build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патарини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 13141516>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 28-May-2019 at 14:04
За да не е досадно возењето по автопат Big%20smile
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 28-May-2019 at 23:27
Ужас од држава. Патишта крш, а патарини на секој чекор!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2971
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 05-Jun-2019 at 08:02
Еве каде ќе има нови патарини во Македонија

Владата на Република Северна Македонија на седница ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместот за употреба на пат – патарина.

Одлуката се донесува заради воведување наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип, како и заради можноста за електронска наплата на патарината со електронски бесконтактни смарт-картички и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање.

Дополнително, на предлог на Министерството за финансии, Владата денеска го усвои Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини по должина Коридорот VIII и автопатот Миладиновци – Штип, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта.

0

https://vecer.mk/node/19340?fbclid=IwAR00e9JWsb39XD5v7HEschdm4pLOmMZ4Tw-EPuT7FCgC-b32sXRS2QH_Orc
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 16-Jun-2019 at 15:37
Da ne znae nekoj do kade e so elektronskata naplata na patarini. Nekako slicno kako i Miladinovci-Stip ova go najavuvaat ama nikako da pochne vo praksa da se primenuva. Inache od lani ima izjavi deka kje pochne "od sledniot mesec"
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 63
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 18-Jun-2019 at 08:54
Како до каде? Па веќе година дена е пуштена. Big%20smile
https://sdk.mk/index.php/makedonija/elektronskata-naplata-na-patarina-startuva-od-romanovtse-vo-mart/



Edited by AmyntA - 18-Jun-2019 at 08:55
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 18-Jun-2019 at 09:40
Posleden pat koga prasuvav vraboten na patarina kako mozam da kupam kartica mi rece deka toa uste ne e vo funkcija. Toa bese pred okolu 2 meseci
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 03-Jul-2019 at 09:08
Izgleda deka ova konecno kje proraboti. Posle 10 izjjavi na Kitanov deka kje proraboti elektronskata naplata konceno ja pustaat vo upotreba

https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=fU0aWdyygJU

Edited by Bakica - 03-Jul-2019 at 09:09
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12374
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 03-Jul-2019 at 15:19
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1829
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 03-Jul-2019 at 18:55
НАСА
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12374
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 19-Jul-2019 at 10:50
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 547
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 21-Jul-2019 at 19:36
Треба да има некаков попуст и за картичките, или да бидат бесплатни. Уредот е прескап. Добро би било да има некоја понуда при регистрација на пример да се купи за симболична (набавна) цена. Не знам за странциве што транзитираат дали имаат нешто предвидено, но би требало уште на граница да има место кај што ќе купат картичка со кредит доволен за до другата граница. Корисно би било и да направат апликација каде ќе може да се следи состојбата на картичката и да се надополнува.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 22-Jul-2019 at 08:33
Купување на граница за странци е веќе решено, а исто така и надополнувањето. Провери овде https://etc.roads.org.mk/AMC
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 547
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 22-Jul-2019 at 11:31
Го видов сајтот, катастрофа е. А мобилна апликација сепак е потребна. Али ок, како за почеток ок е целиов проект.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 23-Jul-2019 at 12:29
Mislam deka poentata e karticite (M-Card) od 100 denari da gi koristat strancite koi tranzitiraat niz Makedonija kako i nasite vozaci koi poretko vozat na avtopat. Tagovite (M-Tag) od 1200 den bi bile za Komercijalnite vozila, Kamioni i Avtobusi koi sekojdnevno gi koristat avtopatite. Se soglasuvam deka mozebi podobro bi bilo da se poevtini pa povekje luge da gi kosristat MTagovite ili bar vo cenata od 1200 denari da vleze i koristenje na patarinite.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 24-Jul-2019 at 03:36
Веројатно не се сигурни за економскиот модел, ама за комерцијалните возила кој често сообраќаат можат дефинитивно и поевтино да ги понудат таг-овите.
За патнички возила јас мислам дека ако не се коритат патишта со патарини повеќе од еднаш во неделата повеќе се исплати безконтактната картичка.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 15-Aug-2019 at 10:51
Од патарини годинава инкасирани 23,5 милиони евра

Јавното претпријатие за државни патишта од почетокот на годинава, па заклучно со јули, од наплата на патарина остварило приходи во износ од 1.434.012.792 денари (23,5 милиони евра) или за 3,97 проценти повеќе во однос на истиот период лани.

Сите 10 наплатни станици годинава остваруваат раст во споредба со ланската година, но според остварениот приход предничат патарината Романовце (198.560.050 денари), Сопот (171.585.190 денари) и Отовица (166.035.843  денари), изјавија за МИА од ЈПДП.

Проекциите на ЈПДП се континуирано зголемување на приходите до крајот на годинава, со тоа што, како што велат, 2019 година ќе биде рекордна во остварување на приходи од 32-годишното постоење на наплатните станици.

Во вкупните приходи се вкалкулирани и средствата остварени од продажба на електронските уреди (картички и тагови) и од нивното надополнување. Од пуштањето на електронската наплата на патарина пред еден месец продадени се 6.735 тагови и картички. Од продажба на уреди е остварен приход од 3.206.800 денари, а од надополнување  21.107.315 денари.

Електронското плаќање од минатиот месец е достапно на наплатните станици на Коридорот 10: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. – Јавно претпријатие е повеќе од задоволно како функционира новиот систем за елетронска наплата на патарина, доказ за тоа се бројните јавувања на нашиот сервисен број (0800-800-088) од задоволни клиенти кои ја користат електронската наплата, велат од ЈПДП.

Оттаму информираат дека е во тек надградба за прилагодување на системот за електронска наплата на патарина за возила од прва категорија А, односни мотори.

Во наредниот период ќе се градат две нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид, а ќе се воспостави електронска наплата и на патарините на Коридорот 8 (Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар).

Во тек е евалуација на понудите за избор на најповолен понудувач на тендерот за изградба на патарините и електронската наплата што беше распишан во јуни годинава е во вредност од 13 милиони евра обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој.

Според плановите, операторот треба да биде избран до октомври, по што во рок од една година треба да бидат изградени патарините и да се воспостави електронската наплата.

Со заемот од ЕБОР се покриваат и трошоците за поставување фотоволтаични панели на настрешниците на наплатните станици.

https://nezavisen.mk/od-patarini-godinava-inkasirani-235-milioni-evra/

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 25-Aug-2019 at 19:58
Со среќа по 100 денари плус во правец на Скопје - Гевгелија, а кога ќе се направи и Демир Капија ќе ни биде уште поинтересно.


Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 25-Aug-2019 at 22:05
Ај што ќе е поскапо, туку и некако многу застанувања на 180 км пат... Колку ќе чини сега целиот коридор вкупно?
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 26-Aug-2019 at 02:41
Тешки глупости. Мизерија од светски размери е толку патарини на толкава должина... Па шлаг на тортата се цените.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 26-Aug-2019 at 08:49
Originally posted by ironm

Ај што ќе е поскапо, туку и некако многу застанувања на 180 км пат... Колку ќе чини сега целиот коридор вкупно?

Ако возиш Гевгелија - Табановце/Скопје/Куманово засега 340 денари, без онаа која треба да се изгради кај Демир Капија.

Односно Романовце е 60, Петровец 40, Отовица/Сопот 80 , Градско 60 и сега оваа 100 денари.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 13141516>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.934 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.