build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 27-Apr-2021 at 19:23
Во ниту една статија по целиот интернет не пишува во кој град е. Арно на сликите има напишано дека е во Бунарџик, инаку како да треба да се подразбира.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 30-Jul-2021 at 09:50
Нова инвестиција во ТИРЗ, турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милони евра

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата.

„Текнопанел“ е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со четири фабрики во Турција, а Македонија е првата инвестициска дестинација за оваа компанија вон матичниот пазар.

– Според инвестицискиот план и финансиски проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 150 милиони евра во следните 10 години. Само како обврска за придонеси за плати, буџетот на државата ќе оствари над пет милиони евра приходи, а обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиони евра – велат од Дирекцијата за ТИРЗ и додаваат дека според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ, секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата.

Само од почетокот на годинава во ТИРЗ се заокружени договори со вкупен обем на инвестиции од 105 милиони евра, а во првите шест месеци е остварена највисока економска активност во зоните од нивното формирање. Во моментов се преговара со 30 компании за вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра.

– Овие бројки се должат на новиот концепт на работење и мерки на ТИРЗ и Владата за поттикнување на инвестиции. Со ваквиот тренд, директорот Деспотовски најави дека се очекува една милијарда странски инвестиции и отворање на дополнителни 14.000 работни места до 2024 година – потенцираат од Дирекцијата за ТИРЗ.

https://plusinfo.mk/nova-investici-a-vo-tirz-turskata-kompani-a-teknopanel-e-investira-16-miloni-evra/?fbclid=IwAR2G_hbbPjwFaRyMifXtKq__dD3CKLBKTkkUQ0JJsLtMFHcPfw_diMQzk5g
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 18-Aug-2021 at 16:27
Новата инвестиција ќе донесе нови и добро платени работни места, што е од голема важност за економскиот раст во земјава. Остануваме посветени на подигнување на стандардот и условите за живот во Северна Македонија.
Првата јужнокорејска инвестиција во земјава, на компанијата „Алмак-Дура Екстружн“ е заедничка инвестиција во вредност од 29.9 милиони евра на две глобално реномирани компании во својата дејност американската „Дура Аутомотив Системс” и јужнокорејската „Алмак“.
Само од почетокот на годинава Северна Македонија веќе брои над 120 милиони евра започнати или инвестиции пред започнување, кои се резултат на новиот паметен пристап во работењето на ТИРЗ и Владата.





https://www.facebook.com/VladaMK
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 18-Aug-2021 at 16:39
Во Скопје ќе се гради фабрика за 70 вработени и плати од 600 до 2.000 евра

Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во ТИРЗ 2 во Скопје започнаа со изградба на фабрика во која ќе се вработат 70 лица, со најниска бруто плата од 580 евра и највисока од 2.000 евра.

Ова денеска го кажа премиерот Зоран Заев кој беше на почетокот на промовирањето на ноата инвестиција во земјава.

Станува збор за инвестиција од околу 30 милиони евра кои ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година. Се очекува да се отворат над 70 работни места, а бруто платата за висококвалификуваните кадри ќе биде околу 2.000 евра.

Просечната бруто плата за најслабо квалификуваните кадри кои ќе работат во фабриката, како што посочи Заев, ќе биде 889 евра или просечна нето плата од 580 евра.

Изградбата ќе трае 12 месеци, објектот ќе биде со модерен дизајн на 80 илјади квадратни метри. Јужнокорејската компанија ја користи зелената електрична енергија во процесот на производство и 100 проценти ги рециклира остатоците при процесот на производство.

https://skopskoeho.mk/vo-skopje-ke-se-gradi-fabrika-za-70-vraboteni-i-plati-od-600-do-2-000-evra
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 18-Aug-2021 at 17:03
Прво бруто плата 580 евра, па подолу нето плата 580 евра. Нема грешка.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 03-Apr-2022 at 23:10
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 04-Apr-2022 at 17:34
Ова е ТИРЗ Ќојлија, не е Бунарџик.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.