build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нуклеарна електрана?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 11-Nov-2010 at 04:14

Pavche, Dobro zborish Makedonski

I tuka kazuvaat deka Vladimir Vladimirovich Putin ke dojde vo Bugarija tokmu da diskutira za Energijata.

Mislam deka dobra idea ke bide ova, samo edno klucno prasanje? Sto ke se pravi so Nuklearniot Otpad?? Ako nemame kade da go premestime ke im go shitneme na Iran :-)

http://sitel.com.mk/video/biznis/vlezot-vo-belene-kako-chekor-do-sopstvena-nuklearna-centala
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 11-Nov-2010 at 19:47
Веројатно Бугарија одамна го има решено проблемот со нуклеарниот одпад, затоа што веќе нелколку децении функционира Првата нуклеарка Козлодуј, која има двојно поголем капацитет од предвидениот за Белене, како Втора нуклеарна централа.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 19-Nov-2010 at 16:19

Писмо од бугарскиот амбасадор до Пешевски за Белене

Македонија доби  официјална покана за учество на земјата во изградбата на нуклеарната централа Белене.

Вчера бугарскиот амбасадор испратил писмо до вицепремиерот Пешевски за партнерска поддршка во бугарската централа.. 

Дали Македонија ќе биде дел од овој сериозен проект се уште не се знае. Според Пешевски ваквата опција нема лесно да се пропушти туку ќе се разгледа.

- Мора да ги дознаеме сите детали, а има и други аспекти што ќе ги разгледаме. Во овој момент поради сериозноста на прашањето не сме во можност да дадеме конечен детален одговор, но работиме на тоа, изјави Пешевски, одговорајќи на новинарски прашања по засадувањето садници на Водно во рамките на акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.  

Македонските академици во стратегијата веќе предидоа големи измени во енергетиката.

Во периодот кој следи порачуваат да се изгради или да се учествува во изградба на нуклеарна централа..

Во меѓу време законот за енергетика се очекува да биде ставен пред пратениците во Собранието.

Се очекува поголем дел од амандманите да бидат прифатени, но неговата структура да остане иста.

Марина Доковска



http://www.sitel.com.mk/video/biznis/makedonija-ke-ja-razgleda-moznosta-za-uchestvo-vo-%E2%80%9Ebelene%E2%80%9C


Edited by Cloverstack - 19-Nov-2010 at 17:51
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 02-Dec-2010 at 02:59
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 02-Dec-2010 at 07:19
Се сеќавате на Хер Флик фон зи Гештапо? Епа очигледно дошол да снима пред Владата!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 02-Dec-2010 at 12:03
Originally posted by Cloverstack

Во право си,  ја збркале локацијата на Козлодуј (па и на Белене - ја ставиле кај Козлодуј), ама Козлодуј не е баш нешто многу подалеку од Софија отколку наведената локација на реакторот што потенцијално би се реактивирал, така да конкретно во тој дел не си сосема во право.

Не е збркана локациjaта на Козлодуj,а навистина има реактор во Софиja,ком бугарската академиja на науките. Това е експериментален реактор со коjто си произведувавме изотопи за болниците,сега не работи под притисок на чичо Сам,реконструира се.
Овде е
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 02-Dec-2010 at 22:07
На Цариградско шосе е во регионот на жк. Младост нели? Ваков реактор за научно-иследователски цели има и во Љубљана, мислам дека и Винча крај Белград ја има истата функција.

Edited by Andrej_LJ - 02-Dec-2010 at 22:08
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 03-Dec-2010 at 02:12
Originally posted by Andrej_LJ

На Цариградско шосе е во регионот на жк. Младост нели? Ваков реактор за научно-иследователски цели има и во Љубљана, мислам дека и Винча крај Белград ја има истата функција.

Да на Цариградско шосе е, во населба Младост.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 09-Feb-2011 at 16:36

Македонија на чекор до „Белене“


Софија го очекува одговорот на македонските власти, кои размислуваат за модалитетот на учество и за количиеството на закупена енергија

 
 
%20  

Повеќе од 5 години се двоумиме за влез во „Белене“

По неколкугодишно двоумење, Македонија е на чекор да ја прифати поканата за учество во изградбата на нуклеарната централа „Белене“ во соседна Бугарија. Останува уште да се допрецизираат модалитетите за учество, количеството на закупена енергија, начинот на плаќање и слично, дознаваме од официјални извори.

Владата побарала и дополнителни информации за предвидената сопственичка структура во „Белене“ и за учеството на руски и други партнери во проектот. Дипломатски канали од Софија за „Нова Македонија“ потврдуваат дека добиле сигнали за учество на Македонија во овој проект, кон кој веќе се придружија Србија и други земји од регионот.

Од Владата ваквите информации ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат.

- Сé уште се прават анализи и се разгледуваат сите можни опции. Се надеваме дека наскоро ќе се донесе одлука - изјави портпаролот на Владата Мартин Мартиновски.

Тој ги негира тврдењата дека Владата веќе испратила потврден писмен одговор до бугарските власти. Немаме одговорено бидејќи сé уште се во тек анализите, додава Мартиновски. И од секторот за енергетика во МАНУ сметаат дека е потребно уште малку време да се допрецизираат сите детали.
- Одуката ќе оди преку Владата. Нема рок до кога да се одговори. И Србија не одговори веднаш. Во моментов се собираат потребните податоци и се прават анализи - вели академикот Глигор Каневче.
Македонија уште во ноември минатата година доби официјална покана за учество во изградбата на нуклеарната централа „Белене“. Директно на вицепремиерот Владимир Пешевски писмото му го врачи амбасадорот на Бугарија. Ставот на вицепремиерот Пешевски тогаш беше дека ваквата опција нема лесно да се пропушти, туку сериозно ќе се разгледа.

Во меѓувреме, бизнис-секторот недвосмислено бара вклучување на земјата кон „Белене“, како најисплатлива варијанта за долгорочно решавање на проблемот со недостиг од електрична енергија.
Томе Костадиновски, стопанственик и експерт за енергетика, смета дека би било одлично доколку се приклучиме кон „Белене“.

- На тој начин ќе обезбедиме најевтина струја, што поволно ќе влијае врз стопанство и сите потрошувачи - вели Костадиновски.

Некои од политичките партии и еколошките здруженија во земјава, исто така, сметаат дека многу подобра варијанта е да се закупи енергија во „Белене“ отколку да се гради сопствена нуклеарна централа во Мариово до 2025 година, која, освен финансиски главоболки, ќе ни донесе и проблеми со депонирање на идниот нуклеарен отпад. Во меѓувреме, во Бугарија засилено се одвиваат активностите за изградба на нуклеарната централа. Очекувањата се првиот енергоблок да се заврши за 59 месеци, додека вториот 12 месеци подоцна. Во однос на сомневањата за безбедноста на нуклеарката, бугарските експерти најавија дека централата ќе биде со највисоки светски стандарди за безбедност. Реакторното одделение може да издржи удар на 400-тонски патнички авион од типот „боинг 747“ без никакви последици, тврдат тие.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2911910483&id=10&prilog=0&setIzdanie=22202
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 10-Feb-2011 at 05:05
Ova dobra ponuda no bez detali i ako detalite se povolni bi go resil problemot so struja kratkorocno no poarno bi bilo ako si imame svoi elektrani radvise na gradinata na komsijata ama poarno da si imas svoja gradina.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 645
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 16-Mar-2011 at 15:23
Posle ova sto se slucuva vo Japonija dali se uste nekoj misli deka e mozno da se gradi nuklearka na Blakanot?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 16-Mar-2011 at 15:29
Можно е. И тоа многу подобор од предходно што се градело.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 16-Mar-2011 at 15:34
Originally posted by nenad

Posle ova sto se slucuva vo Japonija dali se uste nekoj misli deka e mozno da se gradi nuklearka na Blakanot?
Нуклеарни централи веќе има на Балканот. Козлодуј во Бугарија функционира од 1974 година, додека втората, Белене се гради. Романија исто така поседува една нуклеарна централа-Чернавода, која работи од 1996. Исто така, тука е Кршко, изградена во Словенија, како Словенечко-Хрватски проект/инвестиција.

Она што се случи во Јапонија е навистина трагично и жалосно. Но, мислам дека сите ги знаеме негативните и позитивните страни на нуклеарната енергија. Секогаш треба да бидеме спремни на се!

И, покрај тоа што се случи, јас лично, сепак останувам голем поборник за користење на нуклеарната енергија, иако сум свесен дека Македонија ниту ги има финансиските ресурси за да оствари еден проект од такви пропорции, а ниту пак човечките и институционалните.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 645
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 16-Mar-2011 at 16:49
Originally posted by lslcrew

Можно е. И тоа многу подобор од предходно што се градело.


Vo toa se pmalku luge veruvaat. Sekogas moze pokvalitetno da se gradi, no sekogas postoi i rizik. A sto pokvalitetno, toa i poskapa struja. Gradenjeto NE e politicka odluka koja bara soglasnost i od drugi drzavi. Moe mislenje e deka taa nema da se dobie.

Inaku znam deka na Balkanot ima elektrani, ne ja spomena i taa vo Ungarija koja e mozebi e i najproblematicna, taka ako isturkaat bugarite so Belene toa ke bide kraj na novi nuklearki.

Da se svrtime kon obnovlivi izvori i jaglenot, se uste ne sme ja dostignale kvotata na CO2
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 17-Mar-2011 at 11:08
Originally posted by nenad

Posle ova sto se slucuva vo Japonija dali se uste nekoj misli deka e mozno da se gradi nuklearka na Blakanot?

Определено никоj на Блаканот нема да се откаже от нуклеарната си мок,а даже ке се зголемат државите со уште една - Турциja.
Нека да не забораваме,дека не земетросот е проблемот на нуклеарката во Jaпониja,а цунамито след това. Нуклеарката издржав земетросот,но не издржа цунамито,заштото не беше предвидена ваква заштита.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 17-Mar-2011 at 12:36

Јапонската несреќа не ја премисли Македонија за нуклеарката


Ревизија на нуклеарните програми и капацитети деновиве се спроведува секаде во светот, додека Европската Унија вчера донесе решение да ја тестира издржливоста на сите 143 централи

 
 
%20  

Ќе куртули ли Мариово од нуклеарна централа?

Нуклеарната хаварија во Јапонија не ги поколеба македонските власти да изградат нуклеарна централа до 2030 година, како што предвидува Националната стратегија за енергетика. Со иницијатива за ревизија на овој стратегиски документ и целосно бришење на нуклеарната програма, пак, вчера излезе Демократската обнова на Македонија, која е дел од владината коалиција. Од партијата најавуваат дека на престојните избори ќе излезат со антинуклеарна програма, за која очекуваат широка поддршка.

Ревизија на нуклеарните програми и капацитети деновиве се спроведува во повеќето држави од светот. Германија веќе затвори седум реактори со постара технологија, а Европската Унија вчера донесе решение да ја тестира издржливоста на сите 143 нуклеарни централи, за да се провери нивното функционирање во критични услови.

- Постигнавме заеднички договор за извршување единствени стрес-тестови врз основа на единствени строги стандарди - изјави еврокомесарот за енергетика Гунтер Јотингер.

Од Владата засега остануваат на предлозите наведени во стратегијата и не се размислува за бришење на нуклеарната опција.

- Нема новости на тој план и нуклеарката во Мариово си останува како опција - тврдат нашите извори.

И АВИОНИ ПАЃААТ, ПА ЛУЃЕТО ЛЕТААТ

За експертите нема дилеми - нуклеарната опција е најдобро решение за енергетските проблеми на долг рок. И авиони паѓаат, па луѓето не престануваат да патуваат со нив како најбрзо и најбезбедно средство, велат енергетичарите. Конечната одлука сепак се чини дека нема да зависи само од нас. Од МАНУ, како поготвувач на Државната стратегија за енергетика, сметаат дека по несреќата во Јапонија, меѓународната заедница и експертската јавност ќе излезат со препораки што ќе важат за сите држави.

- Ние сме мала земја и треба само да ги следиме реакциите на светско ниво. Сега е рано да се каже што ќе се случи. Сé уште е далеку 2030 година, како што е поставено во стратегијата за изградба на нуклеарка - ни изјави академикот Томе Бошевски.

Според стручните лица, јапонската несреќа не значи ништо во однос на домашната енергетска политика.
- Нашата стратегија е наша и нема врска со случувањата во Јапонија. Во неа како можна варијанта е спомената изградбата на нуклеарна централа. Покрај јагленот, кој е на 150 метри под земја, снабдувањето со гас што е поврзано со глобалната политика, хидрокапацитетите, кои се ограничени, нуклеарната опција останува најрелевантно решение. Но сигурно следните неколку години нема да има одлука во однос на ова прашање - вели Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација.

Тој смета дека никој нема да се откаже од нуклеарната опција. Како што истакнува самиот, и авиони паѓаат, па луѓето пак патуваат со нив.

Албанија вчера соопшти дека останува на идејата за изградба на нуклеарна централа во својата земја. Нашата држава во своето блиско опкружување веќе се наоѓа во еден вид шума од нуклеарни централи, кои ги има во Бугарија, Словенија, Унгарија, Романија, Чешка итн. Каква било поголема несреќа во некоја од нив, за повеќе од еден час би се почувствувала и кај нас, тврдат експертите.

НУКЛЕАРЕН КОНФЛИКТ И ВО КОАЛИЦИЈАТА

Нашите извори од Владата истакнуваат дека за одлуката за нуклеарка е потребен поширок консензус меѓу сите структури во државата.

- Тоа не е прашање само на една влада. Развојот на нуклеарната опција е пошироко прашање, кое многу повеќе е стручно и треба поширок консензус. Потребно е и мислење од ЕУ и од Меѓународната агенција за атомска енергија. Безбедносниот аспект е најкомплицираниот дел од целата постапка - тврдат тие.
Од ДОМ како поборници на зелената опција, пак, нагласуваат дека Македонија е трусно подрачје и евентуална нуклеарна катастрофа би можела целосно да ја уништи земјата, заедно со сите нејзини граѓани.

- Таква цена за нас е неприфатлива. Јапонската катастрофа предупредува – подалеку од нуклеарки! Ние ќе организираме и конференција на балканските зелени партии и невладини организации од Балканот за почнување широка и енергична кампања за ослободување на Балканот од нуклеарна енергија - ни изјави Тони Ристов, портпарол на ДОМ.

Од СДСМ како најголема опозициска партија сметаат дека во овој момент Македонија не е подготвена сама да гради нуклеарка.

- Дефинитивно мора да се донесе стратегиска одлука што ќе се прави во енергетскиот сектор, во кој, заедно со инфраструктурата, најмалку е направено во изминатите пет години. Кога се работи за нуклеарната опција, пристапот мора да биде крајно професионален. Тука нема право на грешка, бидејќи последиците се катастрофални - вели Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Според него, потребна е процена колку енергија ќе и треба на државата во следните 10-20 години, во која насока ќе се развива економијата, кои индустриски гранки ќе се форсираат итн.

Од Обединети за Македонија сметаат дека сегашната влада не е способна да почне со изградба на нуклеарна централа, а уште помалку е способна да ја стави во функција и да ја контролира.

- Во состојба во која е Македонија денес (политички, економски и финансиски нестабилна), изградбата на нуклеарна централа е потенцијална опасност за Македонија. Предлогот таа да се изгради во Мариово, за нас е лекомислен и нереален, од причина што мариовскиот регион изобилува со природни убавини и реткости, тоа е еколошко место, стратегиско подрачје со богата историја и поради тоа сметаме дека може да биде атрактивно место за успешен развој на селскиот туризам - велат од партијата на Љубе Бошковски.

Шума од нуклеарки околу Македонија
- Кршко, Словенија
- Винча, Србија
- Черна вода, Романија
- Козлодуј, Бугарија

 

 Хирофуми Сугавара, Јапонец во Македонија
 Јапонците ги плаши зрачењето, а не земјотресите
 %20Хирофуми Сугавара, универзитетски професор по византиска култура и уметност од Токио, имал среќа за време на разурнувачкиот земјотрес што минатата недела ја погоди Јапонија да се затекне во Охрид, вршејќи истражување на иконите и фреските низ црквите и манастирите во западна Македонија.
Информацијата за земјотресот охриѓани му ја соопштиле додека се возел на кајче по Охридско Езеро. Останал смирен, зашто, вели, во таква ситуација најбитна е контролата на умот. Првото нешто што му паднало на ум биле најблиските.
- Во Јапонија постојано се случуваат земјотреси, па навикнати сме да реагираме смирено. Но во моментов таму владее нуклеарна паника. Им благодарам на сите пријатели за грижата кон мене и моето семејство. Постојано ме прашуваат за состојбата во Јапонија и сочувствуваат со нас - вели Сугавара.
Комуницира со своите во Токио преку модерните интернет-алатки.
- Сега стравот од радијација е поголем отколку неизвесноста од нов силен земјотрес. Моето семејство во моментов се наоѓа во предградие на Токио, а единствената комуникација ни е преку Скајп. Не се исплашени, но сепак кај нив владее неизвесност за случувањата во следните денови. Стравуваат од можноста зрачењето да се прошири и дека ќе треба да се евакуираат - вели Сугавара.
Јапонскиот професор вели дека предградието на Токио, во кое живее со неговото семејство, е со зголемена мобилност, иако е далеку од локацијата каде што е зголемено нивото на радијација.
- Секогаш постои опасност - вели Сугавара.
Тој, како и сите жители на Јапонија по големата несреќа, се надева дека нивото на радијација ќе остане какво што е сега. Сугавара во Скопје ќе престојува уште два дена, а потоа заминува за Турција, од каде што треба да лета назад за Токио.
Р.З.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31711838295&id=9&prilog=0&setIzdanie=22233
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 02-Apr-2011 at 18:11

Останува идејата за нуклеарка во Македонија

сабота, 02 април 2011, 18:45

Идејата за нуклеарка во Македонија да не се напушти- домашните експерти кои го лансираа предлогот во енергетската стратегија, се уште го бранат овој проект кој што јавноста го оспори по катастрофата во Јапонија.
Дилемата дали Македонија треба да опстои на планот за изградба на нулеарна централа во Мариовско, се отвори откако повеќето земји во Европа и светот барем времено го запреа нивното работење за да направат дополнителни преиспитувања. Но, според професорот Димитров, паниката е неоснована.

Алтернатива на нуклеарката е изградба на централи на јаглен или нафта или користење на гасот како енергенс. Но, со оглед дека јагленот е ограничен, а гасот се уште го нема во Македонија, експертите остануваат на втората опција- нуклеарна централа за да се избегне тотална зависност од увоз на струја по 2025-тата.

http://www.time.mk/read/894cd2fb92/adb174157c/index.html
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 10-Apr-2011 at 22:22
Дали се има размислувано за локацијата на можната нуклеарка во Македонија?

Ја видов мапата за Чебрен и Галиште, па некако најлогично ми беше да биде во тој реон, од неколку причини.

1. Вода
2. Ретко населени
3. Инфраструктурата што сега постои од термоелектраните во Битола, може да послужи за нуклеарката, значи не би имало потреба од нови чворови, туку само нивна надградба.


Сепак, мислам дека купување на дел во Белене е поисплатливо и побезбедно за Македонија.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4791
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 10-Apr-2011 at 22:33
Па сè е тоа во ред, ама постоечката инфраструктура за РЕК Битола воопшто нема врска. РЕК Битола е предалеку (тука), а не е ни по патот за таму. РЕК Битола нема врска во равенката. И мислам дека ваков тешко достапен регион може не е најдобар за нуклеарка.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 10-Apr-2011 at 22:55
Originally posted by гитардемон

Па сè е тоа во ред, ама постоечката инфраструктура за РЕК Битола воопшто нема врска. РЕК Битола е предалеку (тука), а не е ни по патот за таму. РЕК Битола нема врска во равенката. И мислам дека ваков тешко достапен регион може не е најдобар за нуклеарка.


Не е воопшто далеку. Еве кликни овде..

Долу лево е РЕК Битола, а има пат до Суводол. Нуклеарката веќе би излегувала на езерото од браните кај Рапеш, што е на некои си 4-5 км од Суводол.

Мислам дека теренот не е толку недостапен. Всушност колку пристап ти треба до нуклеарка? Еден солиден пат е доволен, и еден резервен.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.