Хотели, преноќишта и одморалишта (општо) |
Post Reply | Page <1 1314151617 38> |
Author | |
Dexter26
Senior Member Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
Quote Reply #281 Posted: 24-Jan-2013 at 21:36 |
Не постои таква вага која ќе натежни ни кон сите материјални богатства на светот. Природата дава живот и здравје, а тоа е секогаш поважно од сите богатства на светот и од било каков економски развој. Edited by Dexter26 - 24-Jan-2013 at 21:36 |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #282 Posted: 01-Feb-2013 at 10:49 |
Неколку хотели треба да се градат во Скопје – инвеститорите никаде ги нема!01/02/2013 // Пред 2 часа // ИНФРАСТРУКТУРА // Коментирај
Хотелиерскиот бизнис стана особено атрактивен во земјава откако Владата реши државните градежни парцели да ги продава со почетна цена од само едно евро за метар квадратен.. Ако се земе предвид дека голем дел од продадените државни парцели за изградба на хотели се наоѓаат на атрактивни локации, а се продадоа по багателна цена, која во некои случаи достигна само 20 илјади евра, логично е и прашањето ќе се изградат ли навистина сите тие хотели или по извесно време парцелите ќе се пренаменат за изградба на друг вид комерцијални објекти или пак, станбени. Сомневањата уште повеќе се подгреваат кога ќе се види дека повеќето од локациите се продадоа уште пред две години, а до денеска на ниту една од нив нема градежни активности. Ги нема барокните хотели на Кале. Ќе плаќаат ли пенали инвеститорите? Според деталниот урбанистички план „Парк 2“, под Кале требаше да се градат дури пет хотели. Три парцели се веќе продадени, а една од локациите, наспроти Градска плажа, купи Марјан Јованов, поранешниот директор на Дирекцијата за нафтени резерви. Според информациите од општина Центар, Јованов веќе има обезбедно градежна дозвола, иако не информираат дали почнал со изградба на хотелот. Фактор се обиде да стапи во контакт со него, но Јованов остана недостапен за информација. Лани тој изјави дека нема намера во јавност да изнесува детали за изградбата на хотелот и да се промовира себеси. На левиот брег на реката Вардар, спроти градскиот парк, освен хотелот на Јованов, предвидена е изградба на уште два хотели од страна на фирмата 3Д Тим Инвест ( во сопственост на Марјан Јованов) и на албанската компанија Амадеус Груп. Во општина Центар немаат информации ниту за динамиката на изградба на овие два хотели, но потврдуваат за добиени градежни дозволи, барем за еден од инвеститорите. „Фирмата 3Д Тим Инвест веќе има градежна дозвола, но Амадеус груп нема уште добиено. Тие доставија идејно архитектонско решение кое се уште се разгледува во општината, што значи се уште се во процедура“, кусо одговорија од општината. Но, процедурата е јасна за изградба на сите планирани хотели. Инвеститорите имаат обврска да ја обезбедат градежната дозвола во рок од 9 месеци по купувањето на земјиштето, а објектите да ги изградат во определен законски рок од шест години. Нема информација дали Амадеус груп ќе плаќа пенали за доцнењето иако компанијата која има отворено претставништво во Скопје, купи земјиште и во скопската општина Петровец за изградба на друг хотел. Локацијата се наоѓа во близина на аеродромот Александар Велики. И Охрид ги чека своите луксузни хотели Хотел од светски бренд, но во Охрид, треба да гради и туристичката агенција Фибула ер травел, која исто така, пред две години купи две атрактивни државни локации за само 20 илјади евра. Но, сопственикот Асим Меџедовиќ за Фактор вели дека се уште ја нема извадено градежната дозвола. „Земјиштето е чисто, но чекаме некои фирмално правни детали да се средат. Овој период го користевме да разговараме со неколку ланци светски хотели, бидејќи откога ќе го изградиме треба и да го брендираме. Бевме и на саеми во Истанбул, Холандија, Австрија, Хелсинки и веќе бараме потенцијални гости„ вели Меџедовиќ. Како инвеститор на луксузен хотел во Охрид се јавува и фирмата Дивелоп Груп која пред две години ја купи познатата локација Горица 3, која повеќе години не можеше да најде инвеститор. До денеска и на оваа локација нема градежни активности. Првиот Мериот во Скопје веќе се гради на плоштадот Македонија Иако првично беше најавено дека првиот светски хотелски бренд во Скопје ќе биде изграден до октомври годинава, најверојатно ќе има пролонгирање на инвестицијата. Фирмата Дивелоп груп која се јавува како инвеститор на Мериот, дел од светскиот синџир Мериот интернационал, веќе забрзано гради на плоштадот Македонија, но изградбата е се уште во почетна фаза. Во близина на мостот Близнак, покрај реката Вардар, хотел треба да гради и Ајдован Адемовски, инвеститорот на Стоун бриџ, а во општина Петровец, освен Амадеус груп, парцела купи и наш повратник од Австралија со фирмата Лид градба, која плати 35.000 евра за земјиште за изградба на хотел кој ќе биде со висина од 25 метри, приземје и шест ката. Соња Наумовска http://faktor.mk/archives/25652 |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #283 Posted: 06-Feb-2013 at 23:53 |
Под Кале... Ова би требало да е за маркичката обележана со 3-ка 42° 0'35.49"N 21°25'27.52"E Знае некој кој ја имаше купено оваа локација? Edited by Cloverstack - 06-Feb-2013 at 23:59 |
|
martind
Senior Member Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #284 Posted: 07-Feb-2013 at 21:16 |
Искрено не верувам дека под кале ќе никнат хотели.....
.... Според мене ќе направат пренамена на земјиштето и ќе изградат станбени комплекси (како и во многу други ситуации ) |
|
JimmyN
Senior Member Joined: 25-Dec-2012 Location: Germany Online Status: Offline Posts: 131 |
Quote Reply #285 Posted: 08-Feb-2013 at 17:04 |
Хотелски градежен бум во СкопјеЗа две-три години во Скопје ќе има 20 нови хотели, проценуваат експертите. Во Скопје сe повеќе се градат хотели од различни категории, а според познавачите на состојбите, тоа е така бидејќи пазарот и побарувачката ги диктираат тие тенденции, анализира неделникот Капитал. Според инвеститорите, има повеќе фактори кои влијаат на подемот на изградбата на хотели, но меѓу нив е ланската одлука на Владата државните градежни парцели да ги продава со почетна цена од само едно евро за метар квадратен, па многу од најавените хотели ќе се градат токму на државно земјиште. Во оваа насока, на почетокот на годината Владата обезбеди четири кредитни линии за долгорочно финансирање за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од оној кој е определен со три ѕвезди. Зголемениот број на туристи и Македонија како бизнис-дестинација исто така ја налага потребата од различно категоризирани хотели. Во моментов во Скопје има 41 хотел, од кои пет хотели се со пет ѕвезди, пет со четири ѕвезди и десет се со три ѕвезди. Останатите се од пониска категорија. Проценките говорат дека во наредните две-три години ќе се изградат дваесетина нови хотели, од кои два ќе бидат со светско брендирано име. Според Златко Тодоров, извршен директор на Кубус инженеринг, има повеќе фактори зошто изградбата на хотели во Скопје е во подем, а меѓу нив е и тоа што пазарот ја диктира побарувачката за хотели. „Намалената вредност на земјиштето, секако, влијае на зголемената изградба, но тоа не е најважното. Инвеститорите во моментов проценуваат дека изградбата на хотели е посигурна инвестиција, а тоа го говорат показателите, истражувањата и критериумите на пазарот. Исто така, големо влијание има што Скопје постанува главен туристички центар во Македонија. Посетеноста е зголемена и оттука, неминовно се зголемува побарувачката за хотели“, објаснува Тодоров. Исто така, тој потенцираше дека доколку шифрарникот на новите објекти дозволува, дел од објектите се пренаменуваат и за хотелско сместување. Тодоров смета дека многу е важно каде се наоѓа објектот за истиот да живее 24 часа. „Потребно е во објектот да има канцеларии, во близина да има локали и хотел кој ќе работи 24 часа. Во поголемите градови ова е еден светски тренд и движење, сe со цел комуникацијата да биде олесната. Од аспект на архитект, токму тоа ми е битно, објектот да живее 24 часа, а како инвеститор, важно е да се знае дека купците се ориентирани кон простори во чиј шифрарник постои можност за пренамена на дел од просторот во хотел“, вели Тодоров за Капитал. |
|
If you don`t have a clue,...use the internet!
|
|
macedonia
Senior Member Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 751 |
Quote Reply #286 Posted: 08-Mar-2013 at 19:30 |
in Skopje
|
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1975 |
Quote Reply #287 Posted: 08-Mar-2013 at 19:53 |
Дали тоа пишува „Хотел Солун“???
|
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #288 Posted: 08-Mar-2013 at 19:55 |
Мхм.
Него каде е оваа воена зона? Дали е можеби кај Бугарската амбасада оти таму има едно слично вакво црно здание на хотел... Edited by Andrej_LJ - 08-Mar-2013 at 19:55 |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1975 |
Quote Reply #289 Posted: 08-Mar-2013 at 19:59 |
Ќе се изненадиш, ама ова е на стотина метри од фонтаната на сред плоштад. Незнам кој морон ја дозволи оваа маркица, и особено со овој габарит.
http://wikimapia.org/#lat=41.9955449&lon=21.429443&z=18&l=0&m=b Edited by alexgizh - 08-Mar-2013 at 20:01 |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #290 Posted: 08-Mar-2013 at 20:40 |
да де... ова е чудото што никна до локацијата на поранешната печатница Гоце Делчев...
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #291 Posted: 08-Mar-2013 at 20:53 |
ми личи на собиралиште на некоја црна секта,а не на хотел
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #292 Posted: 09-Mar-2013 at 00:21 |
не ми е јасно кој би сакал да престојува во хотел што е опкружен од сите страни со станбени објекти оддалечени на еден метар, без никаков паркинг простор и пристап
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Razbirash
Newbie Joined: 02-Dec-2012 Online Status: Offline Posts: 27 |
Quote Reply #293 Posted: 09-Mar-2013 at 00:59 |
|
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #294 Posted: 09-Mar-2013 at 02:23 |
Без да го бранам објектов, али во централна и во западна Европа сум престојувал и во локациски многу полоши хотели, апартмани и сл. Ако нуди ефтина цена а добар квалитет, локацијата и збутаноста не е фрка, напротив не е ништо чудно ваква збиеност за поголемиот дел европски градови.
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1975 |
Quote Reply #295 Posted: 09-Mar-2013 at 03:30 |
тоа што во поголемиот дел европски градови има слични урбанистички недостатоци (читај: чирови) воопшто не треба да ни претставува репер за тоа како треба да го градиме Скопје. А уште помалце да го користиме тоа како оправдување и да се помириме со ситуацијата. Според мене, во овие средини на централните блокови може да има само подземен паркинг и паркче над него, пред се' поради квалитетот на живот на самите жители на тие згради.
|
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #296 Posted: 09-Mar-2013 at 16:26 |
оддалеченоста тука од една до друга фасада е на еден скок... |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #297 Posted: 10-Mar-2013 at 03:47 |
Очигледно бев сфатен погрешно, локацијата е чист промашај, на терен тоа е уште појасно, меѓутоа само дадов пример дека вакви чирови има насекаде, кога станува збор за хотели. Не смее да има оправдание за објектов, ама кога веќе го осквернавија Скопје у секој поглед и скоро у секој агол, ако некој проценил дека овде ќе престојуваат голем број на гости, ондак нека си изгради хотел. И така јавното мислење веќе никој не го тркала, а и истото е се поанемично и летаргично.
Можда најбитно у цела ситуација, штом никој станарите не се побуни, објектов не доби никакво внимание низ медиумите, ретко кој и го забележа, а веќе е скоро целосно изграден, ондак општинската и градсата власт си добија уште една чиста победа и прилив у буџетите. |
|
23ka.wordpress.com
|
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #298 Posted: 21-Apr-2013 at 12:18 |
Случајно налетав на нет дека дел од куќата на Роџер Пијано се издава како хотелски апартман. Што се случува со човекот??? Повеќе инфо: http://luxuryskopjeapartments.com/mk/smestuvanje/apartmani/lsa-bul-purpl |
|
Danndy
Senior Member Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
Quote Reply #299 Posted: 22-Apr-2013 at 17:00 |
Дејан Миличевиќ сигурно би ја купил... целосно да го изрази својот талент можи преку куќава. |
|
Traveling.
|
|
JimmyN
Senior Member Joined: 25-Dec-2012 Location: Germany Online Status: Offline Posts: 131 |
Quote Reply #300 Posted: 23-Apr-2013 at 10:31 |
Најстариот хотел во Скопје
Вистинската приказна за „Бристол“ Браќата Ташко и Ристо го изградиле познатиот хотел Бристол од
својот капитал, но не се занимавале со хотелиерство, туку го изнајмувале
објектот. Тие богатството го спечалиле со трговија на големо и важеле
за угледни и чесни скопски трговци. Смртта на Ристо Караџа го означила
крајот на фирмата која по ослободувањето била национализирана. Истото се
случило и со хотелот Бристол.
Легендарниот хотел „Бристол“, кој денес е затворен, е најстариот
угостителски објект во Скопје. И со неколку реновирања тој ја имаше
задржано убавината од 1924 година, кога го изградиле браќата Атанас или
Ташко и Ристо Караџа. Атанас и Ристо Караџа биле ценети скопски трговци и
овој објект го изградиле како желба во нешто вносно и добро да го
вложат својот капитал. Сместен веднаш до тогашната железничка станица,
хотелот „Бристол“ навистина носел голем приход, но браќата Караџа
никогаш не се занимавале со хотелиерство, туку само го изнајмувале
објектот, а самите продолжиле со основната дејност – трговија на големо.
За историјата на ова познато скопско семејство ни говореше Златко Васков, внукот на Ташко Караџа, кој во детали ни го предочи развојниот пат и судбината на дедо му по мајка. Првите потомци на Караџа дошле од местото Коцирас, кое порано било во Грција, а денес е во Албанија, и се населиле во Велес. Таму се родени браќата Караџа, Ташко и Ристо, со сестра им. Како најстар син во семејството Ташко во 1887 година, кога имал само 12 години, дошол во Скопје за да работи и да учи некој занает. Се вработил кај трговецот Ќучук Петре Атанасов и му помагал во трговијата на големо. Кога собрал некој динар, го повлекол и брата си Ристо и заедно работеле. Ова чиракување, освен заработувачка, им овозможило и да научат нешто повеќе за трговијата на големо, што ќе им стане животна определба. Отворање на фирмата и хотелто Бристол Подоцна во Скопје дошла и сестра им, која се омажила за Андровиќ. И кога овие краишта се ослободиле од Турците, во 1912 година, браќата Караџа и нивниот зет Андровиќ отвориле фирма под име „Караџа, Андровиќ и компанија“. Фирмата била за трговија на големо. Главно продавале колонијална стока – масло, шеќер, урми, банани. Бидејќи стоката пристигнувала во пристаништето во Солун, Ташко со семејството се преселил таму за полесно да може да ги набавува стоките што доаѓале со големите бродови. Во Солун заминал со жена му Андромаки, која била 15 години помлада од него и која му родила седум деца, од кои само пет останале живи – Јорго, Јани, Марика, Нафсина и Елена – Бебека. Ристо и жена му Флора немале деца, па се грижеле за внуците од братот како за свои. Трговијата на големо на фирмата одлично и одела. Парите се таложеле и се вложувале во недвижнини. Најзначајната од нив е хотелот Бристол, кој свечено бил отворен на 24 април 1924 година, и веднаш е даден под наем. Под наем ја дале и станбената зграда на два ката на улица Петар Драпшин број 15, отспротива кафеаната Москва, во строгиот центар на Скопје. Ристо и Флора имале живот како на сите богати скопјани. И Ташко во Солун живеел на висока нога, но главна грижа му била школувањето на децата. Сите учеле во елитни училишта, што било голема желба на Ташко. Во 1927 година, зетот Андоновиќ се повлекол од фирмата, но го оставил капиталот и живеел од рента. Така фирмата продолжува да работи под името „Браќа Караџа“ што ќе го носи се до 1947 година, кога Законот за национализација престанал да постои. Национализација на хотелот Во 1931 година од плеврит умира Ташко Караџа во Солун. Бидејќи бил ценет и богат трговец на неговиот погреб имало многу луѓе, а како знак за почит гробот му бил покриен со 50 венци. Дури подоцна, посмртните останки на ташко се пренесени во Скопје, во заедничката гробница Караџа, каде што се погребени сите членови на семејството. Андромаки со своите деца уште неколку години останала во Солун, бидејќи било потребно време тие да го завршат школувањето. Семејството се враќа во Скопје во 1933 година и купуваат голема куќа кај пазарчето Буњаковец. Грижата за децата на Ташко ја презел братот Ристо, кој иако бил престрог, не дозволил внуците и жената на братот да живеат бедно. Фирмата „Браќа Караџа“ продолжила да работи, и хотелот Бристол, а местото на Ташко го зазел син му Јани. Со стекнатиот капитал купувал скап и богат џеиз за ќерките на Ташко. А вдовицата Андромаки го продолжила животот многу скромно и главна цел и била грижата за децата. Почетокот на Втората светска војна ја запрела работата со трговијата на фирмата „Браќа Караџа“, а воените денови биле тешки и за ова семејство. Како жртва на окупаторот загинал и Ристо Караџа. Тој е еден од 12-темина што германските војници ги стрелале на 3 ноември 1944 година на Камениот мост, кога се повлекувале од Скопје. Луѓето биле скриени во едно од засолништата во близина на мостот, но во бесот окупаторите ги пронашле невините граѓани, ги извадиле од засолништето и ги стрелале. Меѓу нив се нашле и газда Ристо Караџа и неговиот внук од сестра Андоновиќ, па нивните имиња севпишани на спомен-плочата што стои на крајот од Камени мост. Прочуен по најубавите чорби Смртта на Ристо Караџа го означила крајот на фирмата која по ослободувањето била национализирана. Истото се случило и со хотелот Бристол, како и со станбената зграда во центарот на Скопје. Единствено за некои ниви и лозје на падините на Водно, на семејството им е платен некој скромен надоместок, а сето друго богатство исчезнало како и да го немало. И покрај тоа децата на Караџа продолжиле да живеат во Скопје, како претставници на почитуваното семејство. Денес презимето го носат нивните внуци и правнуци, кои ја продолжуваат лозата на ова познато семејство, на првите градители и основачи на хотелот „Бристол“. Марина Апостоловска http://www.mkd.mk/zabava/domashna/vistinskata-prikazna-za-bristol Edited by JimmyN - 23-Apr-2013 at 10:33 |
|
If you don`t have a clue,...use the internet!
|
|
Post Reply | Page <1 1314151617 38> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |