Патарини |
Post Reply | Page <1 1415161718 22> |
Author | ||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #301 Posted: 26-Aug-2019 at 14:04 | |
Rezime: Za delnica od 170 km se naplaka 300 denari. |
||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #302 Posted: 26-Aug-2019 at 15:34 | |
Петровец во право си отпаѓа за тие што доаѓаат од Куманово.Моја грешка ако возиш од Скопје нема Романовце да ја платиш. Додека К.Паланка и Куманово - Гевгелија ја имаш и Романовце.
Значи од Скопје до Гевгелија имаш 280 наместо досегашните 180. А од Куманово имаш 300 наместо досегашните 200 денари. |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19651 |
Quote Reply #303 Posted: 19-Sep-2019 at 13:09 | |
ПАТАРИНИ: Колку чинат, како се плаќаат: во кеш, со картица или смарт картица (што не функционира речиси никаде)
Повеќе од три месеци како почна електронската наплата на патарините кај Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на наплатната станица Петровец а во оваа статија ќе се обидеме да ви објасниме како се врши и колку чини плаќањето. Наплатата на патарина ќе се врши комбинирано преку отворен систем и затворен систем за наплата на патарина, составен од наплатни станици а постојат три видови на плаќање: готовински и со банкарски картици (дебитни и кредитни), електронски со бесконтактни смарт картици и со уред за електронска наплата на патарина и билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање Купувајќи бесконтактни смарт картички или уред за електронска наплата на патарина (таг) сите правни и физички лица ќе може да ја плаќаат патарината, додека пак уредот за електронска наплата овозможува плаќање без застанување. Со бесконтактните смарт картички можете само да плаќате со приближување на картичката до читачот. Како се движат цените: 100 денари е сумата која ќе ја платите за бесконтактните смарт-картички и таа ќе се надополнува со најмалку 300 денари, додека за таговите, што ќе се поставуваат на предното ветробранско стакло за да може електронскиот систем да ги чита од далечина, ќе чинат 1.200 денари со надополнување преку Интернет. Со секое наредно надополнување на бесконтактните смарт-картички и уредите за електронска наплата на патарина (ТАГ) корисниците добиваат попуст на надополнетиот износ на патарина кој се пресметува при секое поминување на наплатна станица Како се одвива плаќањето со смарт-картички Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента. Возилата мора да застанат пред читачот на картички заради плаќање. Автоматската рампа не се подига доколку не се изврши валидна трансакција, односно плаќање на патарината. Возачот ја доближува смарт-картичката до уредот за читање и рампата се подига ако картичката е важечка и ако на неа има доволно средства. Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа над читачот на картичките се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства). Во случај на неуспешно плаќање, возачот има две можности: Да купи важечка картичка или да ја надополни картичката на продажното место поставено во кабина на лентата и да помине по лентата (при што возачот нема да треба повторно да го користи читачот за картички); Да плати готовински и или со банкарски картички (дебитни и кредитни), или Да го повика одговорниот на наплатната станица да му издаде билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање и истиот може да го плати подоцна на секоја сообраќајна лента на наплатните станици каде што се врши продажба и надополнување на електронските уреди, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта или во банка.Што значи Поминување со уред за електронска наплата на патарина -или уред наречен ТАГ ? Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента. Возилата со уред за електронска наплата на патарина (ТАГ) се детектираат автоматски при влегувањето во зона на комуникација покриена од антената. Износот на патарината што треба да се наплати го определува системот и штом возилото се приближи до рампата, таа автоматски се подига, доколку плаќањето се реализирало успешно. Дисплејот за корисници поставен на островот на сообраќајната лента го покажува износот на наплатена патарина, категоријата на возилото одредена со преткласификација на возилата (the Pre-AVC class) и салдото на сметката. Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа на островот на сообраќајната лента се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства). Во случај на неуспешно плаќање, возачот ги има истите две можности како при неуспешно плаќање со смарт-картички. Купување и дополнување на припејд-уред Електронските уреди (бесконтактни смарт-картички или уред за електронска наплата) може да се купат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици и во контролниот центар Петровец, а можат да се надополнуваат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта. https://vecer.mk/node/34096?fbclid=IwAR1KQCq0KHP6RSFam1JqBl412D1H1NSuP0dZ62yx8nXbNuOuEm2JznfYR80 |
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #304 Posted: 19-Sep-2019 at 13:41 | |
Си купив картичка. Не е толку лошо колку што мислев. 1. Поминувањето е инстант, откуцувањето и отварањето на рампа е 1 секунда. Кога плаќа човек освен ако нема точно кеш, сите други поминувања се ~10 секунди. 2. Може да се помине на сите ленти, дури и на оние кои се затворени 3. Надополнувањето треба да го пробам, но ако работи преку интернет (утре планирам да дополнувам), тогаш и тоа е ОК решено. |
||
Bakica
Groupie Joined: 09-Feb-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 93 |
Quote Reply #305 Posted: 19-Sep-2019 at 13:52 | |
Raboti preku internet, eve ti go linkot:
https://etc.roads.org.mk/AMC Mozes i preku telefon da dopolnis so istiot link. Se nadevam deka vo idnina kje izvadat i aplikacija za uste polesno dopolnuvanje na kartickata |
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #306 Posted: 19-Sep-2019 at 14:05 | |
Супер. Да со апликација би било најдобро.
|
||
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #307 Posted: 20-Sep-2019 at 11:00 | |
ЕБОР ќе финансира надградба на патарините во Северна Македонија Европската банка за обнова и развој со кредит од 13 милиони евра ќе го финансира подобрувањето на постојниот систем на патарини, како и новите станици за електронска наплата на нив. Надградбата ќе ги зголеми приходите овозможувајќи македонскиот систем на автопатишта да биде финансиран на поодржлив начин. Со овој кредит ќе се финансира надградба на пет наплатни станици по должината на Коридорот 8, како и изградбата на три нови станици, сите поврзани со центарот за патарини во главниот град Скопје. Покрај подобрувањата на наплатниот систем, ќе бидат инсталирани и соларни панели на сите 15 станици за наплата на патарината во целата држава, со цел да се промовира поголемо користење обновлива енергија. Овие панели ќе генерираат речиси половина од електричната енергија потребна да се одржуваат станиците. ЕБОР има финансирано изградба и надградба на 8 станици за наплата на патарина по должината на Коридорот 10 вклучувајќи и инсталација на опрема за електронска наплата на патарина. Кредитот на ЕБОР му е доделено на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Се планира унифицирање на двата система за патарина во систем што ќе биде целосно функционален. До денес ЕБОР има инвестирано над 1,9 милијарда евра во 117 проекти во Северна Македонија. |
||
WolfLeader
Senior Member Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
Quote Reply #308 Posted: 21-Sep-2019 at 09:18 | |
Inace da se nadovrzam na objavata vekje e zapocnata da se gradi patarinata kaj Demir Kapija.
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19651 |
Quote Reply #309 Posted: 24-Sep-2019 at 12:52 | |
Се гради и последната патарина на Коридор 10 кај Демир Капија Се гради и последната патарина на Коридорот 10 кај Демир Капија. Според информациите на Јавното претпријатие за државни патишта , изведбата ќе заврши за 9 месеци. Во моментов, кај наплатната станица Демир Капија на магистралниот пат Неготино-Гевгелија има времен режим на сообраќај до 2 март, соопшти Авто мото сојузот на Македонија, поради градежни активности за изградба на електронскиот систем за наплата. https://pressingtv.mk/ekonomija/se-gradi-i-poslednata-patarina-na-koridor-10-kaj-demir-kapija/?fbclid=IwAR1ompxdblNLNvLyl7DF5qn5plh8RaTVHwnbFJdzMA4FL6Rou1-gDkEhs88 |
||
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2084 |
Quote Reply #310 Posted: 24-Sep-2019 at 15:09 | |
Ај може ќе закаснат како со Кичево Охрид
|
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19651 |
Quote Reply #311 Posted: 28-Sep-2019 at 16:44 | |
Денешни фотки од изведбата на новата патарина пред Демир Капија,претежно се работи на проширување на просторот поточно се ископува земјата од лево и десно
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19651 |
Quote Reply #312 Posted: 10-Oct-2019 at 07:08 | |
Електронска наплата од денеска и на патарината „Миладиновци“
Јавното претпријатие за државни патишта од денеска ја пушти во употреба електронската наплата на патарина на наплатната рампа „Миладиновци“. За почеток, во функција ќе бидат само електронските картички „М-карт“, а допрва ќе профункционира плаќањето со м-таг на оваа патарина. Со имплементацијата на системот на патарината „Миладиновци“, возачите што патуваат по автопатите Скопје – Куманово и Скопје – Штип ќе можат да ја користат електронската наплата. Станува збор систем што е веќе воведен долж патарините на Коридорот 10, вклучувајќи ја и наплатната рампа „Романовце“ кај Куманово. Со ставањето во функција на електронската наплата на патарината „Миладиновци“, ЈП за државни патишта започна со реализација на вториот по ред кредит од Европската банка за обнова и развој за изградба на три нови наплатни рампи на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип и за воведување на електронска наплата на пет патарини долж Коридорот 8. Проектот ќе се изведува во наредните 12 месеци, а за оваа намена се издвоени 13,7 милиони евра. https://meta.mk/elektronska-naplata-od-deneska-i-na-patarinata-miladinovczi/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19651 |
Quote Reply #313 Posted: 09-Dec-2019 at 16:53 | |
Од градежните активности на патарината кај Демир Капија
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19651 |
Quote Reply #314 Posted: 23-Dec-2019 at 18:55 | |
Со новата наплатна кај Демир Капија, патарината Скопје – Гевгелија – Скопје ќе чини 720 денари
Новата патарина кај Демир Капија на автопатот на Коридор 10 ќе биде готова со изведба во наредните месец и половина. На оваа наплатна станица ќе се собира надоместокот за изминати километри на делницата од Градско до Демир Капија, а граѓаните за своите автомобили ќе плаќаат по 80 денари во еден правец. Висината на надоместокот за оваа патарина веќе е утврдена во Одлуката за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на патот, која што беше донесена во јуни годинава. Со изградбата на новата патарина кај Демир Капија, граѓаните во иднина ќе треба да плаќаат патарина од 360 денари во еден правец за возење по автопатот од Скопје до Гевгелија, доколку остане во сила постоечката одлука за висината на патарините. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, на вчерашната прес – конференција во владата напомена дека пресметката на надоместокот за патарина е според истата методологија донесена од претходната влада. Износот на надоместокот за извозено растојание од еден километар изнесува 2,5784 денари за возилата од прва категорија Б. – Мислам дека имаме прифатливи цени, коишто севкупно се инвестираат во одржување на патиштата. Градежната експанзија ќе заврши за 5 – 7 години. После тоа, по некои проценки на ЕБОР, само за одржување на тие патишта ќе ни требаат околу 100 милиони евра годишно – посочи Зоран Китанов. Наплатната станица кај Демир Капија треба да биде последната патарина што ќе се гради на патниот Коридор 10 во земјава, а нејзиното пуштање во функција е резултат на целосната изведба на ниво на автопат на трасата од Табановце до Гевгелија. Јавното претпријатие за државни патишта кон крајот на август годинава ја пушти во употреба патарината кај Гевгелија, која што го собира надоместокот за користење на делницата Демир Капија – Гевгелија и каде што се плаќа по 100 денари за автомобил во еден правец. На Коридорот 10 веќе е воведен електронскиот систем за наплата на патарина, со кој граѓаните можат да остварат попуст од 2 до 7 отсто за патарина доколку ги користат електронските картички или тагови. За намалување на цената на патарината од 2 отсто, треба да се изврши надополнување од 2 отсто на електронскиот уред, додека попуст од 7 отсто има само за оние граѓани што ќе извршат надополнување на картичката или тагот за сума од над 300.001 денари. https://meta.mk/so-novata-naplatna-kaј-demir-kapiјa-patarinata-skopјe-gevgeliјa-skopјe-ќe-chini-720-denari/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19651 |
Quote Reply #315 Posted: 01-Jan-2020 at 18:37 | |
Новата патарина пред Демир Капија,денешна фотка
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19651 |
Quote Reply #316 Posted: 22-Feb-2020 at 17:48 | |
Градежните работи на патарината кај Демир Капија се во завршна фаза,според најавите од март ќе почне наплатата...
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19651 |
Quote Reply #317 Posted: 07-Apr-2020 at 17:24 | |
Со намалената фреквенција на возила на патиштата ќе опадне и приходот од патарините
Епидемијата на корона вирусот во нашата земја и сите ограничувања на движењата на граѓаните што досега се воведоа, доведуваат до намалена фреквенција на возила на патиштата, а со тоа веројатно е да има и опаѓање на приходите од наплата на патарина. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ потенцираат дека е рано да се прават проценки за тоа колку би се намалиле приходите од надоместокот за користење на автопатите во екот на корона вирусот. – Наплатната служба при ЈПДП и покрај новонастанатата состојба со Ковид-19 функционира нормално и без застој и промена на работниот ритам. Вработените на наплатните пунктови се заштитени на работното место, односно од страна на ЈПДП се изврши набавка на доволна количина на маски, ракавици и антибактериски средства – посочуваат од ЈП за државни патишта. Во Годишната програма за работа на ова јавно претпријатие за 2020 година се предвидуваше од патарини да се остварат приходи од околу 48,7 милиони евра како своевиден рекорд во собирањето на овој надоместок низ годините наназад. Сепак, времетраењето на корона кризата и непостоењето на точна прогноза до кога ќе траат ограничувањата на движењата на граѓаните ги доведуваат под знак прашање проценките за приходите направени пред почетокот на епидемијата. – Сакаме да потенцираме дека нашите цели се уште остануваат високи, но со оглед на актуелната состојба со корона вирусот и од оваа временска дистанца во која се уште е непредвидлив крајот на оваа состојба, ние не сме во можност да се произнесеме каков ќе биде остварениот приход и дали соодветно на тоа ќе бидат остварени и поставените цели во делот на наплатата за 2020 година – велат од ЈП за државни патишта. И покрај очекувањата дека ќе дојде до намалување на приходите од патарини за изминатиот месец и за претстојниот втор квартал, кај патната инфраструктура сепак нема да има промени во однос на реализацијата на инфраструктурните проекти. Од почетокот на годината до сега се објавени набавки за изградба, рехабилитации и реконструкции на патишта, мостови и свлечишта во висина од 45,74 милиони евра. И во наредниот период ќе следуваат тендери за изградба на проекти со заеми од Европската банка за обнова и развој или од сопствениот буџет на ЈП за државни патишта. Во делот на изведбата на проектите што веќе се започнати, од претпријатието нагласуваат дека работните активности на терен се одвиваат во согласност со динамичките планови за работа. Инфраструктурните проекти не се запрени и се одвиваат во услови на прогласената состојба во земјава, но никој не може да дава прогнози како ќе се одвива ситуацијата во следниот период, потенцираат од ЈП за државни патишта. https://meta.mk/so-namalenata-frekvencziјa-na-vozila-na-patishtata-ќe-opadne-i-prihodot-od-patarinite/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19651 |
Quote Reply #318 Posted: 04-May-2020 at 13:50 | |
33 години од постоењето на наплатната служба
На 4 мај 1987 година беа пуштени во употреба три Наплатни Станици на територијата на нашата земја. Денеска одбележуваме 33 години од постоењето на Наплатната Служба, која во моментов во нашата земја е синоним на модерна, електронска и современа наплата на патарина. Во текот на своето постоење Наплатната Служба секогаш се стремела кон вршење на професионална и квалитетна услуга, сѐ со цел да овозможи брз и безбеден проток на сообраќајот. Во период кога целиот свет е соочен со пандемијата на корона вирусот, сакаме да упатиме голема благодарност на сите вработени на Наплатните Станици кои се секојдневно изложени на ризик, но и покрај тоа секој еден од нив максимално професионално ги извршува работните обрски. Од самиот почеток на пандемијата ЈПДП им овозможи максимална заштита на вработените на Наплатните Станици со набавка на антибактериски гелови, маски и ракавици. Наплатната Служба има поставено високи цели, и секогаш се стреми кон нивна реализација, сѐ со цел да се следат модерните текови за наплата на патарина и доближување до европските вредности. https://www.facebook.com/drzavnipatista/ |
||
WolfLeader
Senior Member Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
Quote Reply #319 Posted: 04-May-2020 at 14:28 | |
I novata patarina kaj Demir Kapija e gotova , najverovatno ke bide za brzo pustena a ako ne se lazam mozno e i veke da e pustena za soobrakaj...
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19651 |
Quote Reply #320 Posted: 04-May-2020 at 15:36 | |
Пред 2 недели поминував сеуште не беше ставена во функција.Веројатно претстојново лето ќе ја пуштат. |
||
Post Reply | Page <1 1415161718 22> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |