build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 28-Jan-2017 at 04:02
Делегацијата на германското стопанство во Македонија оваа година ќе добие и експерт задолжен за дуално образование, кој ќе го пренесе германското искуство во образовниот систем во Македонија.

Германските компании кои се присутни на македонскиот пазар денес вработуваат околу 20.000 лица. Трговската размена помеѓу Македонија и Германија во 2015 изнесувала 2,5 милијарди евра, а со тоа Германија и понатаму останува најважниот трговски партнер на Македонијаhttp://www.jadiburek.com/sodrzina_detalno.aspx?id=2836

Спoред мене образованието и нaчинoт нa рaбoтa се едни oд пoгoлемите придoбивки нa стрaнските инвестиции.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 02-Dec-2017 at 21:29
Турски „Мурат Тиџарет“ ќе гради фабрика за кабли во ТИРЗ „Скопје 2“

Нова фабрика за производство на кабли за автомобилската индустрија ќе се гради во ТИРЗ „Скопје 2“. Турската компанија „Мурат Тиџарет“ денеска го потпиша договорот за изградба на индустрискиот капацитет, во кој е предвидено да инвестираат 6,6 милиони евра. Идниот објект ќе се простира на градежна парцела од 34.000 метри квадратни, на која би се изградиле објекти со површина од 18.000 метри квадратни. Во првата фаза од реализацијата на проектот би се подигнал капацитет со површина од 6.500 метри квадратни, во кој би се вработиле 300 лица.

Изградбата на индустрискиот капацитет би започнала за два месеци, додека објектот би се ставил во функција во декември 2018 година. Турската компанија „Мурат Тиџарет“ ја избрала Македонија за инвестирање по неколкумесечните преговори со овдешните власти. Оваа фирма има 2.200 вработени и зад себе бележи 50 – годишно искуство во производството на кабли за автомобилската индустрија.

http://build.mk/turski-murat-tidharet-ke-gradi-fabrika-za-kabli-vo-tirz-skopje-2/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 05-Jan-2018 at 19:26
Прва гринфилд инвестиција: „Џемдаг Лајтинг Еуропа“ ќе потпише договор овој месец

Кон средината на овој месец ќе биде потпишан договорот со „Џемдаг Лајтинг Еуропа“, за инвестицијата вредна пет милиони евра која треба да отвори нови 100 работни места.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Биле Бошњаковски, станува збор за гринфилд инвестиција што ќе се реализира во ТИРЗ Скопје 1.

- Владата на вчерашната седница донесе одлука за согласност за потпишување договор за долготраен закуп на градежното земјиште во ТИРЗ Скопје 1 со „Џемдаг Лајтинг Еуропа“ - информира Бошњаковски.

http://www.plusinfo.mk/vest/139392/prva-grinfild-investicija-djemdag-lajting-europa-kje-potpishe-dogovor-ovoj-mesec-
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 17-May-2018 at 14:05


Чагатај Кабло во Бунарџик


Edited by pbanks - 17-May-2018 at 14:08
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 15-Jul-2018 at 21:05
Утре почнува да се гради нова фабрика во Бунарџик, инвестиција од 30 милиони евра на американската „Дура“

Во технолошко-инудстриската зона кај Скопје утре ќе пончне изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура". Станува збор за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра.

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/utre-pochnuva-da-se-gradi-nova-fabrika-vo-bunardzhik-amerikanskata-dura
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 25-Jul-2018 at 07:56
Турската компанија Мурат Тиџарет ќе гради фабрика во Скопје

Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува и ќе се обрати на отпочнувањето на изградбата на фабрика на турската компанија Мурат Тиџарет во ТИРЗ Скопје 2.

Покрај премиерот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Драган Тевдовски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски и Ејул Ѓулсој, директор на компанијата Мурат Тиџарет.

https://civilmedia.mk/turskata-kompanija-murat-tidharet-ke-gradi-fabrika-vo-skopje/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 23-May-2019 at 17:23
Герешајмер ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје, ќе се вработат 400 високостручни лица

Договор за закуп на парцела со површина од 139.640 квадратни метри во ТИРЗ Скопје денеска е потпишан со германската фрмацевтска компанија Герешајмер која во повеќе фази треба да реализира објект од неколку десетици милиони евра и во кој ќе работат 400 високостручни кадри.

Првата фаза треба да се реализира до крајот на годинава или најдоцна во првиот квартал од следната година.

...

Инаку, Герешајмер е светски позната компанија за производство на апликатори за инсулин, инхалатори за астма,… основана во 1864 година. Има 50 свои фабрики во 15 држави на четири континенти во кои работат 10.000 вработени што остваруваат 1,3 милијарди евра промет. Соработува со сите гиганти од фармацевтскиот сектор.

Повеќе на https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/gereshajmer-kje-gradi-fabrika-vo-tirz-skopje-kje-se-vrabotat-400-visokostruchni
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 23-May-2019 at 19:34
Originally posted by Џоле

Договор за закуп на парцела со површина од 139.640 квадратни метри во ТИРЗ Скопје

Ова е голема површина, отприлика колку парцелата на Ван Хол

Веројатно се работи за оваа парцела:
41°59'12.54"N 21°37'47.67"E
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 23-May-2019 at 23:04
Би рекол навредливо е тоа што нашава моментална Влада ретко на кој инвеститор точно му го изговара името. Посебно инвеститор како овие кои се најавени дека ќе ја имаат една од најголемите инвестиции во Мк досега. Уште од првиот ден ги завикаа Герешајмер, па така продолжија и сите медиуми да ги нарекуваат, иако името на фирмата е Гересхајмер.

Сличен пример е со инвеститорот во Дајмонд Скопје, којшто Заев постојано го нарекува Лимакс, иако фирмата се вика Лимак.

На никој не му е сеедно кога постојано му го грешат името, а во бизнис односи тоа е уште понагласено и остава силен впечаток за тоа колку се грижи некој за тебе како личност или бизнис. Не е дека милион инвеститори имаме, можат барем толку да се потрудат.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.