build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11544
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 19-Jan-2012 at 16:52
Originally posted by axel

зарем не е тоа компанијата што потпиша договор за инвестиција во бунарџик???

Да, името на компанијата ми е познато од пред 2-3 години.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3579
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 20-Jan-2012 at 13:52
da cloverstak tocno za taa kompanija se raboti

Турски инвеститор, роден во Скопје, отвора фабрика „во земја што ја познава“ - Србија


Претставниците на турската компанија „Борал Алуминиум“, српската Агенција на инвестиции и промоција на извозот (СИЕПА) и општината Дољевац од југоисточна Србија, потпишаа меморандум за издграба на фабрика за производство на профили од алуминиум и врати за приколки, која ќе вработи 300 луѓе.

Според договорот, турската компанија ќе инвестира над 50 милиони евра, додека државните субвенции ќе изнесуваат 10 милиони евра, беше речено на церемонијата на потпишувањето.

Српскиот заменик премиер и министер за економски и регионален развој, Верица Калановиќ, изјави дека изградбата на новата фабрика ќе започне брзо, додавајќи дека домашните и странските инвеститори се секогаш добредојдени во Србија.

Фабриката се очекува драматично да ја намали невработеноста во Дољвац, која сега изнесува 33 отсто. Отврорањето би можело да се случи веќе во август годинава.

Сопстеникот на „Борал Алуминиум,“ Бунвамин Атик, рече дека сака да инвестира во земја која ја познава и додаде дека е роден во во Скопје. Тој додаде и дека во бизнисот со алуминиум е веќе 35 години.

Ова е втора голема инвестиција на југот на Србија, објавена во последниве 6 месеци, откако беше најавено дека кинеска компанија ќе изгради соларна електрана и фабрика за соларни панели во близина на Врање, која само во првата фаза ќе изнесува 300 милиони евра.

http://www.plusinfo.mk/vest/30382/Turski-investitor-roden-vo-Skopje-otvora-fabrika-vo-zemja-shto-ja-poznava---Srbija


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3579
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 20-Jan-2012 at 13:56
значи сепак не е само кризата изговор зошто ја избегнуваат македонија инвеститорите.борал потписа меморандум за инвестиција во бунарџик ама дојде кризата и инвестицијата како и мн други ја стопираа и отидоа во србија,значи не е само кризата.. 
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5704
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 07-May-2012 at 16:43
„Џонсон Мети“ ќе гради нова фабрика во Бунарџик


Компанијата „Џонсон Мети“ в среда во слободната економска зона Бунарџик ќе постави камен-темелник на новите производствени погони со инвестиција од 10 милиони евра.

Камен-темелникот на фабриката што ќе се гради ќе го постават премиерот Груевски и извршниот директор на одделот за еколошки технологии на Џонсон Мети, Лари Пенц.

Груевски информираше дека покрај новата значајна инвестиција за Македонија, кон крајот на мај или почетокот на јуни почнуваат да работат „Кенет електроник“, која веќе почнала да ангажира вработени и да го опремува капацитетот со машини, како и една швајцарска фабрика за производство на ветерници.

Во тек се подготовки и за стартување на фабриката на „Технокозе“ од Италија, која ќе произведува различни видови пумпи.

http://www.mkd.mk/29978/makedonija/jonson-meti-bunardzik-investicija-nova-fabrika/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3579
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 06-Jun-2012 at 18:33

Кемет електроникс започна со пробно производство во Бунарџик

Александра Спасевска
Кемет%20електроникс%20започна%20со%20пробно%20производство%20во%20БунарџикАмериканската компанија Кемет електроникс започна со пробно производство во фабриката во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик. Иако фабриката сe уште не е целосно изградена и опремена, на дел од машините кои се стигнати во погонот веќе неколку недели се произведуваат филтер-проводници, коишто се користат во машинската и електроиндустријата.
Засега во фабриката работат околу 15 лица, а до почетокот на август, кога се очекува и да стартуваат со производсво и кога целосно ќе биде монтирана производствената опрема, во првата фаза ќе бидат вработени до 60 лица. Од нив 30 веќе се во странство на обука.
Гил Гомез, менаџер за проектирање на фабриката на Кемет електроникс во Македонија, ексклузивно за „Капитал“ открива дека пред неколку недели започнале да произведуваат во фабриката во Бунарџик, а стартутваат со производство на само еден производ.
„Очекуваме да пристигнат неколку нови производни линии од Италија во наредните две недели, а до крајот на јуни е планирано целосно да биде монтирана опремата. Планот на Кемет е да пресели во Македонија дел од производствените линии од фабриките од Германија, Италија и Мексико“, објаснува Гомез.
Тој официјалниот старт на производството во Бунарџик го најавува за почетокот на август, до кога ќе бидат завршени сите градежни и оперативни работи во фабриката.
„Донесовме тим од стручни лица од Велика Британија коишто го следат производството и поставувањето на опремата, и вршат обука на вработените. Деловите коишто тука ги произведуваме се наменети за Филипс и за Сименс, со кој Кемет има договор, иако засега се произведуваат мали количини“, објаснува Гомез.
Фабриката којашто е изградена зафаќа парцела од 11.000 хектари, ќе произведува електронски уреди за европските пазари, предвидено е да вработи 200 луѓе. Вкупната инвестиција на американската компанија во Македонија е проценета на 12 милиони евра. Меморандумот за инвестирање беше потпишан во јуни минатата година. Со ова Кемет електроникс е третата фабрика во Бунарџик којашто започна со производство во Македонија.
Освен Кемет електроникс, до почетокот на есента се очекува со производство да започнат и италијанската компанија Текнохозе, која во моментот ја инсталира опремата за производство, и руската фармацевтска компанија Протек, којашто ќе произведува витамини во Бунарџик.

http://www.time.mk/read/NONE/63fea3eef6/index.html
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11544
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 21-Jun-2012 at 06:31
Белгиски „Ван Хол“ влегува во „Бунарџик 2“

Една од водечките белгиски компании, „Ван Хол“ (Van Hool), закупи градежна парцела со површина од 117.640 метри квадратни во „Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 2“ кај Бунарџик. Временскиот период на закуп на земјиштето изнесува 95 години, при што белгијците ќе одвојат по 10 евроценти за метар квадратен во првите пет години, односно по 11.764 евра годишно. Според информациите од објавата во „Службен весник“, за да управува со земјиштето, „Ван Хол“ во период од 60 дена по потпишувањето на договорот ќе треба да уплати околу 59 илјади евра за првите пет години од закупот.

 

Ван%20Хол%20автобус

 

Белгискиот производител на автобуси ја потврди инвестицијата во индустриската зона „Бунарџик 2“ на почетокот од 2012 година. Тие најавија дека во фабриката во Македонија ќе вложат околу 20 милиони евра, а производството на првите 300 автобуси за американскиот пазар го најавија за втората половина на 2013 година, по завршувањето на изградбата на индустрискиот објект. „Ван Хол“ годишно изработува околу 1.400 автобуси и 4.000 разни видови комерцијални возила.

 

#
Објавено на 20.06.2012 во категорија Вести.

Тагови: Бунарџик, Индустриски, Индустриски зони, Општина Илинден, ТИРЗ Скопје


http://www.build.mk/?p=16098

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5704
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 17-Jul-2012 at 17:33

ОНЛАЈН ВЕСТИ

    
17.07.2012, 14:44
„Бунарџик“ меѓу 50-те најдобри слободни зони во светот


Технолошко- индустриско развојната зона „Бунарџик“ е на 47 место слободни зони во светот според рангирањето што го спроведе „Фајненшал Тајмс“, преку своето издание „ФДИ Интелиџенс“, магазин кој е специјализиран за странски директни инвестии и кој им дава препораки на инвеститорите кои се најповолни дестинации за инвестирање во светот.

Во истражувањето на „Фајненшал Тајмс“ биле поканети преку 600 слободни зони од 120 држави во светот да потполнат анкета која бара квалитативни и квантитативни податоци за слободните економски зони. Потребните информации биле поделени во пет области: погодности на работењето, изградени објекти, инфраструктура, економичност во работењето, транспортни врска и промоција на зоната.

На листата 50 најатрактивни места за инвестирање во светот, 23 се од подрачјата на Обединетите Арапски Емирати, четири од Полска, три од Летонија, две од Србија и по една од Русија, Хрватска, Македонија и Англија.

На прво место на оваа листа се најде зоната „Дафза“, слободната зона до аеродромот во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Основана во 1996 година, оваа зона важи за најбрзо растечка слободна зона на Средниот исток. На второт место е зоната „Интернационален финансиски центар“ исто така во Дубаи. Третото место и припадна на кинеската зона „ВФТЗ“, која во првото рангирање (2010/11) беше на првото место. (Ек.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6A0EAA2557316C43920AD78FB371E146
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 20-Jul-2012 at 09:46

Инвестициска офанзива во Македонија. Владините роуд-шоуа даваат резултати. Започнува изградбата на фабрика за автобуси.

vanhool-500

Денес напладне ќе биде поставен камен темелник, со што официјално ќе започне изградбата на белгиската фабрика за производство на автобуси „Ван Хол“.

Фабриката ќе биде лоцирана во ТИРЗ Скопје, а инвестицијата, според најавите, е 30 милиони евра. Компанијата одлуката за инвестирање во Македонија ја донесе по средбите со владините претставници за време на роуд шоуто во Брисел во ноември минатата година.

Премиерот Никола Груевски кој што ќе присуствува на денешниот настан, пред неколку дена соопшти дека во фабриката ќе се отворат 400 нови работни места и ќе се зголеми македонскиот извоз за 100 милиони евра.

- Македонија повторно ќе стане извозник на автобуси и тоа голем извозник. Првата тура која „Ван Хол“ ја има веќе потпишано е за Америка, односно првите 500 автобуси кои ќе се произведат ќе одат за американскиот пазар и ќе бидат производ од Република Македонија, изјави Груевски пред неколку дена.

Според него, добро е тоа што Македонија порано имаше традиција во производството на автобуси така што белгиската компанија ќе може да најде соодветен кадар, но исто така новата инвестиција ќе биде можност и за младите високообразовни кадри.

„Ванхол“ е основана во 1947 година и има неколку илјади вработени, a инвестицијата во Македонија е во висина од 30 милиони евра.

Инаку пред неколку дена се потпиша договорот и со компанијата „Дрекслер Маер“ која се надева дека наредната пролет ќе ја заврши изградбата на фабриката во


http://kurir.mk/makedonija/vesti/78499-Zapocnuva-izgradbata-na-fabrikata-za-avtobusi

Edited by Cloverstack - 22-Jul-2012 at 14:44
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 143
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 20-Jul-2012 at 15:58
и сега ќе се радуваме што некој дошол од страна да вработи 400 луге во фабрика за автобуси кога нашата со 3000 вработени ја затворивме!!
а бре македонче Bash
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 112
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 20-Jul-2012 at 17:06
Друга интересна работа што може да произлезе од оваа инвестиција е фактот дека оваа компанија произведува градски и меѓуградски автобуси па оттука и можноста за постепена замена на преисторискиот (а богами и новиот украински и кинески) возен парк со квалитетни автобуси од “домашно“ производство.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1489
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 20-Jul-2012 at 18:28
Originally posted by sanos_a

и сега ќе се радуваме што некој дошол од страна да вработи 400 луге во фабрика за автобуси кога нашата со 3000 вработени ја затворивме!!
а бре македонче Bash

 
Во целост се согласувам со тебе, но воопшто не сум запознаен со капацитетите на сега веќе непостоечкиот Санос, поранешен ФАС 11 Октомври.
 
Дали во денешни услови, во фабрика со големина и капацитети како Санос, но со денешна најсовремена технологија, би имало работа за сите тие 3000 работници, или сепак некои би биле непотребни ?
 
Немој погрешно да ме разбереш, се додека не го урнат Санос јас и понатаму негувам надеж дека еден ден ќе се рестартира, иако сум повеќе од сигурен дека за жал, негувам лажна надеж, факт е тоа дека ако државата беше подготвена да му прости над 30 милиони евра долгови на Тутунскиот Комбинат од Прилеп за да го спаси од банкрот, сигурно немаше да и претставува никаков проблем да го спаси и Санос, кој и онака веќе пропаднат, можеше наједноставно со сегашниот закон за експропријација да го превземе имотот на Санос и да инвестира во негово рестартирање, но за жал, државата не е заинтересирана за тоа.
 
Но доколку се рестартира Санос, но со најсовремени машини и со најсовремена технологија, дали ќе има работа за сите тие 3000 работници, или поради се поголемата замена на човечките работници со машини, бројот на човечки работници би бил помал ?


Edited by Dexter26 - 20-Jul-2012 at 18:32
Back to Top
Petar View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 270
  Quote Petar Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 20-Jul-2012 at 18:35
Originally posted by sanos_a

и сега ќе се радуваме што некој дошол од страна да вработи 400 луге во фабрика за автобуси кога нашата со 3000 вработени ја затворивме!!а бре македонче Bash



Vaki komentari najmnogu mrazam.... I znaes li zosto propadna taa fabrika?
I otkoga propadna sto... veke nesmee da se otvori druga fabrika? Ili pak treba da se bunime i da pcueme sto VanHool otvaraat fabrika vo Makedonija?

Ajde ti se molam ostaj gi vakvite prepukuvanja za nasite ceneti vesnici.

Edit: @ dexter Dobri prasanja.
Pomina toa vreme koga drzavata ke plaka a narodot ke spie. Bez pazar nema rabota.
Neli sakavme privatizacija. Gledajte sto mu se sluci/slucuva na Ohis.

Edited by Petar - 20-Jul-2012 at 18:39
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 143
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 20-Jul-2012 at 19:54
да не се многу оддалечуваме од темата, ама кога работев во скопје имав колега кој работел во санос од 90 година па се до затворањето на фабриката и според него кој инаку е машински инжинер и вклучен во развојот на автобусите добиле во 1996 година факс од мерцедес фабриката во кој германците понудиле соработка на начин на кој во скопје требало да се произведува моделот O350 RHD Tourismo првата генерација на Toursimo со понатамошна надградба на производството и замисли од само негови познати причини на тогашниот генерален директор на состанок свикан баш за таа соработка го искинал факсот со зборови "НЕ МОЖЕ МЕРЦЕДЕС ДА МИ КАЖУВА КАКО ЈАС ДА РАБОТАМ!"
Bash
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Petar View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 270
  Quote Petar Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 20-Jul-2012 at 20:14
Originally posted by sanos_a

да не се многу оддалечуваме од темата, ама кога работев во скопје имав колега кој работел во санос од 90 година па се до затворањето на фабриката и според него кој инаку е машински инжинер и вклучен во развојот на автобусите добиле во 1996 година факс од мерцедес фабриката во кој германците понудиле соработка на начин на кој во скопје требало да се произведува моделот O350 RHD Tourismo првата генерација на Toursimo со понатамошна надградба на производството и замисли од само негови познати причини на тогашниот генерален директор на состанок свикан баш за таа соработка го искинал факсот со зборови "НЕ МОЖЕ МЕРЦЕДЕС ДА МИ КАЖУВА КАКО ЈАС ДА РАБОТАМ!" Bash



I sto ima toa vrska so tvojot komentar "и сега ќе се радуваме што некој дошол од страна да вработи 400 луге во фабрика за автобуси кога нашата со 3000 вработени ја затворивме!!а бре македонче "

I treba da se raduvame!
Treba da se raduvame na sekoj dolar, evro, denar sto ke padne vo Makedonija. Ima mnogu drugi mesta kade sto mozat kompaniive da gi investriaat nivnite pari.
So onakov cinichen mentalitet nema do nikade da stigneme...
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 20-Jul-2012 at 20:54
Originally posted by Petar

Originally posted by sanos_a

да не се многу оддалечуваме од темата, ама кога работев во скопје имав колега кој работел во санос од 90 година па се до затворањето на фабриката и според него кој инаку е машински инжинер и вклучен во развојот на автобусите добиле во 1996 година факс од мерцедес фабриката во кој германците понудиле соработка на начин на кој во скопје требало да се произведува моделот O350 RHD Tourismo првата генерација на Toursimo со понатамошна надградба на производството и замисли од само негови познати причини на тогашниот генерален директор на состанок свикан баш за таа соработка го искинал факсот со зборови "НЕ МОЖЕ МЕРЦЕДЕС ДА МИ КАЖУВА КАКО ЈАС ДА РАБОТАМ!" Bash



I sto ima toa vrska so tvojot komentar "и сега ќе се радуваме што некој дошол од страна да вработи 400 луге во фабрика за автобуси кога нашата со 3000 вработени ја затворивме!!а бре македонче "

I treba da se raduvame!
Treba da se raduvame na sekoj dolar, evro, denar sto ke padne vo Makedonija. Ima mnogu drugi mesta kade sto mozat kompaniive da gi investriaat nivnite pari.
So onakov cinichen mentalitet nema do nikade da stigneme...


Не сакам да се зајадиме, ама и твојот коментар не е баш нециничен.Не е лошо фабрика на ВанХол, ама смешно е да се затворат ДВЕ јаки фабрики (едната работеше скоро се по лиценца на МБ и најпочитуван производител во европски и светски рамки од бившата држава, види пак примерот од колегата Санос_А, а другата 90% извоз за шпански пазар)...
Да земиш дома една жена која би ги работела истите обврски како фамилијата, само многу поскапо да ја плаќаш.
Возилата на Санос беа барем за 30% поефтини од конкуренцијата (најверојатно истиот тој ‘директор‘ во тие години не се снашол во ситуацијата кога Санос прв после германските и една холандска фирма произведе двокатен бус во Европа со цена скоро 50% поефтина , а квалитетот можда и подобар од сите освен МБ.Ниту еден ‘европска‘ марка (освен МБ О303 или нашата верзија Санос 315) не издржал по 3 променети нови мотори и ремонти без поголеми каросериски проблеми.
Ван Хол никогаш нема да е право Made in Macedonia.

А за ‘великодушната донација‘ од ЈСП, да не барам од Санос_а слики од нивните возила, па да видиме колку реално се потребни во Кочани



Edited by Тркало - 20-Jul-2012 at 20:57
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5704
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 23-Jul-2012 at 19:29
Client KEMET ELECTRONICS CORPORATION, Skopje / Macedonia
Consultant ZIM – Institute for Testing Materials, Skopje / Macedonia
Project Duration 10 months
Contract General Contract for design & build
Type of Construction Structural steel and reinforced concrete
Description Reinforced concrete columns, space frame structure in production hall, façade and roof covered by IPN Core panels, terrace type flat roof in Administration and Utility Buildings
Total Construction Area 10,500 m²
Total Construction Area 12,000 m²





од Срѓан Адамовиќ


Edited by gjoko - 23-Jul-2012 at 19:29
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11544
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 25-Aug-2012 at 21:52
ТИРЗ Скопје 1 со сите потребни услови за водење бизнис 



Технолошко-индустриската зона Скопје 1 го заокружи инфраструктурното уредување. Денеска пуштена во употреба новата административна зграда, која ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис во зоната. Во неа ќе функционира царински терминал со капацитет од 60 товарни возила, шпедиција, банкарски и поштенски услуги, ресторани, околу 40 канцеларии и други помошни простории потребни на компаниите кои работат во зоната.

Според премиерот Никола Груевски со тоа зоната има уште еден адут повеќе да привлече нови инвеститори и да овозможи што подобри услови за веќе постоечките компании во неа. 

- Со изградбата и адекватното инфраструктурно опремување на зоните верувам дека ќе излеземе во пресрет на се поголемиот интерес за инвестирање во земјата, а со тоа ќе овозможиме отворање на што е можно повеќе фабрики и нови работни места во Македонија, истакна премиерот Груевски, обраќајќи се на отворањето на новата административна зграда во ТИРЗ Скопје 1. 

Тој додаде дека ваков начин на уредување ќе добијат сите други зони низ Македонија и истакна дека Владата ќе продолжи да работи на добрите економски политики, да биде партнер со бизнисмените, да ја негува добрата бизнис клима и постојаната промоција на Македонија и македонските услови за водење бизнис во странство.

Оваа зона е првата што почна да се гради во Македонија и таа е во најнапредна фаза. - Има своја сообраќајна, електрична, водоводна канализациска и гасоводна мрежа. Во нејзини рамки веќе функционираат амерканските компании „Џонсон Контролс“ и „Кемет електроникс“, британската „Џонсон мети“, инталијанската „Текнохозе“, руската „Протект груп“, индиската „Мадерсон груп“, а уште многу други пројавуваат интерес за влез во зоната, истакна Груевски. Една од потребите на сите нив, како што рече, е изградбата на административната зграда во зоната за која Владата инвестираше 69,5 милиони денари. 

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оваа инвестиција е во насока на подобри услови за водење бизнис во зоната. - Придобивките од концептот технолошко-индустриски развојни зони се евидентни. Странските директни инвестиции во земјата кумулативно во периодот од 2007 до 2011 година изнесуваат 1,5 милијарди евра, што означува пораст од 93 отсто во споредба со периодот од 2003 до 2006 година, а значајно е што ова се случува во време кога светската економија ги доживува своите најтешки моменти уште од големата депресија, истакна Ставрески.

Во ТИРЗ Скопје 1 од вкупно 140 хектари досега се закупени 32 проценти, а 20 проценти се веќе резервирани од странски компании. Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо потенцира дека се очекува да имаат позитивна одлука до крајот на оваа година и да почнат со градба со крајот на градежната сезона. Станува збор, додаде, претежно за компании од автомобилската индустрија од Европа и од Северна Америка и оти некои од нив имаат донесено внатрешни начелни интерни одлуки, но моментот на објавување на целиот тој процес зависи од нив.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F13284187CC039408648139AB07AD5DD
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11544
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 26-Aug-2012 at 12:38



Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2321
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 26-Aug-2012 at 12:43
Ме радуваат вестите за индустриските зони.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8504
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 26-Aug-2012 at 12:46


Тирз Скопје 1 навистина станува успешна приказна против која не верувам дека некој би имал да каже некој лош збор но навистина ме иритираат вакви промоции за работи кои веќе постојат некое време и функционираат (конретно објектов кој го промовираа вчера).

Како и да е, фабриката на Кемет е веќе готова и е видлива веднаш после патарината Миладиновци во правец кон Скопје. Костурот за новиот Џонсон Мети е исто така видлив како и еден „неидентификуван“ костур веројатно на Проетк или ММ Фибер.

Исто така на големо се работи на теренот за Ван Хул во ТИРЗ Скопје 2, кој веројатно ќе биде најимпресивен објект од сите бидејќи е апла видлив од автопатот а се работи и на доста голема површина. Сепак веројатно за производство на автобуси се потреби погабаритни хали отколку за продуктиве на другите инвеститори.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.