build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ТИРЗ Скопје - Бунарџик
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 30-Aug-2011 at 17:59
Индиска инвестиција на Бунарџик

Дијана Ценевска
Од утре стартува изградбата на нова странска фабрика на Бунарџик. Индиската компанија Мотерсон со обрт на капитал од пет милијарди евра е третата компанија што инвестира по изборите во Македонија.

Нова странска инвестиција со индиски капитал на Бунарџик. Премиерот Груевски најави дека од утре стартува изградбата на нова фабрика, инвестиција на индиската компанија Мотерсон. Глобалната странска компанија има обрт од пет милијарди евра. Индиската компанија е најголем играч во автомобилската индустрија и инженерство.

Ова е трета странска компанија што инвестира по изборите рече премиерот Никола Груевски.Ова е година на заздравување и заминување на економската криза. Доказ е растот на БДП на 3,5 проценти кој од јануари бележи зголемување. Домашната економија полека ги напушта тешките две финансиски години рече Груевски. Оценките се дека позитивните економски трендови во земјава се чувствуваат.

Проекциите се остварија, ке настојуваме да ги подобриме условите за сите оние што се занимаваат со производство, увоз, извоз но и за привлекување на нови инвестиции. Состојбата во регионот се следи внимателно и не се очекува економијата да западне во нова рецесија.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/24408/indiska_investicija_na_bunardzhik.aspx

Edited by Superman - 30-Aug-2011 at 18:00
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Online
Posts: 920
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 31-Aug-2011 at 02:42
Originally posted by Superman

Глобалната странска компанија има обрт од пет милијарди евра.


Group Turnover USD 2.7 Billion approx. (2010-11). Значи 1,8 милијарди евра.
http://www.motherson.com/Overview.html

Индиската компанија е најголем играч во автомобилската индустрија...

Mahindra takes over Tata as India’s biggest car maker. Значи далеку од најголем играч во автомобилската индустрија.
http://www.caradvice.com.au/133776/mahindra-takes-over-tata-as-indias-biggest-car-maker/

...и инженерство.

Larsen and Toubro [is] India's largest engineering company. Значи лага број 3.
http://www.rediff.com/money/2007/nov/16forbes1.htm
-----------------------------------------------------

Фино што во Македонија влегува Мoтерсон, еден од најголемите производители на ретровизори и прикладни автомобилски кабли во светот но да не се лажеме дека ова е најголем играч во автомобилската индустрија и инжинерство.










Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 31-Aug-2011 at 05:27
Kolku za ilustracija:

Tata Motors (brojkite se vo milioni indiski rupii; USD=46 rupii):
Sales Mar-11 Mar-10 Mar-09 Mar-08 Mar-07 Mar-06 Mar-05 Mar-04
India 459,907.8 377,606.3 261,598.1 290,955.6 266,983.7 196,229.7 168,424.3 136,542.5
Rest of the World 334,663.9 199,363.6 86,572.3 - - - - -
Rest of EU 150,605.9 131,460.8 133,554.2 - - - - -
United States 147,653.4 101,065.7 75,093.4 - - - - -
United Kingdom 138,502.0 115,696.1 152,570.5 - - - - -
Historical Segments - - - 65,559.2 57,280.4 40,952.0 26,904.1 -
Total 1,231,333.0 925,192.5 709,388.5 356,514.8 324,264.1 237,181.7 195,328.4 136,542.5
Percent of Total







India 37.4% 40.8% 36.9% 81.6% 82.3% 82.7% 86.2% 100.0%
Rest of the World 27.2% 21.5% 12.2% - - - - -
Rest of EU 12.2% 14.2% 18.8% - - - - -
United States 12.0% 10.9% 10.6% - - - - -
United Kingdom 11.2% 12.5% 21.5% - - - - -
Historical Segments - - - 18.4% 17.7% 17.3% 13.8% -
Total 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0%
Growth







India 21.8% 44.3% -10.1% 9.0% 36.1% 16.5% 23.3% 44.1%
Rest of the World 67.9% 130.3% - - - - - -
Rest of EU 14.6% -1.6% - - - - - -
United States 46.1% 34.6% - - - - - -
United Kingdom 19.7% -24.2% - - - - - -
Historical Segments - - - 14.5% 39.9% 52.2% - -
Total 33.1% 30.4% 99.0% 9.9% 36.7% 21.4% 43.1% 44.1%

 Sales Mar-11 Mar-10 Mar-09 Mar-08 Mar-07 Mar-06 Mar-05 Mar-04
Automotive 1,222,436.5 896,150.7 678,964.8 322,885.5 299,472.2 221,070.8 185,885.5 132,297.0
Others 15,304.9 34,379.6 30,423.7 33,629.3 24,791.9 16,110.9 17,045.1 10,766.7
Historical Segments - - - - - - - -
Total 1,237,741.4 930,530.3 709,388.5 356,514.8 324,264.1 237,181.7 202,930.6 143,063.7
Percent of Total







Automotive 98.8% 96.3% 95.7% 90.6% 92.4% 93.2% 91.6% 92.5%
Others 1.2% 3.7% 4.3% 9.4% 7.6% 6.8% 8.4% 7.5%
Historical Segments - - - - - - - -
Total 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0%
Growth







Automotive 36.4% 32.0% 110.3% 7.8% 35.5% 18.9% 40.5% 46.2%
Others -55.5% 13.0% -9.5% 35.6% 53.9% -5.5% 58.3% 92.6%
Historical Segments - - - - - - - -
Total 33.0% 31.2% 99.0% 9.9% 36.7% 16.9% 41.8% 40.7%

Motherson:
Sales Mar-11 Mar-10 Mar-09 Mar-08 Mar-07 Mar-06 Mar-05 Mar-04
India 31,839.5 67,845.6 14,425.5 13,315.7 10,199.1 7,095.2 5,679.5 4,446.4
Outside India 51,692.2 1,346.2 12,870.3 7,464.0 5,327.2 3,258.1 2,230.4 1,515.2
Total 83,531.7 69,191.8 27,295.8 20,779.7 15,526.3 10,353.3 7,909.9 5,961.6









Percent of Total







India 38.1% 98.1% 52.8% 64.1% 65.7% 68.5% 71.8% 74.6%
Outside India 61.9% 1.9% 47.2% 35.9% 34.3% 31.5% 28.2% 25.4%
Total 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% 100.0%









Growth







India -53.1% 370.3% 8.3% 30.6% 43.7% 24.9% 27.7% 37.0%
Outside India 3,739.9% -89.5% 72.4% 40.1% 63.5% 46.1% 47.2% 42.6%
Total 20.7% 153.5% 31.4% 33.8% 50.0% 30.9% 32.7% 38.4%

  Mar-11 Mar-10 Mar-09 Mar-08 Mar-07 Mar-06 Mar-05 Mar-04
Sales







Automotive 78,782.4 67,873.1 23,968.6 17,788.2 13,007.2 8,762.5 6,821.7 5,087.0
Non Automotive 4,749.3 3,346.4 3,441.1 3,138.4 2,654.7 1,590.9 1,088.2 867.6
Historical Segments - - 113.9 146.9 -135.6 - - -
Total 83,531.7 71,219.5 27,523.6 21,073.5 15,526.3 10,353.3 7,909.9 5,954.6









Percent of Total







Automotive 94.3% 95.3% 87.1% 84.4% - 84.6% 86.2% 85.4%
Non Automotive 5.7% 4.7% 12.5% 14.9% - 15.4% 13.8% 14.6%
Historical Segments - - 0.4% 0.7% - - - -
Total 100.0% 100.0% 100.0% 100.0% NM 100.0% 100.0% 100.0%









Growth







Automotive 16.1% 183.2% 34.7% 36.8% 48.4% 28.4% 34.1% 35.5%
Non Automotive 41.9% -2.8% 9.6% 18.2% 66.9% 46.2% 25.4% 58.5%
Historical Segments - - -22.4% - - - - -
Total 17.3% 158.8% 30.6% 35.7% 50.0% 30.9% 32.8% 38.5%

Na Mahindra 91% od prihodite im se od Indija. Isto taka, 36.3% od prihodite se od avtomobilskata industrija. Taka da sporedbata so Mahindra ne odgovara. Larsen and Toubro nema udel vo avtomobilskata industrija, taka da i toa ne odgovara za sporedba.

Na Tata 98.8% of prihodite im se od prodazba na vozila (patnicki i komercijalni). Tata i nemase znacajni prihodi nadvor od Indija se' dodeka ne gi kupi Jaguar/Land Rover. Motherson ne proizveduva vozila, tuku delovi za vozila od sekakov vid. Iako dvete kompanii se od avtomobilskata industrija sepak se totalno razlicni biznisi. Toa e kako da gi sporedi covek Beton i Hubo marketite.

Isto, ne bi se preoptovaruval kolkavi se obrtite zaradi toa sto tocno kako se prijavuvaat obrti na stranski podruznici zavisi od toa kade se podruznicite/glavnata kompanija i kakva im e strukturata na sopstvenost so glavnata korporacija.

Obrtot e samo del od slikata (Tata i Motherso
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 31-Aug-2011 at 05:28
[izglea mi ja skina blogov porakata]

Obrtot e samo del od slikata (Tata i Motherson imaat gore-dole slicen rast na obrtot, iako "rastot" kaj Tata razlicen 2009/2010 od pred toa zaradi Jaguar/Land Rover). Najvazni se profitabilnosta i rastot, kakvi bile do sega i koi se prognozite za vo idnina. Toa se reflektira najdobro vo cenata na akciite za poslednite nekolku godini. Pogledni gi graficite na trite kompanii za poslednite 5 godini:

Mahindra (rast od 13% za poslednite 5 godini):
http://www.google.com/finance?q=BOM%3A500520

Tata (-12% za poslednite 5 godini):
http://www.google.com/finance?q=NYSE%3ATTM

Motherson (+231% za poslednite 5 godini):
http://www.google.com/finance?q=BOM%3A517334

Johnson Matthey (http://www.google.com/finance?q=LON%3AJMAT) i Johnson Controls (http://www.google.com/finance?q=NYSE%3AJCI) se isto vo solidna pozicija. Samo takvi kompanii mozat da ramisluvaat za prosiruvanje na proizvodstvo, zgolemuvanje na kapaciteti i vrabotuvanje na novi lugje.

Taka da Motherson e mnogu mnogu dobar izbor. Applause
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 31-Aug-2011 at 05:46
Мое лично размислување е дека вакви компании кои што произведуваат делови се многу по-погодни за Македонија, одколку тие што склопуваат.

Едноставно базата на купувачи е многу поголема на овие произведувачи, одколку на склопувачите. Еден произведувач на делови може истиот дел да го испорачува на (еве за пример да ја прифатиме ВАГ-групација) фабрики за автомобили во Полска, Германија, Чешка, Словачка, Шпанија, Франција, Англија, Турција...

Не стојам на тоа дека не треба да има склопување на (пак да се навратиме на авто индустријата) автомобили, бидејки сама по себе таа индустрија ќе привлече други работни места, но според сегашната положба, произведувањето на делови (кои, да сме реални, веќе истите делови ги употребуваат дури и конкурирачки фирми во авто индустријата) е многу попогна за Македонија. Всушност токму овие компании може да привлечат производители на автомобили во Македонија. Иако обратното би било погодно, треба да ја сфатиме положбата во која се наоѓа Македонија.

п.с. Мислам дека со тоа што се избра истата власт, многу компании се уверени дека политичката сцена во Македонија е доста стабилна... па затоа и инвестираат.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3580
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 31-Aug-2011 at 14:00

Фабрика за ретровизори ќе никне во близина на Скопје

Со потпишување договори и поставување камен-темелник во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 денеска индиската компанија „Самвардана мадерсон“ ја почна реализацијата на најавената инвестиција во Македонија.

Меморандумот за разбирање и договорите за закуп за земјиште и за доделување државна помош беа потпишани од страна на претседателот на компанијата Вивек Чаанд Шангал и извршниот директор за Европа, Андреас Хојзек, со директорите на Агенцијата за странски инвестиции и на ТИРЗ Скопје 1, Виктор Мизо и Наташа Хаџилега. На потпишувањето присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој претходно имаше средба со претставниците на индиската компанија.

Треба да бидат изградени два производствени погони на градежно земјиште со површина од 2,7 хектари. Во еден од објектите е планирано да се произведуваат лимени делови за ретровизори, а во другиот стакло за ретровизори наменети за автомобилската индустрија. Новите објекти треба да бидат готови за една година.

Целото производство ќе биде наменето за европските производители на автомобили. Вкупната инвестиција изнесува 12 милиони евра и со неа треба да се обезбедат нови работни места за 140 македонски граѓани.

http://www.time.mk/read/5c595047a9/feceaf5eb8/index.html
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 31-Aug-2011 at 14:45
Applauseбраво само нека се множат..па и ние Македонците ад работиме нешто 
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 31-Aug-2011 at 17:11
Само нека се множат да, ама ќе треба да поработиме на тоа младите да студираат тоа што треба а не пола да одат на правен и економски. Верувајте дека на компаниите кои што би инвестирале во Македонија им е тешко да најдат и кадар соодветен за нивните потреби.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8506
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 31-Aug-2011 at 17:34
Originally posted by Tuvok

Само нека се множат да, ама ќе треба да поработиме на тоа младите да студираат тоа што треба а не пола да одат на правен и економски. Верувајте дека на компаниите кои што би инвестирале во Македонија им е тешко да најдат и кадар соодветен за нивните потреби.


Сосема точно. Но можеби недостатокот на квалитетни работни места беше причина сите да одат на право и економија бидјеќи со тие дипломи најлесно влегуваат во државна администрација. Се надевам дека низава добри вести во Бунарџик и во другите зони ќе ги насочат новите бруцоши повеќе кон инженерските професии.
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 31-Aug-2011 at 20:05

By the way, brojkite sto se objaveni za Motherson se do 31-vi Mart 2011. Motherson ja kupi Peguform vo Juli (koi imaa obrt of 2 milijardi dolari vo 2010). Brojkite na Motherson ne vklucuvaat bilo kakvi acqusitions od 31vi Mart 2011 pa navamu. Samo Peguform+Motherson imale 4.7 milijardi dolari obrt vo 2010. Rastot na Motherson moze da se vidi od ostanatite brojki.

http://www.bseindia.com/xml-data/corpfiling/AttachHis/Motherson_Sumi_Systems_Ltd_130711.pdf

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5830
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 01-Sep-2011 at 00:27
КАКО `РАБОТАТ` ИНДИЈЦИТЕ

мал извадок од `Утрунски`



Индијците дојдоа во „Бунарџик“ со гуру



Гуруто ја одределил локацијата каде што вчера започна градбата на двете фабрики на „Мадерсан груп“, вредни 12 милиони евра



Индиски гуру на компанијата „Мадерсан груп“ го одредил местото на камен-темелникот поставен вчера за две фабрики, кои оваа компанија ќе ги гради во слободната економска зона „Бунарџик“. Гуруто неколкупати престојувал во зоната пред конечно да ја утврди локацијата на која започна да се реализира најновата инвестиција во економската зона, вредна околу 12 милиони евра. Фабриките на „Мадерсан груп“ ќе се градат според правилата на древната индиска наука „Васту“. Со препораките на својот гуру, оваа успешна компанија, со 51.000 вработени и годишен обрт од 5 милијарди евра, ги изградила сите свои објекти во 26 земји низ светот, па така ќе биде и во Македонија. За првиот човек на компанијата, Вивек Чаанд Сегал, користењето на услугите на гуруата „Васту“ во Индија е вообичаена работа. „Нема гаранција за успех ако се послушаат советите на гуруто, но е важна вербата“, вели Сегал.
http://www.time.mk/read/438d438832/3645118e78/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3580
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 28-Oct-2011 at 09:03

Фабриката на „Кемет“ на Бунарџик треба да биде готова идното лето


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/28/kemetad.jpg

Извршниот директор на американската компанија за производство на кондензатори и други електрични елементи, „Кемет Корпорејшн,“ Пер Луф, изјави дека изградбата на фабриката, која претставува инвестиција во слободната зона Бунарџик во близина на Скопје, се одвива добро, како и дека се очекува таа да биде завршена во летото 2012 година.


Ова беше изјавено на кварталната средба со аналитичарите од големите банки, претставниците на инвеститорите и брокерските куќи во САД, кои го следат работењето на компанијата.


Луф додаде и дека објектот е компонента на долгорочната стратегија на компанијата за консолидација и одржување на производствените операции за потребите на клиентите во рамките на компанијата, додека истовремено се постигнува и целта за намалување на трошковната структура на производството поврзана со бизнисот со електролитици.


Директорот на „Кемет Корпорејшн“ додаде и дека износот на инвестицијата изнесува 12 милиони долари, вклучувајќи ги тука и пренесените средства. Компанијата за своите европски клиенти имаше фабрика во Белгија, која се затвори и чија опрема и машини ќе бидат пренесени во Македонија каде производството ќе биде поевтино.


Во вториот квартал од годинава „Кемет“ оствари нето продажба во износ од 265,5 милиони долари што претставува раст од 6,1 отсто во однос на истиот квартал лани. Ваквите резултати се на горната граница на проекциите на компанијата. Оперативните приходи изнесуваа 30,2 милиони долари.

http://daily.mk/cluster3/f0cc3f35de5cd7d702408c9d950726d0/968782/fabrikata-na-kemet-na-bunardzik-treba-da-bide-gotova-idnoto-leto

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3580
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 30-Oct-2011 at 19:21

Компанијата за производство на автомобилски делови „Џонсон Мети“ најави нови вработувања.

novi-vrabotuvanja-500

Имено, Данкан Дјуит од Џонсон Мети, коментирајќи ја економската состојба во Македонија, како и последните податоци на Државниот завод за статистика според кои е намалено индустриското производство, изјави дека тоа не е приметено во компанијата, која што напротив планира нејзино проширување.

-Намалување на индустриското производство не е приметено, ниту во компанијата ниту во Македонија. Ние напротив сега сме во процес на проширување, кое што ќе трае во наредниве две-три години, изјави Дјуит од „Џонсон Мети“.

Тој додаде дека Џонсон Мети во моментов има 300 вработени, а се очекува таа бројка да достигне 500 лица.

Инаку, денес Министерот за образование и наука Панче Кралев заедно со претставниците на компаниите Џонсон Мети и Џонснсон Контролс го посетија средното училиште Јосип Брос Тито, каде што на учениците им упатија препорака да студираат на некој од техничко-технолошките факултети, за полесно да дојдат до работно место во овие компании, кои имаат недостаток на кадат, токму од овој профил.

Позитивното економско опкружување, како и олеснувањата кои што ги добиваат странските инвеститори во Македонија, започнаа да ги даваат позитивните ефекти.

Имено, во Штип започна да се гради втората фабрика на Џонсон Контролс која што исто така се занимава за производство на автомобилски делови. Покрај постоечката фабрика во Скопје, во новата фабрика на Џонсон Контролс ќе се вработат 1400 лица во наредните две до три години.

Во последниве неколку месеци започнаа да се рализираат крупни странски инвестиции меѓу кои се американската „Кемет електроникс“ , руската компанија „Продис“, дел од фармацевтскиот холдинг „Протек груп“ и други.

http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/47619-Dzonson-Meti-najavi-novi-vrabotuvanja
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3580
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 08-Nov-2011 at 12:16

Кои и колку фабрики се градат во Бунарџик?

Александра Спасевска
Кои%20и%20колку%20фабрики%20се%20градат%20во%20Бунарџик?

Технолошко-развојната индустриска зона Бунарџик 1, во која веќе не требаше да има место за нова фабрика, сè уште го чека инвестицискиот бум. “Капитал“ во петокот беше во специјална мисија во Бунарџик, во близина на Скопје, за да види кој и што гради. После толку ветувања, најави, фрлени лопати на камен-темелници, потпишани меморандуми за соработка, остварени средби очекувавме поразлична слика од таа што ја видовме. Точно, во Бунарџик се градат фабрики, но не толку многу и не со таков интензитет како што сака Владата.

Секако, доминираат фабриките на Џонсон контролс и на Џонсон Мети, кои засега се единствените извозници од Бунарџик. Годинава пет странски инвеститори најавија фабрики во зоната, но во ниту една од нив не е почнато производството. Најактивно се градат фабриката на американската компанија за производство на електрична опрема Кемет електроникс и на новиот царински терминал. За фабриките на руската фармацевтска компанија Продис и на индиската Матерсон груп се подготвува теренот. Готов е погонот на италијанската Текнохозе.

 “Капитал“ во петокот беше во специјална мисија во Бунарџик, во близина на Скопје, за да види кој и што гради. После толку ветувања, најави, фрлени лопати на камен-темелници, потпишани меморандуми за соработка, остварени средби, очекувавме поразлична слика од таа што ја видовме. Точно, во Бунарџик се градат градат фабрики, но не толку многу и не со таков интензитет како што сака Владата

Новиот директор на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, најавува дека кон средината на следната година четири фабрики ќе почнат со производство и извоз од Македонија. Бројот на вработени во Бунарџик до крајот на годинава ќе се зголемел од 500 на 1.000. Според Мизо, први ќе почнат со производство Текнохозе и Кемет електроникс. Матерсон груп и Продис до крајот на годината треба да почнат со изградба на погоните, а со производство кон средината на 2012 година. Кинезите од Хаер, кои пред повеќе од една година најавија фабрика во зоната, сè уште размислувале за локацијата.

Текнохозе ќе почне со производство во февруари, а Кемет во јуни?

Ване Поповиќ, претставник на италијанската компанија во Македонија, вели дека реновирањето на заградата, која претходно ја купија од државата, е завршено, за две недели очекува да пристигне опремата, а на почетокот од февруари да започне пробното производство.

“Во првата фаза целото производство ќе се извезува во Италија. Во втората, со изградба на уште еден погон, дополнително ќе го зголемиме производството, а ќе биде наменето за источните пазари. Прво ќе вработиме 70 луѓе. Според проекциите на Текнохозе, инвестицијата во Македонија се проценува на 10 милиони евра со вкупно 150 вработувања“, вели Поповиќ.

Од останатите четри најавени инвестиции, повеќе од половина е изградена фабриката на Кемет електроникс. Во моментот се работи на електричната инсталација. Според проценките на менаџерот за изградба на фабриката во Бунарџик, Гил Гомез, производниот процес би требало да почне кон средината на летото.

“Изградбата оди добро, дури и сме малку понапред од планираното. Во моментот се градат повеќе механички и електрични детали. Фабриката би требало да биде готова кон крајот на март или почетокот на април следната година. Со прототип производство планираме да почнеме во јуни следната година“, објаснува Гомез.

Според него, фабриката зафаќа парцела од 11.000 хектари, ќе произведува електронски уреди за европските пазари. Предвидено е да вработи 200 луѓе.

Хаер уште бара локација?!

Фабриките на Продис и на Матерсон груп не се градат. Мизо вели дека парцелите во зоната се подготвени за да почнат градежните активности, а според информациите од инвеститорите, за еден месец би требало да започнат со основните градежни работи.

“Матерсон груп го имаат завршено архитектонскиот план и се во фаза на избор на градежна компанија. Продис ги заврши сите геомеханички активности на теренот и сè што е поврзано со изградба на погонот. Имаат и решение за работа, но имаат и мал застој со проектантската куќа која го изработува проектот. Очекуваме дека и двете компании ќе почнат со изградба до крајот на годината“, објаснува Мизо.

Кинеската компанија Хаер, која веќе неколку години најавува изградба на фабрика за производство на монитори за телевизори во Бунарџик и пред повеќе од една година постави камен-темелник во зоната, сè уште размислува за локација за изградба на погонот и во меѓувреме бара партнер. Мизо објаснува дека иако немаат објект, дел од опремата треба да пристигне во Македонија за две недели.

“До крајот на ноември треба да бидат завршени разговорите со потенцијалниот партнер кој им треба за инвестицијата, за во декември да ги прецизираат деталите за нивната инвестиција. Иако имаше информација дека сакаат да ја постават опремата во веќе изграден објект, сепак одлучија да градат нов погон“, потенцира Мизо.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75836/koi_i_kolku_fabriki_se_gradat_vo_bunardzhik_.aspx?iId=2439
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3580
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 16-Nov-2011 at 12:48
абе каков бунарџик какви заебанции,овие растурија во бугарија

Turski “Šišedžam” gradi još dvije fabrike

SOFIJA, Turska kompanija “Šišedžam” započela je izgradnju dvije nove fabrike stakla u bugarskom gradu Trgovište, u šta će biti investirano oko 400 miliona dolara.

Novi pogoni staklarskog kompleksa “Trakija glas Bugarska”, koji će raditi paralelno sa postojećim proizvodnim linijama turske kompanije u Trgovištu, imaće svoje samostalne peći i biće gotovi do kraja naredne godine.

U proizvodnim linijama proizvodiće se ravno i staklo za domaćinstva.

Turci planiraju da do kraja 2013. godine otpočnu izgradnju fabrika za laminirano i energetski štedljivo staklo.

U pogonima u Bugarskoj trenutno je zaposleno oko 1 000 radnika, a još oko 500 u pratećim djelatnostima.

http://www.capital.ba/turski-sisedzam-gradi-jos-dvije-fabrike/
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1259
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 06-Jan-2012 at 22:19
Сношти поминaв покрај зонава,забележав дека еден од новите објекти е во завршна фазa,мислам дека се работа за оваа локација

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 06-Jan-2012 at 23:10
Најверојатно станува збор за Kemet.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11547
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 07-Jan-2012 at 01:17

Во право си Мартин 







Edited by Cloverstack - 07-Jan-2012 at 01:17
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 464
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 07-Jan-2012 at 11:16
Има понова мапа од оваа на официјалната страна и на ликацијата десно од Продис е индиската Мадерсон, но на малата локација лево од Џонсон Мети има некоја друга компанија која сеуште не е објавена во медиумите.
http://fez.gov.mk/interaktivna-mapa.html

Edited by stratus - 07-Jan-2012 at 11:17
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3580
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 19-Jan-2012 at 01:22
зарем не е тоа компанијата што потпиша договор за инвестиција во бунарџик???

Turski "Boral aluminium" investira u Doljevac - Potpisivanje Memoranduma o razumevanju zakazano za 19. januar 2012.

Turska kompanija "Boral aluminium", Agencija za strana ulaganja i promociju izvoza (SIEPA) i opština Doljevac potpisaće 19. januara Memorandum o razumevanju, kojim će biti iskazana spremnost svih strana za realizaciju investicije te kompanije, saopštila je SIEPA.

Potpisivanje će biti održano u prostorijama Narodne biblioteke u Doljevcu.

"Boral aluminium" je specijalizovan u proizvodnji gotovih proizvoda od tvrde legure, aluminijuskih profila svih vrsta koji se koriste u raznim granama industrije, pre svega u građevinarstvu i transportu, mehanici, vodovodu i oglašavanju. Takođe, to preduzeće je značajan proizvođač kompletnih kamionskih prikolica, profila za vrata i prozore. "Boral aluminium" je u 2010. godini imao ukupan promet od oko 40 mil EUR i zapošljava više od 240 radnika, saopštila je SIEPA.

Konferenciji za novinare će prisustvovati Verica Kalanović, potpredsednica Vlade, Goran Džafić, zamenik direktora Agencije za strana ulaganja i promociju izvoza, predsednik opštine Doljevac Goran Ljubić, vlasnik kompanije "Boral aluminium" Bunyamin Atik, i direktor kompanije Huseyin Can Finci.

http://www.ekapija.com/website/sr/page/524133



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.