build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 20-Nov-2008 at 01:31
ДАЛНОВОД ШТИП-НИШ

Приоритетен проект во програмата за подобрување на енергетската инфраструктура ќе биде далноводот Штип-Ниш.

- Веќе е поднесена предлог-траса до Агенцијата за просторно планирање, која треба да утврди дали далноводот ќе пресекува важни објекти и да го поддржи предлогот. Потоа ќе се решаваат евентуалните проблеми со експропријација, односно со сопственоста на земјиштето - изјави Никола Стојанов, портпарол на МЕПСО.Според Стојанов, во далноводот ќе се инвестираат 14 милиони евра, од кои 11 преку заем од Светската банка, а останатите три милиони ќе ги обезбеди МЕПСО преку државниот буџет. Македонскиот дел од далноводот ќе биде околу 75 километри. Паралелно со далноводот, најавена е и изградбата на една хидроцентрала, брана и отворање нови рудници за јаглен.

Тригодишната инвестициска програма предвидува и модернизација на железничкиот транспорт. За таа цел, Министерството за транспорт и врски ќе набави стотина вагони со кои треба да се модернизира транспортот на стоки. Сите проекти од програмата, според министерот за финансии Трајко Славески, треба да ги дефинира Комитетот за инвестиции. Покрај Славески и Груевски, членови на Комитетот се министерот за транспорт Миле Јанакиески и директорите на ЕЛЕМ и МЕПСО, Влатко Чингоски и Владимир Здравев.

- Министерството за финансии е задолжено да обезбеди пари за проектите и да внимава да не се надминат лимитите на задолжување на државата. Целиот инвестициски циклус ќе го зголеми дефицитот во платниот биланс, но тој нема да биде неодржлив. Пораст на дефицитот во платниот промет е својствен за сите економии што инвестираат во развој - изјави Славески.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9EC1A94E3A0AA947953DF053E2DCE9AA

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 21-Nov-2008 at 21:37
Енергетската мрежа „паѓа“ од студот



Автор:  М.Р.Ј.
Економија
Енергетската дистрибутивна мрежа попушти под првиот студ и зголемената потрошувачка на струја. За два дена се случија поголеми испади на високонапонскиот далновод Вруток-Тетово, поради што градот под Шар Планина остана 17 часа без струја. Вториот поголем прекин на струја се случил во Кочани, каде здравствениот дом во Кочани, два дена е без напојување со електрична енергија. Причината за тоа е дефект на трафостаницата за чие одржување е задолжена ЕВН Македонија.

Овие проблеми го поттикнаа стравот кај граѓаните за тоа дали претстојната зима ќе имаат редовно снабдување со електрична енергија. Состојбата е алармантна во оние региони каде, поради поскапувањето на огревното дрво и парното греење, многу граѓани се преориентираа да се греат на струја. Од компаниите задолжени за производство и дистрибуција на струја ветуваат дека се максимално подготвени за редовна испорака на енергија.

Состојбата со високонапонската дистрибутивна мрежа е стабилна и нема опасност од пад на системот во преносот на електричната енергија. Испадот што се случи во Тетово не може да се повтори во другите региони во Македонија. Мрежата редовно се одржува и сервисира, уверуваат во МЕПСО.

- Дотраената опрема на двата најстари високонапонски далеководи е причина за испадите во електричното напојување. Далеководот Вруток-Тетово е стар 50 години. Нивната опрема е застарена и МЕПСО има преземено напори за санација на овие далеководи - вели Михаил Пановски, директор за преносна мрежа во МЕПСО.

Со реконструкцијата на далеководите Полог-Тетово и Тетово 1-Скопје 1 трајно ќе се реши проблемот со напојувањето со електрична енергија во Тетово и Гостивар. За негова обнова се обезбедени 3 милиони евра, но тоа не може да се реализира поради отпорот на неколку лица на чии имоти се наоѓаат два столба.

- Работата е во застој поради имотно-правното одделение во Министерството за финансии во Гостивар кое не сака да обезбеди извршност на решенијата за пристап или да побараат асистенција од полицијата. Нивниот пасивен однос го блокира проектот. Буквално двајца локални шерифи со пиштоли во раце го држат цел реон во заложништво - вели Пановски.

Во ЕЛЕМ подготвено ја дочекуваат зимата и ветуваат редовна испорака на произведена електрична енергија во домашните енергетски капацитети. На депонијата на нашиот најголем објект моментно има 300.000 тони резерви на јаглен, што е доволно да обезбеди континуирана работа на трите енергетски блока на РЕК „Битола“. Во октомври во оваа термоцентрала биле произведени 6 отсто повеќе енергија од планираното производство односно тоа е зголемување од 2 отсто повеќе од енергетскиот биланс за овој период од годината. Производствените резултати во рудникот за јаглен Суводол, исто така, се добри.

- Ако се продолжи со оваа динамика трите блока на РЕК „Битола“ ќе го натфрлат поставениот план за производство на струја - велат од ЕЛЕМ.



ЕВН го демантира МЕПСО

„ЕВН Македонија“ ги исполнува сите законски услови за пуштање во употреба на трафостаницата „Теарце“, од чие неработење страдаат потрошувачите на електрична енергија, соопштуваат од ЕВН.

Од оваа компанија ги демантираат изнесените изјави од МЕПСО дека трафостаницата „Теарце“ не исполнува технички и правни услови да биде приклучена во системот. МЕПСО ја ограничува конкуренцијата во енергетскиот пазар и со неприклучувањето на ТС „Теарце“ и причинува ненадоместлива финансиска штета, наведуваат од ЕВН.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=240&ArticleID=11590
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 02-Dec-2008 at 00:44
Еве уште една поразителна вест:
В година ниту денар за енергетски проекти

Тоа значи дека и понатаму нема инвестиции во енергетскиот развој и учество во нуклеарката „Белене“

Владата очигледно нема намера да инвестира во нови енергетски проекти ниту, пак, да финансира учество во бугарската нуклеарка „Белене“, што е сосема спротивно на нејзините јавни заложби за инвестирање во развојот на енергетиката. Ова го тврдат енергетски експерти, кои велат дека тоа е единствениот логичен заклучок ако се има предвид дека во најобемниот буџет досега од 2,7 милијарди евра, кој моментално се анализира во собраниските комисии, не е спомната ниту денар инвестиција во енергетски проекти.

Срамно е за Владата, од толку многу пари предвидени за мебел, за автомобили, за плати, за реклами и за што ли уште не, да не се најдат никакви пари за нови енергетски објекти или барем одредена сума пари како учество во „Белене“, коментираат експерти. Тие прашуваат зошто не се планирани пари за изградба на гасна електрана, паралелно со ТЕЦ „Неготино“, што се заговара долго време. На тој начин земјава ќе се спаси долгорочно од енергетската криза што се' повеќе и' се заканува.

Наспроти фактот што во буџетот нема конкретни средства за енергетските објекти за наредната година, министерот за економија, Фатмир Бесими, на последниот економски форум на ЈИЕ во Охрид изјави дека во енергетскиот сектор се работат неколку проекти во хидро и термопотенцијалот, гасификацијата, како и зафати во преносот на мрежата. За таа цел, не прецизирајќи за кои проекти станува збор, според него, Владата во наредните две-три години планира инвестиции од 3 до 4 милијарди евра.

Слични обвинувања како и експертите упати пред три дена и опозицискиот СДСМ, кој на собраниска комисија укажа дека не е предвиден ниту денар за капитални проекти во енергетскиот сектор, иако за Македонија, како увозно зависна земја од електрична енергија, нужни се инвестиции во обновливи извори на енергија. Додека за стабилна енергетска иднина, неопходно е да се вклучиме во „Белене“ за да не се соочиме со забавување на целата економија. Иако оваа партија поднесе многу амандмани, од кои најголем дел се однесуваа на инвестиции во енергетиката, комисијата не прифати ниту еден. Радмила Шекеринска, пак, обвини дека единствениот аргумент на Владата против инвестирањето во „Белене“ е што тоа ќе ги спречи лесните пари до кои доаѓаат одредени бизнис-кругови во ВМРО-ДПМНЕ со милионските суми евра за увоз на струја.

Според министерот за финансии, Трајко Славески, во буџетот, посредно преку гаранции што служат за резерва, ако Владата оцени дека е потребно, ќе се издвојат пари за ревитализација на дотраените домашни енергетски капацитети. Тоа, според експертите, не дава цврста сигурност дека воопшто ќе има инвестиции. Тие велат дека пренамена на пари од една за друга цел не значи ништо. Туку дека, ако Владата мислела да инвестира во енергетски проекти, требаше конкретно да го вгради тоа во текстот на буџетот.

Настрана од немањето планови за инвестиции за наредната година, Владата и во изминатиот период од годинава ги закочи веќе започнатите тендерски процеси. Беше се' поизвесно дека изборите во јуни уште повеќе ги пролонгираат работите со ХЕЦ „Бошков мост“, ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“, тендерот за 28-те мали хидроцентрали, како и со тендерот за избор на консултанти кои требаше во март годинава да го утврдат моделот на приватизација на ЕМО и на ОХИС. Заокружувањето на документација за сите овие тендери тапкаше и ќе тапка во место најмалку уште неколку месеци. Владата молчи и за тендерот вреден 500 милиони евра, за кој гласно се фалеше, „Чебрен“ и „Галиште“. Тендерот го доби германската РВЕ пред шест месеци. Уште нема информации на што се чека се' уште

http://utrinski.com.mk/?ItemID=24B0E6EF999C5040B898B6477929CC48

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 03-Dec-2008 at 11:14
ЕК: Потребни се независни регулатори



Економија
Македонија и понатаму треба да работи на независноста на регулаторните тела во енергетиката, порача претставникот на Европската комисија на вчерашната седница на собраниската комисија за економски прашања, на која се расправаше за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2008 година во делот на економските критериуми, пренесе МИА.

Претставникот на Европската комисија во Скопје посочи дека Македонија има направено најголем напредок во економските критериуми во однос на сите одредници. Според него, исклучок е сè уште недоволната независност на регулаторните тела. Во делот за енергетика во извештајот на ЕК, меѓу другото, се наведува дека степенот на независност на регулаторот за енергетика и регулаторот за заштита од радијација останува несоодветен и оти во областа на енергетиката земјата не е соодветно подготвена.

Заменик-министерот за економија Методија Хаџи-Васков изјави дека во сите сегменти од економската сфера е постигнат значаен напредок.

- Трите особено битни области каде што е направен напредок се слободниот протек на стоки и услуги и регистрацијата на трговските друштва, втор сектор е енергетиката, особено во либерализацијата на пазарот, во обновливите извори и во енергетската ефикасност. Третата област се однесува на индустриските политики - рече Хаџи-Васков.

Хаџи-Васков додаде дека простор за работа сè уште има кај административните капацитети, имплементацијата на донесените закони и обука на институциите во подобрување на надзорот на пазарот.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=253&ArticleID=12713

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 04-Dec-2008 at 01:19

Замена на јагленот со гас за намалување на стакленичките гасови

Иднината е во т.н. зелена економија, а компаниите што ќе инвестираат во чиста технологија ќе бидат наградувани

Сања Наумовска

Замена на јагленот со природен гас во термоцентралите треба да биде придонесот на Македонија во намалувањето на климатските промени. Главен извор на емисии на стакленички гасови, од кои директно зависат климатските промени, во нашата држава е енергетскиот сектор, особено термоцентралите кои работат на лигнит. Во создавањето на овие гасови учествуваат со близу 70 проценти, а ослободуваат најмногу јаглероден диоксид, 80 проценти. По енергетиката, штетни гасови емитираат и патниот сообраќај, земјоделството, депонирањето на цврстиот отпад, градежништвото и други.

Ова се дел од податоците содржани во Вториот национален план за климатски промени, изработен од Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со УНДП, кој беше промовиран вчера во присуство на министерот Неџати Јакупи и постојаниот претставник на УНДП Марија Мехијас.

Ублажувањето на промените, според препораките на планот што го донесе Владата минатиот месец на глобално и на национално ниво, треба да одат во правец на интервенции во замена на горивото, од јаглен на природен гас во термоцентралите. Потребно е подобрување на енергетската ефикасност во индустријата, промовирање чиста технологија, која троши помалку струја и, како најважно, поинтензивно промовирање обновливи извори на енергија, хидро, соларна, геотермална, дожд и ветер.

„Експертите предвидуваат многу веројатен пораст на температурите и суши, недостаток на вода и порадикални промени на временските услови, особено за Медитеранскиот регион, каде што припаѓа и Македонија. Поради тоа, неопходна е ориентација на земјата кон почисти технолошки процеси, т.н. зелена економија, за што, како и кај другите економски транзиции, ќе има огромни награди за компаниите што ќе ги прифатат иновациите во овој правец“, истакна Мехијас.

Вториот национален план предвидува и значајни промени во повеќе области од живеењето и производството, врз кои ќе влијаат глобалните промени во климата. Како што образложи Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска, национален координатор за климатски промени, во Македонија се очекува намалување на земјоделските приноси од некои култури. Најзагрозени се пченицата, грозјето, доматите, пред се' поради тенденцијата на постојано зголемување на температурите, кои се претпоставува дека ќе пораснат за 3,8 Целзиусови степени до 2100 година. Од друга страна, пак, тенденцијата за намалување на врнежите од дожд продолжува и понатаму, особено во летните периоди.

„Ефектот на стаклена градина ќе влијае и на зголемување на заболените од малигни и од кардиоваскуларни болести“, истакна Грнчаровска, како и на намалување на достапноста на населението до чиста вода за пиење до 18 проценти. Погодени ќе бидат и некои природни реткости како што се пелистерската молика и Дојранско Езеро.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CB6E4A1BBCE6844393BB2A2FA0B3E13B


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 08-Dec-2008 at 23:32
За енергетика-10 милиони евра


Владата одвои десетина милиони евра за спас на енергетската мрежа на државните компании МЕПСО и ЕЛЕМ.Предвидено е во следниве три години да се инвестира во далекуводи и транформатори.Според вицепремиерот Зоран Ставревски дел од средствата веќе се проектирани во државниот буџет за идната година.

МЕПСО деновиве има проблеми со санација на далекуводот во реонот на Гостивар,што е лоциран на приватен имот и поради тоа од компанијата бараат помош од надлежните институции.Со поправката на далекуводот ќе се надминат честите дефекти и проблемот со недостаток на електрична енергија во Гостивар и Тетово.

http://vecer.com.mk/?ItemID=0429B1802953E2478F45A54797DE6B3A


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 09-Dec-2008 at 23:31
Класичните светилки заминуваат во историја
Класичните светилки во ЕУ ќе можат да се користат до 2012 година, а потоа само штедливите светилки, одлучиле експертите во рамките на Европската комисија.
За таа одлука, како што пренесуваат европските агенции, треба да се изјаснат државите членки на ЕУ и Европскиот парламент. Доколку не бидат против, предлогот може да виде прифатен по скратена постапка во март следната година. Новите мерки би можеле да важат од септември 2009 година, кога од пазарите би требало да се повлечат класичните светилки од 100 вати. Неколку месеци покасно би ги снемало и останатите варијанти на светилки што се над 40 вати. Во домаќинствата старите светилки ќе можат да се користат и после тој период, со тоа што од 2012 ќе можат да се купат само штедливите светилки.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6F549F00DBE58F4A81D385401389E3DE
Ова незнаев каде да го сместам. Сепак нека иде тука како една од енергетските вести.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 13-Dec-2008 at 03:07

Да се искористат обновливите извори на енергија

„Подобрувањето на енергетската ефикасност, како и поголемото вклучување на обновливите извори на енергија во енергетската потрошувачка е една од главните програмски определби на Владата во енергетскиот сектор во наредниот период", рече министерот за економија Фатмир Бесими во поздравниот говор на отворањето на меѓународниот форум „Енергетска ефикасност - регионална соработка“, што се одржа вчера во МАНУ во рамките на „Недела на енергетика - Македонија 2008“.

Бесими рече дека во Македонија има поволни услови за искористување на обновливите извори на енергија.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=40D42DFEB7734F44AFC7DBA8F0FCA4CA


На овој семинаров додека се дебатираше за енергетска ефикасност снема струја! Crazy
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 13-Dec-2008 at 03:10
Новата методологија може да ја остави Македонија без струја

На ЕВН ќе и' се признаваат нереално ниски трошоци, поради што ќе остане без пари за набавка на струја од ЕЛЕМ

Практичната примена на новата методологија за пресметка на цената на струјата што ја подготви Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) може да го доведе во прашање снабдувањето со струја на потрошувачите. Бидејќи со неа ќе се признаваат голем дел од трошоците на ЕЛЕМ за сметка на малиот процент признати трошоци на „ЕВН Македонија“, што ќе има финансиски последици врз компанијата. Пред се', се доведуваат во прашање нејзините идни инвестиции во мрежата, но и плаќањето на обврските за набавка на струја од ЕЛЕМ, бидејќи дистрибутерот може да се доведе во неликвидност за покривање на тековните обврски.

Од „ЕВН Македонија“ се незадоволни поради лошата распределба на признати трошоци, односно на големата поддршка која со методологијата и' се дава на државната ЕЛЕМ, наспроти ограничувањата на ЕВН, која исклучиво се финансира од наплата на сметките на струјата. ЕЛЕМ во иднина може да пријавува до РКЕ се' поголеми трошоци што ќе и' бидат одобрени и врз основа на тоа да бара и зголемување на цената на струјата.

„Суштинските делови ги нема во оваа методологија и може да дојде до загрозување на позицијата на ЕВН на пазарот на енергетика. Доколку на ЕВН не и' се признаат одредени тарифи, може да се предвиди неликвидност на фирмата, а со тоа и запирање на инвестициите, како што е онаа во ’Бунарџик‘. Но, ќе се загрозат и сите обврски што ги има ЕВН кон ЕЛЕМ“, изјави Карл Хајнц Грасман, заменик-претседател на УО на „ЕВН Македонија“, потсетувајќи дека компанијата досега инвестира 90 милиони евра во мрежата.

Новата методологија за пресметка на цената на електричната енергија најверојатно ќе биде готова за еден месец, а РКЕ и претставници на енергетските компании МЕПСО, ЕЛЕМ и „ЕВН Македонија“ вчера одржаа подготвителна седница на која ја разгледуваа предложената методологија.

Според претседателот на РКЕ, Славе Ивановски, методологијата не би требало да значи зголемување на цената, туку таа може да даде можност и за нејзин пад. Тој рече дека во иднина на потранспарентен начин ќе се пресметуваат трошоците, а РКЕ ќе има подобар увид во нивната реалност. Тоа би значело дека цената на струјата може и да се намали, бидејќи кога ќе се признаат реалните трошоци на компаниите, тогаш ќе се види колку тие инвестирале или не и дали имало или немало толкави трошоци колку што претставиле во своите извештаи. „Се обидовме да направиме транспарентен пристап, со многу попрецизни податоци во однос на она што се прикажува од регулираните компании како инвестиции, така што сметам дека ќе имаме и многу пофер однос“, рече Ивановски.

Инаку, со новата методологија и понатаму на „ЕВН Македонија“ ќе и' се признаваат загуби на струја од 11 проценти, иако од компанијата побарале поголем процент што ќе биде признат во цената. Од ЕВН побарале и ризикот на земјата да се земе предвид при определување на цената на струјата, односно нивните досегашни вложувања да се вреднуваат со одредена стапка на ризик, а забелешки доставиле и во однос на признавањето на инвестициите, но тие не биле прифатени од РКЕ.

„Она што досега е дадено како нацрт во методологијата е сосема доволно да им се обезбеди нормално работење на компаниите“, изјави Ивановски, додавајќи дека методологијата е организирана согласно со обврските од Законот за енергетика.

Инаку, Ивановски се' уште ја извршува функцијата директор на РКЕ, иако мандатот му е завршен пред неколку месеци.

Законската регулатива предвидува усогласување на методологијата на секои три години и тоа требаше да се случи до крајот на 2007 година. Одложувањето за две години е поради бавноста на другите законски измени со кои треба да се уредува либерализацијата на пазарот со струја.

Од „ЕВН Македонија“ се надеваа дека новата методологија, за разлика од претходната, ќе ги прикаже реалните трошоци во работењето и ќе овозможи и формирање реална висина на цената на струјата.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=670192DFF1355C46BA9A35B195CF90FD

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 15-Dec-2008 at 12:01
Бугарија ја поддржува Македонија за ЕУ, НАТО и визната либерализација

Скопје, 15 декември (МИА) ...
...
Двајцата премиери најавеното пуштање во употреба на далноводот Дуброво - Црвена Могила го оценија како важен елемент за развој на Коридорот 8, како и за поттикнување на инвестициите.  ...
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 16-Dec-2008 at 05:00

Македонија и Бугарија се поврзаа со нов далновод

Кај трафостаницата „Дуброво“, во близина на ТЕЦ „Неготино“, вчера свечено беше пуштен во работа новиот 400- киловолтен далновод Дуброво - Црвена Могила , што ги поврзува Македонија и Бугарија.

Далноводот е првата 400 -киловолтна врска меѓу енергетските системи на Македонија и на Бугарија. Тој е изграден во согласност со Договорот за енергетска соработка меѓу двете земји, со средства на МЕПСО и на бугарскиот НЕК- преносен оператор, како и со заем од ЕБОР, за кој државна гаранција даде Владата. Вкупната инвестиција на проектот изнесува 32 милиони евра, од кои 19 милиони се за далноводот. Тој е долг 150 километри, од кои 70 се на територијата на Македонија. Предвидено е НЕК да исплати средства во износ од 9,5 милиони евра, што МЕПСО ги инвестира за изградба на далноводот на бугарска територија, со доставување на електрична енергија за Македонија. На вчерашната свеченост присуствуваа премиерите на Македонија и на Бугарија, Никола Груевски и Сергеј Станишев.

Со пуштањето во работа на овој далновод, започнува реализацијата на Коридорот 8. Премиерот Груевски посочи дека тој е од исклучително значење за Македонија и за Бугарија, но и за целиот регион, бидејќи ќе обезбедува сигурност во снабдувањето со електрична енергија. „Во последните години енергетскиот дефицит станува предизвик на Македонија и за регионот поради што е неопходен оптимален пристап за зголемување на производните капацитети со дополнителни инвестиции за изнаоѓање нови извори на енергија и за енергетско поврзување со регионот“, рече Груевски.

Тој додаде дека Владата иницира сериозен инвестициски циклус од 1,5 милијарда евра во следните четири-пет години во делот на хидроцентрали, термо и гасни централи, како и во обновливи извори на енергија. Груевски потсети дека неодамна се склучени договорите за концесија за изградба на 400 мали хидроцентрали, деновиве ќе се објави јавниот повик за изградба на „Чебрен“ и „Галиште“ и дека во завршна фаза е постапката за избор на стратегиски партнер за хидроцентралата „Бошков мост“. (МИА)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=519BFA2FACBC5C4999638CDA1E433F5F
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 18-Dec-2008 at 10:37
Се гради трафостаницата во Штип
МЕПСО интензивно работи на изградбата на новата трафостаница во Штип со која треба да се подобри високонапонската електроенергетска мрежа во тој регион. Вчера таму се поставуваа порталите, високи 27,5 метри со кои трафостаницата ќе се приклучи на 400-киловолтниот далновод што ги поврзува Македонија и Бугарија.
- Ова е наша најголема инвестиција во реонот на источна Македонија, реализирана во последните десетина години, вредна повеќе од 11 милиони евра. Таа е финансирана од МЕПСО и со кредит од Европската банка за обнова и развој. Трафостаницата почна да се гради на 3 март годинава, а се планира да биде завршена и вклучена во електроенергетскиот систем на пролет идната година - изјави портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов. Според него, оваа трафостаница ќе ги задоволи потребите на реонот на источна Македонија за наредните 10 години и ќе обезбеди стабилно снабдување со струја и за потенцијалните странски инвеститори што ќе инвестираат во технолошко-индустриско-развојната зона Штип, која се наоѓа во непосредна близина на трафостаницата.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=213AD636EBDFA6479668C7267168DE9F

1

2


Од МИА
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 22-Dec-2008 at 01:05

Хрватски „Алстом“ ќе ја модернизира „Енергетика“ за 2,7 милиона евра

Хрватската компанија „Алстом“ ќе биде изведувач на реконструкцијата на два турбоагрегата во подружницата „Енергетика“, во што „Електрани на Македонија“ ќе инвестира 2,7 милиона евра.

- ЕЛЕМ успешно ја заврши тендерската постапка и за изведувач преку тендер ја избра хрватската компанија „Алстом“ од Карловац. Предмет на инвестицијата е модернизација на старите турбини произведени во периодот од 1964 до 1966, кои со години не беа во функција и кои по реконструкцијата комбинирано ќе произведуваат електрична и топлинска енергија - велат од ЕЛЕМ. Со тоа, државната компанија ќе има на располагање приближно 30 мегавати нова инсталирана моќност за потребите на домашниот електроенергетскиот систем.

Подружницата „Енергетика“ се предвидува да произведува годишно до 160 гигават-часови струја, плус со можност за производство до 200 гигавати топлинска енергија. Како погонско гориво ќе се користи природниот гас, кој досега на истата локација се користеше само за производство на топлинска енергија. Оваа инвестицијата се очекува значително да ги намали трошоците за производство на топлинска енергија и да ја зголеми ефикасноста на агрегатите при производството на електрична енергија. Хрватската компанија „Алстом“, според договорот, ќе треба да ја заврши реконструкција пред почетокот на наредната грејна сезона, најдоцна до средината на октомври 2009 година. 

 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 29-Dec-2008 at 00:20
Англичани ќе инвестираат во регионална депонија

Реализацијата е неизвесна поради страв од загадување на животната средина

ШТИП - Англиската групација „Вирвољ“ е подготвена да инвестира 30 милиони евра во изградба на најсовремена регионална депонија во источниот дел на земјава. Во оваа современа фабрика отпадоците би се претворале во топлинска енергија која може да се користи за греење станови. Сепак, реализацијата е неизвесна поради страв од загадување на животната средина. Ниту една општина од Брегалничкиот регион не сака депонија на свое подрачје, па затоа и не е избрана локација.

Идејата за проектот „Регионална депонија“ кај локалните власти на Штип, пред новогодишните празници ја образложи директорот на англиската групација, Крис Прат. Тој појасни дека ја имале предвид студијата која за регионалната депонија, која своевремено ја подготвиле општините од истокот.

„Ние сме конгломерат од повеќе фирми кои го здружија капиталот и знаењето во рециклажа на отпадот. Слични инвестиции реализиравме во Англија, Франција, Шпанија. Наша цел е да ја елиминираме концентрацијата на секаков вид отпад и, секако, од тоа да правиме профит. Тука го гледаме двостраниот интерес - општините да се ослободат од отпадот, а ние да произведуваме чиста енергија од отпад“, изјави Крис Прат.

Првиот човек на „Вирвољ“ потенцира дека депонијата е, всушност, најсовремена фабрика за трансформација на сите видови отпадоци во топлинска енергија. Услов за да се гради таков капацитет е регионот да има отпадок од 150.000 тони на годишно ниво. Брегалничкиот регион го исполнува тој услов. Прат вели дека топлинската енергија ќе може да се употребува за затоплување станбени и деловни објекти.

„Подготвени сме проектот да го реализираме како јавно-приватно партнерство. Наша обврска ќе биде целосно да го финансираме проектот, а општините да обезбедат услови за собирање и транспортирање на отпадот", потенцира Прат.

Според него, депонијата ништо и никого не загадува, а просторот околу неа ќе личел на цветна градина. "Вирвољ" имала готов проект и во оваа работа сакала да инвестира 30 милиони евра.

„Станува збор за успешно менаџирање со отпадот, нешто што во светот во кој свеста еколошки се' повеќе се развива е од поголемо значење. Во таа смисла ние сме подготвени да работиме со регионот и Општина Штип како негов центар", вели Крис Прат.

Сепак, тука има еден голем проблем. Имено, општините од регионот цели пет години не можат да се договорат каде да биде депонијата. Имаше повеќе локации, последната во Општина Карбинци, но таму се побуни населението. Всушност, регионалната депонија никој не ја сака во својот атар. И тоа се' поради фактот што населението нема информации за каков вид депонија станува збор, а смета дека тоа е извор на големо загадување.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=53E4CFB5E9CB954D883006E7B636CEEA

Уффффффф...................... Ај да ми легне материјалов, па ќе дадам мислење у некој од наредниве денови.....
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 02-Jan-2009 at 14:49
Потпишан договор за изработка на Базна студија за искористување на извори на енергија

Министерот за економија Фатмир Бесими, и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите академик Георги Старделов денеска во просториите на Акедемијата потпишаа договор за изработка “Базна студија за искористување на обновливите извори на енергија на Република Македонија“.

МАНУ во наредните четири месеци треба да ја изработи студијата во која ќе има детален преглед на расположивите ресурси на обновливи извори на енегија во Македонија и можноста за нивно користење, пишува на владиниот сајт. Исто така, во неа ќе биде утврден целниот процент на електрична енергија произведена од повластени производители кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија, начинот и динамиката на постигнување на целниот процент, како и целниот процент на вкупната потрошувачка на обновливи извори на енергија.

“Стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија во Република Македонија, односно стабилноста на енергетскиот систем е еден од врвните приоритети на Владата. Првиот работен ден од годинава го почнуваме со симболично потпишување на овој значаен договор од областа на енергетиката“, изјавил министерот Бесими по потпишувањето на договорот.

Тој посочи дека енергетиката е една од најзначајните теми на светско ниво бидејќи, како што рече, геополитички и стратешки е многу значајна на глобално ниво.

- Особено сум задоволен што годинава ја почнуваме со еден ваков голем проект кој МАНУ го доби на најтранспарентен начин преку јавен оглас, што е уште една потврда за кредибилитетот, компетентноста и современоста на оваа наша институција да работи на значајни проекти и директно да придонесе за идните политики од областа на енергетиката на владите и на Министерството за економија“, додаде министерот Бесими, истакнувајќи дека стратегијата е базирана на научни основи и оти во неа ќе бидат имплементирани последните светски практики.

Министерот за економија нагласи дека другата значајност на овој, како што го нарече, меѓугенерациски договор е што ќе придонесе за заштита на животната средина.

- Сведоци сме дека светот се соочува со глобалното затоплување, а еден од главните генератори за неговото појавување е токму секторот за енергетика, како најодговорен за значајната емисија на јаглерод диоксид, еден од главните предизвикувачи на затоплувањето. Ние денеска сме сведоци на еден договор како Македонија ќе пристапи кон искористување на алтернативните извори на енергија, што значи „0“ емисија на јаглерод диоксид, рече министерот Бесими.
 
Со тоа, како што кажа, како земја кандидат за членство во ЕУ Македонија предвреме влегува во реализација на Проектот до 2020 година 20 отсто од енергијата на ниво на Унијата да се произведува од обновливи извори на енергија, бидејќи е евидентно дека дотогаш ќе стане членка на ЕУ.

Академик Старделов рече дека задолжен за изработка на стратегијата ќе биде Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали на МАНУ со кој раководи академик Јордан Поп Јорданов.

“Убеден сум дека МАНУ има историска шанса да го покаже својот колективен ум и знаење, бидејќи денеска не потпишуваме само договор за изработка на еден голем проект, туку почнуваме да готвиме стратегија која ќе биде методолошки поинаква од сите останати“, рече академик Старделов, посочувајќи дека се планира таа да стапи во сила веднаш и да влијае на сегашноста, а не да го опишува идното време.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=47388&kategorija=2
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 02-Jan-2009 at 20:35
Мојот дом во деновите пред и по Нова 2009-та.


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 02-Jan-2009 at 22:03
Нека не те чуди!! Маџир маало неможе да мрдне од 180 VAC погоре!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 05-Jan-2009 at 02:07

Гасната војна нема да не' смрзне

Ако испораката на гас секне, „Топлификација“ ќе се префрли на мазут

Соња Маџовска

Откако настана проблемот меѓу руски „Гаспром“ и Украина поради неплатени долгови и одбивањето на Киев да ја прифати новата повисока цена на рускиот гас, вчера од „Гаспром“ изјавија дека ги обезбедува неопходните количества природен гас за Европа. Рускиот гигант „Гаспром“ уште еднаш ја обвини Украина, која има улога на транзитна земја, дека е одговорна за намалувањето на доставувањата на европските клиенти. Поради длабочината на проблемот и претседавачот со Европската унија, Чешка, свика итен состанок на земјите- членки на Унијата за денеска во Брисел.

Македонските компании кои користат гас смируваат и велат дека нема да имаат проблеми во работењето, особено „Топлификација“ од каде што порачуваат дека ако настане посериозен проблем во снабдувањето со гас ќе се преориентираат на мазут и граѓаните нема да останат без парно греење.

Информациите околу снабдувањето со гас го вклучија алармот откако викендов и шефот на бугарската компанија „Булгаргас“ предупреди дека поради намалена испорака на руски гас кон Бугарија е доведено во прашање и снабдувањето со гас во Македонија, Турција и Грција, земји кои со овој енергенс се снабдуваат преку Бугарија, која пак, викендов добила дури за 15 проценти помалку руски гас преку Украина.

Во земјава дваесетина компании го користат гасот како енергенс.

Првиот човек на „Топлификација“, Димитар Хаџимишев, уверува дека граѓаните нема да останат без парно греење.

„Македонскиот оператор ’Макпетрол‘ е во непосредни разговори со Бугарија. Според нив, нема непосредна опасност за прекин на доставувањето гас. А ако се случи тоа, ние ќе можеме уште 2-3 дена да користиме гас. Има одреден период на отказ во кој можеме да се преориентираме на мазут.

Така, нема никаков проблем за снабдувањето со топлина и за снабдувањето со гас во овој момент“, објаснува Хаџимишев. Според него, веќе извесно време „Топлификација“ бара целосно да премине на користење мазут, што е за 2,5 пати поевтино од гасот.

Извори од фирмата велат дека ако им се дозволи целосно користење мазут, тоа ќе доведе до драматично намалување на цената за парното греење, дури и повеќе од 60 отсто, односно тоа може да значи поголемо намалување и од цената на парното што ја имавме до август. И онака овој месец се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ја намали цената на парното, но со сегашната поставеност на користење во комбинација на гасот и мазутот, очекувањата се дека намалувањето на цената на парното може да биде околу 20 до 30 отсто.

Инаку, од „Топлификација“ велат дека тие веќе подолго време од Министерството за животна средина бараат целосно да се преориентираат на мазут и за тоа се во тек преговори.

Според информациите од ГАМА, состојбата со снабдување со гас кај нас е нормална, а доколку дојде до промени - потрошувачите навреме ќе бидат информирани.

Што се однесува до проблемот меѓу „Гаспром“ и Украина, вчера од

„Гаспром“ изјавија дека го доставуваат гасот до украинскиот систем за транспорт со целосно почитување на договорот за транзитирање и според барањата на европските потрошувачи. Според портпаролот на компанијата, Сергеј Купријанов, намалениот притисок во украинскиот систем за транспорт на гас се должи на непочитувањето на ангажманите од украинска страна.

„Гаспром“ ја повика, исто така, Европската унија да го контролира транзитот на руски гас преку Украина за Европа и вети дека ќе го зголеми обемот на енергенсот за да ги компензира загубите.

Полска, Романија и Бугарија потврдија дека доставувањата на руски гас, кои минуваат преку Украина, се намалени.

Заменик-претседателот на Управниот одбор на рускиот гигант „Гаспром“, Александар Медведев, завчера во Прага изјави: „Од 31 декември Украина одби да преговара со ’Гаспром‘ и избегнува достава на природен гас, наменет за европските потрошувачи, нарушувајќи ја на тој начин обврската на транзитна држава“. Тој додаде дека ја повикале Украина да се воздржи од таквите незаконски дејства и украинските претставници да се вратат во Москва со цел веднаш да се договори спогодба за доставување природен гас, која ќе биде прифатлива за двете страни.

Претходно Медведев изјавуваше дека преговорите со Украина се одвиваат тешко и дека единствен излез е да се најде начин Украина да се заобиколи, а гасот да се испорача до другите земји.

На 1 јануари Русија го запре доставувањето природен гас за Украина, бидејќи Киев не ги исплати на време старите долгови кон „Гаспром“ и не беше постигната спогодба за цените по кои рускиот енергетски гигант ќе ја доставува суровината на Киев во 2009 година. „Гаспром“ најави и тужба за украинската компанија „Нафтогас“ пред Меѓународниот арбитражен суд.

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F1CD5EFA647D5540B8D2F33DEF0225FE
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 06-Jan-2009 at 03:30
Владата ги чешла инвестициите на ЕВН

Компанијата „Ернст и Јанг“ ќе врши независна ревизија дали Австријците вложиле 96 милиони евра, а резултатите ќе бидат познати во февруари


Несогласувањата кулминираа со изјавата на премиерот Груевски дека е разочаран од работата на австриската компанија

Владата проверува дали „ЕВН Македонија“ ги исполнила условите од купопродажбениот договор кои предвидуваат Австријците да инвестираат 96 милиони евра до 2009 година во реконструкција на дистрибутивната мрежа. И од ЕВН и од Министерството за економија потврдуваат дека независната ревизија ќе ја врши компанијата „Ернст и Јанг“, а резултатите ќе бидат познати во февруари.

Несогласувањата меѓу Владата и „ЕВН Македонија“ кулминираа завчера, кога премиерот Никола Груевски изјави дека е разочаран од работата на австриската компанија, која според него е најлош странски инвеститор во земјава. Премиерот Груевски и вчера му порача на ЕВН да се однесува совесно, одговорно и согласно со законите во државата.

- Во Брвеница и Демир Хисар веќе шест месеци имаме неотворени готови спортски сали поради тоа што ЕВН одбива да пушти струја. Тоа е една многу чудна работа, запирање на проектите на Владата и монополистичко однесување. Не е толку страшно што половина година државата чека ЕВН да приклучи струја за спортските сали што ги направила, туку уште потрагично е што многу компании во приватниот бизнис, фабрики или други објекти што се градат, чекаат и молат со месеци монополот ЕВН да им приклучи струја - изјави Груевски.Од „ЕВН Македонија“ велат дека Агенцијата за млади и спорт се' уште не платила за приклучокот, иако за овој проект се потпишани договори и испратени фактури.

- Како големи поддржувачи на спортот и образованието, му даваме целосна поддршка на проектот за изградба на спортски сали и затоа имаме добра соработка и специјален третман на Агенцијата за млади и спорт. Постапуваме според законот, бидејќи поинаку не знаеме да работиме - велат од ЕВН.

Во ЕВН се изненадени од изјавата на премиерот и жалат што тој не може да го види напредокот на австриската компанија. Тие велат дека дефектите се двојно намалени во однос на претходните години. Како главна причина за дефектите од ЕВН ги посочуваат кражбите на струја и неприклучените нови трансформатори. Австријците сметаат дека Владата систематски ги опструира.

- Работевме на подобрување на состојбите во Македонија и ќе продолжиме во иднина. Ќе работиме согласно со законите во државата и во интерес на потрошувачите. Државните институции се тие што треба да ни овозможат пристап насекаде и да се обезбедат социјални пакети за тие што не можат да платат струја - велат од „ЕВН Македонија“.„ЕСМ дистрибуција“ беше продадена во 2006 година за 225 милиони евра плус обврска за 96 милиони евра инвестиции во следните три години. Во тој период ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, а сегашниот директор на „Електрани на Македонија“, Влатко Чинговски, од името на партијата јавно ја осуди продажбата, нарекувајќи ја тројански коњ.

Следеа серија несогласувања, а ЕВН побара државата да им врати 22,5 милиона евра бидејќи затекнатата состојба во ЕСМ не соодветствувала со објавеното во тендерот. Во ноември 2007 година владата на Груевски преку соопштение во јавноста најави дека е заинтересирана да ја откупи ЕСМ, која веќе една и пол година беше сопственост на ЕВН. На крајот на 2007 година се најавија проверки на остварените инвестиции на ЕВН, а лани власта побара 18 милиони евра за непочитување на договорот. Австријците одговорија дека не постојат докази за неисполнување на инвестициите од договорот бидејќи нема ревизорски извештај и најавија тужба пред Арбитражниот суд во Лондон.

Владата и „ЕВН Македонија“ се судрија и за Законот за енергетиката, со кој ЕЛЕМ доби право и да тргува со струја. ЕВН имаше забелешки и за новата методологија за пресметка на цената на струјата. Австријците тврдат дека со неа се доведени во прашање ликвидноста на компанијата, работните места и понатамошните инвестиции, надвор до договорот за купопродажба.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DFD22E3EA46051479E4AFA007C783178

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 06-Jan-2009 at 03:45
Ќе се бараат нови наоѓалишта на јаглен


Министерството за економија годинава ќе потроши 650.000 евра за испитување на локации каде би можело во наредниот период да се експлоатира јаглен за производство на струја. Според Програмата за детални геолошки истражувања на минерални суровини за производство на електрична енергија во 2009 година, која министерот за економија, Фатмир Бесими ја претстави на последната владина седница, испитувањата ќе се вршат за веќе постојни наоѓалишта како што се Суводол и Брод Гнеотино, кои во моментов се под концесија на ЕЛЕМ и се експлоатираат за потребите на ТЕЦ Битола, како и наоѓалиштата Живојно и Лавци.
- Во наоѓалиштето Неготино, ЕЛЕМ ќе испитува колкави количини јаглен има за потребите на неготинската термоцентрала. Во наоѓалиштето Буковјани ќе се испитува јаглен за потребите на ТЕЦ Осломеј. Министерството за економија ќе врши испитување на наоѓалиштето Страгомиште, како и колкави количини на јаглен има во Делчево и Пехчево за потребите на евентуално некоја нова мала термоцентрала - вели Бесими.

Предвидени се и испитувања на наоѓалишта на јаглен за потребите на индустријата, односно за широка потрошувачка. Такви се детектирани три наоѓалишта - во Катланово, Искупштина и во Берово.
- Согласно проценките, предвидено е во текот на 2009 година да се вршат истражувања во сите овие наоѓалишта со што ќе имаме јасна слика за тоа колкав е нивниот капацитет и евентуалната нивна корисност за продолжување на векот на траење на постојните термоцентрали и евентуално отворање на нови капацитети во земјава. За оваа намена досега имаме обезбедено 22,7 милиони денари, а дополнително ни се потребни уште 17,9 милиони денари - вели Бесими.

20 милиони денари за свеќите да се заменат со светилки
Владата и во текот на оваа година ќе продолжи со електрификација на селата каде се уште жителите користат свеќи за осветлување. Според министерот за економија, Фатмир Бесими, за оваа намена се издвоени 20 милиони денари буџетски пари, но дополнително ќе се утврдува за кои локации и за кои села ќе бидат потрошени.

За вицепремиерот Зоран Ставрески, носењето струја до секој дом и во секое село во земјава е приоритет на Владата. Според него, потребна е подлабока анализа уште колку села има во државата што не се електрифицирани.
- Можеби треба да се донесе политичка одлука за ова прашање. Најпрво Министерството за економија треба да ни подготви информација колку села се и колку чинат трошоците за електрификација и тоа да го ставиме како еден од приоритетите на Владата при распределбата на средства за следните буџети. Овој процес мора да го завршиме за да нема повеќе село во Македонија што ќе остане без струја - смета Ставрески.

Минатата година државата на преносниот оператор МЕПСО му префрли 8,8 милиони денари за електрификација на само две села: Бекирлија - општина Лозово и Батање - општина Карбинци.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F6B0D7DD08B7B0429AA3A74F30958F9F
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.