што очекуваш од минатиот век се велиш Вардар филм, абе нека пуштат документарци од МТВ та попатно да описменуваат народ што како имало во околијата каде возот минува ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #820 Posted: 28-Oct-2017 at 19:29

711-004 e daleku poarna okolu buchavat, no povtorno prilichno glasna, bar narod si se opushta ta si duma glasna ta i vreme pobzo minuva za site, no defakto mzat daa interveniraat nekako nadleznite, mozebi so ekstra izolacija na maskite od prostorot za motor vnatresno, a idealno koga vo toj megjuprostor pomegju vagonite bi stavile nekoj vakumumiran prostor bar so nekakvi pregradni vrati, neka gi prasaatbhrvatite dali im se vishok toa nivnite so ogled deka nagibnite chinam vekje nema da gi vratat nikogash nazad na shini, osven akonodnKonchar nenizvadat nekoja domashna zakrpa za kurshlusite koi gi zdrmaa prerano nivnite rechisi slichen filing kako moze da zavrshi balkanski ksmet koga sakame na mala vrata da vadime sitnopalanechki reshenija ... vo sekoj sluchaj poarno i ova nego nishto, iako narod nostalgichno gleda na starite kompozicii ona bar si pushea opushteno vo hodnik na prozor, ili mozea optegnato da si odremat vo kabina dokolku vozot ne e prepoln ...

interesna mi et navikata da i pokraj toa shto e poeftina opcija skoro i da se prazni kinezite, shto ne bi rekol deka e sluchaj i so avtobusite ... dali mene bash me pogagjaat bosh periodi, ili mozebi narod navistina se plashi da se vozi so voz ... moze akonnapravat ko kaj hrvatite shto beshe pushachki i nepushachki vagon ta da se zgolemi popularnosta, iako i tie zaradi tonposlednite evropski push normi toa go suspendiraa, kolku shto se sekjavam kartata od ZG do Split beshe 160 kuni a za pushachki vagon dokolku ima mesto se doplakjaa ushte 2 evra
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 39404142>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.170 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.