build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патарини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 22-Sep-2009 at 15:42

Патарините под концесија

Скопје / 22.09.09 / 15:56
Пет наплатни станици долж Коридорот 10 наскоро би можеле да отидат под концесија, со цел да се овозможи модернизација на системот за наплата на патната такса.

За патарините Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта ќе објават јавна покана до соодветни компании и конзорциуми за изразување на интерес за учество во тендерска постапка.

Концесионерот ќе мора да изврши реконструкција, проширување и ремонт на постоечките објекти, како и набавка и инсталирање и одржување на интегриран систем за наплата на патарини.

На овој начин се очекува подобра наплата на патарините и намалено време за чекање. Поканата ќе биде објавена утре. /крај/со/ст

http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=9161
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 23-Sep-2009 at 12:12

Пет патарини ќе бидат дадени под концесија

23.09.2009 10:01
 

 

Наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско ќе бидат дадени под концесија. За нив денеска Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта ќе објави јавен повик за учество во тендерската постапка за отстапување на правото на наплата на патарина.

Рокот за доставување на писмата е 30 денови од објавувањето на јавниот повик, а концесионерот ќе има обврска да изврши реконструкција, проширување и ремонт на објектите неопходни за вршење на концесиската дејност, како и набавка, имплементација и одржување на интегриран систем за наплата на патарина.

Целта на јавниот повик, како што соопшти ресорното Министерство, е да се испита интересот на соодветните компании и конзорциуми за учество во проект кој ќе овозможи модернизација на системот за наплата на патната такса за користење на автопатот долж Коридорот 10 во Македонија по пат на концесии.

Очекувана корист од проектот е зголемување на ефикасноста во системот на наплатата, намалување на времето на чекање и воведување современи решенија за вршење на наплатата.

А1


Е сега ова мене не ми се допаѓа и е крајно сериозно! Давање на патарини значи давање на целиот автопат под концесија! Само патарините се извор на пари за имателот на делниците, така што ако ги дадеме нив се сме дале, но за некакви ситни пари (во споредба со градење на цели нови одсеци автопатишта)... Дали не е допрецизирано, дали ќе оди кај некој приватен само процент од патните такси??



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 23-Sep-2009 at 12:47
Не се работи за давање под концесија на цели патишта, аман! Да беше за патишта ќе пишуеше патишта горе у тексстот. се даваат под концесија само наплатните станици со тоа што некој минимален процент од наплатата го зема концесионерот, а вечината пак си идат у државна каса. Е сега предноста е тоа што концесионерот всушност е на процент и од негов врховен интерес е да пријави што повеќе легални возила со цел да земе што повеќе пари. Нормално треба да издава и сметки кои имаат сериски број и лесно ќе се примети околку пуштил некоја фалсификувана сметка со цел да ја задржи комплетната наплата, а не само процентот што му следува.

Е сега може да дискутираме и од конспиративен аспект, а тоа е дека некој надлежен сака да ги даде наплатните под негови луѓе па да разврзе нова пирамидална шема, но сметам дека многу потешко со овој модел може да се иде на такви комбинации пошто уствари ќе има чисти односи меѓу државата и вршителот на услуга на државата (концесионерот).
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 23-Sep-2009 at 12:54
Аман бе другар, не се возбудувај толку! Само прашав затоа што тотално е нејасно. Ти каде ги прочита овие информации ако не се тајна или си претпоставил? Потоа штом толку умно размислуваш, не ли мислиш дека е попаметно да се воведе систем на винетки штом незнаеме и една патна такса да собереме!? Потоа тие патишта што се под концесија би влечеле процент на база на удел во целата автопатска мрежа или број на возила! И ова горе на кој јазик беше, не разбрав?!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 23-Sep-2009 at 13:06
Овој оглас се однесува на државните автопати. И може концесионерот ќе воведе и вињети, незнаеме ние тоа сега. А тие патишта што ќе бидат по концесија тамо тој што ќе го гради патот ќе си наплаќа сам. Нормално, ако има вињети ќе треба да го усклади сиситемот на наплата со оној од државните патишта да не после два вида вињети.

Е сега ни мене не ми е јасно зашто толку години никој не се ни обидува да проба да воведе некој автоматизиран начин на наплата, вероватно има доста кучиња што вијат околу златната кокошка патарина. Токму тие причини ни оставаат простор за сонмнеш дека повеќе се иде на институционализација на долгогодишните пирамиди, одколку што некој има намера да го среди хаосот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 23-Sep-2009 at 16:57
За мене е ова во најмала рака поразително. Што е следно ќе ги дадеме банкините под концесија. До каде може да оди нашата неспособност?
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 25-Sep-2009 at 09:58
 

Патарините патуваат кон приватни џебови

Лани од патарини во државната каса се слеале 20 милиони евра, од кои најмногу собрале оние пет за кои се планира да се дадат под концесија. Државата веќе требаше да инвестира 6 до 8 милиони евра во интегриран систем за наплата на патарините

Државата ќе инвестира десетици милиони евра за да ги реконструира автопатиштата во земјава, а приватна фирма ќе ги собира парите од патарината што ќе ја плаќаат возачите за искористување на истите патишта. Овој модел за експертите е нелогичен и значи дека некому даваме со години да користи „златна кокошка што несе пари“. Токму ваков модел предвидува Владата со распишаниот меѓународен оглас за изразување интерес за давање под концесија на петте најфреквентни патарини во земјава на Коридорот 10. Според објаснувањето од Агенцијата за патишта, сево ова се прави бидејќи државата „немала локално искуство во имплементацијата на новиот електронски систем за наплата на патарините и ако тоа го спроведе друга компанија, ќе значи поголема ефикасност и дисциплина во наплатата, но и модернизација на патарините“.

Проектот за воведување на електронски систем на наплата Агенцијата за патишта го промовира со години наназад и овој систем до сега требаше да функционира. Според пресметките за воведување на овој интегриран систем за наплата на патарини, државата требаше да оддели 6 до 8 милиони евра. Од патарини во земјава лани биле собрани речиси 20 милиони евра, од кои најголемиот дел од петте патарини за кои се планира да се дадат под концесија. Според експерти што работеле на оваа проблематика, државата за една и пол до две години ќе си ја вратела инвестицијата само од парите што сега се губат поради лошиот систем за наплата.

Детали за изработувачот на студијата и за економската исплатливост на овој проект не се откриваат, а се' уште не се дефинирани ниту условите под кои најверојатно странска фирма би ги стопанисувала нашите патарини.

- Компанијата што ќе понуди најдобра финансиска понуда и ќе ги исполнува техничките услови би оперирала со патарините. Владата и понатаму ќе добива приходи од патарините, а парите како и досега, ќе се наменат за изградба и поправка на патиштата. Времетраењето на концесискиот период, како и сите други детаљни обврски и критериуми ќе бидат предмет на понатамошните фази - објаснуваат од Министерството за транспорт.

Од таму информираат дека за овој проект се користеле анализи направени во Агенцијата за патишта, а се користеле и позитивните искуства на слични проекти што се реализирани во земјите од Европската Унија - Италија, Португалија, Шпанија, Франција и Чешка, каде што се спроведени проекти за модернизација на патарините со концесија.

Од Агенцијата за патишта не коментираат кои се економските бенефиции за државата со овој модел, кои ги потврдила нивната студија.

- Времетраењето на концесијата се планира да биде многу пократко од она што го предвидува законот, на 35 години. Според плановите, за компанијата која ќе стопанисува со патарините ќе се одделува одреден процент од наплатата кој ќе биде мал, а останатите пари ќе одат во буџетот и од нив ќе се одржуваат патиштата - објаснуваат од Агенцијата за патишта.

Во Агенцијата потенцираат дека ова не значи дека и јавното претпријатие „Македонија пат“, кое до сега оперираше со патарините, не може да конкурира на огласот и да победи. Тврдат дека најверојатно ќе има услов во тендерот фирмата која ќе победи да преземе дел од вработените на патарините.

За експертите е нелогичен огласот што го објави Министерството и тврдат дека сево ова е како некому да подаруваш златна кокошка која несе пари.

- Со ова државата треба да ги одржува патиштата, а граѓаните на приватна фирма да и' плаќаат за услугата, односно за кршењето на возилата од дупките на нашите автопатишта. Никаде во соседството не е користен ваков модел, туку има примери за давање под концесија патишта со патарини, но на фирми во државна сопственост чија надлежност е и одржувањето на патиштата - објаснуваат експертите.

За нив, проблем плус е начинот на кој државата ќе го контролира концесионерот за собраните пари од патарина и поминатите возила, кога досега не можеше да го контролира „Македонија пат“, па се појавија афери од типот „Змиско око“.

Според огласот, нема дефинирани услови за работата на идниот концесионер, освен дека тој ќе нема обврска да ги одржува патиштата на петте патарини. Концесионерот „треба да изврши реконструкција, проширување и ремонт на објектите неопходни за вршење на концесиската дејност, како и набавка, имплементација и одржување интегриран систем за наплата на патарина“.

Државните институции не дадоа конкретен одговор зошто властите се обидуваат да се ослободат од оперирањето со патарините на една од најфреквентните делници во земјава. Според огласот, под концесија ќе се даваат наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Рокот за доставување на писмата е до 26 октомври.

Александра Филиповска

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 26-Sep-2009 at 19:48
И мене ми е многу чуден овој потег, под концесија да се дадат токму наплатните станици, односно само местата каде што се собираат парите. Уште почудно е што до сега многупати ни се најавуваше дека ќе стартува системот за електронска наплата, за кој што се имаше земено и кредит... што со тоа? Зошто државата нагло прави ваков радикален пресврт и работата одеднаш ја префрла во приватни раце?

Друга работа што многу боде очи е дека во целиот куп на параметри за концесијата кои не се обелоденуваат, недостасува дури и процентот на парите што ќе остануваат кај концесионерот. Ваљда можеа барем да одредат некаков максимум, аналогно како што на 99% од тендерите од старт се одредуваат границите во кои треба да се калкулира.

Дополнително, до сега институциите ни објаснуваа дека немаат точна статистика за прометот на патарините (WTF?!?). Па доколку е тоа точно, ме интересира како ќе биде контролиран концесионерот? Доколку не можеа да се справат со групи корумпирани вработени, како ќе се справат кога патарините ќе бидат под целосна контрола на некој приватен концесионер, а нашиве ете немаат ни основни статистики?!?

Бидејќи сеуште нема практично никакви информации, не би сакал да навлегувам во анализи дали зад ова се крие крајна неспособност и капитулација на државата пред неколку групи корумпирани службеници, или всушност се работи за корупција на многу повисоко ниво и сето ова се прави смислено и контролирано. Но и во двата случаи чекоров е погубен, а трета логична опција не ми текнува...

И низ дискусијата на форумов лоциравме многу проблеми и можни решенија и заклучивме дека со патарините мора да се смени нешто коренито и тоа брзо, но се плашам дека ова е чекор во погрешен правец. Едноставно целава работа делува прилично сомнително и нелогично, а вообичаената нетранспарентност само го зацврстува тој впечаток!



@ lslcrew
Пирамидална шема на патарина?
Лоповска шема да, ама пирамидална?  Dunno


Edited by Cloverstack - 26-Sep-2009 at 19:50
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 27-Sep-2009 at 16:53
КОНЦЕСИИТЕ НА ПАТИШТАТА ЌЕ ДОНЕСАТ НОВИ НАПЛАТНИ ПУНКТОВИ
Ќе никнат патарини на секој чекор

Елена Костовска

Нови патарини и поскапи билети ќе добиеме откако ќе бидат изградени најавените седум патишта што ќе се даваат под концесија и откако постојни патарини ќе добијат приватни сопственици. Според Министерството за транспорт и врски, се уште не се знае колку нови патарини ќе има низ држава, но сигурно е дека концесионерите на новите патишта ќе бараат оправданост на своите инвестиции.
Јавниот оглас за концесија на патиштата треба да излезе до крајот на месецов, а интерес за изградба покажале дури 48 компании, финансиски институции и конзорциуми од Европа, Азија и од Северна Америка. Според Асоцијацијата на транспортерите на Македонија („Макамтранс“) во интерес на секој концесионер е што побрзо да ги врати вложените средства.
- Многу е подобро патиштата да се градат со државни пари или со средства од европските фондови зашто тоа е инвестиција вредна стотици милиони евра, кои потоа треба да се вратат на вложувачот. Концесионерот ќе сака побрзо да ги врати вложените средства, што може да доведе до зголемување на цените на патарините. Тоа беше случај со царинските терминали – вели Билјана Муратовска, претседателка на „Макамтранс“
Таа додава дека позитивен знак е што Владата ќе биде таа што ќе ги одредува цените. Според неа, со тоа барем нема да има опасност од неконтролирано зголемување на патната такса и нејзино формирање по пазарни цени.
Во Министерството за транспорт и врски не сакаа да откријат колкав процент од приходот на патарините ќе им припадне на концесионерите на патиштата и на петте наплатни станици. Оттаму велат дека рокот на концесионерите за изградба на патишта на ниво на автопат ќе биде шест години, а во наредните 35 години концесионерот ќе биде одговорен за нивното одржување и за наплата на патарината. За патарините, рокот на концесија ќе биде многу помал од овој на патиштата.
- Во секој случај, економската оправданост е изградена и добро одржувана патна мрежа. За патарините, пак, оправданоста е што инвеститорот ќе изгради модерни патарини со електронска наплата – велат во Министерството за транспорт и врски.
Во Агенцијата за патишта на Македонија велат дека давањето на патарините под концесија нема да влијае на работата за одржување на патиштата зашто приходите од патната такса се само едни од изворите на финансирање.
- Освен од патарините, годишниот приход на Агенцијата за изградба, реконструкција и за одржување на патиштата се финансираат и од акцизата на горивото и од регистрација на возилата. Нашите процени се дека тоа многу малку ќе влијае ако се зголеми ефикасноста на наплатата поради воведувањето на електронското плаќање – вели Кире Каракалов од Агенцијата за патишта.

Нема да има отпуштања на патарините

Од Агенцијата за патишта смируваат дека нема да има отпуштања на работници од патарините и покрај обврската на концесионерот да воведе електронска наплата заради поефикасно собирање на приходите.
- Предвидено е проширување на наплатните станици. Единствено, ќе треба работниците да се преквалификуваат – велат во Агенцијата за патишта.

Се откажуваме од 11,5 милиони евра

Годишните приходи од патарините во државата се движат околу 20 милиони евра. Тие оваа година забележале пад од 17 проценти и во периодот од јануари до јули изнесувале 10 милиони евра. Ова се случило, како што објаснуваат надлежните, поради намалувањето на цените за 20 проценти за возилата од прва и од втора категорија и за 30 проценти за тие од трета и од четврта категорија.
Минатата година вкупните приходи што се остварени на петте наплатни станици, Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско, кои се даваат под концесија, изнесуваат 11,5 милиони евра.

ПатиШта под концесија

Романовце – Узем (Коридор 8)
Стенковац – Блаце (Коридор 10)
Гостивар – Требеништа (Коридор 8)
Ќафасан – Битола (Коридор 8)
Велес – Меџитлија (Коридор 10)
Велес – Обел (Коридор 8)
Миладиновци – Штип (Коридор 8)


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1823&ArticleID=122560

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 27-Sep-2009 at 17:31
не ми е јасно која е целта на сето ова, ако изговорот им е модернизација на патарините и изградба на нови, тоа можеше да го направи и државата без да троши буџет за споменици и музеи
и да не се повторувам со се што е горе наведено
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 28-Sep-2009 at 21:30
nekako tekstov mi e kontradiktoren od seto ona sto go imav pred nekolku meseci procitano vo vesnicite. inaku pisuvase kako odgovor na zagrizenosta na gragjanite, a pogotovo na onie koi se cesto na makedonskite avtopati, deka koja firma i da go dobie tenderot za avtopatite odnosno patarinite, nema da ima celosna sloboda vo tarifnata opredelba za naplatnite rampi. odnosno deka ke ima nekakov zakon so koj vladata ke opredeli ramki vo koi ke moze da se dvizat cenite.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 24-Oct-2009 at 13:54

До 26 октомври пријавување за патарините





 

Министерството за транспорт и врски не дава информации каков е интересот кај странските компании за добивање на правото на наплата на патарините на коридорот 10

 
 
%20  
Од министерството само соопштуваат дека рокот за доставување на писмата во кои се изразуваат намерите за добивањето на концесиите за пет наплатни станици (Петровец, Романовце, Сопот, Отовица и Градско) е до 26 октомври годинава. Тоа значи дека сé уште трае постапката за изразување интерес за учество на тендерската постапка за отстапување на правото на наплата на патарините, изјавуваат од Министерството за транспорт.

Објавувањето на намерите на министерството да ги даде под концесии петте најпрометни делници предизвика реакции во јавноста дека Владата „неаргументирано“ се откажува од сигурните приходи од наплата на патарините, кои изнесуваат околу 11 милиони евра годишно. Условите и критериумите под кои би се отстапиле патарините на идниот концесионер дополнително ќе се утврдуваат. Но, според објаснувањата од министерството заинтересираните компании треба да инсталираат систем за електронска наплата и да ги реконструираат и одржуваат наплатните станици, како и да ја наплатуваат патарината. Обврската за обновување на патиштата останува за државата.

Давањето на патарините на „надворешен“ субјект треба да ги испита и можностите за реализирање на големиот инвестициски пакет во изградба на патната инфраструктура во земјата во должина од 555 километри. Владата и покрај најавите дека тендерот за давање под концесии на новите сообраќајници ќе го објави до крајот на септември, се уште, не се одлучува да го стори тоа. Причината е што таа не ги усвоила тендерската документација и нацрт-договорот за концесионирање што е услов да биде распишан јавен повик. На „пробниот“ јавен повик лани се јавија 48 компании, кои покажаа интересирање за градење на патиштата под концесии.
 
   
Автор: М.Р.Ј.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102491013452&id=10&prilog=0&setIzdanie=21819
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 26-Oct-2009 at 15:04
За петте наплатни станици заинтересирани 26 компании

Дваесет и шест компании заинтересиран да добијат концесии на петте наплатни станици за кои Министерството за транспорт и врски објави јавна покана за изразување интерес за учество во тендерска постапка.

Според информации од министерството, за наплатните Романовце на делницата Куманово – Миладиновци, Петровец на делницата Скопје – Петровец, Сопот и Отовица на делницата Петровец – Велес и Градско на делницата Велес – Градско се заинтересирани компании од Велика Британија, Европа и Индија.

Крајниот рок за составување на писмата со интерес истече денеска наплдне. Според министерството, давањето под концесии на овие најпрометни делници  и наплатни станици ќе донесе зголемување на ефикасноста во системот на наплатата, намалување на времето на чекање и воведување на современи решенија за вршење на наплатата.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=63374&kategorija=1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 27-Oct-2009 at 19:34

Колона заинтересирани за патарините

На повикот за интерес за концесија се пријавија 26 компании и конзорциуми од Европа, Велика Британија и од Индија

Дури 26 компании и конзорциуми од Европа, Велика Британија и од Индија се заинтересирани да управуваат со петте најфреквентни, а со тоа и најдоходовни патарини на Коридорот 10 во Македонија.

Од Министерството за транспорт вчера соопштија дека на првиот меѓународен јавен повик за учество на конкурс за отстапување на правото на наплата на патарините на наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско, интересот на странските компании бил голем.

- Очекуваните придобивки од овој проект се зголемување на ефикасноста во системот на наплатата, намалување на времето на чекање и воведување современи решенија за вршење на наплатата - велат од Министерството.

Сега Министерството за транспорт треба да го објави меѓународниот оглас во кој ќе се прецизираат условите за издавање на концесијата, нејзината цена, како и времетраење.

Овие пет патарини даваат повеќе од половината од вкупните приходи од наплата на патарини во земјава, кои изнесуваат околу 20 милиони евра годишно. Во Министерството објаснуваат дека државата и понатаму ќе добива приходи од патарините, а парите ќе се користеле за изградба и поправка на патиштата. Со патарините управува јавното претпријатие „Македонијапат“, чиј досегашен директор Бранислав Митиќ поднесе оставка откако Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај за работата на фирмата во 2008 година. Според извештајот, Јавното претпријатие незаконски потрошило речиси 600.000 евра преку нелегални активности спротивни на Законот за јавни набавки. Ревизорите особено укажуваат дека „Македонијапат“ немала целосен увид во наплатата од патарините, односно се уплаќаат многу помалку пари отколку што реално поминуваат возила.

Според објаснувањето од Агенцијата за патишта, патарините се даваат на управување на странски компании бидејќи државата „нема локално искуство во имплементацијата на новиот електронски систем за наплата на патарините и ако тоа го спроведе друга компанија, ќе значи поголема ефикасност и дисциплина во наплатата, но и модернизација на патарините“.

- Времетраењето на концесијата се планира да биде многу пократко од она што го предвидува законот, на 35 години. Според плановите, за компанијата што ќе стопанисува со патарините ќе се одделува одреден процент од наплатата, кој ќе биде мал, а другите пари ќе одат во буџетот и од нив ќе се одржуваат патиштата - објаснуваат од Агенцијата за патишта.

Во Агенцијата истакнуваат дека ова не значи оти и Јавното претпријатие „Македонијапат“ не може да конкурира на огласот и да победи. Тврдат дека најверојатно ќе има услов во тендерот фирмата која ќе победи да преземе дел од вработените на патарините.

Експертите посочуваат дека проблем е начинот на кој државата ќе го контролира концесионерот за собраните пари од патарина и поминатите возила, кога досега не можеше да го контролира „Македонијапат“, па се појавија афери од типот „Змиско око“.

Според огласот чиј рок заврши вчера, концесионерот треба да изврши реконструкција, проширување и ремонт на објектите неопходни за вршење на концесиската дејност, како и набавка, имплементација и одржување интегриран систем за наплата на патарина, но нема обврска да ги одржува патиштата.

Горан Ризаов



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9A7E7D1EBD58E64BBA8E91CD44B58E8A
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 28-Oct-2009 at 15:50
Човек мора да се запраша зошто електронските бројачи на возила ете постојано биле во дефект...

Ќе заколеме златна кокошка

Државата може да собира до 40 милиони евра од наплатата на патарината ако добро ги менаџира и со очекуваниот зголемен сообраќај со приближувањето до ЕУ

Македонските патарини може да носат годишни приходи од 40 милиони евра ако добро се менаџираат и контролираат. Со зачленувањето на земјава кон Европската унија и со зголемувањето на сообраќајот се очекува да се дуплираат приходите од патарините, велат експерти за патишта.

Петте патарини долж коридорот 10 за кои Агенцијата за патишта објави оглас за интерес даваат повеќе од половина од овие приходите. Оттука, логична е големата колона од триесетина компании од Македонија, Грција, Британија, Индија, Србија, Хрватска, Франција, Турција, Русија, Австрија и Шпанија кои покажаа интерес да ја добијат концесијата и да управуваат со петте најфреквентни наплатни рампи во следните најмалку 10 години.

Според неофицијалните податоци, наплатата на патарините од 1998 година до 2002 година изнесуваше од шест до седум милиони евра годишно. Од 2002 до 2006 година таа се зголеми на 14 милиони евра годишно, а од 2006 до сега таа изнесува околу 18 милиони евра годишно.

- Тоа не е максималната бројка на приходи од патарините. Ако имаме по три отсто зголемување на сообраќајот годишно и на тоа ако се додадат најавите за започнување на пристапните преговори со ЕУ, што значи зголемување на инвестициите, подобрување на инфраструктурата, повисок стандард и поголема мобилност на граѓаните, тогаш може да се очекува за пет до десет години приходите од патарините да се зголемат двојно повеќе и да изнесуваат околу 40 милиони евра годишно- вели експертот за патишта.

Со патарините во моментов управува јавното претпријатие „Македонијапат“, кое доби нов директор откако Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај за работата на фирмата во 2008 година. Според извештајот, „Македонијапат“ немала целосен увид во наплатата од патарините, односно се уплаќаат многу помалку пари отколку што реално поминуваат возила.

- Една од причините за лошата работа на патарините е тоа што илјадници официјални лица од полицијата, војската, судството, парламентот, министерствата воопшто не плаќаат патарина, па дури и кога не се на работа односно патуваат приватно. Дури 40 отсто од автомобилите кои поминуваат на рампите воопшто не ја плаќаат патарината. Само 5 до 10 отсто од наплатата е предмет на кражба - вели експертот за патишта, според кој втората причина за неуспехот е тоа што Македонија нема затворен систем на наплата на патната такса.

Воедно, сегашниот систем на мерење на бројот на возила кои поминуваат на наплатните рампи, кој е електронски и е донација од Франција, воопшто не работи. Електронските бројачи можат да разликуваат четири различни категории на возила кои плаќаат различна цена за патната такса, но тие се во континуиран дефект. Токму неисправноста на електронскиот систем за контрола на возилата беше причината поради која што не можеше да се утврди точната штета во двата случаи „Змиско око“, каде околу стотина инкасанти и контролори беа обвинети за злоупотреба на 5 милиони евра од наплатата на патарините и за организиран криминал. Сепак, обвинителството не можеше да докаже дека постоел организиран криминал, ниту точно да ја утврди штетата. Заради тоа, „Македонијапат“ и Агенцијата за патишта ги повлекоа побарувањата за отштета.

- Тоа е навистина еден голем профитен центар, кој треба да биде контролиран од независна агенција или здружение на граѓани која ќе врши надзор над бројачите и ќе го регистрира бројот и категоријата на возилата кои поминуваат. Ваквата контрола може двојно да ја подобри наплатата - потенцираат познавачите.

Од Министерството за транспорт очекуваат со давањето под концесија на наплатните рампи да се зголеми ефикасноста на наплатата и да се воведе современ систем на наплата.

Од Агенцијата за патишто при објавување на повикот за интерес посочија дека времетраењето на концесијата се планира да биде многу пократко од она што го предвидува законот, на 35 години. Се планира за компанијата што ќе стопанисува со патарините ќе се оделува одреден процент од наплатата, кој ќе биде мал, а другите пари да одат во буџетот и од нив да се одржуваат патиштата.

Горан Ризаов


Непознати критериуми

На јавниот повик за концесија над петте патарини Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско по должина на автопатот Табановце-Гевгелија се јавија седум компании од Македонија и тоа: Липтон 3 НСФ, Гранит, Портел Ком, Алпине Бау, Алкател Лусент, Ренова, Виста Груп и Ксмет Карт. Потоа Ефкон, Капш, Еуропас прожект дивелопмент и консалтинг и Асфинаг од Австрија; Савроник систем и Аселсан од Турција; Институт „Михајло Пупин“ од Србија; 3Г пројект од Хрватска; Бурлаков од Русија, Егис прожектс и Г.Е.А. иновале од Франција; ИМ технолоџис лимитед од Британија; ТД Ка-дис од Грција, Сице од Шпанија и Манаси Пињар од Индија.

Од Министерството за транспорт потенцираат дека условите за стопанисување на концесионерот ќе се утврдат и ќе бидат познати при објавата на огласот за што јавноста навремено ќе биде информирана.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B56FCFB926F94F47B8C328E55BB294D7
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 29-Oct-2009 at 15:51

Отштетите ги изедоа електронските патарини

„Македонијапат“ за штети на патиштата на возачите им исплатил 5,7 милиони евра, пари со кои може самото претпријатие да ги модернизира патарините

Јавното претпријатие „Македонијапат“, кое ги стопанисува патарините во земјава, за шест години платило 5,7 милиони евра за штети на патот и камати за ненаплатени долгови. Со овие пари, ако работеше одговорно, претпријатието ќе можеше само да инвестира во нов автоматски систем за наплата на патарините, а не за тоа да бара странски концесионер. Во тек се судски процеси за уште 3,7 милиони евра, кои компанијата треба да ги плати по истите основи. Со заштеда на овие пари и автоматизиран систем за наплата, „Македонијапат“ би заработувала големи профити, а државната каса би добила повеќе милиони евра екстра-приходи.

Наместо тоа, претпријатието во последните години се соочува со сериозно расипништво во работењето, што само ги зголемува загубите и ја намалува вредноста на фирмата. Според последниот ревизорски извештај, „Македонијапат“ од 2002 година наваму, само за штети на патот и камати ќе плати вкупно околу 10 милиони евра. Претпријатието во 2007 и 2008 година ги зголемило трошоците за камати за рекордни 210 отсто, кои изнесуваат 1,7 милион евра, односно 11 отсто од вкупните расходи. Една од главните забелешки на ревизорот е дека на наплатните рампи поминале повеќе возила отколку што биле пријавени пари, што ги скратило парите за одржување и заштита на патиштата.

Министерот за транспорт Миле Јанакиески неколку месеци откако дојде на власт, во декември 2006 година го презентира автоматскиот систем за наплата на патарините, кој требаше да почне да работи од првата половина на 2008 година. Тогаш Јанакиески најави дека новиот систем за наплата ќе чини од 3,5 до 5 милиони евра, а ќе се финансира со пари од Светската банка.

Три години подоцна, министерот Јанакиески ненајавено објави меѓународен оглас за интерес за концесија над петте најфреквентни, а со тоа и најдоходовни патарини на Коридорот 10. На конкурсот интерес пројавија дури 26 компании од десетина земји од Европа и од Азија. Интересот е голем поради големите приходи на овие пет наплатни пункта од над 10 милиони евра годишно, кои се очекува во следните пет години да се дуплираат.

Десетина дена откако беше објавен огласот, Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на Ј.П. „Македонијапат“ во 2008 година. Тој изобилува со сериозни обвинувања за неодговорно работење: големи злоупотреби во јавните набавки од близу 600.000 евра; намалување на производството на асфалт за 60 отсто во споредба со 2007 година, односно за 84 отсто во споредба со 2005 година; намалување на вкупните приходи во споредба со планираните за неверојатни 5,4 милиони евра. Резултатот е финансиска загуба во работењето од 3,3 милиони евра. Вкупната загуба за 2007 и 2008 година изнесува 8,6 милиони евра.

Како решение за проблемот, Државниот ревизор советува дека „е неопходна реорганизација на компанијата“. Владата уште во минатата година во септември донела заклучок, а Собранието во јули годинава изгласало Закон за трансформација со кој Јавното претпријатие се дели на две акционерски друштва во државна сопственост и тоа: АД за одржување на патиштата „Македонијапат одржување“ и АД за услуги на патиштата „Македонијапат услуги“. Експертите очекуваат токму „Македонијапат услуги“ да биде цел на концесионерство на претстојниот тендер кој треба да го објави Министерството за транспорт.

Експертите посочуваат дека една од причините за лошото работење на патарините е тоа што дури 40 отсто од возилата што ги поминуваат наплатните пунктови не ја плаќаат патната такса, а околу 10 отсто од наплатата е предмет на кражба. Втората причина е тоа што Македонија нема затворен систем на наплата на патарините. Сегашниот систем е полуотворен кој има повеќе наплатни пунктови отколку што е потребно. Според некои истражувања, возачите губат во просек по 12 минути на Коридорот 10 само при застанување за наплата на патарини.

Горан Ризаов



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D25EE4C99480F7408553A5169E636020
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 10-Nov-2009 at 19:16
01.

02.
www.on.net.mk

03.


04.


05.


06.


07.


08.

www.makedonijapat.com.mk
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 08-Apr-2010 at 17:01
Ај баш да видиме

ОД ЈУНИ реформа НА ПАТАРИНИТЕ

Ќе ги бричат инкасаторите

Точно пред стартот на летниот шпиц ќе стигнат и нови униформи, па ше­фо­ви­те на наплатните рампи секој ден ќе проверуваат дали ин­ка­са­то­ри­те се дотерани и избричени и дали љубезно ги пречекуваат возачите на па­та­ри­ни­те

Ин­ка­са­то­ри­те на патарините уште два месеца ќе може да наплаќаат пат­на такса небричени, небањати и несредени. Раководството на ЈП "Ма­ке­до­ни­ја пат" за претстојната летна сезона, кога и вообичаено се очекува зго­ле­му­ва­ње на бројот на возила на автопатиштата низ земјава, одлучи да ги дотера и да ги научи на културно однесување вработените на нап­лат­ни­те рампи. Тоа ќе биде единствената промена на патарините пред летната на­ва­ли­ца, оти за долгонајавуваниот електронски систем за наплата, кој тре­ба­ше да ги намали редиците во летниот шпиц, а беше најмалку двапа­ти најавуван, никој не сака да зборува.
Од ЈП "Македонија пат" вчера ни рекоа дека веќе се прави нарачка на но­ви униформи, без кои инкасаторите од јуни годинава веќе нема да можат да влезат во кабина, а и строго ќе се контролира во каква состојба до­а­ѓа­ат на работа.
"Се­га некои доаѓаат со бради и облечени во тренерки, што воопшто не им прилега на ваков вид работници. Сепак, тие имаат директен контакт со луѓе и мора да се дотерани и учтиви. Затоа ние одлучивме да ги промениме овие лоши навики, и веќе набавуваме нови униформи кои ќе пристигнат точ­но пред летниот шпиц, кога голем број туристи транзитираат низ Ма­ке­до­ни­ја", вели Ирфан Идризи, раководител на секторот за наплата во ЈП "Ма­ке­до­ни­ја пат".
Ид­ри­зи објаснува дека службената облека на инкасаторите ќе биде во сива бо­ја, која е отпорна на издувните гасови и на прашината на која секојдневно се из­ло­же­ни. Штом ќе стигнат униформите, вели Идризи, ќе се зајакне и кон­тро­ла­та за личната хигиена на вработените, но и на нивното однесување со возачите. Од инкасантите ќе се бара странките да ги пречекуваат со нас­мев­ка, а на странците да им посакуваат добредојде во Македонија. Ше­фо­ви­те на наплатните рампи, освен што ќе прават надзор на ефек­тив­нос­та на наплатата, ќе бидат задолжени и да следат дали некој од вра­бо­те­ни­те дошол на работа неизбричен или несреден, и дали е учтив при нап­ла­та­та на патната такса.
Мо­дер­ни­за­ци­ја­та на системот за наплата, од која сe уште нема ништо, ми­нис­те­рот за транспорт и врски Миле Јанакиески ја најави уште пред три го­ди­ни. Вчера не добивме одговор ниту од Министерството за транспорт и вр­ски ниту од Агенцијата за државни патишта кога најбрзо е можно ав­то­па­тиш­та­та низ државава да добијат нови наплатни рампи. Пос­лед­на­та изјава на директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Вал­ка­нов­ска беше дека за поставувањето на електронските наплатни рампи ќе се чекаат концесионерите на автопатиштата. (И.С.)

За Велигден за два дена заработени 7 милиони денари

За велигденските празници, од зголемената фреквенција на возила на ав­то­пат­ни­те делници се инкасирани над седум милиони денари од патна так­са.
Од Секторот за наплата велат дека само во четвртокот и во по­не­дел­ни­кот, кога имало најголема фреквенција на возила, на патарините биле за­ра­бо­те­ни 7 милиони денари. Оваа сума е речиси 10 отсто од вкупната ме­сеч­на заработувачка во летниот шпиц, кога голем број возила од странство по­ми­ну­ва­ат низ Македонија.

http://vest.com.mk/?ItemID=9F2E0D59D8E9D245BDA19D226497BCDD

Edited by Cloverstack - 08-Apr-2010 at 17:04
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 15-Jun-2010 at 20:19
Знам дека во оваа вест има политичка конотација, но мислам дека е неопходно секој ваков пример да се покаже како срам и позор за свесното граѓанско општество и однесување.

Без да платат патарина, со развиоренo знаме на ВМРО - ДПМНЕ и без никој да ги сопре. Вака четиринаесет автобуси на „Галеб“ од Охрид, попладнево нешто пред 17 часот, ја поминаа наплатната рампа кај Желино.

Возачот на првиот автобус прво долго разговара со инкасаторот во бараката. За цело време рампата е крената. Потоа возилото тргнува, а по него и останатите автобуси. Евидентно е дека на лице место на наплатната рампа, никој не го подмири долгот за да поминат.

Во овој случај уште еднаш се покажа дека сите граѓани не се еднакви пред законот. Пред и по поминувањето на конвојот со автобуси, патниците од другите возила уредно си ја плаќаа цената да го користат автопатот Тетово - Скопје.

Ниеден автобус не ја платил цената на патарината, рампата стоела крената неколку минути за да поминат сите 14 автобуси без да платат патарина.

Не ги знам цените на автопатот Скопје-Гостивар за автобуси. За автомобили е над 100 ден.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124289
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 722
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 02-Aug-2010 at 19:09
Bi sakal nekoj koj se razbira vo taa problematika da mi gi objasni dobrite i loshite strani na vinjetite. Ne gledam zosto ne se voveduvaat kaj nas kako vo Bugarija ili Slovenija, dali postoi nekoja racionalna prichina za toa? Preku glava mi se 6 patarini od Ohrid do granica, g narushuvaat ritamot na vozenje i pravat nepotrebni guzvi
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.255 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.