build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Енергетика (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Енергетика (општо)
    Posted: 19-Mar-2008 at 04:47
ЕВН постави нови трансформатори во Скопје (мисла ова е соодветна нишка - ако не, мрдајте сори)

ЕВН- ЕСМ со нови трансформатори во Скопје

Два нови 110- киловолтни трансформатори со зголемен капацитет се инсталираа во трафостаницата „Запад“ во Скопје, информираат од ЕВН- ЕСМ. Нивната вкупна моќност од 63, се зголеми на 80 мегаволтампери. Со оваа инвестиција се подобрува снабдувањето во западниот дел на Скопје, особено во населбите Капиштец, Тафталиџе, Нерези, делови од населбите Карпош и Влае, како и села од општините Кондово и Сарај, кои се на 35- киловолтно напонско ниво. (М.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F06AED7644C5DD4EAE9065B17B5940C2


Edited by pbanks - 26-Mar-2008 at 23:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12400
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Apr-2008 at 09:06
Иако текстов звучи скромно, ова е прилично значаен проект Cheers

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=92F97E9D2626FB4AA1AE0B3FE27B086D

МЕПСО го изгради далноводот Штип-Црвена Могила

МЕПСО информира дека го изгради 400-киловолтниот далновод Штип-Црвена Могила, до македонско-бугарската граница, со што го исполни својот дел од проектот. Поставени се 193 челично-решеткасти столбови на траса долга 71,2 километри на македонска територија, со почеток од 400 киловолтната трафостаница во Штип до македонско-бугарската граница во реонот на Кратово.

Далноводот поминува на териториите на општините: Штип, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка. Оваа интерконекција ќе биде предадена во употреба откако бугарската страна, чии работи се во тек, ќе заврши со градба на далноводот на нивна територија. (Ек.Р.)



Edited by Cloverstack - 30-Apr-2008 at 09:06
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Apr-2008 at 10:08
Готов 400-киловолтниот далновод кон Бугарија

Македонија го изгради 400-киловолтниот далновод од Штип до македонско -бугарската граница, кој ќе биде пуштен во употреба кога и Бугарија ќе ја обезбеди потребната инфраструктура за електроенергетско поврзување. Од Македонскиот електропреносен систем оператор(МЕПСО)соопштија дека на трасата долга71,2 километри сега се поставуваат алуминиско-челичните јажиња за пренос на струја. Далноводот поминува низ општините Штип, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка.Изградбата почна во 2006 година, а изведувач е германската компанија САГ. Овој капитален проект е финансиран од кредитна линија на Европската банка за обнова и развој со 29,5 милиони евра. МЕПСО за една година доби два 400-киловолтни далновода, кон Грција и кон Бугарија. Овој далновод е од огромно значење за стабилноста на системот и за снабдувањето со струја. Ова е прва 400-киловолтна врска на исток и ќе ги замени постојните 110-киловолтни далноводи - велат во МЕПСО.
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12400
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Apr-2008 at 10:15


Ама ти не читаш, директно постираш Bash Big%20smile
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Apr-2008 at 10:22
Добро ама мојот е од дневник твојот од утрински..... Shifty Shifty Shifty  DohDohDoh
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12400
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Jul-2008 at 10:36
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1463&ArticleID=95417

ИНТЕРВЈУ: АТАНАСКО ТУНЕСКИ, УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Само нуклеарна централа ќе не спаси од скапата струја

Цената на струјата ќе се зголеми, а доколку струја немаме доволно, никој нема да има одговорност пред граѓаните. Ваква ќе биде енергетската реалност, објаснува Атанаско Тунески, професор на Машински факултет. Тој појаснува дека Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО), кој досега се грижеше за редовно снабдување со струја, сега ја нема лиценцата за снабдување со електрична енергија. Од друга страна, Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) сега се во позиција да произведуваат и да продаваат струја. Ова, како и самиот факт дека цената на струјата не е зголемена од 2006 година, ќе го поскапи енергентот, кој на светските берзи оттогаш доживеа повеќекратно зголемување. у Како ги коментирате новите измени на Законот за енергетика?
- ЕЛЕМ со новите измени ќе произведува, ќе купува и ќе продава. Не е јасно како ќе се прави ова бидејќи диспечерскиот центар преку кој се следи сето производство, сета потрошувачка и сиот извоз на електрична енергија се наоѓа во МЕПСО. Лиценцата за снабдување со електрична енергија, која досега ја посетуваше МЕПСО, сега ја нема никој. Не е јасно кој ќе биде одговорен за снабдувањето со електричната енергија. Ова е сериозен пропуст. До сега МЕПСО се грижеше да има струја насекаде и во секое време. Сега никој нема да биде крив ако нема струја. Со новите измени во Законот за енергетика, на ЕЛЕМ му се даде право да купува и да продава, но не и законска обврска да се обезбеди струја за населението во доволни количества. у Владата рече дека е потребно да се зголемат производните капацитети. Имаме ли за тоа потенцијал?
- Реално не постојат причини зашто ЕЛЕМ не би можел да ги задоволува потребите за електрична енергија. Во периодот од 2000 година до 2006 година, ЕЛЕМ произведуваше 6.330 гигават-часа електрична енергија годишно и со тоа ги задоволуваше потребите за струја за населението и малото стопанство. Во 2007 година произведе само 5.500 гигават-часа, а во 2008 година најавите се дека ќе произведе дури и помалку од ова. Недостигот од овие 1000 гигават-часа ја чини Македонија речиси 100 милиони евра. Ако ЕЛЕМ го задржи своето просечно производство од 2000 до 2006 година, тогаш нема да има потреба од увоз на струја. Сегашната цена на увозната струја е над 100 евра за мегават-час, што значи дека непотребно се одлеваат 100 милиони евра. у Дали ова е основната причина за огромниот трговски дефицит?
- Увозот на електричната енергија и нафтата се клучни причини за огромниот трговски дефицит. Намаленото производство на ЕЛЕМ од околу 15 проценти, зголемената цена на увозната струја од 100 проценти од пред две години, доведе до огромни и неоправдани трошоци за државата у Во каква состојба е енергетскиот систем?
- Резервите на јаглен во РЕК „Битола“ се доволни за уште пет години експлоатација. Во меѓувреме, мора да се активира наоѓалиштето Брод - Гнеотино, што ќе обезбеди јаглен во наредните околу 10 години. Но, за помалку од 20 години веќе нема да може да се прави струја од домашен јаглен и ќе мора да се увезува. Сега треба да се направат анализи дали е економски поисплатливо Македонија да почне да увезува јаглен за потребите на РЕК „Битола“ пред да се потрошат домашните резерви. Според мене, подобро е како од безбедносни, така и од политички причини уште сега да се почне со увоз на јаглен. у Во Бугарија веќе се гради нуклеарна централа, а има најави за нуклеарна централа и во Лерин. Каде сме ние тука?
- Македонија мора да реагира. Првото од можните решенија е да учествува во изградбата на нуклеарната централа во Белене, Бугарија, и да има сопствен дел од таа електрана. Со тоа ќе добие многу поевтина електрична енергија. Нуклеарната електрична енергија е повеќе од двојно поевтина од струјата произведена од мазут и од увозен јаглен и двојно поевтина од увозната струја. Македонија во 2008 година за увоз на електрична енергија дала околу 250 милиони евра, од кои околу 100 милиони за потребите на населението и малата индустрија и околу 150 милиони евра за големата индустрија. Доколку располагаме свој дел од електричната централа во Белине, значително ќе заштедиме во увоз на електрична енергија. Исто така, може да учествуваме во изградба на наши енергетски објекти. За пет години со издвојување на само 50 милиони евра од буџетот годишно, што е само 2 проценти од буџетот, ќе може да имаме енергетски објект со капацитет од 250 мегавати.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12400
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Aug-2008 at 22:15
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7A05208DCF740349962D35F8BEDC2E6A

Италијанци ќе прават струја од ѓубрето во Дрисла

Италијанскафирма е заинтересирана за производство на електрична енергија од сметот од депонијата Дрисла, велат во „Комунална хигиена“.Според Златко Димовски, директор на јавното градско претпријатие, како енергенс за создавање електрична енергија ќе се користи метанот што се создава при скапување на ѓубрето. Италијанците треба да изработат студија за економска оправданост и исплатливост на проектот.Проектот ќе се оствари преку јавно-приватно партнерство. Потпишан е меморандум на ниво на држави за таква соработка. Објавен е тендер во Торино, на кој е избрана фирмата која сака да ја користи Дрисла за производство на електрична енергија - вели Димовски.„Комунална хигиена“ ќе се согласи да се даде депонијата под концесија ако се задоволат еколошките стандарди за заштита на околината

- Жителите од околината на Дрисла треба да добијат бесплатна струја. На фирмата да и' се даде „зелена“ цена на електрична енергија, односно да биде поевтина и покрај високите трошоци за производство. Потребно е државата да го стимулира ова производство за да биде конкурентно на пазарот со електрична енергија - вели Димовски.До крајот на годината ќе се направат промени во работењето на Дрисла за да се задоволат најстрогите еколошки стандарди за депонија. Распишан е тендер за санација на Дрисла, со хоризонтални цевки за исцедокот на ѓубрето, но и вертикалните цевки низ кои ќе се спроведува гасот.Во Дрисла дневно се носат 450 тони комунален смет, а просторот за депонирање смет е со површина од 30 хектари.Во „Комунална хигиена“ најавуваат проект за селектирање на пластичната амбалажа од сметот. Се предвидува дека ќе се собираат по четири тони пластика дневно. Имаме 12 вработени што го селектираат отпадот. Пластичната амбалажа ќе се складира во боксови под натстрешница, а потоа ќе се балира - вели Димовски.

(А.П.)





http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=62E635B1A66BFB40A91CCD9FB32BEDA1

Италијанци заинтересирани да произведуваат струја од гасот во „Дрисла“

„Комунална хигиена“ од потенцијалниот партнер ќе побара да инвестира во депонијата

„Комунална хигиена“ ќе соработува со италијанска фирма која е заинтересирана да произведува електрична енергија од гасот на депонијата „Дрисла“. Во моментов во јавното претпријатие очекуваат во Италија да биде избрана фирма која ќе изработи физибилити студија за оправданоста на инвестицијата во „Дрисла“, по што може да се очекува создавање на приватно-јавно партнерство. „Комунална“ од потенцијалниот партнер ќе побара да инвестира во депонијата во контролирање на исцедокот од сметот, во премостување на изворот на чиста вода која сега се меша со отпадот и во најважниот дел, искористување на гасот што се создава од распаѓањето на комуналниот отпад.

Како што информира директорот на „Комунална хигиена“, Златко Димовски, во „Дрисла“ може да се произведува електрична енергија која ќе ги задоволува потребите на околните населени места и која би требало да има посебна, пониска, т.н. „зелена“ цена. Заради еколошкиот ефект кој ќе се добие со искористувањето на гасот од „Дрисла“, но и со регулирањето на исцедокот, приватниот партнер треба да добие и стимулации од државата и од Градот.

„По пропаѓањето на преговорите со јапонската фирма ’Шимицу’, веднаш започнавме разговори со друга фирма од Италија, која е заинтересирана за истиот проект. Потпишан е и меморандум за соработка и очекуваме, кога ќе им заврши тендерот да дојдат и да им ги кажеме нашите услови. Мислам дека ова е доста профитабилен бизнис во други држави, а ќе има и позитивен бенефит и за ’Дрисла’ која ќе добие модерен лик“, вели директорот Димовски. (С.Н.)


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12400
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Sep-2008 at 20:46
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98255

Без инвестиции опасност за системот

natasa-stojanovska.jpg Наташа Стојановска Коментари (1)   
29.09.2008 15:43
Козјак

 

Секоја минута измината без инвестиции во енергетиката е сериозна опасност за стабилноста на системот.

Ревитализација, модернизација но и отворање на нови термо, хидро - капацитети, рудни наоѓалишта. Без ова, само ќе се бројат дефекти.

„Јас мислам дека е е една минута до дванаесет за да почнат инвестициите во енергетиката, изјави Григор Каневче, академик.

Инвестициите одамна ги нема.

„Имавме интензитет до 70 и 83 година со изградбата на третиот блок требаше тоа континуирано да продолжи но се се сведе само на изградба на ХЕЦ „Козјак“, вели Илија Андонов Ченто, академик.

Македонија со години не направи добра енергетска стратегија. „Си дозволивме да трошиме и јаглен и се без да размислуваме за развој“, рече Благоја Георгиевски, рударски инженер

Експертите порачуваат да се следат странските примери.

„Во Норвешка семеен бизнис се малите хидроцентрали. Се обучуваат земјоделците како да изградат и тие да користат“, вели Илија Андонов Ченто.

Но тука е и албанското сценарио. Со генератори во секој дом. Власта уверува дека тоа нема да ни се случи нам.

Во меѓувреме проектите чекаат во фиоките, а повисоката цена на струјата ќе биде запишана на сметките од ноември.





http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98269

Енергија за иднината се создава во Белене

mladen-cadikovski.jpg Младен Чадиковски Коментари (0)   
29.09.2008 19:28
Проектот за атомската централа чини 4 милијарди евра

 

Мало гратче на бугарско-романската граница со огромен потенцијал да стане енергетски џин на Балканот. Што претставува атомската централа во Белене? А1 на местото на настанот.

Фронтмените на атомската централа не пречекаа со порака - Македонија мора навреме да се пријави и да закупи струја ако сака да ја избегне енергетската криза.

„Може да се водат отворени разговори за Македонија да си учествува со свои средства во изградбата на проектот. Било дали ќе биде во вид на процентно учество, или во вид на авансно плаќање на електрична енергија која подоцна ќе се користи. Постои можност за тоа“, изјавија од атомската централа.

Изградбата почна месецов - чини четири милијарди евра. Инвеститор е бугарската компанија „Нек“ со 51 процент. За останатите 49%, битка бијат германски РВЕ и белгиски „Електрабел“.

Овој проект не мина без контроверзи. Противниците, екологистите сметаа дека нуклеарните централи се опасни жаришта.

Раководството уверува дека Белене е последен крик на модерната технологија, а граѓаните се надеваат дека нема да биде балкански Чернобил.

„Франција има 50 нуклеарни централи, никој ништо не се пожалил. Една дури има и во Париз и сите си живеат мирно. Ова е добра инвестиција во нашиот град, добра перспектива, многу млади ќе се вратат во градот“, велат граѓани на Белене.

На ова место за пет години треба да се подигнат двата реактора на најголемиот проект во енергетиката на Балканот.

„Сакаме да се заштитиме од променливите цени на нафтата и јагленот. Едноставно да бидеме во состојба на независност од надворешните извори на енергија“, рекоа од централата.

Речиси сите земји во регионот се соочуваат со ист проблем. Недостаток на струја, истрошени термо централи, слаби водни ресурси.

Изградбата на нуклеарните централи беше само идеја која не дочека да биде ставена ниту на хартија. Во Македонија предизвикуваше дебата само во академските кругови.

Многумина сметаат дека изградбата на нуклеарната централа може да претставува пресвртница во енергетската стратегија и за другите земји во опкружувањето.


Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Oct-2008 at 18:21
Големина на фонт: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Државата најави изградба на мали хидроцентрали по течението на реката Вардар и започнување на разговори за учество во нуклеарната централа Белене.

Проектот кој е целосно изработен ќе почне да се реализира набргу и за него ќе се бара стратешки партнер кој ќе може до крај да ја истера оваа голема инвестиција образложи директорот на Електрани на Македонија Влатко Чингоски.

Според планот најпрво ќе се изгради една до две хидроцентрали, а парите кои ќе се остварат од продажбата на струјата ќе бидат вложени во изградбата и на преостанатите. Планираното производство на струја од хидроцентралите треба да достигне 325 мегавати и годишно производство на струја од 1.000 гигават часови.

Проектот според планот треба да заврши за десет години посочи Чингоски според кого владата бара инвеститор кој веќе има искуство во изградба и раководење на каскадни хидроцентрали.

Тој најави дека државата активно ќе се вклучи и во проектот Белене, како еден од начините на подолг рок да се реши проблемот со енергетската криза со која се соочува Македонија и целиот регион.

„Владата сериозно размислува да разговара со партнерите од Бугарија да види кои се условите и дали тие услови одговараат на потребите на Република Македонија, но да бидеме јасни дека самата одлука да учествуваме во нуклеарката во Белене не значи дека треба да запреме со другите развојни проекти во Република Македонија. Нормално ако успееме да добиеме одредена количина на енергија од Бугарија ќе биде од помош за енергетската стабилност“ изјави Чинговски.

Експертите се на мислење дека проектот Белене на земјава ќе и овозможи да добива струја која ќе биде за околу 60 проценти поефтина од досегашната. Кој од неколкуте модели кои стојат како опции ќе го прифати Македонија ќе зависи од какви услови ќе ни понуди Бугарија.

„Тоа е дискутабилно со оглед на тоа што цените на сите енергенси и на опремата постојано расте во светот. Сепак она што може да го понуди нуклеарната енергија е нешто поевтино од сите други извори особено од нафтата и гасот“ рече Чинговски.

Струјата во Македонија ќе поскапи најмногу за еден месец, но сеуште не е познато колку. Според надлежните се чека одлуката на Регулаторната комисија која треба да се достави до нив. Во прилог на поскапувањето се изјаснуваат и од Здружението на енергетичари.

„Гледајки го целото опкружување цената на електричната енергија е на ниско ниво и би требало да оди нагоре за да се изедначи со соседството. Само така може да се отвори реален пазар каде сите ќе имаме исти услови за купување на електрична енергија“ рече Илија Хаџидаовски од Здружението на енергетичари.

Во Охрид почнувајќи од денеска, во наредните три дена, ќе се одржува Меѓународно советување за енергетика на кое ќе бидат презентирани околу сто научни трудови на експерти од земјава и странство.

Мики Трајковски
http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/5828.html
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-Oct-2008 at 08:43

ЕВН-МАКЕДОНИЈА


Милион евра за трафостаница во Куманово


ЕВН - Македонија вчера ја пушти во употреба новата реконструирана 110кВ трафостаница "Куманово 1", преку која со струја ќе се снабдуваат околу две третини од граѓаните во Куманово. Компанијата за обновата на трафостаницата вложи еден милиони евра.
Потребата за реконструкција на високонапонската трафостаница е од поодамна, поточно од хаваријата настаната во 1993 година кога биле опожарени 20 киловолтни постројки. Оттогаш овој инвестициски зафат бил неколку пати одложуван поради недостиг на пари, како и поради техничката сложеност на реконструкција.
- Сега проблемот е надминат. Во трафостаницата е имплементирана најсовремена опрема, вклучувајќи и уреди за далечинско управување.

Вработените на ЕВН Македонија направија натчовечки напори целата реконструкција да се изведе под напонски услови или кога потрошувачката е на минимално ниво во ноќните часови, со цел потрошувачите да не останат без електрична енергија за време на техничките зафати - соопштуваат од ЕВН-Македонија.

 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1C518F1662561D4B9BAC5E88FDEB6CFB
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5281
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Oct-2008 at 15:40
не ми текнуваше каде да го сместам ова мислам дека имаше нишка за обновливи извори на енергија ама не ја најдов

Италијанска фирма сака македонски отпад

Италијанската компанија „Космо груп“ е заинтересирана да инвестира во рециклирање отпад во Македонија. Градоначалници од повеќе македонски градови од југозападниот дел, меѓу нив и градоначалникот на Дебар - Аргетим Фида, при престојот во Италија потпишале писмо за намери со италијанската фирма.

- Во првата фаза се предвидува рециклирање на 50 проценти од урбаниот отпад од пластика, хартија, стакло и метал, а во втората целосно рециклирање на сиот отпад, кој ќе се користи за производство на електрична енергија. За таа намена би се изградиле три мали термоелектрани од по 4 до 6 мегавати. Една термоелектрана би требало да биде во Скопје, една во источниот и една во западниот дел на Македонија - изјави Фида. Се проценува инвестицијата за двете фази да биде од 250 до 300 милиони евра.

- За Дебар, но и за цела Македонија ова значи чиста околина, но и нови вработувања - вели Фида. За првата фаза преговорите ќе ги водат општините, а за втората фаза Владата, која била запозната со иницијативата.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=61E2DB1B43F61E4AB0E74DE5160CC7D5
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Nov-2008 at 00:19
Инвестиција од 2,85 мил. евра во трафостаница
МЕПСО инвестираше 2,85 милиони евра во трансформатор во скопската населба Бутел. Инвестицијата е реализирана со пари од Светска банка - 2,23 милиони евра, а МЕПСО вложил 620.000 евра.

Овој трансформатор е специјално конструиран за потребите на мрежата на МЕПСО. Со новиот трансформатор ќе се подобрат напонските прилики на 110-киловолтно ниво и ќе се обезбеди постабилна работа на електроенергетскиот систем. Со монтажата и пуштањето во работа на овој трансформатор е завршена втората фаза од проширувањето на оваа трафостаница со уште еден трансформатор.

http://vecer.com.mk/?ItemID=32D2007BFF4BD5479EE71893E161EA17

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Nov-2008 at 23:23
Инвестиции во енергетски проекти


Во земјава има потенцијал за влез на странски инвестиции во енергетскиот сектор, особено во инвестиции насочени кон енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Ова вчера го изјави Атанас Србиновски, директор на Македонската агенција за енергетика на вчерашната работилница што се одржа во Скопје во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ.

Во дел од презентацијата учествуваше и новоформираната Австриска развојна банка ОеЕБ која понуди нови можности во земјава за финасирање на инфраструктурни и енергетски проекти.
Србиновски ги повика инвеститорите да вложуваат во проекти со кои ќе се подобри енергетската ефикасност на нашите општини.

Оливер Валтер од Одделението за инвестициски финансии на Австриската развојна банка кажа дека нивна целна група се пазарите на земјите во развој, а на приоритетната листа е ставена и нашата земја, бидејќи ваквите инвестиции сеуште не се нудат од страна на комерцијалните банки.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E23A290BDDC99A4CA516E5442EB9D847


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Nov-2008 at 02:59
МАНУ ПОРАЧУВА
Итно да се инвестира во нови термоцентрали

Времето на евтина струја, поради скапиот увоз, изминува, и државата итно мора да инвестира во нови термоцентрали, порачаа вчера академиците на МАНУ. Нивните анализи покажуваат дека околу 80 отсто од потребите на струја Македонија ги задоволува од увоз, по цени и до трипати повисоки од домашното производство. Констатираат дека производството од домашните капацитети е недоволно, а скапиот увоз само ќе ја турка нагоре цената за потрошувачите.
"Треба да се инвестира во нови капацитети за да ја намалиме зависноста од увоз, оти цената на струјата од увоз ќе се зголемува. Таа сега се движи околу 110 евра и е трипати поскапа од она што му се признава на ЕЛЕМ. Значи, цената на струјата сигурно ќе расте. Но тоа не е проблем само во Македонија туку е присутен во сите европски земји каде што тенденција е цената на струјата да се израмни со 70 евра за мегават-час, а цената на струјата во земјава се движи околу 30 евра за мегават-час", изјави вчера академик Томе Бошевски.
Критики за македонскиот енергетски систем, како и за недоволната независност на Регулаторната комисија за енергетика има и во извештајот на Европската комисија, за што академикот Глигор Каневче вели:
"Факт е дека Регулаторната комисија работи добро. Не може да се постигне целосна независност на телото, бидејќи овие тела никаде не се сосема независни. Но Комисијата работи максимално професионално".
Академиците посочија и дека изградбата на нови капацитети ќе ја засили и стабилноста на енергетскиот систем во државава.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=159363&idg=8&idb=2519&rubrika=Makedonija


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Nov-2008 at 00:13

Македонија станува зависник од увоз на струја

Земјава стаса до ситуција да увезува 80 отсто од потребите за струја, која е три пати поскапа од домашната

Маја Томиќ


Во државата се увезува струја во се' поголеми количини, што заедно со нафтата се едни од главните причини за растечкиот трговски дефицит, кој за девет месеци годинава достигна рекордни 2,2 милијарди долари. Владата мора да преземе итни мерки за да го стопира постојаниот раст на овој увоз и да прави напори за зголемување на домашното производство.

„Ако не можеме да ги скратиме количествата на нафтата, тогаш сигурно дека може да се интервенира кај струјата. Треба да се запрашаме зошто толку многу електрична енергија увезуваме и по се' повисоки цени, што граѓаните потоа индиректно ја плаќаат. Дали домашните капацитети не можат да ги задоволат потребите или, пак, струјата се користи нерационално. Ако е така, тогаш крајно време е да почнеме рационално да ја користиме, затоа што за кусо време може да биде доцна и земјава ќе влезе во енергетска криза. Владата мора со време да најде лек за проблемот“, вели професорот Ванчо Узунов.

И академиците на МАНУ во петокот се огласија во врска со енергетската ситуација. Тие, генерално, констатираа дека лошото, односно недоволното домашно производство на струја и понатаму ќе биде причина за големиот увоз и за раст на домашната цена, која од ноември е поскапа за 13,6 проценти. Според нив, домашните капацитети произведуваат недоволно електрична енергија, што е главната причина потребите во земјава да се задоволуваат со се' поскапиот увоз. Веќе Македонија стаса до ситуцијата да увезува 80 отсто од потребите за струја, а увозните цени се три пати повисоки од струјата што е произведена дома. Затоа, академиците и' порачуваат на Владата итно да ги ревитализира постојните капацитети, но и да вложува во нови енергетски објекти.

„Едно е сигурно, цената на увезената струја на пазарот постојано расте. За разлика од цената на нафтата која се менува, или се зголемува, или паѓа, очигледно е дека кај електричната енергија нема шанси да го сопре трендот на пораст“, вели академик Томе Бошевски.

Со последниот тендер за увоз на струја на ЕЛЕМ, државата побарува 350 ггвч. за периодот од јануари до април 2009 година. За тоа треба да се платат околу 30 милиони евра, бидејќи просечната цена на еден мегават-час е 90 евра. Од ЕЛЕМ изјавија дека задолжително ќе се набават 80 ггвч., а остатокот ќе биде понуден на „ЕВН Македонија“. Овие количества се значително поголеми од набавките во претходните години. На пример, за периодот мај 2007 година - април 2008 година, беа побарани 240 мегавати, при просечна цена од 72 евра за еден мгвч. На крајот на минатата година МЕПСО објави тендер за набавка на 578 мегават-часа струја за цела 2008 година, при максимална цена од 109 евра за мгвч.. Тоа по кусо време се покажа за недоволно, па затоа во март годинава беше распишан тендер за интервентен увоз на уште 211 мегават-часа, со просечна цена од 86 евра за мегават-час, за што требаа да се платат уште 18 милиони евра. Тогаш од МЕПСО објаснуваа дека во 2008 година нема да ни треба толку струја, затоа што големите потрошувачи веќе сами ја увезуваат на пазарот.

Втората причина за помалите набавки беа што ЕЛЕМ, во согласност со измените во Законот за енергетика, ќе му испорачува на „ЕВН Македонија“ помалку струја по регулирана цена, само 11 отсто од загубите, а не како претходно - 24 отсто.

Инаку, за цела 2006 година државата побаруваше 269 мегават-часа струја, со просечна цена од 45 евра за мгвч. за што се платија околу 120 милиони евра. Тоа беше двојно повеќе од парите дадени за увоз на струја во 2004 година.

Според професорот Атанаско Туневски, со тоа што државата од пред една година нема обврска да ги снабдува со струја големите компании, кои трошеа 40 проценти од целата струја, домашните капацитети треба да ги задоволат потребите на земјата. Но, очигледно дека производството не е ни приближно толкаво колку што ни треба. Туневски објаснува дека ако ЕЛЕМ работи со максимум капацитети и ако произведува околу 6.000 гигават-часа струја, како што постојано тврдат од компанијата, тогаш увозните количества треба да се сведени на минимум. (М.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=69C37E11F4D729428BB39FD767741D44

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 17-Nov-2008 at 03:10

Македонија е енергетски неефикасна земја

Максимално да се искористат водните потенцијали и обновливите извори на енергија и што повеќе да се користи природниот гас, порачуваат академиците

Македонија е енергетски неефикасна земја. Губи премногу енергија, долго не инвестира во нови енергетски капацитети, поради што е увозно зависна. Ова е заклучокот на истражувањето на Македонската академија на науките и уметностите за домашниот енергетски сектор, кое ќе биде основа за создавање национална стратегија за енергетика.Академиците предупредуваат дека ако не се подобрат постојните енергетски извори и не се изградат нови, ќе се соочиме со забавување на целата економија, огромен трговски дефицит и недостиг од ресурси.

- Со оглед дека цената на енергијата ќе расте, може да се заклучи дека и во 2020 година ќе имаме многу високи трошоци за енергија во однос на развиените земји. Тоа ќе ја намали конкурентноста на нашата економија - вели академик Глигор Каневче.Македонија увезува 80 отсто од потребната енергија. Од увоз се снабдуваат вкупните потреби од нафта и нафтени деривати и природен гас, како и дел од електричната енергија.

- Едно е сигурно, цената на увезената електрична енергија на пазарот постојано расте. Цената на нафтата може да се менува. Но, цената на електричната енергија нема да го сопре порастот - вели академик Томе Бошевски.

КЛУЧОТ Е ВО ГАСОТ

Според анализата на МАНУ, треба да се искористат максимално водните потенцијали, јагленот и обновливите извори на енергија (мали хидроцентрали, сончева енергија, ветерот и биомасата). Државата треба да ги обезбеди сите предуслови за поголемо искористување на природниот гас. Долгорочно гледано, според МАНУ, Македонија не треба да отфрла опции за инвестирање во енергетски капацитети во регионот и изградба на нуклеарна централа.Еден од главните предизвици, според експертите, е да се намали потрошувачката на струја во домаќинствата. Посебен проблем претставува тоа што во Македонија, голем дел од домаќинствата се греат на струја.

- Учество на електричната енергија во домаќинствата е повеќе од два пати поголемо во однос на другите европски земји. Карактеристично за европските земји е големото учество на потрошувачката на природниот гас во домаќинствата. Кај нас, се уште не се користи природниот гас во домаќинствата и поради тоа два пати е помало учеството на нафтените деривати во однос на развиените земји. Во таа смисла треба да се преземат мерки за воведување на природниот гас во домаќинствата и за поголемо учество на нафтените деривати, како течен нафтен гас и масло за ложење на сметка на електричната енергија - се вели во првичниот извештај на академиците.

Од аспект на потрошувачката на енергијата во индустријата, посебно е анализирана челичната индустрија. Експертите посочуваат дека клучно е однесувањето на мал број на компании, енергетски интензивни и силно зависни од движењата на светскиот пазар на челик и легури. Вкупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија, ако се исклучат овие големи потрошувачи, во последните 17 години расте со просечна стапка од 2,02 отсто.

УЗДИ ЗА ГОЛЕМИТЕ ПОТРОШУВАЧИ

- Мора да се зауздаат големите компании, чија потрошувачка на електрична енергија од 2003 година наваму расте за дури 11 отсто годишно. Ако се изземат тие, растот на потрошувачката кај остатокот од индустријата е релативно прифатлив - вели академик Бошевски.Професорите и' порачуваат на Владата да усвои долгорочна стратегија за енергетика и да подготви акциски план за забрзан економски развој во кој детаљно ќе биде прецизирана улогата на државата во енергетскиот сектор.

- Целосно да се искористи гасоводот и постепено да се воведат пазарни цени на енергијата. Индустријата треба да се преструктуира, да се подобри еколошката состојба и да се зајакнат кадровските и институционалните капацитети - порачува академик Каневче.

Според сценариото за развој на електроенергетскиот систем, кое го подготви академик Томе Бошевски, Македонија до 2020 година ќе мора да ги изгради планираните хидроцентрали во Бошков мост, Црн Камен, Галиште, Чебрен и Велес со вкупна инвестиција од 1,3 милијарда евра. Трите гасни централи: „ТЕ-ТО“ Скопје, „Железара“ и ЕЛЕМ треба да се пуштат во погон до 2013 година. До 2025 година треба да почнат да работат и сите планирани термоцентрали на јаглен од длабински јамски коп: „Битола 4“, „Неготино“ и „Мариово“.

За термоцентралите, академик Бошевски предвидува дека ќе биде потребна инвестиција од скоро две милијарди евра. Паралелно со изградбата, ќе се исклучуваат постојните термоцентрали „Неготино“, „Осломеј“ и „Битола 1 и 2“.

ИНФО-Не се штеди

Македонија троши премногу енергија, не се штеди и не се користат обновливите извори. МАНУ препорачува Владата да усвои итно стратегија за енергетика со акциски план. За изградба на нови хидро- и термоцентрали, се потребни повеќе од три милијарди евра инвестиции.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=90A45A53B4E611488479A50FD6674F89


Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5281
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Nov-2008 at 15:15
инаку, што туку кукаат за ова дека 100% ќе сме биле зависни од увоз кога пишува дека новата те-то ќе придонесува за 30% од потрошувачката во македонија. или пишуваше 30% од производството не се сеќавам, сепак како и да е рек битола е 60% од струјата во македонија, така што ако тие заедно сите се 20% од потрошувачката, колку ни треба нам струја? кој ни дава колку 4 цели рек битола (тие 80% шо ги увезваме)
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Nov-2008 at 15:19
Гитардемон, зависноста не се мери така како што мислиш. Според таа логика треба ние воопшто ништо да не произведуваме за да бидеме 100% зависни. Зависноста се пресметува поинаку и тој процент не кажува колкав процент од енергијата што се користи во Македонија е увезена! Тој процент претставува сосема друго, но нема воопшто да го објаснувам моделот на кој се пресметува пошто може да го утнам објаснувањето, а и не ми е јасно до крај.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5281
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-Nov-2008 at 15:29
па добро, тогаш што би значело 100% зависна од увоз? дека секогаш ќе ни треба увоз за да го задоволиме моменталното побарување, а додека 80% зависна значи дека во 80% од времето сме зависни од увоз, а 20% е доволно она што сами го произведуваме? дај ми барем линк на интернет да го најдам ова да научам, пошто на англиски неможам да замислам како би се викало. dependence on electrical power import?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Nov-2008 at 17:45
ЕЛЕМ: Производтсвото на струја задоволувачко

Трите енергетски блока на ТЕ “Битола“ во октомври произведоа за 6 % повеќе електрична енергија од планираната, согласно енергетскиот биланс за 2008 година, односно од почетокот на годинава досега. Со тоа производството на електрична енергија е поголемо за 2 % од зацртаното согласно енергетскиот биланс на државата, соопшти денеска ЕЛЕМ.

“И рудникот ’Суводол’ во изминатиов период покажува добри производни резултати и континуирано, без посериозни проблеми ги задоволува потребите на термоелектраната со јаглен. Покрај фактот што површинскиот коп Суводол е на крајот на својата експлоатација, а новиот коп Брод-Гнеотино во фаза на отварање, во РЕК ’Битола’ не се чувствува недостиг на јаглен. Напротив, депонијата има преку 300.000 тони  резервен јаглен, количини што одамна не се забележени во овој период од годината.

Ова е само уште еден аргумент повеќе, кој го потврдува фактот дека РЕК ’Битола’ сосема спокојно влегува во годинашната грејна сезона. Добрата погонска подготвеност на блоковите,  по ремонтите, и резервите на јаглен на депонија се добра гаранција дека и во наредниот период, во услови кога  во државата расте потребата од електрична енергија,  Комбинатот ќе продолжи со сигурна и континуирана работа,  и ќе го оствари производството кое од него се очекува според  енергетскиот биланс. Доколку продолжи сегашниот континуитет на производство, до крајот на годината, трите термоблокови се очекува значително да го натрфлат зацртаниот план“, се вели во информацијата до јавноста која ја проследи ЕЛЕМ.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=44435&kategorija=2

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.