build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патарини
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патарини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 26-Aug-2019 at 14:04
Originally posted by daci92


Originally posted by ironm

Ај што ќе е поскапо, туку и некако многу застанувања на 180 км пат... Колку ќе чини сега целиот коридор вкупно?

Ако возиш Гевгелија - Табановце/Скопје/Куманово засега 340 денари, без онаа која треба да се изгради кај Демир Капија.Односно Романовце е 60, Петровец 40, Отовица/Сопот 80 , Градско 60 и сега оваа 100 денари.
Od Tabanovce kon Gevgelija so novata patarina se vkupno 4, odnosno 300 denari. Petrovec na taa delnica otpaga!
Rezime: Za delnica od 170 km se naplaka 300 denari.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 26-Aug-2019 at 15:34
Петровец во право си отпаѓа за тие што доаѓаат од Куманово.Моја грешка ако возиш од Скопје нема Романовце да ја платиш. Додека К.Паланка и Куманово - Гевгелија ја имаш и Романовце.

Значи од Скопје до Гевгелија имаш 280 наместо досегашните 180.
А од Куманово имаш 300 наместо досегашните 200 денари.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2470
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 19-Sep-2019 at 13:09
ПАТАРИНИ: Колку чинат, како се плаќаат: во кеш, со картица или смарт картица (што не функционира речиси никаде)

Повеќе од три месеци како почна електронската наплата на патарините кај Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на наплатната станица Петровец а во оваа статија ќе се обидеме да ви објасниме како се врши и колку чини плаќањето.

Наплатата на патарина ќе се врши комбинирано преку отворен систем и затворен систем за наплата на патарина, составен од наплатни станици а постојат три видови на плаќање:

готовински и со банкарски картици (дебитни и кредитни),
електронски со бесконтактни смарт картици и со уред за електронска наплата на патарина и
билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање
Купувајќи бесконтактни смарт картички или уред за електронска наплата на патарина (таг) сите правни и физички лица ќе може да ја плаќаат патарината, додека пак уредот за електронска наплата овозможува плаќање без застанување.

Со бесконтактните смарт картички можете само да плаќате со приближување на картичката до читачот.

Како се движат цените:

100 денари е сумата која ќе ја платите за бесконтактните смарт-картички и таа ќе се надополнува со најмалку 300 денари, додека за таговите, што ќе се поставуваат на предното ветробранско стакло за да може електронскиот систем да ги чита од далечина, ќе чинат 1.200 денари со надополнување преку Интернет.
Со секое наредно надополнување на бесконтактните смарт-картички и уредите за електронска наплата на патарина (ТАГ) корисниците добиваат попуст на надополнетиот износ на патарина кој се пресметува при секое поминување на наплатна станица
Како се одвива плаќањето со смарт-картички

Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента.
Возилата мора да застанат пред читачот на картички заради плаќање. Автоматската рампа не се подига доколку не се изврши валидна трансакција, односно плаќање на патарината.
Возачот ја доближува смарт-картичката до уредот за читање и рампата се подига ако картичката е важечка и ако на неа има доволно средства.
Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа над читачот на картичките се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства).
Во случај на неуспешно плаќање, возачот има две можности:
Да купи важечка картичка или да ја надополни картичката на продажното место поставено во кабина на лентата и да помине по лентата (при што возачот нема да треба повторно да го користи читачот за картички);
Да плати готовински и или со банкарски картички (дебитни и кредитни), или
Да го повика одговорниот на наплатната станица да му издаде билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање и истиот може да го плати подоцна на секоја сообраќајна лента на наплатните станици каде што се врши продажба и надополнување на електронските уреди, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта или во банка.Што значи Поминување со уред за електронска наплата на патарина -или уред наречен ТАГ ?

Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента.
Возилата со уред за електронска наплата на патарина (ТАГ) се детектираат автоматски при влегувањето во зона на комуникација покриена од антената.
Износот на патарината што треба да се наплати го определува системот и штом возилото се приближи до рампата, таа автоматски се подига, доколку плаќањето се реализирало успешно. Дисплејот за корисници поставен на островот на сообраќајната лента го покажува износот на наплатена патарина, категоријата на возилото одредена со преткласификација на возилата (the Pre-AVC class) и салдото на сметката.
Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа на островот на сообраќајната лента се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства).
Во случај на неуспешно плаќање, возачот ги има истите две можности како при неуспешно плаќање со смарт-картички.
Купување и дополнување на припејд-уред

Електронските уреди (бесконтактни смарт-картички или уред за електронска наплата) може да се купат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици и во контролниот центар Петровец, а можат да се надополнуваат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта.

https://vecer.mk/node/34096?fbclid=IwAR1KQCq0KHP6RSFam1JqBl412D1H1NSuP0dZ62yx8nXbNuOuEm2JznfYR80
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 19-Sep-2019 at 13:41
Си купив картичка. Не е толку лошо колку што мислев.

1. Поминувањето е инстант, откуцувањето и отварањето на рампа е 1 секунда. Кога плаќа човек освен ако нема точно кеш, сите други поминувања се ~10 секунди.
2. Може да се помине на сите ленти, дури и на оние кои се затворени
3. Надополнувањето треба да го пробам, но ако работи преку интернет (утре планирам да дополнувам), тогаш и тоа е ОК решено.

Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 63
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 19-Sep-2019 at 13:52
Raboti preku internet, eve ti go linkot:

https://etc.roads.org.mk/AMC

Mozes i preku telefon da dopolnis so istiot link. Se nadevam deka vo idnina kje izvadat i aplikacija za uste polesno dopolnuvanje na kartickata
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 19-Sep-2019 at 14:05

Супер. Да со апликација би било најдобро.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 20-Sep-2019 at 11:00
ЕБОР ќе финансира надградба на патарините во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој со кредит од 13 милиони евра ќе го финансира подобрувањето на постојниот систем на патарини, како и новите станици за електронска наплата на нив. Надградбата ќе ги зголеми приходите овозможувајќи македонскиот систем на автопатишта да биде финансиран на поодржлив начин.

Со овој кредит ќе се финансира надградба на пет наплатни станици по должината на Коридорот 8, како и изградбата на три нови станици, сите поврзани со центарот за патарини во главниот град Скопје.

Покрај подобрувањата на наплатниот систем, ќе бидат инсталирани и соларни панели на сите 15 станици за наплата на патарината во целата држава, со цел да се промовира поголемо користење обновлива енергија. Овие панели ќе генерираат речиси половина од електричната енергија потребна да се одржуваат станиците.

ЕБОР има финансирано изградба и надградба на 8 станици за наплата на патарина по должината на Коридорот 10 вклучувајќи и инсталација на опрема за електронска наплата на патарина.

Кредитот на ЕБОР му е доделено на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Се планира унифицирање на двата система за патарина во систем што ќе биде целосно функционален.

До денес ЕБОР има инвестирано над 1,9 милијарда евра во 117 проекти во Северна Македонија.

https://makfax.com.mk/ekonomija/%d0%b5%d0%b1%d0%be%d1%80-%d1%9c%d0%b5-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b8/

Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 21-Sep-2019 at 09:18
Inace da se nadovrzam na objavata vekje e zapocnata da se gradi patarinata kaj Demir Kapija.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.