build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нуклеарна електрана?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 26-Apr-2011 at 10:42
Krale najprvo bi trebalo da se iskoristat obnovlivite izvori do maximum . nie imame nesto pomalku od 5000 GWh hidropotencijal koj e neiskoristen , +drugite obnovlivi izvori sigurno imaat potencijal od okolu 2500 GWh koj e isto neiskoristen  , a so toa tie ke proizveduvaat okolu 30 % od planiranata potrosuvacka . Dokolku gi dodademe jaglenot od Mariovo i novite rudnici vo Pelagoniskiot Basen (ima info na web-stranata na Elem) bi mozele dolgorocno da go resime problemot so strujata . E dokolku i togas bi imalo nedostatok togas treba da se razmisluva za NEC
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 26-Apr-2011 at 15:20
Originally posted by Baze

А не е најдобро наместо нуклеарка да се изгради уште една-две Термо централи. АКо Рек Битола прозиведува околу 70% од електричната енергија потребна за РМ, тогаш може да се изгради уште една поголема на некоја друга локација која што ќе го користи јагленот од Мариово или ќе се отворат некој други наоѓалишта. 


Ако РЕК Битола навистина произведува 70% от струjaта во РМ,това е премногу опасно. Ако този податок е вистински,това е преголем процент на зависност на целиот систем на државата от едно место. Навистина е интересно,зашто такво нешто е допуснато и не се ли разгледува това како дел от националната безбедност на државата?


Edited by ink - 26-Apr-2011 at 15:25
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 26-Apr-2011 at 15:24
Originally posted by MileX

Krale najprvo bi trebalo da se iskoristat obnovlivite izvori do maximum . nie imame nesto pomalku od 5000 GWh hidropotencijal koj e neiskoristen , +drugite obnovlivi izvori sigurno imaat potencijal od okolu 2500 GWh koj e isto neiskoristen  , a so toa tie ke proizveduvaat okolu 30 % od planiranata potrosuvacka . Dokolku gi dodademe jaglenot od Mariovo i novite rudnici vo Pelagoniskiot Basen (ima info na web-stranata na Elem) bi mozele dolgorocno da go resime problemot so strujata . E dokolku i togas bi imalo nedostatok togas treba da se razmisluva za NEC


Обновливите извори на енергиja не можат да задоволат побаровачката на ни една земja,но можат да допренесот за миксот на струja. Струjaта от нив е премногу скапа и колкото повеке се зголемува процентот на струjaта добиена от обновливи извори,толкова ке поскапува самиот микс на струja, коja сите ние користиме во домовите си.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 26-Apr-2011 at 16:44
Сите обновливи хидро и други видови на извори на енергија, во најдобар можен случај ќе ја заменат РЕК Битола. Што со останатите 75% што треба да се развијат во следните 40 години?

Ако ние одиме по логиката „прво обновливите, па после ќе му ја мислиме“, за 20-тина години ќе ни се случи енергетски банкрот. Нуклеарка не е асфалтирање на улица. Потребни се децении за да се испита, истражи, инвестира, изгради и конечно да се пушти во оптек. Секое губење време е драгоцено.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 771
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 26-Apr-2011 at 20:07
Videte setoa ubavo da ne i se shteti na prirodata, da se gradi nshto shto nemozhe da apravi belja.....AMA realnosta e deka treba da se ima postojan rast, ako se nam rast togash nemozhe da se ima odrzhliva ekonomija. Tochno e deka najubavo e koga prvo bi se iskoristile obnovlivite izvori do maksimum, ama isto taka fakt e deka kolku i domakjinstvata da stanat poshtedlivi na struja kolku i da se napravi elektrotransportniot sistem poefikasen, ostanuva faktot deka za odrzhliv ekonomski razvoj treba da ima zgolemuvanje na proizvodstvo koe direktno znachi zgolemena pobaruvachka na energija. Taka da ya da ne se dojde vo situacija: eve site obnovlivi gi koristime...ama jaglen ima samo za ushte 5 godini a i pokraj toa uvezuvame struja a nema ni plan za NEC. i znaete koe e scenarioto togash togash za 5 godini tek koga kkje snema jaglen kje pochne da se gradi NEC elektrichnata energija kje poskape enormno i site industriski pretrijatija kje pochnaat da se selat poradi preskapata struja. za posle 10-15 godini koga kje pochne da funkcionira NEC da mozhe pak od 0 da se gradi ekonomijata. Tochno poradi ova treba ushte sega da se napravata temelni analizi proekt, mozhni koinvestitori i za nekoi 10 godini da pochne da se gradi......a ako pochne da se gradi sekogash mozhe da se prekine ako se najde drug nachin na dobivanje elektrichna energija.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 28-Apr-2011 at 12:21

Македонија и Грција ќе граделе нуклеарна централа?
Во 2008 кога односите меѓу Македонија и Грција беа заострени поради ветото во Букурешт, Груевски и Караманлис се согласиле за изградба на нуклеарна централа. Ова го соопшти претседателот на грчката Зелена партија повикувајќи се на прилог објавен во македонски медиуми.

-Станува збор за две алтернативни решенија, според она што е објавено. Едното, да се изгради на нивната територија и да постои договор со грчката страна и заедничко користење. А другото сценарио објавено во медиумите е да се изградат 2 близнаци нуклеарни централи, една на територијата на соседната земја, а една на наша, за да постои соработка, изјави Михалис Тремопулос – претседател на Зелени еколози.

Тремопулос побара од грчката влада јавно да ја потврди или демантираа оваа информација. Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, рече дека не е запознаена со такво нешто.

-Во разговорите со колегите од владата, немам слушнато дека постои план сега да се гради нуклеарна централа. Ние како партија, како зелена парија, сакаме да бидеме сигурни дека ќе исчезне дури и да е една реченица или дел од националната стратегија за енергија, истакна Лилјана Поповска – претседател на ДОМ.

Проблемот со името меѓу Македонија и Грција не претставува пречка за соработка меѓу двете зелени партии.

-Не можеме да чекаме да се решат сите нерешени проблеми, за да се соочиме со нашите заеднички проблеми, вели Тремополус.

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, беше гостинка на грчката зелена партија, две недели откако Михалис Тремопулос го посети Скопје.

Проблемот со името овој пат остана надвор од просторија каде се одржа состанокот. Македонија и Грција се согласија, да се борат заедно против изградбата на нуклеарни централи во регионот.

Сања Ристовска- дописник од Грција
27.04.2011, 16:44



Kanal5.http://daily.mk/cluster3/5caad739e598fec75e0f45545feb37f2/704510
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 18-May-2011 at 14:51

Македонија - енергетска суперсила со четири нуклеарки

Во документ од 1994 година како погодни локации се споменуваат првата меѓу Скопје и Тетово, втората во близината на Велес, третата близу Неготино и Кавадарци и четвртата на Црна Река во Мариово

Три нуклеарни централи по течението на Вардар и една атомска постројка на Црна Река. Со четири нуклеарки на растојание помало од стотина километри, Македонија веројатно денес би била најголемата светска енергетска суперсила, под услов да се оствареле проекциите за развој на Вардарската долина. Во документ изработен во 1994 година, како потенцијални места за изградба на нуклеарни централи се обележани четири локации, првата меѓу Скопје и Тетово, втората во близината на Велес, третата близу Неготино и Кавадарци и четвртата на Црна Река во Мариово. Последнава и денес се споменува како единствена и оптимална локација за изградба на нуклеарна централа во Македонија, со оглед на тоа што Мариово е сеизмолошки најстабилно подрачје, но и најненаселеното место во државава. Во програмата за интегрален развој на Вардарската долина, второ ревидирано издание од 1994 година, е приложена и мапа на која јасно се обележани локациите за нуклеарни централи. Документот е подготвен од македонскиот конзорциум за Вардарската долина.

Професорот Андреј Токарев, кој во тоа време бил и координатор на проектот, тврди дека во него не било предвидено да се градат нуклеарни централи на споменатите локации.

- Јас веќе десет години сум во пензија. Потоа проектот го презедоа други. Сепак со сигурност можам да кажам дека немаше проекции за изградба на нуклеарни централи во Вардарската долина - нагласува Токарев.

Од Министерството за економија, како надлежен орган за имплементација на проектот Вардарска долина, не се запознаени со проекциите за изградба на нуклеарки, бидејќи, како што тврдат, во Министерството сега нема никој од тој период. Проектот Вардарска долина десетици години се споменува како еден од најголемите и најзначајни проекти, кој треба да ја прероди Македонија на економски и на енергетски план. Проектот првпат се споменува и во мастер-планот на Обединетите нации, подготвен од Институтот за технологија на Масачусетс уште во далечната 1978 година. И во овој документ се предвидува изградба на нуклеарна централа по течението на Вардар во близината на Велес. Токму Криволак се посочува како локација за поставување нуклеарни реактори со инсталирана моќност од 1.300 мегават-часа и годишно производство на енергија од 6.483 гигават-часа. Интересно е што во овој документ од Обединетите нации границите на Македонија се проширени до Лерин, Поликастро и Солун во Грција. Во него како предвидена рамка за реализација на сите енергетски капацитети во Вардарската долина се наведува периодот од 1985 до 2000 година. Од секторот за енергетика при МАНУ потврдуваат дека Криволак како локација на нуклеарна централа бил во игра уште во Титово време, кога Македонија била дел од поранешната СФРЈ.

- Тогаш се планираа многу локации за изградба на нуклеарни централи и се сметаше дека близу секоја голема метропола треба да има ваква постројка за производство на енергија. И во Македонија се разгледуваа повеќе локации, но како најпогодни беа издвоени Криволак и Мариово - велат од МАНУ. Експертите сепак се скептични дека по хаваријата во Фукушима може да се остварат проекциите за развој на атомската енергија во Македонија. Владата сé уште нема донесено конечна одлука за изградба на нуклеарна централа, додека повеќето држави веќе ги ревидираат своите првични планови. Нуклеарното регулаторно тело во Словачка ја одложи за најмалку пет години изградбата на нова нуклеарна централа во западниот град Јасловске Бохунице, а мораториум за изградба на нуклеарката „Белене“ донесе и Бугарија.




http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5181192501&id=10&prilog=0&setIzdanie=22283

Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 18-May-2011 at 19:35
dve da izgradat ke staname pojaki od Slovenija Laugh Laugh
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 18-May-2011 at 22:22
Дали е точна информацијата за Белене во горепренесената вест?
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 18-May-2011 at 23:03
Потпишан е меморандум за соработка со Русија (Росатом). Во моментов се при крај анализите на HSBC која од бугарската влада е најмена како консултантска компанија за да ја испита исплатливоста на проектот и да се обиде да најде надворешни инвеститори. Овој јуни би требало да се знае дали ќе се потпише договор за изградба на Белене во зависност од заклучокот до кој ќе дојде HSBC.

EDIT: Погоре напишаното е информација која ја имав од неодамна. Денес гледам се смениле работите. Бугарските медиуми известваат дека одлуката за Белене се одлага на „уште неколку месеци“ затоа што сеуште не била завршена анализата за исплатливост. Исто денес отпуштен е и бугарскиот министер за транспорт. Се шпекулира дека причината е тоа што не успеал во преговорите да се склучи договор со Росатом.


Стандарт
Дневник.бг

Edited by OCB - 18-May-2011 at 23:26
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 18-May-2011 at 23:24
Originally posted by OCB

Потпишан е меморандум за соработка со Русија (Росатом). Во моментов се при крај анализите на HSBC која од бугарската влада е најмена како консултантска компанија за да ја испита исплатливоста на проектот и да се обиде да најде надворешни инвеститори. Овој јуни би требало да се знае дали ќе се потпише договор за изградба на Белене во зависност од заклучокот до кој ќе дојде HSBC.

Само да дополнам,дека се преговара и за користене на френски турбини,кои ке са от 1200 MW/h,а не както сега руските от 1000 MW/h. Бугариja сака да намали цената на Белене и да наjде западен инвеститор,но исто така чека и новите стандарти за безбедност,кои ЕУ мора да воведе след инцидента от Фокушима и да види,дали проектот на Белене ке отговара на нив и дали нема да има потреба от препоектиране на проекта.
Се повеке е во игра и изградба на уште един атомски блок во Козлодуj(нов VII блок) заради помалата цена, заштото тамо веке има изградена инфраструктура и нема да се вложува за това.

Edited by ink - 18-May-2011 at 23:25
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 19-May-2011 at 07:13
Decki ako se gradi nekogas nuklearka vo makedonija toa ke bidi duri vo dalecna 2030 2035.
Vo programata za energitika na VMRO nema ni zbor za nuklerka.
A zaklucok dodeka ne se realizira proektot Cebren i Galiste a isto i Vardaska dolina nema nikakvi uslovi da se razmisluva za nuklerka. Za sto seuste nema nisto konkretno.Samo memurandum i tenderi sto propagaat.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 582
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 24-May-2012 at 10:02
Konecno mudra odluka, zavrsi sagata so Belene, se zasiluva postoeckata NE Kozloduj. Sega izgledaat smesni poranesnite diskusii deka Makedonija treba da ucestvuva vo Beleni i ostanatite debilarii.

Novi reaktor u NE Kozloduj
SOFIJA - Reaktor br.7 bugarske nuklearne eletrane Kozloduj proradiće do 2022, ili 2023. godine, rekao je ministar privrede i energije te zemlje Deljan Dobrev. On je rekao da novoformirana projektna kompanija "Kozloduy NPP- New Capacities", sa inicijalnim kapitalom od 2 miliona leva, preuzima celokupnu finansijsku odgovornost projekta. Reaktor snage 1.000 MW za Kozloduj biće onaj koji je ruska državna kompanija Atmostrojeksport bila sagradila za potrebe nuklearke Belene, od koje je nedavno odustala vlada u Sofiji. (Novinite)

http://www.energoportal.info/

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 24-May-2012 at 11:16
повеќе од пловина коментираа дека треба да ги `лупниме` државните резерви во Белене,а непазејќи при тоа дека се работи за Бугарија а не за Германија и Холандија.Да се послушаше советот на `експертите` сега и без помош на Грција ние ќе прогласевме крај-банкрот.

Петем да прашам нешто-и јас сум факултетски образован(електроенергетика),па сакам да станам `експерт`.каде да се обратам да ми дадат уверение за `експерт`,дали има некакво школо за `експерти`
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 23-Nov-2012 at 02:25
ќе одиш на постдипломски кај др.Башевски и после две-три години ќе магистрираш одредено атомско хоби,пример праење атомски макети

туку може не треба да паѓа човек во параноја,но реално чим на јапонците им се деси хаварија што па ние да сме исклучок,просто живееме на едно од најактивните геолошки појаси во европа,иако еве ни велат Мариово било опуштено http://build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=325&PID=140661#140661
нои ферари можеш да возиш опуштено само што незнаеш кој се може да ти влета у макази!

СО ХАВАРИЈА ВО НУКЛЕАРКА ВО МАРИОВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИСЧЕЗНЕ

Трпе Груевски во својата 40-годишна научна дејност има заштитено и применето голем број пронајдоци во земјава и странство. Во последната негова публикација “Предизвиците од глобалното затоплување и обновливите извори на енергија во третиот милениум“ тој отворено зборува за проблемите и оправданоста од користењето на обновливите извори и нуклеарната енергија. Тој потенцира дека пред идните генерации има три предизвици: недостигот од вода, загадувањето на човековата средина и недостигот од енергија.
“Поразително е што ако светот навистина не сфати дека класичните горива се причина за покачување на глобалната температура, тоа ќе биде катастрофално не само за луѓето, туку и за производството и земјоделството. Мора да се користат обновливите извори на енергија, пред сe, сонцето и ветерот“.

Вие сте изричито против изградбата на нуклерана централа во Мариово? Кои се вашите аргументи против оваа идеја?

Нафтената криза од 1973 година поттикна изградба на голем број нуклеарни централи во светот, а со тоа и намалување на зависноста од увоз на нафта. Од друга страна, несреќата во украинската електрана Чернобил предизвика забавување или намалување на нуклеарните програми во многу земји. Според податоците со кои располагаме, од 2003 година производството на нуклеарна енергија бележи пад во 21 од вкупно 31 земја со нуклеарни електрани, а во истиот период беа затворени пет реактори и сега има вкупно 439 активни реактори во светот. САД имаат најмногу (104), а оваа енергија учевствува со 19,4% во вкупното производство на струја во земјата. Нуклеарните централи учествуваат со 16% во вкупното производство на електрична енергија во светот. Од технолошки, економски и политички аспект, нуклеарната енергија се соочува со низа пречки кои нема да дозволат да се исфрлат од употреба доволно фосилни горива, со што значително ќе се оддолжи глобалното затоплување. Нуклеарната хаварија во Чернобил и најновите случувања во Фукушима покажаа големи недостатоци и несигурности од постојната технологија. Кога станува збор за изградба на нуклеарка во Македонија, треба да се знае дека постои непишано правило дека мали и сиромашни земји, во развој, каква што сме ние, со територија од 25.713 километри квадратни, немаат услови за таква градба. Македонија нема соодветна локација за нуклеарка, што значи дека нема големи количини вода за ладење на нуклеарните реактори. Цената за изградба на новите типови нуклеарки е трипати повисока од таа на тие што беа изградени пред 35-40 години. Нуклеарното гориво во последниве 10 години поскапе 10 пати. Изградбата на ваква централа во Македонија со капацитет од 1.000 мегавати, во комбинација со термоцентрала, би чинела 5,5 милијарди евра, барем така предвидоа авторите на енергетската стратегија. Австралија е во завршна фаза на изградба на сончева централа со капацитет од 1.000 мегавати, која чини една милијарда евра. Тоа се помалку пари за чиста, поевтина и обновлива енергија. Од друга страна, пак, Македонија спаѓа во високо ризично трусно подрачје, со голем ризик од земјотреси. Најновите научни верифицирани истражувања покажуваат дека доколку во еден нуклеарен реактор со капацитет со 500 мегавати настане хаварија, (во нашиов случај доколку локацијата би била Мариово), тогаш во радиус од 50 километри веднаш би загинале 45.000 луѓе, а 75.000 би биле повредени. Трајно озрачена и загрозена би била целата територија на Македонија со делови од соседните земји. Не гледам зошто една вака мала земја, која има голем потенцијал на обновлива енергија, игра на ваква ризична, скапа и деструктивна карта. На заговорниците на оваа идеја им предлагам веднаш да си купат билети за Фукушима за едно студиско патување и да се уверат на лице место за ризиците на ваква деструктивна идеја.

Има ли Македонија ресурси, но и доволно образован кадар за да изгради атомска центртала?

Без сомнение може да се каже дека денес во Македонија не постојат научници од областа на нуклеарната физика кои се истакнале со својот научен приднес, особено со апликативни трудови кои би биле забележани не само во државава, туку и на меѓународен план. Барем во нашите скромни научни списанија не се обелоденило такво нешто. Ако такви научни кадри постоеле, најверојатно биле анонимни или се веќе подолг период во пензија. Се поставува прашањето како една земја, каква што е Јапонија, каде што има посебна нуклеарна агенција, Министерство за наука и технологија, големи научни потенцијали од оваа област и народ со извонредна дисциплина, не може да се справи со ваква хаварија. Што би било кога нас би ни се случил ваков проблем?!

Која е тогаш алтернативата на Македонија?

Македонија се наоѓа меѓу 41 и 43 степен географска ширина, појас кој изобилува со сончеви периоди. Македонија има годишно 2.600 сончеви часови, што е многу повеќе од голем број западни земји кои го користат сонцето како обновлив извор на енергија. Ние мора да создадеме политички амбиент за масовно користење на сончевата енергија, така што с$повеќе ќе почнеме да вградуваме сончеви колектори за топла санитарна вода. Тука влегува и масовното инсталирање панели на фотонапонска ќелија кои сончевата светлина ја претвораат во електрична и ја акумулираат во батерии. Според мои сознанија, Македонија располага со 20 локации каде што може да се градат фарми на ветерници, од кои, пак, може да се добијат од 1.200 до 1.500 мегават/часови електрична енергија.

Вие прв направивте пилот-ветерница на падините на планината Водно. Која беше целта што сакавте да ја постигнете? Произведе ли таа ветерница струја?

Ветерницата на Водно е прв историски пилот-проект од ваков тип, со кој сакав да им укажам на “неверните томовци” дека ветерот е всушност енергија. Ветерницата, која е со капацитет од приближно еден киловат/час, имаше за цел произведената енергија, која се акумулира во батерии, да напојува три рефлектори од по 100 вати. Најважно ми беше да направиме експериментални мерења за “ружите на ветерот” на Водно, поточно насоката, интензитетот и брзина на ветерот. За жал, во 2009 година, пред празникот Крстовден во една перка од ветерницата беше пукано со оружје. Во меѓувреме фирмата Флекс набави една перка од Канада и во блиска иднина повторно треба да се монтира и да почне да работи.

Во која насока треба да се движи Македонија кога е во прашање сигурното снабдување со енергија?

Ние сме една од ретките земји кои се уште немаат изработено карта на “Ружите на ветровите” и сончевото зрачење. Сите мои иницијативи на овој план во земјава досега пропаднаа. За да се постигне ова, потребно е Македонија на 28 метеоролошки станици да инсталира автоматски метеоролошки пунктови на височина од 60 до 100 метри, кои деноноќно, во период од една до три години ќе го мерат движењето и интензитетот на ветерот. На основа на тие податоци би се знаело на која локација, височина и со кој капацитет би се граделе ветерници. Тоа отприлика би бил првиот, но и најважниот чекор во тој правец. Со обезбедување на ваква карта им се дава голема можност на домашните и странските инвеститори за вложување во вакви типови енергија. Потребно е и целосно да се промени односот на државата со цел поедноставување на процедурата за брзо добивање дозвола за градба на вакви проекти. Ова се главните причини зошто ние до денес немаме развој на обновливите извори на енергија.

http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/27522/so_havarija_vo_nuklearka_vo_mariovo_makedonija_kje_ischezne.aspx?iId=52


Edited by +Protagorist - 23-Nov-2012 at 02:30
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 25-Sep-2013 at 02:00
длука за нуклеарка ќе носат граѓаните на референдум


Ги следиме процесите но немаме одлука да градиме нуклеарна централа. Вицепремиерот Пешевски вели, за такво крупно прашање ќе одлучуваат граѓаните на референдум. Со земјите од регионот се разгледувала можноста за заедничка соработка во делот на нуклеарната енергија. Од наша страна веќе била формирана група која е вклучена во истражувањата, го надградува знаењето и ги следи трендовите за производство на електрична енергија.

Во изминатите две години воспоставивме соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија во делот на почетните сознанија кои една држава треба да ги има за нуклеарната енергетика. Тоа не е знак дека Македонија се вклучува во нуклеарната енергетика и дали има донесено таква одлука, туку дека на одговорен начин правиме потребни анализи со цел во даден временски период од неколку години да можеме да дадеме одговор на прашањето, а особено од аспект на регионот, изјави вицепремиерот Пешевски.

Од меѓународната агенција за атомска енергија велат дека регионот сеуште не е подготвен за изградба на нуклеарка. Ниту инфраструктурно ниту финансиски.

Ние немаме никакви сознанија дека во овој регои ќе се изгради нуклеарна централа. Има земји кои се подготвуваат за тоа во смисла на техничка подготовка и разбирање на сите можни опции, како и изградба на неопходните кадри. Една од нив е и Македонија. Во регионот имаме земји кои веќе имаат нуклеарни централи како што се Бугарија, Словенија и Хрватска, како и земји кои се подготвуваат да ги прошират своите нуклеарни капацитети вели првиот човек на МААЕ, Иван Виденовиќ.

Во регионот веќе има нуклеарка која ја менаџираат две држави. По Кршо од атомска централа струја произведува и Бугарија. На денешната работилница била препознаена можноста за нова соработка меѓу државите од регионот, бидејќи малите држави немаат финансиски, инфраструктурни и стручни капацитети за сами да реализират толку скапи проекти.

Борче Пауновски
http://sitel.mk/mk/odluka-za-nuklearka-kje-nosat-gragjanite-na-referendum
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 11321
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 25-Sep-2013 at 07:22
Вчера прочитав еден добар коментар на Фејсбук за нуклеарката во Македонија.

Отприлика гласеше вака: „Пола градови во Македонија немаат асфалтирани улици, а они нуклеарка ќе граделе“.

Мислам дека нема што друго да се додаде.
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 25-Sep-2013 at 08:15
Neka se spomni kolku košta,pa site ke ostanat so otvorena usta
Back to Top
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 172
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 25-Sep-2013 at 10:19
А колку ќе кошта ако останеме вечно зависни од увоз на струја?
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 25-Sep-2013 at 11:03
Нуклеарката е доста тежка работа.
Имаjте во предвид,дека за изградбата на една нуклеарка мора и да се модифицира електричниот систем. Нуклеарката произведува струja 24/7 когато работи. Тоа не е сиjaлица со един бутон да упалиш или за запреш. Таа произведена струja мора да се конзумира и през денот и през нокта.
Треба да се планира каде ке оди отпадот и така натаму...
Да не зборуваме за перзонал,обука и така натаму.
Ако до този момент една држава е немала нуклеарка и не е развивала тоja дел от физиката... ке треба доста време за се тоа.


Edited by ink - 25-Sep-2013 at 11:04
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.