build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патарини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 47
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 22-Jul-2014 at 23:14
Се согласувам со вас,  потребна е целосна реконструкција на делот Куманово докај рафинеријата, а во спротивен правец реконструкција со проширување со лента за запирање, да заличи на автопат.Инаку ако за овој пат велите дека е потребно off-road возило тогаш Велес-Скопје со што треба да се вози? Среќа што почнаа да го прават, па сега се реконструираат мостовите до Катланово
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 08-Oct-2014 at 14:23
500 евра и одземање на возилото - драконски казни за неплаќање патарина

Секој што ќе се обиде да помине патарина без да плати и ја скрши рампата, трајно ќе му биде одземено возилото и ќе плати казна од 500 евра.



Ова се предвидува со измените во Законот за јавни патишта што веќе поминаа на владина седница. Целта како што вели ресорниот министер Јанакиески е се спречи уништувањето на патарините и дополнително да се зголемат приходите од патната такса.
Од април следната година лиценци за превоз на патници во меѓународниот и домашниот превоз ќе се издаваат само за превозници кои имаат автобуси со минимум стандарди Евро 2. За останатите автобуси со помали стандарди повеќе нема да се издаваат лиценци. Новина во законот за патен сообраќај е и засилената контрола на меѓународните превозници. Тие во иднина нема да можат да вршат промена на дозволите и да им конкурираат на домашните превозници. Во делот на увозот на автобуси, веќе за седум дена нема да може да се увезуваат автобуси со  Евро 2 и пониски стандарди. Ќе може да се увезуваат само автобуси со минимум евро 3 стандарди.
Со новите законски измени сите туристички агенции ќе се поврзат со електронскиот систем на автобуските станици и на тој начин еден билет нема да може да се продава по неколку пати како што беше до сега.

http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=50585
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1570
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 08-Oct-2014 at 15:16
Одлично!
Имам замерка што полицијата кога сопира возила по автопатите никогаш не бара фискална од патарина. Мора да има контрола и казна за оние кои се уште не се научија да плаќаат.
А за подигањето на Еуро стандардите

Edited by alexsend - 08-Oct-2014 at 15:17
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1516
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 08-Oct-2014 at 16:11
Originally posted by alexsend

Одлично!
Имам замерка што полицијата кога сопира возила по автопатите никогаш не бара фискална од патарина. Мора да има контрола и казна за оние кои се уште не се научија да плаќаат.
А за подигањето на Еуро стандардите
Sto e tuka odlicno? Konfiskacija na voziloto? Zarem ova e Iran ili evropska drzava!?

I dosega imase kaznena odredba za neplakanje na patarina, no nikoj ne ja sproveduvase. No uste pointeresno tuka e kako neplakacite uspevaat da ne platat, koga kaj nas sistemot na naplata e plakanje na rampa. Kako ja pominuvaat rampata?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2343
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 08-Oct-2014 at 16:42
Originally posted by Denko


I dosega imase kaznena odredba za neplakanje na patarina, no nikoj ne ja sproveduvase. No uste pointeresno tuka e kako neplakacite uspevaat da ne platat, koga kaj nas sistemot na naplata e plakanje na rampa. Kako ja pominuvaat rampata?


Me интересира откај ќе знаат надлежните каде се вклучило возилото на автопат?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2343
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 08-Oct-2014 at 16:54
Originally posted by jyvation


Од април следната година лиценци за превоз на патници во меѓународниот и домашниот превоз ќе се издаваат само за превозници кои имаат автобуси со минимум стандарди Евро 2. За останатите автобуси со помали стандарди повеќе нема да се издаваат лиценци. ID=50585]http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=50585[/URL]


Дали ако еден превозник покаже дека има 5 автобуси со Еуро 2 , на пример, дали и понатаму на приградски и селски линии може да пушта Застави Неретви и Ивека, Тамови, Саноси и слични трактори?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1516
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 08-Oct-2014 at 18:42
Originally posted by phenomenon

Originally posted by Denko


I dosega imase kaznena odredba za neplakanje na patarina, no nikoj ne ja sproveduvase. No uste pointeresno tuka e kako neplakacite uspevaat da ne platat, koga kaj nas sistemot na naplata e plakanje na rampa. Kako ja pominuvaat rampata?


Me интересира откај ќе знаат надлежните каде се вклучило возилото на автопат?
Зошто мене ме прашуваш?
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1570
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 08-Oct-2014 at 20:33
Ако е ова европска држава треба да се плаќа патарина. Нели?
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1516
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 08-Oct-2014 at 21:01
Па плаќаме патарина, кој вели дека не плаќаме. За оние кои некако успеваат да поминат без плаќање, не треба "смртна казна", доволна е парична казна од нпр. неколку илјади денари.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1570
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 09-Oct-2014 at 07:16
Убаво пишува "за оние кои ќе ја скршат рампата"!
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1474
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 09-Oct-2014 at 09:50
Originally posted by alexsend

Убаво пишува "за оние кои ќе ја скршат рампата"!


Мора да ви кажам скокам од радост - само дали ќе го спроведуваат надлежните законот, бидејќи 90 % од случаите на неплаќање сите знаеме каде се !!! Поздрав и Браво
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1516
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 09-Oct-2014 at 12:01
Originally posted by alexsend

Убаво пишува "за оние кои ќе ја скршат рампата"!
Досега немам видено некој да скрши рампа (иако не го исклучзвам тоа), но сум видел често неплаќачи кои "легално" си ја поминуваат наплатната рампа со одобрение на касиерот. На моја реакција, зошто "тикото" пред мене беше пуштено без да плати, касиерот фрустрирано ми одговори "Полицајска држава". Демек полицаец бил па морал да го пушти!?
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 09-Oct-2014 at 15:52
Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by alexsend

Убаво пишува "за оние кои ќе ја скршат рампата"!


Мора да ви кажам скокам од радост - само дали ќе го спроведуваат надлежните законот, бидејќи 90 % од случаите на неплаќање сите знаеме каде се !!! Поздрав и Браво


Па и пајканите кои треба да ги казнуваат тие западнњаците, се исти како нив. Мислиш дека некој некого ќе казни и ќе му земе голф 2 ?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11490
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 24-Oct-2014 at 09:06
Турски „Аселсан“ ќе ги модернизира македонските патарини



Проектот на ЈП за државни патишта, за изградба и модернизација на патарините долж Коридорот 10, како и инсталација на електронски систем за наплата на патната такса, ќе го реализира турската компанија „Аселсан“. Наплатата ќе се врши преку микробранови транспондери, односно еден вид налепници и специјални „смарт“ картички, при што категоризацијата на возилата ќе ја врши електронскиот систем. Возачите ќе можат да ги купат овие електронски картички на наплатните станици на патарините, и тоа во две можни варијанти: при пејд и пост пејд. Во втората фаза од реализацијата на проектот тие ќе се продаваат на бензинските станици и на останатите малопродажни објекти. Системот за електронска наплата ќе се имплементира во временски период од 18 месеци, сметано по потпишувањето на Договорот со „Аселсан“ што треба да се случи во текот на наредните недели.

Наплатна станица ПетровецВо согласност со изготвената документација, во претстојниот период ќе се изврши реконструкција, проширување и модернизација на петте постоечки наплатни рампи на Коридорот 10 (Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско). Наплатните станици Романовце и Градско ќе се дислоцираат за неколку стотини метри поради зголемување на бројот на ленти за наплата од постојните пет на 10, како и поради изградбата на новиот експресен пат Градско – Прилеп. Со исклучок на Петровец, која ќе остане со девет ленти, патарините Сопот и Отовица, исто така ќе се прошират со по уште една лента и ќе имаат вкупно пет ленти. Висината на оваа инвестиција е 18,7 милиони евра, од кои 15 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а останатиот дел од државниот буџет.

http://www.build.mk/?p=40053
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 24-Oct-2014 at 10:24
Убаво е ова што ќе се прошируват патарините за да се овозможи поголем проток. Но според мене ваквата мерка нема никаков ефект ако паралелно не се прошират и не се зголеми ефикасноста на граничните премини. Џабе ти се 5 минути заштедени на патарина ако на граница дремеш 2 саати.
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 24-Oct-2014 at 12:08
Гранични премини не се прошируваат. Гранични премини во Европа се отвораат и повеќе никогаш веќе не се затвораат. Тоа е Шенген Зона и ќе биде најголемиот подарок за Македонија и награда за тоа што ќе сторат политичарите во наредните 10 години.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 13-Nov-2014 at 12:47
Потпишан договор за модернизација и електронска наплата на патарините

За 18 месеци на сите патарини во Република Македонија ќе се воведе нов систем за електронска наплата.



Патарината ќе се наплаќа на два начини, и тоа со безконтактни смарт картички и преку микробранови транспондери со кои возачите ќе можат да поминуваат со намалување на брзината на движење, без застанување.

Денеска беше потпишан Договорот за изградба и инсталација на електронскиот систем за наплата на патарина на Коридорот 10 – автопат „Александар Македонски“, помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата „Аселсан“ од Турција.

Вицепремиерот Зоран Ставрески истакна дека станува збор за инвестиција во вредност од 18,7 милиони евра, од кои 15,8 милиони евра владата на Република Македонија ги обезбеди со заем од ЕБОР, а останатите 2,9 милиони евра се буџетски средства.

Со изградбата, реконструкцијата и модернизацијата на наплатните станици, како и инсталацијата на електронскиот систем за наплата на патарини, ќе се овозможи брз проток на возила низ патарините, а со тоа и времетраењето за поминување на наплатните станици ќе биде сведено на минимум.

Компанијата „Аселсан“, новиот систем за електронска наплата треба да го изгради и стави во функција во период од 18 месеци.

Со потпишаниот договор е предвидено реконструкција, проширување и модернизација на трите постоечки наплатни станици на Коридорот 10: Петровец, Сопот и Отовица.

Исто така, е предвидено дислокација и двојно зголемување на бројот на наплатните ленти на патарините Романовце и Градско, а ќе бидат изградени и две нови наплатни станици кај Демир Капија и Гевгелија.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/178519-Potpisan-dogovor-za-modernizacija-i-elektronska-naplata-na-patarinite
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1823
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 13-Nov-2014 at 12:51
Де бе 18 месеци ,авион да не произведуваат случајно ? Готова опрема да ја намонтираат и да ја синхронизираат на вкупно 10-12 патарини ... ццц во какво општество живееме....
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 13-Nov-2014 at 13:22
Даци има многу работа не е толку едноставно. Повеќето патарини ќе се подместуват, ќе се градат дополнителни ленти а ќе има и две сосема нови патарини, ова е многу голем зафат.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1823
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 13-Nov-2014 at 13:52
Да тоа признавам дека одзема време ,но тоа се градежни работи и може да ги работат повеќе фирми и да се заврши бар за 6 месеци помалку. Нема они да градат автопат од 20 км па да им требаат 18 месеци....
Додуша за проширување на улица со должина од 1,100 м на град Скопје му требаа повеќе од 12 месеци...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.