build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Хотели, преноќишта и одморалишта (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотели, преноќишта и одморалишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 33>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12892
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 23-Apr-2013 at 15:33
хотел Солун (сликано на 12 април)


DSC00160 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Ani View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Jul-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ani Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 06-May-2013 at 19:06
Што е со хотелите под Кале?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12892
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 06-May-2013 at 20:40
Originally posted by Ani

Што е со хотелите под Кале?


Нема некоја значајна промена на терен... Последен пат сликав на 27 март. Еве две фотки од тој ден.



За сè има вторпат
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 08-May-2013 at 21:27
ова ќе бидат ексклузивни хотели, со подарок базен од Вардар

п.с: шала на страна, како ќе го решат проблемот со водиве ?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12892
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 08-May-2013 at 22:06
Тие денови имаше дождови, па сигурно и оттаму доаѓаат „базените“... Инаку, веројатно слушнале за пумпи за испумпување подземни и надземни води. Само деновиве пак ќе им се наполнат „базените“.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12892
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 11-May-2013 at 12:42
Кочани нуди државно земјиште на Пониква за хотели

Општина Кочани понуди на продажба државно градежно земјиште во Спортско-рекреативниот центар Пониква и на неколку локации во градот.

На Пониква понудени се две локации за изградба на хотели и десет локации за подигање на викенд-куќи. Градежните парцели за изградба на хотели во овој скијачки центар на Осоговските планини се со површина од 1.625 и 1.932 метри квадратни и се нудат со почетна цена од 61 денар по метар квадратен. Парцелите за викенд куќи се со големина од 283 до 567 метри квадратни и нивната почетна цена изнесува исти така по 61 денар за метар квадратен.

Исто така општина Кочани нуди на продажба и пет парцели за изградба на индустриски објекти од областа на лесната индустрија и малото стопанство во месноста „Драчевиќ“ и 12 парцели за подигање на индивидуални куќи на повеке места на територијата на општината.

Вкупната површина на понуденото земјиште за продажба изнесува 20.160 метри квадратни, при што минималниот приход на локалната власт од неговото отуѓување е проектиран на 1.229.760 денари.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C94C8E791CE4A548B7F26C2B3716626C
За сè има вторпат
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 21-May-2013 at 09:22

Контроверзниот струшки хотел Изгрев ќе стане луксузен ресорт со пет ѕвезди!

21/05/2013 

293_001

Ревитализацијата на овој некогаш познат хотелски комплекс се врши со полна пареа. Инвеститор е туристичката агенција Фибула ер травел која пред близу пет месеци го зема под концесија хотелот од Македонската Православна Црква.

Во манастирскиот комплекс Света Богородица, во струшка Калишта ќе никне луксузен хотелски ресорт со пет ѕвезди. Станува збор за ревитализација на хотелот Изгрев од страна на туристичката агенција Фибула ер травел. Директорот Асим Меџедовиќ за Фактор вели дека хотелот веќе се преобразува во монденско летувалиште. Градежните активности биле во полн ек, а се очекува отварањето на новиот луксузен ресорт да биде кон крајот на годината. Хотелот ќе биде со пет ѕвезди и ќе има  208 соби.

„Изгрев ќе стане вистинки луксузен ресорт какви што има во Турција. Ќе има аква парк, затворени и отворени конгресни сали, „а лакарт“ ресторани, анимации во текот на целиот ден, спортски игралишта…надворешниот дел нема да претрпи големи промени но ќе биде модернизиран со задржан стар стил“, објаснува Меџедовиќ.

Тој потенцира дека се уште немаат склучени аранжмани, но се надеваат на гости од цел свет, особено од земјите на Бенелукс но и од Турција, потенцирајќи ги оние туристи кои практикуваат балкански тури.

Во Фибула се уште не дефинирале дали хотелот ќе си го задржи името Изгрев или пак ќе добие ново име. Дилемата ќе била решена за неколку месеци.

Туристичката агенција пред пет месеци склучи договор со скопската епархија во чија сопственост е хотелот Изгрев за концесионерство во времетраење од 50 години. Не откриваат за колку пари е земен под наем хотелот, но очекуваат поврат на инвестицијата за 15-20 години.

Контроверзиите за хотелот Изгрев

Хотелот Изгрев во последните неколку години го следат низа скандали. Последниот беше откриен во 2008 година кога сопствениците на струшката фирма „Миладинови“, која заедно со МПЦ стопанисуваше со хотелот, беа обвинети дека направиле злоупотреби затоа што зеле кредити од странски банки за реновирање на хотелот, но ги користеле за други цели, без намера воопшто да ги вратат парите, а ставајќи го хотелот како залог.

Браќата беа на суд, добија затворски казни, но подоцна беа ослободени од повисоките инстанци, а ниту едно лице од МПЦ не беше обвинето. Инаку, според пишувањата на медиумите, црквата се јавува како купец на Изгрев дури два пати. Еднаш во 2001 година за 700.000 евра, но, останала без него поради хипотекарен долг и  втор пат во 2008 година на лицитација за 1,5 милиони евра.

Фибула гради хотел и во Охрид кој ќе биде брендиран со светско име

Туристичката агенција Фибула ер травел ќе гради луксузен хотел со пет ѕвездички и во Охрид, инвестиција вредна повеќе од 50 милиони евра. За изградба на хотелскиот комплекс, агенцијата уште во 2011 година купи две државни парцели на локација кај Студенчица на Охридското Eзеро, со вкупна површина од 18.000 метри квадратни за 20.000 евра.

Меџедовиќ, најавува изградба на висококвалитетен сместувачки комплекс со 1.500 легла од највисока категорија.

„Во Охрид се уште привршуваме со административни работи но, очекуваме наскоро да почнеме со изградба. Се уште не знаеме кој бренд ќе биде, не е исклучена можноста да биде и турски бренд но важно е да е светски“, вели Меџедовиќ..

Според условите во тендерот, хотелот во Охрид треба да биде предаден во употреба за шест години од добивањето на дозволата за градба. Фибула треба за три месеци од изградбата да го брендира хотелот, за што веќе се шпекулираше дека агенцијата била во преговори со повеќе светски познати хотелски синџири, меѓу кои Шератон и Кемпински.

Изминатите години имаше неколку неуспешни обиди Охрид да добие брендиран луксузен хотелски комплекс, иако познавачите велат дека на најпознатиот домашен туристички центар му недостасува капацитет на квалитетни соби и легла за задоволување на потребите на елитните гости.

http://faktor.mk/archives/48563

Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 21-May-2013 at 17:17
^
Има некој рендер или инфо, слики од промените (ваљда се очигледни кога планираат до крајот на годината да го отворат хотелов, т.е „ресорт“ што би рекле)
Traveling.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12892
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 21-May-2013 at 18:10
Originally posted by Danndy

^
Има некој рендер или инфо, слики од промените (ваљда се очигледни кога планираат до крајот на годината да го отворат хотелов, т.е „ресорт“ што би рекле)


На англискиот збор Resort повеќе би му одговарал нашиот еквивалент „одморалиште“. Чисто да се знае.
За сè има вторпат
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 21-May-2013 at 23:46
Originally posted by Џоле

Originally posted by Danndy

^
Има некој рендер или инфо, слики од промените (ваљда се очигледни кога планираат до крајот на годината да го отворат хотелов, т.е „ресорт“ што би рекле)


На англискиот збор Resort повеќе би му одговарал нашиот еквивалент „одморалиште“. Чисто да се знае.


Ма и хотелски комплекс би бил сосема ок, но ете полесно им е со Ресорт... светски им делува ваљда
Traveling.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7249
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 22-May-2013 at 00:38
Resort тешко дека има превод (барем ја не сум сретнал) може да се користи за Хотел во кој гостите би дошле само за да престојуваат во него, со неговите услуги... што значи освен за престој, хотелот да располага со најмногу можни услови за рекреација и одмор
пример, во Дубаи ретко кој оди да ја гледа пустината,  претежно тоа се екслузивни гости кои доаѓаат поради атрактивноста на хотелските комплекси
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12892
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 23-May-2013 at 11:36
Дали некој знае кој е хотелов во Охрид (на сликата лево)?


IMG_7946 by dianspasov, on Flickr

веројатно е истиот објект


IMG_7971 by dianspasov, on Flickr

IMG_7990 by dianspasov, on Flickr[/IMG]

Edited by Џоле - 23-May-2013 at 12:10
За сè има вторпат
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 23-May-2013 at 11:41
Бившиот х-л Парк, кој ”изгоре”.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
anti-modernista1 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 01-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote anti-modernista1 Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 23-May-2013 at 17:16
ova ne e hotel nego stanbeni zgradi na prodazba...

Edited by anti-modernista1 - 23-May-2013 at 17:16
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 23-May-2013 at 17:46
стариот хотел парк неможеа да го урнат ни со експлозив.пробаа но не им падна како што треба
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 03-Jun-2013 at 23:25
не е баш хотел,ама ај


ГУЖВА ВО ПАНСИОНИТЕ ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЧИЊА ЗА ЛЕТНИТЕ ОДМОРИ


Кучето во хотел, ти шибај на море!


За околу 400 денари од ден и сопствена храна, газдите ги оставаат своите миленици на привремен престој во пансионите за миленици кои во градот и околината ги има се повеќе



Сопствениците на домашни миленици, во минатото имаа голема мака да убедат некој од пријателите или роднините да им го причуваат миленикот додека се тие на годишен одмор. Но веќе сопствениците на милениците немаат потреба да се грижат за тоа каде да ги остават своите миленици. Од пред година-две во Скопје се отворени неколку хотели со пансиони за кучиња, каде што газдите можат да си го згрижат својот миленик и безгрижно да одат на летување. На порталот Пазар 3, може да се уверите дека за миленичињата има пансиони каде што можат тие да престојуваат, додека вие се наоѓате далеку од своите домови.

Еден од таканаречените хотелите за миленици се состои од 18 пансиони и 1000 метри квадратни зелена површина кој служи за забава на кучињата. Во пансионите престојуваат поголем број кучиња од различни раси, а за нив се грижат вработените кои воедно се и ветеринари. Доколку се одлучите за оваа услуга, таа би ве чинела 400 денари од ден, со сопствена храна за милениците, а доколку имате две кучиња ќе добиете и попуст од 50 денари за секој миленик.
Сопствениците кои имале вакви искуства раскажуваат дека иако цената не е баш евтина, сепак ги оставаат своите кучиња во некој од пансионите во Скопје, бидејќи немаат избор каде би го оставиле миленикот да биде згрижен и да е на сигурно.
- Минатата година го оставив моето куче, аргентинска дога, на чување во пансион во населбата Маџари. Задоволен сум од тоа како беше чувано, го најдовме во одлично здравје. Сепак мислам дека цената е малку висока за нашиот стандард. Годинава повторно ќе го оставам кучето во истиот пансион, бидејќи оваа раса на кучиња е доста голема и не би сакал на никој од моите пријатели да биде на терет, вели Петар од населбата Лисиче. Сепак тие што се уште имаат каде да ги згрижат своите миленици, велат дека не би ги оставиле во пансион на чување, бидејќи е скапо, а и немаат доверба за тоа како ќе бидат чувани нивните кучиња.

Од јуни, чиповите за домашните миленици ќе бидат задолжителни, па доколку сакаат, сопствениците ќе можат да ги носат на летување со нив.
- Секоја година кога одиме на одмор, кучето го оставам кај моите родители, но оваа година планирам да го земам со нас на летување, бидејќи чипот веќе е задолжителен, што не беше случај во минатото и така ќе можам да го носам надвор од државата. Слушнав дека има пансиони за кучиња, но се додека моите родители можат да го чуваат, не би го оставил таму, зашто за 10 дена ќе треба да платам 4 илјади денари и плус храна, а тоа не се малку пари. Исто така и немам доверба како ќе го чуваат кучето, вели Благоја од Козле.

Доколку се одлучите своите миленици да ги оставите во некој од хотелите за кучиња, на порталот Пазар 3 ќе наидете на повеќе понуди за чување на кучиња. Сепак сопствениците на пансионите велат дека заинтересираните потребно е да се јават неколку дена порано и да резервираат место, а доколку сакаат миленикот да го остават на чување кога сезоната е во ек, за време на летните одмори, подобро би било да резервирате 2 недели порано бидејќи тогаш пансионите се преполни.

Минатата недела Агенцијата за храна и ветеринарство најави дека од први јуни ќе има промени во одгледувањето на домашните миленичиња. Па така, задолжителна ќе биде идентификација и регистрација на домашните миленици со што тие ќе имаат електронско средство за идентификација, односно микрочип кој ќе се става на животното најдоцна 6 месеци од неговото раѓање.

Проверката, пак, дали едно куче или маче има микрочип ќе се врши со микрочитачи кои ги има во амбулантите, кај инспекторите и на граница. Од Агенцијата за храна и ветеринарство потсетија дека од први јуни микрочиповите се задолжителни за домашните животни и секој сопственик што нема да ја заврши оваа обврска ќе се соочува со казна од 80 евра, а правното лице со 1000 евра.

(С.Тр.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B02CE4411133D24ABEF267103FFC6A99
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 08-Jun-2013 at 12:17

Во „Михајлово“ повторно ќе се слуша детски џагор


Досега целосно е реновирана внатрешноста на објектот, кој располага со 148 легла, модерен ресторан и кујна, во согласност со ХАСАП-стандардите. Сите соби поседуваат засебни тоалети, што му дава уште поголема предност на ова одморалиште, кое за летувачите од сите смени ќе обезбеди присуство на лекар и медицинска сестра, како и медицинско возило



Детското одморалиште сега е целосно реновирано

Обновено детското одморалиште на Кожув

По десетина години заклучени врати, запустено и обраснато во трева, во детското одморалиште „Михајлово“ на Кожув Планина повторно ќе се слушнат детскиот џагор и песната. Првата смена летувачи доаѓаат веќе на 15 јуни, со што и официјално започнува летната туристичка сезона, на огромно задоволство на кавадарчани, а секако и на сите љубители на природата.

Новите сопственици на детското одморалиште „Михајлово“, кавадаречките компании „Кожувчанка“ и „Градба промет“, кои официјално го поседуваат од 15 јануари оваа година, го остварија ветувањето целосно да го реновираат објектот. Се очекува со тоа да им овозможат на децата од Тиквешијата повторно да летуваат во прекрасниот планински објект, кој се наоѓа на 1.500 метри надморска висина, што се смета за идеално за детско одморалиште. Досега целосно е реновирана внатрешноста на објектот, кој располага со 148 легла, модерен ресторан и кујна, во согласност со ХАСАП-стандардите. Сите соби поседуваат засебни тоалети, што му дава уште поголема предност на ова одморалиште, кое за летувачите од сите смени ќе обезбеди присуство на лекар и медицинска сестра, како и медицинско возило.

Ова лето предност за престој во „Михајлово“ ќе имаат учениците, но подоцна се предвидува објектот да биде отворен и за граѓаните. За учениците, смените ќе се одвиваат на девет дена со осум полни пансиони, кои ќе чинат нешто повеќе од 5.000 денари. Се разбира, придобивките и благодатите што за возврат ќе ги добијат сите летувачи се повеќекратни. Високата шума со разновидни иглолисни дрва, црн и бел бор, ела и придружните видови, како што се јавор, јасен, евла, козја врба, бука, трепетлика и изобилството од флора, чистиот воздух и планинската вода се особено значајни за здравјето на децата.
Што се однесува до развојот на планинскиот туризам, Никола Наумов од „Градба промет“ најави изградба на уште еден модерен угостителски објект, ски-лифт и мала жичница, со што ќе се овозможи посета на туристи од целата држава. Колку е волшебно привлечна планината во „Михајлово“ потврдува и податокот за присуство на голем број гости во викендичките и во луксузните вили на кавадарчани, кои во периодот на летните горештини се разладуваат во пријатниот амбиент и околината на ова детско одморалиште.
Овој неверојатно питом предел во пазувите на Кожув Планина уште многу одамна ги привлекувал посетителите, а со децении наназад учениците од Средното шумарско училиште во Кавадарци својата теренска настава ја поминуваат токму на овие простори. Пред повеќе од 20 години, во соработка со Шумарскиот факултет, се изгради и објект, кој, за жал, сѐ уште не е во функција. Овој објект поседува 13 апартмани, сала за предавање, две простории за лаборатории и тавански големи соби за студенти, како и кујна во подрумскиот дел. Со повторното заживување на одморалиштето, можеби шансите ќе бидат поголеми овој наставно-нагледен објект да биде достапен за средношколците-шумари и за студентите од Шумарскиот факултет и конечно ќе се реализира идејата во заграден простор да се чуваат автохтони шумски животни.

Автор: Мирјана Мукаетова


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6713193424&id=9&prilog=0&setIzdanie=22899

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 20-Jun-2013 at 19:36

Завчера се отвори комплекс Цареви Кули во Струмица. Бидејки моментално сум кнап со време еве два линка и кој има стрпление и време може да постави некоја слика.


http://forum.kajgana.com/threads/Комплекс-Цареви-Кули-Струмица.69092/


http://www.facebook.com/pages/Kompleks-Carevi-Kuli/464978296929463



Edited by kultuzin - 20-Jun-2013 at 19:37
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12892
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 21-Jun-2013 at 11:36
Повелете:









За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12892
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 21-Jun-2013 at 11:38








За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.