build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патарини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1040
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 13-Nov-2014 at 13:52
Originally posted by alexsend

Одлично!
Имам замерка што полицијата кога сопира возила по автопатите никогаш не бара фискална од патарина. Мора да има контрола и казна за оние кои се уште не се научија да плаќаат.
А за подигањето на Еуро стандардите

Ако се приклучиш после патарина?GPS?

За ‘придобивките од подигањето на Еуро стандардите‘ цел реферат не е доволен.Само ќе речам секоја чест на идејата за увоз на 150.000 возила со Еуро 2 (баш со изговор за некакви еколошки стандарди) и после пу, пу не важи.





Edited by Тркало - 13-Nov-2014 at 13:53
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1543
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 13-Nov-2014 at 17:34
Важно им наплатија за увозни царини нели
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 05-Dec-2014 at 19:57
На наплатна станица "Желино", само да нема жртви


Стефан Ѓуровски

Edited by jyvation - 05-Dec-2014 at 19:58
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 26-Feb-2015 at 09:47
ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ ПАТАРИНА ЌЕ ПОЧЕКАМЕ УШТЕ ЕДНА ГОДИНА

Уште најмалку една година ќе почекаме за наплатни рампи без редици од автомобили и безготовинско плаќање патарина. Градежните работи за модернизација на рампите на Коридорот 10 ќе почнат напролет, а турската фирма „Аселсан“ има уште 15 месеци рок да го реализира проектот за инсталација на електронскиот систем за наплата.

Проектот почна да се најавува пред повеќе од 4 години, а обезбедени беа и финансиски средства, во поголемиот дел како заем од Европската банка за обнова и развој. Сепак, договорот со изведувачот од Турција беше потпишан дури лани во ноември. Кредитот во висина од 15,8 милиони евра требаше да почне да се враќа од пролетта 2014 година. Сепак, затоа што доцни и проектот, а пари од заемот се' уште не се повлечени, исплатата на ратите ќе започне годинава.

Повеќе на http://www.utrinski.mk/?ItemID=71FA95E94E0BF84E88503D5CAB658F0F
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 19-Jun-2015 at 09:38
патарина Желино


Владимир Трпковски

Edited by jyvation - 19-Jun-2015 at 09:39
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 23-Jul-2015 at 12:39
РЕКОРД НА ПАТАРИНИТЕ

ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ОД БАЈРАМСКИОТ ВИКЕНД

За продолжениот празничен Бајрамски викенд на патарините по двата коридора 10 и 8 поминале над 400 илјади возила. Според официјалните бројки на ЈП за државни патишта на петте наплатни рампи од Табановце до Богородица и обратно, патарина платиле 198.514 возила, а на Коридорот 8 до Гостивар 206.949 возила.



Ако се направи груба математика дека секое возило оставило во просек по 1,3 евра на патарините, излегува дека ЈП за државни патишта само за три дена инкасирало половина милион евра.
Од ЈП за државни патишта велат дека фреквенцијата и на двата автопати била голема на 17, 18 и 19 јули, но не можат да кажат дали е поголема од лани бидејќи годинешниот Рамазан Бајрам не беше на ист датум со ланскиот.
"И покрај навалиците по автопатиштата на наплатните рампи нема поголеми задржувања. За да се надмине проблемот со застојот што се создаваше на Коридорот 10 на три наплатни рампи се поставени привремени кабини за наплата", ни рекоа од ЈП за државни патишта.
Од таму објаснуваат дека монтажни кабини добија наплатните рампи Отовица, Романовце и Градско каде сега место во четири за плаќање патарина се чека во пет ленти.
"Овие патарини се тесни грла и за време на викендите и во летниот период се правеа застои. Се надеваме дека со привременото проширување ќе го надминеме овој проблем", велат од ЈП за државни патишта.
За да може да работат сите наплатни рампи со полн капацитет ЈП за државни патишта привремено вработи 25 инкасанти чии договори за работа истекуваат на 30 септември. Новите инкасанти ќе ги менуваат постојните вработени на патарините додека тие ќе ги користат годишните одмори.

Во мај и јуни наплатени 1,1 милион евра повеќе од лани

Во мај и јуни годинава патарините на Коридорот 10, од Табановце до Богородица и обратно, заработиле 1,1 милион евра повеќе пари од истите месеци лани. Според податоците на ЈП за државни патишта на наплатните станици Романовце, Петровец, Отовица, Сопот и Стоби во мај и јуни годинава се собрани 3,5 милиони ( 220.777.377 денари), а ланските мај и јуни 2,4 милиони евра (152.468.400 денари). Од ЈП за државни патишта велат дека зголемената заработувачка е резултат на зголемениот број возила, но и враќањето на цените на патарините на нивото од 2008 година.

Електронска наплата до средината на 2016 година

Електронскиот систем за наплата треба да биде поставен на патарините низ Македонија до средината на 2016 година. Возачите ќе ги минуваат без застанување со бесконтактни смарт картички и преку микробранови трансподери. Ќе треба само да ја намалат брзината за да ги регистрира системот. Автоматизацијата ќе чини 18,7 милиони евра, а треба да ја реализира турската фирма "Аселсан". Истата фирма ќе треба да ги модернизира петте наплатни рампи по должината на Коридорот 10 и да отвори две нови патарини, кај Демир Капија и кај Гевгелија.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=DAFB9B2901B5FB44AD69FB07B7333538

Edited by jyvation - 23-Jul-2015 at 12:39
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 461
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 13-Aug-2015 at 20:08
Таква сума на пари да се заработи за толку мал период на време и не е баш мала работа , ЈП за патишта треба да се посвети на купување на по модерни информативни табли низ автопатиштата , дигитални знаци за подобро и по сигурно возење преку ноќ , осветлување на дел од патиштата каде што е тоа потребно ,поставување на семафори на делови од патиштата каде што и самите знаеме колку сообраќајки се слулучуваат кај нас , а сме мала држава , скоро секаде низ балканот веќе се постувават дигиталните знаци само кај нас уште нема , а со оглед на тоа дека немаме кој знае што големи автопатишта ,може нај фрекфентните патишта да се намести таква модерна сигнализација ,на пример од табановце до богоридица коридор 10 , и од скопје до охрид исто така може да има таква сигнализација , бидејќи е многу по безбедно да се патува на пат каде што има дигитални табли , и се по економични , еднаш се поставуваат и ќе се користат со години , не попуштаат ни ту на сонце , за разлика од обичните табли кој што денеска се местат и за 2 месеца или ја нема извадена е или пак е скршена , искривена или избледена , мислам дека треба сериозно да ја разгледаат можноста за купување и опремување на нашите патишта со една од нај модерната опрема што веќе низ Европа се користи и резултатите се очигледни , 100 % сигурност во возењето на секој возач ...

Edited by WolfLeader - 13-Aug-2015 at 20:11
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 29-Oct-2015 at 12:25
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 461
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 29-Oct-2015 at 23:42
Originally posted by Џоле


Швицерска по се изгледа нај добра вињета има 34 евра за цела година е одлично нешто во споредба гледано со другите земји ... а иначе не сум знаел дека црна гора и албанија не се наплаќа патарина.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1040
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 30-Oct-2015 at 00:41
Македонија е и без податоци.Класика.
Црна Гора не знам на кој автопат мислат, дали воопшто е нешто во употреба?Албанија (засега) навистина се без наплата (а со дигитални дисплеи за известувања по автопатот:okay, ама друго е интересно.Германија, Холандија, Белгија, Финска без наплата, а кои економии се.Шведска поефтина од една Хрватска, Србија, Грција....


Туку, дали видовте дека постојат две исти држави на мапава?    

Edited by Тркало - 30-Oct-2015 at 00:45
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 30-Oct-2015 at 08:17
Можеби Словачка прифатила да се вика Чешка?
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 461
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 30-Oct-2015 at 15:19
Јас летово го возев патов од република српска до херцег нови црна гора и одма после граничниот премин кога флеговме во црна гора има патарина која се плаќа 3 евра , незнам на ова скицава на што мислат дека во црна гора не се наплаќа патарина ....
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 31-Oct-2015 at 00:35
Нашите делови од коридорите само со евтина патарина можеме да ги пробиеме, се надевам во иднина...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 01-Nov-2015 at 12:36
Дали ова значи дека почнаа да се градат или модернизираат патарините.
http://kumanovskimuabeti.mk/poradi-gradezhni-raboti-na-naplatnata-rampa-kaj-romanovce-vozete-vnimatelno/
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 461
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 01-Nov-2015 at 23:52
Originally posted by kultuzin

Дали ова значи дека почнаа да се градат или модернизираат патарините.
http://kumanovskimuabeti.mk/poradi-gradezhni-raboti-na-naplatnata-rampa-kaj-romanovce-vozete-vnimatelno/


Да оваа фирма треба да изгради комплетно нов објект на романовце и да биде проширен на 10 места за патарина ,а после тоа турска компанија ќе го инсталира системот за електронска наплата , исто и на градско таа ќе биде проширена и ќе биде поместена наназад од сега постоечката значи само тие две ќе бидат проширени и со комплетно нов изглед , а останатите ќе бидат само модернизирани, бидејќи нај тесни грла како што знаеме на коридор 10 се баш тие две патарини и за тоа мораат да бидат проширени ,а другите останати ќе добиат една убава декорација со нов изглед , кај и да е и тие ќе почнат да се средуваат за брзо време.

Edited by WolfLeader - 01-Nov-2015 at 23:54
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 461
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 02-Nov-2015 at 00:07
Originally posted by zdravozivo

Нашите делови од коридорите само со евтина патарина можеме да ги пробиеме, се надевам во иднина...


Замисли , летово кога влегов во црна гора од република српска од преминот Зупце и во црна гора преминот се вика Ситница ,одма после граница платив патарина 3 евра , а патов не беше ни автопат ни било каков мото пат, значи беше обично ај да не кажам патче со две линии и тесно тесно за разминување до тука се бива ,и тоа скоро цел пат имаше многу многу остри кривини и ограничувањето беше на 40 км ,патов беше нај лито нешто што може да очекував нешто во црна гора а патарината е 3 евра , стварно незнам по коа причина е тоа така и не ми е јасно и неможам да се изначудам дали тој пат вреде толку пари , изгледа властите во таа држава одлучиле нели дека се туристичка земја пари да прават баш на еден таков начин и со толкава скапа патарина и да печалат на странските турсти за што искрено не вредеше да се плати ,е сега незнам дали тоа им е така во текот на летната сезона или цело време е толку пари,а на нашиот коридор 10 кој што е автопат и летото многу европјани транзитираат низ тој дел а една патарина е 60-80 денари.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1496
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 28-Dec-2015 at 19:38
Ova sakam odamna da go prasam: Zosto patarina dvapati se naplatuva SK-TE, kako i TE-GV?
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 28-Dec-2015 at 19:44
Originally posted by Denko

Ova sakam odamna da go prasam: Zosto patarina dvapati se naplatuva SK-TE, kako i TE-GV?

Денко сакам да те израдувам, некаде прочитав дека ќе се реконструира патот Скопје-Куманово.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1496
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 28-Dec-2015 at 19:46
Originally posted by King

Originally posted by Denko

Ova sakam odamna da go prasam: Zosto patarina dvapati se naplatuva SK-TE, kako i TE-GV?

Денко сакам да те израдувам, некаде прочитав дека ќе се реконструира патот Скопје-Куманово.
I krajno vreme e, bidejki ovoj pat e vo faza na raspaganje!?
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 28-Dec-2015 at 19:53
Originally posted by Denko

Originally posted by King

Originally posted by Denko

Ova sakam odamna da go prasam: Zosto patarina dvapati se naplatuva SK-TE, kako i TE-GV?

Денко сакам да те израдувам, некаде прочитав дека ќе се реконструира патот Скопје-Куманово.
I krajno vreme e, bidejki ovoj pat e vo faza na raspaganje!?

Инаку сега кога размислувам целосно си во право за Тетово-Гостивар, нема никаква потреба од две рампи, додека Скопје-Тетово има потреба заради вклучувања од бочни патишта.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.