build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ТИРЗ Скопје - Бунарџик
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 28-Jan-2017 at 04:02
Делегацијата на германското стопанство во Македонија оваа година ќе добие и експерт задолжен за дуално образование, кој ќе го пренесе германското искуство во образовниот систем во Македонија.

Германските компании кои се присутни на македонскиот пазар денес вработуваат околу 20.000 лица. Трговската размена помеѓу Македонија и Германија во 2015 изнесувала 2,5 милијарди евра, а со тоа Германија и понатаму останува најважниот трговски партнер на Македонијаhttp://www.jadiburek.com/sodrzina_detalno.aspx?id=2836

Спoред мене образованието и нaчинoт нa рaбoтa се едни oд пoгoлемите придoбивки нa стрaнските инвестиции.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11378
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 02-Dec-2017 at 21:29
Турски „Мурат Тиџарет“ ќе гради фабрика за кабли во ТИРЗ „Скопје 2“

Нова фабрика за производство на кабли за автомобилската индустрија ќе се гради во ТИРЗ „Скопје 2“. Турската компанија „Мурат Тиџарет“ денеска го потпиша договорот за изградба на индустрискиот капацитет, во кој е предвидено да инвестираат 6,6 милиони евра. Идниот објект ќе се простира на градежна парцела од 34.000 метри квадратни, на која би се изградиле објекти со површина од 18.000 метри квадратни. Во првата фаза од реализацијата на проектот би се подигнал капацитет со површина од 6.500 метри квадратни, во кој би се вработиле 300 лица.

Изградбата на индустрискиот капацитет би започнала за два месеци, додека објектот би се ставил во функција во декември 2018 година. Турската компанија „Мурат Тиџарет“ ја избрала Македонија за инвестирање по неколкумесечните преговори со овдешните власти. Оваа фирма има 2.200 вработени и зад себе бележи 50 – годишно искуство во производството на кабли за автомобилската индустрија.

http://build.mk/turski-murat-tidharet-ke-gradi-fabrika-za-kabli-vo-tirz-skopje-2/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11378
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 05-Jan-2018 at 19:26
Прва гринфилд инвестиција: „Џемдаг Лајтинг Еуропа“ ќе потпише договор овој месец

Кон средината на овој месец ќе биде потпишан договорот со „Џемдаг Лајтинг Еуропа“, за инвестицијата вредна пет милиони евра која треба да отвори нови 100 работни места.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Биле Бошњаковски, станува збор за гринфилд инвестиција што ќе се реализира во ТИРЗ Скопје 1.

- Владата на вчерашната седница донесе одлука за согласност за потпишување договор за долготраен закуп на градежното земјиште во ТИРЗ Скопје 1 со „Џемдаг Лајтинг Еуропа“ - информира Бошњаковски.

http://www.plusinfo.mk/vest/139392/prva-grinfild-investicija-djemdag-lajting-europa-kje-potpishe-dogovor-ovoj-mesec-
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 17-May-2018 at 14:05


Чагатај Кабло во Бунарџик


Edited by pbanks - 17-May-2018 at 14:08
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.