build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ТИРЗ Скопје - Бунарџик
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 26-Aug-2012 at 13:07
Originally posted by pbanks



Исто така на големо се работи на теренот за Ван Хул во ТИРЗ Скопје 2, кој веројатно ќе биде најимпресивен објект од сите бидејќи е апла видлив од автопатот а се работи и на доста голема површина. Сепак веројатно за производство на автобуси се потреби погабаритни хали отколку за продуктиве на другите инвеститори.


Дали можеби се работи за овој објект? Не бев сигурен затоа што не ја видов оградата од Бунарџик, но знам дека зоната беше проширена пред некое време. Како и да е се работи на навистина голема површина, околу 15 машини работеа интензивно на терен кога поминував од таму. Сликите се направени околу 20 Јули, за жал со полош квалитет:






"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 26-Aug-2012 at 13:42


Тоа е тоа Андреј
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 01-Oct-2012 at 09:57

Гранит за 577 илјади евра ќе ја гради канализацијата во ТИРЗ Скопје2

Гранит%20за%20577%20илјади%20евра%20ќе%20ја%20гради%20канализацијата%20во%20ТИРЗ%20Скопје2Една од најголемите градежни компании во земјава, ГД Гранит а.д. Скопје информираше дека потпишала договор со Дирекција за Технолошки Индустриски Развојни Зони. Гранит во технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 ќе гради фекална и атмосферска канализација, а вредноста на договорот изнесува 35.240.300 денари или околу 577 илјади евра. Работите треба да бидат завршени за 8 месеци.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/88379/granit_za_577_iljadi_evra_kje_ja_gradi_kanalizacijata_vo_tirz_skopje2.aspx
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 21-Oct-2012 at 01:45
Кемет електроникс (ФОТОГАЛЕРИЈА)









http://www.mkd.mk/68279/foto-video-galerija/kemet-elektroniks-fotogalerija/?pid=2818#img
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 29-Oct-2012 at 18:59
„Текнохосе“ ќе вработи 200 лица во Бунарџик
Понеделник, 29 Октомври 2012 13:49

Италијанската компанија „Текнохосе“ денеска го почна производството во фабриката во Македонија лоцирана во ТИРЗ „Скопје 1“. Почетната инвестиција е пет милиони евра со 50 вработувања, а во март наредната година почнува реализација на нова инвестиција од 10 милиони евра со што вкупниот број на вработени ќе достигне 200 вработувања.

Официјално во употреба ја пуштија премиерот Никола Груевски со целиот економски тим, генералниот директор на италијанската компанија Антонио Витило и италијанскиот амбасадор во Република Македонија Фабио Кристијани.

- И покрај тоа што светската економска криза имаше свое влијание на реализација на оваа инвестиција најавена уште во 2008 година, сепак резултатите не изостанаа. Пред нас е новата фабрика на италијанскиот инвеститор „Текнохосе“, рече премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба на новата фабрика.

Според премиерот, оваа инвестиција е уште една потврда дека владините економски политики ги даваат очекуваните резултати. - Во овие тешки години на светска економска криза и европска должничка криза само најдобрите и најснаодливите успеваат да опстојат, да ги алоцираат своите ресурси, да го реинвестираат својот капитал и да го прошират своето производство. Во вакви времиња „Текнохосе“ успеа во својата инвестиција, истакна премиерот Груевски.

Тој напомена дека во овој момент во слободната економска зона веќе произведуваат четири фабрики, а уште неколку се градат и се очекува да почнат со работа. Овие инвестиции, како и повеќе други кои се очекуваат треба да обезбедат неколку илјади нови вработувања што, како што рече премиерот, за Владата е од исклучителна важност.

Потсетувајќи на најновиот извештај на Светската банка „Дуинг бизнис 2013“ во кој Македонија останува лидер во регионот за водење бизнис, како и потврдата за кредитниот рејтинг од страна на агенцијата Фич, покажуваат дека работите во Македонија се движат во добра насока. Ова, смета премиерот Груевски, е јасен сигнал до сите идни инвеститори дека Македонија е стабилна земја со квалитетни економски политики. Тој изрази уверување дека таквите сигнали ќе стигнат до што е можно повеќе компании и многу инвеститори ќе ги следат чекорите на компаниите кои веќе инвестираа во Македонија.

Преговорите за инвестирање на италијанската компанија во Македонија, како што рече директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо, почнале во 2008 година и дека прв значаен чекор е направен во 2009 година со купување на објектот во зоната во кој сега е сместена фабриката.

Фабриката е на простор од 3.000 метри квадратни и ќе произведува гумени армирани црева за висок притисок кои имаат примена во градежништвото, автомобилската индустрија и други индустрии.

Ова е прва фабрика на италијанската компанија изградена надвор од границите на Италија.

Генералниот директор на компанијата Витило истакнува дека во текот на реализацијата на инвестицијата имале за цело време поддршка од Владата. Потенцира дека причини зошто инвестирале во Македонија во период кога Македонија не била интересна локација за други италијански компании, е одличната географска местоположба, конкурентските трошоци и поволниот даночен систем.

Италијанскиот амбасадор Фабио Кристијани потенцира дека италијанските инвестиции во Македонија не се на задоволително ниво, но изразува оптимизам дека ќе бидат поголеми во наредниот период.

Според него, оваа инвестиција е важна за Македонија зашто ќе им даде работа на многу семејства, а за неговата земја е важна бидејќи со неа се зголемува присуството на Италија како инвеститор во Македонија.

Вицепремиерот Владимир Пешевски смета дека тоа што оваа фабрика е прва инвестиција на италијанската компанија надвор од нивната земја покажува оти Македонија има идеална клима за инвестирање.

Компанијата „Текнохосе“, која во Република Македонија е регистрирана под името „Витек Македонија“, е членка на италијанската групација Витилло, а во ТИРЗ Скопје 1 купи постоечки објект кој комплетно е реновиран да одговара на потребите на новото производство што претставува прва фаза од нивната инвестиција.

Наредната година компанијата предвидува да почне со изградба на втор објект во кој ќе се произведуваат хидраулични спојки за армираните црева.

Ова е една од трите најавени фабрики што почнуваат со работа овој месец. Пред 10-тина дена беше пуштена во употреба „Кемет електроникс“, а за неделава е најавено отворање и на руската „Протек“.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/89932-Teknohose-ke-vraboti-200-lica-vo-Bunardzik
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 31-Oct-2012 at 20:01
„Продис“ ќе донесе нови вработувања во Бунарџик
Среда, 31 Октомври 2012 13:45

Рускиот фармацевтски холдинг „Протек Груп“ денеска свечено ја отвори својата фабрика „Продис“ во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 - Бунарџик во која ќе се произведуваат природни и здрави производи.

Во фабриката со површина од 5.000 метри квадратни првично ќе бидат вработени 45 лица, а до крајот на годинава нивниот број ќе се зголеми на 80. Во втората фаза се очекува да бидат доградени уште 4.000 метри квадратни и да се вработат уште 80 лица со што целосно ќе биде затворено производството на хомеопатски лекови од суровина до финален производ.

Изградбата на објектот досега чинеше 3,8 милиони евра, а до крајот на годинава се очекува да бидат вложени уште 400.000 евра.

Фабриката официјално ја отвори премиерот Никола Груевски заедно со економскиот тим на Владата.
- Октомври 2012 година дефинитивно е месец на инвестиции во Македонија. Отворен е „Сити мол“, инвестиција од околу 70 милиони евра во која се очекува да бидат вработени околу 2.000 лица, „Кемет електроникс“, инвестиција од 25 милиони евра со чие заокружување треба да се вработат 500 лица, „Текнохосе“, инвестиција од 15 милиони евра што ќе овозможи околу 200 вработувања и денеска се отвора фабриката „Продис“ на руски „Протек груп“, инвестиција од 8 милиони евра во која по целосното завршување ќе се вработат 160 лица, рече премиерот Никола Груевски на отворањето на фабриката на „Продис“ во Бунарџик.

Новата фабрика, додаде, треба да донесе нови знаења за производство на лекови и покрај директни ќе овозможи и индиректни вработувања на лица пред се од еколошките краеви на Македонија од каде „Продис“ ќе црпи суровини.

- Македонија е лидер во регионот во водење бизнис и е на петтото место во светот. Успешноста на земјава ја потврди и агенцијата Фич со потврдувањето на кредитниот рејтинг со ББ+, рече Груевски. Додаде дека очекува и се надева оти и во иднина ќе продолжат новите инвестиции во Македонија и дека други руски компании ќе го следат примерот на „Протек груп“.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески нагласи дека отворањето на „Продис“ е резултат на средбите со инвеститорите одржани за време на владините роуд-шоуа.

- Тоа покажува дека првиот фактор за привлекување на странските инвестиции во Македонија се средбите и роуд-шоуата што ги организира Владата. Вториот фактор е рангирањето на земјава на 23. место во „Дуинг бизнис“, а третиот фактор е македонската дијаспора која ги убедува странците дека Македонија е добро место за инвестирање, рече Ставрески. Токму таков пример, додаде, е генералниот директор и кофинансиер на „Продис“ Коста Димов кој го убеди сопственикот на „Протек груп“ Вадим Јакунин Сергеевич да инвестира во Македонија.

Протек груп“ е еден од најголемите фармацевтски холдинзи во Русија што се занимава со производство, дистрибуција и трговија со лекови и козметика. Вработува 12.000 луѓе и има годишен обрт од четири милијарди долари.

„Продис“ ќе произведува хомеопатски лекови, органски и неоргански производи од житарки, како и органски и неоргански чаеви, витамини и минерали. Дури 95 отсто од производството ќе биде наменето за странските пазари пред се во Руската Федерација, но и на пазарите во поранешните советски и југословенски републики и во прекуокеанските држави.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/90223-Prodis-ke-donese-novi-vrabotuvanja-vo-Bunardzik
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 17-Nov-2012 at 13:38






Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
oTeget View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote oTeget Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 18-Nov-2012 at 12:00
Која фабрика е ова?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 18-Nov-2012 at 12:07
Johnson Matthey
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 20-Nov-2012 at 20:25

Фабрика за автобуси Van Hool - Бунарџик

Автор: Звонко Тасевски, ДСЦ Дизајн

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 08-Dec-2012 at 17:29

Рекордни 48 милиони евра извоз на Џонсон Мети само во ноември

08/12/2012  //  Пред 8 часа  //  ИНФРАСТРУКТУРА  //  Коментирај

IMG_7362%20%28Large%29

Ексклузивно: Фактор објавува до каде е изградбата на вториот погон на британската фабрика Џонсон Мети во технолошко индустриската развојна зона Бунарџик. 

Катерина Попоска

Британскиот производител на катализатори, Џонсон Мети, во ноември оствари рекордно производство откако стартуваа со производство, пред две години, во зоната во Бунарџик. Фантастични 48 милиони евра чинат произведените 426.000 катализатори само во ноември годинава, ексклузивно дознава Фактор.

Проекциите покажуваат дека  со оствареното производство и извоз на катализаторите, Џонсон Мети најверојатно ќе има раст на извозот годинава од 17% во споредба со извозот реализиран во 2011 година.

„Ако се земе предвид дека оваа година е криза секаде во светот, како и тоа дека производството на автомобилската индустрија во Европа е намалено во просек за 10%, успехот на Џонсон Мети е уште поважен, не само за компанијата, туку и за Македонија, од каде оваа фабрика произведува автомобилски делови за Европскиот пазар. Минатата година Џонсон Контролс и Џонсон Мети имаа контрибуција од 16,3% во вкупниот извоз на Македонија, така што зголементото производство на Џонсон Мети во време кога остатокот од македонската економија има намален извозен обем, на крајот од годината може да очекуваме дека извозт од технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик и оној од зоната во Штип ќе изнесува над 20% во рамките на вкупниот извоз на Македонија“, вели за Фактор директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони“, Виктор Мизо.

Тој додава дека Џонсон Мети најавуваат уште поголема активност во јануари следната година, како резултат на новата легислатива за издувните гасови којашто ја донесе Европската унија, а која стапува на сила од 2013 година. Се работи за нови Еуро 6 стандарди за контрола на штетните емисии на лесни и тешки возила, поради што ќе треба да се монтира нов вид на катализатори во автомобилите.

Од она што може да се види на терен е дека британскиот инвеститор активно работи на завршување на вториот погон од фабриката во Бунарџик, во кој ќе има две нови производни линии. Според Мизо, машините треба да почнат да стигнуваат во погоните веќе во првиот квартал од 2013 година.

„Најавата е дека во септември следната година ќе почне производството и од вториот погон на фабриката. Но, мора да се земе предвид дека ќе има период на  пробно производство, кое ќе почне многу порано. Со текот на времето Џонсон Мети најави дека ќе го дуплира производството, односно ќе има дуплирање по волумен на самиот катализатор. Во вората фаза ќе има производство на катализаторти и за тешки дизел возила, кои се многу погабаритни од обичните катализатори“, објаснува Мизо.

Според финансиските податоци за работењето на македонскиот пазар, минатата година Џонсон Мети оствари вкупни приходи од 450 милиони евра. Заклучно со декември минатата година пак, Џонсон Мети произведе вкупно пет милиони катализатори.

Во продолжение, погледнете до каде е изградбата на вториот погон на Џонсон Мети во Бунарџик.

http://faktor.mk/archives/14351

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 10-Jan-2013 at 01:21
УШТЕ ЕДНА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО БУНАРЏИК


Турски Матек отвора фабрика од 15 милиони евра


Компанијата ќе произведува високотехнолошки медицински помагала како трансбронхитални биопсиски игли, ендобронхоскопски игли, биопсиски маркери, хируршки сетови, хируршки наметки, катетери и стентови, открива директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида


До крајот на годинава ќе почне со работа уште една фабрика во технолошката зона Бунарџик" крај Скопје. Овој пат, како што најавува директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, станува збор за турската компанија Матекк од медицинскиот сектор која е лоцирана во Анкара, која донесе одлука за инвестиција во Македонија, вредна 15 милиони евра. Договорот за влез на Матек" во Македонија ќе биде потпишан околу 20 овој месец во Скопје, по што почнуваат градежните работи на новата фабрика.
- Компанијата ќе произведува високотехнолошки медицински помагала како трансбронхитални биопсиски игли, ендобронхоскопски игли, биопсиски маркери, хируршки сетови, хируршки наметки, катетери и стентови - открива директорот Фида.

Компанијата Матекк која е контактирана од економскиот промотор во Анкара неколку пати во текот на последните месеци била во посета на Македонија каде е донесена одлука да инвестира во ТИРЗ Бунарџик.

Компанијата првично ќе вработи 100 лица кои ќе бидат обучени за производство на високо технолошки медицински помагала. Компанијата планира да го зголеми бројот на вработените до 300 лица за неколку години. Оваа инвестиција ќе има голема додадена вредност за медицинскиот сектор во Македонија.

(С.Бл.)

вечер
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 16-Feb-2013 at 22:15
Баш денеска направив две слики (во движење и со 2мп) се гледа напредок на објектот,па се погоди и веста за огласов за вработување па ги постирам заедно



Македонија има кадар за производство на автобуси, Ван Хул само нека најде пазар за продажба!

Белгиската фирма Ван Хyл која гради фабрика за производство на автобуси во Технолошко индустриската развојна зона – Скопје 2 во Бунарџик бара кадар. Според огласот кој белгискиот инвеститор го објави во дневните весници за почеток во фабриката се потребни работници за 35 работни позиции. Компанијата во Македонија планира да произведува автобуси за меѓународни пазари, а бара работници од техничките насоки за разновидни позиции, тим лидери, заварувачи, столари, електричари, механичари, контролори, координатори, асистенти…. Минимум услов за дел од работните позиции е завршено средно образование, по можност техничка насока и соодветно работно искуство, за дел одлично познавање англиски јазик, а за дел завршено високо образование.

Евтината работна сила, клучна за инвестицијата во Македонија

Во ексклузивното интервју кое сопственикот на сопственикот на Ван Хул Македонија, Филип Ван Хул, го даде за Фактор, вели дека основната причина што решиле да инвестираат во Македонија е ефтината работна сила.

„Трошоците за работна рака учествуваат со голем процент во производството или над 75% во вредноста на производот.Со оглед на тоа што во последно време се зголеми конкуренцијата од Турција, Полска и Чешка на европскиот пазар и Кина и Мексико, за пласман на американскиот пазар ни треба фабрика каде што ќе произведуваме со ниски трошоци за работна сила“ вели Ван Хул во интервјуто.

Тој вели дека и упорноста на Владата и министрите за странски инвестиции биле едни од клучните моменти кои ги натерале да решат да градат фабрика во Македонија.

„Пакетот на олеснувања за странски инвеститори, беше предност. Ме привлече и директниот контакт на владините претставници со инвеститорите и можеме лично да ги контактираме и да добиеме одговор за било кој проблем за многу кратко време. Ова е многу важно за привлекување на странски инвеститори. Ние сега сме како партнери, што не е случај со другите земји“ потенцира Ван Хул во интервјуто.

Ван Хул планира да вработи до 500 лица во новата фабрика

Изградбата на фабриката за автобуси на „Ван Хул“, почна во јули минатата година, како инвестиција вредна 20 милиони евра, што треба да овозможи вработување на 400 до 500 лица. Се очекува дел од кадрите да се регрутираат и од поранешните македонски фабрики за автобуси, како ФАС.

Покрај новите работни места, се очекуваат позитивни ефекти од инвестицијата и за домашни фирми што ќе имаат можност за соработка, како и зголемување на македонскиот извоз.

Белгиската компанија „Ван Хул“ одлучи да инвестира во Македонија по контактите што ги иницираше македонската Влада и реализирањето економски презентации на можностите за инвестирање во државава. При стартот на изградбата на производствениот капацитет директорот на белгиската компанија „Ван Хул“, Филип Ван Хул истакна дека за успех на инвестицијата ќе се потпре на образованието на младите генерации во техничките училишта и одличните македонски универзитети и на големото искуство во производство на квалитетни автобуси што во минатото биле произведувани во Македонија.

Со реализацијата на нивната инвестиција, од зоната Бунарџик првпат ќе се извезува готов производ, технолошки високософистициран на високософистицирани пазари, кој ќе го носи знакот дека е произведен во Македонија.
Според најавите од инвеститорот, новиот капацитет на „Ван Хул“ ќе се протега на површина од 36.900 метри квадратни, а се очекува да почне да произведува автобуси во првиот квартал од 2013 година. Целта на белгискиот инвеститор е да ја реализира американската нарачка од 400 автобуси од која првите 50 треба да се извезат од погоните на фабриката веќе од крајот на 2013 година. По оваа нарачка, компанијата ќе воведе два нови модела на автобуси, а полниот капацитет што треба да се постигне е годишно производство од 400 автобуси.

„Ван Хул“ е семејна компанија за прозводство на автобуси и индустриски возила основана 1947 година. Во фабриката во Белгија вработува 4.000 лица, а годишното производство изнесува околу 1.200 автобуси и 4.000 други возила. Остварува годишен обрт од над 450 милиони евра, а над 80 отсто од производството е наменето за извоз.

http://faktorarchives/30100utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b2%25d0%25b0%25d0%25bd-%25d1%2585%25d1%2583%25d0%25bb-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b3%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25b2%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be%25d0%25ba-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be

Edited by ovaj_stariov - 16-Feb-2013 at 22:17
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 16-Feb-2013 at 22:22
Одлична работа и напредок на градењето на фабриката, сега баш не многу работни места, но се надевам оваа бројка ќе расте. Туку, за друго сакав да прокоментирам, кога нашиве медиуми ќе научат точно да пренесат некое странско име или само англиски учеле. Па, постои правопис во нашава земја и фабрикава не се вика Ван Хул, туку Ван Хол. Еве, не мора правопис да отворат, можат да видат како се чита името со холандски (фламански) изговор и готова работа, а не директно преведи и завршена работа. Нам ни пречи кога некој странец погрешно ќе не нарече, а ние кога грешиме нема проблем.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 21-Feb-2013 at 17:07

Фармацевтската компанија „Продис“ почна со извоз на рускиот пазар
Македонија | 21. февруари 2013 - 16:29
„Продис“ почна со извоз на рускиот пазар

Се извезуваат органски и конвенционални цералии „ДанкаД“, а се подготвува и пласманот на органски и билни чаеви „Максан“.

- Извезуваме производи чија вредност е 100.000 илјади евра. До крајот на овој месец е предвидено да извеземе производи во вредност од 150.000 илјади евра. Компанијата претставува значајна гринфилд инвестиција за Република Македонија. Работи согласно највисоките стандарди за квалитет, ГМП, ИСО и ХАЦЦП. Со ова можеме да ја означиме и потврдиме успешноста на инвестицијата и воедно, ова би бил додатен мотив за странските инвеститори да го вложуваат својот капитал во Македонија, соопшти денеска „Продис“.

Компанијата, единствена од ваков тип во Македонија и на Балканот, е дел од рускиот фармацевтски холдинг „Протек груп“. Почна со работа на 31 октомври лани како една од производствените фабрики во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик.
http://press24.mk/story/makedonija/farmacevtskata-kompanija-%E2%80%9Eprodis%E2%80%9C-pochna-so-izvoz-na-ruskiot-pazar
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 25-Feb-2013 at 16:54
браво за репортажата од насловната страна.конечно ни се отвори глобална слика на зоната,а не парцијално како досега од нафрлени информации од портали
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 25-Feb-2013 at 16:57
РЕПОРТАЖА: „Бунарџик“ ја ткае успешната приказна за македонските слободни индустриски зони


Како олицетворение на студениот февруарски ден, маглата го навјасала ридот пред селото Бунарџик. Минувајќи го автопатот што не откинува од срцето на главниот град, од левата страна на хоризонтот изникнуваат технолошко – индустриските развојни зони „Скопје 1“ и „Скопје 2“. Пристигнувајќи пред официјалниот влез, драстично се менуваат првичните излитени впечатоци за зоните, во која својот леб го наоѓаат околу илјада македонски граѓани. Ведрите лица на вработените од обезбедувањето не упатуваат кон нашата крајна дестинација, а таму се соочуваме со раздвиженост – исполнети паркинзи со автомобили, тешки камиони и поспани возачи кои чекаат во редот за товарење на стоката пред да заминат на далечните дестинации, секој по својот пат.

 

 

Влезот%20во%20ТИРЗ%20„Скопје%201“    Административна%20зграда    Сервисна%20зграда%20и%20влез%20во%20царинскиот%20терминал

#    Царинскиот%20терминал    Царинскиот%20терминал

 

 

Технолошко – индустриските развојни зони „Скопје 1“ и „Скопје 2“ пулсираат во ритамот на модерните текови во економијата. Ако се земе во предвид заинтересираноста на новите странски инвеститори за вложување во производствени погони, тогаш не би била далечна прогнозата за остварување на искористеност од 60 до 70 отсто од целокупната површина до крајот на 2013 година. Од 145 хектари на кои се простира индустриската зона „Скопје 1“, досега се дадени на долгорочен закуп околу 50 хектари од државното земјиште. Новинарската екипа на „Билд“ се увери дека во моментов на терен неуморно се работи на идните индустриски капацитети. Бројни стручни лица со импресивна градежна оператива забрзано работат за да ги постигнат пропишаните рокови за завршување на проектите. Парцелите на „Џонсон Мети“ и „Ван Хол“ пленат со импресивниот степен на реализација на градежните активности.

 

Надворешната визура на новиот производствен погон на британската компанија „Џонсон Мети“ веќе се забележува, а инсталирањето на новата софистицирана опрема треба наскоро да започне. Најавите од „Џонсон Мети“ се дека втората фаза од нивната инвестиција во земјава ќе заврши до крајот на мај годинава, доколку временските услови го дозволат тоа. Веднаш по завршувањето на градежните работи, планирано е да стартува новата производствена линија на овој британски гигант од автомобилската индустрија. Паралелно со издигнувањето на новиот индустриски погон, работниците во фабриката непречено продолжуваат со изработувањето на катализатори за странските пазари. Аутпутот на „Џонсон Мети“ е извонреден во однос на поспаната македонска економија. Овој инвеститор, заедно со погоните на американски „Џонсон контролс“, до крајот на 2013 година би можел да учествува со над 20% во севкупниот македонски извоз на странските пазари.

 

 

#    Џонсон%20Мети    Џонсон%20Мети

Џонсон%20Контролс    Џонсон%20Контролс    Витек

 

 

Раздвижено е и во технолошко – индустриската развојна зона „Скопје 2“. Впечатлива е брзината на изведба на идната фабрика за автобуси на белгискиот инвеститор „Ван Хол“. На терен може да се забележат стотици вработени и десетици градежни машини како се натпреваруваат со зимските временски услови во стремежот за комплетирање на огромната фабричка хала до пропишаниот рок – август 2013 година. Изведувачите во моментов напорно работат да го доведат индустрискиот објект во фаза на карабина. Преку белгиската инвестиција во вредност од 20 милиони евра, замислениот објект ќе се протега на површина од 36.900 метри квадратни. Производството на автобуси ќе започне веднаш по завршувањето на изградбата, а првите испораки за американскиот пазар се очекува да започнат кон крајот на годината.

 

 

Ван%20Хол    Ван%20Хол    Ван%20Хол

Ван%20Хол    Ван%20Хол    Ван%20Хол

 

 

Покрај опсежните градежни активности на овие фабрики, од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони се надеваат дека во претстојниот период ќе се остварат инвестиции и на други заинтересирани странски компании. Турската медицинска компанија „Матек“ го искажа својот интерес за подигнување на фабрика за производство на високо технолошки медицински препарати и веќе ја избра локацијата на која таа во иднина би градела. Уште една турска компанија е заинтересирана да закупи околу 10 хектари земјиште во индустриската зона „Скопје 2“.

 

 

#    Продис    Продис

Кемет%20Електроникс    Кемет%20Електроникс    Кемет%20Електроникс

 

 

Угледниот „Фајненшл тајмс“ неодамна ги рангираше скопските индустриски зони во 50-те најдобри слободни економски зони во светот. Ваквиот успех несомнено е последица и на континуираното вложување во изведбата и надградбата на нивната инфраструктура. Најновата инвестиција што допрва треба да се пушти во употреба е царинскиот терминал за задоволување на потребите на корисниците од ТИРЗ Скопје 1 и 2. Терминалот се простира веднаш до административната и сервисната зграда во зоната и во негови рамки се наоѓа и огромниот паркинг кој може да прими околу 100 товарни возила. Во сервисната зграда во иднина треба да се сместат службите за одржување на постоечката инфраструктура. Во административната зграда веќе успешно функционираат две шпедитерски компании, а наскоро современиот простор во рамките на ова здание ќе биде збогатен со угостителски објект, банка и пошта.

 

Индустриските зони „Скопје 1“ и „Скопје 2“ инспирираат во однос на подготвеноста за привлекување на инвеститорите. Во ТИРЗ „Скопје 1“ е завршена целокупната инфраструктура и сите градежни парцели ја имаат можноста да се приклучат на гасоводната, водоводната, канализационата, телекомуникациската и електроснабдувачката мрежа. Постојано им се излегува во пресрет на барањата на инвеститорите за надградба на дел од инфраструктурата. Постојат неколку идеи за понатамошно подобрување на условите за вложување во просторот. Во урбанистичкиот план е предвидено да се изгради товарна железничка станица и индустриска пруга која би се поврзала директно со железничкиот Коридор 10. Вработените во зоната истакнуваат дека овој проект би се спровел во реалноста, доколку инвеститорите пројават интерес за искористување на железничкиот сообраќај. Актуелна е и идејата за директно патно поврзување со скопскиот аеродром во должина од еден километар, бидејќи најголемиот дел од фабриките ги користат неговите карго услуги.

 

 

Главната%20сообраќајница    #    #

Главната%20трафостаница%20110/20/10%20kV    Главната%20регулаторна%20станица%20за%20гас    Резервоар%20за%20вода

 

 

Замислите и плановите на раководството постепено се префрлуваат кон втората индустриска зона. До крајот на 2013 година таму треба да се завршат крупни инфраструктурни зафати. Предвидено е да се постави триметарска ограда околу целата зона, да се довршат одводите за фекалната и атмосферската канализација, да се комплетира изведбата на главната сообраќајница и да се постави улично осветлување. Доколку се јави интерес од инвеститорите, тогаш би се пристапило и кон изведба на сервисните улици. Со реализацијата на најавените инвестиции, ТИРЗ „Скопје 2“ ќе ја заврши оваа година со искористеност од преку 25% од неговата вкупна површина која изнесува 95 хектари, без да се вкалкулира просторот што ќе биде окупиран од задолжителната инфраструктура. За ефикасно поврзување на двете зони е зацртана изградба на надвозник над постоечкиот локален пат Кадино – Бунарџик, додека во иднина ќе се разгледа можноста за изградба и на нова клучка за создавање на директна врска на ТИРЗ „Скопје 2“ со автопатот. Исто така во тек се административните подготовки за воспоставување на ТИРЗ „Скопје 3“ која би се простирала на дополнителни околу 45 хектари.

 

Приказната за индустриските зони кај Бунарџик може да се плете до бескрај. Во разговорот со вработените може лесно да се увиди желбата за остварување на квалитетните идеи во реалноста. И покрај користењето на автомобил, двете индустриски зони темелно не можат да се разгледаат за краток временски период. На возбудливите прашања пропратени со темелни одговори им се гледа крајот. Ситниот дождец почнува да паѓа од темните облаци на периферијата на главниот град. Раздвиженоста не замира, но нашата посета на зоната полека привршува. Се поздравуваме со соговорниците, со зборовите дека за неколку месеци повторно ќе се вратиме во потрага по нови информации. „Бунарџик“ продолжува да ја ткае успешната приказна за македонските индустриски зони.

 

#
Објавено на 25.02.2013 во категорија Вести.

Тагови: Бунарџик, Железница, Железнички станици, Индустриски, Индустриски зони, Инфраструктура, Општина Илинден, Патишта, ТИРЗ Скопје

http://www.build.mk/?p=23084
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 25-Feb-2013 at 17:08
Браво и од мене за репортажата ,иначе според мене на Бунарџик (сите ТИРЗови па дури и предвидениот) очајно им треба таа железничка врска, а и железничка врска до аеродромот, без разлика дали ќе биде целосно или делумно искористена бидејќи тоа ќе привлече уште повеќе инвестиции.

ПС: Аутпут како немакедонски збор би го заменил со Резултатот или Резултатите.


Edited by daci92 - 25-Feb-2013 at 17:09
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 25-Feb-2013 at 17:13
Одамна чекав од нашите медиуми да прочитам и видам некоја пооширна статија за зоната,секако многу ми е мило што тоа прв го направи Build.mk.

Споделете тешко ли беше да се направи контактот,убаво ли ве пречекаа?
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 25-Feb-2013 at 17:41

Со огелед на тоа дека повеќето наши портали и медиуми работат на база копи пасте освен тоа се интересират исклучиво за политка и се исполитизирани до коска , мислам дека портал кака build.mk има огромен неискористен медиумски простор токму за вакви репортажи кои според мене се многу информативни и корисни. 


Патем отворив тема на Кајгана токму за индустриските зони а како воведен текст (секако со наведен ИЗВОР) е преземена Репортажата за Бунарџик. 




Edited by kultuzin - 25-Feb-2013 at 17:42
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.258 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.