build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 105
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Енергетика (општо)
    Posted: 01-Jul-2023 at 10:13
ESM skluci dogovor so Kavadarecki Masinokop vreden 6,5 milioni evra

https://emagazin.mk/esm-skluchi-dogovor-so-mashinokop-vreden-6-5-milioni-evra/?utm_source=grid_app&utm_medium=mobile_app&utm_campaign=GRID&fbclid=IwAR3OoZNYgIjJnOi_nKqFIUIZmER_L5nqpJFpVqT6FzbaEUsdf-3k5OydLeY
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Dec-2022 at 18:26
ПРИСТИГНА „ЧУДОВИШТЕТО“ Во јануари ќе работат сите три блока во РЕК Битола (ФОТО)



Носечката единицa од трансформаторот за Блок 3 во РЕК Битола пристигна во кругот на комбинатот, информираат од АД ЕСМ.

„Следува фаза на монтирање и процес на пуштање во производство на блокот во следните десетина дена. Со тоа се создава можност во јануари да работат сите три блока во РЕК Битола, како и сите други електрани со максимален капацитет“, соопшти ЕСМ.

Производството на АД ЕСМ, се посочува во соопштението, во моментот достигнува речиси 19.000 мегават часови електрична енергија дневно и со него се покрива целосно регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи, како и најголемиот дел од дополнителните снабдувања по одлуки од Владата.

„Само мал дел електрична енергија се набавува. Со третиот блок планирано е производството уште повеќе да се зголеми“, посочуваат од АД ЕСМ.

https://plusinfo.mk/pristigna-chudovishteto-vo-anuari-e-rabotat-site-tri-bloka-vo-rek-bitola-foto/
Carpe diem
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 79
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Dec-2022 at 12:25
Денес, новиот трансформатор за блок 3 ќе пристигне во РЕК Битола. Сообраќајот од ГП Меџитлија до РЕК Битола е отежнат за да помине трансформаторот заедно со многу придружни возила од Грција. Огромно нешто!

Edited by Могли - 24-Dec-2022 at 12:26
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Dec-2022 at 14:58
започнување на градба на 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче Поле





https://www.facebook.com/VladaMK
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Sep-2022 at 17:00
Еден голем дефект во РЕК Битола зимава и „ојдовме јабана“

Четири милијарди киловат часови струја оваа година треба да обезбеди ЕСМ за граѓаните да бидат сигурни дека ќе има непречена испорака на електрична енергија. Ако ова државава не успее да го направи тоа од сопствените капацитети, ќе биде драматично, велат надлежните. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за Алсат вели дека во спротивно ќе треба потребното количество да се купува по екстремно високи пазарни цени.

Како што се најавува, ЕСМ треба да произведе, според нивните планови, до крајот на годинава да има четири милијарди киловат часови, бидејќи ако ЕСМ произведе три милијарди и 700 или 800 милиони киловат часови, тогаш имаме проблем“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

За да се обезбеди потребното количество на струја потребно е да бидат во функција сите електрани во земјава и тоа да работат во „полна пареа“. Од ЕСМ, за Алсат велат дека прво следуваат ремонти во РЕК Битола и во термоелектраните Осломеј и Неготино.

„Најнеопходни ремонтни активности на Блок 1 во Битола ќе имаме почнувајќи од 20.09, па во наредните 25 дена. После тоа истото ќе го направиме и со Блок 2. Во текот на ноември планиран е еден месец застој на ТЕ Осломеј за да се отстранат сите појавени дефекти и недостатоци во текот на работата со цел подоверлива работа во екот на грејната сезона. ТЕЦ Неготино е во планиран застој од 12.09. до 22.09, период кога ќе се направат најнеопходни санации“, велат од ЕСМ.

ЕСМ – ПЛАНИРАНИ РЕМОНТИ
Блок 1 и Блок 2 во РЕК Битола после 20 септември
Ремонт во ТЕЦ Неготино од 12 септември
Во ноември ремонт во ТЕЦ Осломеј

Во последните години речиси секогаш кога во текот на зимските месеци беа вклучени повеќето енергетските производствени капацитети, се случуваа хаварии и со денови дел од нив не функционираа. За оваа година надлежните велат дека планираното зголемено производство од 25 отсто во однос на ланската година би било реалност само ако не дојде до хаварија, пред сè во некој од блоковите во Битола.

https://alsat.mk/mk/eden-golem-defekt-vo-rek-bitola-zimava-i-ojdovme-jabana/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Aug-2022 at 17:32
ВЛАДАТА ГИ ЗАДОЛЖИ ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ТРОШАТ 15 ОТСТО ПОМАЛКУ СТРУЈА, ЌЕ ИМА КАЗНИ ЗА РАКОВОДИТЕЛИТЕ КОИ НЕМА ДА ШТЕДАТ

Владата ги задолжи државните институции од септември да трошат 15 отсто помалку струја споредено со истиот месец лани и најави санкции за раководителите на институциите ако не се спроведе ваквата мерка за штедење на електрична енергија.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција ги презентираше мерките на заштеда на струја, кои што вклучуваат намалување на грејните тела и клима уредите, исклучување на осветлувањето на фасадите и гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина. Бектеши кажа дека овие мерки стапуваат во сила на 1 септември, а ќе важат до 31 март следната година.

„Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претпријатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите“ изјави Бектеши.

Согласно мерките, предвидено е исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се печатат само потребните материјали и да се заменат прозорците со енергетски ефикасни.

Понатаму, Бектеши најави дека рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат, освен во случај на хаварија. Покрај задолженијата за државните институции, Владата препорача и домаќинствата и приватните бизниси да штедат струја, за да се намали притисокот врз ЕСМ.

„Треба да придонесеме сите за заштеда на електрична енергија. Првичниот пример треба да го даваат институциите, а потоа тие да бидат следени од стопанството и домаќинствата. Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И само, секако, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите“, додаде Бектеши.

Директорот на ЕСМ Димитар Ковачевски кажа дека компанијата ќе произведе за 15 отсто повеќе енергија од лани.

Сличните мерки за штедење на струја веќе се спроведуваат низ Европа.

Градовите во Германија ги гасат светлата на спомениците, ги исклучуваат фонтаните и воведуваат студени тушеви во јавни базени и спортски сали додека земјата се обидува да ја намали потрошувачката на енергија. Хановер беше првиот поголем германски град кој почна со мерките на штедење, при што општинските згради ќе се загреваат до 20 Целзиусови степени во периодот од 1 октомври до 31 март.

Над 200 историски споменици и општински згради во Берлин се во темница ноќе од крајот на минатиот месец.

И Шпанија воведе нови правила во почетокот на овој месец, при што на фирмите им е дозволено да ги ладат просториите до 27 Целзиусови степени, односно да ги загреваат до 19 степени во зима. Новите мерки ќе бидат на сила до ноември 2023, при што ќе се гасат светлата на спомениците и во излозите на продавниците по 22 часот.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vladata-gi-zadolzhi-drzhavnite-institutsii-da-troshat-15-otsto-pomalku-struja-ke-ima-kazni-za-rakovoditelite-koi-nema-da-shtedat/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Jul-2022 at 13:11
ВО АВГУСТ ПАК ЌЕ ИМА КРИЗНА СОСТОЈБА - Бектеши: Не очекува најтешката зима, вчера земен заем од 100 милиони евра од ЕБОР за струја, јаглен и мазут

Не очекува многу тешка и непредвидлива зима на енергетски план, која не зависи само од Северна Македонија или од земјите од регионот, туку зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со војната во Украина. Рестрикции на електрична енергија не се очекуваат, дури и доколку имаме забрана за увоз на електрична енергија и гас во земјава. Во август повторно ќе побараме прогласување на кризна состојба во електроенергетскиот сектор се со цел да имаме можност преку дополнителни мерки да интервенираме во зголемување на производството на електрична енергија од домашни капацитети“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со медиумите на кој информираше за следните чекори и мерки кои ќе бидат превземени се со цел ублажување на ценовните шокови за граѓаните.

„Ќе ја имаме најтешката зима, ситуацијата е многу тешка и непредвидлива не зависи само од Северна Македонија и во земјите од регионот туку во зависност од тоа како ќе се одвива војната во Украина. Ние работиме на обезбедување на алтернативни начини за снабдување со енергенси, доколку имаме целосна забрана за увоз на гас за да може да работат и топланите и индустриските капацитети. Во делот на алтернативни извори согласно Законот е предвидено и да може да се префрлат на друг енерегенс односно на мазут“ кажа Бектеши.

Во однос на снабдувањето со гас за престојната грејна сезона, министерот кажа дека се прават напори да имаме алтернативни извори за снабдување, со оглед на тоа што Северна Македонија е целосно зависна од руски гас.

„Доколку успееме во соработка со Булгаргастранс да ослободиме дел од капацитетите од гасоводот кој што го имаме со Бугарија којшто е целосно закупен од Гаспром, тогаш ќе може во услови доколку Русија ни ги стопре испораките на гас, да се снабдуваме со гас од Азербејџан или Турција„ кажа Бектеши.

Министерот информираше дека од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во текот на вчерашниот ден се обезбедени 100 милиони евра за ликвидноста на АД ЕСМ за да може во текот на годината да има средства да купува електрична енергија доколку има недостаток и да купува јаглен и мазут за домашните капацитети за производство на електрична енергија.

„Ќе се купува електрична енергија, но и јаглен и мазут. Планирано е да работат сите три блока во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино, а во моментов треба да ги сочуваме хидроенергетските капацитети за да имаме електрична енергија за зимскиот период“, кажа министерот.

Во однос на пакетот на антикризни мерки кој што беше најавен, министерот Бектеши информираше дека Министерството за финансии подготвува нов пакет на мерки, кои би започнале да се применуваат во септември и ќе важат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.

„Континуирано носиме мерки со цел да не се зголемуваат цените на соновните прехранбени производи како што беа мерките кои на предлог на Министерството за економија на последната седница ги донесе Владата, односно е забрана за извоз на одредени производи и укинување на царина. За директни мерки како директна поддршка, Министерство за финансии е при крај на дизајнирање на нов пакет мерки во соработка со Стопанските комори. Согласно можностите кои ги има државата, мерките ќе бидат таргетирани за ранливите групи на граѓани кои имаат најголема потреба за помош. Таква поддршка ќе има и најверојатно ќе почне да се реализира од септември“ кажа Бектеши.

Министерот информираше дека следната недела во рамки на иницијативата Опен Балкан во Тирана ќе се одржат работни состаноци со министерите од Албанија и Србија каде се разговара и ќе се предложат мерки се со цел да се задоволат потребите за храна и струја за граѓаните на земјите во регионот.

https://faktor.mk/vo-avgust-pak-kje-ima-krizna-sostojba---bekteshi-ne-ochekuva-najteshkata-zima-vchera-zemen-zaem-od-100-milioni-evra-od-ebor-za-struja-jaglen-i-mazut
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Jun-2022 at 14:12
ЕСМ нуди за 17 отсто поскапа струја кон ЕВН, финалната цена ќе ја утврди Регулаторна

ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули - декември 2022 доби понуда од АД ЕСМ за 17 отсто повисока од актуелната.

„АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот, преку електронска аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегават час, за покривање на 100 отсто од вкупно планирнаите количини.

Добиената купопродажна цена од 48 евра за мегават час за периодот јули - декември 2022 е за 17 отсто повисока од претходната која веќе беше добиена на последниот тенедер на универзланиот снабдувач (јануари - јуни 2020), кога АД ЕСМ понуди купородажна цена на електрична енергија од 41 евра за мегават час за вкупнопланираните потреби на ЕВН Хоме“, не информираат од ЕВН.

За цената на електричќната енергија на ЕВН Хоме во наредниот перид ќе одлучува Регулаторна комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на преносниот систем оператор МЕПСО, цената на операторот на електрична енергија МЕМО како и цената на дистрибутивниот систем Електродистрибуција.

Извесно е дека струјата ќе поскапи барем според параметарот на ЕСМ, а се другото ќе зависи од тарифите на останатите енергетски компании, а дополнително ќе се утврдува и за тарифниот систем на блокови кој го најавува Регулаторната комисија за енергетика.

https://faktor.mk/esm-nudi-za-17-otsto-poskapa-struja-kon-evn-finalnata-cena-che-ja-utvrdi-regulatorna
Carpe diem
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 31-May-2022 at 09:58
Воведена е нова ценовна политика? Ајде можеби вака ќе научи народот да штеди малку струја.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 31-May-2022 at 08:07
(СИМУЛАЦИЈА) Колку поскапо ќе плаќаат оние што трошат повеќе електрична енергија







https://360stepeni.mk/simulatsija-kolku-poskapo-ke-plakaat-onie-shto-troshat-poveke-elektrichna-energija/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-May-2022 at 13:18
БЛУМБЕРГ-„ЌЕ ИМА ЧЕСТИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА, ЌЕ НЕМА НОРМАЛЕН ЖИВОТ“- Милијарда луѓе се во опасност

Резервите на енергија се толку мали што едноставно нема да бидат доволни за нормален живот.

На светот му се заканува прекин на струја. Глобалните електроенергетски мрежи наскоро ќе се соочат со најголемиот тест во последните децении, бидејќи производството на електрична енергија моментално е пренатрупано во најголемите светски економии, пишува Bloomberg.

Според нив, проблеми се војната во Украина, сушата, загубите во производството, историски ниските залихи и реакцијата на пандемијата. Пазарите на енергија ширум светот „се лизнаа“ во текот на изминатата година, а потрошувачите ги трпеа последиците од растот на цените, но работите се уште одат нагоре.

-Проблемот е што снабдувањето со енергија е толку мало што едноставно нема да биде доволно за нормален живот, а прекинот на струјата ќе ги загрози животите во ситуации кога нема вентилатори или климатизери кои би им олесниле на луѓето да се справат со високите температури, наведува. Блумберг.

Климатските промени значат дека денешните екстремни топлотни бранови ќе зачестат и ќе продолжат да го зголемуваат притисокот врз снабдувањето со електрична енергија.

Летото во поголемиот дел од северната хемисфера е врв на искористување на електричната енергија, а за оваа година се најавени големи горештини. Научниците предвидуваат особено топли месеци во САД. Шест електрани во Тексас престанаа овој месец кога пристигнаа првите летни горештини, како навестување за тоа што следува. Најмалку десетина американски држави од Калифорнија до Големите езера се во опасност од прекин на електричната енергија ова лето.

Азискиот топлотен бран предизвика секојдневни прекини на електричната енергија веќе неколку часа, загрозувајќи повеќе од милијарда луѓе низ Пакистан, Мјанмар, Шри Ланка и Индија. Снабдувањето со електрична енергија ќе биде спорно во Кина и Јапонија. Јужна Африка веќе се подготвува за една година рекордни „затемнувања“.

Исто така, Европа би можела да се најде во несигурна ситуација ако Москва го прекине снабдувањето со природен гас, што може да предизвика прекини на системот, намалувања и прекини на електричната енергија во некои земји. Во САД снабдувањето со природен гас - главното гориво за електраните, е ограничено низ целата земја, а цените растат, пренесува „Блумберг“.

https://faktor.mk/blumberg-kje-ima-chesti-prekini-na-strujata-kje-nema-normalen-zivot--milijarda-lugje-se-vo-opasnost
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 16-May-2022 at 17:09
Ново поскапување на струјата од 1-ви јули? - Пристигнаа првите барања од енергетските компании до РКЕ

Досега барање до РКЕ имаат доставено Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за вршење на дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија и ЕВН Хоум.

„Овие барања пристигнаа во четвртокот. Ги анализираме и кога ќе имаме точни податоци од тоа која компанија што бара веднаш ќе ја информираме јавноста. Она што веќе е сигурно и се знае е дека Електродистрибуција ја има завршено годината со 40-ина милиони евра загуба. Исто така и ЕВН Хоум ја има завршено годината со помеѓу 25 и 30 милиони евра загуба. Кога ќе ги добиеме податоците за МЕПСО ќе информираме и за МЕПСО,“ рече Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Нагласи дека во процесот на формирање на цената најголемо влијание ќе има набавката пред се на загубите на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа.

„Кога ја носевме последната одлука калкулиравме со цена од 143 евра за мегават час надевајќи се дека ќе имаме стабилизирање на пазарот на електрична енергија. За жал, тоа не се случи и оние податоци што ги имаме денес на Унгарската берза предвидувањата за цените за јуни се 236 евра за мегават час, за третиот квартал од годинава 257 евра и за цела 2023 година 240 евра за мегават час,“ рече Бислимоски и додаде дека загубите на електрична енергија на Електродистрибуција од март до јуни ги обезбедува ЕСМ по цена од 143 евра за мегават час.

ЕСМ, додаде, ги обезбедува и загубите во преносната мрежа.

„ЕСМ презема сериозен товар за да ги обезбеди овие загуби на електрична енергија по цена која што е далеку пониска од пазарната се со цел да се избегне зголемување на цената на електричната енергија. Дополнително, најголемо сериозно влијание врз цената ќе има тендерот за набавка на електрична енергија којшто треба да го организира ЕВН Хоум во јуни. Вообичаено на овој тендер се јавува ЕСМ и за првите шест месеци цената по која што ја обезбедува оваа електрична енергија е 41 евро за мегават час што е шест пати пониска од реалната пазарна цена,“ истакна Бислимоски.

Рече дека не е оптимист дека ќе има намалување на цените на електричната енергија под 200 евра за мегават час не само на регионалната берза, туку и на останатите европски берзи и додаде дека тоа ќе прави сериозен притисок на македонските компании кои се на слободниот пазар на електрична енергија.

Посочи дека ЕСМ во целост ги исполни своите обврски кон ЕВН Хоум во изминатите четири месеци по носењето на одлуката за цената на електричната енергија во декември со која што беше предвидено 100 проценти од потребите да бидат обезбедени од страна на ЕСМ.

„За жал, се појави група на потрошувачи кои вклучуваат и општини во државата кои на еден многу спорен начин од отворениот се вратија на регулираниот пазар. Овој некоректен однос за првите четири месеци чини 30 милиони евра. Тие 30 милиони евра се 9 проценти од регулираниот максимален приход којшто го определи РКЕ, појасни Бислимоски.

За сите овие појави, посочи, што РКЕ ги воочи уште кон крајот на јануари и почетокот на февруари, се известени сите релевантни институции во државата да преземат мерки и дополнително е даден налог на Електродистрибуција што е можно повеќе да ги анализира овие, како што рече, условно да ги кажам фиктивни договори што вообичаено се случуваат помеѓу еден потрошувач којшто бил на слободниот пазар и некоја новоформирана фирма или некое многу мало јавно комунално претпријатие кое што не ги исполнува условите да оди на слободен пазар и доаѓаат на регулиран пазар.

Препорача да се зголеми домашното производство на електрична енергија и додаде дека сигналите покажуваат дека во овие четири месеци тоа е зголемено за околу 10 до 15 проценти во споредба со истиот период лани.

„Дополнително, голем број на македонски компании коишто имаат можност поставуваат фотоволтаици на своите покриви и со тоа си заштедуваат трошоци за електрична енергија и според сознанијата што ги имаме сега имаат трошоци како што имале во едни мирни временски услови. Досега имаме издадено или почнати се постапки за издавање од околу 32-33 мегавати што е на ниво на „Св. Петка" последна хидроелектрана која што била направена со државни пари. Очекуваме во текот на јули и на август да се удвои бројот на такви компании и да имаме некаде за 7-8 месеци помеѓу 60 и 70 мегавати новоизградени фотоволтаични електрани коишто ќе ја релаксираат ситуацијата со цената на електричната енергија на слободниот пазар,“ потенцира Бислимоски.

РКЕ до крајот на јуни треба да донесе одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи до крајот на годинава. Во неа се признаваат оправданите трошоци што ги имаат енергетските компании.

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/novo-poskapuvanje-na-strujata-od-1-vi-juli-pristignaa-prvite-baranja-od
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2018
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-May-2022 at 15:21
Андонов: Сериозни европски компании повторно покажуваат интерес за „Чебрен”, очекувам квалитетни понуди
06/05/2022 9:34


Очекуваниот рок за изградба на хидроцентралата Чебрен, заедно со акумулацијата Орлов Камен е предвиден на 7 години, имајќи предвид дека се работи за огромна брана со висина од над 190 метри. Вештачката акумулација ќе биде најголема во нашата држава, вели во интервју за „Локално“,Виктор Андонов соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, при Секретаријатот за јавни политики , координација и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, проекти.

Во однос за тоа како ЕУ ќе опстои на барањето на Путин да се плаќа рускиот гас во рубљи и на кој начин нашата земја ќе се снабди со гас бидејќи сме 100% зависни од рускиот, Андонов вели дека суштината на енергетската сигурност на која било земја е намалување на увозната зависност како и диверсификацијата на изворите на снабдување со енергија, како што појаснува тој тоа би значело со колку повеќе опции располагаме како земја за обезбедување на одреден тип на енергија, толку ќе бидеме енергетски “побезбедни“.

-Кај нас, за жал во минатото не се размислувало за изградба на алтернативни рути за обезбедување на природен гас, како што е гасоводот со Република Грција преку кој ќе се поврзевме на Транс-Јадранскиот гасовод (ТАП) кој од Азербејџан ќе испорачува природен гас до Италија. Дури и денес некои од „експертите“ критикуваат зошто не сме се приклучиле на Јужен тек, кој истотака обезбедува дополнителни количини на природен гас од Русија, вели тој.

Проектот ХЕЦ Чебрен е во втора фаза, најави премиерот Ковачевски по што видовме дека девете заинтересирани понудувачи беа на увид на теренот кој ќе се гради. Се чини дека со малку помало внимание се следи проектот кој со години ниже неуспешни тендери, дали овој пат конечно ќе се реализра?

-Изградбата на пумпно акумулуационата хидроцентрала Чебрен е еден од стратешките проекти кои нашата држава треба да ги реализира со цел успешно спроведување на енергетската транзиција. Да потсетам, Чебрен е реверзибилна хидроцентрала која треба да се изгради на Црна Река како дел од предвидениот каскаден систем на хидроцентрали, Чебрен, Галиште и Тиквеш во согласност со стратешките документи и планови од 20 век. За жал во време на бивша Југославија, од овие три хидроцентрали, изградена е само ХЕЦ Тиквеш која и до ден денес успешно работи и е значаен дел за одржување на стабилноста на електроенергетскиот систем. Во изминатите 15-тина години, имаше повеќе неуспешни обиди преку тендерски постапки, овие две хидроцентрали (Чебрен и Галиште) заедно со ХЕЦ Тиквеш, да се понудат на приватен партнер кој заедно со АД ЕСМ требаше да ги управува. За жал, иако имаше сериозни понуди од големи компании, како што се германската RWE (денес најголема енергетска компанија во ЕУ) и грчката државна компанија PPC истите не биле сериозно анализирани и прифатени и тендерските постапки биле поништени. Доколку истите биле прифатени, денес Чебрен успешно ќе работеше и значително ќе помогнеше во справувањето со денешната енергетска криза, имајќи во предвид дека проектираното годишно производство, во зависност од техничките варијанти, е предвидено на околу 1000 GWh на годишно ниво. Со денешните цени на берзите на електрична енергија, трошокот за увоз на истата количина на електрична енергија, изнесува од 200 до 250 милиони евра на годишно ниво. Овој увоз е на либерализираниот пазар и во најголем дел паѓа на товар на домашните компании.

Како резултат на реформите во енергетскиот сектор, најавената енергетска транзиција од страна на Владата, интересот на сериозните европски компании за проектот Чебрен, повторно се врати, имајќи во предвид дека целиот регион ќе спроведува енергетска транзиција, значително ќе се појави потребата од ваков тип на проекти, кои ќе бидат значајни и за производство на електрична енерија како и за балансирање на електроенергетските системи.

Токму поради тоа, постапката до оваа фаза се спроведува успешно, и врз основа на повратните информации од компаниите во однос на нивните очекувањата на концептот на проектот, очекувам дека ќе имаме неколку квалитетни понуди и процесот конечно ќе заврши со избор и потпишување на Договор.

Колку ќе ја намали зависноста овој проект, односно за колку се очекува да се зголеми домашното производство?

-Како што напоменав и во одговорот на првото прашање, очекуваното годишно производство на електрична енергија е околу 1000 GWh. Дополнително, ХЕЦ Чебрен ќе работи во каскаден систем со постојната ХЕЦ Тиквеш, што значи дека ќе има и позитивен ефект и зголемување на постојното производството во ХЕЦ Тиквеш, односно целата каскада на хидроцентрали би произведувала околу 1200 GWh. Ако го споредиме со минатогодишното производство на електрична енергија од ЕСМ, кое беше околу 3100 GWh, значи дека зголемувањето би било за околу 33%. Или споредено со производството на големите хидроцентрали, истото во изминатите години се движи од 800 до 1200 GWh, само со изградбата на Чебрен би се дуплирало постојното годишно производство од сите големи хидроцентрали. Или објаснето пластично, производството на електрична енергија од Чебрен би ја задоволила потрошувачката на електрична енергија на околу 180 илјади домаќинства.

Кои се роковите? Кога да очекуваме одлука и старт на градба?

-Рокот за доставување на понудите е 15 јули 2022, се надевам до крајот на летото ќе заврши и евалуацијата на понудите за да во септември конечно, Владата донесе одлука за избор и ќе го потпише Договорот со најдобриот понудувач. По што треба да следува изработка на потребните проекти и добивање на дозволите за изградба. Еден од најважните документи кој во минатиот период не бил изработен е Студијата за влијание врз животната средина, која во моментот се работи со техничка помош на ЕБРД, преку инвестициската рамка за Западен Балкан.

Очекуваниот рок за изградба на хидроцентралата Чебрен, заедно со акумулацијата Орлов Камен е предвиден на 7 години, имајќи предвид дека се работи за огромна брана со висина од над 190 метри. Вештачката акумулација ќе биде најголема во нашата држава. Се разбира декаинвеститорите имаат можности и побрзо да ја изградат во зависност од нивите капацитети и условите на терен.

Во моментов актуелни се прашањата за тоа како ЕУ ќе опстои на барањето на Путин да се плаќа рускиот гас во рубљи. Како ја цените состојбата? Со оглед на тоа дека сме 100% зависни од рускиот гас?

-Имајќи предвид дека некои земји од ЕУ се помалку зависни од рускиот гас, и имаат и други извори на снабдување, тие полесно би можеле да го преземат ризикот од целосен прекин со снабдувањето на природен гас од Русија, додека некои земји имаат единствена точка на снабдување само од Русија и тие очекувано би имале поголеми проблеми во обезбедувањето на енергетската сигурност за своите граѓани, како и за одржувањето на стабилноста на економијата. Во рамките на ЕУ постојано се водат разговори помеѓу членките како да се справат со состојбата, иако морам да потенцирам дека кај одреден дел од членките кои исто така се многу зависни од природниот гас од Русија, постои уверување дека треба да се издржи во санкциите кон Русија и по цена на целосна забрана на увоз на природниот гас.

Кај нас, за жал во минатото не се размислувало за изградба на алтернативни рути за обезбедување на природен гас, како што е гасоводот со Република Грција преку кој ќе се поврзевме на Транс-Јадранскиот гасовод (ТАП) кој од Азербејџан ќе испорачува природен гас до Италија. Дури и денес некои од „експертите“ критикуваат зошто не сме се приклучиле на Јужен тек, кој истотака обезбедува дополнителни количини на природен гас од Русија. Логичното прашање кое треба да го поставиме, е што ќе се случеше доколку се конектиравме на Јужен тек и уште повеќе ја зголемевме зависноста од истиот извор, во денешните услови на криза со високите цени и со војната во Украина.

Суштината на енергетската сигурност на која било земја е намалување на увозната зависност како и диверсификацијата на изворите на снабдување со енергија, што во превод значи со колку повеќе опции располагаме, за обезбедување на одреден тип на енергија, толку сме енергетски “побезбедни“.

Природен гас кај нас пред сѐ се користи за производство на електрична енергија и топлина, и помал дел во индустријата и јавните објекти. Генерално топлинската енергија во Скопје може да се обезбеди и со работа на топланите кои како резервно гориво можат да работат и на мазут. Се надевам дека ќе се најде прифатливо решение во однос на набавката и плаќањето на природниот гас, како би можеле нормално да функционираме следната зима. Меѓутоа сите треба да бидеме свесни дека состојбата е променета во споредба со пред неколку години, има војна во Европа, криза со високите цени на енергенсите и сите да бидеме свесни и одговорни и да почнеме да се прилагодуваме на новонастаната состојба за полесно да се справиме со негативните ефекти.

Зависноста од рускиот гас и од нафтата треба да заврши во 2027 година, барем според Економскиот комесар на ЕУ. Потпирањето на ЛНГ од Катар и САД се опција но колку тоа сепак ќе значи вивнување „во воздух“ на цените на гасот?

-Како резултат на војната во Украина, во март 2022 година Европската Комисија подготви план за намалување на зависноста од Русија од фосилни горива до крајот на 2030 година. Планот содржи и сет на мерки кои се одговор на високиот раст на цените на енергенсите како и обезбедување на резерви на природен гас за наредната зима. Планот има за цел да го диверсифицира снабдувањето со природен гас во ЕУ, да ја забрза енергетската транзиција со зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија и да го замени природниот гас посебно во делот на затополување и производство на електрична енергија. Со овој план ЕУ би можела да ја намали зависноста од природниот гас од Русија до крајот на оваа година за две третини.

Во делот на резервите со природен гас, секоја земја членка која има подземни капацитети за складирање на природен гас, ќе има обврска да ги исполни со најмалку 90% пред 1 октомври секоја година.

Како што напоменав на почетокот, со целосна примена на планот, ЕУ до 2030 година би ја намалила употребата на природниот гас од Русија за околу 155 милијардни кубни метри, или приближно исто колку што ЕУ увезувала во текот на 2021 година.

Една од опциите за диверсификација на снабдувањето е секако обезбедувањето на одредени количини на втечнетиот природен гас – LNG, кој доаѓа од САД, Катар, Алжир и од останатите земји, меѓутоа во моментот ЕУ не е подготвена со потребната инфраструктура за целосна замена на рускиот гас со LNG. Не би се сложил дека би се „вивнале“ цените на природниот гас, мислам дека тоа е заплашување и создава негативни ефекти врз развојот на економијата. Еве претходната година, цените на природниот гас се веројатно највисоки во историјата, а не се предизвикани од употребата на LNG, прашањето е, поради што се највисоки? Читајќи анализи за употребата на LNG во Грција во последните 5,6 години во некои одредени години цената на LNG дури била и поевтина. Во последниот период, кај нас во медиумите и кај некои „експерти“ иако немаат доволни познавања во овој дел, свесно создаваат паника кај граѓаните и кај компаниите, дека ако се користел LNG се ќе поскапело, требало да менуваат уреди за користење на природниот гас и слично. Можам да кажам дека тоа е груба манипулација, никој не треба да менува ништо, самата кратенка “LNG“ значи втечнет природен гас, тоа е природен гас кој поради потребите на транспортирање се втечнува на многу ниски температури (-160o C) и се транспортира до одреден терминал. Суштината на терминалот е тој втечнет природен гас да го регасифицира и да го пушти низ постојните преносни системи на природен гас, значи тие што го користат нема да чувствуваат никаква разлика, ниту пак треба да прават некакви дополнителни инвестиции.

Треба да очекуваме дека ќе се зголеми улогата на LNG терминалите со цел диверсификација на снабдувањето со природен гас во ЕУ, и токму во таа насока се движи и нашето партиципирање во сопственичката структура на терминалот во Александропулис заедно со државите во регионот, токму како проект од стратешки интерес на ЕУ.

Енергетиката по пандемијата стана актуелна тема која предизивика загриженост, се донесе одлука за помош со субвенции за струја и парно. Колку не чинеше зимата?

-Лично сметам дека енергетиката постојано треба да е актуелна тема и секогаш треба одговорно да се однесуваме кон неа, бидејќи таа е двигател на економскиот развој на една држава. Доколку во изминатите 30 години, изградевме некој од големите стратешки производни објекти, како што се Чебрен, Бошков Мост, Гасна електрана во Скопје и други, денес многу полесно ќе ја поминевме кризата со високите цени, посебно приватните компании, јавните претпријатија, државните институции кои денес плаќаат неколку пати повисоки сметки за струја, бидејќи истите зависат од цената на регионалните берзи на електрична енергија. Доколку ги изградевме планираните проекти, домашното производство ќе беше значително повисоко од сегашното и можеше покрај обезбедување на ниска цена за граѓаните, истата да им биде понудена и на сите горенаведени субјекти. Министерот за економија и генералниот директор на ЕСМ одржаа заеднички прес за медиумите и граѓаните и ги презентираа точните бројки и не би сакал да ги повторувам или парафразирам. Можам само да потенцирам дека најголемиот товар падна токму на АД ЕСМ и значително ја намали неговата ликвидност и способност за инвестирање во нови производни капацитети.

РKE најавува воведување на реформа во тарифниот систем за електрична енергија, при тоа сподели дека 1% од потрошувачите трошат скоро 20% од енергијата што есм ја произведува од 41 евро за мегават час, додека на берза достигна 450 евра. Како ја оценувате реформата што се најавува?

-Имајќи предвид дека способноста на ЕСМ е намалена, поради причините наведени погоре во одговорите на прашањата, сметам дека неопходно е да се спроведе соодветна реформа која ќе биде одговор на постојната состојба која е неодржлива на долг рок. Во изминатите неколку години Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги е најдобра оценета комисија од страна на Секретаријатот на енергетската заедница во споредба со регулаторните тела кај сите земји членки, така да очекувам дека ќе направат квалитетни анализи и ќе предложат соодветно решение кое треба да биде прифатливо за сите чинители во енергетскиот сектор, вклучувајќи ги и потрошувачите. Имајќи предвид дека насекаде во Европа, државите ставаат акцент на поддршка на ранливите категории на потрошувачи со енергија, односно на тие потрошувачи на кои сметките за енергија им одземаат голем процент од нивните примања. Токму во таа насока треба да биде и реформата, оние домаќинства кои трошат помалку енергија да плаќаат помалку, додека оние кои трошат повеќе да плаќаат повеќе, тоа секако е поврзано и со стандардот на граѓаните. Дополнително во согласност со Законот за енергетика, Министерството за економија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, предлагаат Програма за заштита на ранливите категории, на кои со дополнителни мерки финансиски им се помага за намалување на енергетската сиромаштија.

Се подготвуваат законски измени во делот на поставување на фотоволтаици во домаќинстават кои ќе бидат придобивките на граѓаните? Дали моќноста до 4 кw за сопствени потреби е премалку и треба да се зголеми границата?

-Со донесувањето на Законот за енергетика во 2018 година и подзаконските акти, за првпат се воведе можноста за домаќинствата и индустријата да можат да постават фотонапонски електрани на своите кровови со цел обезбедување на сопствените потреби со електрична енергија кои вишокот од производство на електрична енергија би го продавале на својот снабдувач со енергија, без притоа да има потреба да регистрираат фирми и да обезбедуваат лиценци за производство на електрична енергија. Ова е дефинирано во Правилникот за обновливи извори на енергија донесен од Министерот за економија во 2019 година. Имајќи ја предвид постојната криза со високите цени на електрична енергија, во изминатиот период, Владата и Министерството за економија во соработка со Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги анализираа можност за зголемување на инсталираниот капацитет како кај домаќинствата, така и кај индустријата и истото очекувам да биде донесено овој месец или во текот на месец јуни. Дополнително важен елемент е дека со измените домаќинствата ќе може вишокот на електрична енергија да го продаваат и на Универзалниот снабдувач, односно на „ЕВН Хоум“. Имајќи во предвид дека граѓаните не издаваат фактури за продадената електрична енергија, Министерството за финансии ги подготви и потребните измени во законската регулатива, со која ќе се овозможи „ЕВН Хоум“ или кој било снабдувач, да може да биде даночен застапник во име на домаќинствата кои ќе ја продаваат електрична енергија токму на нив.

Б.М.

https://lokalno.mk/andonov-seriozni-evropski-kompanii-povtorno-pokazhuvaat-interes-za-chebren-ochekuvam-kvalitetni-ponudi/


Edited by user8642 - 07-May-2022 at 15:24
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15037
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Feb-2022 at 18:09
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 17-Feb-2022 at 18:11
Северна Македонија се позиционира како енергетска раскрсница во регионот.
Премиерот Ковачевски денеска присуствуваше на настанот по повод поставувањето камен темелник на 400 киловолтниот далекувод кој тргнува од трансформаторската станица „Битола2“ и ги поврзува електро преносните системи на Северна Македонија и на Албанија.
Проектот, како проект од Kоридорот 8, е со исклучителна регионална стратешка и капитална вредност. На овој начин го заокружуваме процесот на поврзување со електропреносните системи на сите наши соседни земји.





https://www.facebook.com/VladaMK
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 16-Feb-2022 at 23:23
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Feb-2022 at 10:47
Испад на далекувод и пожар се причините зошто сношти Скопје немаше струја

Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле. Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија, соопштија од АД МЕПСО

„Диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставија напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување“, наведено е во официјалното соопштение.

Од АД ЕСМ велат дека производството на електрична енергија од АД ЕСМ тече според предвидениот план за производство и согласно номинациите на ЕВН и другите потреби.

„Работат два блока во РЕК Битола, гасната електрана Енергетика во Скопје, еден котел во ТЕЦ Неготин, хидроелектраните според потребите и се презема и електричната енергија од ТЕ-ТО, согласно важечкиот договор. Нема никаков застој во производството и електраните се подготвени во секој момент да испорачаат потребни количини енергија во системот“, наведоа од таму.

Што се однесува до сстемот за парно греење во Скопје, од АД ЕСМ велат дека прекинот настанал поради прекинот на електрична енергија која е неопходна за работа на пумпите во топланите и на пумпите во зградите. Пумпите автоматски се вклучуваат при обновен доток на електрична енергија и е потребно извесно време за нивно подигање.

Од ЕСМ нагласија дека во зградите коишто се постари и со постар тип на топлотни пумпи, вклучувањето ќе се изврши рачно од страна на стручни лица.

https://meta.mk/ispad-na-dalekuvod-i-pozhar-se-prichinite-zoshto-snoshti-skopje-nemashe-struja
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-Feb-2022 at 10:37
Пожар кај трафостаницата во Пинтија причина што половина Скопје немаше струја



Пожар кај трафостаницата во Пинтија е причината поради која половина Скопје остана без електрична енергија, потврдуваат од МЕПСО.
– Детали се уште не знам, неофицијално проблемот е кај нас, сите екипи се на терен, се прават секакви обиди да се стабилизира снабдувањето со електрична енергија – вели Виолета Зајкова од МЕПСО.

Поголем дел од Скопје попладнево остана без електрична енергија, при што нема струја во Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров…

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/pozhar-kaj-trafostanicata-vo-pintija-prichina-shto-polovina-skopje-nemashe-struja/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Jan-2022 at 14:30
ОД ПРОЛЕТ НОВИ ПОСКАПУВАЊА НА ПЛИНОТ И НА СТРУЈАТА: Ќе следи ли енергетски шок и кај нас?

Откупната цена на природниот гас на европскиот пазар порасна за повеќе од 200 отсто од почетокот на оваа година, најмногу поради тоа што залихите на природен гас се за четвртина пониски од петгодишниот просек. Аналитичарите велат дека овој енергенс допрва ќе поскапува, а исти се прогнозите и за растот на цените на струјата. Додека има високи цени и за емисиите на CO2 на европскиот пазар, зголемена побарувачка за гас во Азија, особено ТНГ, како и руско-европските политички заплетки поврзани со пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2 исто така ја билдаат цената.

Деновиве цената на природниот гас е над 140 евра за мегаватчас.Игор Грозданиќ, хрватски експерт и енергетичар за Индек.хрвели дека тешко дека гасот ќе оди под 100 евра за мегават час, а дека многумина кои се надеваат дека ќе падне под 60 евра за мегаватчас се лажат.

„Сега цената е околу 140 евра.Значи поскапувањето е големо, но зборуваме за цената на индустрискиот гас. До април цената ќе биде како што е сега, а потоа ... Да речеме цените ќе бидат повисоки, а колку што ќе видиме никој нема кристална топка. Европа нема гас, не се наполнија складишта, а најголемиот проблем е што резервите на природен гас во земјите од Европската унија не се надополнуваат“, вели тој.

Во Македонија проблемот со набавката на гасот резултираше и со поскапување на парното, деновиве и намалуивање на топлината во радијаторите. Струјата исто така поскапе.

https://faktor.mk/od-prolet-novi-poskapuvanja-na-plinot-i-na-strujata-kje-sledi-li-energetski-shok-i-kaj-nas
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Dec-2021 at 18:25
ОД 1 ЈАНУАРИ СТРУЈАТА ЌЕ ПОСКАПИ ЗА 9,48 ОТСТО, СЕ УКИНУВА ДНЕВНАТА ЕВТИНА ТАРИФА, СООПШТИ РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА

Струјата од 1 јануари ќе поскапи за 9,48 отсто и ќе се укине днавната евтина тарифа. Директорот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски, на денешната прес-конференција за поскапувањето на струјата поради енергестската криза кажа дека успеале да ја намалат цената од она што го барале енергетските компании.

„Ова е една од најтешките одлуки кои ги донела Регулаторната комисија од своето постоење. Барањата на компаниите до Регулаторна беа цената да се зголеми за околу 38 отсто. Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме трошоци и Владата презема обврска да им помогне на компаниите во наредниот период“, рече Бислимовски.

Тој кажа дека се укинува само днавната евтина тарифа, а евтина струја и понатаму ќе има навечер и во надела. Ако не се укинела днавната евтина струја, тогаш поскапувањето ќе било 14,23 проценти.

„Дневната тарифа поради зголемена потрошувачка и зголемен увоз чини 100 илјади евра дневно. Овој товар нашиот енергетски сектор не може веќе да го поднесе и затоа се укинува дневната евтина тарифа. За овој чекор консултиравме голем број експерти и од сите добивме мислење дека тоа е неминовност“, додаде Бислимовски.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/od-1-januari-strujata-ke-poskapi-za-9-48-otsto-se-ukinuva-dnevnata-evtina-tarifa-soopshti-regulatorna-komisija/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.