build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ТИРЗ Скопје - Бунарџик
    Posted: 14-Sep-2007 at 18:34
Џонсон Мети во понеделник ќе ја разгледува идејата дали да инвестира во Бунарџик
Џонсон Мети во понеделник на закажаниот борд на директори ќе ја разгледува идејата дали да инвестира во Бунарџик.
 
Англиската компанија треба да ја официјализира првичната најава дека Македонија е дестинацијата во која ќе ги вложат средствата за изградба на фабрика за катализатори.
 
Првиот човек на Џонсон Мети за Македонија, Колин Џефри летово ексклузивно за Канал 5 потврди дека менаџерскиот тим ја пролонгирал одлуката на бордот првично најавена за во јули, за на 17-ти септември, бидејќи компанијата во летниот период била преангажирана, но им било потребно и повеќе време за подобар преглед на работите. Се уште се допрецизираат детали, големина на првата фаза, легислатива. Џефри потврди дека 25 октомври е утврден тајмингот за формалното отворање на инвестицијата.
 
Инвестицијата на Џонсон Мети вреди 75 милиони евра. Англичаните најавија дека ќе вработат 300 луѓе, а Македонија ја одбраа пред полска поради евтината работна сила.
 

Засега во Бунарџик извесно е дека фабрика за производство на автомобилски делови гради американскиот гигант Џонсон Контролс.

Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Sep-2007 at 08:32
Epa u toj slucaj:

СПОРЕД МИНИСТЕРОТ ВЕЛЕ САМАК
„Џонсон Мети“ останува во Македонија

По детални анализи за оперативните трошоци и бенефиции во Македонија, британската компанија „Џонсон Мети“ утврди дека Македонија не е само најдобра локација, туку и дека целосно се совпаѓа со идните потреби на компанијата, изјави за „Време“ Веле Самак, министер за странски инвестиции. - Во наредните две-три недели „Џонсон Мети“ треба да ги финализира деталите за тоа каков тип технологија ќе се воведува во новите погони во Бунарџик, одлука што зависи од пазарните потреби на компанијата. Овие потреби се базираат на плановите за изградба на фабрика во Бунарџик, што е предвидено за крајот на 2009 или почетокот на 2010 година - вели Самак. Тој додава дека во секој случај изворите што ја карактеризираат оваа одлука како двоумење од страна на „Џонсон Мети“ или како дополнителен ризик за инвестирање базирано на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ се неточни и имаат претенциозна цел да направат штета на владината програма да привлече странски инвестиции. Во јавноста се шпекулира дека „Џонсон Мети“ размислува дали да инвестира во земјава поради можноста за промена на царинските давачки за различни полупроизводи во размената со земји-членки на ЕУ. Меѓутоа, во Европската комисија вчера потврдија дека во иднина царинската политика меѓу Македонија и ЕУ ќе оди во насока на понатамошна либерализација и намалување на давачките. Самак вели дека британската компанија треба да потпише договор за закуп до крајот на годинава. Тој очекува во наредните 6 до 12 месеци износот на странски инвестиции во земјава да се удвои и повеќе странски фирми јавно да ги изразат намерите и проектите што почнуваат да ги работат во Македонија. „Џонсон Мети“ најави дека ќе вложи 75 милиони евра во изградба на фабрика за производство на катализатори во слободната економска зона Бунарџик. Во фабриката би требало да се вработат околу 300 луѓе.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Sep-2007 at 09:41
^^

Чекај сега, што е ова 2009/2010 ??? Ваљда тогаш треба да почнат да работат, ама текстов повеќе наведува на заклучок дека тогаш би почнале да градат...
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Sep-2007 at 12:11
И мене тоа ме стави у мисла... али ваљда владава ќе притисне тој период да се отвори фабриката 2009/10 таман пред избори. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Sep-2007 at 12:22
Originally posted by gotsomekicks

И мене тоа ме стави у мисла... али ваљда владава ќе притисне тој период да се отвори фабриката 2009/10 таман пред избори. 



Владата не е во позиција да притиска за таа работа, а од Џонсон Мети сигурно не би си ги менувале плановите за ќеифот на Груо.
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Sep-2007 at 12:28
Абе па и ти, од моментот кога ЏМ се одлучи да остане тука Владата можат да ги натераат да ја изградат фабриката уште утре со тоа што ќе им поднудат уште двеста миљарди други поволности. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-Oct-2007 at 03:35
План на Бунарџик




уште еден




1. Главна трафо-станица
2. Главна регулаторна станица за гас
3. Резервоар за вода
4. Административна зграда и паркинг
5. Постоечка „адвенс“ фабрика, слободна за изнајмување

Edited by Cloverstack - 25-Oct-2007 at 03:54
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-Oct-2007 at 03:51
Во врска со Бунарџик има две работи што ме бунат.

Прво - кога никнала таа постоечка фабрика (бр.5 на планот)? Јас до сега ја немам видено.

Второ - кои се овие два постари објекти (на сликава) што ги нема зацртано во планот: сината зграда и таа другата што уште се градела (ова е сликано кон крајот на 2006, од влезот во зоната)




Edited by Cloverstack - 25-Oct-2007 at 03:53
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-Oct-2007 at 07:52
sinata zgrada e "advens" fabrikata kolku sto jas znam. Gradena e uste vo vremeto na Tajvancite.

drugata zgrada ne sum siguren no moze i da ne e vo bunardzik, tuku pozadi nego.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-Oct-2007 at 10:21
Woow ubavo
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Oct-2007 at 11:05
Originally posted by pbanks

sinata zgrada e "advens" fabrikata kolku sto jas znam. Gradena e uste vo vremeto na Tajvancite.



Според локацијата може да е така, ама според изгледот не сум сигурен. Еве слики од надворешноста на фабриката:



Едино ако изгледа сосема различно од оваа страна...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 25-Oct-2007 at 12:26
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by pbanks

sinata zgrada e "advens" fabrikata kolku sto jas znam. Gradena e uste vo vremeto na Tajvancite.



Според локацијата може да е така, ама според изгледот не сум сигурен. Еве слики од надворешноста на фабриката:



Едино ако изгледа сосема различно од оваа страна...


hm. da ne utnale rabota so slikive? Od koi skali e slikano ova kao ima samo eden objekt??
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 31-Oct-2007 at 03:30
Originally posted by pbanks


hm. da ne utnale rabota so slikive? Od koi skali e slikano ova kao ima samo eden objekt??


Стварно чудно... Немам објаснување
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Nov-2007 at 20:15
продолжува медиумското разногласие околу ова... Ајде да видиме дали следната недела конечно ќе се официјализира оваа инвестиција.

Џонсон Мети се поблиску до одлуката за влез во Македонија
Британците од Џонсон Мети се поблиску до одлуката за влез во Македонија. Зелено светло за инвестирање во земјава веќе дале директорите на пониско ниво во компанијата за катализатори. Утре се очекува да се произнесе и врвот на менаџерскиот тим, а конечната одлука ќе ја соопштат идната недела.
 
Џонсон Мети досега двапати ја одложуваше одлуката за инвестирање во Бунарџик. Образложението беше дека се допрецизираат детали. Инвестицијата на компанијата би вредела 75 милиони евра, а Англичаните најавија дека ќе вработат 300 луѓе. Македонија ја одбраа пред полска поради евтината работна сила.

(19.11.2007)



Извор: Канал 5
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Dec-2007 at 20:55
прв конкретен рок Yes

„Џонсон Мети“ ќе почне да гради во февруари

13.12.2007 16:53

Со почетна инвестиција од 55 милиони евра и околу 200 вработувања, британската компанија „Џонсон Мети“ ќе почне да работи во земјава.

Во февруари ќе стартува изградбата на фабриката за автомобилски катализатори во Бунарџик, а производството ќе почне во 2009-та.

Во фокусот на британците ќе биде и хемиската и фармацевтската индустрија.

„Мислам дека постои голема фокусираност околу износот на инвестицијата. Во нашето соопштение за јавноста кажавме дека таа изнесува 55 милиони евра и 150-200 луѓе во првата фаза. Но, нашиот бизнис-план за следните 7-10 години содржи значително зголемување на инвестицијата во Македонија“, изјави Колин Џефри, „Џонсон Мети“.

„Причината зошто не се обврзуваме на конкретна бројка, е затоа што всушност не знаеме“, додаде Џефри.



Извор: А1
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 17-Mar-2008 at 16:47
Може ли некој да ми одговори зошто толку долго се чека за градежна дозвола? Дали треба да биде изработен проект за објектот што се гради, фабрика во овој случај, па да биде одобрен од државата? Ај да не трескам, ќе почекам да ми даде одговор некој 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Mar-2008 at 14:42
Cheers

„Џонсон Мети“ ќе ја гради фабриката во април

МИА  
18.03.2008 12:30

Британската компанија „Џонсон Мети“ ќе почне да ја гради фабриката за автомобилски делови во втората половина на април, а производството треба да почне во мај 2009 година, рече денеска Колин Џефри, регионален директор на „Џонсон Мети“ за Македонија.

Џефри додаде дека за десетина дена ќе биде избрана градежната компанија што ќе ја реализира инвестицијата вредна 50 милиони евра.

„Малото задоцнување на изградбата на објектот што беше планирано за февруари нема никаква врска со слободната економска зона, ниту со „Мак инвест“. Деловите за автомобилската индустрија што „Џонсон Мети“ ќе ги произведува се наменети исклучиво за европскиот пазар кој е високо правно регулиран, а го диктира потрошувачката“, напомена Џефри.

Во последните 30 години, истакна регионалниот директор на „Џонсон Мети“, ова е најголема инвестиција на компанијата во Европа.

„Тоа зборува за сериозноста на проектот. Соработката, ентузијазмот и поддршката од македонската Влада и посебно од „Мак инвест“ беше од непроценлива вредност“, рече Џефри.

На новинарско прашање дали актуелната политичка ситуација во земјата ќе има какво било влијание врз спроведувањето на инвестицијата, Џефри одговори дека „Џонсон Мети“ функционира и во држави каде политичката ситуација е посериозна од оваа во Македонија.

„Очекуваме дека Македонија ќе стане членка на НАТО и дека во следните пет години ќе влезе и во Европската Унија“, истакна Џефри.

Тој изрази надеж дека за три години компанијата ќе ја објави и втората фаза од проектот во Република Македонија.

Според Георг Валднер, претседател на Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија, инвестирањето на „Џонсон Мети“ освен што ќе значи отворање нови вработувања, ќе прати и позитивен сигнал до останатите странски инвеститори.

Валднер и Џефри сугерираат Бунарџик да стане центар на автомобилската индустрија во регионот.

Британската компанија „Џонсон Мети“ годишно остварува 12 милијарди долари приход и брои 10.000 вработени во вкупно 50 земји.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90874
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Mar-2008 at 14:43
Чекаме рендери
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-Mar-2008 at 15:45


Од индустриска хала?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Mar-2008 at 15:47
Што има везе каква хала е. Темата за тоа е!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.