build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патарини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2663
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 14-Jan-2021 at 00:49
Мислев нешто налик London congestion charge. И сега има идеја за паркирај-и-вози се во Маџари, Сарај, Илинден, ама ништо од реализацијата. Ништо и од налепниците кои требаше да се воведат пред 2 години.

На овој начин колку повеќе се користи автомобил, толку повеќе ќе се плати, а за возврат би имало помали трошоци за регистрација и акциза за гориво и поевтин јавен превоз. Во периоди на зголемена загаденост градската патарина би била поголема.

Големите возила секако треба да плаќаат повеќе за одржување, но прашувам дали е подобро да плаќаат поголеми еднократни или годишни давачки, а помала патарина, или обратно. Треба да целиме кон намалување на користењето на локални патчиња наместо автопат за да се избегне патарина, поголема достапност на јавниот превоз и стимулирање на економијата, па не е лошо да има дебата за „веќе платено со даноци и такси“ наспроти „плаќај како што користиш“.

Повеќе луѓе ќе користат јавен превоз ако секој плаќа плус 5,000 денари данок за јавен превоз годишно, а билетот е 15 наместо 35 денари (може да има различни износи во зависност од тоа каде некој живее и работи, колку заработува итн). Нешто слично, иако не сосема идентично, е и со патарините.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 14-Jan-2021 at 15:26
Од патарините лани собрани 33,8 милиони евра, ковид-19 „стопи“ 10 милиони евра од приходите [инфографик]



Јавното претпријатие за државни патишта од патарините лани имало приходи во висина 33.782.331 евра, што е за над 10,5 милиони евра помалку во споредба со 2019 година. Корона кризата удри силно врз остварениот прилив на средства по надоместокот за користење на македонските автопати, а најизразено намалување на приходите може да се забележи во вториот квартал (периодот на полициските часови) и третиот квартал, кога изостанаа транзитните возила во летниот период и посетителите на земјава

„Во врска со прашањето за очекувањата за 2021 година, можеме само да
кажеме дека во голема мерка сè ќе зависи и главна улога ќе игра состојбата со пандемијата на ковид-19, отвореноста на границите со што ќе се овозможи и транзит на туристи и странски патници“, велат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта.

Во последниот квартал од 2020 година, од наплата на патарина остварени се приходи од 9.450.544 евра, при што овој надоместок во периодот октомври-декември е наплатен од 8.463.639 возила.

За период на целата 2020 година, ЈП за државни патишта наплатило 6.617 VT билети, односно остварен е промет од 19.125 евра од билети за неплатена патарина.

Во изминативе 12 месеци, продадени се 4.874 електронски СМАРТ картички и 2.884 МТАГови, вкупно 7.758 уреди за електронско плаќање патарина, при што остварен е промет од 64.198 евра.

Од воведувањето на електронската наплата на патарина, продадени се вкупно 21.465 електронски уреди. Од надополнувањата на таговите и картичките, во 2020 година биле собрани приходи од 4.558.661 евра. Севкупно, од електронската наплата на патарини лани имало вкупен промет од 4.641.985 евра.

Инаку, ЈП за државни патишта во претстојниве месеци ќе работи на воведување на електронска наплата на патарина и на наплатните станици долж Коридорот 8. Со електронските уреди во иднина ќе може да се плаќа и на патарините од автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, како и на наплатната станица „Миладиновци“.

Дополнително, по повеќе од една и пол година бесплатно возење, следниот месец ќе започне изградбата на двете наплатни станици на автопатот Миладиновци-Штип. Новата наплатна станица „Преод“ ќе служи за наплата на надоместокот за користење на автопатот меѓу Миладиновци и Свети Николе, а за автомобили патарината ќе чини 70 денари во еден правец. Втората наплатна станица „Кадрифаково“ ќе чини 50 денари по правец за автомобилите, а на неа ќе се собира надоместокот за користење на делницата меѓу Свети Николе и Штип.

Турско-македонски конзорциум составен од компанијата „Аселсан“ од Анкара и „Жикол“ од Струмица го добија тендерот за воведување на електронска наплата на патарина на автопатските делници долж Коридорот 8 и за изведба на двете нови патарини, а договорот е вреден речиси 12,5 милиони евра.

Штом биде завршен автопатот Кичево-Охрид, со овој договор е предвидено да се изгради наплатната станица „Арбиново“, на која ќе се наплаќа за целата должина на идниот автопат меѓу Кичево и Охрид.

https://meta.mk/od-patarinite-lani-sobrani-338-milioni-evra-kovid-19-stopi-10-milioni-evra-od-prihodite-infografik/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5381
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 14-Jan-2021 at 15:54
Originally posted by Staro Skopje

Мислев нешто налик London congestion charge. И сега има идеја за паркирај-и-вози се во Маџари, Сарај, Илинден, ама ништо од реализацијата. Ништо и од налепниците кои требаше да се воведат пред 2 години.
На овој начин колку повеќе се користи автомобил, толку повеќе ќе се плати, а за возврат би имало помали трошоци за регистрација и акциза за гориво и поевтин јавен превоз. Во периоди на зголемена загаденост градската патарина би била поголема.
Големите возила секако треба да плаќаат повеќе за одржување, но прашувам дали е подобро да плаќаат поголеми еднократни или годишни давачки, а помала патарина, или обратно. Треба да целиме кон намалување на користењето на локални патчиња наместо автопат за да се избегне патарина, поголема достапност на јавниот превоз и стимулирање на економијата, па не е лошо да има дебата за „веќе платено со даноци и такси“ наспроти „плаќај како што користиш“.
Повеќе луѓе ќе користат јавен превоз ако секој плаќа плус 5,000 денари данок за јавен превоз годишно, а билетот е 15 наместо 35 денари (може да има различни износи во зависност од тоа каде некој живее и работи, колку заработува итн). Нешто слично, иако не сосема идентично, е и со патарините.


За park&ride треба приградска железница, не некој раскантан приградски автобус. Единствено ако се изгради кај новите терминали на BRT-то, но тие се премногу внатре во градот. Најдобро е во Драчево или во Илинден (покрај автопат) да се оставаат возилата во катни гаражи покрај железничките станици (дел од park&ride системот), и да има приградска железница на секои 30 минути од 06:00 до 00:00, а за тие што сакаат да влегуваат со возило во Скопје да си има дневна такса. Секако ова би било надополнето со ист систем и на западниот влез на Скопје во Сарај или Ѓорче Петров.

Edited by гитардемон - 14-Jan-2021 at 15:56
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2194
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 14-Jan-2021 at 19:06
Originally posted by гитардемон

Originally posted by Staro Skopje

Мислев нешто налик London congestion charge. И сега има идеја за паркирај-и-вози се во Маџари, Сарај, Илинден, ама ништо од реализацијата. Ништо и од налепниците кои требаше да се воведат пред 2 години.
На овој начин колку повеќе се користи автомобил, толку повеќе ќе се плати, а за возврат би имало помали трошоци за регистрација и акциза за гориво и поевтин јавен превоз. Во периоди на зголемена загаденост градската патарина би била поголема.
Големите возила секако треба да плаќаат повеќе за одржување, но прашувам дали е подобро да плаќаат поголеми еднократни или годишни давачки, а помала патарина, или обратно. Треба да целиме кон намалување на користењето на локални патчиња наместо автопат за да се избегне патарина, поголема достапност на јавниот превоз и стимулирање на економијата, па не е лошо да има дебата за „веќе платено со даноци и такси“ наспроти „плаќај како што користиш“.
Повеќе луѓе ќе користат јавен превоз ако секој плаќа плус 5,000 денари данок за јавен превоз годишно, а билетот е 15 наместо 35 денари (може да има различни износи во зависност од тоа каде некој живее и работи, колку заработува итн). Нешто слично, иако не сосема идентично, е и со патарините.


За park&ride треба приградска железница, не некој раскантан приградски автобус. Единствено ако се изгради кај новите терминали на BRT-то, но тие се премногу внатре во градот. Најдобро е во Драчево или во Илинден (покрај автопат) да се оставаат возилата во катни гаражи покрај железничките станици (дел од park&ride системот), и да има приградска железница на секои 30 минути од 06:00 до 00:00, а за тие што сакаат да влегуваат со возило во Скопје да си има дневна такса. Секако ова би било надополнето со ист систем и на западниот влез на Скопје во Сарај или Ѓорче Петров.
Za uspesno P+R potreben e vrven javen prevoz vo sekoja smisla a Skopje e daleku od takov javen prevoz svetlosni godini. JSP nema kapacitet svoite gragani da gi usluzi a ne pak onie sto doagaat od vnatresnosta na Republikata. Za pocetok potrebna e pogolema decentralizacija kako bi se namalile bespotrebnite patuvanja kon Skopje. Bukvalno za sekoja sitnica ve prakaat vo Skopje i cinam deka polovina Makedonija sekoj raboten den vo 6.00 sabajle trgnuva kon Skopje.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5381
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 14-Jan-2021 at 19:39

Жива вистина. За жал ние сме град-држава. Но за жал, за некои работи не ни треба ни децентрализација, може да влеземе во XXI век и да издаваме документи електронски. Имам одено во Скопје за секакви глупости кои во нормална држава би ги завршиле за 2 минути.

А ако сакате пасош по итна постапка, си се сликате во својот град и на вас е да одите до Скопје да си го подигнете (иако сте платиле 4800 денари за итна постапка).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2194
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 14-Jan-2021 at 19:48
Originally posted by гитардемон


Жива вистина. За жал ние сме град-држава. Но за жал, за некои работи не ни треба ни децентрализација, може да влеземе во XXI век и да издаваме документи електронски. Имам одено во Скопје за секакви глупости кои во нормална држава би ги завршиле за 2 минути.

А ако сакате пасош по итна постапка, си се сликате во својот град и на вас е да одите до Скопје да си го подигнете (иако сте платиле 4800 денари за итна постапка).
Da ne go optovaruvam prostorot so banalni primeri, ke kazam samo deka navistina gi setaat lugeto bezvrska vo Skopje...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 14-Jan-2021 at 22:49
Луѓе разговарате за модел на congestion-control со плаќање за движење низ централни градски средини со зголемена гужва во сообраќајот. Тоа е супер, но колку и да е тој модел добар, кај нас се спроведува нешто сосема обратно. А тоа е фактот дека со градски, општински пари се финансира живеењето на поединци во центар, што е сосема обратно реципрочно од моделот кој го дискутирате. Тргнете од фактот дека жителите од центар добиваат повластено зонско паркирање, паркираат со месечни карти во катни гаражи, а сопствените гаражи ги рентаат на разно-разни пазарџии и дуќанџии за магацини низ центар, и тоа само за гласови и ефтина политичка пропаганда. Ајде да тргнеме од голем ринг, барем еве Скопје има исцртан таков кварт се вика голем ринг и да го пренесеме под надлежност на градот. ДУП-от и дозволите да се под Град Скопје, жителите да не гласаат за општинските власти и после да видиме дали ќе може да функционира сегашниот, сосема нефер према останатите Скопјани, модел на привитизираност на центарот.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 15-Jan-2021 at 00:05
Чекајте прво да се оствари железничкото поврзување со аеродромот, па отпосле ќе даваме теории за Park and Ride. Освен во Петровец, вакви станици би требало да има и кај другите главни влезови, Илинден и Сарај, или евентуално една заедничка во Визбегово за посетителите од Косово). Но, со оглед на тоа дека се уште не можеме меѓународен аеродром да поврземе со главниот град, далеку сме од таа замисла.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 15-Jan-2021 at 08:35
РЕАКЦИИ ВО ЈАВНОСТА ПО ОБЈАВЕНИТЕ ЦЕНИ НА НОВИТЕ ПАТАРИНИ - ЕВРОПСКИ ИЛИ СПОРЕД МАКЕДОНСКИ СТАНДАРД?



https://24.mk/details/reakcii-vo-javnosta-po-objavenite-ceni-na-novite-patarini-evropski-ili-spored-makedonski-standard
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 13-Feb-2021 at 16:18
Жителите на Седларце на протест – за 3.5 километри плаќаат по 30 денари патарина

Жителите на Седларце блокираа дел од патарината Тетово-Гостивар барајќи да не плаќаат по 30 денари за 3.5 км пат кој треба да го поминат по автопат во еден правец. Според нив помошниот пат не е уреден и единствен пат за да стигнат до Тетово е автопатот Тетово – Гостивар, а секој ден треба да плаќаат 60 денари за поминати 7 километри во двата правци. Бараат или да плаќаат за поминатите километри или да се уреди помошниот пат кој би ги ослободил од плаќање жителите од ова село.

Бараме од надлежните власти да се отстрани патарината или да се санира споредниот пат“, истакна демонстрант.

„Поднесовме барање за решавање на овој проблем, но ни одговорија, објаснувајќи ни каков е законот. Ние сите знаеме каков е законот, полицијата не праќа, амбулантата, итните случаи, пожарникарите. Закон е закон. Но, ние сакаме или да плаќаме колку користиме или да имаме алтернативен пат“, порача демонстрант.

Според нив доколку нивните барања не се исполнат, тие ќе го блокираат цел автопат и ќе го бојкотираат секој изборен циклус бидејќи нивното барање е старо над 30 години и никој до сега немал слух за тоа.

„Неправда за нашите селани бидејќи плаќаме за 3.5км. Ние сакаме да има патарина, но електронска – колку километри поминеме толку да платиме. Но, револтирани сме од неправата која ни се нанесува нам селаните. Споредниот пат не ни го санираа. Бараме нашите барања да се разгледаат. Ќе преземеме уште подрастични мерки, ќе го блокираме патот, а не вака на културен начин. Ако треба ќе излеземе со трактори и комбајни и ќе го блокираме патот. Нека разберат оние кои ги гласаме, бидејќи веќе 30 години нашите зборови наидуваат на глуво уво“, додаде демонстрант.

Ние бараме да се отстрани патарината бидејќи е многу блиску до селото. Поминуваме три-четири пати на ден, а не сме во можност да плаќаме толку. Не само да доаѓаат и да бараат гласови, туку нека нѐ слушнат сега. Ќе ги бојкотираме следните избори бидејќи не сме задоволни од оние кои нѐ водат“, вели демонстрант.

Седларце е под општина Боговиње, и е единствено село кое се наоѓа покрај автопатот Тетово – Гостивар. Жителите за да стигнат до Тетово треба да поминат или преку селото Камењане, што значи неколку километри пат, или по магистралниот пат каде треба да платат патарина.

https://mk.tv21.tv/zhitelite-na-sedlartse-na-protest-za-3-5-kilometri-plakaat-po-30-denari-patarina/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 13-Feb-2021 at 16:33
Нормално дека ќе протестираат. По 100-ти пат ќе кажам, ВО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ УКИНАТ ПАТАРИНИТЕ! Вињета на граница за камиони, еколошка такса за транзитни странци и толку. Другите домашни ништо да не плаќаат. Луѓето од Куманово, Штип, Велес, Тетово, Гостивар на дневна основа комуницираат со Скопје, многу луѓе работат и си одат дома секој ден.

Неможеме животот дополнително да им го отежнуваме со патарини на луѓето кои не се од Скопје и мораат секој ден да доаѓаат по работа, додека некое гомно мисли дека природно му припаѓа правото да биде центарец со наши пари и дреме на зонско по повластена цена на јавна површина, само затоа што дедо му добил стан по бенифицирани цени за заслуги во минат пропаднат тоталитарен режим !!!! Во истото време во Македонија сеуште неможе да се извади месечна или годишна карта за одредена делница. Унинете ги патарините!!!! Од Гостивар до Штип и од Куманово до Велес, единствена метрополитен зона, Секој надвозник и подвозник да станат клучки! Ако сегашната власт во Македонија владее со слоганот "парите назад кај граѓаните", еве им шанса да вратат 40 милиони евра назад во џебот на граѓаните. Македонија ќе најде од каде од друго место да ги буџетира овие средства, кои патем оваа година не се ни приближно толку заради пандемијата.

Edited by user8642 - 13-Feb-2021 at 16:36
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 13-Feb-2021 at 18:15
Ист е случајот и со новата патарина кај Демир Капија,максимално е оптеретен локалниот пат кон Неготино бидејќи има доста луѓе кои на дневна основа често се движат во оваа насока вклучително и доста мини-буси и камиони.
7 застанувања на делница од неполни 200км е премногу.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 03-Apr-2021 at 13:53
Владата размислува летово да ги укине патарините за српските државјани

Во знак на благодарност за вакцините, Владата размислува летово да ги ослободи српските државјани од плаќање патарина во земјава.

Ваквите најави синоќа ги даде премиерот Зоран Заев во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

„Не можете да се раздолжите кон ваков чин пријателство. Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но сепак Србија дала пари на граѓаните за тие вакцини. На пријателството да вратиме со пријателство“,

https://360stepeni.mk/vladata-razmisluva-letovo-da-gi-ukine-patarinite-za-srpskite-drzhavjani/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 12-Apr-2021 at 12:05
Воведувањето електронска наплата на патарина на Коридор 8 чека на изработка на проектната документација

Без конкретен рок кога ќе отпочне изведбата, но со најава дека се чека на изработка на проектната документација е планот за воведување на електронска наплата на патарина на наплатните станици долж патниот Коридор 8 и на автопатот Миладиновци-Штип. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека најпрво треба да се изработи проектната документација, по што ќе започнат активностите за модернизација и воведување на електронското плаќање на наплатните станици „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“.

Периодот во кој треба да се реализираат и пуштат во употреба модернизираните патарини е 12 месеци од ефективноста на договорот. Турско-македонскиот конзорциум од компанијата „Аселсан“ од Анкара и „Жикол“ од Струмица кон крајот на декември лани го доби договорот вреден 12,5 милиони евра, со кој електронското плаќање на патарина со М-Таг и М-Смарт картички ќе треба да се воведе на сите автопати во земјава.

Со воведување на електронските уреди, граѓаните на автопатите по Коридорот 8 ќе можат да остварат попусти од 2 до 7 отсто на цените за патарина, во зависност од висината на надополнување на М-Таг и М-Смарт картичката, поволност која што веќе ја користат возачите кои ги користат автопатските делници од Табановце до Гевгелија.

Од ЈП за државни патишта немаат конкретен датум за тоа кога ќе започне изградбата на двете патарини „Преод“ и „Кадрифаково“ на автопатот Миладиновци-Штип, по којшто веќе две години се вози без плаќање патарина од страна на возачите.

„Во период што следи ќе се отпочне со изградбата на наплатните станици Кадрифаково и Преод, штом ќе се заврши со градежните работи ќе бидат пуштени во употреба новите наплатни станици“, накратко одговараат од ЈП за државни патишта, без прецизирање на рокови.

По автопатот Миладиновци-Штип речиси две години се вози без плаќање на надоместокот за користење на патишта, со што ова е единствен автопат во земјава на којшто не се плаќа патарина. На сите други автопатски делници во земјава, граѓаните секојдневно плаќаат патарина. Откога ќе се воведе, на наплатната станица „Преод“, за користење на делницата од Миладиновци до Свети Николе, автомобилите ќе треба да плаќаат по 70 денари во еден правец. На втората наплатна станица „Кадрифаково“, меѓу Свети Николе и Штип, патарината за автомобили ќе чини 50 денари во еден правец.

Од ЈП за државни патишта информираат дека наплатна станица кај селото Арбиново ќе се гради и на новиот автопат Кичево-Охрид, но таа ќе биде пуштена штом целосно се заврши изведбата на делницата меѓу двата града.

„Пуштањето во употреба на наплатната станица Арбиново ќе биде со пуштање во употреба на автопатот Кичево-Охрид“, велат од ЈП за државни патишта.

https://meta.mk/voveduvaneto-elektronska-naplata-na-patarina-na-koridor-8-cheka-na-izrabotka-na-proektnata-dokumentaczija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 27-Apr-2021 at 08:24
Државни патишта“ изгуби 14 милиони евра на патарина

Повеќе од 14 милиони евра е опортунитетно во минус јавното претпријатие „Државни патишта“ во 2020. Тоа се пари кои биле планирани како приходи од наплата на патарина, но не се остварил есапот, најмногу поради пандемијата, која го ограничи движењето, особено по коридорот 10.

„Државни патишта“, споредувајќи ги плановите квартално, по објавувањето на сите извештаи, вклучувајќи го оној и за последното тромесечие од 2020, планирало приходи од наплатата на патарина во висина од 2,95 милијарди денари, но пресметката покажува дека се оствариле 871 милиони денари помалку.

Останатите основни приходи, како што се наплатата на таксата од регистрацијата и оној од акцизите за горива, горе-долу може да се каже дека биле стабилни. Ако се гледа патарината, пресметката по квартали покажува дека се собрани едвај 34 милиони евра. Јавното претпријатие за државни патишта во 2019 успеа да собере рекорден надоместок од возачите за користењето на македонските автопати. Од патарина во 2019 година биле инкасирани над 44,3 милиони евра. Тоа значи дека приходите ќе бидат за околу 10 милиони евра помалку во однос на една година претходно.

Минатата година претпријатието не пушти во употреба нова наплатна рампа, за разлика од 2019 кога започна со работа онаа кај Гевгелија.Во овој момент единствено е предвидено да се градат два наплатни пункта на автопатот Миладиновци - Штип.

Од претпријатието велат дека намалувањето на бројот на возиал е во просек од 30 до 40 отсто помал, но и во однос на на штетите што произлегуваат од ковид-19 пандемијата, резултатите не се за занемарување.

Изминатово лето Грција ги држеше затворени копнените граници не само за туристите од нашата земја, туку и за државјаните од соседството, кои традиционално го користат патниот Коридор 10 низ земјава за патување кон море. Неопходноста од поседување на PCR тест за патување и низ другите соседни земји, со исклучок на Албанија, дополнително го намали бројот на возила на патиштата, а со тоа и наплатата на патарина.

Намалување на наплатата на патарина во однос на 2019 се забележува во сите четири квартали од минатата година. За време на најактивниот период, оној во јуни, август и септември се забележува дури 270 милиони денари помалку приходи на годишно ниво.

https://faktor.mk/drzavni-patishta-izgubi-14-milioni-evra-na-patarina
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 10-May-2021 at 09:05
Од патарина во првите четири месеци од годинава инкасирани над 12 милиони евра

Јавното претпријатие за државни патишта во првите четири месеци од 2021 година од наплата на патарина инкасирало 12.150.185 евра. За овој период вкупно е наплатен надоместокот за користење на автопатите од 10.732.244 возила, информираат за „Мета.мк“ од ова јавно претпријатие.

Оттаму информираат дека при споредба со 2019 година, во периодот пред отпочнувањето на ковид-19 пандемијата, може да се увиди дека во првите четири месеци од 2021 година, процентот на приходи остварени од наплатните станици во земјава е зголемен за 4,45 отсто. Притоа, бројот на возила кои минале низ наплатните рампи во идентичниот период е намален за 10,9 отсто во однос на првите четири месеци од 2019 година.

„Најдобра слика за последиците од пандемијата може да се забележи преку опаѓањето на бројот на возилата кои транзитираат на наплатните станици и тоа, ако во 2019 година, во првите 4 месеци било наплатено на вкупно 11.908.915 возила од сите категории, за истиот период во 2021 година наплатено е на 1.176.671 возила помалку односно, поради целата ситуација, полицискиот час, затворени граници и слични рестриктивни мерки, наплатено е на вкупно 10.732.244 возила“, информираат од ЈП за државни патишта.

Во делот на електронската наплата на патарина, во периодот јануари-април 2021 година, остварен е промет од продажба на електронски уреди, надополнувања и наплата на ВТ тикети во висина од над 2 милиони евра. Во овој период продадени се вкупно 2.294 електронски уреди, или поединечно 1.233 М-Смарт картички и 1.061 М-Таг уреди. Од започнувањето со електронската наплата на патарина, заклучно со 30.04.2021 година, продадени се вкупно 23.759 електронски уреди, од кои 15.060 се М-Смарт картички и 8.699 се М-Таг уреди.

Зголемениот приход од наплата на патарина наспроти намалениот број на возила се должи на пуштањето во употреба на новите наплатни станици долж Коридорот 10, но и на високиот процент на наплата на овој надоместок од возачите.

https://meta.mk/od-patarina-vo-prvite-chetiri-meseci-od-godinava-inkasirani-nad-12-milioni-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 26-May-2021 at 09:22
ВЛАДАТА ОБЕЗБЕДИ 2,8 МИЛИОНИ ЕВРА ДА ПЛАТИ ПАТАРИНА ЗА 200 ИЛЈАДИ СРПСКИ ТУРИСТИ

Владата го задолжи Министерството за финансии да префрли 172 милиони денари за набавка на 200 илјади М-Смарт картички за електронско плаќање патарина на сметка на Владата и тие ќе им бидат давани на српските туристи кои ќе поминуваат низ Македонија на пат за Грција од 15 јуни до 15 август.

Владата донесе ваква одлука на денешната седница и го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги дели картичките на српските туристи на граничниот премин Табановце.

Владата вети ослободување од плаќање патарина за српските туристи како благодарност за донираните вакцини.

„Во насока на ветувањето за ослободување на плаќање патарина во земјава на српските државјани за време на летната сезона Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а во врска со изготвување на електронски картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година. Во оваа насока е задолжувањето на Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172.000.000,00 денари за набавка на 200.000 М- Смарт Кард на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард. Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија – Влада на Република Северна Македонија“, се вели во владиното соопштение.

Србија донираше 8 илјади вакцини Фајзер во февруари, а потоа во април уште 40 илјади вакцини Спутник. Исто така, во Србија се вакцинираа над 15 илјади македонски граѓани.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vladata-obezbedi-2-8-milioni-evra-da-plati-patarina-za-200-iljadi-srpski-turisti/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4033
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 26-May-2021 at 09:42
Со 2.8 милиони евра ќе се градеше некоја улица, секаде лом е ситуацијата. No comment
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 81
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 26-May-2021 at 10:00
Да, Србија помогна кога беше најтешко и да, треба да се возврати на гестот, но со разумен и сразмерен гест. Сулудо е да се трошат огромни суми за покривање на патарини со што ефектот ќе се прелее врз грчкиот туризам бидејќи 90% од србите ќе транзитираат кон Грција. Да бевме барем малку здраворазумна, некорумпирана држава со доистоинство, соодветна мерка ќе беше доделување на ваучери за туризам во Македонија за секој српски државјанин во одредена сума (по примерот на Малта, за покривање на 1 до 2 ноќевања) со што ем ќе возвратевме на гестот, ем ќе стимулиравме зголемен број на српски туристи во МК кои ќе потрошеа нешто и од сопствениот џеб во оваа земја. Вака, се пари големи пуштени низ вода, а и во нечиј џеб со оглед на апсолутно непотребната изработка на М-кард картички за патарина (кога едноставно србите можеа да бидат пропуштани на основа на регистарски таблици).

Edited by antigona - 26-May-2021 at 10:01
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 971
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 26-May-2021 at 17:01
А накај Охрид немаат бесплатна патарина, тоа е моментот. Тотално се без компас.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.186 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.