build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MKballer View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Nov-2007
Location: Detroit
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote MKballer Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 25-Jan-2011 at 01:50
Eve ja web stranicata na Petrochemical Commercial : http://petrochem-ir.net/
Back to Top
MKballer View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Nov-2007
Location: Detroit
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote MKballer Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 25-Jan-2011 at 01:53
Eve nekolku fabriki na PCC vo Iran:













Edited by MKballer - 25-Jan-2011 at 01:54
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3642
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 14-Feb-2011 at 12:22

Инвестициите се' уште пред врата

Активно се преговарало со многу компании, меѓу кои и со „Шишеџам“, па Владата очекува конкретни резултати кон крајот на годинава

Маја Томиќ



До крајот на годинава сигурно ќе дојдат инвеститори. Владата интензивно преговарала со повеќе странски компании во последните три-четири месеци и многу брзо ќе имало и конкретни резултати. Ова го посочи деновиве директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција за извозот, Виктор Мизо. Од Агенцијата, пак, ни потврдија дека турски „Шишеџам“ е во списокот на компаниите со кои активно се преговара. Делегација од оваа компанија веќе два пати во текот на јануари дошла на преговори со владиниот тим околу нивната инвестиција во „Бунарџик“. А, и наши претставници од Владата биле во посета на „Шишеџам“.

„Преговорите и средбите интензивно се одвиваат. Се надеваме дека наскоро ќе падне решението за реализација на оваа инвестиција“, велат од Агенцијата, од каде што не сакаат сега да обелоденуваат никакви детали од досегашните разговори. Но, оптимисти се дека ќе биде работата. Вицепремиерот Владимир Пешевски пред два месеца искажа оптимизам за оваа инвестиција и најави дека се обновени закочените преговори, како и дека многу веројатно уште во првата половина од годинава ќе падне одлуката за старт на инвестицијата. Поранешните преговори со Владата биле прекинати поради економската криза, но сега кога таа е зад нас, се обновиле, се оправда тогаш Пешевски.

Инаку, меморандумот за разбирање меѓу Владата и „Шишеџам“, четвртата по големина компанија за стакло и стаклени производи во светот, беше потпишан пред една и пол година, непосредно пред локалните и претседателските избори. Според тој документ, фирмата лани требаше кај нас да почне со изградба на фабрика за производство на шишиња за пиво и за сокови. Првично најавената висина на инвестиција беше 45 милиони евра, за првата фаза. Се нудеа околу 300 нови вработување, а годишното производство требаше да достигне вредност од 45 милиони евра.

Освен Пешевски, и министерот за странски инвестиции, Веле Самак, пред крајот на 2010 година најавија наплив од инвестиции во технолошко развојните зони. Тоа го базираа на зголемениот обем на работа и на многуте контакти со странски компании, пред се', во автомобилската индустрија и во аутсорсингот, односно, во кол-центри.

Во меѓувреме, зоната „Бунарџик“ ја почна оваа година онака како што ја заврши ланската, со единствените две инвестиции на американската „Џонсон контролс“ и на британската „Џонсон Мети“. Останаа само ветувања и меморандумите со повеќе фирми, меѓу кои словенечката „Искра“, италијанската „Техно Хосе“, која лани во мај најави почеток на производството оваа година, потоа турската „Отомотив“, корејската „Хаиер“, што требаше лани есента да склучи договор за закуп на земјиште во „Бунарџик“, па француската „Монтипе“, „Орланди“...

Инаку, за десетте месеци од ланската година, според НБРМ, во земјава се влезени само 132,5 милиони евра странски инвестиции. Минатата година ја дочекавме единствено инвестицијата на турски ТАВ, чија крајна целосна вредност треба да изнесува околу 200 милиони евра. Македонија одамна е на дното на листата земји според влезот на инвестиции. На пример, во Хрватска до крајот на септември 2010 година влегле 1,7 милијарди евра, а во Црна Гора имало 468 милиони евра инвестиции од странство. Во Албанија до крајот на октомври 2010 година влегле 325 милиони евра, Србија за осум месеци лани привлекла 800 милиони евра странски инвестиции, а во осум слободни зони има околу 300 активни фирми. До крајот на август минатата година во Бугарија влегле 850 милиони евра.

Сепак, Мизо негираше дека Македонија заостанува зад другите земји во регионот со својот обем на странски инвестиции, бидејќи требало да се цени според големината и потенцијалот на пазарите. И потсети на досегашните инвеститори во последните четири години, „Џонсон контролс“, „Џонсон Мети“, очната клиника и „Форнети“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=92A3F05DB0463E4C8203CB28574774F0
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 14-Feb-2011 at 20:18
Цело време иста песна на repeat.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4692
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 24-Feb-2011 at 14:32











Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3642
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 05-Mar-2011 at 01:43

Дали на „Шишеџам“ ќе му мавтаме од прозорец?

Уште нема абер од оваа турска инвестиција која требаше да стартува во март

Маја Томиќ



Дали турски „Шишеџам“ ќе инвестира во Македонија или не ? Останува неизвесноста, иако Владата со многу оптимизам најавуваше дека до крајот на март ќе се потпише договорот и ќе се фрли лопата за темели во зоната Бунарџик. Сега за сега, освен владиниот оптимизам, нема ништо поконкретно. Многу е извесно дека најавените избори за оваа пролет ќе расколебаат многу странски компании, односно ќе ги одложат започнатите преговори, меѓу кои и оние на „Шишеџам“, иако Владата ова јавно не го признава. Министерот за економија, Фатмир Бесими, деновиве кажа дека во време на предизборни случувања и на самите избори, сигурно е дека нема да се потпишуваат никакви договори со инвеститори, како што е и вообичаено. Со други зборови, тоа би значело дека е очекувано да замрзнат инвестициски планови на Владата за оваа година. На тоа неодамна алармираа економските експерти и бизнисмените, според кои секои избори значат стопирање за тековните инвестициски проекти, како на домашните, така и на странските компании.

Од кабинетот на вицепремиерот Владимир Пешевски вчера не ни одговорија на прашањето до каде се работите со „Шишеџам“ и дали треба да ги очекуваме овие инвеститори до крајот на март.

Во меѓувреме, како што пренесоа македонски медиуми, „Шишеџам“ инвестираше во Бугарија, каде што отвори уште една фабрика. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, рече дека таа била за производство на автомобилски стакла и нема да влијае на плановите што ги има „Шишеџам“ за Македонија. Мизо неодамна посочи дека оваа турска фирма е на списокот компаниите со кои активно се преговара и дека нејзина делегација веќе два пати во текот на јануари годинава дошла на преговари со владин тим. Разговорите и средбите интензивно се одвивале и, според Мизо, имало надеж дека наскоро ќе падне конечното решение.

Инаку, меморандумот за разбирање меѓу Владата и „Шишеџам“, четврта по големина компанија за стакло и стаклени производи во светот, беше потпишан пред околу две години, непосредно пред локалните и претседателските избори. Според него, фирмата уште лани требаше да почне со изградба на фабрика за шишиња за пиво и за сокови. Првично најавената висина на инвестиција беше 45 милиони евра, за првата фаза. Се нудеа околу 300 нови вработување, а годишното производство требаше да достигне вредност од 45 милиони евра.

Во меѓувреме, зоната „Бунарџик“ ја почна оваа година онака како што ја заврши ланската и таа пред неа... со единствените две инвестиции на американската „Џонсон контролс“ и на британската „Џонсон Мети“.

Дали „Шишеџам“ ќе стане трета инвестиција или ќе остане само нереализирана најава останува да се види.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B39B32CB9C7F35419FA02FA121A999E3
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 01-Apr-2011 at 18:30
Џонсон Мети
01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.

http://peraconstruction.com/pera/?p=51
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 01-Apr-2011 at 19:47
Која е другата фабрика до Џонсон Мети?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4692
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 01-Apr-2011 at 20:04
Johnson Controls...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3642
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 01-Apr-2011 at 21:11
pa osven tie dve druga nema Big%20smile
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 20-Apr-2011 at 18:13
Еве една вест за фирмата која пред 3 години си купи место во Бунарџик,тоа ми дава надеж дека веста не е само предизборна,два недели не се далеку останува да видиме.

Текнохосе ќе стартува со инвестицијата во Бунарџик

За околу две недели италијанската компанија Текнохосе ќе ја стартува инвестицијата во Бунарџик.

Од извори блиски до компанијата Сител дознава дека се е подготвено за официјалниот влез на Италијанците во слободната економска зона, за што се планира и свеченост на која ќе присуствуваат највисоките владини претставници.

Текнохосе пред три години на Бунарџик го купи напуштениот објект наречен Тајванска зграда, а лани го закупи и земјиштето на 50 години.

Во објектот инвеститорите ќе направат фабрика за производство на хидраулични цевки и гумени црева за автомобилската и градежната индустрија.

Според плановите, кои претходно ги одложи економската криза, производството треба да почне уште оваа година, а ќе се извезува во Источна Европа и Русија.

Покрај повластиците што ги дава државата, близината на Македонија до овие пазари е клучен фактор за изборот на земјава како производен центар на компанијата.

Проценетата вредност на инвестицијата е десет милиони евра, а треба да вработи 150 лица.

Тоа ќе биде трета фабрика во технолошко индустриската развојна зона Скопје. Статистиката покажа дека работата на постоечките две значително придонесува за зголемување на извозот.

Веста за стартот на работите на Бунарџик неофицијално ја потврдија и од владините институции.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/teknohose-ke-startuva-so-investicijata-vo-bunardzik

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 20-Apr-2011 at 18:38
Originally posted by axel

pa osven tie dve druga nema Big%20smile

Хаха да да у право си, дури пред некој ден ја дознав разликата меѓу џонсон мети и џонсон контролс од еден другар од електро, претходно не ни знаев дека и двете се тука. Веројатно дека слично ми звучат.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 28-Apr-2011 at 14:37

Интервју: Џатин Такрар, директор на фабриката „Џонсон Мети“ во Бунарџик

Прашање на време е кога ќе дојдат нови инвестиции

l Господине Такрар, измина една година од официјалното отворање на фабриката „Џонсон Мети“ во Бунарџик. Како го оценувате работењето во изминатата година, имајќи предвид дека економската криза не беше надмината?

- Економската криза значеше застој за индустријата во светот, но „Џонсон Мети“ беше посветен на бизнисот во Македонија. Тоа беше тешка година поради различни причини, но ние работиме за да ги оствариме нашите цели. Досегашното искуство беше позитивно и остваривме пристоен успех. Во текот на минатата година имавме многубројни проверки од страна на клиентите, кои беа воодушевени со локалната работна сила и со техничките можности на постројките. Успешно ги поминавме сите проверки, што имаше позитивен фидбек врз вработените и врз објектот. Ние, исто така, бевме признати како еден од неколкуте центри за глобално тестирање на производите произведени од нашите сестрински компании. Ова претставува признание и доверба во нашите вработени и во способноста на нашиот објект.

l Дали ги реализиравте производствените и извозните цели?

- Да, ние ги остваривме целите на производството со пристојно зголемување на продуктивноста, но с` уште има простор за унапредување. Производите изработени во нашата компанија се извезуваат и се продаваат на европскиот пазар.

l Кои се вашите позитивни и негативни искуства од водењето бизнис во Македонија?

- Во секоја земја секогаш ќе наидете на плусови и минуси. Во Македонија имаше незначителни проблеми кои успешно беа решени со помош на „Инвест Маседониа“. Потребно е реформскиот процес да продолжи и да ја направи бизнис-околината попогодна. Би додал дека ова ќе се случи со текот на времето со цврста определба на Владата.

l Владата спроведе повеќе мерки за подобрување на бизнис-климата, но домашните и странските инвеститори сугерираат дека се потребни дополнителни олеснувања. Во кои области, според ваше мислење, е можен прогрес?

- Верувам дека е сторено многу, но во оваа област може да се направи многу повеќе. Тоа ќе зависи од акцијата и од определбата на владините агенции кон реформскиот процес. На работно ниво има неколку области каде што работите можат да се подобрат, како на пример административни барања за бизнисот пошироко во следните категории: административни барања во врска со вработувањето; барањата на банките за пополнување документи во име на компанијата и на вработените (на пример, кога некое лице зема кредит, од компанијата се бара да ги потпише документите, што е дополнително административно оптоварување за бизнисот); процесот на добивање работни дозволи за странците што работат во Македонија; лиценцирање и располагање со отпадот; архивирање и чување документи; даночни правила за странците кои работат во Македонија; пристапот на некои агенции да одговорат на потребите на бизнисот и да се справат со работите.

l Недостигот на образована работна сила е еден од најголемите проблеми што ги нагласуваат претприемачите. Какво е вашето искуство и како фабриката „Џонсон Мети“ во Бунарџик се справува со овој предизвик?

- Мислам дека во земјата има пристоен фонд на едуцирани луѓе. Она што недостига е индустриско искуство кое го бараат новите индустрии кои доаѓаат во земјата. Нашето искуство досега беше добро. Успеавме да најдеме вистински луѓе кои се посветени и имаат волја да учат. Треба да им овозможиме подолги тренинзи и обуки и да изградиме искуство.

l Правната несигурност и честото менување на регулативата е пречка во водењето бизнис во Македонија. Какво е вашето искуство?

- Како што веќе споменав, има простор за подобрување и тоа ќе зависи од натамошното придвижување на реформскиот процес.

l И покрај многубројните бенефиции за странските инвеститори, обемот на директни странски инвестиции во Македонија е мал. Според вашето мислење, на што се должи тоа?

- Мислам дека по глобалната криза во 2008 година с` уште постои значајна неизвесност и несигурност што се должи на должничката криза во светот. Според моето мислење, проблемот не е во недостиг на локални напори, туку е потребно основните трендови на глобално ниво да се коригираат пред овој проблем да се надмине. Агенциите за инвестирање вложуваат големи напори да привлечат странски инвестиции и додека има обиди, ќе има и нови инвестиции. Се имам видено со неколку нови потенцијални инвеститори кои ја гледаат Македонија како сериозна дестинација за нивната следна инвестиција, што покажува дека постојат активности.

l Економската зона во Бунарџик с` уште е со само два станара. Што треба да направи Владата за да привлече повеќе компании?

- Како што веќе кажав, ќе треба време. Верувам дека Владата и агенциите за инвестиции се целосно посветени. Прашање на време е кога ќе чуете за други компании што се упатуваат кон Македонија.

Мирче Јовановски

#
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3642
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 31-May-2011 at 10:32

Почна реконструкција на халата на Витек во Бунарџик

Почна%20реконструкција%20на%20халата%20на%20Витек%20во%20БунарџикИталијанската компанија Витек денеска во Бунарџик ќе го означи почетокот на градежните работи за реконструкција на нејзината хала во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1. Сопственикот Андреа Витило ќе го претстави планот за реконструкција на постоечкиот објект, но и планот за уште една нова фабричка хала во непосредна близина на постојната со што отпочнува реализација на инвестицијата.

Италијанската групација Витило е во приватна сопственост и се состои од два правни субјекти “Групо Витило СРЛ“ и “Текнохосе СРЛ“. Групацијата поседува шест фабрики во Италија и се занимава со производство и продажба на хидраулични спојки под висок притисок и армирани гумени црева со широка употреба во повеќе индустрии.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/68740/pochna_rekonstrukcija_na_halata_na_vitek_vo_bunardzhik.aspx
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3642
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 29-Jun-2011 at 18:41

Американската компанија Кемет влегува во Бунарџик

среда, 29 јуни 2011, 16:53

Американската компанија Кемет влегува во Македонија- во Бунарџик ќе гради фабрика за кондензатори. Според информациите на Алфа, почетната инвестиција ќе изнесува 12 милиони долари, а не се исклучува можноста со развојот на производството да достигне и до 20 милиони долари. Фабриката ќе се гради во слободната економска зона на земјиште од 4,5 хектари, а ќе вработи помеѓу 400-тини и 500-тини луѓе.
Договорот за инвестирање помеѓу претставниците на Кемет и на Владата официјално ќе биде потпишан утре со што ќе се промовира американската инвестиција во Бунарџик. Засега и Владата и претставниците на Кемет кои се пристигнати во Македонија се воздржуваат од детали за договорот за инвестирање.
Компанијата КEMET со седиште во Северна Каролина е една од најпознатите Американски компании што произведуваат делови за електроника. Нејзини кондензатори се користени во мисии на НАСА, како што се Аполо и за роверите што сега ја истражуваат површината на Марс. Во Северна Каролина има два центри за иновации, а освен во САД производствени погони има и во Мексико, Кина, Италија, Англија, Португалија, Финска, Шведска, Германија и Бугарија.
Американска Кемет ќе биде четвртиот инвеститор во Бунарџик каде што засега работат Џонсон Контрол и Џонсон Мети, а се гради италијанската Технохозе.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=38580
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3642
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 08-Jul-2011 at 16:20
Петок, 08 Јули 2011 16:43
Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Турската компанија „Шишеџам“ не се откажува од планираната инвестиција во Македонија, соопштуваат од Агенцијата за странски инвестиции.

sisegam-50087201111

Бугарските медиуми денес објавија дека овој турски производител на стакло решил да инвестира 41,9 милиони евра во своите фабрики во Бугарија.

Некои наши медиуми објавија дека ваквите инвестиции во Бугарија, значат откажување од планираните инвестиции во Македонија.

За директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, ваквите тврдења се чудни и неосновани.

- „Шишеџам“  во  Бугарија е присутна веќе подолг период и со инвестираните над 400 милиони евра е еден од нејзините најголемите гринфилд инвеститори, всушност станува збор за зголемување на нивното производство во оваа земја. Оваа инвестиција во Бугарија не е поврзана со фабриката која треба да се гради во Македонија, а различни се и производите кои би треабало да се произведуваат во нив, ни изјави Виктор Мизо.

Мизо не можеше да каже дали и кога ќе започне да се гради фабриката на „Шишеџам“, бидејќи како што рече конечното решение ќе го донесат луѓето во компанијата, но во никој случај не може да стане збор дека од компанијата се откажуваат од планираната инвестицијата во Македонија.

- Компанијата „Шишеџам“ никогаш не се откажа од Меморандумот за соработка кој го има потпишано со Владата.  Ние речиси секоја недела имаме средба со претставници од компанијата кои доаѓаат во Македонија,  доколку би сакале да се откажат тогаш зошто би доаѓале толку често и би ја анализирале состојбата, нагласи Мизо.

Тој нагласи дека од компанијата ги прават последните анализи кои се потребни со оглед на сложениот процес на производство.

- Станува збор за инвестиција од 50 до 60 милиони евра, а производствениот процес е таков што ако еднаш се заплат печките тие нема да можат 15 години да се угасат. Па така ако на почетокот се погреши тогаш овие пари за турскиот инвеститор ќе бидат пропаднати. Поради тоа потребни им се подетални анализи пред да започнат со работа.

Инаку „Шишеџам“ е еден од најголемите производители на стакло и производи од стакло во светот. Таа е една од многуте реномирани компании кои сериозно планираат да инвестираат во Македонија.

Нивната почетна инвестиција во нашата земја би требало да изнесува 50 милиони евра, а фабриката би била наменета за производство на амбалажа.  Но според некои најави од компанијата сериозно  ја разгледуваат можноста да ја прошири првобитната намера за инвестиција во Македонија од 50 милиони евра на 150 милиони, со изградба на дополнителни две фабрики за производство на рамно и на автомобилско стакло.

http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/35713-Sisedzam-ne-se-otkazuva-od-Makedonija
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 08-Jul-2011 at 17:18
Originally posted by axel

производствениот процес е таков што ако еднаш се заплат печките тие нема да можат 15 години да се угасат.

Crazy
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 08-Jul-2011 at 19:57
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by axel

производствениот процес е таков што ако еднаш се заплат печките тие нема да можат 15 години да се угасат.

Crazy


15 години Big%20smile  Па што печки се тие, за спејс -шатл ..Crazy
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 08-Jul-2011 at 22:28
Па види не е буквално 15 години, но во право се до некаде. Во Макстил на пример печките за цела година смеат вкупно 24 часа да се во прекин. Значи зборам само еден ден од 365 во годината. На 15 години колку е тоа, 15 дена, затоа не треба да ве чуди. Тие печки кузнај колкави потрошувачи се и секој прекин е загуба. А најверојатно напишале 15 години бидејќи веројатно после 15 години ги менуваат, ја така гледам на тоа.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 08-Jul-2011 at 22:55
истото се дешава и со Фени и сите други печки,печката може да се загрева само ако е полна со материјалот кој се топи иначе ќе прегорат греачите било какви и да се(истото е да се пушти бољер без вода).На времето на Фени ми се десило тоа да се угасат печките на подолг рок,па материјалот внатре се вадел со динамит со постепено минирање
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.