build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15037
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 04-Nov-2015 at 09:25
Завршен новиот македонско – српски 400 kV далновод

Државната компанија МЕПСО ја заврши изградбата на новиот 400 kV далновод од Штип до македонско – српската граница, а во моментов течат финалните активности за поврзување на последниот далекуводен столб на македонска страна со првиот столб на српската страна од границата. Електромонтерите на ко-изведувачот „Енергомонтажа“, кој го гради далноводот заедно со шведски „Елтек“, работи на извлекување и монтажа на фазните проводници за електрична енергија на затезните челично – решеткасти столбови на двете страни од македонско – српската граница.

Со финализација на оваа фаза од работите, МЕПСО го затвора најголемиот тековен инвестициски проект вреден над 11 милиони евра. На територијата на Република Македонија се изградени 168 далекуводни столбови, од трансформаторската станица во Штип до границата со Република Србија, со должина од 70 километри. До крајот на ноември интерконективниот вод треба да биде ставен под напон. Во следниот период ќе се реализираат финалните подесувања, проверки и тестирања.

Изведбата на 400 киловолтниот далновод се одвиваше во изминативе 11 месеци – градежните работи на терен започнаа во декември 2014 година. Со изградбата на овој капацитет за пренос на електрична енергија, нашата земја ќе добие 4 интерконективни далноводи на коридорот север – југ.

http://www.build.mk/?p=47033
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15037
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 23-Jan-2016 at 20:49
Пуштање во употреба на 400 kV далекувод во Штип







фото: mia.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15037
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 27-Jul-2016 at 09:07
ГЕРМАНИЈА ОДОБРИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДАЛНОВОДОТ АЛБАНИЈА - МАКЕДОНИЈА

Албанскиот министер за енергетика и индустрија, Дамијан Ѓикнури и германската амбасадорка во Албанија, Сузане Шулц, вчера во Тирана потпишаа договор за финансирање на 400-киловолтниот далновод Албанија-Македонија.

„Сега се обезбедени сите потребни финансиски средства за изградба на овој далновод. Првиот дел е германски кредит во износ од 50 милиони евра, додека 14 милиони евра се грант од ЕУ“, изјави Ѓикнури по потпишувањето на договорот.

Проектот, според Ѓикнури, опфаќа интерконективно поврзување со Македонија и изградба на две станици, во Фиер и Елбасан.

Амбасадорката Шулц изјави дека со овие финансиски средства ќе се гради првиот сегмент, за што се одобрени 30 милиони евра, додека другите 20 милиони евра ќе бидат трансферирани по летните одмори.

Интерконективната линија Елбасан - Битола ќе биде прво енергетско поврзување меѓу Албанија и Македонија. Изградбата е предвидено да почне во првата половина од 2017 и да заврши во 2020 година.

http://utrinski.mk/?ItemID=16DD1315D55B1C46A6A293DFC9F2B895
За сè има вторпат
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 207
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 08-Oct-2019 at 14:42
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15037
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 22-Nov-2019 at 11:13
На 108 јавни објекти се поставени фотоволтаици

Во 36 општини со поддршка на ЕУ и Светската Банка инсталирани се фотоволтаични системи на 108 јавни објекти при што се смета на годишна заштеда од 190.000 евра, соопшти владата.

„Фотоволтаичните системи се поставени на објекти на вкупно 68 училишта, од кои 11 за средно и 57 за основно образование. Од нив, 58 фотоволтаични системи се поставени на училишните згради и 10 на спортските сали при училиштата. Шест фотоволтаични системи се поставени на детски градинки, 18 на општинско-административни објекти, 2 системи на домови на култура, 3 на спортски општински сали и по 1 фотоволтаичен систем e поставен на здравствен дом, територијална единица за противпожарна заштита и тренинг центар“, информира владата.

За намалување на трошоците за електрична енергија кај јавните субјекти инсталирани се 3 фотоволтаични системи на пречистителни станици за отпадни води и тоа во Берово, Кичево и Македонски Брод, како и 4 системи на фабрики за вода за водоснабдителен систем (Штип, Струга-Шум, Гостивар и Тетово) и една пумпна станица за водоводен систем во Карбинци.

Пресметките говорат дека кај ваквите објекти, каде што корисникот работи 24 часа и е голем потрошувач, заштедите во потрошена електрична енергија може да изнесуваат од 28 до 82%, или 45% во просек месечно, односно 1.000 евра по објект за месец. Кај осумте вакви објекти со вградени фотоволтаични системи, заштедата годишно може да изнесува 96.000 евра.

Во јавните објекти од типот на општински-административни згради, училишта, градинки културни домови и слично (мали потрошувачи), заштедите во потрошена електрична енергија месечно може да изнесуваат од 20-76% (просечно 45%) што изнесува 80 евра по објект месечно. На 100 вакви објекти вградени се фотоволтаични системи и заштедата кај нив годишно може да изнесува 96.000 евра.

Вкупната заштеда на средства за сите 108 објекти годишно може да изнесува околу 190.000 евра.

https://plusinfo.mk/%d0%bd%d0%b0-108-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%be/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2084
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 22-Nov-2019 at 15:21
190.000 евра за фотоволтаици на 108 училишта...
Значи 1.750 евра по установ...


Па во куќа за 4 члено семејство нема да ти завршат 1.700 евра работа за фотоволтаици!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 27-Dec-2019 at 22:14
Inaku vo posledno vreme gledam kaj nekoi(da ne recam kaj poveketo od zgradite i kompleksite se primenuva sistem na greenje so invertori pa me interesira dali nekoj ima iskustvo kolku e efikasen takviot nacin na zatopluvanje vo sporedba so parnoto??(ne najdov soodvetna niska za prasanjevo pa zatoa go postaviv tuka)
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 28-Dec-2019 at 10:59
Прашањево веројатно може да се префрли во Енергетика (Општо). Не треба да се споредува инвертер технологија со парно бидејќи тие можат и заедно да функционираат. Она што треба да се споредува е изворот на енергија (струја, гас, дрва) и уште подобра споредба конверторот на таа енергија (печка за дрва vs инвертер клима). Инвертер е само мал дел наменет за моторот на компресорот што го прави таквиот систем на струја енергетски-ефикасен. Така што можеш да инсталираш топлинска пумпа (воздух-вода) со инвертер технологија што можеш да ја поврзиш со подно греење, парно греење и/или фенкојлери. За да се пресмета дали и колку е некој систем ефикасен треба да се земе во предвид квадратурата и поврат на инвестицијата. Или ако се грижите за природата и сакате да ги исфрлите гасот и дрвата, тогаш веројатно не ви треба пресметка  за поврат Big%20smile

Едит: Кога велам струја како извор на енергија мислам на користење енергија од соларна/ветерна/хидро/термоелектрана или индивидуален соларен систем наспроти индивидуален приклучок на гас или горење дрва кои се несомнено помалку ефикасни и многу поголеми загадувачи. Инаку се разбира дека струја може да се добие од гас и дрва.


Edited by ironm - 28-Dec-2019 at 11:07
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15037
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 28-Jan-2020 at 08:14
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 07-Feb-2020 at 16:20
Потпишани договорите за идниот далновод кон Албанија и нова трафостаница во Охрид

МЕПСО ќе инвестира 35 милиони евра во двата проекти за изградба на 400 киловолтен далновод за поврзување на електропреносните системи на Македонија и Албанија и на нова 400/100 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид. Во владата денес беа потпишани договорите со изведувачите „Енергоинвест“ од Босна и Херцеговина и „Кончар“ од Хрватска. Реализацијата на проектот е од огромно значење за нашата земја, бидејќи со него ќе се стави во функција коридорот за пренос на струја од Бугарија, преку Македонија и Албанија, до Италија.

Премиерот Оливер Спасовски во своето обраќање истакна дека со овие инвестиции се подига степенот на стабилноста на електроенергетските системи за подобра продуктивност, што е од интерес за домашните и странските инвеститори кои имаат придонес во растот на економијата.

– Регионалното поврзување на електропреносните системи е долгорочен стратешки интерес за секоја држава. Врските со соседите значат електроенергетска стабилност – основа за секоја просперитетна економија. Нашата работа е токму тоа – нагласи генералната директорка на МЕПСО Ева Шуклева.

Новиот далновод меѓу Македонија и Албанија ќе се гради од трансформаторската станица „Битола 2“ до трансформаторската станица „Елбасан“. Воедно, проектот за изградба на 400/100 kv трафостаница „Охрид“ ќе обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија на Охридскиот регион. Спроведувањето на проектот е со финансиска поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

https://meta.mk/potpishani-dogovorite-za-idniot-dalnovod-kon-albani%d1%98a-i-nova-trafostanicza-vo-ohrid/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 22-May-2020 at 12:28
Зелени економии за одржлива енергетска иднина: ќе го исфрлиме ли јагленот од употреба? (видео)



Транзицијата кон чисти извори на енергија е неопходна, не само за да се остварат енергетските и климатските цели, туку и да се заштити здравјето на луѓето. Преминот кон зелена економија не ја заобиколува ниту Северна Македонија, иако eнергетскиот систем во земјава е речиси целосно зависен од јаглен, што е една од главните причини што имаме најзагаден воздух на глобално ниво.

Токму затоа, најновата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, во две од трите сценарија (референтно, за умерена транзиција и зелено сценарио), предвидува напуштање на јагленот како енергенс и инвестиции во енергетски постројки на сонце и на ветер.

Фактот дека во Стратегијата се поставени рокови за затворање на термоелектраната на јаглен „Осломеј“, за трансформирање на работата на РЕК „Битола“ до 2025 г., како и јасни цели за зголемување на уделот на енергијата од обновливи извори, за невладиниот сектор е еден од најважните делови во документот.

Започнувањето на административните процедури за изградба на 120 мегаватни соларни термоелектрани на местото на ТЕЦ „Осломеј“ е одличен почеток на енергетската транзиција, оценуваат граѓанските организации. Сепак, предупредуваат дека властите мора да ги почитуваат поставените рокови, а Владата да започне со планирање на процесот на праведна транзиција на регионите на термоелектраните и рудниците на лигнит. Ова значи планирање на алтернативен економски развој за тие региони, за да се избегне социјална криза ако поголем број лица останат без работа, но и да се обезбеди понатамошен економски развој кој ќе значи сигурност за идните генерации.

https://meta.mk/zeleni-ekonomii-za-odrzhliva-energetska-idnina-kje-go-isfrlime-li-jaglenot-od-upotreba-video/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2017
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 22-May-2020 at 12:45
Во Македонија се сее магла дека може да се ифрли јаглен од употреба, а се земаат држави како пример од средна и северна Европа како пример зашто тамо се случило тоа. Намерно или не, се заборава а се каже дека овие држави имаат удел на нуклеарна енергија колку што Македонија има удел на термо-енергија ~70%, и се заборава да се каже дека Шведска на пример кога влезе во процес на гасење на термо-електрани имаше удел на термо-енергија од само 19%, а не како Македонија 77%, и Шведска имаше длабоко развиена хидро-енергетска мрежа, за разлика од Македонија која главните хидро-потенцијали сеуште ги нема изведено. Ова гасење термо-електрани е wishfull thinking за држави како Македонија. Напротив фокус-от треба да се стави на далечна долгорочна гасификација на термолектраните ако тоа е воопшто рентабилно и возможно, ама туку така дека ќе се изгасат ни на памет.

Edited by user8642 - 22-May-2020 at 13:02
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2017
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 06-Jun-2020 at 03:26
Постари текстови од пред некој месец, кога пропадна и 14-тиот обид да се најде инвеститор. Очигледна е неисплатливоста на проектот и мора да се бара чаре и тоа не баш во овој проект со разни јавно-приватни модели кои не даваат резултат, но барем во финансирање на исплатливи хидроцентрали. Ако не бива со Чебрен, барем државава да понуди некоја друга локација на инвеститори. Затоа што страшно е ова што се случува, поточно не се случува, во Македонија. Немаме една хидроцентрала во изградба, ниту барем во реална опиплива најава. Реално да имаме нешто да очекуваме да биде готово. Предходните години се градеа Света Петка и Козјак, пред тоа долго време беше глуво доба, транзиции, распад системи. Штета е да се враќаме во тоа време со ваква неактивност на темата изградба на хидроцентрали. "Бошков Мост" и "Луково Поле" беа срушени од неодговорни активисти правејќи всушност огромна штета баш заради изгубените непроизведени еколошки KWh е поголема штета, него дали 20 риса ќе се преселеле погоре по планината. Треба да се направи обид, да се најде политичка воља да се дадат на инвеститори од неколку причини: Поисплатливи се, државата не би потрошила сопствени средства него друг би ги финансирал, и еднаш кога ќе се потпише аранжман после веќе лесно е, никој неможе да го минира проектот така лесно. Едноставно би дошле у некоја ситуација како што Општина Аеродром со спорната зграда кај Мајчин Дом ја стави државата во мат ситуација да ако се повлече од идејата тогаш треба да се плати штета, а за тоа секако не би се нашла политичка воља. Да едноставно ја доведеме ситуацијата со дереџе кога цената по државата да продолжи со проектот е поефтина него да го застане. Затоа е одличен алат вака приватното финансирање на вакви проекти. И така аудиториумот и јавниот интерес за овие прашања во Македонија е исклучително мал, слободно може да се истераат тендери, да се потпишат договори. Најчесто кај нас се реагира кога ќе дојде до изведба и ќе се појави булдожер на терен, но тогаш веќе касно би било и никој кусоглед себичен активист неможе веќе да заебе работа.



ХЕЦ „Чебрен“: Стара идеја, во ново јавно-приватно пакување
23 февруари 2020

Долгогодишна политичка заложба и идеја на сите досегашни влади, но без никаква реализација. Тоа беше, и сѐ уште е, изградбата на хидроцентралата „Чебрен“ на Црна река – главниот адут во сите партиски програми што добива посебен акцент во секој предизборен период. ХЕЦ „Чебрен“ би требало да ѝ донесе сигурна снабденост со струја на државава и намалување на увозната зависност.

И покрај сите 13 досега распишани и неуспешни тендери за ХЕЦ „Чебрен“ во изминатите 20-тина години, од низа причини, и покрај повеќе изработени студии од странски експерти, идејата, стара повеќе од 30 години, сѐ уште живее.

Која е главната причина за неуспешните тендери ?

„Наједноставно кажано, нема доволно вода за релизација на толку скап проект. Тоа е основната причина за сите досега пропаднати тендери за ХЕЦ „Чебрен“. Проектот е прегломазен за исполнување, а количество на вода што го има Црна река е премало за таква грандиозна централа каква што е замислена. Тоа е главниот проблем. Залудно се прават постојано студии и се објавуваат тендери. Потврда дека нешто многу фали во тие студии е и фактот дека на секој тендер се пријавуваат по десетина странски компании кои набргу се повлекуваат, кога ќе видат според документацијата дека станува збор за неисплатлив проект. Затоа досега и нема конкретна понуда за ХЕЦ „Чебрен“, велат експерти упатени во оваа проблематика.

Според нив, природниот хидро-потенцијал на Црна река нема капацитет за работа на хидроцентрала која би произведувала 1.000 мегават-часови струја годишно. За тоа треба огромно количество на вода, многу поголемо од она што го има сега оваа река. ХЕЦ „Чебрен“ може да биде само со помал капацитет, колку ХЕЦ „Тиквеш“, на пример.

„Навистина не е јасно, зошто секоја влада наназад упорно го форсира овој проект, кога нема услови за негова реализација. Идејата е нереална и несигурна. Последната студијата не е достапна ниту на факултетите, па не може стручњаците да го кажат своето мислење“, посочуваат експертите.

Пред неколку дена на прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски најавија дека е објавен нов, меѓународен јавен повик за јавно-приватно партнерство за изградба на ХЕЦ „Чебрен“.

    Цената на проектот била над 570 милиони евра.
    Седум компании веќе побарале да ја подигнат пред-тендерската документација.
    Немало да се изработува посебна студија, дека ги имало многу досега, а последната е од ноември минатата година.
    Моќноста на хидроелектраната е предвидена на 333 мегавати, а годишното производство на струја, 1.000 гигават-часови.
    Тендерот ќе трае до 3 април годинава.

Приватниот партнер, како што рече Ковачевски, ќе треба да ги обезбеди парите за изградба на електраната, а ќе добие концесија за вода од 60 години. ЕСМ, како јавен партнер, ќе треба да изгради пристапен пат до хидроелектраната, поврзување со трафостаница и ќе ја понуди ХЕЦ „Тиквеш“, во состав на ХЕЦ „Чебрен“, бидејќи припаѓа на исто сливно подрачје. Ковачевски оптимистички најави дека, по 15 години неуспешни обиди и 13 тендери, ХЕЦ „Чебрен“ ќе биде изградена, „затоа што има политичка волја“.

До почетокот на минатата година тендерите за ХЕЦ „Чебрен“ одеа во комбинација со ХЕЦ „Галиште“, која беше тргната како неисплатлив проект, а остана „Чебрен“, како пореален. Владата лани ја најавуваше оваа инвестицијата во вредност меѓу 600 и 800 милиони евра, реализација преку јавно-приватно партнерство, меѓу ЕСМ и странска компанија. Беше кажано и дека ИФЦ, како дел од групацијата на Светска банка, е вклучена во процесот на тендерирање и анимација на странски инвеститори.

Според претходни студии, изградбата на ХЕЦ „Чебрен“ би траела 7-8 години, а повратот на инвестицијата би бил за период од 25 до 30 години. На првичните тендери за изградба на „Чебрен“ и „Галиште“, пред околу две децении во просек се јавуваа по десетина и повеќе угледни странски компании. Што беше тоа што на компаниите не им се допаѓа во тендерските понуди, никогаш не беше јавно обелоденето од надлежните институции во државата. Неофицијално, инвеститорите никогаш немаа од македонските влади доволна гаранција дека проектот ќе им биде економски исплатлив.

https://meta.mk/hecz-chebren-stara-ide%D1%98a-vo-novo-%D1%98avno-privatno-pakuva%D1%9Ae/


Edited by user8642 - 06-Jun-2020 at 03:37
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2017
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 06-Jun-2020 at 03:32

Четиринаесетти обид за изградба на хидроцентралата „Чебрен“
Од
Петранка Огнаноска -
13:00 21.02.2020
310
Сподели
Facebook
Twitter
Google+
Email
Планираната локација во Мариово за изградба на хидроцентралата Чебрен Фото: Игор Бансколиев

    Очекувањата се дека со изградбата на долгонајавуваната електроцентрала, за што првпат се нуди јавно-приватно партнерство, ќе се намали производството на струја од јаглен, а штом ќе почне да работи, во атмосферата годишно ќе бидат испуштани 913 илјади тони помалку јаглерод диоксид

Објавен е меѓународен јавен повик за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ на Црна Река по пат на јавно-приватно партнерство (ЈПП). Јавен партнер ќе биде ЕСМ, кое како влог ќе понуди изградба на пристапниот пат до електроцентралата, приклучокот на мрежата, односно трафостаницата и хидроцентралата „Тиквеш“. Додека, пак, од приватниот партнер се очекува да ги обезбеди предвидените 570 милиони евра за изградба на електроцентралата.

Според плановите, хидроцентралата „Чебрен“ треба да има инсталирана моќ од 333 мегавати и годишно производство од 1.000 гигават-часа електрична енергија. Тоа е колку една четвртина од постојното годишно производство на ЕСМ. Јавниот повик ќе биде отворен до 3 април, а дури седум реномирани странски компании пројавиле првичен интерес за да ја подигнат претквалификациската документација, која во оваа фаза е бесплатна.

За најдобар понудувач ќе биде избран оној што на ЕСМ ќе му понуди поголем удел во заедничката компанија. Тој ќе добие концесија од 60 години за да управува со новоизградената електроцентрала.
– Владата го трасира патот на енергетската транзиција со изградба на капацитети со доминантно производство на електрична енергија од обновливи извори. „Чебрен“ ќе биде од огромно значење за балансирање на енергетскиот систем на земјава и со своите услуги ќе биде значаен партнер во секундарната и терцијалната регулација и на регулираниот пазар – кажа премиерот Оливер Спасовски на вчерашната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека минатата година Владата, во соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), настојувала проектот за „Чебрен“ да се стави на мапата за значајни можности за инвестиции во енергетската инфраструктура во земјата и е изработена студија со која проектот е попрофитабилен од порано.
– Беа направени анкети за заинтересираноста на компаниите за реализација на проектот и е утврден нагласен интерес кај енергетските компании во Европа и пошироко – додаде Спасовски.

Наедно, тој потсети на објавените огласи за изградба на капацитети од обновливи извори, особено на фотоволтаични електроцентрали, на стратегијата за развој на енергетиката, на новиот закон за енергетска ефикасност, договорот за изградба на интерконективниот далновод со Албанија, огласот за изградба на дистрибутивната мрежа на гас…

– Претходно, енергетските компании инвестираа во жичници, фасади, рајски паркови, а цената на електричната енергија ја зголемија речиси за 100 проценти. Сега ЕСМ и МЕПСО инвестираат во енергетски проекти и обезбедуваат подобра и сигурна енергетска иднина – истакна Спасовски.

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, оцени дека со објавувањето на јавниот повик се прави сериозен и издржан чекор за реализација на „Чебрен“, за кој, како што рече, е сигурен дека може да се спроведе и дека државата има политичка волја, но и стручна подготвеност да го спроведе тоа.
– „Чебрен“ ќе ни овозможи во иднина да го намалиме производството од јаглен и базната енергија постепено да ја супституираме со производство од оваа голема хидроцентрала. Кога ќе почне да работи, ефектот ќе биде 913 илјади тони годишно помалку јаглерод диоксид испуштен во атмосферата – рече Ковачевски.
Директорот на ЕСМ нагласи дека новата економска анализа со новите услови на пазарот што ја изработи ИФЦ покажала дека проектот е исплатлив, а испитувањето на пазарот потврдило дека сериозни компании од регионот и од Европа се заинтересирани за изградба на хидроцентралата.

– Оптимисти сме дека по многубројните неуспешни обиди во последните 15 години, оваа хидроцентрала конечно ќе се изгради. Очекуваме голем интерес и до крајот на годинава да се избере најдобриот понудувач за реализација на овој голем инфраструктурен енергетски проект – нагласи Ковачевски.
Неговиот оптимизам, како што посочи, се должи на сериозните испитувања, консултации и анализи направени во изминатите две години од страна на домашни и странски експерти и меѓународни институции, меѓу кои и ИФЦ.

– Со препораките на ИФЦ за начинот како да се спроведе оваа постапка го објавивме повикот по принципот на јавно-приватно партнерство. Со сериозна подготовка на овој и на кој било друг проект, ќе има успешност во постапката. Самиот интерес на неколку големи странски компании од областа на енергетиката во изминатите неколку дена, да ја подигнат документација, покажува дека има голема веројатност за негова успешност – рече Ковачевски.
Досега за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ беа објавени дури 13 јавни тендери, но ниту еден не беше успешен, а оваа година првпат се нуди јавно-приватно партнерство.


https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%b5%d1%81%d0%b5%d1%82%d1%82%d0%b8-%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%85%d0%b8/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 06-Jun-2020 at 11:03
Јаглеродната такса е стимулација за брза енергетска трансформација

Еколкошките даноци се еден од ефикасните начини за борба со климатските промени и стимулација за нискојаглероден развој. Тие се закана за сите големи и потенцијални емитирачи на јаглероден диоксид, од старите возила, па сè до големите енергетски и индустриски капацитети кои користат фосилни горива. Данокот на јаглерод се однесува на сите стационарни и мобилни извори на јаглерод. Во Македонија најголемиот извор е енергетскиот сектор, преку термоелектраните на јаглен, но тука влегува и транспортот и загревањето со фосилни горива како нафта, мазут или јаглен. Во светот и кај нас, покрај енергетиката има стопански гранки што исто така се големи извори на јаглероден диоксид, почнувајќи од големите индустриски капацитети, како цеметарите или топилниците, па сè до земјоделските оранжерии, кои исто така многу често користат фосилни горива за загревање.

Воведување на данок на јаглерод значи отварање можност за инвестиции за обновливи извори кои ни се многу потребни, смета Елена Николовска од „Еко Свест“. Станува збор за обезбедување финансиски средства не само за обновливи извори, туку и за иновации кон примена на најдобри практики и достапни технологии кон нискојаглероден развој.

Иако беше спомната како можност во Стратегијата за енергетика и е планирана како мерка во Националниот план за енергија и клима, сè уште не е започнат процесот на воведување на јаглеродната такса. Ова значи дека нема никаква правна рамка за овој инструмент и не се знае во каков формат ќе биде воведен. Иако зеленото сценарио е финансиски најисплатливо според сите проценки вклучително и Стратешката оценка за влијанијата на Стратегијата за енергетика, сепак, овој инструмент не е директно врзан со имплементација на одредено сценарио, иако значително влијае на брзината на енергетската трансформација. Без разлика кое сценарио ќе го одбереме, мерката данок на јаглерод е потребна за обезбедување одржлив механизам за финансирање на оваа трансформација, а ова е потребно за да ги достигнеме целите од Енергетска Заедница и ЕУ. Колку побрзо ја воведеме, толку побрзо ќе чекориме кон исполнување на тие цели“, вели Николовска.

Оваа еколошка давачка е позната во повеќе држави низ Европа и светот, а ја плаќаат производителите на производи поврзани со емисии на јаглероден диоксид, но и потрошувачите, доколку ги купуваат истите. Проценето е дека најразвиените земји емитуваат околку 40 отсто од емисиите, а во Европската Унија во 2017 година биле собрани околку 370 милијарди евра како еколошки даноци. Резултат на тоа е намалување на емисиите на јаглероден диоксид за 22 отсто или 1.240 милијарда тони во периодот од 1990 до 2017 година.

Во Министерството за животна средина велат дека сè уште анализираат што би значело воведување на јаглеродна такса за стационирани извори на емисии и начинот на најзиното определување во земјава.

„Јаглеродната такса се анализира од аспект на потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови. Анализата ќе покаже кога ќе се воведе и која ќе биде висината на јаглеродната такса, од што ќе зависи до кој степен ќе бидат оптоварени производствените капацитети во Северна Македонија. Стратегијата за енергетика покажа дека доколку висината на јагледодната такса е над 35 евра за тон, тоа би значело затворање или намалување на интензитетот на работа на Термоелектраната Битола. Од друга страна и без воведување на јаглеродната такса не постои економска оправданост Осломеј да продолжи со работа“, велат во Министерството.

Оттаму потенцираат дека согласно насоките на Енергетската заедница како и на Европската комисија, средствата собрани од јаглеродната такса може и пожелно е да се користат за зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност како и програми за ранливи потрошувачи кои ќе бидат најпогодени од енергетската транзиција

https://meta.mk/jaglerodnata-taksa-e-stimulaczija-za-brza-energetska-transformaczija/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2017
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 06-Jun-2020 at 12:01
Јаглеродна такса/поени и такви концепти мислам дека во светов пропаднаа. Таква форма на негативна валута е сосема неодржлива особено што па оние кои најмногу треба да ја спроведат еколошката политика како Кина и Америка, баш тие или не се дел, или не скаат да бидат дел, или едноставно мижат пред загадувачите во сопствените држави во корист на локален економски напредок. Треба супер-совест за такво нешто, а се што како политика се базира на совет едноставно е нефункционално. Пропаднати се овие идеи пред 10тина години. Големите два договора кои последниве две 20-30 години беше успеано да се направат, протоколот од Кјото и Парискиот договор, се ставени во фиока, пропаднати, нератификувани, едноставно треба друг модел да се бара.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 06-Jun-2020 at 15:17
.

Edited by гитардемон - 06-Jun-2020 at 15:18
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 06-Jun-2020 at 15:18

Мислам дека зборуваш за carbon emission trading на меѓудржавно ниво, додека пак постот на stef4o е за carbon tax. Јаглеродниот данок функционира и тоа како во Сингапур (каде Tesla не се смета за зелено возило поради тоа што целата струја во Сингапур доаѓа од необновливи извори) и во Лондон (congestion charge и други финти), барем од местата кои сум ги посетил на подолго.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2017
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 06-Jun-2020 at 15:27
https://en.wikipedia.org/wiki/Carbon_price]carbon pricing


Двете се некоја под-форма на carbon pricing. Едното за дома со дополнителна такса, другото за надвор меѓународно. Carbon pricing во било која форма е пропадната идеја. Има многу примери зашто не го бива концептот во било која фрома. Мислам дека ќе се копрцаме како човештво во дубиозата и лицемерно ќе го оддржиме системот, ем да имаат сите држави и поединци еколошки идеи како да намалиме употреба на фосилни горива, ем сите истовремено да се прават наудрени и да си бидат комотни во употребата на фосилни горива. И тоа така ќе биде се додека не дојде до недостаток на фосилни гориви и сама да му порасне цената.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 05-Sep-2020 at 09:22
Дел од новите станови во Скопје без парно - греење само на струја



Клима-уреди или панели (радијатори) на сопствено греење, се еднинствената опција на купувачите на половина од новите станови во Скопје.

Токму фактот дека цената на станбениот квадрат ги продава становите е водилката на инвеститорите да нарачуваат згради што ќе бидат проектирани без оџаци и можност за централно греење.

Инвеститорите велат дека им е неисплатливо во новите згради да поставуваат радијатори за централно греење.

За разлика од кај нас, каде поставувањето оџаци е оставено на воља на инвеститорите, во соседна Србија тоа е уредено со закон. Таму не се поставува прашање дали во зградата има или нема оџаци, туку истата не се дозволува да биде изградена бидејќи инвеститорот нема да добие дозвола за градба ако оџаците не се предвидени во проектот.

Освен тоа дека оџаците кај нас, не се задолжителен елемент на една колективна станбена зграда, отстапки има и за задолжително поставување на помошни противпожарни скали за секоја зграда над шест ката.

https://skopjeinfo.mk/del-od-novite-stanovi-vo-skopje-bez-parno-greenje-samo-na-struja

---------------------------------------------------------

Гледам ова со инвертори и панели стана голем тренд низ градов,скоро сите згради што ги прават низ Кисела Вода,Маџир Маало се на овој принцип.Незнам колку навистина се стоплени станарите на овие згради во споредба со класичното парно.Штета што некои згради ептен близу до конекција со парно избрале инвертор принцип на греење,а чинам треба да се даде стимул што повеќе да се користи класично градско парно за затоплување отколку да се оптоварува системот за снабдување со струја.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.252 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.