build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 09-Dec-2014 at 20:01
Реков кога ќе се официјализира тогаш.Дневно имаме по 2-3 најави за влез на фирми, што не значи дека све е вистина
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 11-Dec-2014 at 13:31
Да расчистиме со поимите пред да си "забрануваме" што да се постира на форумот. Најавата се однесуваше на американската компанија и тоа е првиот дел од постот, односно првиот линк. Потоа со линија е поделен вториот дел од постот и таму се "официјализираните" инвестиции, оние што се објавени и од владата и од самите компании (Дијатек - Италија, Енергија - Украина, Истем - Турција).
А тоа што има по 2-3 најави дневно... камо да се и по 5-6
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 19-Dec-2014 at 13:51
КАПКОН ЌЕ ИНВЕСТИРА 18 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ЌЕ ОТВОРИ 400 РАБОТНИ МЕСТА

Американската компанија од областа на автомобилската индустрија Капкон ќе инвестира 18 милиони долари и ќе отвори 400 нови работни места во индустриската зона во Скопје. Во фабриката ќе се произведуваат инфлатори за воздушни перничиња наменети за извоз на европскиот пазар. Производството се планира да почне во вториот квартал следната година.



Договорите за реализација на инвестицијата ги потпишаа денеска во Скопје претставници на македонската Влада и на компанијата Капкон.

- Капкон го избра Скопје за свој дом за деловните активности и производството наменето за пазарите во Европа. Овој производствен капацитет откако ќе стане целосно оперативен ќе вработи околу 400 лица. Исто така, имаме намера да ги прошириме нашите активности тука и да отвориме технички центар кој исто така ќе има инженерска поддршка во овој капацитет, рече по потпишувањето на Договорот Алиел Хач, извршен директор во компанијата.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека компанијата Капкон од денеска на мапата на производни центри кои се наоѓаат насекаде низ светот во земји како што се САД, Кина, Мексико, Италија, Германија, Тунис, Бразил и Индонезија донесе одлука да ја стави и Република Македонија.

- Станува збор за вредна инвестиција од 18 милиони долари со која ќе се вработат 400 лица во објект којшто во зоната во Скопје ќе биде оперативен до крајот на вториот квартал од 2015 година. Целото производство кое што се состои од инфлатори за воздушни перничиња е наменето за пазарите во Западна и Источна Европа. Сите овие податоци укажуваат на важноста на инвеститорот којшто од голем број инвестициски дестинации ја одбра токму Македонија, оцени Ставрески.

Инвестицијата, според него, целосно се вклопува во намерите на македонската Влада да се привлечат глобални реномирани компании кои ќе направат значајни промени во македонската економија. Тие промени веќе се случуваат. Во зоните од страна на глобалните компании коишто инвестираа отворени се над 11.000 работни места досега, а од најавените странски инвестиции кои со сигурност ќе се реализираат во наредниот период се очекуваат уште 13.000 работни места, посочи вицепремиерот Ставрески.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=C75BB45FAE61AE49B852058CD997F926
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15040
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 22-Mar-2015 at 19:17
Реклама за фабриката за автобуси на ВанХол. Има интересни сцени.

https://vimeo.com/118917711
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 30-Mar-2015 at 16:58
Италијански "Диатек" во Јули почнува производство во Бунарџик



Италијански Диатек во јули стартува со производство во Бунарџик. Светскиот лидер во технологијата на дигиталното печатење во Македонија инвестира 10 милиони евра.

Процесот на вработување го отпочнува со 30 тина лица од вкупно најавените 200 вработувања. Договорот за реализација на инвестицијата сопственикот Мосна го потпиша во Владата по средбата со премиерот Груевски.

- Ја одбравме Македонија поради одличните услови за инвестирање, изјави Мосна.

Оваа инвестиција се реализира како резултат на владините политики за привлекување на странски инвеститори и со помош на македонските иселеници кои го направија првиот контакт, вели вицепремиерот Пешевски според кој веќе неколку добавувачи на Диатек преговараат за инвестиции во земјава.

Во Бунарџик Диатек планира три производствени линии, првиот објект ќе се простира на површина од 2500 метри квадратни, а извозот се проценува на 15 милиони евра годишно.

Производството е наменето за пазарите на Источна Европа, Турција, Северна Африка и Персискиот Залив.

Диатек има годишен обрт од 180 милиони евра и 800 вработени.

https://www.youtube.com/watch?v=SGDiTbEyGlM

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=65402
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 10-Jul-2015 at 19:56
Текнохозе




Диатек



Кап-Кон

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 10-Jul-2015 at 21:33
Se polni leka poleka Bunardzik
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 24-Jul-2015 at 16:31
Една воздушна фотка од фабриката Van Hool, додека била во изградба.



Edited by jyvation - 24-Jul-2015 at 16:32
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 09-Sep-2015 at 16:01
„Дијатек“ отвори фабрика во Македонија, инвестиција од 10 милиони евра и 200 вработувања







Италијанската компанија „Дијатек“ која е глобален лидер во технологијата на дигитално печатење денеска ја отвори фабриката „Макдиа“ во Македонија.

Фабриката е лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик и во неа веќе се вработени 35 лица, а се очекува бројот на вработени да се зголеми на 200. Вкупната инвестиција се проценува на околу 10 милиони евра.

„Макдиа“ ќе се произведува производи за печатната и текстилната индустрија, а најголем дел од производството ќе бидат наменето за извоз пред се на пазарите на Источна Европа, Турција, Персискиот залив и Северна Африка.

На отворањето на фабриката присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и италијанскиот амбасадор во земјава Масимо Белели.

Премиерот Груевски во своето обраќање оцени дека бројот на инвестиции во Македонија продолжува и оти мерките што Владата ги презема за подобрување на бизнис климата од година во година резултираат со се поголем број на компании кои градат фабрики во државата.

- Технолошко-индустриските развојни зони во Скопје се само симбол на тоа како од ништо може да се направи нешто, како од зелена ливада може да се направи цел комплекс на фабрики....Бројот на инвеститори во овие зони континуирано расте. Тука се Вистеон, Џонсон Мети, Технокозе, Кемет електроникс, Ванхул, а од денес официјално и новата фабрика на Дијатек, рече Груевски, додавајќи дека една од придобивките од отворањето на новата фабрика ќе биде и директното зголемување на извозот од Македонија.

Договорот со „Дијатек“ беше потпишан во март годинава. Фабриката на оваа компанија е седмата фабрика што е отворена во ТИРЗ Бунарџик.

Италија и Македонија покажуваат добра економска соработка, односно официјалните податоци покажуваат дека вкупната трговска размена во првите седум месеци од годинава е над 300 милиони евра што Италија ја рангира на шестото место мегѓу најдобрите економски соработници на Македонија.

Цел текст
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15040
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 09-Sep-2015 at 16:31
А што е со зачестените пишувања на неколку медиуми дека Џонсон Контролс (сега им е сменето името во Вистеон Електроникс) ќе ја напуштеле индустриската зона Бунарџик штом ќе им завршела поддршката од државата?

линкови
http://alsat.mk/News/211167/nekogashen-xonson-kontrols-sega-visteon-elektroniks-zaminuva-od-bunarxik

http://24vesti.mk/zaminuva-prvata-stranska-investicija-%E2%80%93-kompanijata-molchi-vladata-ne-komentira

За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 09-Sep-2015 at 16:51
Johnson Controls ја продаде дивизијата за авто-електроника на Visteon пред година-две, така што Visteon ја наследи компанијата, односно фабриката во Бунарџик. Значи Johnson Controls никогаш не се повелече од Македонија, туку се работи за превземање каде локалната компанија продолжи да работи во континуитет.
Во однос на евентуалното повлекување на Visteon од Македонија за кое се пишува, единствено што знам е дека државната помош им истече во 2011 или 2012 (не сум сигурен), така што повелекувањето не е директно поврзано со крајот на помошта. Инаку да, лесно е да се поврзе 10-годишното даночно ослободување што се нуди со годината кога JC почна да работи во Македонија (2007) и да се искористи во контекст на политичка манипулација.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 09-Sep-2015 at 16:57
Originally posted by Џоле

А што е со зачестените пишувања на неколку медиуми дека Џонсон Контролс (сега им е сменето името во Вистеон Електроникс) ќе ја напуштеле индустриската зона Бунарџик штом ќе им завршела поддршката од државата?

линкови
http://alsat.mk/News/211167/nekogashen-xonson-kontrols-sega-visteon-elektroniks-zaminuva-od-bunarxik

http://24vesti.mk/zaminuva-prvata-stranska-investicija-%E2%80%93-kompanijata-molchi-vladata-ne-komentira

 

 
Од луѓе кои ги познавам, а кои работеа во Џонсон Контролс, знам дека си заминаа од Илинден бидејќи веќе си го преселија бизнисот од Илинден во Србија. Не знам какви им се плановите за Штип, дали си заминаа и од таму или планираат да си заминат.
 
После Србија ќе си го преселат бизнисот во наредната држава со уште поевтина работна сила која ќе ја најдат.
 
Така се врти профитерското тркало - каде е поевтината работна сила, таму се сели капиталот со уште поевтина инвестиција, која резултира со уште поголемо размножување на самиот капитал.


Edited by Dexter26 - 09-Sep-2015 at 16:58
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 09-Sep-2015 at 19:04
Originally posted by Dexter26



Originally posted by Џоле

А што е со зачестените пишувања на неколку медиуми дека Џонсон Контролс (сега им е сменето името во Вистеон Електроникс) ќе ја напуштеле индустриската зона Бунарџик штом ќе им завршела поддршката од државата?

линкови
http://alsat.mk/News/211167/nekogashen-xonson-kontrols-sega-visteon-elektroniks-zaminuva-od-bunarxik

http://24vesti.mk/zaminuva-prvata-stranska-investicija-%E2%80%93-kompanijata-molchi-vladata-ne-komentira

 
 Од луѓе кои ги познавам, а кои работеа во Џонсон Контролс, знам дека си заминаа од Илинден бидејќи веќе си го преселија бизнисот од Илинден во Србија. Не знам какви им се плановите за Штип, дали си заминаа и од таму или планираат да си заминат.  После Србија ќе си го преселат бизнисот во наредната држава со уште поевтина работна сила која ќе ја најдат.  Така се врти профитерското тркало - каде е поевтината работна сила, таму се сели капиталот со уште поевтина инвестиција, која резултира со уште поголемо размножување на самиот капитал.


Токму така, кој ќе даде подобри услови, тој ќе ја добие инвестицијата. Инаку фабриката која си заминува нема врска со таа во Штип, делот кој е во Штип остана во Џонсон Контролс, и не само што нема да си заминат, туку ќе градат нов погон во Гевгелија.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 09-Sep-2015 at 19:59
Originally posted by Dexter26



Originally posted by Џоле

А што е со зачестените пишувања на неколку медиуми дека Џонсон Контролс (сега им е сменето името во Вистеон Електроникс) ќе ја напуштеле индустриската зона Бунарџик штом ќе им завршела поддршката од државата?

линкови
http://alsat.mk/News/211167/nekogashen-xonson-kontrols-sega-visteon-elektroniks-zaminuva-od-bunarxik

http://24vesti.mk/zaminuva-prvata-stranska-investicija-%E2%80%93-kompanijata-molchi-vladata-ne-komentira

 
 Од луѓе кои ги познавам, а кои работеа во Џонсон Контролс, знам дека си заминаа од Илинден бидејќи веќе си го преселија бизнисот од Илинден во Србија. Не знам какви им се плановите за Штип, дали си заминаа и од таму или планираат да си заминат.  После Србија ќе си го преселат бизнисот во наредната држава со уште поевтина работна сила која ќе ја најдат.  Така се врти профитерското тркало - каде е поевтината работна сила, таму се сели капиталот со уште поевтина инвестиција, која резултира со уште поголемо размножување на самиот капитал.


Луѓево мислат дека коментарите ќе им се веродостојни ако напишат "познавам луѓе што работат таму" или "од сигурни извори знам". Дечко, фабриката на Johnson Controls во Скопје се прави авто-електроника. Во фабриката во Крагујевац се прават седишта. Фабриката во Скопје сега е во сопственост на Visteon, а српската сеуште во сопственост на JC. Уште мислиш дека е можно преселување на бизнисот од Скопје во Крагујевац? А во Штип, King убаво ти навести, само го промашил градот. Ќе разбереш за многу скоро, ако воопшто допираат добрите вести до твојот огорчен ум.

Edited by Navigator - 09-Sep-2015 at 20:01
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 09-Sep-2015 at 23:05
Previous
 
Дечко, луѓето кои ги познавам, а кои работат таму, или сигурни извори - како сакаш нарекувај ги - работат таму од кога отвори фабриката и секогаш имаат информации од прва рака кои подоцна испаднаа чиста вистина.
 
Најавата за инвестицијата во Штип ја дознав од нив уште месец дена пред да биде најавена во јавноста, исто како и најавата за инвестициите на Џонсон Контролс во Србија - и двете испаднаа чисти вистини.
 
Со оглед на фактот дека се што досега ми спомнале луѓето кои ги познавам/сигурните извори било чиста вистина, имам причина повеќе да им верувам на нив отколку на тебе и таквите како тебе.
 
Ќе видиме колку допираат реалните вести до твојот не баш реалистичен ум.


Edited by Dexter26 - 10-Sep-2015 at 02:01
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 10-Sep-2015 at 07:29
Пред некое време дебатиравме за тоа дека премногу сме им давале на странските компании, епа некој друг уште повеќе им дава, штом од тука одат таму.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 10-Sep-2015 at 08:50
Originally posted by Dexter26





Previous  Дечко, луѓето кои ги познавам, а кои работат таму, или сигурни извори - како сакаш нарекувај ги - работат таму од кога отвори фабриката и секогаш имаат информации од прва рака кои подоцна испаднаа чиста вистина.  Најавата за инвестицијата во Штип ја дознав од нив уште месец дена пред да биде најавена во јавноста, исто како и најавата за инвестициите на Џонсон Контролс во Србија - и двете испаднаа чисти вистини.  Со оглед на фактот дека се што досега ми спомнале луѓето кои ги познавам/сигурните извори било чиста вистина, имам причина повеќе да им верувам на нив отколку на тебе и таквите како тебе.  Ќе видиме колку допираат реалните вести до твојот не баш реалистичен ум.


Ќе повторам уште еднаш затоа што ми е жал кога читам колку не ја разбираш суштината. Велиш: активностите од фабрика на Visteon во која се произведува електроника, ќе се пресели во фабрика на Johnson Controls каде што се прозиведуваат седишта. Значи, ем различна компанија, ем различна дејност. Сега разбираш колку немаат логика твоите "инсајдерски" информации?
Ама како што се сложивме, ќе покаже времето и тоа овојпат, многу брзо.

Edited by Navigator - 10-Sep-2015 at 08:53
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15040
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 10-Sep-2015 at 10:44
Еве една добра вест од Бунарџик...

Џонсон Мети вклучена во листата „500 најуспешни компании од Централна Европа“

Единствена компанија од Македонија која годинава се најде на традиционалната листа „Топ 500 компании во Централна Европа“ за 2015 година, која ја објавува консултантската компанија Делоит е фабриката на британскиот инвеститор Џонсон Мети, сместена во индустриската зона Бунарџик во Скопје.

Џонсон Мети забележа рекорден скок од 159 позиции и сега се наоѓа на 214 место.

Листата е изработена според приходите кои компаниите ги оствариле претходната година, а податоците за Џонсон Мети во Македонија велат дека оваа фабрика забележала зголемување од 48,9 проценти на вкупните приходи од продажбата во споредба со претходната година, така што, тие изнесувале 927,5 милиони евра. Нето добивката изнесувала 56 милиони евра, што е раст од 88,5 проценти.

Првите три места на листата ги зафатија следните компаниии, чешката компанија Шкода Ауто, која се најде на третото место, унгарски Мол кој ја зазема втората позиција и како и минатата година на врвот повторно е полската компанија ПКН Орлен.

На четвртото и петтото место се најдоа, полската компанија Џеронимо Мартинс Полска, односно ПГНиГ исто така од Полска.

На претходните листи беше вклучена и скопската рафинерија Окта, која тогаш беше единствена македонската компанија која е вклучена и која минатата година го зазема 404-то место, но оваа година не беше вклучена во рангирањето.

Од нашиот регион во оваа листа се вклучени најмногу компании од Словенија, односно 20 компании, од Хрватска 12, од Бугарија 8 компании, а од Србија и БиХ – 6 компании, односно 4.

Со дури 170 компании Полска е апсолутен лидер на оваа листа.

http://denar.mk/91578/biznis/dzonson-meti-vkluchena-vo-listata-petstotini-najuspeshni-kompanii-od-centralna-evropa
За сè има вторпат
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 10-Sep-2015 at 12:01
Вистеон Електроникс си оди, во тек се преговори за преземање
10 September, 2015 - 11:44


Компанијата Вистеон Електроникс, правниот наследник на првата странска инвестиција, Џинсон Контролс ја напушта Македонија, односно си оди од слободната економска зона Бунарџик.

Информацијата денеска ја потврдија од седиштето на компанијата, кои велат дека одлуката е донесена врз основа на неколку предходно утрвдени состојби.

Според нив, пресудни биле падот на продажбата и потребата од преструктуирање на производството.

Од компанијата Вистеон Електроникс информираат дека во тек се преговори со повеќе фирми кои би го презеле нивното производство во Бунарџик.

Оваа компанија е глобален автомобилски добавувач кој дизајнира и произведува иновативни компоненети и системи за речиси сите видови на возила.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 10-Sep-2015 at 13:01
ИНВЕСТИТОРИТЕ БЕГААТ: Зошто Џонсон Контролс заминува од Македонија?

Некогашен Џонсон Контролс, сега Вистеон Електроникс најверојатно заминува од Бунарџик, објави телевизија Алсат-М. Информацијата, засега никој ниту ја потврдува, ниту пак ја демантира.Надлежните не одговараат на се погласните најави дека оваа странска иневестиција ќе ја напушти Македонија,поради тоа што привршуваат и годините за државна помош.
Американската компанија Џонсон Контролс беше првата компанија што отвори фабрика во Бунарџик. Регистрираше компанија во Македонија на 16 ноември 2006 година и се до лани работеше под овој бренд. На 3, јули лани имаше промена на сопственоста. Сега, истата фабрика е во рацете на корпорацијата Вистеон, и го носи називот Вистеон Електроникс Македонија.
Оваа промена на сопственоста во земјава, беше резутат на промените на сопственичката структура што на глобално ниво се случија во компанијата Џонсон Контролс. Имено, Џонсон Контролс, минатата година дел од својата компанија, или поточно делот за автомобилска електроника го продаде на корпорацијата Вистеон за 265 милиони долари.
Со оваа зделка, и фабриката на Џонсон Контролс во Бунарџик, премина во рацете на корпорацијата Вистеон. Додек , другата фабрика, што Џонсон Контролс ја отвори во Штип, остана во нејзина сопственост затоа што не е во делот каде настана промената на сопственоста.
Во некогашен Џонсон Контролс, сега Вистеон Електроникс Македонија, лани имало 321 вработен, и е за 6 помалку од 2013 година. Односно во 2013 година имало 327 вработени, и тоа е најголем број на вработени што бил достигнат во компанијата за сите години додека е присутна во земјава.

Еве што велат финансиските показатели за компанијата Џонсон Контролс –Македонија, сега Вистеон Електроникс Македонија

Во 2007 година, Џонсон Контролс почнува со 22 вработени и има приходи од 32,4 милиони денари, а вкупни расходи од 78,9 милиони денари, па со тоа прикажува загуба од 46,5 милиони денари.
Во 2008 година, компанијата го зголемува бројот на вработени на 73. Растат и приходите, но и расходите. Компанијата и оваа година покажува загуба. Односно, има приходи од 384,7 милиони денари, а расходи од 554 милиони денари, со тоа загубата изнесува 169,2 милиони денари.
Џонсон Контролс е во минус и во 2009 година, и покрај тоа што има драстичен скок на приходите, но сепак паралено растат и расходите. Па така, со 155 вработени, компанијата книжи вкупни приходи од 1 милијарда денари, но и расходи од 1,1 милијарда евра. И повторно е во загуба од 153,8 милиони денари.
И четвртата година по ред, односно во 2010 година Џонсон Контролс, бележи загуба. Приходите повторно продолжуваат да растат паралелно со расходите. Односно, компанијата има приходи од 2,3 милијарди денари, а расходи од 2,4 милијарди денари. Со ова загубата изнесува 117,3 милиони денари.
Во 2011 година, Џонсон Контролс има 255 вработени и за првпат покажува добивка во работењето. Вкупните приходи на компанијата изнесуваат 3,75 милијарди денари, а расходите 3,71 милјарди денари. Односно компанијата е во добивка од 34,9 милиони денари.
Компанијата е во позитивно салдо и во 2012 година. Односно со 317 вработени, има приходи од 5,8 милијарди денари, а расходи од 5,7 милијарди денари, со тоа добивката изнесува 108,5 милиони денари.
Во 2013 година во фабриката на Џонсон Контролс во Бунарџик има 327 вработени. Вкупните приходи изнесуваат 3,9 милијарди денари, а додека расходите се 3,7 милијарди денари. При тоа добивката изнесува 202,5 милиони денари.
Бројот на вработени минатата година изнесувал 321. Приходите се 4,14 милијарди денари, а расходите 4,15 милијарди денари, а со тоа добивката на компанијата изнесува 14,1 милиони денари.
    
                                   Приходи                                      Расходи                                           Добивка
2007 год          32,5 милиони ден.              78,9 милиони ден.             – 46,5 милиони ден.
2008 год        384,7 милиони ден.           554 милиони ден.              – 169,2 милиони ден.
2009 год          1 милијарди ден.               1,1 милијарди ден.            -153,8 милиони ден.
2010 год        2,3 милијарди ден.            2,4 милијарди ден.            -117,3 милиони ден.
2011 год          3,75 милијарди ден           3,71 милијарди ден           +34,9 милиони ден
2012 год          5,8 милијарди ден             5,7 милијарди ден             +108,5 милиони ден
2013 год          3,9 милијарди ден             3,7 милијарди ден             +202,5 милиони ден
2014 год        4,15 милијарди ден           4,14 милијарди ден           +14,1 милиони ден

Џонсон Контролс, односно Вистеон Електорникс под лупа заради злоупотреба на државната помош

Комисијата за заштита на конкуренцијата, отвори постапка во која ќе испитува дали Џонсон Контролс, сега Вистеон Електроникс, правел злоупотреби со државната помош. Во официјалната информација е наведено дека за тоа има сериозни сомневања. Постапката е отворена во јуни годинава, односно една година откако нов сопственик на фабриката на ЏонсонКонтролс во Бунарџик стана Вистеон Електорникс.
Во официјалната информација на Комисијата за заштита на конкуренцијата е наведено дека се соменваат дека компанијата пријавувала исти расходи повеќепати и со тоа повеќепати добивала субвенции за иста намена.
Комисијата за заштита на конкуренцијата на седница одржана на 27.05.2015 година донесе Заклучок за поведува постапка за оценка на дозволеноста на доделување на државна помош помеѓу која Владата на Република Македонија претставувана и застапувана од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија како давател на државна помош ја има доделено на Друштвото за производство, трговија и услуги ВИСТЕОН ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА.
„Одлука на Комисијата за заштита на конкуренцијата е заради сериозно сомневање дека во периодот од 2007 до крајот на 2012 година, на корисникот на државна помош Друштвото за производство, трговија и услуги ВИСТЕОН ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје му е доделена државна помош во име на персонален данок на доход вклучен во исплатена државна помош по основ на компензација на 50% од бруто плата, државна помош која корисникот на помошта ја има добиено по два основа – еднаш врз основа на одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата како компензација на бруто плати од 50% и повторно како ослободување од плаќање на персонален данок на доход помош доделена врз основа на Законот за технолишки индустриски развојни зони, кој со Одлука на Комисијата за заштита на конкуренцијата е одобрен како шема на помош, а притоа корисникот на помошта има пријавено исти тошоци како оправдани трошоци врз основа на кои ја има добиено помошта, а кое нешто е спротивно на Законот за технолишки индустриски развојни зони, што претставува евентуално доделување на злоупотребена државна помош согласно член 4 став (1) точка 6 од Законот за контрола на државната помош.
Комисијата за заштита на конкуренцијата се уште нема донесено одлука за тоа дали има прекршувања при доделувањето на државната помош кај оваа компанија.

Посебна консултантска куќа ќе врши контрола на државната помош за странски компании

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, неодамна објави оглас со кој се бара компанија која како што е наведено во огласот ќе треба да изработи „Модел за утврдување на оправдани инвестициски трошоци“, но и ќе има „Ревизорски ангажман во форма на договорна ревизија за потврдување на оправданите инвестициски трошоци на едно претпријатие со кое дирекцијата има склучено договор за доделување на државна помош“
Засега нема информација дали договорот е склучен со некоја консултантска компанија.
Но, иако, не е јасно прецизирано дали овој договор ќе се однесува само за да се испита државната помош доделена во само една компанија, или пак ќе се однесува за сите договори , сепак неодамна директорот на ДТИРЗ, Викор Мизо, во медиумите посочи дека посочи дека консултатнтската куќа е потребна заради поголема транспарентоност при доделување на државната помош на странските инвеститори.
Државната ревизија откри неправилности во работењето на странските компании
Државниот завод за ревизија минатата година детектираше и противзаконското работење на странски инвеститор кој добивал помош од државата, а производите ги пласирал на македонскиот пазар остварувајќи екстра профит и создавајќи нелојална конкуренција.
Тогашнот директор на Агенцијата за странски инвестиции, посочи дека не верува во наодите на Државниот ревизиор, и дека ќе прави независна ревизија на ревизијата што ја направи Државниот завод за ревизија.
Иако, засега нема ифнромација дека такво нешто се случило, сепак отсуства и информација за тоа за кој странски инвеститор се работеше и дали институциите превземаа некаков конкретен чекор. Во меѓувреме Висар Фида е сменет од директорската позиција на Агенцијата за странски инвестиции, а неговата изјава е беше протолкувана како сериозен гаф, бидејќи не може една државна институција да не верува на друга државна институција.
Освен ова, ревизорите открија дека ниту една институција не дава одговор на прашањето – колку изнесува точната сума на пари потрошени за владиниот лов на странски инвестици. Недостасуваат целосни податоци за тоа колку пари од буџетот се одлеале за државна помош, медиумски кампањи и за економските промотори.

http://faktor.mk/2015/09/09/investitorite-begaat-zoshto-dhonson-kontrols-zaminuva-od-makedonija/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.773 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.