build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патарини
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патарини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 17181920>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 246
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 10-Jan-2021 at 15:15
Originally posted by Denko

Od Tri Cesmi do Skopje (Madzari) za delnica od 67 km avtopat tri zastanuvanja.


Welcome to Macedonia!

Уште малце и од Швајцарија ќе станеме поскапи.

Барем парите од патарините што им ги даваме да ги искористеа за поквалитетен асфалт, ама ни тоа...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 10-Jan-2021 at 18:22
Дечки, кинескиот кредит треба да се врати. Да не мислите дека политичарите од свој џеб ќе плаќаат? Ние ќе платиме, граѓаните, како и секогаш.
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 10-Jan-2021 at 20:26
Originally posted by The Wild Boy


Originally posted by Denko

Od Tri Cesmi do Skopje (Madzari) za delnica od 67 km avtopat tri zastanuvanja.

Welcome to Macedonia!Уште малце и од Швајцарија ќе станеме поскапи.Барем парите од патарините што им ги даваме да ги искористеа за поквалитетен асфалт, ама ни тоа...

Во Швајцарија ќе си платиш Autovignette од 40 франкови и ќе си платиш за патишта од +- 1000 франкови годишно.
Во Мк има продукти што или имаат иста цена како во Швајцарија или пак поскапи се пример МЛЕКО и Памперс Тешко вас
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1807
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 10-Jan-2021 at 20:53
Originally posted by Џоле

Дечки, кинескиот кредит треба да се врати. Да не мислите дека политичарите од свој џеб ќе плаќаат? Ние ќе платиме, граѓаните, како и секогаш.
Jas ne zboruvam za plakanje tuku za zastanuvanje. Sekako deka visokiot zivoten standard e skapa rabota.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 145
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 11-Jan-2021 at 22:57
Originally posted by my Macedonia

Во Швајцарија ќе си платиш Autovignette од 40 франкови и ќе си платиш за патишта од +- 1000 франкови годишно.

Како мислиш 1000 франка за патишта? Нели се плаќа само годишна вињета за користење автопат?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4882
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 11-Jan-2021 at 23:03
Мисли на трошоци при регистрација. Во Обединетото кралство се плаќа осигурување, регистрација и road tax секоја година.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 13-Jan-2021 at 12:02
Бочварски: Ако се скапи патарините до Штип, може да се патува преку Велес или по локалните патишта

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, денеска им порача на граѓаните дека кога ќе се воведат двете нови патарини на автопатот Миладиновци - Штип, доколку им е скапа наплатата, ќе можат да патуваат преку Велес или преку локалните патишта.

Следниот месец почнува изградбата на двете нови патарини на автопатот Скопје Штип. Едната патарина е во Преод, а другата во Кадрифаково. Со изградбата патувањето ќе поскапи за 120 денари затоа што патарината кај Преод ќе чини 50 денари, а кај Кадрифаково 70 денари. Досега од Скопје до Штип се патуваше за 40 денари - сега 160 денари.

- Цената на патарините законски изнесува 2,57 денари по километар, без разлика дали се работи за еден или друг автопат, патарините се исти, дали кон Гевгелија, Велес или Куманово. Автопатиштата се начин за побрзо и побезбедно движење на граѓаните и за нивно одржување потребно е за тоа да се плати. Граѓаните имаат и втора можност да патуваат преку Велес, или преку регионалните патишта каде нема патарина, рече Бочварски на денешната прес-конференција во министерството давајќи коментар на реакцијата на граѓаните дека цените на наплатните рампи ќе бидат високи.

Според Бочварски, Македонија има релативно ниски цени на чинење на патарините, а за да имаме квалитетна патна инфраструктура , патиштата треба да се одржуваат и сервисираат тековно, што тоа ја чини државата и граѓаните.

https://faktor.mk/bochvarski-ako-e-skapa-patarinata-do-shtip-moze-da-se-patuva-preku-veles-ili-po-lokalnite-patishta
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 711
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 13-Jan-2021 at 13:53
За некој арогатно ќе звучи, ама во право е министеров. Проблемот е тоа што нема некакви месечни попусти за тие што секојдневно го користат автопатот и што целиот систем за наплата е на едно рудиментарно ниво гледано од ИТ аспект.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1807
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 13-Jan-2021 at 16:33
Poglupava izjava nemam skoro slusnato od eden visok politicar, demek ako vi e skapo sedete si doma... i sto odrzuvaat za tia 40 milioni evra koi gi sobiraat. Avtopatot e poln so krpenici i opasni ostetuvanja na asfaltot. Nema eden asalen parking so Toalet i mesto za odmor. Zeleniloto recisi zapusteno a falat i mnogu soobrakajni znaci. Namesto da vovedat vinjetka tia stavaat rampi na sekoi 20 km a vo istata recenica zboruva za pobrzo patuvanje
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1078
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 13-Jan-2021 at 18:08
Локални патишта да се користат вика. Добро јас тогаш министерот (бидејќи е од Штип) би го ставил да патува по регионалниот пат ’Ржаничино-Коњари-Сушица-Преод-Свети Николе секој работен ден.

Чисто да го осети тој локален пат. Сега на некои места нема асфалт, ама тоа што е проблем. Широк е исто околу 3 метри, ама и тоа не е проблем.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 13-Jan-2021 at 18:32
Originally posted by Marxentric

Originally posted by my Macedonia

Во Швајцарија ќе си платиш Autovignette од 40 франкови и ќе си платиш за патишта од +- 1000 франкови годишно.

Како мислиш 1000 франка за патишта? Нели се плаќа само годишна вињета за користење автопат?

Не не, 40 vignette и зависи што возиш плус данок за патишта (Strassensteuer).
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 145
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 13-Jan-2021 at 20:22
Најдов еден линк со калкулатор, во Цирих годишната патна такса е околу 350 франка за возило со 2000 кубика. Плус осигурување и регистрација, па доаѓа до твоите 1000 CHF, што секако не е многу за тамошните плати.
Како и да, цената на патарината во Македонија е прилагодена според нашиот стандард и колку и да негодуваме, мора да се наплаќа, за да имаме автопат.
Како за илустрација, ајде да направиме една споредба. Во Хрватска за некои 4 часа возење од српска граница до Ријека наплатуваат околу 30 евра или една просечна хрватска дневница (900 евра поделено на 30 дена). Во Италија, од словенечка до француска граница, за 7 часа возење е 60 евра, малку над просечната италијанска дневница, но се поминува 300 км повеќе отколку во Хрватска. Кај нас, од Гостивар до Богородица и назад, за 450 км и речиси 5 часа возење се плаќа 1000 денари што е малку над просечната дневница (28.000 ден./30=930 ден.). Тука некаде е и Грција, Солун - Атина, 500 км, куп наплатни станици, 30 евра (просечната дневница им 27 евра). Тука некаде е и Србија, но дури и тие имаат делници со затворен систем за наплата.
Заклучокот е, прилагодено според стандардот, плаќаме исто како Србите, Грците и Хрватите, но повеќе од Италијанците, со една голема разлика во тоа што последните две не застануваат на наплатни станици секои 20 км, туку имаат затворен систем (влез-излез) и со тоа поминуваат поголемо растојание за помало време. Земји со вињета како Буг. и Унгарија генерално имаат поевтин автопат, освен ако патувањето е пократко од 3 часа, тогаш неделната вињета не е исплатлива.
Мислам дека има мал простор за намалување на цената, но тоа не е толкав проблем колку што е застанувањето, кое патем повлекува поголема потрошувачка на гориво, загадување и изгубено време.

Edited by Marxentric - 13-Jan-2021 at 20:37
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1807
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 13-Jan-2021 at 21:59
Originally posted by Marxentric

Најдов еден линк со калкулатор, во Цирих годишната патна такса е околу 350 франка за возило со 2000 кубика. Плус осигурување и регистрација, па доаѓа до твоите 1000 CHF, што секако не е многу за тамошните плати.
Како и да, цената на патарината во Македонија е прилагодена според нашиот стандард и колку и да негодуваме, мора да се наплаќа, за да имаме автопат.
Како за илустрација, ајде да направиме една споредба. Во Хрватска за некои 4 часа возење од српска граница до Ријека наплатуваат околу 30 евра или една просечна хрватска дневница (900 евра поделено на 30 дена). Во Италија, од словенечка до француска граница, за 7 часа возење е 60 евра, малку над просечната италијанска дневница, но се поминува 300 км повеќе отколку во Хрватска. Кај нас, од Гостивар до Богородица и назад, за 450 км и речиси 5 часа возење се плаќа 1000 денари што е малку над просечната дневница (28.000 ден./30=930 ден.). Тука некаде е и Грција, Солун - Атина, 500 км, куп наплатни станици, 30 евра (просечната дневница им 27 евра). Тука некаде е и Србија, но дури и тие имаат делници со затворен систем за наплата.
Заклучокот е, прилагодено според стандардот, плаќаме исто како Србите, Грците и Хрватите, но повеќе од Италијанците, со една голема разлика во тоа што последните две не застануваат на наплатни станици секои 20 км, туку имаат затворен систем (влез-излез) и со тоа поминуваат поголемо растојание за помало време. Земји со вињета како Буг. и Унгарија генерално имаат поевтин автопат, освен ако патувањето е пократко од 3 часа, тогаш неделната вињета не е исплатлива.
Мислам дека има мал простор за намалување на цената, но тоа не е толкав проблем колку што е застанувањето, кое патем повлекува поголема потрошувачка на гориво, загадување и изгубено време.
Ne e poentata dali da se plaka ili ne. Sigurno deka treba da se plaka, bidejki avtopatskoto resenoe bara posebno odrzuvanje i nadzor, no problemot e cestoto zastanuvanje i katastrofalnata sostojba na nasite avtopatiska. Sobiraat okolu 40 milioni evra na godisno nivo a za vozvrat minimalno gi odrzuvaat delnicite. Za nekoi delnici namesto patarina "makedonija pat" treba da plaka osteta. Pretpostavuvam deka edinstveno vo Albanija e poloso, de nekoja neramninka ke te iznenadi, pa krpenici do nemajkade i toa bez predupreduvanje so znak, obniknati zelenila, nemanje soodveten parking so pristoen toalet i sl. Seto ova npr. vo edna Hrvatska e na vrhunsko nivo, Srbija nesto podoba od nas a negativno sum iznenaden id Grcija, barem od severnit del koj e vo mnogu losa sostojba.   
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2387
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 13-Jan-2021 at 22:01
Бочварски би бил сосема во право доколку парите кои ги собираат од патарина се трошат како што треба и имаме асални автопати и ширење на мрежата во разумен рок, а не да бидеме срам со дупки за сите кои одат во Грција или Турција преку нас или со години да градиме автопат од 2km. Башка Тетово-Гостивар и Скопје-Велес не се автопати.

Застанувањето сериозно го кочи меѓуградскиот сообраќај и ќе мора да се премине на систем со шофершајбно апаратче без застанување. На овој начин би можел да се воведе систем и на градски патарини (од 0.1 денари на одредени раскрсници до 1.5 за нерезиденти во Мал Ринг) за стимулирање на другите форми на превоз.

Прашање е и дали и колку државата треба да ги прераспределува парите на граѓаните. За стимулирање на меѓуградскиот сообраќај и на јавниот превоз, како и поттик на економијата, добро би било да се зголемат даноците и таксите, а да се намали патарината (особено за автобуси и камиони) и билетот за јавен превоз. Вињета е друга алтернатива на „веќе платено“ која би го дестимулирала користењето други патишта за да се избегне патарина.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1807
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 13-Jan-2021 at 22:15

Kako toa da se namali patarinata za kamionite i avtobusite koga tie najmnogu go ostetuvaat asfaltot!?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 13-Jan-2021 at 22:31
Реално и за време на пандемијава но и претходно по патиштата барем по Коридор 10 каде почесто патувам приметувам само камиони и автобуси а се помалку автомобили. Инаку очигледно е дека им се намалија приходите поготово 2020 но поголем проблем е тоа што автопатот не се одржува,не изградија асални одморишта на местата за застанување нема контејнери па ѓубрето е расфрлано насекаде. Цело лето патот е обраснат во грмушки и треви. Понекогаш и со некои поситни зафати може да се подобри работата ама за жал и тоа не го прават. На негативни реакции кај населението наиде и патарината кај Демир Капија па се повеќе се користи стариот пат кој беше во лоша состојба и претходно а сега и ќе го уништат уште повеќе бидејќи имам приметено дека и доста камиони(на Фени) и други локални превозници се поинтензивно го користат.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2387
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 13-Jan-2021 at 22:34
Сите ќе плаќаат повеќе даноци, тие повеќе такси, а помалку директно патарина. Со тоа помалку ќе ги оптоваруваат околните патишта, а картата за автобус може да поевтини.

Или пак да се воведе систем на избор: мали такси а голема патарина или обратно. Ова бара сериозна економска анализа.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4882
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 13-Jan-2021 at 22:37
Originally posted by Denko

   negativno sum iznenaden id Grcija, barem od severnit del koj e vo mnogu losa sostojba.   


E-75 од Богородица/Евзони до Солун не е гибнат од 1970 па наваму. Но ако зборуваме за северниот дел, најважниот автопат е Егнатиа Одос што го поврзува западот (Бари -> Игуменица) со истокот (Александруполи -> Истанбул), а тој е многу многу убав пат за возење. И асфалтот, а и пејзажите, тунелите и мостовите.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1807
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 13-Jan-2021 at 22:44
Originally posted by Staro Skopje

Сите ќе плаќаат повеќе даноци, тие повеќе такси, а помалку директно патарина. Со тоа помалку ќе ги оптоваруваат околните патишта, а картата за автобус може да поевтини.

Или пак да се воведе систем на избор: мали такси а голема патарина или обратно. Ова бара сериозна економска анализа.
Kakvi danoci, kamionite i avtobusite treba da plakaat mnogu. Eden kamion teskas od 50T e ednakov na 25 avtomobili i toj dosta seriozno go optovaruva asfaltot.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 145
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 14-Jan-2021 at 00:02
Originally posted by Staro Skopje

На овој начин би можел да се воведе систем и на градски патарини (од 0.1 денари на одредени раскрсници до 1.5 за нерезиденти во Мал Ринг) за стимулирање на другите форми на превоз.

Јака ти е стимулацијава, значи јас ќе треба да паркирам во Илинден/Маџари, па да го јавнам магарето за да не плаќам 1,5 денар на секоја крстосница во Мал Ринг, а вие резидентите да правите метеж за 0,1 денар кај ви прдне Инаку тие апартчиња за на стакло (тагови) веќе постојат, но ги наплаќаат околу 20 евра, што е баш дестимулирачки, па картичката (Mcard) е поисплатлива опција (100 денари). За во град мислам дека најдобра опција е издавање на еколошки налепници како во Копенхаген, при што загадувачот би платил поскапа такса, а за возење без налепница би следувало казни.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 17181920>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.