build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 18-Mar-2008 at 15:49
Па не искачаат баш нешто многу рендери од индустриски хали, ама еви и да искочи не знам што очекуваш да видиш.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 30-Mar-2008 at 15:30
И како што веќе спомнав пред некој пост веднаш по Swedmilk почнува Бунарџик

1

2 Веднаш покрај аеродромот и пругата

3 И автопатот Yes

4

5

6 Доаѓајќи од Скопје, има активности од самиот почеток на зоната

7

8 Еве и една дефинирана парцела. Незнам дали е за Johsnon Matthey бидејќи колку што знам нивна треба да биде онаа над Jonson Controls


Еве го планот колку за референца (освен ако не е сменет). Парцелава која ја посочувам се наоѓа во долниот ред некаде меѓу 1 и 3



9 А на оваа слика може да го видите Johnson Controls и парцела над него во припрема Yes. Дали големава парцела ја спремаат за некого наменски и ќе не изненадат или чисто се зезаат останува да видиме


10 Еве го Johnson Controls од далеку

11 А еве го од блиску

12 И еве го гледан од автопатот покрај влезот во зоната

13 Влезот во зоната... Прилично неуредно, U/C. Имаше доста активност околу

14 Еве го првиот објект во Бунарџик уште од времето на Тајванците (бр. 5 на планот)

15 Активности и од десната страна на Johsnon Controls

16 Се гради објект во горниот ред десно од JC Question. Во позадина ја имате и Окта чисто за комлетирање на впечатокот

17 Прекопи и активност до десниот крај на индустриската зона скроз до патарината


Cheers



Edited by pbanks - 30-Mar-2008 at 15:34
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 30-Mar-2008 at 23:52
Cheers

ВО СЛОБОДНАТА ЗОНА ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ

Бунарџик го чека новиот член во семејството

Од „Џонсон контролс“, во „Џонсон Мети“ гледаат и партнер со кој како странски инвеститори во слободната зона ќе можат „погласно“ да ги артикулираат своите заеднички потреби

Во слободната зона Бунарџик деновиве забрзано се подготвува теренот на кој за 15-ина дена ќе се удрат темелите на фабриката за катализатори на британската компанија „Џонсон Мети“. Сликата на „Скопје 1“, како што сега се нарекува Бунарџик, е иста како во времето кога почнуваше изградбата на фабриката за автомобилска опрема на американската компанија „Џонсон контролс“, првиот инвеститор во зоната.Багери, камиони, раздвижени градежни работници работат да го пречекаат новиот инвеститор. „Џонсон Мети“ ќе никне на 50-ина метри спроти „Џонсон контролс“. Инфраструктурата е обезбедена уште пред да дојде првиот инвеститор, а сега се рамни теренот, затоа што секоја компанија пред да почне да гради сака земјиштето да биде на одредена висина - вели Марјан Јованов, директор на Дирекцијата на слободните економски зони. Тој, држејќи го в рака целиот план на зоната, вели дека тука ќе никне индустриски град со големина колку скопските населби Аеродром и Лисиче заедно. На влезот во зоната ќе се гради управна зграда, во која ќе се смести администрацијата, за да биде во непосредна близина на инвеститорите. Ќе има и царински терминал, а во план е да се направи и директно патно поврзување со скопскиот аеродром - додава Јованов.Во „Џонсон контролс“, кој засега е единствениот резидент во Бунарџик, се радуваат што „Џонсон Мети“ им е нов сосед.Ние како прв корисник во зоната практично го пробиваме ледот, а и на Владата и' е ова прво искуство во развивање слободна економска зона. Заедно се соочуваме со извесни проблеми и бараме решенија. Се забележуваат слабости во државниот апарат, неефикасност на администрацијата. Едношалтерскиот систем, на пример, не функционира во катастарот и во други институции во кои се даваат дозволи. Јас како генерален директор морам да одвојувам време да одам од институција до институција за да се заврши определена работа. Но, генерално, носителите на функции во владините институции ни помагаат многу за да се отстранат таквите слабости - вели Аврам Стојчевски, генерален директор на фабриката на „Џонсон контролс“. Компанијата веќе ги минала проверките на клиентите „Рено“, „Пежо“ и „Ситроен“ и по извршената инспекција и успешно пробно производство, почнала со извоз. Според Стојчевски, Владата ја подобрува деловната клима и дел од проблемите се отстранети, но дел треба да се решат. Еден од тие проблеми е што се' уште нема доток на природен гас во зоната, што Владата требаше да го обезбеди уште пред да почне изградбата на фабриката. Директорот на зоната, Јованов, уверува дека гасната инфраструктура е изградена.Се чека само да се изврши технички прием, што ќе се случи во идната недела и ве уверувам дека природниот гас ќе може да се користи - тврди тој.Од „Џонсон контролс“, во „Џонсон Мети“ гледаат и партнер со кој како странски инвеститори во слободната зона ќе можат „погласно“ да ги артикулираат своите заеднички потреби во делот што зависи од функционирањето на државниот апарат.

- Менаџерите на „Џонсон Мети“ дојдоа кај нас и ние ги охрабривме и им пренесовме позитивно искуство. Ние се радуваме што повеќе инвеститори да дојдат во зоната, зашто тоа ќе поттикне сите проблеми да се решаваат, побрзо да се заврши зацртаниот план на зоната, административната зграда и слично. Сега сме во преговори со Царината за да се обезбеди посебна постапка за корисниците во слободната зона, за да може испораката да тече според нашата зацртана динамика. Како што знаете, за да влезе „Џонсон контролс“ во Македонија, еден од главните услови беше таканаречената навремена испорака. Тоа подразбира проширени гранични премини, едноставна постапка за царинење и слично.Владата ја подобрува деловната клима и дел од проблемите се отстранети, но дел треба да се решат. Таквите „породилни“ маки, се надевам, брзо ќе поминат - верува Стојчевски.

„Јорк“ и „Варта“ во сопственост на „Џонсон контролс“

Американската „Џонсон контролс“ продава целосен ентериер за автомобилите, од контролна табла, електроника, седишта, ремени и клими. За да обезбеди сопствено производство на клима-уреди, компанијата преку преземање стана сопственик на светскиот гигант „Јорк“. За производство на електронските уреди и батерии, „Џонсон контролс“ ја купи и најпознатата германска фабрика за батерии „Варта“.„Џонсон Мети“, пак, е светски лидер во производството на катализатори за автомобили.

Dnevnik

Ида Протугер

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 31-Mar-2008 at 00:04

Прво ко прво браво пбанкс за одличните фотки Rock Bow  Thumbs%20Up ова некако ми станува навика/зависност.... недела навечер/понеделник на билд има еден куп нови фотки од неделната прошетка на пбанкс... само да не почнеш да не уценуваш па да бараш финансиски надомест за амортизација и патни трошоци Shifty Runaway Big%20smile

Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 31-Mar-2008 at 16:20
prekrasni sliki bravos!!

Koe e seloto zad bunardzik??


Edited by pbanks - 18-Dec-2008 at 16:31
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 31-Mar-2008 at 16:36
Originally posted by GreatMakedon


Koe e seloto zad bunardzik??


Бунарџик, зоната е крстена по селото.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 14-May-2008 at 14:12
По кој пат Question

Џонсон Мети ќе го презентира проектот за изградба на фабриката кај Бунарџик
 
Британската компанија „Џонсон Мети“ денеска во Скопје ќе го презентира проектот за изградба на фабриката за автомобилски делови во технолошко-индустриската развојна зона „Скопје“.
Презентацијата ќе ја одржат Колин Џефри, директор за стратешко планирање во „Џонсон Мети“ и Ли Свитленд, проект менаџер за Македонија. На презентацијата ќе се обрати и претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски.
„Џонсон Мети“ најави дека наскоро ќе почне изградбата на фабриката за автомобилски делови, а производството ќе стартува во мај 2009 година. Почетната инвестиција на британската компанија во земјава изнесува 55 милиони евра и ќе отвори околу 200 вработувања, а во наредните години се очекува значително зголемување на инвестицијата. Деловите за автомобилската индустрија што ќе ги произведува фабриката во Скопје ќе бидат наменети исклучиво за европскиот пазар.
Британската компанија „Џонсон Мети“ годишно остварува 12 милијарди долари приход и има 10.000 вработени во 50 земји.
(Toтал)


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=10524&mid=303&tabId=1&tabindex=3

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 14-May-2008 at 18:23
Еве нешто од денешната промоција

1

2

3

4


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-May-2008 at 18:27
WTF Question

Прочитајте го болдираниот зголемен дел??? Зарем овие им барале некакви пари?

BTW Пера констракшн што се споменува како изведувач имаше оглас за работа пред некое време. Според доменот од е-маил адресите се работи за Турска фирма??? (во огласот беше претставена како Македонска фирма)

http://www.peraconstruction.com/

„Џонсон Мети“ го одлага стартот на изградбатa

Колин Џефри

 

Британската компанија „Џонсон Мети“ го одлага стартот на изградбата на фабриката за катализатори. Се уште се во преговори со Владата за земјиштето во Бунарџик. Очекуваат за две недели да се потпише договорот.

„Она што го кажувам на администрацијата и Владата во Македонија е дека ние, „Џонсон Мети“, не сме политичка организација, така што во секој случај даваме донации на сите политички партии“, рече Колин Џефри, регионален директор на „Џонсон Мети“.

„Она што ние го вреднуваме е стабилноста, транспарентноста и визијата. На крајот на краиштата, она што очекувам да го потпишам во следните две недели е за 100 години“, вели Џефри.

Работиме со администрацијата која во моментот е на власт, а доколку во јуни дојде до смена, ќе продолжиме да работиме со новата Влада, изјави Џефри. Зошто толку се одлага стартот на инвестицијата?

„Всушност, ова не претставува прашање за добредојде. Можете да видите позади дека исчистивме 7,8 хектара земјиште, ги назначивме „Пера констракшн“ и исто така издвоивме 55 милиона евра“, рече Џефри.

Директорот за стратешко планирање на „Џонсон Мети“, Џефри, потенцираше дека не очекува повторно да преговара за истиот проект.

„Џонсон Мети“ планира да почне со производство во мај догодина. Во Бунарџик ќе произведува делови за автомобили кои ќе ги извезува во ЕУ.

Британската компанија има годишен приход од 12 милијарди долари и е еден од најголемите инвеститори во Македонија.



Извор: A1
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 14-May-2008 at 22:27
Koj baral pari od kogo ne razbiram???
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 15-May-2008 at 08:50
Ne razbiram na jas ,,ama ubavosi kazaa na TV izgradbata pocnuva i ke zavrsi za 6 meseci, so rabotaa ke pocnat vo april  2009..



Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 18-May-2008 at 11:05

Незнам но мене нешто тука страшно ми СМРДИ ! Некако како да сме ја слушнале веќе оваа приказна.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 19-May-2008 at 20:57
Веројатно предизборна кампања, но сепак да го евидентираме.... па дај боже...

Француски производител на авто делови сака да инвестира во Бунарџик
 
Министерот Веле Самак е во завршни преговори со Француска фирма за директна инвестиција во Бунарџик. Фирмата ќе произведува алуминиумски глави за моторите на Форд, Рено, Цитроен, Џенерал Моторс и др. Инвестиција ќе изнесува 60 милиони евра само во прва фаза, а ќе достигне до 100 милиони за шест години. Фирмата ќе вработи 500 луѓе веднаш, а околу 1000 вкупно во втора фаза, со кои ќе обезбеди приход од над 200 милиони евра во наредните 5 години. Моментално, се работи на завршните преговори во кои конкуренција на Македонија е една од соседните земји.
„Ова ќе биде прва Француска гринфилд инвестиција во Бунарџик и ќе направи пресвртница во привлекувањето инвестиции во Македонија. Се работи за висока технологија каде од алуминиумски шипки со роботи, модерна технологија и стручни кадри ќе се изработуваат најкомплексните делови, главата на моторот, за Форд, Пежо, Ауди, итн. Само доходот што фирмата ќе го остави во Македонија е над 300 милиони евра за наредните 5-10 години, далеку повеќе од Џонсон Контролс или Џонсон Мети заедно”, изјави Министерот Самак.
Министерот Самак прецизираше дека меморандумот и понудата се пратени и прегледани, останува да видиме дали ќе ја победиме соседната земја во оваа инвестиција. Очекуваме Бордот на директори да донесе одлука во наредните денови или недели, и доколку е во наша корист ќе обезбедиме долгорочни плати барем за 500 нови работни места.
(Тотал)


Извор: Тотал
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 23-May-2008 at 19:42

Словенечка „Искра“ ќе гради во Бунарџик


Коментари (0)   
23.05.2008 18:03
Душан Шешок

 

Најголемиот словенечки концерн за електро и електронска индустрија „Искра ДД“, планира да изгради фабрика во Бунарџик.

Денеска со Владата потпиша Меморандум за идните непосредни инвестиции.

Инвестицијата на „Искра“ ќе се одвива во две фази. Во првата ќе се вработат стотина луѓе, а во втората до крајот на инвестицијата бројката на вработени ќе достигнела до 500.

На прашањето зошто сега во екот на изборната кампања се потпишува Меморандумот, првиот човек на „Искра ДД“, Душан Шешок рече дека иако порано бил политичар, него не го интересира политиката, туку бизнисот.

„Производството ќе започне во септември следната година. Знаеме точно кои производи ќе ги имплементираме тука. Во овој момент не сакам да кажам кои производи ќе ги произведуваме, како и да е тоа ќе претставуваат електронски компоненти“, рече Душан Шешок, директор на „Искра ДД“.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=93260
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 23-May-2008 at 20:01


Коментарот што го даде за претходниот пост јас би го применил и тука...

Инаку според преѓешните вести на Сител, се работи за словенечка Истра Crazy
(така пишуваше а и така неколку пати повторија LOL)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 27-May-2008 at 20:37
Еве ја француската фирма која треба да инвестира во Бунарџик. Нам ни останува само да се надеваме дека не е предизборен филм Cheers

http://www.montupet.fr/anglais/index.html


ВЛАДАТА ДЕНЕСКА ЌЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР во париз

Француски „Монтипе“ во Бунарџик ќе произведува автоделови

Во новата фабрика ќе се произведуваат алуминиумски глави за мотори за „Форд“, „Рено“, „Цитроен“, „Пежо“, „Ауди“ и за „Џенерал моторс“

Француската фирма „Монтипе“ ќе инвестира 100 милиони евра за изградба на фабрика за автомобилски делови во Слободната економска зона „Бунарџик“. Владина делегација, на чело со премиерот Никола Груевски, денеска во Париз ќе го потпише договорот со реномираната француска компанија.Во фабриката во „Бунарџик“, која ќе ја изградат Французите, со примена на современа технологија ќе се произведуваат алуминиумски глави за мотори на возила „форд“, „рено“, „цитроен“, „пежо“, „ауди“ и „џенерал моторс“. Француската фирма во првата фаза ќе инвестира 60 милиони евра и ќе вработи 500 луѓе. Се очекува приходот што ќе се оствари за пет години да достигне 200 милиони евра. Вкупната инвестиција за шест години треба да достигне вкупно 100 милиони евра, а ќе бидат вработени 1.000 луѓе.Во Владата посочуваат дека ова ќе биде прва француска гринфилд-инвестиција во „Бунарџик“. „Монтипе“ користи висока технологија со која од алуминиумски шипки со роботи и стручни кадри се изработуваат најсложените делови, главата на моторот за неколку светски познати производители. Според приходите од повеќе од 300 милиони евра што француската компанија ќе ги остави во Македонија во наредните 5-10 години, таа е пред „Џонсон контролс“ и „Џонсон мети“, кои веќе се присутни во слободната економска зона кај Скопје.Во владиниот тим што денеска ќе присуствува на потпишувањето во Париз, освен премиерот Груевски, се и заменик-претседателот на Владата за економски прашања Зоран Ставрески, министерот за финансии Трајко Славески и министерот за странски инвестиции Веле Самак.Компанијата „Монтипе“ е формирана во 1894 година и го следи развојот на автомобилската индустрија. Од 1966 година котира на Париската берза. „Монтипе“, освен во Франција, има фабрики во Шпанија, Канада, Ирска и во Мексико. Во 2004 година компанијата остварила промет од 440 милиони евра, а профитот бил 17 милиони евра.

Спасијка Јованова Наш известувач од Париз



Извор: Дневник
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 27-May-2008 at 21:31
Добро сега, ова случајност, или бунарџик бил планиран да биде центар за автомобилска индустрија?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 27-May-2008 at 21:47
Originally posted by La Linea

Добро сега, ова случајност, или бунарџик бил планиран да биде центар за автомобилска индустрија?


Па они цело време зборуваат дека целна група на прво место им се автомобилски компании... Сега за сега имаме само една и покрај сите овие убави прикаски
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 28-May-2008 at 00:15
Тоа кој тип на индустрија ќе се развие доаѓа само по себе. Ако неколку компании изградат тука, тогаш и другите повеќе им се испалти да дојдат тука наместо да плаќаат транспорт за деловите од една индустриска зона до друга зона во сосема трета држава. После џонсон, џонсон и овие сигурно ќе се повлече и уште некоја компанија да дојде тука. Имам слушнато дека наводно волксваген ќе граделе тука за склапање голф.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 28-May-2008 at 00:46
Previous Не е малку претерана работава со Волксваген?

Разбирам фабрика за делови, или можеби нешто поголемо, ама ова веќе е малку претерано. Од каде ваква информација?

Edited by La Linea - 28-May-2008 at 00:50
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.