build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 252627
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 29-Sep-2008 at 20:46
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98255

Без инвестиции опасност за системот

natasa-stojanovska.jpg Наташа Стојановска Коментари (1)   
29.09.2008 15:43
Козјак

 

Секоја минута измината без инвестиции во енергетиката е сериозна опасност за стабилноста на системот.

Ревитализација, модернизација но и отворање на нови термо, хидро - капацитети, рудни наоѓалишта. Без ова, само ќе се бројат дефекти.

„Јас мислам дека е е една минута до дванаесет за да почнат инвестициите во енергетиката, изјави Григор Каневче, академик.

Инвестициите одамна ги нема.

„Имавме интензитет до 70 и 83 година со изградбата на третиот блок требаше тоа континуирано да продолжи но се се сведе само на изградба на ХЕЦ „Козјак“, вели Илија Андонов Ченто, академик.

Македонија со години не направи добра енергетска стратегија. „Си дозволивме да трошиме и јаглен и се без да размислуваме за развој“, рече Благоја Георгиевски, рударски инженер

Експертите порачуваат да се следат странските примери.

„Во Норвешка семеен бизнис се малите хидроцентрали. Се обучуваат земјоделците како да изградат и тие да користат“, вели Илија Андонов Ченто.

Но тука е и албанското сценарио. Со генератори во секој дом. Власта уверува дека тоа нема да ни се случи нам.

Во меѓувреме проектите чекаат во фиоките, а повисоката цена на струјата ќе биде запишана на сметките од ноември.





http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98269

Енергија за иднината се создава во Белене

mladen-cadikovski.jpg Младен Чадиковски Коментари (0)   
29.09.2008 19:28
Проектот за атомската централа чини 4 милијарди евра

 

Мало гратче на бугарско-романската граница со огромен потенцијал да стане енергетски џин на Балканот. Што претставува атомската централа во Белене? А1 на местото на настанот.

Фронтмените на атомската централа не пречекаа со порака - Македонија мора навреме да се пријави и да закупи струја ако сака да ја избегне енергетската криза.

„Може да се водат отворени разговори за Македонија да си учествува со свои средства во изградбата на проектот. Било дали ќе биде во вид на процентно учество, или во вид на авансно плаќање на електрична енергија која подоцна ќе се користи. Постои можност за тоа“, изјавија од атомската централа.

Изградбата почна месецов - чини четири милијарди евра. Инвеститор е бугарската компанија „Нек“ со 51 процент. За останатите 49%, битка бијат германски РВЕ и белгиски „Електрабел“.

Овој проект не мина без контроверзи. Противниците, екологистите сметаа дека нуклеарните централи се опасни жаришта.

Раководството уверува дека Белене е последен крик на модерната технологија, а граѓаните се надеваат дека нема да биде балкански Чернобил.

„Франција има 50 нуклеарни централи, никој ништо не се пожалил. Една дури има и во Париз и сите си живеат мирно. Ова е добра инвестиција во нашиот град, добра перспектива, многу млади ќе се вратат во градот“, велат граѓани на Белене.

На ова место за пет години треба да се подигнат двата реактора на најголемиот проект во енергетиката на Балканот.

„Сакаме да се заштитиме од променливите цени на нафтата и јагленот. Едноставно да бидеме во состојба на независност од надворешните извори на енергија“, рекоа од централата.

Речиси сите земји во регионот се соочуваат со ист проблем. Недостаток на струја, истрошени термо централи, слаби водни ресурси.

Изградбата на нуклеарните централи беше само идеја која не дочека да биде ставена ниту на хартија. Во Македонија предизвикуваше дебата само во академските кругови.

Многумина сметаат дека изградбата на нуклеарната централа може да претставува пресвртница во енергетската стратегија и за другите земји во опкружувањето.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 13-Aug-2008 at 22:15
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7A05208DCF740349962D35F8BEDC2E6A

Италијанци ќе прават струја од ѓубрето во Дрисла

Италијанскафирма е заинтересирана за производство на електрична енергија од сметот од депонијата Дрисла, велат во „Комунална хигиена“.Според Златко Димовски, директор на јавното градско претпријатие, како енергенс за создавање електрична енергија ќе се користи метанот што се создава при скапување на ѓубрето. Италијанците треба да изработат студија за економска оправданост и исплатливост на проектот.Проектот ќе се оствари преку јавно-приватно партнерство. Потпишан е меморандум на ниво на држави за таква соработка. Објавен е тендер во Торино, на кој е избрана фирмата која сака да ја користи Дрисла за производство на електрична енергија - вели Димовски.„Комунална хигиена“ ќе се согласи да се даде депонијата под концесија ако се задоволат еколошките стандарди за заштита на околината

- Жителите од околината на Дрисла треба да добијат бесплатна струја. На фирмата да и' се даде „зелена“ цена на електрична енергија, односно да биде поевтина и покрај високите трошоци за производство. Потребно е државата да го стимулира ова производство за да биде конкурентно на пазарот со електрична енергија - вели Димовски.До крајот на годината ќе се направат промени во работењето на Дрисла за да се задоволат најстрогите еколошки стандарди за депонија. Распишан е тендер за санација на Дрисла, со хоризонтални цевки за исцедокот на ѓубрето, но и вертикалните цевки низ кои ќе се спроведува гасот.Во Дрисла дневно се носат 450 тони комунален смет, а просторот за депонирање смет е со површина од 30 хектари.Во „Комунална хигиена“ најавуваат проект за селектирање на пластичната амбалажа од сметот. Се предвидува дека ќе се собираат по четири тони пластика дневно. Имаме 12 вработени што го селектираат отпадот. Пластичната амбалажа ќе се складира во боксови под натстрешница, а потоа ќе се балира - вели Димовски.

(А.П.)





http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=62E635B1A66BFB40A91CCD9FB32BEDA1

Италијанци заинтересирани да произведуваат струја од гасот во „Дрисла“

„Комунална хигиена“ од потенцијалниот партнер ќе побара да инвестира во депонијата

„Комунална хигиена“ ќе соработува со италијанска фирма која е заинтересирана да произведува електрична енергија од гасот на депонијата „Дрисла“. Во моментов во јавното претпријатие очекуваат во Италија да биде избрана фирма која ќе изработи физибилити студија за оправданоста на инвестицијата во „Дрисла“, по што може да се очекува создавање на приватно-јавно партнерство. „Комунална“ од потенцијалниот партнер ќе побара да инвестира во депонијата во контролирање на исцедокот од сметот, во премостување на изворот на чиста вода која сега се меша со отпадот и во најважниот дел, искористување на гасот што се создава од распаѓањето на комуналниот отпад.

Како што информира директорот на „Комунална хигиена“, Златко Димовски, во „Дрисла“ може да се произведува електрична енергија која ќе ги задоволува потребите на околните населени места и која би требало да има посебна, пониска, т.н. „зелена“ цена. Заради еколошкиот ефект кој ќе се добие со искористувањето на гасот од „Дрисла“, но и со регулирањето на исцедокот, приватниот партнер треба да добие и стимулации од државата и од Градот.

„По пропаѓањето на преговорите со јапонската фирма ’Шимицу’, веднаш започнавме разговори со друга фирма од Италија, која е заинтересирана за истиот проект. Потпишан е и меморандум за соработка и очекуваме, кога ќе им заврши тендерот да дојдат и да им ги кажеме нашите услови. Мислам дека ова е доста профитабилен бизнис во други држави, а ќе има и позитивен бенефит и за ’Дрисла’ која ќе добие модерен лик“, вели директорот Димовски. (С.Н.)


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 29-Jul-2008 at 10:36
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1463&ArticleID=95417

ИНТЕРВЈУ: АТАНАСКО ТУНЕСКИ, УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Само нуклеарна централа ќе не спаси од скапата струја

Цената на струјата ќе се зголеми, а доколку струја немаме доволно, никој нема да има одговорност пред граѓаните. Ваква ќе биде енергетската реалност, објаснува Атанаско Тунески, професор на Машински факултет. Тој појаснува дека Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО), кој досега се грижеше за редовно снабдување со струја, сега ја нема лиценцата за снабдување со електрична енергија. Од друга страна, Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) сега се во позиција да произведуваат и да продаваат струја. Ова, како и самиот факт дека цената на струјата не е зголемена од 2006 година, ќе го поскапи енергентот, кој на светските берзи оттогаш доживеа повеќекратно зголемување. у Како ги коментирате новите измени на Законот за енергетика?
- ЕЛЕМ со новите измени ќе произведува, ќе купува и ќе продава. Не е јасно како ќе се прави ова бидејќи диспечерскиот центар преку кој се следи сето производство, сета потрошувачка и сиот извоз на електрична енергија се наоѓа во МЕПСО. Лиценцата за снабдување со електрична енергија, која досега ја посетуваше МЕПСО, сега ја нема никој. Не е јасно кој ќе биде одговорен за снабдувањето со електричната енергија. Ова е сериозен пропуст. До сега МЕПСО се грижеше да има струја насекаде и во секое време. Сега никој нема да биде крив ако нема струја. Со новите измени во Законот за енергетика, на ЕЛЕМ му се даде право да купува и да продава, но не и законска обврска да се обезбеди струја за населението во доволни количества. у Владата рече дека е потребно да се зголемат производните капацитети. Имаме ли за тоа потенцијал?
- Реално не постојат причини зашто ЕЛЕМ не би можел да ги задоволува потребите за електрична енергија. Во периодот од 2000 година до 2006 година, ЕЛЕМ произведуваше 6.330 гигават-часа електрична енергија годишно и со тоа ги задоволуваше потребите за струја за населението и малото стопанство. Во 2007 година произведе само 5.500 гигават-часа, а во 2008 година најавите се дека ќе произведе дури и помалку од ова. Недостигот од овие 1000 гигават-часа ја чини Македонија речиси 100 милиони евра. Ако ЕЛЕМ го задржи своето просечно производство од 2000 до 2006 година, тогаш нема да има потреба од увоз на струја. Сегашната цена на увозната струја е над 100 евра за мегават-час, што значи дека непотребно се одлеваат 100 милиони евра. у Дали ова е основната причина за огромниот трговски дефицит?
- Увозот на електричната енергија и нафтата се клучни причини за огромниот трговски дефицит. Намаленото производство на ЕЛЕМ од околу 15 проценти, зголемената цена на увозната струја од 100 проценти од пред две години, доведе до огромни и неоправдани трошоци за државата у Во каква состојба е енергетскиот систем?
- Резервите на јаглен во РЕК „Битола“ се доволни за уште пет години експлоатација. Во меѓувреме, мора да се активира наоѓалиштето Брод - Гнеотино, што ќе обезбеди јаглен во наредните околу 10 години. Но, за помалку од 20 години веќе нема да може да се прави струја од домашен јаглен и ќе мора да се увезува. Сега треба да се направат анализи дали е економски поисплатливо Македонија да почне да увезува јаглен за потребите на РЕК „Битола“ пред да се потрошат домашните резерви. Според мене, подобро е како од безбедносни, така и од политички причини уште сега да се почне со увоз на јаглен. у Во Бугарија веќе се гради нуклеарна централа, а има најави за нуклеарна централа и во Лерин. Каде сме ние тука?
- Македонија мора да реагира. Првото од можните решенија е да учествува во изградбата на нуклеарната централа во Белене, Бугарија, и да има сопствен дел од таа електрана. Со тоа ќе добие многу поевтина електрична енергија. Нуклеарната електрична енергија е повеќе од двојно поевтина од струјата произведена од мазут и од увозен јаглен и двојно поевтина од увозната струја. Македонија во 2008 година за увоз на електрична енергија дала околу 250 милиони евра, од кои околу 100 милиони за потребите на населението и малата индустрија и околу 150 милиони евра за големата индустрија. Доколку располагаме свој дел од електричната централа во Белине, значително ќе заштедиме во увоз на електрична енергија. Исто така, може да учествуваме во изградба на наши енергетски објекти. За пет години со издвојување на само 50 милиони евра од буџетот годишно, што е само 2 проценти од буџетот, ќе може да имаме енергетски објект со капацитет од 250 мегавати.

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 30-Apr-2008 at 10:22
Добро ама мојот е од дневник твојот од утрински..... Shifty Shifty Shifty  DohDohDoh
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 30-Apr-2008 at 10:15


Ама ти не читаш, директно постираш Bash Big%20smile
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 30-Apr-2008 at 10:08
Готов 400-киловолтниот далновод кон Бугарија

Македонија го изгради 400-киловолтниот далновод од Штип до македонско -бугарската граница, кој ќе биде пуштен во употреба кога и Бугарија ќе ја обезбеди потребната инфраструктура за електроенергетско поврзување. Од Македонскиот електропреносен систем оператор(МЕПСО)соопштија дека на трасата долга71,2 километри сега се поставуваат алуминиско-челичните јажиња за пренос на струја. Далноводот поминува низ општините Штип, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка.Изградбата почна во 2006 година, а изведувач е германската компанија САГ. Овој капитален проект е финансиран од кредитна линија на Европската банка за обнова и развој со 29,5 милиони евра. МЕПСО за една година доби два 400-киловолтни далновода, кон Грција и кон Бугарија. Овој далновод е од огромно значење за стабилноста на системот и за снабдувањето со струја. Ова е прва 400-киловолтна врска на исток и ќе ги замени постојните 110-киловолтни далноводи - велат во МЕПСО.
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 30-Apr-2008 at 09:06
Иако текстов звучи скромно, ова е прилично значаен проект Cheers

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=92F97E9D2626FB4AA1AE0B3FE27B086D

МЕПСО го изгради далноводот Штип-Црвена Могила

МЕПСО информира дека го изгради 400-киловолтниот далновод Штип-Црвена Могила, до македонско-бугарската граница, со што го исполни својот дел од проектот. Поставени се 193 челично-решеткасти столбови на траса долга 71,2 километри на македонска територија, со почеток од 400 киловолтната трафостаница во Штип до македонско-бугарската граница во реонот на Кратово.

Далноводот поминува на териториите на општините: Штип, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка. Оваа интерконекција ќе биде предадена во употреба откако бугарската страна, чии работи се во тек, ќе заврши со градба на далноводот на нивна територија. (Ек.Р.)



Edited by Cloverstack - 30-Apr-2008 at 09:06
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 19-Mar-2008 at 04:47
ЕВН постави нови трансформатори во Скопје (мисла ова е соодветна нишка - ако не, мрдајте сори)

ЕВН- ЕСМ со нови трансформатори во Скопје

Два нови 110- киловолтни трансформатори со зголемен капацитет се инсталираа во трафостаницата „Запад“ во Скопје, информираат од ЕВН- ЕСМ. Нивната вкупна моќност од 63, се зголеми на 80 мегаволтампери. Со оваа инвестиција се подобрува снабдувањето во западниот дел на Скопје, особено во населбите Капиштец, Тафталиџе, Нерези, делови од населбите Карпош и Влае, како и села од општините Кондово и Сарај, кои се на 35- киловолтно напонско ниво. (М.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F06AED7644C5DD4EAE9065B17B5940C2


Edited by pbanks - 26-Mar-2008 at 23:38
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 252627

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.145 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.