build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 10-Sep-2015 at 21:04
Originally posted by Navigator

Ќе повторам уште еднаш затоа што ми е жал кога читам колку не ја разбираш суштината. Велиш: активностите од фабрика на Visteon во која се произведува електроника, ќе се пресели во фабрика на Johnson Controls каде што се прозиведуваат седишта. Значи, ем различна компанија, ем различна дејност. Сега разбираш колку немаат логика твоите "инсајдерски" информации?
Ама како што се сложивме, ќе покаже времето и тоа овојпат, многу брзо.

 
Факт е тоа дека се затвора фабриката во Илинден, без разлика чие производство се проширува или преселува во Штип и без разлика како се вика фирмата која си заминува.
 
Од тука следува фактот дека луѓето ќе останат без работа, освен ако некој ја купи фабриката и го продолжи производството, или ја пренамени дејноста на фабриката, а истовремено ги задржи работниците.
 
Доколку се случи најлошото можно сценарио - не се најде нов сопственик на фабриката и истата престане со работа - работниците ќе останат без работа, а не верувам дека ќе им се оди до Штип за да работат во тамошната фабрика за производство на тотално поинакви производи во споредба со производите кои ги произведувале во Илинден.
 
Еве колку немаат имаат логика моите инсајдерски информации.
 
http://www.24vesti.com.mk/visteon-elektroniks-nekogashen-dzonson-kontrols-zaminuva-od-makedonija
 

Вистеон Електроникс, некогашен Џонсон Контролс заминува од Македонија

 
10.09.2015 | 16:15
 
Компанијата Вистеон Електроникс некогашен Џонсон Контролс, заминува од скопската слободна зона Бунарџик. Информацијата и официјално за 24 Вести ја потврдија од седиштето на групацијата Вистеон во Велика Британија.
 
Оттаму велат дека фабриката за ваквата одлука ги информирала вработените уште во јуни годинава и дека погоните ќе престанат со работа кон крајот на 2016 година.
 

 
„На 1 јуни, Вистеон ги информираше вработените во својата  фабрика во Скопје дека компанијата има намера да ја стопира работата на погоните кон крајот на 2016 година, поради вишокот капацитети во европското производство на компанијата. Вистеон е во разговори со потенцијален купувач за можноста „трета страна“, да ја преземе сопственоста над фабриката и да понуди  вработување на дел од постојаните работници. Во оваа фаза, овие разговори остануваат комерцијално доверливи, вели за 24 вести Џоана Кристинсен од одделот за комуникации на групацијата Вистеон.“, соопштуваат од Вистеон Електроникс
 
Од Вистеон додаваат додаваат дека одлуката да престанат со производство во Македонија е независна од било какви претходни иницијативи на претходниот менаџмент на фабриката односно Џонсон Контролс. Посочуваат дека компанијата има намера целосно да соработува со релевантните владини агенции доколку имат било какви прашања во врска со оваа одлука (прашање).
 
Став за одлука на Вистеон побаравме од Агенцијата за привлекување странски инвестиции, но не добивме одговор.
 
Вчера оттаму изјавија дека  до нив не стигнало официјално известување за можно заминување на Вистеон, и дека компанијата се уште има активен долгорочен договор за закуп на градежно земјиште со Дирекцијата за технолошки индустриските развојни зони.
 
Висетон Електорникс или некогаш Џонсон Контролс е првиот странски инвеститор во земјава. Со промена на сопственичката структура на глобално ниво, лани Џонсон Контролс премина во групацијата Вистеон.
 
Оваа компанија работи во Макеоднија од 2006 година, а во 2007 доби државна помош во вредност од 8,8 милиони евра.
 

 
Соња Јанковска

Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 11-Sep-2015 at 09:05
Originally posted by Dexter26


Originally posted by Navigator

Ќе повторам уште еднаш затоа што ми е жал кога читам
колку не ја разбираш суштината. Велиш: активностите од фабрика на
Visteon во која се произведува електроника, ќе се пресели во фабрика на
Johnson Controls каде што се прозиведуваат седишта. Значи, ем различна
компанија, ем различна дејност. Сега разбираш колку немаат логика твоите
"инсајдерски" информации?
Ама како што се сложивме, ќе покаже времето и тоа овојпат, многу брзо.
 Факт
е тоа дека се затвора фабриката во Илинден, без разлика чие
производство се проширува или преселува во Штип и без разлика како се
вика фирмата која си заминува.  Од тука следува фактот дека
луѓето ќе останат без работа, освен ако некој ја купи фабриката и го
продолжи производството, или ја пренамени дејноста на фабриката, а
истовремено ги задржи работниците.  Доколку се случи најлошото
можно сценарио - не се најде нов сопственик на фабриката и истата
престане со работа - работниците ќе останат без работа, а не верувам
дека ќе им се оди до Штип за да работат во тамошната фабрика за
производство на тотално поинакви производи во споредба со производите
кои ги произведувале во Илинден.  Еве колку немаат имаат логика моите инсајдерски информации.  http://www.24vesti.com.mk/visteon-elektroniks-nekogashen-dzonson-kontrols-zaminuva-od-makedonija <h1 ="article-title">Вистеон Електроникс, некогашен Џонсон Контролс заминува од Македонија</h1> 
10.09.2015 | 16:15  Компанијата Вистеон Електроникс некогашен Џонсон Контролс, заминува од
скопската слободна зона Бунарџик. Информацијата и официјално за 24 Вести
ја потврдија од седиштето на групацијата Вистеон во Велика Британија.  Оттаму велат дека фабриката за ваквата одлука ги информирала вработените
уште во јуни годинава и дека погоните ќе престанат со работа кон крајот
на 2016 година.    „На 1 јуни, Вистеон ги информираше вработените во својата  фабрика во
Скопје дека компанијата има намера да ја стопира работата на погоните
кон крајот на 2016 година, поради вишокот капацитети во европското
производство на компанијата. Вистеон е во разговори со потенцијален
купувач за можноста „трета страна“, да ја преземе сопственоста над
фабриката и да понуди  вработување на дел од постојаните работници. Во
оваа фаза, овие разговори остануваат комерцијално доверливи, вели за 24
вести Џоана Кристинсен од одделот за комуникации на групацијата
Вистеон.“, соопштуваат од Вистеон Електроникс  Од Вистеон додаваат додаваат дека одлуката да престанат со производство
во Македонија е независна од било какви претходни иницијативи на
претходниот менаџмент на фабриката односно Џонсон Контролс. Посочуваат
дека компанијата има намера целосно да соработува со релевантните
владини агенции доколку имат било какви прашања во врска со оваа одлука
(прашање).  Став за одлука на Вистеон побаравме од Агенцијата за привлекување странски инвестиции, но не добивме одговор.  Вчера оттаму изјавија дека  до нив не стигнало официјално известување за
можно заминување на Вистеон, и дека компанијата се уште има активен
долгорочен договор за закуп на градежно земјиште со Дирекцијата за
технолошки индустриските развојни зони.  Висетон Електорникс или некогаш Џонсон Контролс е првиот странски
инвеститор во земјава. Со промена на сопственичката структура на глобално
ниво, лани Џонсон Контролс премина во групацијата Вистеон.  Оваа компанија работи во Макеоднија од 2006 година, а во 2007 доби државна помош во вредност од 8,8 милиони евра.  
 Соња Јанковска




Најсмешно е што ти сега мислиш дека ти си тој што не информираше за заминувањето на Visteon и дека се реализирале твоите "инсајдерски" информации.

Дозволи ми да објаснам што ќе се случи и со тоа да ја завршам оваа смешна преписка со тебе:

- Visteon ќе си замине од Македонија ова време следната година;
- Johnson Controls ќе продолжи да работи во Македонија со 2 фабрики (постоечката во Штип и нова во Струмица);
- Американска компанија со производство многу слично на Visteon ќе ја превземе фабриката во Бунарџик, заедно со дел од вработените.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 11-Sep-2015 at 09:21
Би сакал да е така како што велиш, имам пријатели што работат во Џонсон Контролс (сега Вистеон Електроникс) во Бунарџик и не би сакал да останат без работа во овие тешки времиња.
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 11-Sep-2015 at 14:30
Originally posted by Navigator

Најсмешно е што ти сега мислиш дека ти си тој што не информираше за заминувањето на Visteon и дека се реализирале твоите "инсајдерски" информации.

Дозволи ми да објаснам што ќе се случи и со тоа да ја завршам оваа смешна преписка со тебе:

- Visteon ќе си замине од Македонија ова време следната година;
- Johnson Controls ќе продолжи да работи во Македонија со 2 фабрики (постоечката во Штип и нова во Струмица);
- Американска компанија со производство многу слично на Visteon ќе ја превземе фабриката во Бунарџик, заедно со дел од вработените.

 
Па не ги прифаќам баш заслугите за информирањето, јас само го потврдив тоа што Џоле го прочитал од повеќе медиуми - дека Џонсон Контролс, односно Вистеон Електроникс, ќе си заминува од Илинден, со разликата што јас како извор на информации ги потенцирав луѓето кои ги познавам, а кои работат во фабриката.
 
Ти слободно нарекувај ги инсајдерски информации или како сакаш, јас ги нарекувам вработени во фабриката.
 
Вчера ти реплицирав со статија во која пишува дека од Вистеон Електроникс и официјално потврдиле дека ќе ја затвораат фабриката во Илинден до крајот на 2016 година, освен ако во меѓувреме ја продадат фабриката на нов сопственик кој би го продолжил производството или би ја сменил дејноста на фабриката, но и во едниот и во другиот случај, би ги задржал вработените.
 
Ти од друга страна, постојано ги мешаш Штип и Струмица на тема каде што не им е местото, бидејќи доколку не си обрнал внимание, оваа тема се однесува исклучиво на индустриската зона во Илинден, а не и на индустриските зони во Штип и во Струмица.
 
На оваа тема се дискутира за инвестициите во индустриската зона ТИРЗ Скопје - Бунарџик и за вработените во таа индустриска зона, а не за инвестициите и вработените во индустриските зони во Штип и Струмица.
 
Ќе те замолам да се држиш до темата.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 03-Nov-2015 at 18:55
Лоши вести...

Дали фармацевтската компанија Продис ќе се затвори?

Вработените во фармацевтска компанија Продис сместена во зоната Бунарџик не земале плата од март.Н е сакаат да зборуваат пред камера, но велат производството одамна е сопрено а магацините се полни со чаеви и хомеопатски лекови наменети за извоз. Погонот кој беше отворен пред 3години,има и долгови кон неколку домашни компании па доверителите преку писма, биле информирани дека се бара начин како да се исплати долгот. Лошата финансиска состојба ја потврди и директорот. Во тек се преговори со нов странски инвеститор,рече тој а решението треба да се најде за една недела.За проблемите во Продис запознаена е и владата која на странските инвеститори им нуди многу поволности мегу кои и ослободување од персонален данок. Поволностите и обврските потпишани во договорот со сите компании, се разгледуваат и ке се спроведат мерки рече Виктор Мизо, директор на дирекција за ТИРЗ.

Пред пет месеци и Вистеон Електроник или некогашен Џонсон Контролс им најави на вработените дека до крајот на 2016 година ке престане со работа поради вишок капацитети во европското производство. Мизо тврди дека сеуште траат преговорите со други компании кои би можеле да го искористат погонот на Вистеон.Важно е рече Мизо, дека вработените од Вистеон ке бидат згрижени во таа или некоја друга компанија во Македонија.

По Скопје и Штип, Американската компанија Џонсон Контролс најави нов капацитет во Струмица.Инвестицијата ке тежи 20 мил евра,ке се вработат 1500 лица а ке почне на пролет како браунфилд инвестиција во постоечка зграда
Во февруари владата потпиша договор со Хрватска консултантска куќа, која треба да направи анализа на системот за привлекување странски инвестиции и да предложи мерки за негово подобрување.За оваа намена владата издвои 100 000 евра но резултатите од студијата се уште не се познати.

http://telma.com.mk/vesti/dali-farmacevtskata-kompanija-prodis-kje-se-zatvori

Edited by Џоле - 03-Nov-2015 at 18:56
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 07-Dec-2015 at 13:59
Кап Кон ја отвора фабриката во Бунарџик

Македонија / понеделник, 7 декември 2015, 13:05

.












.



Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе присуствува на свечено отворање на фабрика на американската компанија КАП КОН.

bunardzik-360x240

Фабриката е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона – Скопје, а се работи за компанија која е производител на воздушни перничиња и на широк спектар на електроника и сензори за автомобили.
http://denesen.mk/web/?p=383966
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 16-Dec-2015 at 10:39
Нова инвестициија од 15 милиони евра и 500 вработувања на американската Delphi во Македонија

Американскиот автомобилски гигант „Делфај“ влегува во Македонија. Новите погони кои ќе се градат во индустриската зона Бунарџик ќе донесат вработувања за 500 лица.



Американскиот автомобилски гигант „Делфај“ влегува во Македонија. Новите погони кои ќе се градат во индустриската зона Бунарџик ќе донесат вработувања за 500 лица. Инвестицијата ќе се реализира во неколку фази, а првата е во вредност од 15 милиони евра. За неколку години се очекува извозот да достигне над 150 милиони евра годишно.

Трансакцијата на компанијата треба да заврши до јануари следната година, а со производство да почне во втората половина на 2016 година. Автомобилската компанија ќе произведува електронски компоненти за најпознатите глобални брендови на европскиот пазар. Таа е меѓу првите 15 најголеми глобални добавувачи од автомобилската индустрија со годишен обрт од над 17 милијарди евра. Моментално имаат над 146 илјади вработени низ целиот свет, 126 производствени погони во 33 земји. Претставниците на Делфај пројавиле интерес за поволните бизнис можност во земјава уште во 2010 година. Пред потпишувањето на договорот вечерва, претставниците на „Делфај“ имаа средба и со премиерот Никола Груевски.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 25-Dec-2015 at 17:08
Прва домашна компанија во ТИРЗ: Хајтек инвестира 20 милиони евра, 300 нови вработувања

Македонската компанија Хајтек е прва домашна фирма која ќе инвестира во отворање фабрика во Технолошко индустриските развојни зони. Инвестицијата ќе изнесува над 20 милиони евра, а ќе овозможи вработување на вкупно 300 лица од кои 100 во првата година, информира сопственикот на компанијата Саво Станковиќ на денешната прес конференција во Владата по средбата со премиерот Никола Груевски.



Тој оцени дека станува збор за втор по значење историски настан во 36-годишното постоење на компанијата, бидејќи, вели, дава можност за натпревар на европско ниво во сопствената земја без какви било ограничувања.

- Досега работевме на едно ниво на технолошки производ, а ова е нешто ново и значи надоградба на нашиот производ со новододадена вредност со што ќе овозможиме и поголем извоз од Македонија и поголеми вработувања и многу поголем пласман на македонски технички кадар на европскиот пазар, рече Станковиќ.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо потенцира дека денеска и официјално компанијата ја потврдува одлуката за инвестирање во новоформираната компанија „Хајтек асембли сентар" во сопственост на постоечката компанијата „Хајтек".

- Оваа компанија е доказ дека поволностите кои се нудат во ТИРЗ за странските компании односно за компаниите кои се основани со странски капитал се во целост исти и за домашните компании, рече Мизо додавајќи дека сето она што беше полемика во определен временски период дека македонските компании не можат да влезат во зоните денеска се демантира.

Тој нагласи дека компанијата Хајтек ќе го задржи своето постојно производство во Орешани, а новоформираната компанија ќе значи проширување на дејноста и значително зголемување на извозот од Македонија бидејќи во новиот капацитет ќе се произведуваат високо софистицирани производи.



Мизо особено го потенцира значењето на Хајтек во однос на привлекување странски инвеститори преку нивната подготвеност и отвореност за соработка.

- Голем број од компаниите почнувајќи од Џонсон Контролс при првата инвестиција во Македонија, преку КСС, Костал, Гентерм и голем број други компании секогаш сакаат да дојдат да видат кои се можностите на локалните компании и на тој начин многу да се олесни нивната одлука ако се види кој е квалитетот и софистицираноста на локалниот бизнис, рече Мизо.

На новинарско прашање тој појасни дека во целиот овој период досега ова е прво официјално барање од домашна компанија со бизнис план според условите кои се дефинирани во законот, што значи да нема префрлање на дејноста, туку нејзино проширување по квалитет и обем.

Инвестицијата, во ТИРЗ Скопје 1 започнува со вработувања на 100 луѓе и производствен погон од 4.000 метри квадратни кој ќе почне да се гради од почетокот на март, а ќе биде функционален на крајот на третиот квартал идната година. Се очекува погонот во наредниот период да се зголеми двојно. Парцелата за компанијата изнесува 19.000 метри квадратни.

Производите на Хајтек наоѓаат широка примена во воената индустрија, авионската, автомобилската индустрија, во медицинска опрема, а нивни клиенти се големи глобални компании како Континентал, Бош, Сименс, Филипс и други.

Извор
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 30-Dec-2015 at 11:45
Втора домашна инвестиција во Бунарџик



За една недела втора домашна компанија потпиша договор за изградба на погон во индустриската зона Бунарџик. Станува збор за фирмата Технопласт во која ќе се произведуваат алати и пластични компоненти за автомобилската и електроиндустрија.

Инвестицијата тешка 10 милиони евра во период од една деценија има план да вработи 200 луѓе. Прво ќе се инвестираат 6 милиони евра за изградба на објектот и нова опрема, а планот на сопственикот е да отвори половина од планираните работни места. Во втората фаза Технопласт ќе вложи уште 4 милиони и тоа во технологија и уште 100 вработувања.



- Целокупното производство на компанијата ќе биде наменето за извоз. Целта на оваа инвестиција е наменета од потребата за реализација на веќе постоечките проекти кои ги имаме за реномираните компании од автомобилската индустрија како што БМВ, Ауди и Рено кои веќе се во фаза на реализација и кои се со поддршка од страна на нашите добавувачи- изјави инвеститорот Ѓорче Тодоровски
Објектот со големина од 3000 метри квадратни ќе се пушти во употреба во март 2017.

Минатата недела инвестиција од 20 милиони евра најави македонската Хајтек чиј производи ќе се користат во воената и автомобилската индустрија. Фирмата планира 300 работни места.

Извор
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 30-Dec-2015 at 13:05
Значи можело и домашни фирми. Паднаа во вода сите пропаганди и манипулации за форсирање на странски инвеститори.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 30-Dec-2015 at 13:10
Тивки се сега, ги нема никаде, додека не најдат нов "аргумент".
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 30-Dec-2015 at 13:41
Тоа е стратегијата манипулирај па кој верува верува, ако не помине или ако во меѓувреме манипулаторите се фатат со гаќи до колена стратегијата е „ДАЈ ДРУГО дете„ во случајот друга манипулација. И тогаш јасно беше кажано во зоните си има правила кога тие правила ќе ги исполни фирма со домашен капитал добродојдена е. Еве гледаме во меѓувреме зајакнуваат и наши фирми а сигурен сум дека тоа е како резултат на соработката со фирмите од слободните зони. На секој здрав човек кој знае да пресмета колку се два плус два без притоа да има потреба за консултации со ШТАБОТ од кој произлегува повеќе од јасно му е дека странските фирми освен што вработуваат се и огромна можност за нашите фирми да излезат од затворениот круг, да соберат искуство, да го зголемат производството и продуктивноста, да воведат и инвестираат во нови технологии и кадар и како такви да можат да понудат производ кој ќе конкурира подалеку од Врање.

Впрочем Кина на тој начин ја зајакна својата индустрија. Прво удрија на странски инвеститори за од нив освен вработувања да црпат и искуство и Know-how за паралелно да развиваат и домашни компании кои во меѓувреме се глобални играчи. Е сега колку ние сме спремни да ги користиме овие можности зависи од нас.

Edited by kultuzin - 30-Dec-2015 at 13:49
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 30-Dec-2015 at 14:08
Еве за ова зборувам.

Соработката меѓу странските компании и домашните се интензивира

Континуирано расте бројот на домашните компании кои активно соработуваат со странските директни инвеститори. Во моментов, повеќе од 500 домашни фирми соработуваат со странските инвеститори. Првичните проекции беа дека домашните компании од соработката со странците би заработиле 30 милиони евра, но сега оваа сума може да се искачи и на 50 милиони, како што се зголемува бројот на инвеститори на домашниот пазар. Добар пример се компаниите од градежната индустрија, кои во последниве две години од соработката со странските инвеститори, во изградба на фабриките во зоните и инфраструктурното уредување, инкасирале вкупно 26 милиони евра.
http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/slobodnite-zoni-mozhnost-za-rast-i-razvoj-na-domashnite-kompanii/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 30-Dec-2015 at 16:34
за тоа е тука портпаролот култузин да не просветли.портпароле и тебе навигатор ве прашувам вас ви текнува колку години македонските компании укжуваа.бараа од владата да ги добијат истите услови како странците? И зошто на владата и требаше 5=6 години да дозволи исти правила за домашните и странските компании,и на крај не тресете зелени како од штаб подалеку да немате мрднато,се извинувам ама досадни сте цечп време продавате евтини приказни за било која тема. Т.Е ИЗИГРАВАТЕ АдВОКАТИ НА ВЛАСТА
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 30-Dec-2015 at 17:26
Originally posted by axel

за тоа е тука портпаролот култузин да не просветли.портпароле и тебе навигатор ве прашувам вас ви текнува колку години македонските компании укжуваа.бараа од владата да ги добијат истите услови како странците? И зошто на владата и требаше 5=6 години да дозволи исти правила за домашните и странските компании,и на крај не тресете зелени како од штаб подалеку да немате мрднато,се извинувам ама досадни сте цечп време продавате евтини приказни за било која тема. Т.Е ИЗИГРАВАТЕ АдВОКАТИ НА ВЛАСТА
Ќе ти одговорам најкултурно што можам, иако не заслужуваш. Правилата и условите за влез во зона и поволностите што важат таму се непроменети целиот овој период. Апсолутно истите правила важат. И те уверувам дека ниедна компанија не покажала интерес за влез во зона пред овие две што се објавија деновиве. Јас лично, како голем поддржувач на политиката на носење на странски инвеститори, сум зборувал со неколку сопственици на интересни бизниси. Ниеден од нив не беше информиран за условите, а на сите им звучеше интересно. Главниот проблем е неинформираноста, тоа го тврдам.
Ова се моите аргументи, би сакал да ги слушнам твоите. Па да видиме кој не мрднал подалеку од штаб.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 30-Dec-2015 at 19:09
Originally posted by axel

за тоа е тука портпаролот култузин да не просветли.портпароле и тебе навигатор ве прашувам вас ви текнува колку години македонските компании укжуваа.бараа од владата да ги добијат истите услови како странците? И зошто на владата и требаше 5=6 години да дозволи исти правила за домашните и странските компании,и на крај не тресете зелени како од штаб подалеку да немате мрднато,се извинувам ама досадни сте цечп време продавате евтини приказни за било која тема. Т.Е ИЗИГРАВАТЕ АдВОКАТИ НА ВЛАСТА

Ти благодарам.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 13-Jan-2016 at 16:56
„Џерман електро-мехатроник системс“ отвора фабрика во Македонија



Фирмата „Џерман електро-мехатроник системс“ инвестира во Македонија, а со 15 милиони евра планира да изгради погон во Бунарџик и да вработи 200 луѓе.

За таа цел, во среда, во Владата беше потпишан договор за изградба на фабрика која ќе се гради шест до осум месеци, а првото производство се очекува кон крајот на 2016 година.

Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, рече дека се работи за фабрика за електронски уреди, лед светилки, кои наоѓаат примена во повеќе индустрии, а ќе се произведуваат соларни панели и лед-светилки со врвна германска технологија која компанијата сега ја применува во нивниот производствен погон во Југоисточна Кина.

„Овој проект е значаен за намалување на невработеноста и за зголемување на извозот, а значајно е и дека ќе се користат македонски технологии. На почетокот нивните производи ќе ги извезуваат на Блискиот Исток, а понатаму и низ Европа“, рече Павлески.

Ахмед Ал Шаер од „Џерман електро-мехатроник системс“ рече дека нивната намера е да ја направат Македонија лидер во поглед на одржливата енергија.

„Го имаме и еден од најдобрите центри за истражување и развој којшто сакаме да го пренесеме и во Македонија и да ја направиме центар во поглед на одржливата енергија“, рече Ал Шаер.

Извор
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 13-Jan-2016 at 17:02
Покрај директните и индиректни работни места и другите бенефити од отварање на нови индустриски погони според мене најголема добивка е тоа што КОНЕЧНО се менува а се надевам дека тие промени ќе продолжат структурата на високо образовните кадри и место оние класични буџетарски и административни студентски насоки се повеќе има студенти кои студираат на продуктивни факултети т.е. факултети кои генерираат додадена вредност во буџетот место да го цицаат истиот. Со самото тоа мислам дека ќе дојде ден кога ќе се растерети и политичката наектрелизираност затоа што се помалку луѓе ќе зависат од партијата туку ќе се вреднува знаењето.

Младите да се сконцентрираат на технички струки, МОН ќе продолжи да ги стипендира


Компаниите од слободните економски зони работат со полна пареа, а бројот на странски инвестиции се зголемува. Се зголемуваат и нарачките од странство, а зголеменото производство на домашните и странските компании повлекува и отворање на нови работни места. Но, голем број од тие работни места се од техничките струки.

13 јануари 2016| 13:23




   

tehnicki-struki-banskoliev-

Спротивно на тоа, бројот на млади лица кои се одлучуваат да ги изучуваат техничките струки, останува многу малку променет. Сепак, позитивно е тоа што бројката сепак се поместува.

Владата, Министерството за образование и наука, но и бизнис заедницата во Македонија апелираат до младите да се запишуваат на технички струки, бидејќи пазарот на труд има голема потреба од нив со оглед на тоа што овие струки се дефицитарни, а побарувачката за таков кадар е голема.

-Ако во изминатиот период сме сведоци на се поинтензивно присуство на странски инвеститори и развој на и зголемување на капацитетите на домашните компании, можеме да констатираме дека потребите на тие компании се повеќе укажуваат на неопходна потреба од стручен кадар во рамки на техничките струки, од техничките факултети или со средно стручно образование, вели Ристовски.

Во изминатиот период Владата и Министерството за образование и наука спроведе низа мерки, за да ги провлече младите да се запишуваат и да ги изучуваат техничките науки. Мерките започнаа да ги таргетираат младите во нивното основно и средно образование, со цел да се поттикне свеста и желбата за техничките науки.

spiro-ristovski

-Министерството за образование и наука во изминатиот период како и периодот што следува спроведува низа на реформи кои што се однесуваат на директно реформираше на принципот и начинот на организација на три годишното и четири годишното стручно образование, изработка на комплетно нови наставни програми и истовремено обезбедување на стручна литература која што на учениците, средношколките и студентите ќе им овозможи поголем фонд на информации со кои што тие би обезбедиле свое поголемо знаење а потоа и своја конкурентност, вели заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Бројот на студенти кои што се запишеле на факултетите со техничко образование е зголеми за 10%, споредбено со изминатите 5 години кога околу 20% од студените се запишувале на технички струки.

-Годинава веќе имаме над 30% што за нас е потврда дека апелот од страна на министерството, Владата и секако развојот свеста кај младите се повеќе се зголемува во насока на стручните образование а со тоа веројатноста за нивно работно ангажирање е многу поголема, додава тој.

Потребата од технички кадар во иднина нема да се намали, напротив ќе се зголеми, па така мерките за стимулирање на младите да се запишат на технички струки ќе продолжат да се спроведуваат.

-Потребата од техничките кадри е некаде над 70 проценти од сите објавени огласи, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Податоците на АВРМ велат дека компаниите имаат најголема потреба од машинобравари, ракувачи со дигалки, водоводџии, готвачи, заварувачи, кранисти. Затоа и платите за овие дефицитарни струки се движат од 500 до 1.500 евра.

И во иднина, МОН ќе продолжи да ги стипендираат студентите кои се запишуваат на техничките факултети, студентите запишани на студиски програми по информатика, природно-математичките, техничко-технолошките и биотехничките науки.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-da-se-skontsentriraat-na-tehnichki-struki-mon-ke-prodolzhi-da-gi-stipendira/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 24-Jan-2016 at 01:01
Некој поупатен да сподели мислење за ова:

Директорот на ТИРЗ Мизо нема информација дали „Продис“ заминува од Бунарџик

Директорот на Дирекцијата за слободни економски зони, Виктор Мизо не знае што се случува со руската фармацевска компанија „Продис“.

На прашањето на 24 Вести дали компанијата си заминува од Бунарџик, директорот Мизо вели :

“Немам информација, сите детали и одговори барајте ги од компанијата“

Дали и колкава државна помош добила руската компанија, директорот Мизо не упати да се обратиме до Агенцијата за странски инвестиции. Првиот човек на оваа институција, Висар Фида пак веќе неколку дена не одговара на нашите телефонски повици.

И денеска телефонскиот број кој стои на официјалната веб страна на Продис не е во функција.

Проблемите во Продис испливаа на површина пред три месеци кога се лиферуваше информацијата дека вработените со месеци не земале плата. Тогаш директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо најави дека ќе ја испита настаната ситуација.

Надлежните институции се во молк за можното заминување на Продис, а слична беше и состојбата кога одлука за заминување објави Вистеон електроик– нивното повлекување беше коментирано како деловна одлука на самата компанија.

Од друга страна , при отворање на нова странска инвестција речиси секогаш присуствуваат преставаници не само на институциите задолжени за инвестиции,туку и самиот владин врв , промовирајќи го значењето на новото вложување. Додека од една страна се бројат позитивните ефекти од странските инвестции преку нови вработувања, извоз, учество во БДП, од друга страна никој не сака да коментира колку пари од Буџетот досега се дадени на странските иневститори кои досега според информациите од владата обезбедиле над 13 000 работни места.

http://www.libertas.mk/%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B7-%D0%BC%D0%B8%D0%B7%D0%BE-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86/
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 25-Jan-2016 at 19:45
Германски Кеслер отвора фабрика во Македонија од областа на електромашинската индустрија

Германската компанија Кеслер ќе отвори центар за истражување и развој во Македонија и фабрика во втората фаза од инвестицијата.

Ова е инвестицијата која Груевски вчера ја најави, а чие име и планови денес ги објави на социјалните мрежи.

Се работи за компанија која се занимава со висока технологија во електромашинската индустрија и која за првпат инвестира надвор од својата земја.

Во првата фаза Кеслер ќе вработи десетина машински и електро инженери за што огласот ќе биде распишан следниве денови. На почетокот ќе се лоцира во постоечки објект во Скопје. Во втората фаза, треба да отвори фабрика во која ќе се вработат 50 висококвалификувани лица.

Кеслер е меѓу првите странски инвеститори од електромашинската индустрија во Македонија. Има 90 годишна традиција во производство на опрема и алати за машинско моделирање, брусење, електромотори, ЦНЦ машини, сензори и слично.

За владата е од особено значење што со неа ќе воведе разноликост во странските инвестиции, односно во типот на знаења и вештини кои се воведуваат во економијата.

Компанијата веќе стапила во контакт со високо образовните институции и планира соработка со техничките средни школи.

Извор
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.159 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.