build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патарини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 22>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Патарини
    Posted: 29-Sep-2023 at 17:02
Започнува имплементацијата на проектот за електронска наплата на патарините на Коридор 8
Јавното претпријатие за државни патишта известува дека од понеделник (2.10.2023 година) ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово.
При извршувањето на градежните работи наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Во таа насока, апелираме на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим. Исто така, замолуваме и за трпение додека траат градежните работи и реконструкцијата која е предвидено да заврши во рок од шест месеци.
Инаку, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.

https://www.facebook.com/photo?fbid=714624090709309&set=pcb.714626637375721
Carpe diem
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-May-2023 at 16:53

53 milioni kasirale a avtopatite vo ocajna sostojba. Bravos za Makedonija Pat!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-May-2023 at 16:45
53 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ НАПЛАТЕНИ ЛАНИ ОД ПАТАРИНИТЕ, НАЈМНОГУ ОТКАКО Е ПОЧНАТА НАПЛАТАТА ПРЕД 36 ГОДИНИ

Лани од патарините се наплатени 53, 2 милиони евра. Според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта вкупно на двата Коридора 8 и 10 во 2022 година транзитирале 52 милиони возила од сите категории. Овој број на возила на ЈПДП му донеле рекорден приход од 53.242.070 евра што претставува зголемување на остварениот приход за 15%.

„Споредбено по години бројките се движеле во нагорна линија, па така во 2019 година остварен е вкупен промет од 43.607.588 евра, во 2020 година, во услови на пандемија и намален сообраќај забележавме промет од 34.029.562 евра, во 2021 година, од 46.401.122 евра. И оваа 2023 година проекциите се движат во нагорна линија и очекуваме приход од околу 56 милиони евра“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми на одбележување на 4 Мај – Ден на наплатната служба.

Првата патарина во земјава е пуштена во 1987 година, кога беа пуштени во употреба трите наплатни станици на територијата на државата.

Во јули 2019 година, пак, за првпат профункционира и електронската наплата на патарина која бележи постојан раст како во продажба на електронски уреди, така и во надополнувањето на истите. За периодот 2019 до сега, продадени се 146.492 вкупно М-Смарт картички и 18.477 М-Тагови. За посочениот период, направени се вкупно 892.673 поединечни надополнувања на електронски уреди.

Учеството на електронската наплата како што велат од ЈПДП е со постојан пораст во вкупниот промет остварен од наплата на патарина и веќе надминува 30% од вкупната наплата. Најчест начин на плаќање патарина е се уште во готовина со нешто над 55% од плаќањата, електронска наплата учествува со околу 30% и безготовинско плаќање со користење на платежни картички околу 15 % при плаќање на патарина.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на одбележувањето на 4 мај кажа дека оваа година започнува со модернизација на наплатните станици на Коридор 8 и воведување на електронска наплата, но и нова градежна офанзива со изградба на 110 километри нови патишта.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/53-milioni-evra-se-naplateni-lani-od-patarinite-najmnogu-otkako-e-pochnata-naplatata-pred-36-godini/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-Nov-2022 at 18:04
УШТЕ НЕМА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИТЕ КОН ТЕТОВО И ГОСТИВАР, ОД ДРЖАВНИ ПАТИШТА ВЕЛАТ ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ДОГОДИНА

Уште нема електронска наплата на патарина на Коридорот 8. На наплатните станици Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар не може да се плати патарина со М-таг или М-смарт картички туку само со застанување и наплата преку вработено лице на патарината.

Договорот за воведување на систем за електронска наплата на коридорот 8 со конзорциум составен од компанијата „Аселсан“ од Анкара и „Жикол“ од Струмица, Јавното претпријатие за државни патишта го склучи во декември 2020 и рокот за реализација беше две години. Договорот вреден речиси 12,5 милиони евра ја опфаќаше и изградбата на наплатните станици „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци-Штип каде е воведена електронска наплата, како и изградба на наплатната станица „Арбиново“ на автопатот Кичево-Охрид чија изградба е до нигде. Средствата за овој проект се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Од Јавното претпријатие Државни патишта велат дека за воведување на електронскиот систем за наплата на останатите наплатни станици во тек е постапка на одобрување на проектна документација врз основа на која треба да се добие решение за реконструкција од Министетрство за транспорт и врски. Проектната документација била во фаза на ревизија.

„Во тек е модернизација на електронскиот систем за наплата на патарина на наплатните станици и на Коридорот 8 и се очекува во текот на наредната година и таму да се воспостави електронска наплата на патарина со што на сите наплатни станици ќе се воспоставио електронската наплата на патарина“, додаваат од ЈП Државни патишта.

Електронскиот систем за наплата на патарина беше воведен на Коридорот 10 кон Гевгелија исто така од турскиот конзорциум во јули 2019. За периодот откако е воведена електронската наплата до 31 октомври годинава продадени се над 15.000 тагови, или попрецизно 15.510 М-таг уреди и 125.000 М-смарт картички.

М-таг уредот чини 1.200 денари и за разлика од други соседни земји каде во таа цена е вклучен и кредит односно средства за плаќање на патарина, кај нас нема односно дополнително треба да се дополни. Од Државни патишта велат дека тоа е така бидејќи цената по која се набавени уредите од турски „Аселсан“ е 1.200 денари.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/ushte-nema-elektronska-naplata-na-patarinite-na-koridor-8-od-drzhavni-patishta-velat-ke-se-vovede-dogodina/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Aug-2022 at 17:07
Колони возила на патарината ,,Миладиновци“ - ЈПДП најави реконструкција до крајот на годината



https://sitel.com.mk/koloni-vozila-na-patarinata-miladinovci-jpdp-najavi-rekonstrukcija-do-krajot-na-godinata
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Jul-2022 at 12:16
ПОЧНА НАПЛАТАТА НА ПАТАРИНИТЕ НА АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИП, СЕ ЗГОЛЕМИ КОРИСТЕЊЕТО НА СТАРИОТ ПАТ НА КОЈ НЕМА НАПЛАТНИ СТАНИЦИ

Денеска почнаа со работа двете патарини на автопатот Миладиновци-Штип. Цената на наплатната станица кај Кадрифаково е 50 денари и 70 денари кај Преод пред Миладиновци. Сега, моторните возила кои патуваат од Штип за Скопје заедно со патарината од 40 денари пред Скопје вкупно ќе плаќаат 160 денари во еднa, односно 320 денари во двете насоки. Моторните возила кои од Штип ќе патуваат за Велес ја имаат само патарината кај Кадрифаково.

Ова се цени за автомобили додека патарината за возилата со повисока категорија изнесуваат: за 2-ра категорија 90 денари, 3-та категорија 150 и 4-та категорија возила 220 денари кај Кадрифаково, а на наплатната станица Преод кај Миладиновци цените за овие категории изнесуваат 100, 180 и 270 денари. Наплатните станици имаат сигнализација за распоредување на возилата во зависност од нивната категорија.

Кај наплатаната станица кај Кадрифаково каде беше и екипа на САКАМДАКАДКАЖАМ.МК забележавме голема фреквенција на моторни возила и во двете насоки, но поголема кон Скопје. Поголем дел од возачите и патниците биле информирани за стартот на наплатните станици, но имаше и такви кои не знаеле и беа изненадени.

„Со работа започнавме утринава во 7 часот. Во функција се седум наплатни кабини, односно има вкупно 6 коловозни ленти по три за двете насоки. Првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред, додека останатите ленти се за наплата во готово или со картица. Првиот ден, можеби ќе се јават некои мали застои, посебно кај М-таг електронскиот уред, но наши стручни лица преку целиот ден ќе дежурираат и веднаш ќе интервенираат“, велат вработените на наплатната станица Кадрифаково која како и сите наплатни станици се во надлежност на Јавното претпријатие за државни патишта.

Според нив, со оглед на досегашното испитување на фрекфенцијата на моторните возила се очекува наплатната рампа кај Штип која ќе важи за возилата кои патуваат за Скопје, но и за оние кои заминуваат за Велес, дневно да ја поминат од 6.000-7.000 возила.

Фреквенцијата може да биде уште поголема, но уште првиот ден од функциионирањето на наплатните рампи на новиот автопат Штип-Миладиновци беше забележливо дека е зголемена фреквенцијата на моторните возила, посебно на такси возилата кои го користат стариот пат Три-Чешми-Кадрифаково на кој нема наплатни рампи, па на клучката кај ова село тие можат да го продолжат патот за Скопје, но и за Велес и избегнуваат една наплатна станица.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-naplatata-na-patarinite-na-avtopatot-miladinovtsi-shtip-se-zgolemi-koristeneto-na-stariot-pat-na-koj-nema-naplatni-stanitsi/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Jul-2022 at 15:57
И З В Е С Т У В А Њ   Е

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека од 18.7.2022 година во 7 часот ќе бидат во функција наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот А4 на делницата Миладиновци-Свети Николе-Штип и обратно.

На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина. Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина.

Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по 7 (седум) наплатни кабини.

Во прилог е ценовникот по категории на возила:

Наплатната станица Преод

                   денари       евра
1А Категорија      40           0,50
1Б Категорија      70           1,50
2-ра Категорија    100          2,00
3-та категорија    180          3,00
4-та Категорија    270          4,5

Наплатна станица Кадрифаково

                   денари     евра
1А Категорија      30        0,50
1Б Категорија      50        1,00
2-ра Категорија    80        1,50
3-та категорија    150        2,50
4-та Категорија    220        4,00

Сумата издвоена за градежните работи и опремата за електронска наплата, за наплатната станица Преод изнесува 2.555.349,67 евра, а за наплатната станица Кадрифаково 2.314.288,14 евра.

ЈПДП апелира и препорачува употреба на електронските уреди при транзитирање на Наплатните станици Преод и Кадрифаково заради побрз, посигурен и поедноставен начин на наплата на патарината.


https://www.facebook.com/drzavnipatista/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-May-2022 at 14:03
Дали Владата ќе го исполни ветувањето за намалување на цените на патарините?

Два месеци по ветувањето на министерот Бочварски, се уште нема абер од намалување на цената на патарините. Предлог моделот е готов и е испратен до Владата, но никако да се најде на владина седница.

Но последната изјава на Бочварски отвора сомнеж дали воопшто ќе дочекаме пониски цени за патарините.

-Сите овие ценовни шокови и притисоци коишто се јавуваат во текот на оваа градежна сезона согласно светските трендови на пораст на цените на градежните материјали вршат сериозен финансиски притисок врз Јавното претпријатие за државни патишта и врз Владата. Оттука сме внимателни и не сакаме да дозволиме да се доведеме во ситуација да се забави или да се запре изградбата на кој било инфраструктурен проект низ целата држава. А, секако МФ ќе го има клучниот збор кога ќе се дискутира на Влада и во кој момент, во однос дали имаме простор и можност да пристапиме кон една ваква постапка, вели Бочварски.

Од Влада не кажуваат кога предлог-моделот на Транспорт и на Државни патишта ќе се најде пред пратениците.

-Штом оваа точка се најде на дневен ред на Владата, јавноста ќе биде известена, велат од Влада.

По серијата анализи на Сител за цената на патарините и за тоа како се трошат парите кои граѓаните и фирмите ги плаќаат за да ги користат автопатиштата, министерот Бочварски во гостување во „Тема на денот“ вети дека ќе се бара начин како тие да се намалат.

Анализите покажаа дека многу малку се знае каде овие пари се трошат. Политичка волја декларативно има, но сите политички партии имаат различна замисла за тоа како да им се олесни на граѓаните.

Пред околу месец дена пратениците го одбија предлогот на Левица, патарините да се намалат за 50 отсто.

https://sitel.com.mk/dali-vladata-kje-go-ispolni-vetuvanjeto-za-namaluvanje-na-cenite-na-patarinite
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-Mar-2022 at 17:50
Анализа: Колку плаќаме и што добиваме од македонските патарини?



https://sitel.com.mk/analiza-kolku-plakjame-i-shto-dobivame-od-makedonskite-patarini
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Mar-2022 at 12:44
Голема материјална штета на патарината во Кадрифаково, се пролонгира пуштањето во употреба

Една наплатна кабина е целосно оштетена, две соседни делумно, а уништена е и опрема на наплатната станица Кадрифаково во изградба на автопатот Штип-Миладиновци во сообраќајната несреќа што се случи изутрината откако во патарината удри и се преврте камион.

Според првичните информации на Јавното претпријатие за државни патишта, во незгодата е предизвикана голема материјална штета. Во моментов, информираат за МИА од ЈПДП, стручни екипи на изведувачот вршат проценка на предизвиканата штета, а засега не може да се предвиди за колку време ќе биде пролонгирано нејзиното пуштање во употреба предвидено претходно за почетокот на април годинава.

– Во незгодата во целост е оштетена една наплатна кабина и има делумно оштетување на две соседни кабини. Од ударот во кабината предизвикано е оштетување и на опремата на Наплатната станица, односно на самите ленти на кои се поставени наплатните ленти. Конкретно, целосно се оштетени две автоматски бариери – задни рампи, а исто така целосно се оштетени два линиски контролери.Има и оштетувања на друга поставена опрема, како држачи, столпчиња и слично, информира ЈПДП.

https://alsat.mk/mk/golema-materijalna-shteta-na-patarinata-vo-kadrifakovo-se-prolongira-pushtaneto-vo-upotreba/
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 325
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Mar-2022 at 12:08
Од слики на социјалните мрежи се гледа дури и трета кабина е зафатена. Пред Мај оваа патарина тешко да биде пуштена.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Mar-2022 at 11:35
Камион удри во новите патарини кај Штип, уништени две кабини



Товарен камион се преврте пред влезот на Штип при минување патарина. Несреќата се случи утринава, а направена е голема материјална штета.

Стоката што ја превезувал, поради силината на ударот и превртената приколка, е испадната. Од она што е познато, две кабини од патарината се целосно уништени, а таа сѐ уште не е пуштена во функција, што значи биле празни.

Од МВР велат дека го проверуваат случајот. Полицијата прави увид, а засега причините за несреќата се непознати. Не се знае ниту дали е повреден возачот што управувал со товарното возило ниту дали друго возило учествувало во несреќата.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/hronika/kamion-udri-vo-novite-patarini-kaj-shtip-unishteni-dve-kabini/
Back to Top
FiLo View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 25-Feb-2022 at 09:35
А ги праша ли некој додека одеа натаму дали го видоа одронот меѓу Средно Коњаре и првата патарина во изградба ?
Дали ги видоа глупите знаци од 70 км/ч во делот кај Свети Николе и да возиш како будала на автопат со 70 км/ч бидејки на мостовите горе има радари ?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 24-Feb-2022 at 11:40
Рустеми и Трпевски извршија увид во изградбата на новите наплатни станици Преод и Кадрифаково

Имплементацијата на Електронскиот систем за наплата и модернизацијата на наплатните станици на Коридор 8 во Република Северна Македонија е значен процес кој е во тек и на кој ќе биде ставен акцент оваа сезона.

Во таа насока, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и заменик директорот Благојче Трпевски извршија увид во градежните работи за изградба на новите наплатни станици Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Штип.

Оваа пролет работите треба да завршат и на автопатот да се воведе електронска наплата. Сумата издвоена за градежните работи и опремата за електронска наплата, за наплатната станица Преод изнесува 2.555.349,67 евра, а за наплатната станица Кадрифаково предивдената цена е 2.314.288,14 евра.


од фб страницата на ЈП за државни патишта













За сè има вторпат
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 22-Feb-2022 at 07:53
Пат кој се вози за неполн час со три патарини. ова само кај нас може да го има, беда...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Feb-2022 at 18:23
ОД МАЈ, 160 ДЕНАРИ ЗА ПАТАРИНИТЕ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ШТИП



https://24.mk/details/od-maj-160-denari-za-patarinite-na-avtopatot-skopje-shtip
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Feb-2022 at 14:14
Политичко лицемерие со патарините

Еден твит што се појави деновиве повторно разгори дебата за една од вечните теми во јавноста – како се наплатуваат патарините. Според објавата што ја споделија стотици на социјалните мрежи, ако жител на Велес работи во Скопје и патува со автомобил, само за патарини годишно би дал над 58.000 денари, кога ќе се одбијат викендите и годишниот одмор. За патувањата во слободно време ќе си плати дополнително.

Тоа понатаму се споредува со годишните цени на вињетките во разни земји во Европа, кои чинат од 4.000 до 10.000 денари за неограничено возење низ целата територија. Заклучокот на коментаторите им е речиси едногласен – ова е грабеж на македонските возачи.

Темата за начинот на кој во земјава се наплатува користењето на патиштата релативно често се отвора меѓу граѓаните, во медиумите, на социјалните мрежи или кај експертската јавност. И покрај тоа, ова прашање ретко се наоѓа на политичката агенда и за него не разговараат луѓето што можат да донесат одлуки со кои би овозможиле поповолни услови за плаќање на оние што редовно патуваат.

Политичко-сообраќајни математики на опозиционерите

Дека и политичарите се свесни за тоа колку патарините го оптоваруваат домашниот буџет покажуваат транскриптите од собраниските седници на кои се разговарало за оваа тема. Во зависност од тоа која партија или коалиција е во опозиција, нејзините пратеници од парламентарната говорница изнесуваат пресметки слични на твитерџиските. Но, на крајот мнозинствата ги изгласуваат одлуките, со кои, меѓу другото, се земаат заеми за да се градат патарини на нови локации.

„Единствена влада што се задолжила 14 милиони евра за патарини е македонската влада“, рече поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија на собраниска седница во јануари 2020 година, на која се расправаше за задолжувањето од 13,7 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за модернизација на патарините и за изградба на нови наплатни станици.

Неговиот колега и сопартиец од истиот пратенички состав Илија Димовски повеќепати остро ги критикуваше политиките на владата предводена од СДСМ околу патарините. Така, Димовски во јуни 2019 година, од говорницата изнесе пресметки дека граѓаните на Албанија можат цел месец во работните денови да возат по автопатот од Кукс до Тирана, 150 километри во правец, за 1.840 денари. Во Бугарија, пак, продолжи Димовски, за 940 денари месечно може да се патува меѓу Софија и Пловдив, 153 километри. Направи споредба со патувањето од 154 километри меѓу Скопје и Гевгелија, за кој, бидејќи во земјава не постојат ниту вињетки, ниту месечни билети, возачите би требало да остават 11.200 денари во месецот на наплатните рампи.

„За иста километража во Бугарија се плаќа 900 денари, а во Македонија 11.000 денари. Тие пари одат во ова претпријатие за кое денеска носиме одлука да се задолжи, да земе странски кредит за да изгради патарини“, порача Димовски.

Во поранешни времиња, кога владата на ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше за изградба на патишта и на наплатни станици, меѓу другото и од ЕБОР, пратениците од СДСМ и нивните коалициски партии се жалеа на тоа колку „патарините ги оптоваруваат домашните буџети“. Роза Топузовска Каревска во 2010 година рече дека граѓаните се на работ на сиромаштија, патуваат само кога имаат неодложна потреба, па, покрај прескапиот бензин, треба да плаќаат и патарина

„И затоа почитувани колеги пратеници, не може на патот Велес – Скопје да се наплатува 60 денари патарина во еден правец, 120 денари во двата правци и притоа на граѓаните да не им понудиме алтернативен пат“, порача Каревска.

Без оглед на тие дискусии, мнозинствата секогаш ги изгласуваа одлуките за задолжување и за изградба на патарините.

Една година Тетово – Скопје чини колку 10 години во Бугарија
Пресметките и на твитерџиите и на пратениците се точни. За разлика од пред една деценија, денес за патот меѓу Скопје и Велес треба да се платат 120 денари во правец, односно 240 за одење и враќање. Помножено со сите работни денови во годината, тоа дава сума од речиси 1.000 евра.

Слично е и со другите градови што се блиску до Скопје, од каде што вработени патуваат дневно до главниот град и се враќаат. Возач од Тетово би платил речиси 39.000 денари ако секој работен ден вози автомобил до Скопје и назад, од Гостивар околу 68.000, а од Куманово над 48.000.

Возењето до Скопје ќе им биде најскапо на штипјани, кои ќе имаат три патарини откако ќе се пуштат наплатните станици кај селата Преод и Кадрифаково, чија изградба се финансира со кредит од 14 милиони евра. Заедно со станицата во Миладиновци, возачите од овој град ќе треба да плаќаат на три места и патувањето во два правци ќе ги чини 320 денари. Тоа се над 77.000 денари годишно.

Колку за споредба, бугарска вињетка за една година возење чини нешто помалку од 4.000 денари. Според тоа, со парите што тетовецот би ги дал за една година да ги поминува 70-те километри дневно до Скопје и назад, во Бугарија би можел да се вози десет години неограничен број пати по над 800 километри автопатишта и илјадници километри регионални и локални патишта.

Ако за пример се земе Австрија, пак, годишната вињетка таму чини 109 евра, или околу 6.700 денари. Тоа значи дека австриските граѓани треба да одвојат околу 4-5 проценти од една месечна плата за да ги користат патиштата цела година, додека според пресметките во Македонија тоа чини меѓу една и пол и три плати, во зависност од појдовната локација.

За тоа кој систем е подобар, вињетките или патарините, нема единствен став ниту експертската јавност, ако се следат изјавите на професорите што се занимаваат со сообраќајна проблематика во изминативе години. За тие што често патуваат, секако е подобар вториот систем, но тие што само еднаш во годината ќе отидат со својот автомобил надвор од својот град би требало да купат неделни или месечни вињетки, кои се поскапи отколку еднократното плаќање на наплатните станици.

Освен овие две крајности, постојат и разни комбинирани системи, каде што патарините постојат, но возачите што често ги користат патиштата можат да извадат месечни или периодични билети со значителни попусти.

Кај нас поволности има само со електронските картички. Тие функционираат така што имателот става одредена сума пари, и на секое поминување низ наплатната станица му се одбива износот соодветен за таа делница, со пресметан попуст. За тие што ќе надополнат до 10.000 денари, попустот е два отсто. Па така, велешанецот од твитот тукушто заштеди околу 1.200 денари од 58-те што би ги дал ако плаќа во кеш за секојдневните работни патувања до Скопје и назад.

Милионски рекорди од наплатата

Според податоци од Светска банка од 2015 година, наплатата на патарини учествува со 0,5 проценти во вкупниот БДП во државата. Од вредноста на целата стопанска активност што се одвива во текот на една година – производство, услуги, работи, половина процент отпаѓа само на парите што ги даваме за да се крене рампата на автопатот.

Вкупната сума што ја собрало Јавното претпријатие за државни патишта од наплатните станици изнесува над 46 милиони евра, што е рекорден износ досега, соопшти директорот Ејуп Рустеми во неодамнешно интервју за државната агенција МИА.

Во Националната транспортна стратегија за периодот од 2018 до 2030 година се предвидува овие износи и натаму да се зголемуваат и до 30 отсто. Тоа значи дека не се размислува за промена на наплатниот систем.

Поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, а сегашен претседател на собраниската комисија за транспорт, вели дека во минатото, уште пред неговото време (беше назначен во 2015 година), јавното претпријатие за патишта правело проекции за тоа колку би било исплатлива замената на патарината со поинаков систем, но заклучоците биле дека нема доволно обем на сообраќај за да се спроведе таква мерка.

„Кога јас бев министер, бевме на ставот дека нема основа да се прават нови проекции додека целосно не се завршат коридорите 8 и 10, за да се измери тој обем на сообраќај“, рече Мисајловски за БИРН.

За целосен премин кон систем со вињетки веројатно е веќе доцна затоа што Европската Унија планира да ги укине до 2027 година. Според одлуката на Европскиот парламент од 2018 година, државите треба да го напуштат системот на периодично плаќање и да воведат плаќање според изминати километри, кое пореално ќе го одразува еколошкиот ефект од возењето.

Билјана Муратовска, генерален секретар на асоцијацијата на транспортери Макамтранс, вели дека досега не слушнала некој државен орган да спроведува активности за промена на наплатата за користење на патиштата. Според неа, политиката на ЕУ за плаќање според еколошки стандарди наместо според моќноста е најисправна, барем за товарните возила.

„Сега имаме една парадоксална ситуација во која понови возила со помала тежина и подобри еколошки стандарди плаќаат повеќе затоа што имаат помоќен мотор. Постарите возила плаќаат помалку затоа што се послаби, иако се потешки и прават поголем товар на патот, а и повеќе загадуваат. Тоа ја демотивира промената на возниот парк“, вели таа.

Муратовска додава дека попустот што сега го добиваат на домашните патишта со електронските картички, кој за товарните возила може да достигне седум отсто, е мал, но дека секое намалување на трошоците е значајно.

https://prizma.mk/politichko-litsemerie-so-patarinite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-Feb-2022 at 14:12
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-Jan-2022 at 17:08
Ova veke ne e izdrzlivo kolku zalutani ajvani ima na funkcija vo RSM. Ne se kadarni i eden znak za predupreduvanje da stavat. Za nebeznednosnoto snimanje na avtopat na TV-ekipite i da ne zboruvam. Tolku li ne im e jasno deka prvenstveno si go zagrozuvaat sopstveniot zivot!?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 14-Jan-2022 at 16:45
Во 2021 собрани 46,4 милиони евра од патарини, автопатите се уште со дупки



Кога патуваш по автопатот Скопје-Тетово плаќаш две патарини од вкупно 80 денари, пари кои се предвидени за одржување на автопатот.

Но, вака изгледа автопатот за кој секојдневно се собираат по илјадници денари.Дупки на сред пат, и тоа на само неколку метри од патарината…Дека патниот правец веќе подолго време е во ваква состојба покажува и постапката на возачите кои ја користат лентата која не е дозволена, само за да ги избегнат дупките.

Поради автопатот Тетово-Скопје голем број автомобили се оштетени, бидејќи ако погледнеме околу патот, ќе забележиме делови од оштетени возила.

За одржување на автопатиштата на годишно ниво се собираат 1,9 милијарди денари, средства кои им се доставуваат на Јавното Претпријатие „Македонија пат“ кое е надлежно за одржување на регионалните и магистралните патишта. Но, од ЈП за Државни патишта велат дека минатата година неколкупати побарале од „Македонија пат“ да го санира овој дел од автопатот, но дека досега не презеле ништо.


-Во врска со вашиот покажан интерес за одржување на автопатот Глумово-Скопје, ве информираме дека ЈП за Државни патишта минатата година неколкупати писмено му се обрати на ЈП за одржување и заштита на регионалните и магистралните патишта „Македонија пат“ и побара да се санира овој дел. Во меѓувреме ЈП за Државни патишта работи на изнаоѓање решение за неговото санирање.

Директорот на „Македонија пат“ вели дека во март ќе почне санирањето на овие дупки. Исто така додава дека за да се рехабилитира тој дел од автопатот потребен е посебен вид асфалт.

Во 2021 година се остварени приходи од 46,4 милиони евра само од патарини, пари наменети за одржување на автопатиштата. Ова е за 2,8 милиони евра повеќе во споредба со 2019 година пред пандемијата, а за 12,1 милиони евра повеќе во споредба со 2020-та кога граничните премини беа затворени до втората половина на мај, вели Костадин Ацевски директор на Македонија пат.

https://mk.tv21.tv/vo-2021-sobrani-46-4-milioni-evra-od-patarini-avtopatite-se-ushte-so-dupki/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.