build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Енергетика (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 01-Aug-2011 at 16:59
Рекордна потрошувачка на струја во јули


Корисниците на ЕВН Македонија во месец јули во просек трошеле околу 14 милиони киловат часови дневно. Тоа е за над 3 отсто повеќе во споредба со истиот месец изминатите неколку години. Најголема потрошувачка на струја е регистрирана на 15 Јули и тоа 15,3 милиони KWh.

Ако на тоа се додадат и индустриските потрошувачи кои директно користат од МЕПСО, потрошувачката во Македонија достигнала и до 21 милион киловат часови дневно.

Сразмерно на потрошувачката во државата и во главниот град е забележана поголема потрошувачка во јули во споредба со истиот период лани. Во Скопје во просек дневно се трошеле 4,8 милиони KWh.

И покрај зголемената потрошувачка не се забележани сериозни проблеми во снабдувањето, информираат од ЕВН Македонија. Сепак оттаму порачуваат на разумно користење на електричната енергија, особено поради користење на уреди за ладење во конзумни подрачја каде во зимно време не се користи електрична енергија за греење.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=89744&kategorija=2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 04-Aug-2011 at 17:14
ЕВН Македонија ја реконструира мрежата во Чаир
04 август 2011   12:49 GMT

ЕВН Македонија информира дека  почна со реализација на планираните инвестиции во oпштина Чаир, при што во населбата Топанско поле планирано е да се реконструира ниско напонскатa мрежа, да се постават нови приклучни кабли  и да се изврши дислокација на мерните места.

„Со комплетната замена на дотраената нисконапонска мрежа од дрвените со бетонски столбови и поставување на кабелски сноп со вкупна должина од три километри, ќе се добие значително подобрување на напонските прилики и поголема сигурност и  безбедност во снабдувањето со електрична енергија“, се наведува во соопштението.

Истовремено се најавува дека до крајот на месецот ќе се заокружи и реализацијата на проектот за изградба на 10 kV кабелски вод Чаир, во должина од еден километарр, кој се простира по булеварите Цветан Димов и Џон Кенеди.

Вкупните инвестиции во двата проекта изнесуваат околу 400 000 евра.

http://daily.mk/cluster3/d2190228d6934f5628d034c842c9a949/851060
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 05-Aug-2011 at 15:36
image

ЕВН Македонија интензивно ја реконструира дистрибутивната мрежа во центарот на Велес, соопштуваат од компанијата. Во две фази наредните месеци ќе се менува старата нисконапонска  мрежа. Ќе се постават нови кабелски водови со поголем пречник, а старите дрвени столбови ќе бидат заменети со нови бетонски. Ќе се изврши и реконструкција на дел од старите трафостаници во кои ќе бидат вградени трансформатори со двојно поголема моќност. Вкупната инвестиција за реконструкција на мрежата е 5 милиони денари

http://www.time.mk/read/8d0a6629cc/625498ec09/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 15-Aug-2011 at 06:46

ЕЛЕМ го натфрли производството, ќе има доволно струја

Во првото полугодие од годинава производството е поголемо за 7 отсто од планираното

Маја Томиќ

„Електрани на Македонија“ во првото полугодие од годинава испорача над 3.330 гигават-часа електрична енергија во електроенергетскиот систем, што претставува реализација на околу 55 отсто од планираното производство според Енергетскиот биланс за 2011 година. До крајот на јуни е регистрирано натфрлување на производството во однос на планираното за над 7 проценти.

Така, сите хидроелектрани произведоа повеќе од 736 ггвч. Струја, или за 5 проценти повеќе во однос на планот за овој период од годината. Во првите шест месеци се реализирани 60,6 проценти од хидропроизводството предвидено за целата тековна година.

И термоелектраните „Битола“ и „Осломеј“ во шесте месеци испорачаа над 2.594 ггвч. струја со што го натфрлија планираното производство за околу 8 проценти. Или, испорачаа повеќе од 53 проценти од вкупното термопроизводство планирано за годинава. „Поголемото производство на струја од планираното кај сите термо и хидроелектрани на ЕЛЕМ е резултат на оптималното управување со капацитетите, добрата хидролошка состојба, техничката кондиција, солидната погонска подготвеност на објектите, квалитетно извршените ремонтни зафати на термоблоковите и посветеноста и залагањето на сите вработени вклучени во производниот процес на електрична енергија“, нагласуваат од компанијата.

Сите расположливи производствени капацитети испорачуваат електрична енергија во согласност со потребите на системот, а доколку продолжи ваквата тенденција од почетокот на јануари, се очекува 2011 година, да заврши со произведени над 6.000 ггвч. електрична енергија.

„Нивото на акумулациите е на задоволително ниво и во наредниот период не се очекуваат какви било тешкотии околу испораката на електрична енергија од хидроелектраните“, нагласуваат од ЕЛЕМ.

Додаваат дека е во тек модернизација и автоматизација на вториот блок на ТЕ „Битола“, што трае од почетокот на јули. Предвидените активности ќе се одвиваат до октомври, со што ќе се реализира втората фаза од капиталниот проект на ЕЛЕМ за модернизација на турбоагрегатите на овој најголем енергетски капацитет.

Инаку, модернизацијата започна минатата година со првиот блок, а се очекува да се комплетира идната година со третиот блок на термоелектраната.

Оваа најголема инвестиција од изградбата на комбинатот во 1988 година, вредна 55,9 милиони евра, ја изведува руската компанија „Силовие машини“ и нивниот подизведувач „Сименс“ - Хрватска, според принципот клуч на рака. Модернизацијата и автоматизацијата на турбоагрегатите на ТЕ „Битола“ е насочена, пред се', на зголемување на доверливоста на работата на термоелектраната и продолжување на нејзиниот експлоатациски век за најмалку уште 120.000 работни часа. Истовремено, со тоа ќе се зголеми инсталираната моќност на секој од трите агрегати на ТЕ „Битола“ за дополнителни 8,32 мегавати по блок, односно вкупно 25 мегавати за трите блока, што ќе резултира со зголемување на производството на струја за 160-200 ггвч. на годишно ниво, без зголемување на потрошувачката на јаглен.

По успешно завршениот редовен ремонт на третиот блок на термоелектраната, РЕК „Битола“ ќе работи со два агрегата на мрежа и без проблеми ќе испорачува електрична енергија потребна на електроенергетскиот систем на државата за овој период од годината.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EE0D389D98B2AC44A9E20A5BD791D920
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 17-Aug-2011 at 20:15

Без стабилен енергетски сектор нема економски развој

Од владината програма

коз
Енергетиката има силно влијание врз сите економски сектори и претставува столб за одржлив развој на секоја земја, па и на Македонија.
Во тој контекст, Владата во наредните четири години, ќе се залага за ефикасен, конкурентен и финансиски стабилен енергетски сектор како услов за сигурно, квалитетно, стабилно и економски најприфатливо снабдување со енергија од секаков вид на сите потрошувачи

Втор елемент за развојот на економијата на една држава, и не помалку важен од инфраструктурата, е електроенергетскиот сектор, кој доколку континуирано се надградува, не само што ќе повлече големи инвестиции, туку и на фирмите ќе им овозможи покомотно да го планираат својот развој. Според економистите, тоа ќе придонесе Македонија да се промовира како инвестициска дестинација,  што е заложба во континуитет и на старо-новата Влада.

Судејќи според она што е наведено во програмата, Владата ветува голем број инвестиции и во енергетскиот сектор. Приоритет се дава на проектите за нов рудник за јаглен и за нова термоцентрала во Мариово, инвестиција вредна 400-450 милиони евра, потоа на ревитализацијата на ТЕЦ „Осломеј” и на РЕК „Битола”, на проектот за целосна топлификација на Битола, како и за изградба и ревитализација на хидроцентрали, докапитализација на ЕЛЕМ, со негова приватизација на најмногу до 49 отсто од сопственоста.

Остварувањето на проектираните стапките на економски раст од 5,5 до седум проценти, но и порастот во градежништвото, индустријата, проследено со намалување на невработеноста, која од сегашните над 31 треба да падне на 25 отсто, директно ќе зависат од реализирањето на овие ветувања, велат економистите.

Од друга страна, пак, стручњаците се прашуваат колку и дали ваквите владини проекции се реални. Прашање на кое сите вешто, и науката и праксата, одбегнуваат одговорат.

Енергетиката има силно влијание врз сите економски сектори и претставува столб за одржлив развој на секоја земја, па и на Македонија. Во тој контекст, Владата во наредните четири години ќе се залага за ефикасен, конкурентен и финансиски стабилен енергетски сектор, како услов за сигурно, квалитетно, стабилно и економски најприфатливо снабдување со енергија од секаков вид на сите потрошувачи. Особено внимание ќе се посвети на транспарентноста и на конкурентноста во енергетскиот сектор, водејќи посебно сметка за либерализацијата, како во доменот на производството, така и во доменот на снабдувањето со сите видови енергенси.

Во таа насока, Владата ќе се залага за исполнување на ЕУ стандардите и регулативи што се однесуваат на енергетиката, воспоставување конкурентен национален енергетски пазар, но и активно партиципирање во регионалниот. Особено ќе се посвети внимание на либеризација на пазарот со електрична енергија, природниот гас и топлинската енергија. Реформите за креирање на конзистентен енергетски систем, по препорака на Европската унија, имаат за цел хармонизирање со Енергетската заедница на Југоисточна Европа, со крајна цел - интегрирање во енергетскиот пазар на ЕУ.

Принципи и приоритети на развојот на енергетскиот сектор ќе бидат: либерализацијата на пазарот, енергетската сигурност, порастот на производството на енергија, диверзификацијата на енергетските ресурси, порастот на меѓусебните врски со земјите од регионот и меѓународните транспортни коридор, порастот на енергетската ефикасност, како и зголемување на енергетските капацитети на обновливи извори

Рударски и термо капацитети

За искористување на домашните енергетски ресурси, ќе се зголеми експлоатацијата на постојните рудници на лигнит во Суводол и Осломеј, како и заокружување на веќе почнатите активности за отворање на рудниците Брод-Гнеотино и Подинските јагленови серии во Суводол.

Заради поповолните техничко-економски карактеристики, приоритет во следниот четиригодишен период Владата ќе даде на рудниците.
Така, главниот проект за новиот рудник за јаглен и новата термоелектроцентрала во Мариово треба да биде готов во 2012, по што ќе се подготви физибилити студија за изградба на нова термоцентрала проценета на 400-450 милиони евра.

Главниот проект за рудник за јаглен во Живојно, пак, ќе биде изработен до крајот на 2012 година. Реализацијата на овој проект би почнала во 2013 со средства на ЕЛЕМ.
Потоа следат, по приоритет, овие проекти:

- Рудник за јаглен во Поповјани и ревитализација на ТЕЦ „Осломеј“ (2015)
- Рудници за јаглен во Лавци, Звегор-Стамер и Стар Иственик-Панчарево (Пехчево) – истражувањата на потенцијалите ќе бидат завршени до крајот на 2014, по што би следело утврдување на количините и начинот на експлоатација.

- Ревитализација и модернизација на РЕК „Битола“ – вториот и третиот блок ќе бидат завршени во текот на оваа и наредната година. До крајот на 2014, пак, ќе  заврши и ревитализацијата на котлите во РЕК, вредна 60 милиони евра. 

За ефикасно искористување на топлинската енергија, произведена во РЕК, ќе се реализира проектот за топлификација на Битола. Станува збор за инвестиција вредна 40 милиони евра, а рокот на изградба е 24 месеци. Со тоа ќе се обезбеди систем за греење на преку 55.000 потрошувачи во општината Битола, како и можност за користење на енергијата за земјоделството во Могила и Новаци.

Изградба и ревитализација на хидроцентралите

За искористување на хидроенергетскиот потенцијал со кој располага земјата, преку инвестиции од државниот буџет, меѓународно задолжување под поволни услови и давање под концесија, Владата планира да се реализираат старо-нови  проекти:
- „Вардарска долина“ – изградба преку јавно-приватно партнерство - странски инвеститор на 12 ХЕЦ во вредност од 1,5 милијарди евра (во две фази 2013-2025);

- ХЕ „Света Петка“ (Матка 2) - проектот е во напредна фаза и централата треба да биде во функција до крајот на 2011;
- ХЕ „Чебрен“ и „Галиште“ – изградбата, по низата неуспешни тендери, се предвидува да почне до крајот на 2012, а централите да бидат завршени до крајот на 2018 година;
- ХЕ „Бошков Мост“ - изградбата би почнала идната, а централата би била готова до 2016 година;

- Браната „Луково Поле“ и Корабски довод – реализацијата се очекува да почне во 2012, а да заврши до крајот на 2015.
Исто така, се планира завршување на почнатиот проект за ревитализација на шесте постојни големи хидроцентрали, односно реализација на втората фаза, како „Шпилје“, „Глобочица“, „Тиквеш“, „Вруток“, „Врбен“ и „Равен“. Работите треба да завршат до крајот на 2014.

Продажба и приватизација на ЕЛЕМ

Во следниот четиригодишен период, Владата планира да привлече домашни и странски инвеститори, кои ќе го зголемат капиталот на ЕЛЕМ преку купување нови акции, по што ќе следи негова приватизација со продажба на најмногу до 49 отсто од сопственоста во „Електрани на Македонија“.

Проектот ќе го водат светски реномирани консултантски куќи, а продажбата ќе се одвива транспарентно преку меѓународен јавен повик. Овој процес на докапитализација ќе се реализира само доколку условите под кои инвеститорите се спремни да вложат во ЕЛЕМ се поволни за македонските граѓани. 

Преносен електроенергетски систем

Географската положба на Македонија и моменталната електроенергетска состојба на Балканот, овозможуваат нашата земја да претставува значаен фактор во преносот и транзитот на електричната енергија. Затоа, Владата ќе работи на зајакнување на електроенергетскиот систем, негово проширување и зголемување на стабилноста во преносот на електрична енергија. За таа цел, ќе продолжи надградбата и зајакнувањето на преносната и интерконективна високонапонска мрежа, преку завршување на овие проекти:

- Изградба на 110 кВ далновод ХЕЦ „Вруток“ – ТС „Тетово“ (завршување јуни 2012);

- Изградба на 110 кВ далновод ТС „Битола 3“ – ТС „Битола 4“ (завршување јуни 2012);
- Реконструкција на 110 кВ далновод ХЕЦ „Козјак“ – ТС „Скопје 3“ (декември 2011)
- Реконструкција на 110 кВ далновод ТС „Скопје 1“ – ТС „Куманово 1“ (јуни 2012)
Покрај ова, се планира во наредните четири години да се реализираат и уште овие проекти:

- Изградба на 110 кВ далновод ТС „Скопје 1“ – ТС „Тетово 1“ (2012);
- Инсталирање на нов СКАДА/ЕМС систем (завршување до 2014);
- Изведба на 400 кВ интерконективен меѓународен далновод ТС „Штип“ - ТС „Ниш“(завршување до 2014);
- 400 кВ интерконективен далновод ТС „Битола 2“ – ТС „Елбасан“ (почеток на изградба 2014);
- 400 кВ интерконективна врска со електроенергетскиот систем на Косово (почеток на градба 2014)

Гасификација

Во насока на зголемување на конкуретноста на македонската економија и обезбедување поевтина енергија за домашниот пазар, за Владата постојат два стратешки приоритети: изградба на националниот гасоводен систем и вклучување на Македонија во меѓународните гасоводни коридори.

Со средства обезбедени од Руската Федерација (односно долгоочекуваното и најавувано враќање на клириншкиот долг), ќе се финансира изградбата на делот од приоритетниот магистрален правец Клечовце – Штип – Хамзали - Стојаково - граница со Грција. Рок на реализација за овој дел од проектот е 2012-2018 година.

А, со средства кои ќе се обезбедат од ЕИБ и ЕБРД, како и со учество од државниот буџет, ќе се финансира изградбата на останатите делови од гасоводниот систем. Во првата фаза, се планира изведбата на два магистрални правци Скопје – Тетово – Гостивар во должина од 75 километри и Штип – Неготино – ТЕЦ Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола и РЕК „Битола“ – Кременица – граница со Грција во должина од 146 километри. Рок на реализација на оваа фаза е 2012–2018 година.

Втората фаза, пак, ги опфаќа следните делници: магистрален правец Гостивар – ТЕЦ Осломеј – Кичево во должина од 38 километри; дел од приоритетниот дел од магистралниот правец Хамзали – Ново Село – Бугарија во должина од 24 километри и преостанатиот дел на магистралните гасоводи од националниот гасоводен систем во должина од 390 километри.

Рок на реализација на оваа фаза е 2018-2023 година.
Паралелно со завршувањето на првата фаза, ќе се преземат активности за изнаоѓање стратешки партнер за гасификација на ТЕЦ „Неготино“. Односно, трансформација на застарената и скапа технологија на мазут, во нова, модерна и еколошки поприфатлива централа на природен гас. При реализацијата на овој проект, државата ќе задржи значајно учество во сопственоста на новата гасната централа.

Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Владата планира да го стимулира производството на електрична енергија од обновливи извори, преку повластени тарифи и издавање гаранции на потеклото за произведената струја од мали хидроцентрали, полиња со ветерници, фотонапонски централи, електроцентрали на биогас добиен од биомаса и за комбинирани централи што како погонско гориво ќе ја користат биомасата. Ќе се преземат и мерки за поттикнување на производството и користењето на биодизелот и биоетанолот. За реализација на овие ветувања, во наредниот четиригодишен период ќе се реализираат следните проекти:

- Понуда на 40 локации годишно за изградба на мали хидроелектроцентрали на заинтересирани инвеститори/концесионери.
- Концесии за изградба на фарми на ветер за производство на електрична енергија по повластени тарифи на најмалку 60 мегавати инсталирана моќност.

- Фарма на ветер „Богданци“ - проект вреден 55 милиони евра, обезбедени од германската КФВ банка и ЕЛЕМ. Изградбата на полето со ветерници се планира да почне годинава, а ќе заврши до крајот на 2012 година.

- Субвенции за најмалку 500 домаќинства годишно за инсталирање на соларни - термални системи.
- Двојно ќе се зголеми можноста за изградба на сончеви фотоволтаични системи од сегашните 10 на најмалку 20 мегавати.

Во наредните четири години Владата ќе продолжи да работи на создавање економија што ќе се карактеризира со поголема енергетска ефикасност. За таа цел, ќе се подготоват соодветни измени на Законот за градење, при што инвеститорите во иднина, при проектирање на објектите, задолжително ќе мора да изготват и студија за енергетска ефикасност. Ќе се комплетира и Правилникот за енергетска ефикасност на градежните објекти, со што ќе се создадат услови за отпочнување на процесот на означување на градежните објекти во поглед на нивните енергетски карактеристики.

Ќе се дефинираат и постапките за енергетски контроли и овласувања на енергетските контролори, како и пропишување минимум стандарди за нивни спроведување. Оваа постапка се планира да заврши до крајот на 2012 година. Исто така, ќе се преземат активности за реализација на енергетска заштеда во јавниот, резиденцијалниот, комерцијалниот и услужниот сектор, во индустрискиот и транспортниот сектор преку користење современи градежни материјали, стимулативни мерки за користење на соларни колектори и геотермални топлински пумпи.

За остварување на овие цели ќе почне реализацијата на следните повеќенаменски проекти за водоснабдување и производство на електрична енергија:

- Користење на водните ресурси на реката Бошава – со што ќе се обезбеди чиста вода за пиење за општините Кавадарци, Неготино и Росоман, како и вода за наводнување и за технолошки потреби. Изградбата на водоводот ќе почне до јуни 2012 година.
- Втора и трета фаза од хидросистемот „Злетовица“ - втората фаза опфаќа доизградба на водоводната и мрежа за наводнување (рок на завршување до 2015), по што следува третата фаза, која предвидува изградба на седум мини хидроцентрали (почеток во 2015).

- Втора фаза на хидросистемот „Лисиче“ – изградба на цевковод од браната „Лисиче“ до езерото „Младост“. Тоа ќе овозможи подобрување на квалитетот на водите во езерото и наводнување на 1.600 хектари земјоделско земјиште во Велешко. Преку јавно-приватно партнерство до 2015 година, ќе се изградат три до пет мали хидроелектроцентрали.

http://www.time.mk/read/NONE/c1f2886a48/index.html
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12199
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 18-Aug-2011 at 00:20


Енергетските проекти ги знаеме веќе напамет. Со години наназад се верглаат ли се верглаат истиве проекти, ама секогаш се поместуваат за некоја година понатака. Од сите овие најави, за жал мислам дека најревносно ќе се посветат на продажбата на 49% од ЕЛЕМ.

Unhappy
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 24-Aug-2011 at 14:23

Македонски струјни врски

 

Од Битола до Елбасан ќе се гради далновод со што Македонија ќе добие енергетска врска со Албанија. Софија ќе формира балканска енергетска берза. Проектите треба да го зајакнат енергетскиот систем во ЈИЕ.

 

Основање Балканска енергетска берза и енергетско поврзување на Македонија со Албанија. Најавени се два проекта што треба да му обезбедат на Балканот поголема енергетска стабилност, со оглед на тоа што станува збор за енергетски ранлив регион во Југоисточна Европа. Софија најави формирање балканска енергетска берза во која како партнери на Бугарија ќе бидат вклучени Македонија, Грција и Србија. Во истовреме, обезебедена е финансиската контрукција за изградба на нов енергетски коридор. За првпат се поврзуваат Македонија и Албанија. Двете земи ќе градат далновод со кредит од Светска банка.

Со ова поврзување Македонија преку електоенергетските системи на Албанија и Црна Гора ќе се поврзе со енергетскиот систем на Италија. Станува збор за 400 киловолтен далновод од Битола до Елбасан. Според%20анализите%20на%20локалните%20експерти,%20потребите%20за%20електрична%20енергија%20на%20Македонија%20секоја%20година%20се%20зголемуваат%20за%204%20процентиСпоред експертите, потребите за електрична енергија на Македонија секоја година се зголемуваат за 4 проценти

„Од наша страна, согласно стратегијата за развој на енергетикатата, се предвидува интерконективно поврзување на 400 киловолтно напонско ниво, и тоа со Србија и Албанија, и надградба на постоечкиот далновод со Косово“, изјави за Дојче Веле министерот за економија на Македонија, Ваљон Сарачини. Македонија досега имаше две конекции со Грција, една со Бугарија и една со Србија.

„Проектот на македонска страна, односно трасата од Битола до македонско албанската граница, е со проектирана вредност од 23, 4 милиони евра“, објаснува Никола Стојанов од МЕПСО.

Според проценките на експертите, за целосна изградба на далноводот кон Албанија ќе бидат потребни две години. Македонија во последните години се соочува со недостиг на електрична енергија и тоа во услови кога голем дел од индустриските капацитети не работат. Според анализите на локалните експерти, потребите за електрична енергија на Македонија секоја година се зголемуваат за 4 проценти. За увоз на енергија Македонија годишно троши околу 150 милиони долари. Притоа, 50 милиони долари отпаѓаат на увозот на електрична енергија, а 100 милиони долари за набавка на нафта.

http://www.time.mk/read/NONE/0450d82ce2/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 29-Aug-2011 at 07:03

Наскоро континуиран дотур на јаглен од Брод-Гнеотино

За два месеца се очекува да почне континуиран дотур на јаглен во РЕК „Битола“ од новиот површински коп Брод-Гнеотино, најави генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски. Тој вчера го посети комбинатот по повод Денот на рударите, кој годинава беше јубилеен зашто се навршија 30 години од почетокот на експлоатацијата на руда во РЕК.

- Засилено работиме на реализација на договорот со германската фирма „Тисен Круп“ за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од Брод-Гнеотино до рудникот „Суводол“ во должина од 10 километри. Овој мегаинвестициски проект очекуваме да заврши за два месеца и да ги пренесе првите количини јаглен до „Суводол“ во континуиран режим - изјави Чинговски.

Опремата е вредна 18,6 милиони евра, а до сега рудата од копот се пренесуваше со помош на градежна механизација. Чинговски уште најави дека годинава максимално ќе го зајакнат производниот процес во површинскиот коп Брод-Гнеотино со пуштање во работа на вториот БТО-систем, во кој ќе биде вклучен санираниот багер СРС 2000. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на ископ на јаловина и ќе се создаде непречен пристап кон јагленовите резерви.

Освен овој проект, ЕЛЕМ вложува средства и во модернизација и автоматизација на енергетските блокови на термоелектраната. Лани беше модернизиран првиот агрегат, а сега привршува постапката врз вториот. За еден месец и тој ќе биде вклучен во производниот процес. Со овој проект, термоблоковите дополнително ќе произведуваат 160 гигават-часови електрична енергија. (Ж.З.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EE8DD77223E8E641BD0A37E323BADBBC
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 02-Sep-2011 at 11:52

Можеме, а не произведуваме 5.500 гигавати струја годишно!

Катерина Попоска
Можеме,%20а%20не%20произведуваме%205.500%20гигавати%20струја%20годишно!

Македонија користи само 27% од хидропотенцијалот за производство на електрична енергија. Поразителните информации кои академиците и експертите и ги предочија на Владата во енергетската стратегија јасно укажуваат на тоа дека земјава има можност скапиот увоз да го замени со домашно производство. Развоените земји со децении ги користат сонцето, ветерот, депонискиот гас и биомасата за производство на енергија. Македонија се уште е на нивото на препораки


Македонија годишно може, но не произведува околу 5.500 гигават-часови електрична енергија од вода, речиси колку што е вкупното годишно производство на струја од сите енергетски капацитети во земјава. Овие поразителни податоци за неискористувањето на енергетските потенцијали и дефицитарното домашно производство на струја Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ги посочува во Енергетската стратегија на Македонија за следните 20 години.

“Досега се изградени хидроелектрани со вкупна инсталирана моќност од 580 мегавати и со просечно производство од околу 1.500 гигават-часови, што претставува 27% од расположливиот потенцијал. Планирано е искористување на дополнителни хидроелектрани со производство од околу 2.500 гигават-часови, со што вкупното производство би изнесувало 4.000 гигават-часови, односно 73% од расположливиот технички потенцијал. И покрај одредени административни проблеми и проблеми со нејасната хидрологија на локациите, се очекува изградба на хидроелектрани за производство на 210 гигават-часови годишно до 2020 година, односно од 420 гигавати до 2030 година”, пишуваат академиците и енергетските експерти во Стратегијата, документ кој МАНУ го изработи за Владата за да и предочи што се треба да се направи во енергетиката до 2030 година.

Паметните држави произведуваат струја од биомаса, од сонце, од ветер и од геотермална вода.

А во Македонија погубни се податоците и за неискористените алтернативни извори на енергија, од кои може наместо нето-увозник, да стане извозник на електрична енергија. Една милијарда евра & се потребни на Македонија за да ги реализира проектите за обновливи извори на енергија и четири милијарди за да ги изгради клучните термо и хидроцентрали.

Според експертите, апсурд е што Македонија со дури 280 сончеви денови годишно не го користи сонцето како еколошки и бесплатен извор на енергија. Земјава не го искористува ниту потенцијалот на ветерот, на водата и на отпадот. До 2020 година Македонија има обврска од Европската енергетска заедница 20% од вкупното производство на енергија да биде од обновливи извори. Но, што ќе се случи ако во следните 10 години не се работи според зацртаната динамика? Експертите имаат различни предвидувања, но повеќето се едногласни дека државата слабо се ангажира кога е во прашање реализацијата.

“Уште еден апсурд е што Македонија веќе 20 години само размислува како да ги искористи своите предности, но никако не носи закони и не гради објекти на кои може да се вградат сончеви колектори. Од друга страна пак, земји со многу малку сонце, како Австрија, Германија, Франција се лидери во искористувањето на сонцето. Македонија во овој момент сончевата енергија ја користи исклучително малку, дури и не влегуваме во ниту еден европски билтен. Неопходни ни се закони, поголеми субвенции, стимулации, даночни олеснувања и изградба на нови објекти”, оценува Илија Насов, универзитетски професор.

Дека сонцето речиси не се користи за производство на струја во земјава покажуваат и податоците дека во моментов 13,8% од енергијата во земјава се добива од обновливи извори и тоа од големите хидроцентрали и од биомаса. Малите хидроелектрани учествуваат само со 5%, ветерот со 4%, а само 1% од произведената енергија е од сонцето. Климатските карактеристики - висок интензитет, времетраење и температура на сончевото зрачење овозможуваат поволни услови за искористување на сончевата енергија. Според експертите, континенталната клима со жешки и суви лета ја прави Македонија земја со повисок потенцијал за искористување на сончевата енергија од европските земји. Сончевата енергија во земјава засега се користи за загревање на водата во домаќинствата.

“Македонија располага со солиден сончев потенцијал и има високи повластени тарифи за електричната енергија од сонце. Но, нема сопствено производство на оваа технологија и цената за повластените тарифи е целосно на товар на потрошувачите на електрична енергија, без индиректна корист за стопанството. Затоа не се планира високо продирање на фотонапонските системи и покрај заинтересираноста за нивна изградба поради високите повластени тарифи”, пишуваат академиците во Енергетската стратегија.

Земјите во регионот одамна произведуваат струја и од ветар, а Македонија неколку години го најавува ветерниот парт во Богданци, кој треба да го гради државната компанија Електрани на Македонија.

Изминатите три години ЕЛЕМ вложи еден милион евра за подготовка на проектот “Парк на ветерни електрани“, инвестиција вредна околу 70 милиони евра. По текот на Вардар, ЕЛЕМ планира да изгради најмногу 18 ветерници, секоја со капацитет од 2-3 мегавати. Вкупната производна моќ на ветерниот парк се проценува на 100 гигават-часови годишно.

“Целта е да се искористуваат обновливите извори на енергија при производството на струја, да се намали емисијата на стакленички гасови и увозната зависност. Овде државата сама треба да инвестира, бидејќи странските компании секогаш во проектите ги гледаат и своите придобивки. Првата ветерна електрана веќе е предвидена во инвестициската програма на ЕЛЕМ до 2016 година“, вели директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.

Додека Европа и светот на отпадот гледаат како на ресурс од кој се добиваат топлинска и електрична енергија, Македонија се дави во ѓубре. Експертите велат дека за да се направи електрана од 10 мегавати потребни се околу 20 милиони евра, а ќе произведува околу 70 гигавати струја годишно, што е повеќе од 10% од годишното производство на државните електрани.

Македонија има долгогодишно искуство и во искористувањето на геотермалната енергија, но последните 10 години поминаа во знакот на стагнација на геотермалниот развој. Како резултат на тоа, значително опадна и искористувањето на геотермалната енергија.

“Во вкупното искористување на примарната енергија геотермалната учествува со околу 0,4%, а во потрошувачката на финална енергија со 0,5%. Досега истражениот геотермален потенцијал покажува дека во Македонија нема извори кои овозможуваат производство на електрична енергија. За таа намена, потребна е температура на геотермалната вода од најмалку 120 степени Целзиусови за проектот да биде економски исплатлив. Одредени студии индицираат дека на длабочини од околу 5.000 метри може да се најде пареа со температура повисока од 100 степени, но цената за дупчење на длабоки бунари е поголема од еден милион долари по бунар. Оваа сума не може да се покрие со постоечките цени на произведената електрична енергија”, тврдат експертите кои ја правеа Енергетската стратегија на Македонија до 2030 година.

Кочанскиот геотермален басен е најиздашен на Балканот, со експлоатација на околу еден милион метри кубни годишно со температура од 76 степени Целзиусови. Тоа заштедува 4.000 тони мазут.

“Кочанскиот геотермален потенцијал ќе може да ги развива бањскиот туризам и агроберзата, но да се користи и за топлинска енергија во градот и за добивање електрична енергија”, смета кочанскиот градоначалник, Ратко Димитровски.

НАЈМАЛКУ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА КЛУЧНИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ

Предвидените инвестиции за ревитализација на постојните и изградба нанови производствени капацитети може да се реализираат со пари од ЕЛЕМ (вкупно 260 милиони евра од буџетот и од кредити), со јавно приватно партнерство (670 милиони евра), од концесионери (480 милиони евра) и од приватни инвеститори за изградба на постројки за отпадна биомаса и за биогас (30 милиони евра).Од буџетот треба да се издвојат околу 20 милиони евра за поддршка на истражувањата на геотермалните потенцијали.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73063/mozheme,_a_ne_proizveduvame_5_500_gigavati_struja_godishno!.aspx?iId=2332
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 05-Sep-2011 at 11:14

МЕПСО ги намали трошоците за струја за трговците

Катерина Попоска


Ако досега трговците со електрична енергија плаќаа различна цена за иста услуга, сега систем-операторот во земјава, МЕПСО, воведува најниска прифалива цена за закуп на слободен капацитет за прекуграничен капацитет за пренос на електричната енергија. Трговците сега треба да решат дали ќе ја намалат и струјата која им ја продаваат на големите компании

Трговците со струја во земјава од октомври годинава ќе имаат помали трошоци за пренос на електричната енергија преку мрежата на МЕПСО. Ако досега трговците со електрична енергија плаќаа различна цена за иста услуга, сега систем-операторот во земјава, МЕПСО, воведува најниска прифалива цена за закуп на слободен капацитет за прекуграничниот пренос на електричната енергија. Рангирањето на понудите и понатаму ќе се врши од највисоката кон најниската понудена цена за определен слободен капацитет со кој располага МЕПСО.

“Со оваа услуга, како и досега МЕПСО ќе наплаќа само доколку побарувачката за пренос на електрична енергија е поголема од понудениот капацитет што на аукција го понудил МЕПСО. Доколку побарувачката за преносен капацитет е помала од понудената, сите трговци бесплатно добиваат преносен капацитет. Досега, при закупот на слободни капацитети предност имаа трговците кои снабдуваа во земјава, намето тие кои закупуваа капацитети за транзит. Сега сите играчи на пазарот се ставаат во рамноправна положба. Моделот “најниска прифатлива цена” ќе го замени моделот “плати колку што ќе понудиш” и ќе се применува за сите четири далноводи со кои МЕПСО е поврзан со соседните земји”, изјави Дејан Бошковски, генерален директор на МЕПСО.

Бошковски смета дека со ова се отвора простор трговците да ја намалат цената на електричната енергија за големите компании.

“Формирањето на цената на струјата е комплексна работа. Нормално е дека ова имплицира дека би требало да се намали цената за крајните корисници, но сепак тоа се облигациски договори меѓу два посебни субјекти во кои ние не учествуваме. МЕПСО треба да создаде услови за конкурентност за сите трговци да бидат рамноправни на овој пазар, како и тоа корисниците да имаат потранспарентен увид во трошоците”, додава Бошковски.

Трговците со електрична енергија во земјава имаат поделени мислења околу тоа дали ќе ја намалат цената на електричната енергија за големите компании.

“Трошоците за закуп на прекуграничните капацитети се дел од трошоците кои учествуваат во вкупната цена на електричната енергија. Ако се намалат трошоците за закуп на капацитетите секако дека тоа ќе има реперкусии кон крајните потрошувачи, а тоа се големите компании кои сами купуваат струја на слободниот пазар. Пазарот е тој кој определува како ние како трговци ќе се однесуваме. Ако тргнеме од фактот дека со конкурентни цени поголеми се шансите да се склучат поголем број договори, секако дека ќе размислиме да бидеме конкурентни на пазарот”, изјави за “Капитал” директор на компанија за трговија со електрична енергија во земјава.

Дел од трговците пак, не се докрај убедени дека најниската прифатлива цена за закуп на слободните капацитети за пренос на струјата преку МЕПСО апсолутно ќе значи и пониска цена за компаниите.

“Во зимските месеци постои можност да се намалат трошоците за пренос на електричната енергија, а со тоа и да поевтини струјата за крајните потрошувачи, но тоа не мора да биде случај за летните месеци, кога има голем интерес за снабдување на Грција со струја. За годинава не мислам дека овој модел ќе промени многу во трошоците на трговците со електрична енергија, бидејќи нашите договори за 2011 година веќе одамна се направени. За следната година веќе ќе имаме интересна ситуација“, вели за “Капитал“ Горан Чогеља, директор на Руднап.

И трговците со струја, но и од најголемите потрошувачи на струја во земјава речиси се едногласни дека новиот модел е предуслов за либерализација на пазарот на електрична енергија, нешто што веќе е практика во земјите од ЕУ.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73110/mepso_gi_namali_troshocite_za_struja_za_trgovcite.aspx?iId=2333
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 06-Sep-2011 at 12:45
За прославата, од страна на ЕВН беа изградени и пуштени под напон две десет киловолтни трафостаници, едната во Музеј на Револуцијата, а другата на Плоштадот за споменикот ‘‘Воинот на коњ‘‘

ShareNew

ЕВН Македонија даде голем придонес во реализацијата на проектите на плоштадот Македонија. Од самиот почеток на градежните активности па до денот на прославата, екипите на ЕВН паралелно ja изведуваа предвидената енергетска инфраструктура. За време на прославата, компанијата ќе ангажира дополнителни екипи кои будно ќе ја следат состојбата и кај напојните трафостаници и кај времените приклучоци.  За прославатаод страна на ЕВН беа изградени и пуштени под напон две десет киловолтни трафостаници, едната во Музеј на Револуцијата, а другата на Плоштадот за споменикот ‘‘Воинот на коњ‘‘.

Направена е дислокација на среднонапонска  подземна мрежа под Порта Македонија и во дистрибутивниот систем се приклучени  Музејот на револуцијата, Фонтаната на Плоштад Македонија, Воинот на коњ, Двете Фонтани во реката Вардар и Портата  Македонија.

Вкупната вредност на сите проекти кои се реализирани е над 200 000 евра.

http://daily.mk/cluster3/146431d1fbe9cc56faa26c4b293879bf/892463
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 09-Sep-2011 at 17:05




Извор: Државен завод за статистика
Публикација: 20 години независна Македонија
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 21-Sep-2011 at 17:45
http://daily.mk/cluster3/78900e8386a9b1ce88abda2f07a81e2e/912365

Обезбеден јаглен за РЕК Битола

Македонскиот електро-енергетски гигант РЕК Битола, за следните две децении обезбеди јаглен од три рудници што е доволно за континуирано и стабилно производство на струја.




Големина на буквите

21.09.2011

Обезбеден е животниот век на македонскиот електро-енергетски гигант РЕК „Битола“ за следните две децении. Во овој период комбинатот ќе црпи јаглен од три рудници. Суводол чија експлоатација е при крај, па ќе
Од таму во следните 20 години очекуваме да ископаме 50 милиони тони јаглен, кои ќе бидат насочени за континуирано и стабилно производство на електрична енергија  во термоелектраните во Битола
Влатко Чинговски, генерален директор на ЕЛЕМ

се вади руда и од Подинските односно подземните слоеви на ова окно така наречени Подински серии и од ридникот Брод - Гнеотино.  

„Успешно ја завршивме монтажата на новата рударска опрема багерот СРС 1050 како и одлагачот, инвестиција вредна 25 милиони евра и како први БТО систем ја вклучивме во отворањето на Подинските јагленови серии во рудникот Суводол. Од таму во следните 20 години очекуваме да ископаме 50 милиони тони јаглен, кои ќе бидат насочени за континуирано и стабилно производство на електрична енергија  во термоелектраните во Битола.“

изјави генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.
Во тек се интензивни испитувања на јагленот во постенцијалните лежишта во Жовојно и соседниот Мариовски басен во функција на долгорочно обезбедување на енергетска суровина за поголема енергетска стабилност на Македонија
Влатко Чинговски, генерален директор на ЕЛЕМ
 
Од Подинските серии во моментот се ископува јаловина за да се дојде до јагленот. Во површинскиот коп Брод-Гнеотино веќе две години течи дотур на јаглен но со камиони, траката за транспорт допрва ќе се монтира.

„Засилено работиме на реализација на договорот со германската фирма Тисен Круп за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од Брод-Гнеотино до рудникот Суводол во должина од 10 километри. Овој мега инвестициски проект очекуваме да заврши за два месеца и да ги пренесе првите количини јаглен до Суводол во континуиран режим.“

изјави Чинговски. Компанијата досега вложувала во површински копови, а сега за првпат се планираат подземни рудници.

„Во тек се интензивни испитувања на јагленот во постенцијалните лежишта во Жовојно и соседниот Мариовски басен во функција на долгорочно обезбедување на енергетска суровина за поголема енергетска стабилност на Македонија.“

додава првиот човек на ЕЛЕМ. Се вложуваат средства и во модернизација и автоматизација на трите блокови од термоелектраната. Минатата година беше модернизиран првиот агрегат, а сега привршува постапката врз вториот. За еден месец и тој ќе биде вклучен во производниот процес. Со целосна реализација на овој проект  кој треба да заврши идната година се очекува дополнително производство на 160 гигават часови електрична енергија.


Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 24-Sep-2011 at 02:33

Тркалезна маса на тема „Инфраструктура, развој и енергетика“

Македонија ќе се гасифицира откако струјата ќе поскапе. Експертите велат дека во наредните 5 години енергетската слика во Македонија нема да се промени.

Снабдувањето со струја ќе биде стабилно бидејќи главните производствени капацитети се комплетно обновени. За гасот како опција која треба да ја намали потрошувачката на електрична енергија, сеуште нема интерес.

Зацртаната енергетска стратегија во целост ќе се реализира, велат надлежните. Но според академиците нови поголеми термо и хидро електрани во блиска иднина нема да има.

Наредниот период, според Димитров, треба да се искористи за инвестирање во обновливите извори и ефикасните објекти со цел значително да се намали зависноста од струја која за неколку години ќе биде значително поскапа.

На тема инфраструктура, развој и енергетика денеска во МАНУ на тркалезна маса дебатираа и претставници од сите надлежни институции.

Борче Пауновски

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/trkalezna-masa-na-tema-%E2%80%9Einfrastruktura-razvoj-i-energetika%E2%80%9C
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 24-Sep-2011 at 09:02
Академик Томе Бошески ми беше професор, и јавно се залагаше за изградба на нуклеарна централа во Македонија.По негови пресметки вкупниот воден капаците во РМ,т.е. да се постават хидротурбини на секоја река,ќе задоволуваат 20% од потребната ел.енергија.излез по негово е само нуклеарка.А проф.Златановски кажуваше дека во СФРЈ ако се изградела нуклеарка во Мариово,само од наплата на ќирија од складирање на нуклеарниот пепел кај нас ќе сме ја исплателе нуклеарката за кратко време,а струјата гратис.Проектот што го промовираа е да се постави нуклеарка помеѓу чебрен и галиште и тие две езера да бидат во реверзибилна функција-дење кога ни треба енергија би работеле нуклеарката и двете хидроел.а ноќе нуклеарката ќе и дава струја на подолната електрана да работи во режим на пумпа и да ја враќа водата во горното езеро за да има вода за другиот ден.пронајдена е идеална локација во карпите измеѓу,направен е проект,ама државата влезе во други проблеми.вреди да се размислува за оваа идеја
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 05-Oct-2011 at 13:33
Ставрески: Модернизацијата на РЕК Битола почеток на инвестициски циклус вреден 300 милиони евра

Битола, 5 октомври 2011 (МИА) - Во РЕК „Битола“ денеска промовирано успешното завршување на модернизацијата и автоматизацијата на термоелектраната „Битола 2“, Официјално модернизираниот блок го пушти во употреба вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој рече дека енергетскиот сектор претставува столб на економскиот развој на секоја држава, а стабилното и квалитетно снабдување со електрична енерегија е основен фактор за конкурентноста на економијата и најави нови инвестиции во енергетскиот сектор вредни 300 милиони евра.
 
- Успешното завршување на модернизацијата на вториот блок, како и модернизацијата на првиот и третиот блок, се почеток на еден силен инвестициски циклус на ЕЛЕМ кој во наредните четири години ќе има вкупна вредност од 300 милиони евра, истакна министерот Ставрески на денешната пригодна свеченост во РЕК „Битола“.
 
Новите инвестиции во енергетскиот сектор ќе овозможат модернизација на постројките и блоковите во РЕК „Битола“, транспортниот систем за рудниците, како и изградба на нови енергетски капацитети во државата, рече вицепремиерот Ставрески.

-Се работи на сите сегменти од производството на електрична енерегија, изградба на нови капацитети како што се Луково Поле и Бошков Мост, а воедно се работи и на обезбедување постабилно и долгорочно снабдување со електрична енерегија од постоечките капацитети, посочи Ставревски.
 
Модернизацијата и автоматизацијата на турбоагрегатите на ТЕ „Битола“ ја изведува руската компанија „Силовие машини“ и се очекува освен зголемување на доверливоста на работата на термоелектраната да се овозможи и продолжување на експлоатацискиот век за најмалку уште 120.000 работни часови.

- Придобивките од оваа инвестиција ќе овозможат продолжување на работниот век на РЕК „Битола“ за околу 30 години, обезбедување работа за сите работници, но и обезбедување стабилна енергија за македонската економија. Руската Федерација е еден од стратешките партнери на Република Македонија во енергетскиот сектор и во иднина очекуваме уште поголеми инвестиции во овој сектор, истакна министерот Ставрески.
 
АД ЕЛЕМ освен реализацијата на овој мега проект, паралелно и интензивно работи на доизградбата на главниот транспортен систем за јаглен од рудникот Брод-Гнеотино до рудникот Суводол.
 
-Засилената инвестициска агенда ја реализираме со силна поддршка на Владата и посебно министерствата за финансии, економија и животна средина во насока на побрзо и финансиски оптимално реализирање на сите инвестициски зафати, рече меѓу другото директорот на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски.
 
На денешниот промотивен настан во РЕК „Битола“ присуствуваа и рускиот амбасадор Олег Николаевич Шчербак, како и Максим Травников, копретседател на Меѓувладината македонско-руска комисија кој потврди дека денешниот, не е ниту прв ниту последен проект на руските компании во Република Македонија.мт/скс/14:15

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=87348822&lId=1&pmId=504
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12199
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 17-Oct-2011 at 11:54







Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 21-Oct-2011 at 12:33

Ќе почне да се гради далновод меѓу Македонија и Косово

Македонскиот електропреносен систем оператор МЕПСО и косовскиот КОСТ наскоро ќе се поврзат со 400 киловолтен далновод. Генералниот директор на МЕПСО, Дејан Бошковски, и генералниот извршен менаџер на КОСТ, Фадил Исмајли, вчера потпишаа меморандум за соработа, со што продлабочуват односите меѓу двете електроенергетски компании и се создаваат предуслови за да почнат постапките да се изгради 400 киловолтен далновод меѓу Косово и Македонија.

“Со овој проект ќе се зголеми протокот на енергија и капацитетот за пренос на електричната енергија, а ќе се зголеми и стабилноста и доверливоста на регионалниот електроенергетски систем“, велат од МЕПСО.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75088/kje_pochne_da_se_gradi_dalnovod_megju_makedonija_i_kosovo.aspx?iId=2409
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 31-Oct-2011 at 12:49

Битола, Новаци и Могила ќе добијат парно од РЕК Битола


Започнати се активности за изградба на систем за одведување на топлинска енерегија од РЕК Битола и нејзино спроведување до општините Битола, Новаци и Могила, изјави вчера генералниот директор на АД Електрани на Македонија - ЕЛЕМ, Влатко Чингоски на владината седница.

REK-Bitola-500

Според Чингоски, ЕЛЕМ одржале неколку работни состаноци со градоначалниците на Битола, Новаци и Могила за да се забрза овој проект, како и средби со надлежниот производител на опремата во термоелектраната ТЕ „Битола“ кои треба да создадат услови за извлекување на одредени количини топлинска енергија, која преку единствен топловод ќе се дистрибуира до трите пелагониски општини.

- ЕЛЕМ во овој момент го изработува проектот за одземање на топлина од турбината, а паралелно се изработува и проектна задача за проектирање на топловодот кој топлината ќе ја пренесе од ТЕ „Битола“ до општинте Новаци, Битола и Могила, посочи Чингоски.

Трите Палагониски општини во оваа фаза подготвуваат документација поврзана со патеката за поставување на топловодот и треба да изберат траса по која топловодот најбрзо ќе минува, а да притоа има најмали зафаќања на приватен имот, истакна генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски.

- ЕЛЕМ во оваа фаза вршат подготовки за формирање на посебно Друштво-ДООЕЛ во сопственост на ЕЛЕМ кое ќе биде задолжено да координира и да ја изврши работата се до ставање во функција на овој топловоден систем, а тоа значи- подготовка во ТЕ „Битола“, изведба на топловодниот систем и изведба на примарните и секундарните топловодни мрежи во Битола за да во 2013 година, најдоцна до 2014 година битолчани да ги добијат првите количини на топлина од РЕК „Битола“, истакна Чингоски.

На синоќешната седница на Владата на Република Македонија со која претседаваше премиерот Никола Груевски беше најавено дека топловодниот систем ќе може да го користат и жителите од населените места кои се занимаваат со земјоделство, односно дел од топлинската енергија ќе може да се употреби за формирање оранжерии, со што ќе се поттикнат нови вработувања и развивање на оваа област во Пелагонија.

http://kurir.mk/republika/opstini/47812-Bitola-Novaci-i-Mogila-ke-dobijat-parno-od-REK-Bitola
Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 07-Nov-2011 at 12:58
Каде е енергетиката во буџетот за 2012 на Р. Македонија?


Пред неколку дена Владата на Република Македонија донесе нацрт на буџетот за 2012 година. Се водат и допрва ќе се водат расправи каде и зошто се насочени парите во буџетот. Но, она што нас нè интересира е колку пари ќе се потрошат во енергетскиот сектор. Тука не мислам само на капитални инвестиции што Владата ги има најавено, туку и на тоа колку пари ќе бидат потрошени за развој на енергетскиот сектор воопшто.


Секоја поединечна ставка во буџетот се зголеми за одреден процент. Така и средствата наменети за енергетика се зголемени. За капитални инвестиции во енергетската и комуналната област ќе бидат издвоени околу 2.000 милиони денари (страна бр. 8 последен пасус). Овие парични средства ќе бидат издвоени за „….финансирање на изградба на водоводни и канализациони системи во повеќе општини при што е предвидено финансирање од сопствени извори и повлекување на кредитни линии од ЕИБ и КФВ банката“. Од ова може да заклучиме дека фокусот ќе биде поставен на гасификацијата на земјата.

Каде е енергетиката во буџетот за 2012 на Р. Македонија?

Edited by accipiter82 - 12-Nov-2011 at 10:25
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.