build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 03-Mar-2010 at 14:38
Пуштен во функција новиот диспечерски центар на ЕЛЕМ

Во дирекцијата на АД ЕЛЕМ денеска е пуштен во функција новиот диспечерски центар за планирање, координирање и управување со производството на електричната енергија на електрани на Македонија, проект вреден 2,2 милиони евра.

Дополнително со овој нов диспечерски центар во непосредна врска е и новиот систем за далечинско мерење т.н "АМР"-систем кој е набавен и инсталиран во 2009 година од швајцарската компанија  “Телегир” со сопствени средства на електрани на Македонија во висина од 700.000 евра, рече првиот човек на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски.

“Диспечерскиот систем заедно со системот за автоматско далечинско мерење формираат комплексен систем за контрола, мерење, надзор и управување со производните капацитети во сопственост на државните електрани на Македонија со вкупна инвестициона вредност од околу 3 милиони евра”  додаде Чингоски.

Според премиерот Никола Груевски, станува збор за врна технологија која ќе обезбеди прецизно планирање и регулација на производството на електрична енергија за која Владата преку државната компанија ЕЛЕМ инвестираше 2,2 милиони евра.

“Овој диспечерски систем во иднина ќе има огромна важност, затоа што преку него континуирано ќе се следат временските проблеми, нивото на акумулациите, очекуваните количина на водени дотеци, ќе се пресметуваат потребите за електрична енергија во земјата, ќе се изготвуваат планови за производство на електрична енергија според потребите и многу други активности” рече Груевски.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=68972&kategorija=1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 06-Mar-2010 at 15:12
Големите води ги исклучија термоцентралите
За намалување на трошоците во работењето и заштеда на јаглен ЕЛЕМ во јануари го исклучил ТЕЦ „Осломеј“, а деновиве бил исклучен и еден блок на РЕК „Битола“
%20

За првите два месеца од годинава двојно е зголемен извозот на електрична енергија во споредба со увозот, што е резултат на максималната ангажираност на електроцентралите. Од ЕЛЕМ нагласуваат дека има висока искористеност на големите дотеци на вода, кои се на ниво на стогодишен максимум во земјата. Како што дознаваме, за да ги намали трошоците во работењето и да заштеди на јаглен, ЕЛЕМ од 1 до 15 јануари го исклучил ТЕЦ „Осломеј“ од производство, додека деновиве бил исклучен и еден блок на РЕК „Битола“.

Наспроти ова, дел експерти сметаат дека пропустот е направен уште во ноември-декември минатата година, кога Охридско Езеро не се празнело доволно, што потоа довело до поплавите. Доколку во овој период и во јануари електроцентралите работеа во „бант“, односно 24 часа со полн капацитет, проблемите со поплавите во Охрид ќе ги немаше. На тој начин езерото ќе се спуштеше за дополнителни 9 сантиметри и немаше да има никакви поплави ниту проблеми со подземните води, тврди експерт, кој сакаше да остане анонимен.

Тој додава дека сегашното прелевање на вода кај „Шпилје“ и „Глобочица“ значи директна загуба на пари. И поранешниот директор на АД МЕПСО Атанаско Тунески се сомнева дека високите коти на Охридско Езеро се предизвикани од неработењето на ХЕЦ „Глобочица“ со полн капацитет во периодот октомври 2009 - јануари 2010.

Увоз на струја
јануари - 33.728 мегават-часа
февруари -26.656 мегават-часа
вкупно - 60.384 мегават-часа
 Извоз на струја
јануари - 72.325 мегават-часа
февруари - 60.760 мегават-часа
вкупно - 133.085 мегават-часа

ЕЛЕМ ги отфрла тврдењата дека одговорноста за поплавите во Охрид и прелевањето на водата кај „Глобочица“ и „Шпилје“ лежи кај нив. Како поткрепа го наведуваат фактот што електроцентралите од 15 декември работат 24 часа под полна пареа, поради што и извозот на електрична енергија е двојно зголемен. Небулозно е тоа што некој упорно шири фама дека го форсираме увозот на електрична енергија, пред домашното производство. За ЕЛЕМ не е приоритет продажбата на електричната енергија туку стабилноста на водотеците и затоа се произведува максимум за да се потрошат акумулациите, тврдат од компанијата.

- Во јануари се продадени 72.325 мегават-часа електрична енергија, што е 100 проценти повеќе во однос на лани, бидејќи во јануари 2009 не сме продале ништо. Вкупно за јануари и февруари оваа година се продадени 133.000 мегават-часа - ни изјави Димитар Танурков, директор за производство на електрична енергија. Вишокот на произведена енергија се нуди за продажба по цена од 35-36 евра мегават-час. Од ЕЛЕМ нагласуваат дека лани цените биле повисоки околу 45-50 евра, но сега сите во регионот продаваат струја и затоа цените се пониски. Пресметките покажуваат дека благодарение на дождовите и високите дотеци од извоз на струја компанијата само во јануари и февруари заработила близу 4,7 милиони евра. Паралелно со зголеменото производство од ЕЛЕМ го намалиле и увозот за 20 отсто од претходно договореното. На тој начин се избалансирани давачките за увоз и извоз и одлевањето на средствата од државата е сведено на минимум, велат од компанијата.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3610939176&id=9&prilog=0&setIzdanie=21927
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 08-Mar-2010 at 01:17

ЕКОНОМСКАТА КРИЗА НЕ ГИ НАМАЛИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР


Хрватска и Србија атакуваат да станат лидери во енергетиката

Хрватска до 2020 година планира да вложи околу 15 милијарди евра, а Србија секоја година по милијарда евра за развој на секторот. Кај нас допрва треба да се реализира проектот за изградба на Чебрен и Галиште


Хрватска и Србија се подготвуваат да станат лидери во регионов по инвестициите во енергетскиот сектор. Економската криза не влијаела негативно во овој ресор, па така Хрватска до 2020 година планира да вложи околу 15 милијарди евра, а Србија секоја година по една милијарда евра. Како што најавуваат властите од двете земји, се подготвуваат да станат важен енергетски фактор, не само во регионов, туку и во Европа.

Хрватска во следниве четири години најмногу ќе вложи во обновливите извори на енергија, односно во правец кон Унгарија тие ќе градат електрани што ќе произведуваат струја од ветер.
Србија пак, интензивно вложува во енергетската инфраструктура, бидејќи таа е и транзитна земја, мост меѓу Русија и Средна Азија со земјите од Европа. Инвестициите во реконструкцијата на енергетските капацитети ќе достигнат милијарда евра во следните четири години. Нашиот северен сосед приоритет дава на реализацијата на Јужниот поток со што ќе се овозможат значајни количини на природен гас за европскиот пазар.

За разлика од соседните земји, Македонија која години по ред нема инвестирано речиси ништо во енергетскиот сектор, забрзано го турка вториот тендер за изградбата Чебрен и Галиште. Капацитетот треба да се гради околу три години, а инвестицијата се проценува меѓу 700 милиони евра и една милијарда евра.

Експертите предупредуваат дека ако не старуваат инвестициите, ќе ни се случи енергетски колапс, оти речиси сите капацитети се постари од 30 години. Тие реагираат дека се готват само тендери, а инвеститорите ги нема.
-Додека соседите бројат инвестиции од милијарди евра, ние едвај од милиони евра - реагираат тие, но признаваат дека светла точка е што од неодамна почна да работи првата когенеративна електрана којашто произведува електрична и топлинска енергија, инвестицијата вредна 3,5 милиони евра.

Во годинашнава програма за енергетика на Министерството за економија, централно место зазема Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година, којашто ја изготвија академиците од МАНУ, а Владата веќе ја одобри.
-Годинава интензивно ќе се работи на повеќе значајни стратегии, меѓу кои за енергетска ефикасност и за обновливи извори на енергија - велат од Министерството за економија.
Според нив, годинава за ХЕЦ Бошков мост ќе се продолжи постапката за прецизирање на моделот за инвестирање, за Вардарска долина ќе се изработи ажурирана физибилити студија за хидроенергетско поврзување на водниот потенцијал, а ќе се продолжи и со концесиите за малите хидроелектрични централи во групи од 30-40 локации.

Во делот на изградбата на интерконективните далеководи со соседните електроенергетски системи ќе продолжат активностите во врска со реализација
на врските со Албанија и Косово. Во делот на природниот гас ќе се интензивираат активностите за изградба на магистрални водови и гасификација на населените места. Годинава ќе се формира и Комисија за нуклеарна енергетика во РМ, која ќе треба да ги направи првичните подготовки за постапката и можноста за евентуална изградба на нуклеарна централа во земјава.


Валентина МАРЈАНОВИЌ


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CA92B4B3A80B2747AB60CC2022312155

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 724
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 08-Mar-2010 at 09:44
dali nekoj znae kade moze da se najde strategijata za razvoj na energetikata . Dali moze da se simne od nekoj sajt?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 08-Mar-2010 at 09:53
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 12-Mar-2010 at 15:29

Бесими: До 2020-тата 21 отсто од енергијата од обновливи извори


За да се зголемат капацитетите на обновливите извори на енергија неопходно е до 2020 година да се иградат големите хидроцентрали Чебрен, Галиште, Бошков мост, Луково Поле и Градец, што е голема енергетска инвестицијата од околу 1,2 милијарди евра. Ова беше вчера потенцирано на јавната расправа по Стратегијата за обновливи извори на енергија изработена од академиците на МАНУ, што е надополнување на Енергетската стратегија до 2030 година. Според министерот за економија, Фатмир Бесими, фокусот на Стратегијата е насочен во насока како земјава да го развие производството на енергија од обновливи извори и тоа вода, ветер, сонце, биомаса...
- Со оваа стратегија е предвидено до 2020 г. учеството на обновливите извори во вкупната енергија да достигне околу 21 проценти - рече Бесими, укажувајќи дека се работи за енергија која ќе биде произведена од големите и малите хидроцентрали, ветерните и соларните електрани, биомасата.

Академик Глигор Каневче објасни дека Стратегијата е работена паралелно со Стратегијата за енергетика до 2030 година.
- Енергетската заедница побара до 2020 година да го реализираме процентот од 21 отсто, оти во 2005 година тој изнесуваше само 13,8 процент, што ја вбројува Македонија меѓу земјите со најниско учество на искористетност на обновливата енергија - нагласи Каневче објаснувајќи дека ЕУ во моментов посебен акцент става на биогоривата.

Каневче укажува дека според одредени сценарија можно е до 2020 година некоја од големите хидроцентрали да не бидат изградена.
- Распределбата на енергијата во 2020 се планира да биде и тоа: 34,1 процент на големите хидроцентрали, на малите 5,2 проценти, на енергијата добиена од ветер 3,9 проценти, додека на биогоривата 10 проценти, а на биотермалната енергија 6 проценти - објасни Каневче.
Големите хидроцентрали треба да обезбедат 2.000 гигават часови електрична енергија, а од малите хидроцентрали ќе се добива околу 300 гигават часови.

http://vecer.com.mk/?ItemID=A0F07A99470F6C4B891E4DD40DDDC4E1
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 724
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 17-Mar-2010 at 15:32

Decki, bi ve zamolil za mala pomos. Vrsam nekoe istrazuvanje za upotrebata na biomasata vo Makedonija pa mi trebaat podatoci vo vrska so zakonskata regulativa i potencijalite kaj nas

. Dali bi mozele da me upatite na nekoi web stranici kade mozam poveke da doznam za toa. Blagodaram odnapred

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 17-Mar-2010 at 20:06
Има гориво дизел што се произведува од маслодајна репка но незнам во какви рафинерии се преработува. Знам дека пред една година еден франциски патнички авион ЕРБАС имал пробен лет со гориво произведено до маслодајна репка односно биогориво. Во министерстовото за земјоделие мислам дека се работи или нешто има изработено некакви си подзаконски акти за органско производство. Органското производство-неговите закон се обврска за донесување според директивите на ЕУ па види на веб страницата на министерството на земјоделие(јас ја незнам).
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 19-Mar-2010 at 03:13

Во РЕК “Битола“ пуштен во работа новиот багер “Дреглајн“ вреден 2,2 милиони евра
18 МАРТ 2010

Денеска, на монтажното плато во површинскиот коп “Суводол“ на РЕК “Битола“, во присуство на менаџерскиот тим на АД ЕЛЕМ и РЕК “Битола“, во работа беше пуштен багер, “Дреглајн ЕШ 10/70“, наменет за ископ на цврст материјал.



Новиот багер, втор од ваков вид во рудниците на РЕК “Битола“, има носивост на корпа од 10 метри кубни, должина на работна стрела од 70 метри и брзина на движење 0,2 километри на час.


Багерот е монтиран на монтажното плато во површинскиот коп “Суводол“ на РЕК “Битола“ за 28 недели, односно 37 дена пред предвидениот рок, а по завршувањето на пробната работа, во функција ќе биде во новиот површински коп “Брод - Гнеотино“.

Испорачувач на опремата за оваа рударска машина е фирмата “РАНЕКС“ од Белград, монтажните работи ги извршуваше “КОЛУБАРА-МЕТАЛ“ од Вреоци, Република Србија а надзорот на монтажата го водеше стручен тим на РЕК “Битола“.

Вкупната инвестициска вредност на новиот багер- “Дреглајн ЕШ 10/70“ изнесува 2,2 милиони евра, средства на АД ЕЛЕМ.

Фото: Сашо Ристевски,

Текст: соопштение на АД ЕЛЕМ


http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/12040--22-.html

Edited by гитардемон - 19-Mar-2010 at 03:15
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 22-Mar-2010 at 05:50
МАКЕДОНИЈА | 21.03.2010
Македонија може да заработува на заштита на климата



Неискористени можности за остварување добивка
Македонија, како потписник на меѓународниот „Кјото-протокол против климатските промени“, презеде обврска, но и конкретни активности, да го намали количеството од 14 милиони тони јаглероден диоксид и други гасови.

Борбата против климатските промени и за намалување на испуштањата на јаглеродниот диоксид во атмосферата од индустријата, автомобилите и од други извори е приоритет на се‘ повеќе држави и меѓународни организации и форуми во светот. Во македонското министерство за животна средина се наоѓаат во различна фаза на изготвување девет проекти според таканаречениот „Механизам за чист развој“, произлезен од меѓународниот „Кјото“ – протокол за заштита од климатските промени.



Според министерот за екологија Неџати Јакупи, „македонската економија треба да го темели својот развој врз еколошки устроена и рационализирана потрошувачка на енергија“.

Од биомаса и шумски отпад – еколошки чиста енергија

Во овој контекст тој дополнува:

„Во овој претпристапен период, и до започнувањето и по започнувањето на преговорите за зачленување во Европската унија, енергетската ефикасност ќе биде еден од главните приоритети на Владата, но и на сите државни институции. Претстои приспособување на македонското законодавство кон законодавството на Европската унија во однос на животната средина. Во овој поглед ќе ги користиме и искуствата на Република Словенија.“
Македонскиот министер за екологија Неџати Јакупи

Седум милиони евра ќе инвестира фабриката за хартија „Кочани“ во истоимениот град во енергетиката и екологијата. Заменик – управителката Оливера Јорданова вели:

„Проектот ’Од биомаса до енергија’ има за цел да го замени постојниот бојлер, кој работи со мазут заради добивање пареа, потребна заради производството на хартија. Преку согорувањето биомаса , земјоделски отпадоци и дрвен отпад, се очекува значително намалување на емисијата на штетни гасови: таа би се свела приближно на 29.705 тони јаглероден диоксид годишно од постојните повеќе од 30 илјади тони.“

Теодора Грнчаровска – Обрадовиќ, државен советник во ресорното министерство и национален координатор за климатски промени, посочува кои алтернативни енергетски извори ќе се користат во Македонија, како и на одделни проекти:

„Има неколку проектни идеи за рехабилитација на термоцентралата во Битола, проекти за употреба на обновливи извори на енергија – малите хидроелектрични централи, ветровата енергија, геотермалната енергија ... Потоа, претстои изработка на проектна документација за добивање енергија од користењето лозови прачки при производството на биомаса во Неготино. Во фабриката ’Тетекс’ во Тетово е навестено дека ќе се подготвува проект за искористување на шумскиот отпад како енергенс за замена на мазутот и јагленот во котларницата.“

„Македонија произведува 14 милиони тони стакленички гасови годишно“

Наташа Марковска, професорка во Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали во Македонската академија на науки и уметности, изнесува колкаво е сегашното загадување на атмосферата со јаглероден диоксид од Македонија:

„Во Македонија се произведуваат околу 14 милиони тони јаглероден диоксид – еквивалент годишно. Кандидатскиот статус за неа како земја значи дека таа ќе треба да ги применува сите заложби на Европската унија, дека со тоа ќе се наметнат ограничувањата во емисиите на јаглеродниот диоксид, тие да бидат на европско рамниште.“

Д – р Марковска предупредува:

„Ако економијата се развива според некое сценарио, кое не вклучува мерки за намалување на емисиите на јаглероден диоксид и други стакленички гасови, ние би имале 3,6 отсто просечна годишна стапка на пораст на тие емисии. Меѓутоа, ако во развојните планови се вклучат и мерки за смалување на испуштањата на тие гасови, тогаш стапката од 3,6 отсто може да се сведе на 1,4 проценти годишно.“

„Когел - Север“ – „првата ластовичка“ што ќе тргува со „јаглеродни кредити“

За неколку месеци треба да стартува со работа 20 милиони евра вредната инвестиција во гасната централа „Когел – Север“, лоцирана во комплексот на „Рудници и железарница“ во Скопје. Оваа когенеративна централа ќе произведува електрична и топлинска енергија од природен гас. Ќе се зафаќа и отпадната топлина од работењето на постројките. Сета таа топлина ќе се дистрибуира до „Топлификација“ во главниот град за затоплување на домовите и јавните објекти. Како прв проект во Македонија и во регионот, целосно изведен согласно со „Механизмот за чист развој“ од „Кјото – протоколот“, оваа гасна централа ќе заработува годишно околу 1 милион евра и од продажбата на така наречените „јаглеродни кредити“.

Александар Гечовски, директорот на „Когел – Север“ одговара на прашањето, што значи ова?



„Ние би требало да имаме годишно за околу 90 илјади тони намалено производство и испуштање на јаглероден диоксид. Е, сега, има пазар, на кој фирмата ’Камко’ од Австрија ќе биде наш брокер и ќе ги продава овие сертификувани, потврдени намалувања на емисии на јаглероден диоксид во атмосферата на некоја фирма, на пример, на некоја термоелектрана во Германија, според цени што ќе бидат во моментот на пазарот. Таа странска фирма мора законски да го намали своето производство на јаглероден двооксид за одреден процент, но и која нема можност тоа да го оствари. Таа термоелектрана има економски мотив за таа година да ги откупи овие количества на редуциран јаглероден доиксид. Практично, ова значи дека таа ги купува од нас правата да емитува јаглероден диоксид.“

Македонија, како потписничка на „Кјото – протоколот“ од продажбата на овие „јаглеродни кредити“ - сертифицирани кредити за редукција на емисиите на јаглерод диоксид, односно на потврдените намалувања на испуштањата на јаглероден диоксид и други стакленички гасови во воздухот, би можела да заработува, според одредени проценки, од 24 – 36 милиони евра годишно. Меѓутоа, овие активности, кои се предмет на интензивни бизниси во светот, вредни стотици милиони евра, во Македонија се наоѓаат само во иницијална фаза. „Когел - Север“ ќе биде „првата ластовичка во тоа јато“, првата македонска компанија што добива можност од Обединетите нации да тргува со јаглерод диоксид и да заработи од тоа. Меѓутоа, засега во земјата има само мал број експерти кои можат да и‘ помогнат на индустријата со свои советодавни услуги во оваа област.

Исто така, според убедувањата на експертите, со конкретната примена на „Механизмот за чист развој“ низ проекти и еколошка технологија во компаниите за намалување на емисиите на стакленички гасови, Македонија би можела да започне да добива и суми мерени со десеттици милиони евра годишно од фондот од 7,2 милијарди евра, кои Европската унија ги издвојува за борба против климатските промени и глобалното затоплување.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Жана Ацеска                                                               



http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5376002,00.html?maca=maz-TB_maz_dnevnik_KOPIE-4629-html-cb
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 724
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 23-Mar-2010 at 12:50
Kolku i da ne gi pocituvm novnarskite tekstovi, ovoj ja pogoduva celta. Navistina imame moznosti da nastapime na pazarot so CO2 krediti. Sreka nasa sto nemame razvieno golema ekstenzivna industrija sto ispusta mnogu CO2, i toa ni dava manevarski prostor. Gldam deka i vladata ima sens za toa. Golemi potencijali, da kazam samo eden primer, ima vo posumuvanjeto an golinite. ili vo veke postoeckite sumi, koi ne se stopanisuvat efikasno i posle secite ostanuva golem otpad, koj so izvesni vlozuvanja moze da se upotebi kako biomasa. Postojat dosta organizacii i firmi nadvor koi baraat mesta da investiraat. Samo ne teba da bideme lakomi kako drzava, i da im dozvolime i tie da zarabotat. Vo sekoj slucaj nema da bideme vo minus. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 30-Mar-2010 at 00:54

ЕЛЕМ инвестира во нови капацитети

Набавка на рударска опрема за површинскиот јагленокоп „Брод-Гнеотино“, изградба на ХЕЦ „Света Петка“, модернизација на ТЕЦ Битола, истражување на резервите на јаглен во Мариовскиот басен, се дел од инвестициите што ги спроведува АД ЕЛЕМ. Површинскиот коп „Брод-Гнеотино“ треба да го продолжи работниот век на РЕК Битола најмалку за уште две децении. Во почетокот на април годинава се планира рударската опрема да влезе во функција, а до крајот на истиот месец да заврши монтажата на уште еден багер во површинскиот коп „Суводол“.

Како што соопшти АД ЕЛЕМ, на хидроцентралата „Света Петка“ завршени се ископите на телото на браната, темелот на машинската зграда и регулацијата на речното корито.

http://dnevnik.com.mk/?itemID=5277285D0FC4F5449FD867CB12DB6473&arc=1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 01-Apr-2010 at 16:54
Избрани најповолите понуди за изработка на техничка документација за гасоводниот систем во земјава

Скопје, 1 април (МИА) - Избрани се најповолните понудувачи за изработка на техничката документација за проектот за магистрална линија на гасоводниот систем во Македонија на јавниот оглас кој содржеше четири пакети, а беше објавен на 18 декември минатата година.

Како што соопштуваат од Министерството за транспорт и врски, за изработка на техничка документација на ниво на Основен и Изведбен проект за магистралниот гасовод од Клечовце до Неготино во должина од околу 100 км, за најповолна е избрана понудата на „Прима Инженеринг“ ДОО, од Скопје.

За изработка на техничка документација за Основен и Изведбен проект за гасоводот од Неготино до Битола во должина од околу 100 км, за најповолна е избрана понудата на ОАД „Укргазпроект“, од Киев, Украина. Оваа компанија е избрана за најповолен понудувач и за изработка на техничка документација на ниво на Основен и Изведбен проект за магистрален гасовод од Чвор Штип до Чвор Хамзали во должина од околу 60 км.

За изработка на техничка документација за Основен и Изведбен проект за магистрален гасовод од Чвор Хамзали до Стојаково во должина од околу 50 км, за најповолна е избрана понудата на конзорциумот Diwi Consulting International GmbH, од Есен, Германија и „ДИВИ Консалт Интернационал Македонија“, од Скопје.

Избраните најповолни понудувачи, како носители на јавната набавка ќе имаат обврска во рок од 12 месеци по склучување на договорите да ги изработат проектите, чија вкупна вредност за четирите пакети изнесува 166.174.475 денари без ДДВ.  

На меѓународниот оглас, се пријавија вкупно седум конзорциуми и компании. Понуди доставија МЗТ Пумпи АД – Скопје и „Институт Јужниигипрогас“ – Украина, Diwi Consulting International GmbH – Германија и Диви Консулт Интернационал Македонија – ДООЕЛ – Скопје, ДИК „Чакар - Партнерс“ – Скопје, Градежен Институт Македонија – Скопје и „КАТ ПЛУС“ – Кичево, „Балкан Консалтинг“ ДОО – Скопје, „Прима Инженеринг“ ДОО – Скопје, „IDOM Ingeneria y Consultoria S.A“ – Шпанија и  ОАД „Укргазпроект“ – Украина.скс/ва/12:11
                                                                                                                                                         http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=72777361&lId=1&pmId=504  

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 07-Apr-2010 at 13:42
МЕПСО почна со реконструкција на Националниот диспечерски центар

Македонскиот електро преносен систем оператор (МЕПСО) ја почна реконструкција на Националниот диспечерски центар преку што оваа компанија го управува електроенергетскиот систем во Македонија.

Во реконструкцијата ќе биде вклучена замена на постоечката синоптичка табла на која е претставена високонапонската мрежа, сигнализацијата на вклопната состојба поврзана со системот СКАДА, дигитални и аналогни инструменти преку кои се врши надзор на производството, потрошувачката и пренос на електрична енергија.

“Во реконструкцијата АД МЕПСО инвестира околу 350.000 евра. Со ова вложување АД МЕПСО ќе добие современ диспечерски центар со кој ќе се врши надзорот и управување со електроенергетскиот систем на Република Македонија, а воедно е во согласност со сите стандарди пропишани од меѓународните енергетски организации како што е ЕНТСО Е ( Асоцијација на националните систем-оператори) во која е член АД МЕПСО“, соопштуваат од компанијата.

Опремата и новите инструменти кои ќе бидат инсталирани се произведени од светски реномираната компанија БАРКО.                                                                                                                                             http://www.time.mk/read/1a8ff0e1cf/5783272a97/index.html 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 22-Apr-2010 at 07:06

За енергетиката ни требаат од 4 до 5 милијарди евра

Усвоена Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година

Долгорочен развој на енергетскиот сектор со цел сигурно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија предвидува новата Стратегија за развој на енергетиката во Македонија до 2030 година, што ја усвои Владата на завчерашната седница.

„Со донесувањето на Стратегијата Македонија влегува во групата земји што имаат јасни и прецизни цел и план, како да создадат стабилен, одржлив и ефикасен енергетски систем, како и интегриран енергетски пазар што подразбира прилив на инвестиции во енергетскиот сектор“, изјави министерот за економија Фатмир Бесими.

Тој истакна дека станува збор за најзначајниот стратегиски документ што има цел да се справи со сите предизвици на глобализацијата, со кој ќе се поттикнат енергетската ефикасност и користењето на чиста, обновлива енергија.

При утврдувањето на потребите од енергијата во земјата, во Стратегијата се анализирани две сценарија: основно сценарио и сценарио на засилени мерки за енергетска ефикасност. Во првото сценарио се земени предвид веќе преземените мерки за енергетска ефикасност, како и обврската до 2015 година цената на електричната енергија да се зголемува додека не се достигне пазарната висина, како и реализација на мерките од Националниот акциски план за енергетска ефикасност (НАПЕЕ), со заштеда на енергија во износ од 33 проценти до 2020 година. Според основното сценарио, растот на енергетскиот сектор до 2020 година се предвидува да биде со просечна стапка од 2,64 проценти.

Во второто сценарио се предвидуваат дополнителни мерки за енергетска ефикасност, за секој сектор одделно. Се очекува спроведување на поставената цел од НАПЕЕ, преку реализација на сите планирани мерки до 2016 година и подолго со донесување нови мерки за заштеда на енергијата. Според ова сценарио, со засилени мерки за енергетска ефикасност потребите од финална енергија до 2020 година ќе растат со просечна годишна стапка од 2,2 проценти.

„За реконструкција и за изградба на нови енергетски објекти се планирани средства во износ од четири до пет милијарди евра, во зависност од сценариото што ќе се реализира“, соопшти вчера Министерството за економија.

Со овие приоритети во Стратегијата долгорочниот енергетски развој ќе се постигне со одржување, ревитализација и модернизација на постојната и изградба на нова, современа инфраструктура за потребите на производство, ќе се подобри енергетската ефикасност во производството, преносот и во користењето на енергијата, како и користењето на домашните ресурси (резерви на лигнит, хидроенергетски потенцијал, ветерна и сончева енергија) за призводството на струја. Во приоритетите се наведени и зголемувањето на употребата на природен гас и на обновливите извори на енергија, воспоставување на економска цена на енергијата, интегрирање на енергетскиот сектор на Македонија во регионалниот и во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, со изградба на нови конекции и со усогласување на законодавството со постојната правна регулатива на ЕУ. (М.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=251D85C73DF6BF4180C9A8895EF20A6A
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 22-Apr-2010 at 21:50
„Зелените милијарди“ - недостапни за Македонија
 
Тешко доаѓаме до пари од меѓународните фондови за климатски промени, зашто ни е недоречена законската регулатива и немаме Национален совет за одржлив развој, сметаат експертите  
 
%20  
Македонија не може да користи пари од меѓународните фондови за климатски промени тешки стотици милиони долари, поради недореченоста во постојната законска регулатива, немањето подзаконски акти и некоординацијата во изработката и претставувањето на проектите пред меѓународните институции и фондови, велат експертите.

- За да ја заштитиме планетата треба да се дополнат и да се изменат одредени законски акти и да се формира Национален совет за одржлив развој. Без тоа државата не може да конкурира за проекти за климатски промени, ниту пак, да користи кредити или донации од меѓународните финансиски институции - предупредува Томе Костадиновски, експерт за енергетика и климатски промени.

Неопходна е интервенција во неколку законски акти, вели Костадиновски. Законот за градежни производи, вели тој, донесен уште во 2006 година, не е во функција зашто не се донесени подзаконските акти за негово спроведување. На Законот за енергетика и правилникот за енергетска ефикасност на згради им недостига методологија за пресметки, со што е одложена нивната примена до 2011 година. А енергетиката, земјоделството и градежништвото се трите сектори, кои имаат најголемо влијание врз климатските промени и планетата Земја.

Надлежните државни органи тврдат дека регулативата е добра, а апликациите за користење на овие средства ги поднесуваат самите компании. Како пример го посочуваат осовременувањето на производството во „РЕК-Битола“, со што оваа компанија ќе може да повлече „зелени пари“ од странство. Досега, пари по основа на редукција на емисиите на јаглероден диоксид и заштита на климата користи единствено когенеративната централа „Когел- север“.

За поголема искористеност на меѓународните фондови за климата се залага и невладиниот сектор. Од „Заедно за климата“ предлагаат воведување „зелена гилотина“, по урнекот на постојната регулаторна гилотина, со која ќе се поедностават и олеснат административните процедури за добивање чиста енергија како и пристапот до фондовите.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42210103473&id=10&prilog=0&setIzdanie=21965

Edited by Cloverstack - 22-Apr-2010 at 21:51
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 23-Apr-2010 at 12:40
SO KOI PARI KJE GRADAT ELEKTRANA SO IMA E NA OVIE BOLNI SE IZGLEDA SAMO ZA KRADENJE GI BIVA A ZA GRADENJE IC.cccc od ovaa nasa vlada i nasive politicari samo gluposti.koja mizerija se

Нуклеарка во Мариово, сепак, ќе се гради


Владата не се откажува од плановите за изградба на нуклеарна централа во Мариово. За вицепремиерот Пешевски сопствена нуклеарка е подобро решение отколку да се закупи струја од нуклеарката „Белене“  
 
%20  
Секоја година по еден нов енергетски објект. Од аспект на инвестициите, вака може да се опише новата енергетска стратегија на Македонија со важност до 2030 година. Во документот прецизно се наведени и роковите кога сите овие, хидроцентрали, термоцентрали или гасни централи треба да се изградат, што државата ќе ја чини помеѓу 4 и 5 милијарди евра. Дел од нив ќе гради државата, додека за другите ќе се бараат странски инвеститори. Власта е убедена дека проекциите ќе се остварат. Колку за споредба, во изминативе 20 години (последната стратегија е донесена во 1995 година) е изградена само електроцентралата „Козјак“. Со новата стратегија се предвидува и поинтензивно воведување на гасните централи.

- Стратегијата претставува документ што треба да и помогне на Владата во носењето одлуки, но тоа не е единствен документ на кој оваа или идните влади ќе се базираат при носењето инвестициски одлуки во делот на енергетиката. Разгледуваме и други стратегии што се правени за регионален развој, така што кога ќе се земат сите предвид сметам дека реализацијата на проектите во стратегијата ќе се случи во предвидените рокови. Дури за некои проекти сум оптимист дека ќе се направат и порано од предвиденото - вели вицепремиерот Владимир Пешевски.


Тој сепак нагласува дека уште отсега е јасно дека некои од проектите ќе доцнат по година-две, а можеби и повеќе.


Според министерот за економија Фатмир Бесими, во стратегијата се предвидуваат две сценарија, од кои првото предвидува дека потребите за енергија до 2020 година во Македонија ќе се зголемуваат за 3 отсто годишно, додека второто сценарио, со зголемена енергетска ефикасност, предвидува порастот да биде 2,5 отсто на годишно ниво. Владата не се откажува ниту од плановите за изградба на нуклеарна централа во Мариово. За вицепремиерот Пешевски сопствена нуклеарка е подобро решение отколку да се закупи струја од нуклеарката „Белене“ во соседна Бугарија, како што предлагаат дел експерти.


- Изградбата на нуклеарка, освен снабдување со енергија, ќе значи и можност за голем број нови вработувања во земјата - ни изјави Пешевски.


Сепак, како што вели министерот Бесими, за изградба на нуклеарка треба да се запазат и строгите меѓународни прописи и да постои консензус во државата и согласност од соседите. Изработката на стратегијата од страна на МАНУ, државата ја чинеше 200.000 евра, што според власта не е многу, бидејќи една обична студија чинела близу 500.000 евра.




Ќе плаќаме колку Европејците?

На нашето прашање за порастот на цената на струјата со новата стратегија, министерот Бесими одговори дека во иднина нема да има регулирана цена односно понудата и побарувачката ќе ја одредат цената.

- Може да се инсистира до 2015 цените да бидат и понатаму вештачки ниски, со што ги одвраќаме потенцијалните инвеститори или да се приспособуваме постепено кон европскиот пазар - вели Бесими.

Македонските граѓани досега плаќаа цена што е трипати пониска од просечната во ЕУ, или за 50 проценти пониска од соседните земји. Според вицепремиерот Пешевски, од август или септември годинава ќе почне и реализацијата на п роектот за енергетска сиромаштија, со кој на социјалните случаи државата ќе им плаќа по 10 евра од сметката за потрошена електрична енергија.



Кога и што ќе се гради

2011 -изградба на хидроцентралата „Св. Петка“
2014 - когенеративна централа ТЕ-ТО на ЕЛЕМ
2015- хидроцентрала „Бошков мост“
2016- Галиште и Луково поле
2017 - Градец
2019- Термоцентрала „Битола 4“ и „Чебрен“
2021- хидроцентрала „Велес“
2022 - термоцентрала „Мариово“
2024 - термоцентрала „Неготино“ и „Битола 1“
2026 - термоцентрала „Битола 2“
2026 - нуклеарна електроцентрала во Мариово

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=423101027585&id=10&setIzdanie=21966


Edited by lslcrew - 23-Apr-2010 at 13:28
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 03-May-2010 at 07:51
“Осломеј“ прославува 30 години

РЕК “Осломеј“ денес слави 30 години од вклучувањето во електроенергетскиот систем на Република Македонија.

Денешната свеченост ќе биде одржана во подружницата во Кичево. На неа свое обраќање ќе има генералниот директор на компанијата “Електрани на Македонија, Влатко Чингоски, информираат од ЕЛЕМ.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=71486&kategorija=2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 03-May-2010 at 18:19

Термоелектраната Осломеј за 15 години ќе работи на плин

Рудникот Осломеј -запад со залихи од 13 милиони тони јаглен овозможува првата термоцентрала во земјава изградена пред 30 години да работи уште 15 години.

Според долгорочните планови за инвестиција во овој енергетски капацитет кој годишно произведува близу 600 гигавати часови електрична енергија, од 2025 година ќе работи на плин. Потврдија првите луѓе на ЕЛЕМ, денеска на одбележувањето на тридецениското производство на електрична енергија,од ТЕЦ Осломеј.

За Електрани на Македонија овој рударско енергетски комбинат е еден од приоритетните во земјава. Има инсталирана моќ од 125 мегават часови и има произведено 15 илјади и 135 гигават часови на електрична енергија.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=60122
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 03-May-2010 at 19:03
Ако планираат да работи на плин тогаш досега работела на угљик! Дај нека научат бе јазик!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.189 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.